SKIL 0640 CA - Градинарски ножици

0640 CA - Градинарски ножици SKIL - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот 0640 CA SKIL во PDF формат.

📄 160 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice SKIL 0640 CA - page 137
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Вид на производ Безжичен тајмер на столб
Марка Skil
Модел 0640 CA
Напојување Литиум-јонска батерија (SKIL BR1*31****)
Компатибилен полнач SKIL CR1*31****
Максимален капацитет на сечење 18 mm (гранки)
Агли на ротирачката глава 8 позиции
Ниво на звучен притисок 77 dB(A) (неизвесност K = 3 dB)
Ниво на акустична моќност 87,6 dB(A) (неизвесност K = 1,3 dB)
Вибрации (триаксијална вредност) < 2,5 m/s² (неизвесност K = 1,5 m/s²)
Работна температура -20 до +50 °C
Температура на полнење 4 до 40 °C
Температура на складирање -20 до +50 °C
Должина на столбот Извлекувачки (преден столб, продолжение, заден столб)
Заштита на сечилото Капак за сечило и заштита на врвот на сечилото
Безбедност Сигурносен прекинувач, автоматско запирање при преоптоварување
Вклучувана опрема Рамо ремен, шини за складирање, U-приклучок
Одржување Чисти со влажна крпа, подмачкајте ги сечилата по употреба
Стандарди EN 62841

Frequently Asked Questions - 0640 CA SKIL

Како да ги соберете столбовите на безжичниот тајмер Skil 0640 CA ?
Вметнете го предниот столб во едниот крај на продолжениот столб, па фиксирајте со навојниот ракав. Повторете за да го поврзете другиот крај со задниот столб. Проверете дали сите врски се добро затегнати пред употреба.
Како да го вклучите и исклучите алатот ?
За да стартувате, прво притиснете го сигурносниот прекинувач (S), потоа на чкрапецот (T). За да запрете, отпуштете го чкрапецот. Сечилата продолжуваат да се движат неколку секунди по запирањето.
Како да го прилагодите аголот на главата за сечење ?
Истовремено притиснете ги двата копчиња за отклучување (F) на ротирачката глава, свртете ја главата до посакуваниот агол (8 позиции), па отпуштете ги копчињата за да се заклучи.
Која батерија да се користи со Skil 0640 CA ?
Користете исклучиво батерија SKIL модел BR1*31****. Компатибилниот полнач е SKIL CR1*31****. Не користете други батерии.
Како да ја наполните батеријата и што значи индикаторот за полнење ?
Наполнете ја батеријата со специфицираниот полнач. Индикаторот за нивото на полнење (V) го прикажува тековното ниво. Ако најниското ниво трепка, батеријата е празна. Ако две нивоа трепкаат, батеријата е надвор од температурниот опсег.
Кои се основните безбедносни упатства за овој тајмер ?
Носете ракавици, заштитни очила и кацига ако работите над глава. Држете ги другите луѓе и животни на 15 m. Не сечете под дожд. Држете го алатот со двете раце. Користете го капакот за сечило при транспорт и складирање.
Како да го одржувате и чистите тајмерот ?
Извадете ја батеријата пред какво било чистење. Исчистете го алатот со влажна крпа, без растворувач. Исчистете ги вентилационите отвори со четка. По употреба, исчистете и малку подмачкајте ги сечилата. Носете ракавици при ракување со сечилата.
Што да направите ако моторот не стартува или наеднаш застане ?
Проверете дали батеријата е наполнета и не е жешка. Ако сечилото е блокирано, отстранете ја пречката. Ако проблемот продолжи, контактирајте со сервисот на SKIL.
Како да го складирате алатот по употреба ?
Поставете ги шините за складирање на ѕидот. Закачете го столбот и моторниот блок. Користете го капакот за сечило. Пред складирање, избришете ги сечилата со маслена крпа за да спречите 'рѓа.
Колку е гаранцијата и каде да најдете резервни делови ?
Гаранцијата не покрива оштетувања од преоптоварување или неправилна употреба. За поправки, обратете се во овластен сервис на SKIL. Адресите и разложениот приказ се на www.skil.com.

Прашања на корисниците за 0640 CA SKIL

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Градинарски ножици во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник 0640 CA - SKIL и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. 0640 CA на марката SKIL.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК 0640 CA SKIL

- водете инструмента пред себе си

Безжичен телескопски поткаструвач за жива ограда

0640

УПАТСТВО

  • Овој електричен алат е наменет за поткастрување и обликување жива ограда и грмушки
  • Овој алат не е наменет за професионална употреба
  • Проверете дали пакувањето ги содржи сите делови коишто се прикажани на сликата ②
  • Контактирајте со продавачот ако недостасуваат делови или истите се оштетени
  • Внимателно прочитајте го и зачувајте го ова упатство за ракување (③)
  • Обрнете особено внимание на безбедносните упатства и предупредувања; недоследноста може да доведе до сериозна повреда

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ ①

ЕЛЕМЕНТИ НА АЛАТОТ ②

A Заштитник за врвот на сечилото
В Сечива за косење
С Заштита за сечилото
D Ротациона глава
E Отвори за вентилација
F Копче за отпуштање на ротационата глава
G Преден стап
Н Глава со навој (2)

J Кука за лесно складирање (2)
К Конектор со навој (2)
L Стап за продолжување
М Ремен за рамо
N Опашка за лесно складирање
Р Врска У
Q Предна дршка
R Заден стап
S Сигурносен прекинувач
Т Прекинувач за активирање
U Задна дршка
V Индикатор за нивото на батеријата

БЕЗБЕДНОСТ

ОПШТИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, упатства, слики и спецификации што се обезбедени со овој електричен алат. Непочитувањето на сите упатства подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или сериозна повреда.

Чувајте ги сите предупредувања и упатства за понатамошно упатување.

Поимот "електричен алат", кој се користи во предупредувањата, се однесува на вашиот електричен алат (со приключен кабел) или на електричен алат со погон на батерии (без приключен кабел).

1) БЕЗБЕДНОСТ НА РАБОТНОТО МЕСТО
а) Одржувајте го работното место чисто и добро осветлено. Неуреден или темен работен простор може да предизвика несреći.
b) Немојте да работите со електрични алати во средини во кои има опасност од експлозија, нако на пример во кои има запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да запалат прашина или испарувања.
с) Држете ги децата и другите лица подалену додека ракувате со електричен алат. Може да изгубите контрола ако нешто ви го одзема вниманието.
2) ЕЛЕКТРИЧНА СИГУРНОСТ
a) Приклучоците за електричниот алат мора да одговараат на штекерот. Никогаш на никаков начин не го менувајте приклучокот. Не користете никакви адаптери за приклучоци со заземјени електрични алати. Немодифицираните приклучоци и соодветните штекери ће ја намалат опасноста од струен удар.
b) Избегнувајте допир на телото со заземјени површини, како што се цевки, радијатори, шпорети и фрижидери. Постои зголемена опасност од струен удар, доколку Вашето тело е заземјено.
с) Чувајте ги електричните алати подалеку од дожд или влага. Продирањето на вода во електричниот алат ја зголемува опасноста од струен удар.
d) Немојте да го злоупотребувате кабелот за

напојување. Никогаш не го користете кабелот за напојување за носење, влечење или исклучување на електричниот алат. Чувајте го кабелот за напојување подалеку од топлина, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетените или заплетканите кабли за напојување ја зголемуваат опасноста од струен удар.

e) Кога го употребувате електричниот алат надвор, користете продолжен кабел кој е соодветен за употреба на отворен простор. Користењето на кабел соодветен за работа на отворен простор ја намалува опасноста од струен удар.
f) Доколку не може да се избегне работа со електричниот алат во влажна средина, користете заштитен уред што работи на резидуална струја (РЦД). Употребата на РЦД ја намалува опасноста од струен удар.
3) ЛИЧНА ЗАШТИТА
a) Бидете внимателни, внимавајте што правите и постапувајте разумно додека работите со електричниот алат. Никогаш не работете со електричен алат ако сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекови. Момент на невнимание при работење со електрични алати може да доведе до сериозна лична повреда.
b) Носете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштитни очила. Носењето на заштитна опрема, како што е маска за прашина, безбедносни обувки кои не се лизгаат, заштитен шлем или штитници за уши, употребени во соодветни услови, ја намалува опасноста од лични повреди.
с) Спречете случајно вклучување. Осигурајте се дека прекинувачот е на позицијата off (исключено) пред приклучувањето на изворот на напојување и/или батерија, подигнувањето или носењето на алатот. Носењето на електричниот алат со вашиот прст на прекинувачот или вклучување на електрични алати со прекинувачот поставен на позиција оп (приклучено) доведува до несреći.
d) Пред вклучување на електричниот алат отстранете ги сите клучеви за подесување или алати за навртување. Алатот или клучот кој се наога во ротациониот дел на уредот, може да доведе до лична повреда.
e) Не посегнувајте преку одредена граница. Цело време одржувајте правилен став и рамнотежа. На тој начин можете подобро да го контролирате електричниот алат во неочекувани ситуации.
f) Носете соодветна облека. Не носете широна облека или накит. Чувајте ги косата и облената подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се зафатат во подвижните делови.
g) Доколку се обезбедени уреди за приклучување на апарати за вшмукување и собирање прашина, осигурете се дека тие се приклучени и дека се користат исправно. Користењето на уреди за собирање прашина може да ја намали опасноста поврзана со прашина.
h) Не дозволувајте иснуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при

нивното користење. Невнимателна активност може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.

4) УПОТРЕБА НА ЕЛЕКТРИЧНИ АЛАТИ И ГРИЖА ЗА НИВ

a) Не го преоперетувајте електричниот алат. При Вашата работа користете го предвидениот електричен алат за таа намена. Со соодветниот електричен алат ње ја завршите работата подобро и побезбедно во однос на тоа за што е наменет.

b) Не користете го електричниот алат ако прекинувачот не се вклучува и исклучува правилно. Секој електричен алат кој не може да се контролира со помош на приклучок е опасен и мора да се поправи.

с) Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го комплетот со батерии, ако се одделува, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или да го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува опасноста од случајно вклучување на електричниот алат.

d) Складирајте ги електричните алати во мирување надвор од дофатот на деца и не допуштајте работа со уредот на лица кои не се запознаени со него или кои го немаат прочитано ова упатство. Електричните алати се опасни доколку со нив работат нестручни лица.

e) Одржувајте ги електричните алати и дополнителната опрема. Проверете дали има изместување или допирање на подвижните делови, дали некои делови се скршени или во некоја друга состојба што влијае врз работата на алатот. Ако е оштетен, дајте го алатот да се поправи пред да го користите. Многу несреći се случауваат заради неодржуван електричен алат.

f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти. Внимателно одржуваните алати за сечење со остри ивици помалку ће се заглавуваат и полесно се контролираат.

g) Електричниот алат, дополнителната опрема, работните алати итн., треба да ги користите според овие упатства и земајни ги предвид работните услови и работата која треба да се заврши. Употребата на електричниот алат за работи коишто се поинакви од неговата намена може да доведе до опасна ситуација.

h) Одржувајте ги рачките и површините за фаќање суви, чисти и без масло и маст на нив. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во неочекувани ситуации.

5) КОРИСТЕЊЕ НА АЛАТ НА БАТЕРИИ И ГРИЖА ЗА НЕГО

a) Полнете само со полначот кој е пропишан од страна на производителот. За полначот кој е соодветен за еден вид на батерии, постои опасност од пожар, доколку се употребува со други батерии.

b) Користете ги електричните алати само со посебно назначени батерии. Користењето на кои било други батерии може да доведе до опасност од повреда и пожар.

с) Кога батериите не се користат, држете ги

настрана од метални предмети како спајалици за хартија, парички, клучеви, клинци, навртки или други, мали метални предмети кои можат да спојат еден пол на друг. Краткиот спој на половите на батериите може да предизвика изгореници или пожар.

d) Во услови на злоупотреба може да дојде до исфрлување на течност од батеријата; избегнувајте контакт. Ако дојде до случаен контакт, измијте го местото со вода. Ако течноста дојде во контакт со очи, дополнительно побарајте лекарска помош. Течноста која истекува од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
e) Не употребувајте комплет со батерии или алат кој е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
f) Не го изложувајте комплетот со батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или температура над 130°C може да предизвика експлозија.
g) Следете ги сите инструкции за полнење и не го полнете комплетот со батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во инструкциите. Неправилното полнење или полнење на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.
6) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се обезбедува безбедно одржување на електричниот алат.
b) Никогаш не поправајте оштетени комплети со батерии. Поправката на комплети со батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.

СПЕЦИФИЧНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА ПОТКАСТРУВАЧИТЕ НА ЖИВА ОГРАДА

a) Делови од телото не смеат да дојдат близу сечилото. Не отстранувајте поткастрен материјал и не држете материјал што треба да се потнаструва додека се движат сечилата. Сечилата продолжуваат да се движат и по ислучување на алатот. Момент на невнимание при работење со поткаструвач на жива ограда може да доведе до сериозна лична повреда.
b) Поткаструвачот на жива ограда треба да се носи за рачката, со запрени сечила, и внимавајте да не притиснете некој прекинувач. Со правилно носење на поткаструвачот на жива ограда їе се намали опасноста од случајно вклучување на алатот, а со тоа и од лична повреда од сечилата.
с) При транспорт или складирање на поткаструвачот на жива ограда, секогаш ставајте ја навлаката за сечила. Со соодветно ракување со поткаструвачот на жива ограда се намалува ризикот за лична повреда од сечилата.
d) При чистење заглавен материјал или при сервисирање на уредот, уверете се дека се исключени сите прекинувачи и дека е отстранета

или исключена батеријата. Неочекуваното вклучување на поткаструвачот на жива ограда при чистење заглавен материјал или при сервисирање може да предизвика сериозна лична повреда.

e) Држете го потнаструвачот на жива ограда само на изолираните површини за држење затоа што сечилото може да дојде во контакт со скриени жици. Сечила во контакт со жица под напон може да ги електрифицираат изложените метални делови од поткаструвачот на жива ограда и може да му зададат струен удар на лицето кое ракува со алатот.
f) Не смее да има електрични кабли или жици во областа за сечење. Можно е во грмушки или живи огради да се кријат жици или кабли кои може случајно да се исечат со сечилата.
g) Не користете го поткаструвачот на жива ограда во лоши временски услови, особено нога постои ризик од грмотевици. Така се намалува ризикот од удар од гром.

a) За да се намали опасности од струен удар, никогаш не го употребувајте телескопскиот потнаструвач на жива ограда во близина на водови. Контактот со водови или употребата во нивна близина може да предизвика сериозна повреда или струен удар поради кој може да дојде до смрт.
b) Секогаш користете ги двете раце кога ракувате со телескопскиот поткаструвачот на жива ограда. Држете го поткаструвачот на жива ограда со продолжен дофат со двете раце за да не ја загубите контролата.
с) Секогаш употребувајте заштита за главата кога ракувате со телескопскиот потнаструвачот на жива ограда над главата. Отпадот кој пага може да предизвика сериозна лична повреда.

ПРЕД УПОТРЕБА

  • Овој алат не е наменет за употреба од страна на деца и лица со намалени физички, сензорни или ментални способности или кои немаат искусство и познавања
  • Осигурете се децата да не си играат со алатот
  • Не оставајте ја машината без надзор
  • Користете ја машината само на дневно светло или со соодветно вештачко осветлување
  • Не поткаструвајте жива ограда кога е мокра
  • Никогаш не го користете алатот со оштететена заштита за сечилото.
  • Проверувајте ја функционалноста на алатот пред секоја употреба и во случај на дефект, повикајте квалификувано лице да го поправи; никогаш не го отворајте алатот сами
  • Пред употреба, темелно проверете ја областа за поткастрување и отстранете ги сите страни тела што може да се заплеткаат во сечивата за косење (како камења, клинци, жици, метални потпори за растенијата)
  • Некои региони имаат прописи со кои се ограничува употребата на производот. Побарајте совет од вашиот локален надлежен орган.

- Носете заштитни ракавици, заштитна маска, тесни алишта и цврсти чевли

  • Не включувајте го алатот со боси нозе или ако носите отворени сандали
  • Секогаш носете долги пантолони и ракави кога работите со алатот
  • Држете ги другите лица и животните на растојание од 15 метри кога работите со алатот
  • Во случај да дојде до електричен или механички дефект, веднаш исключете го алатот и отстранете ја батеријата
  • Заземете сигурен став на рамна површина додека работите и не стојте на скалила или на друга нестабилна површина.

ПО УПОТРЕБА

  • Чувајте ја машината во затворен простор на суво и затворено место и подалеку од дофат на деца
  • батеријата и алатот треба да се чуваат одделно

БАТЕРИИ

  • Обезбедената батерија е делумно наполнета (за да се обезбеди целосен капацитет на батеријата, целосно наполнете ја батеријата во полначот на батеријата пред да го употребите вашиот електричен алат за првпат)
  • Користете ги ислучиво следниве батерии и полначи со овој алат

  • Батерија SKIL: BR1*31****

  • Полнач SKIL: CR1*31****

- Оштетената батерија не треба понатаму да се користи туку да се замени

  • Не ја расклопувајте батеријата
  • Никогаш не ги изложувајте на дожд алатот/батеријата
  • Дозволена температура на околината (алатка/ полнач/батерија):

  • при полнење 4...40°C

  • при работа -20...+50°C
  • при складирање -20...+50°C

ОБЈАСНУВАЊЕ НА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ/ БАТЕРИЈАТА

③ Пред употреба прочитајте го прирачникот за употреба
④ Батериите може да експлодираат ако се изложат на орган и затоа никако не палете ја батеријата
⑤ Никогаш не го изложувајте на дожд алатот
⑥ Носете заштитни очила и заштита за ушите
⑦ Секогаш чувајте ги алатот/полначот/батеријата на места со температура пониска од 50°C
⑧ Не ги фрлајте електричните алати и батериите заедно со домашниот отпад
⑨ Носете заштита за главата
⑩ Држете ги рацете подалеку од сечилото
⑪ Одржувајте довольно растојание од водовите

УПОТРЕБА

  • Упатство за спојување ! извадете ја батеријата од алатот
  • Прикачување на стаповите ⑫

- Предниот стап G поврзете го со едниот крај на стапот за продолжување L, прицврстете го заедно со главата со навој H со нејзино вртење. Осигурете се дека и двата дела се правилно наместени.

- Повторете го овој процес за да го прикачите другиот крај на стапот за продолжување L на задниот стап R

- Прикачување на ременот за рамо ⑬

- Прикачете ги куките на ременот за рамо на

отворите на ременот за рамо кои се наогаат во деловите за ракување

- Полнење на батеријата

! прочитајте ги безбедносните предупредувања и упатствата дадени со полначот

• Вадење/ставање на батеријата ②

- Индикатор за нивото на батеријата ⑭

- притиснете го копчето Т за индикаторот за нивото на батеријата за да се прикаже моменталното ниво на батеријата ⑭а

! ако по притискање на копчето V ⑭b почне да трепка индикаторот за најниско ниво на батеријата, тогаш батеријата е празна

! кога ће почат да трепкаат 2 нивоа на индикаторот на батеријата по притискање на копчето V ⑭с, батеријата не е во рамките на дозволениот опсег за работна температура

- Заштита на батеријата

Алатот наеднаш се ислучува или не може да се вклучи, кога

- товарот е преголем --> отстранете го товарот и почнете повторно

- температурата на батеријата не е во рамките на дозволениот опсег на работна температура од -20 до +50°C--> 2 нивоа на индикаторот за ниво на батеријата почнуваат да трепкаат кога је го притиснете копчето V 14с; почекајте батеријата да се врати во рамките на дозволениот опсег на работна температура

- батеријата е скоро празна (заштита од целосно празнење) --> на индикаторот за нивото на батеријата ће се прикаже ниско ниво на батеријата или ће трепка за ниско ниво на батеријата 14b кога ће притиснете на копчето V; наполнете ја батеријата

! не продолжувајте да притискате на прекинувачот за вклучување/исклучување откано алатот ће се исклучи автоматски; батеријата може да се оштети

- Прилагодување на ротационата глава ⑮

- Притиснете ги двете копчиња за отпуштање на ротационата глава F истовремено

- Свртете ја ротационата глава D кон саканата позиција со движење на ротационата глава D нагоре или надолу

- Отпуштете ги копчињата за отпуштање на ротационата глава F и осигурете се дека ротационата глава D е исправно прицврстена.

Ротационата глава D може да се позиционира на еден од 8 различни агли.

- включете ја машината прво со притискање на безбедносниот прекинувач S и потоа повлечете го прекинувачот за активирање T

- исключете го алатот со ослободување на прекинувачот Т

- Работа со алатот ⑰

- цврсто фатете ја предната дршка со едната рака, а задната дршка со другата рака и заземете сигурен став

- водете ја машината пред вас

! Осигурете се дека главите со навој се целосно прицврстени пред да ракувате со алатот.

Повремено проверете дали се прицврстени во

текот на употребата за да избегнете сериозна лична повреда.

! Осигурете се дека ротационата глава е правилно прицврстена пред да ракувате со алатот.

! започнете со поткастрување само кога работи моторот

! не оптоварувајте го алатот со сечење дршки подебели од 18 мм

! не работете на растојание помало од 15 м од водови над глава

! не го употребувајте потстрижувачот на жива ограда во близина на водови, огради, столбови, згради и други неподвижни објекти

- Оддалечете го алатот од областа за сечење пред да го исключите

! по исключување на алатот, сечилата продолжуваат да се движат уште неколку секунди

- Заштитникот за врвот на сечилото А ②

- спречува повратен удар на алатот кога ће се допрат цврсти предмети (како столбови на оградата или сидови на куќата)

- ги заштитува сечилата од оштетување

- Поткастрување жива ограда ⑱

- прво поткастете ја живата ограда од страните (од долу нагоре) и потоа сечете го горниот дел

- поткаструвајте ја страната на живата ограда така што таа да биде делумно потесна горе

- користете рачна пила или макази за кастрење за да ги отсечете подебелите гранки

СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА

- За поткастрување жива ограда со изедначена висина

- затегнете конец долж живата ограда на саканата висина

поткастрете ја живата ограда токму над конецот

- Препорачано време за сечење/поткастрување (Западна Европа)

- поткаструвајте ја живата ограда со листопадни лисја во јуни и октомври

- поткаструвајте ја зимзелената жива ограда во април и август

- поткаструвајте ги зимзелените дрва и другите брзо растечки грмушки секои 6 седмици од мај до октомври

ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ

- Овој алат не е наменет за професионална употреба

- Алатот и сечилата треба секогаш да бидат чисти ! отстранете ја батеријата од алатот пред чистење

- чистете го алатот со влажна крпа (не користете средства за чистење или растворувачи)

- редовно чистете ги отворите за вентилација Е со четка или воздух под притисок

- по употреба, секогаш внимателно исчистете и делумно подмачкајте ги сечилата

! носете ракавици кога ракувате со сечилата или кога ги чистите

- Редовно проверувајте ја состојбата на сечилата и

затегнатоста на навртките на сечилото

  • Редовно проверувајте дали деловите се оштетени или изабени и поправете/заменете ги ако е неопходно
  • Острење на сечивата ! извадете ја батеријата од алатот

  • острете ги сечивата со мала и мазна турпија кога ке се оштетат од остар предмет

  • сепак, ви препорачуваме обучено лице да ги остри сечивата
  • подмачкајте ги сечивата по острење

• Чување ⑲

  • цврсто намонтирајте ги двете шини за складирање N на сидот со 4 навртки (не се обезбедени) порамнети хоризонтално, една за закачување на стапот за продолжување заедно со задната дршка со употреба на врската У Р, а другата за закачување на електричната глава
  • ставете ја заштитата за сечилото С кога го складирате алатот
  • пред да го складирате алатот, избришете ги сечилата со крпа натопена во масло за да спречите корозија кога врската У Р не е во употреба, таа може да се стави во шината за складирање N

- Доколку алатот и покрај внимателното работење и контрола некогаш откаже, поправката мора да ја изврши некој овластен SKIL сервис за електрични алати

- испратете го алатот нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до вашиот продавач или најблискиот овластен SKIL сервис (адресите и сервисниот дијаграм за алатот се наведени на www.skil.com)

- Имајте предвид дека оштетувањето настанато заради преоптоварување или неправилно ракување со производот не е опфатено со гаранцијата (видете на www.skil.com или прашајте го продавачот за условите на гаранцијата на SKIL)

РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ

- Следниот список ги прикажува симптомите за проблемите, можните причини и дејства за поправка (контактирајте со продавачот или сервисерот ако истите не го идентификуваат ниту решаваат проблемот)

! во случај на електричен или механички дефент, веднаш исключете го алатот и извадете ја батеријата

- Моторот не се вклучува или се исклучува неочекувано

  • празна батерија -> наполнете ја батеријата
  • топла батерија -> оставете ја батеријата да се излади
  • сечилата се заглавени -> исчистете го заглавениот материјал
  • внатрешен дефект -> контактирајте со продавачот/сервисерот

- Машината работи со прекини

  • оштетување на прекинувачот за включување/исклучување -> контактирајте со продавачот/сервисерот
  • оштетување на внатрешното поврзување -> контакрајте со продавачот/ сервисерот

- насочувачот е блокиран со стран предмет -> тргнете ја блокадата

• Моторот работи но сечивата не се движат

- внатрешен дефект -> контактирајте со продавачот/сервисерот

- Сечивата се врели

  • сечивата се тапи -> наострете ги
  • сечивата имаат запци -> проверете ги сечивата
  • има преголемо триење заради недостаток на подмачкувач -> подмачкајте ги сечивата

ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

- Не фрлајте електрични алати, батерии, дополнителна опрема и амбалажа заедно со домашниот отпад (само за земјите на ЕУ)

  • според Европската Директива 2012/19/E3 за ослободување од електрична и електронска опрема и нејзина имплементација во согласност со националните закони, електричните алати кои го достигнале крајот на својот животен век мора да бидат собрани посебно и да бидат вратени во објект за рециклирање кој е компатибилен со животната средина
  • символот 8 ке ве потсетува на ова кога ке дојде време да го фрлите алатот
    ! пред да се фрли батерија во отпад, заштитите ги нејзините полови со дебела лента за да се спречи краток спој

БУЧАВА / ВИБРАЦИИ

  • Измерено во согласност со EN 62841, нивото на звучен притисок на оваа алатка е 77 dB(A) (несигурност K = 3 dB) и нивото на звучна моїност е 87,6 dB(A) (несигурност K = 1,3 dB), и вибрацијата < 2,5 m/s² (триакс векторна сума; несигурност K = 1,5 m/s²)
  • Нивото на емитирање на вибрации кое е наведено на задниот дел на ова упатство е измерено во согласност со стандардизираниот тест даден во EN 62841; може да се користи за да се спореди еден алат со друг, и како првична оценка за изложеноста на вибрации кога се користи алатот за споменатите примени

  • користењето на алатот за разни примени, или со различна или неправилно чувана дополнителна опрема, може да доведе до значајно зголемување на нивото на изложеност

  • кога алатот е ислучен или кога алатот е включен но не врши некаква работа, може да дојде до значително

- намалување на нивото на изложеност

! заштитете се од ефентите на вибрациите преку одржување на алатот и неговата дополнителна опрема, одржување на топлината на вашите раце, и организирање на вашата работа

AL

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : SKIL

Модел : 0640 CA

Категорија : Градинарски ножици