SKIL 0428 AA - Градинарски ножици

0428 AA - Градинарски ножици SKIL - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот 0428 AA SKIL во PDF формат.

📄 140 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice SKIL 0428 AA - page 122
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Вид на производ Бежичен тример за жива ограда
Бренд Skil
Модел 0428 AA
Напојување Литиум-јонска батерија (модел BR1*31****)
Напон на батеријата 18 V (проценка)
Компатибилен полнач CR1*31****
Максимален капацитет на сечење Гранки до 20 мм дебелина
Тип на сечило Двојно дејство, челик
Ниво на звучен притисок 77,8 dB(A) (несигурност K = 3 dB)
Ниво на звучна моќност 89,3 dB(A) (несигурност K = 2,1 dB)
Вибрации (вкупна вредност) < 2,5 m/s² (несигурност K = 1,5 m/s²)
Приближна тежина 2,5 kg (проценка)
Опсег на работна температура -20°C до +50°C
Опсег на температура на полнење 4°C до 40°C
Безбедност Дворачен прекинувач, штитник за рака, заштита на врвот на сечилото
Вклучени додатоци Капак за сечило, шина за складирање, штитник за рака
Одржување Редовно чистење на сечилата, подмачкување по употреба
Препорачана употреба Само за домашна употреба
Гаранција Погледнете ги условите на www.skil.com

Frequently Asked Questions - 0428 AA SKIL

Како да го стартувате бежичниот тример за жива ограда Skil 0428 AA?
За да стартувате, прво притиснете го копчето за блокирање (C), а потоа истовремено обата прекинувачи: заден прекинувач на рачката (A) и преден прекинувач на рачката (B). Отпуштањето на еден прекинувач го запира алатот.
Што да правите ако моторот не стартува или наеднаш запре?
Проверете дали батеријата е празна (наполнете ја), дали батеријата е жешка (оставете ја да се излади), или дали сечилото е блокирано (отстранете ги отпадоците). Ако проблемот продолжува, контактирајте со сервисот.
Како да ја наполните батеријата на тримерот за жива ограда?
Користете го само полначот SKIL CR1*31****. Опсегот на температура на полнење е 4°C до 40°C. Батеријата е делумно наполнета; наполнете ја целосно пред првата употреба.
Која е максималната дебелина на гранките што тримерот може да ги исече?
Максималниот капацитет на сечење е 20 mm дијаметар. Не преоптоварувајте го алатот со сечење подебели гранки; користете рачна пила.
Како да ги одржувате сечилата за сечење?
По секоја употреба, внимателно исчистете ги сечилата и лесно подмачкајте ги. Носете ракавици. Ако сечилата се затапат, наострете ги со мала турпија или дајте ги на специјалист. Редовно проверувајте ја затегнатоста на завртките.
Како да го складирате тримерот по употреба?
Користете го капакот за сечило за заштита на сечилата. Монтирајте ја шината за складирање (J) на ѕид со завртки. Пред складирање, избришете ги сечилата со намачкан со масло крпа за да спречите 'рѓа. Чувајте го алатот на суво и заклучено место, подалеку од деца.
Кои се основните безбедносни мерки?
Секогаш носете заштитни очила, ракавици, маска за прашина и тесна облека. Држете ги луѓето и животните на 5 метри растојание. Не користете го алатот на дожд или за време на бура. Осигурајте се дека областа за сечење е чиста од туѓи предмети.
Колку приближно трае батеријата?
Траењето зависи од дебелината на гранките и состојбата на батеријата. При нормална употреба, околу 30 до 60 минути. Индикаторот за ниво на полнење (L) овозможува проверка на преостанатото полнење.
Може ли да го користам тримерот на дожд или на влажна жива ограда?
Не, забрането е изложување на алатот на дожд или влага. Не сечете жива ограда кога е влажна за да избегнете ризик од електричен удар и лизгање.
Каде можам да најдам резервни делови или да го поправам алатот?
Обратете се до овластен сервисен центар на SKIL или до продавачот. Адресите и распоредот се достапни на www.skil.com. Никогаш не отворајте го алатот сами.

Прашања на корисниците за 0428 AA SKIL

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Градинарски ножици во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник 0428 AA - SKIL и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. 0428 AA на марката SKIL.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК 0428 AA SKIL

- водете инструмента пред себе си

УКАЗАНИЯ ЗА РАБОТА

поткаструвач на жива

ограда

УПАТСТВО

  • Овој алат е наменет за поткастрување жива ограда и грмушки и е наменет само за домашна употреба
  • Овој алат не е наменет за професионална употреба
  • Внимателно прочитајте го упатството за работа пред употреба и зачувајте го за идни осврти③
  • Обрнете особено внимание на безбедносните упатства и предупредувања; недоследноста може да доведе до сериозна повреда
  • Проверете дали пакувањето ги содржи сите делови коишто се прикажани на сликата②

- Контактирајте со продавачот ако недостасуваат делови или истите се оштетени

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ①

ЕЛЕМЕНТИ НА АЛАТОТ②

А Прекинувач на задната рачка
В Прекинувач на предната рачка
С Вртливо копче за исклучување
D Сечива за косење
E Заштитен штитник
F Заштитник за врвот на сечивото
G Отвори за вентилација
Н Кука на складот
J Шина за складирање
К Заштита за сечивото
L Индикатор за нивото на батеријата

БЕЗБЕДНОСТ

ОПШТИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации дадени со овој електричен алат.

Грешките настанати како резултат на непридржување до сите инструкции дадени подолу може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Чувајте ги сите предупредувања и упатства за понатамошно упатување. Поимот “електричен алат”, кој се користи во понатамошниот текст, се однесува на вашиот електричен алат (со приключен кабел) и на електрични алати со погон на батерии (без приключен кабел).

a) Одржувајте го вашето работно место чисто и уредно. Неуреден или темен работен простор може да предизвикаат незгоди.
b) Немојте да работите со уредот во средина во која има опасност од експлозија, во која има запалливи течности, гасови и прашина. Електричните алати произведуваат искри кои можат да запалат прашина или пареа.

с) За време на употребата на електричниот алат, децата и останатите лица држете ги подалеку од местото каде работите. Одвраќање, би можеле да изгубите контрола врз уредот.

2) ЕЛЕКТРИЧНА СИГУРНОСТ

a) Утикач мора да одговара на приклучокот. Никако не смее да се прават измени на штекерот. Не користете адаптерски штекер заедно со уредот кој е заштитно заземјен. Не променети штекери и соодветни приклучоци го намалуваат ризикот од електричен удар.

b) Избегнувајте допир на телото со заземјени површини, како што се цевки, радијатори, rerни и фрижидери. Постои зголемена опасност од струен удар, доколку Вашето тело е заземјено.

с) Чувајте го уредот подалеку од дожд и влага. Продирањето на вода во електричниот уред ја зголемува опасноста од струен удар.

d) Не злоупотребувајте го приклучниот кабел за носење, бесење на уредот или за извлекување на штекерот од мрежниот приклучок. Чувајте го кабелот подалеку од топлина, масло, остри рабови или деловите на апаратот кои се движат. Оштетени или заплеткани кабли ја зголемуваат опасноста од струен удар.

e) Кога го употребувате полначот надвор, користете продолжен кабел кој е соодветен за употреба на отворен простор. Примената на продолжен кабел соодветен за работа на отворен простор ја намалува опасноста од струен удар.

f) Доколку не може да се избегне работа со електричниот алат во влажна средина, користете прекинувач за струјна заштита при технички проблеми. Употребата на прекинувачот за струјна заштита при технички проблеми го намалува ризикот од електричен удар.

3) ЛИЧНА ЗАШТИТА

a) Бидете внимателни, внимавајте што правите и постапувајте внимателно додека работите со електричниот алат. Не работете со уредот доколку сте уморни или под дејство на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата може да доведе до сеиозни повреди.

b) Носете ја личната заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на личната заштитна опрема, како што е маската за прашина, безбедносната облека која не се лизга, заштитен шлем или штитник за слух, зависно од видот и примената на електричниот алат, ја намалува опасноста од повреда.

с) Избегнувајте невнимателно вклучување за време на работата. Осигурајте се прекинувачот да биде во "OFF" позиција пред да го ставите штекерот во приключокот. Доколку го носите електричниот алат со прстот на прекинувачот или го прилучувате апаратот кој е приключен со напојување на струја, може да предизвикате незгоди.

d) Пред вклучување на уредот, тргнете ги алатите за подесување или клучот за навртување. Алатот или клучот кој се наога во вртливиот дел на уредот, може да предизвика незгода.

e) Не ги преценувајте своите способности. Завземете сигурен и стабилен став и во секој момент одржувајте рамнотежа. На тој начин можете подобро да го контролирате уредот во неочекувани ситуации.

f) Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.

g) Доколку може да се монтираат направи за вшмукување и файање прашина, проверете дали се включени и дали можат исправно да се користат. Примената на овие направи ја намалува опасноста од прашината.

h) Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при неговото користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозни повреди во дел од секунда.

4) ВНИМАТЕЛНА УПОТРЕБА И РАКУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ

a) Не го преоптеретувајте уредот. При вашата работа користете го предвидениот електричен алат за таа употреба. Со соодветниот електричен алат їе работите подобро и посигурно во наведената функционална област.

b) Не користете електричен алат чиј прекинувач е неисправен. Електричниот алат кој повеće не може да се вклучува и исклучува е опасен и мора да се поправи.

с) Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го комплетот со батерии, ако се одделува, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или да го складирате електричниот алат. Со овие мерки на внимателност ће се избегне невнимателното вклучување на уредот.

d) Тргнете го електричниот алат кој не го користите од допирот на децата. Не допуштајте работа со уредот на лица кои не се запознаени со него или кои го немаат прочитано ова упатство. Електричните алати се опасни доколку со нив работат неискусни лица.

e) Одржувајте го електричниот алат и дополнителната опрема. Имајте контрола околу тоа дали движечките делови на уредот работат беспрекорно и дали не се заглавени, дали деловите се скршени или оштетени до таа мерка што не може да се обезбеди функционирање на уредот. Пред примената, овие оштетени делови треба да се поправат. Причина за многу незгоди е лошо одржуваниот електричен алат.

f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти. Внимателно одржуваните алати за сечење со остри очтрици помалку ће се заглавуваат и со нив работата ће биде полесна.

g) Електричниот алат, прибор, работни алати итн., треба да ги користите според овие упатства, и на начин кој е опишан за соодветниот тип на уред. При тоа, земете ги предвид работните услови и работата која се извршува. Употребата на електричните алати за други цели кои не се предвидени, може да предизвика опасни ситуации.

h) Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во неочекувани ситуации.

a) Полнете го акумулаторот само во апаратите за полнење кои се пропишани од страна на производителот. За апаратот за полнење кој е соодветен за определен вид на акумулатори, постои опасност од пожар, доколку се употребува со други акумулатори.

b) Користете ги електричните алати само со специфично назначени пакувања на батерии. Користењето на друг вид на батерии може да доведе до ризик од повреда или пожар.

с) Кога батериите не се користат, држете ги настрана од метални предмети како штрафчиња,

парички, клучеви, клинци, навртни или други, мали предмети кои може да направат краток спој. Краткиот спој кај батериите може да предизвика изгореници или пожар.

d) При погрешна примена може да излезе течност од акумулаторот; избегнувајте контакт со неа. При случаен контакт, измијте се со вода. Ако течноста дојде во допир со очите, побарајте и лекарска помош дополнително. Течноста која може да излезе од акумулаторот може да доведе до надразнување на кожата и изгореници.

e) Не употребувајте комплет со батерии или алат кој е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.

f) Не го изложувајте комплетот со батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или температура над 130°C може да предизвика експлозија.

g) Следете ги сите инструкции за полнење и не го полнете комплетот со батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во инструкциите. Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.

6) СЕРВИСИРАЊЕ

a) Електричниот алат сервисирајте го нај квалифинувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се обезбедува безбедно одржување на електричниот алат.

b) Никогаш не поправајте оштетени комплети со батерии. Поправката на комплети со батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.

СПЕЦИФИЧНИ БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА ПОТКАСТРУВАЧИТЕ НА ЖИВА ОГРАДА

a) Делови од телото не смеат да дојдат близу сечилото. Не отстранувајте поткастрен материјал и не држете материјал што треба да се потнаструва додека се движат сечилата. Сечилата продолжуваат да се движат и по исклучување на алатот. Момент на невнимание при работење со поткаструвач на жива ограда може да доведе до сериозна повреда.

b) Поткаструвачот на жива ограда треба да се носи за рачката, со запрени сечила, и внимавајте да не притиснете некој прекинувач. Со правилно носење на поткаструвачот на жива ограда ће се намали ризикот од случајно вклучување на алатот, а со тоа и повреда од сечилата.

с) При транспорт или складирање на поткаструвачот на жива ограда, секогаш ставајте ја навлаката за сечила. Со соодветно ракување со поткаструвачот на жива ограда се намалува ризикот за лична повреда од сечилата.

d) При чистење заглавен материјал или при сервисирање на уредот, уверете се дека се исключени сите прекинувачи и дека е отстранета или исключена батеријата. Неочекуваното вклучување на поткаструвачот на жива ограда при чистење заглавен материјал или при сервисирање може да предизвика сериозни повреди.

e) Држете го поткаструвачот на жива ограда само на изолираните површини за држење затоа што сечилото може да дојде во контакт со скриени жици. Сечила во контакт со „жива“ жица може да ги „оживеат“ изложените метални делови од поткаструвачот на жива ограда и може да му зададат струен удар на лицето кое ракува со алатот.
f) Не смее да има електрични кабли или жици во областа за сечење. Можно е во грмушки или живи огради да се кријат жици или кабли кои може случајно да се исечат со сечилата.
g) Не користете го потнаструвачот на жива ограда во лоши временски услови, особено нога постои ризик од грмотевици. Така се намалува ризикот од удар од гром.

ПРЕД УПОТРЕБА

  • Овој алат не е наменет за употреба од страна на деца и лица со намалени физички, сензорски или ментални способности или со помало искусство и знаење
  • Обезбедете децата да не си играат со алатот
  • Не оставајте го алатот без контрола
  • Користете ја машината само на дневно светло или со соодветно вештачко осветлување
  • Не поткаструвајте жива ограда кога е мокра
  • Никогаш не користете ја машината со оштетен заштитен штитник
  • Пред секоја употреба проверете го функционирањето на алатот и во случај на неисправност однесете го на поправка кај стручно лице; никогаш сами не отварајте го алатот
  • Пред употреба, темелно проверете ја областа за поткастрување и отстранете ги сите страни тела што може да се заплеткаат во сечивата за косење (како камења, клинци, жици, метални потпори за растенијата)
  • Носете заштитни ракавици, заштитна маска, тесни алишта и цврсти чевли
  • Не вклучувајте го алатот со боси нозе или ако носите отворени сандали
  • Секогаш носете долги пантолони и ракави кога работите со машината
  • Оддалечете ги другите лица и животните на растојание од 5 м кога работите со машината
  • Заземете безбедно држење при работа (не посегајте се, особено кога користите скалило)
  • Во случај да дојде до електричен или механички дфект, веднаш исключете го алатот и отстранете ја батеријата

ПО УПОТРЕБА

- Чувајте ја машината во затворен простор на суво и затворено место и подалеку од дофат на деца - батеријата и алатот треба да се чуваат одделно

  • Испорачаната батерија е делумно наполнета (за да се обезбеди целосен капацитет на батеријата, целосно наполнете ја батеријата во полначот на батеријата пред да го употребите вашиот електричен алат за првпат)
  • Користете ги ислучиво следниве батерии и полначи со овој алат

- Батерија SKIL: BR1*31****

- Полнач SKIL: CR1*31****

- Оштетената батерија не треба понатаму да се користи туку да се замени

  • Не ја расклопувајте батеријата
  • Никогаш не ги изложувајте на дожд алатот/батеријата
  • Дозволена температура на околината (алатка/ полнач/батерија):
  • при полнење 4...40°C
  • при работа -20...+50°C
  • при складирање -20...+50°C

ОБЈАСНУВАЊЕ НА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ/ БАТЕРИЈАТА

③ Пред употреба прочитајте го прирачникот за употреба
④ Во допир со орган батериите ће експлодираат, затоа не ги палете батериите од која било причина
⑤ Секогаш чувајте ги апаратот/полначот/батеријата во просторија на температура пониска од 50°C
⑥ ОПАСНОСТ – Не допирајте го сечилото
⑦ Носете заштитни очила и заштита за ушите
⑧ Не изложувајте го алатот на дожд
⑨ Не се ослободувајте од електични алати и батерии во домашниот отпад

УПОТРЕБА

  • Полнење на акумулаторска батерија ! прочитајте ги безбедносните предупредувања и упатствата дадени со полначот
    • Вадење/инсталирање на батеријата ②
  • Индикатор за нивото на батеријата ⑩

- притиснете на индикаторот за нивото на батеријата L за да се прикаже тековното ниво на батеријата ⑩а

! ако по притискање на копчето L ^10 b почне да трепка индикаторот за најниско ниво на батеријата, тогаш батеријата е празна
! кога ће почне да трепка индикаторот за нивоата на батеријата 2 по притискање на копчето L ⑩с, батеријата не е во рамките на дозволениот опсег за работна температура

- Заштита на батеријата

Алатот наеднаш се исклучува или не може да се вклучи, кога

  • товарот е преголем --> отстранете го товарот и почнете повторно
  • температурата на батеријата не е во рамките на дозволениот опсег на работна температура од -20 до +50°C --> 2 нивоата на индикаторот за ниво на батеријата почнуват да трепкаат кога је го притиснете копчето L ^10 с; почекајте батеријата да се врати во рамките на дозволениот опсег на работна температура
  • батеријата е скоро празна (заштита од целосно празнење) --> на индикаторот за нивото на батеријата ће се прикаже ниско ниво на батеријата или ће трепка за ниско ниво на батеријата ⑩в кога ће притиснете на копчето L; наполнете ја батеријата

! не продолжувајте да притискате на прекинувачот за включување/исклучување откако алатот ће се исклучи автоматски; батеријата ће се оштети

• Двостепен безбедносен прекинувач ⑪

Спречува машината да се вклучи случајно

  • прво отключете со притискање на копчето С
  • включете го алатот со едновремено притискање на прекинувачот А и прекинувачот В

- исключете го алатот со едновремено пуштање на прекинувачот А или на прекинувачот В

- Работа со алатот

! започнете со поткастрување само кога работи моторот

! не сечете партерни растенија за да спречите земјата/песокот да ги оштетат сечивата за косење D

! не оптоварувајте го алатот со сечење дршки подебели од 20 мм

- оддалечете ја машината од областа за сечење пред да ја исключите

! по ислучување на машината, сечивата продолжуваат да се движат уште неколку секунди

- Заштитник за врвот на сечивото F ②

- спречува повратен удар на алатот ће се допрат цврсти предмети (како столбови на оградата или сидови на куката)

- ги заштитува сечивата од оштетување

• Поткастрување жива ограда ⑫

- прво поткастете ја живата ограда од страните (од долу нагоре) и потоа сечете го горниот дел

- поткаструвајте ја страната на живата ограда така што таа да биде делумно потесна горе

- користете рачна пила или макази за кастрење за да ги отсечете подебелите гранки

• Држење и насочување на алатот ⑬

- цврсто држете ја машината со двете раце и заземете безбеден став

! додека работите, сеногаш држете го алатот за местото (местата) кое (кои) се означени со сива боја

- водете ја машината пред вас

СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА

- За поткастрување жива ограда со изедначена висина

- затегнете конец долж живата ограда на саканата висина

- поткастрете ја живата ограда токму над конецот

- Препорачано време за сечење/поткастрување (западна Европа)

- поткаструвајте ја живата ограда со листопадни лисја во јуни и октомври

- поткаструвајте ја зимзелената жива ограда во април и август

- поткаструвајте ги зимзелените дрва и другите брзо растечки грмушки секои 6 седмици од мај до октомври

ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ

- Овој алат не е наменет за професионална употреба

- Алатот и сечилата треба да секогаш да бидат чисти ! отстранете ја батеријата од алатот пред чистење

- чистете ја машината со влажна крпа (не користете средства за чистење или растворувачи)

- чистете ги отворите за вентилација Ⓗ редовно, со четка или компресиран воздух

- по употреба, секогаш внимателно исчистете и делумно подмачкајте ги сечивата за косење

! носете ракавици нога ракувате или ги чистите сечивата

- Редовно проверувајте ја состојбата на сечивата и затегнатоста на навртките на сечивото

- Редовно проверувајте дали деловите се оштетени или изабени и поправете/заменете ги ако е неопходно

- Острење на сечивата ! извадете ја батеријата од машината

- острете ги сечивата со мала и мазна турпија кога će се оштетат од остар предмет

- сепак, ви препорачуваме обучено лице да ги остри сечивата

подмачкајте ги сечивата по острење

• Чување ⑭

- внимателно поставете ја шината за складирање Ј на сид со 2 шрафа (не се доставуваат) и порамнете хоризонтално

- ставете ја заштитата за сечивото К кога ја одложувате машината

- пред да ја одложите машината, избришете ги сечивата со крша натопена во масло за да спречите корозија

- Доколку алатот и покрај внимателното работење и контрола некогаш откаже, поправката мора да ја изврши некој овластен SKIL сервис за електрични алати

- во случај на примедба, испратете го алатот нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис (адресите се наведени на www.skil.com)

- Имајте предвид дека оштетувањето настанато заради преоптоварување или неправилно ракување со производот ја отфрла гаранцијата (видете на www.skil.com или прашајте го продавачот за условите на гаранцијата на SKIL)

РЕШАВАЊЕ ПРОБЛЕМИ

- Следниот список ги прикажува симптомите за проблемите, можните причини и дејства за поправка (контактирајте со продавачот или сервисерот ако истите не го идентификуваат ниту решаваат проблемот)

! во случај на електричен или механички дефект, веднаш исключете го алатот и извадете ја батеријата

Моторот не се вклучува или се исклучува неочекувано

- празна батерија -> наполнете ја батеријата

- топла батерија -> оставете ја батеријата да се излади

- сечилата се заглавени -> исчистете го заглавениот материјал

- внатрешен дефект -> контактирајте со продавачот/сервисерот

Машината работи со прекини

- оштетување на прекинувачот за включување/исклучување -> контактирајте со продавачот/сервисерот

- оштетување на внатрешното поврзување -> контакрајте со продавачот/ сервисерот

- насочувачот е блокиран со стран предмет -> тргнете ја блокадата

Моторот работи но сечивата не се движат

- внатрешен дефект -> контактирајте со продавачот/сервисерот

starечивата се врели

  • сечивата се тапи -> наострете ги
  • сечивата имаат запци -> проверете ги сечивата
  • има преголемо триење заради недостаток на подмачкувач -> подмачкајте ги сечивата

ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

- Не се ослободувајте од електични алати, батерии, уреди или амбалажа преку нивно фрлање во домашното губре (само за земјите на ЕУ)

  • според Европската Директива 2012/19/EC за ослободување од електрична и електронска опрема и нејзина имплементација во согласност со националните закони, електричните алати кои го достигнале крајот на својот животен век мора да бидат собрани посебно и да бидат вратени во соодветен објект за рециклирање
  • симболот⑨ ке ве потсетува на ова кога ке дојде време алатот да го фрлите
    ! пред да се фрли акумулаторската батерија во отпад, заштитите ги нејзините полови

БУЧАВА / ВИБРАЦИИ

- Мерено во согласност со EN 62841 нивото на звучен притисок е 77,8 dB(A) (несигурност K = 3 dB) а нивото на звучна моїност 89,3 dB(A) (несигурност K = 2,1 dB), и вибрација < 2,5 м/с² (векторски збир на трите показатели; несигурност K = 1,5 м/с²)

- Нивото на емитирање на вибрации кое е наведено на задниот дел на ова упатство е измерено во согласност со стандардизираниот тест даден во EN 62841; може да се користи за да се спореди еден алат со друг, и како првична оценка за изложеноста на вибрации кога се користи алатот за споменатите примени

  • користењето на алатот за разни примени, или со различни или неправилно чувани делови, може да доведе до значајно зголемување на нивото на изложеност
  • кога алатот е ислучен или кога алатот е включен но не врши некаква работа, може да дојде до значително намалување на нивото а изложеност
    ! заштитете се од ефектите на вибрациите преку одржување на алатот и неговите делови, одржување на топлината во вашите раце, и организирање на вашата работа

AL

Prerëse shkurrresh me 0428/0429/0430 bateri

HYRJE

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : SKIL

Модел : 0428 AA

Категорија : Градинарски ножици