4920 - Пила SKIL - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот 4920 SKIL во PDF формат.
| Тип на производ | Електрична саблеста пила со кабел |
| Бренд | Skil |
| Модел | 4920 |
| Напојување | Мрежа (со кабел) |
| Номинален напон | 230 V ~ |
| Фреквенција | 50 Hz |
| Ниво на звучен притисок | 90 dB(A) |
| Ниво на акустична моќност | 101 dB(A) |
| Вибрации (сечење на даски) | 25,5 m/s² |
| Вибрации (сечење на дрвени греди) | 20,7 m/s² |
| Тип на стегање на сечилото | Без клуч, ротирачки |
| Прилагодлив потпирач | Да, со завртки за прицврстување |
| Цилиндрична рачка | Да (рачка E) |
| Двојна изолација | Да (класа II) |
| Главни функции | Прави и криви резови, нуркачки рез (дрво/меки материјали), сечење дрво, пластика, метал, градежни материјали, кастрење |
| Професионална употреба | Не, домашна употреба |
| Одржување | Чистете ги вентилационите отвори J, одржувајте ја алатката и кабелот чисти |
| Поправка | Од овластен сервис за корисници на SKIL |
| Приложени додатоци | Сечило за пила, шестаголен клуч H |
| Безбедност | Прекинувач за вклучување/исклучување што може да се заклучи, заштита од случајно стартување, користете лична заштитна опрема |
Frequently Asked Questions - 4920 SKIL
Прашања на корисниците за 4920 SKIL
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник 4920 - SKIL и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. 4920 на марката SKIL.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК 4920 SKIL
- Овој алат е наменет за сечење на дрво, пластика, металл и градежни материјали, како и поткастрување и кратење на дрвја; погоден е за праволиниски и заoblени засеци
- Овој алат не е наменет за професионална употреба
- Контактирајте го продавачот ако недостасуваат делови или истите се оштетени
- Внимателно прочитајте го упатството за работа пред употреба и зачувајте го за во иднина ③
- Обрнете особено внимание на безбедносните упатства и предупредувања; непридржувањето до овие упатства може да доведе до сериозна повреда
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ ①
ЕЛЕМЕНТИ НА АЛАТОТ ②
A Прекинувач за включување/исклучување и контрола на брзината
В Држач за сечиво
С стрелка
D Рачка
E Кружната дршка
F Основна плоча која се прилагодува
G Завртки за затегнување
Н Хексагонален клуч
J Отвори за вентилација
БЕЗБЕДНОСТ
ОПШТИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, упатства, слики и спецификации што се обезбедуваат со овој електричен алат. Непочитувањето на сите упатства подолу може да доведе до електричен удар, пожар и/или сериозна повреда.
Чувајте ги сите предупредувања и упатства за понатамошно упатување.
Поимот „електричен алат“, кој се користи во предупредувањата, се однесува на вашиот електричен алат (со приключен кабел) или на електричен алат со погон на батерии (без приключен кабел).
a) Одржувајте го работното место чисто и добро осветлено. Неуреден или темен работен простор може да предизвика незгоди.
b) Немојте да работите со електрични алати во средини во кои има опасност од експлозија, како на пример во кои има запалливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да запалат прашина или испарувања.
с) Држете ги децата и другите лица подалеку додека ракувате со електричен алат. Може да изгубите контрола ако нешто ви го одзема вниманието.
2) ЕЛЕКТРИЧНА СИГУРНОСТ
a) Приклучоците за електричниот алат мораат да одговараат на штекерот. Никогаш на никаков начин не го менувајте приклучокот. Не користете никакви адаптери за приклучоци со (заземјени) електрични алати. Немодифицираните приклучоци и соодветните штекери ће ја намалат опасности од струен удар.
b) Избегнувајте допир на телото со заземјени површини, како што се цевки, радијатори, шпорети и фрижидери. Постои зголемена опасност од струен удар, доколку вашето тело е заземјено.
с) Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влага. Продирањето на вода во електричниот
уред ке ја зголеми опасноста од струен удар.
d) Немојте да го злоупотребувате кабелот за напојување. Никогаш не го користете кабелот за напојување за носење, влечење или исклучување на електричниот алат. Чувајте го кабелот за напојување подалеку од топлина, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетените или заплетканите кабли за напојување ја зголемуваат опасноста од струен удар.
e) Кога го употребувате електричниот алат надвор, користете продолжен кабел кој е соодветен за употреба на отворен простор. Користењето на кабел соодветен за работа на отворен простор ја намалува опасноста од струен удар.
f) Доколку не може да се избегне работа со електричниот алат во влажна средина, користете заштитен уред што работи на резидуална струја (RCD). Употребата на RCD ја намалува опасноста од струен удар.
3) ЛИЧНА ЗАШТИТА
a) Бидете внимателни, внимавајте што правите и постапувајте разумно додена работите со електричниот алат. Никогаш не работете со електричен алат ако сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекови. Момент на невнимание при работење со електрични алати може да доведе до сериозна лична повреда.
b) Носете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштитни очила. Носењето на заштитна опрема, како што е маска за прашина, безбедносни обувки кои не се лизгаат, заштитен шлем или штитници за уши, употребени во соодветни услови, ја намалуваат опасноста од лични повреди.
с) Спречете случајно вклучување. Осигурете се дека прекинувачот е на позицијата off (ислучено) пред приклучувањето на изворот на напојување и/или батеријата, подигнувањето или носењето на алатот. Носењето на електричниот алат со вашиот прст на прекинувачот или вклучување на електрични алати со прекинувачот поставен на позиција on (приклучено) доведува до несреći.
d) Пред вклучување на електричниот алат отстранете ги сите клучеви за подесување или алати за навртување. Алат или клуч што е оставен прикачен на ротациониот дел на уредот, може да доведе до лична повреда.
e) Не посегнувајте преку одредената граница. Цело време одржувајте правилен став и рамнотежа. На тој начин можете подобро да го контролирате електричниот алат во неочекувани ситуации.
f) Носете соодветна облека. Не носете лелеава облека или накит. Чувајте ги косата и облеката подалеку од подвижните делови. Лелеавата облека, накитот или долгата коса може да се зафатат во подвижните делови.
g) Доколку се обезбедени уреди за приклучување на апарати за вшмукување и собирање прашина, осигурете се дека тие се правилно приклучени и користени. Користењето на уреди за собирање прашина може да ги намали опасностите поврзани со прашината.
h) Не дозволувајте искуството стекнато со честата
употреба на алатите да ве направи невнимателни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателната активност може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
4) УПОТРЕБА НА ЕЛЕКТРИЧНИ АЛАТИ И ГРИЖА ЗА НИВ
a) Не преоптоварувајте го електричниот алат. Користете ја правилната електрична алатка наменета за вашата работа. Со соодветниот електричен алат ќе ја завршите работата подобро и побезбедно во однос на тоа за што е наменет.
b) Не користете го електричниот алат ано прекинувачот не може правилно да се вклучи и исклучи. Секој електричен алат кој не може да се контролира со помош на приключок е опасен и мора да се поправи.
с) Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го комплетот со батерии, ако се одделува, пред да правите ненакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или да го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува опасноста од случајно вклучување на електричниот алат.
d) Складирајте ги електричните алати во мирување надвор од дофатот на деца и не им допуштајте работа со уредот на лица кои не се запознаени со него или кои го немаат прочитано ова упатство. Електричните алати се опасни доколку со нив работат нестручни лица.
e) Одржувајте ги електричните алати и дополнителната опрема. Проверете дали има изместување или допирање на подвижните делови, дали некои делови се скршени или се во некоја друга состојба што влијае врз работата на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го алатот на поправка пред да го користите. Многу несреći се случаваат заради неодржуван електричен алат.
f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти. Внимателно одржуваните алати за сечење со остри ивици помалку ће се заглавуваат и полесно се контролираат.
g) Електричниот алат, дополнителната опрема, работните алати итн., треба да ги користите според овие упатства, земајки ги во предвид работните услови и работата која треба да се заврши. Употребата на електричниот алат за работи што се поинакви од неговата намена може да доведе до опасна ситуација.
h) Одржувајте ги рачките и површините за фаќање суви, чисти и без масло и маст на нив. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во неочекувани ситуации.
5) СЕРВИСИРАЊЕ
a) Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се обезбедува безбедно одржување на електричниот алат.
- Држете го алатот за изолираните површини за фајање, нога извршувате работа, при којашто дополнителната опрема за сечење може да дојде во контакт со сокриените жици или со неговиот кабел (ако дополнителната опрема за сечење дојде во контакт со жица под напон може да ги електрифицира металните делови на алатот и да предизвикаат електричен удар на операторот)
- Користете стегачи или друг практичен начин за да го обезбедите и потпрете материјалот на стабилна платформа (парчето за работа е нестабилно ако го држите парчето со рака или потпрено на телото со што може да ја загубите контролата)
ДОПОЛНИТЕЛНА ОПРЕМА
- SKIL може да признае гаранција само доколку е користен оригинален прибор
- Користете само прибор чија дозволена брзина е во најмала рака еднаква на најголемата брзина при празен од на електричниот алат
ПРЕД УПОТРЕБА
- Секогаш проверувајте напонот да е ист со оној кој е назначен на плочката на алатот
- Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и други предмети во местото каде работите; тргнете ги пред да почнете со работа
ЕЛЕКТРИЧНА СИГУРНОСТ
- Никогаш не користете го алатот нога кабелот е оштетен; тој мора да се замени со специјално подготвен кабел достапен преку сервисната служба
- Продолжените кабли кои ги користите, мора да бидат сосема одмотани и безбедни, со капацитет од 16 амп (В.Б. 13 амп)
- Користете соодветни детектори за наогање на скриени водови или повикајте ја локалната комунална компанија за помош (контактот со електричните водови може да доведе до пожар или струен удар; оштетувањето на гасоводна цевка може да резултира со експлозија; пробивање на водоводна цевка може да доведе до материјална штета или електричен удар)
ЛИЧНА ЗАШТИТА
- Во случај да дојде до електричен или механички дефект, веднаш исключете го алатот и исключете го од приклучокот
- Овој алат не треба да го користат лица под 16 години
- Не обработувајте никанов материјал кој содржи азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
- Прашината од материјали како боја која содржи олово, некои видови дрво, минерали и метали, може да биде штетна за здравјето (контактот со прашината или нејзиното вдишување може да предизвика алергиски реакции и/или болести на дишните органи за оној кој работи со алатот или лугёто во близина); носете маска за прашина и работете со правосмуналки доколку можете да ги поврзете
- Некои видови на прашина се канцерогени (како на пример прашината од даб или бука), особено заедно со адитиви за одржување на дрвото; носете маска за прашина и работете со правосмукалки доколку можете да ги поврзете
- Следете ги процедурите на вашата земја за прашината која се јавува како резултат од материјалите со кои работите
- Држете ги рацете подалеку од површината за сечење и сечилото; држете ја другата рака на
кружната дршна Е ② (доколку двете раце ја држат пилата, не може да бидат исечени со сечилото)
- Не посегнувајте под материјалот (близината на сечилото до вашата рака во тој случај нема да ви биде видлива)
- Никогаш не држете парче што се сече во вашите раце или преку вашата нога (важно е да имате стабилна потпора во текот на работата за да се намали изложување на телото, контакт со сечилото или загуба на контролата)
- Не користете тапо или оштетено сечило (свитканите сечила лесно може да се скршат или да предизвикаат повратен удар)
- Користете заштитни ракавици кога го отстранувате сечилото од алатот (сечилото на пилата може да се загрее по подолга употреба)
- Носете заштитни очила и заштита за ушите ОБЈАСНУВАЊЕ НА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ/ БАТЕРИЈАТА
③ Пред употреба прочитајте го прирачникот за употреба
④ Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
⑤ Не фрлајте го алатот заедно со другиот домашен отпад
КОГА ГО ПОВРЗУВАТЕ НОВИОТ ПРИКЛУЧОК СО З ПИНА (САМО ВБ): - Не ја поврзувајте сината (= неутрална) или кафеавата (= со напон) жица со кабелот на оваа алатка со терминалот за заземјување на приклучокот.
- Ако поради која било причина стариот приклучок е отсечен од кабелот на оваа алатка, тој мора безбедно да се фрли и да не се остави без надзор.
УПОТРЕБА
- Прекинувач за включување/исклучување и контрола на брзината ⑥ ⑦
-алатот включете/исключете го со повлекување/ослободување на прекинувачот А
-брзината се контролира на степени од нула до максимум со применување помалку или повеќе сила врз активаторот - Монтирање на сечилото за пилата ⑧
! извлечете го приклучокот
-свртете го држачот за сечилото В во правецот на стрелката С на алатот и држете го во таа позиција
-вметнете го сечилото (со запците надолу или нагоре) до крај
-пуштете го држачот за сечилото В
-турнете го и извлечете го сечилото за да проверите дали е правилно наместено - Отстранување на сечилото за пилата ⑧
-притиснете го држачот за сечилото В во правецот на стрелката С на алатот и држете го во тој правец -извлечете го сечилото
-пуштете го држачот за сечилото В - Работа со алатот
! прицврстете го материјалот
-означете ги линиите за сечење на материјалот -включете го штекерот во извор на струја - држете го алатот со една рака на дршката D ②, а со другата држете ја изолираната дршка на вретеното E ②
-включете го алатот
-насочувајте го алатот низ назначената линија на сечење
- притискајте ја плочата на основата F ②, кон материјалот за да се намалат вибрациите од повратната сила
• Држење и насочување на алатот
! додека работите, секогаш држете го алатот за местото (местата) кое (кои) се означени со сива боја ⑨
- држете го отворот за вентилација J ② отворен -не притискајте премногу со алатот; дозволете тој сам да работи
! проверете дали сечилото на пилата поминува низ целиот материјал за време на движењето ⑩
- Подесување на ефективната длабочината на сечењето ⑪
-користете ги двете завртки за затегнување G за лизгање на плочата на основата F напред/назад за да се зголеми/намали ефективната длабочината на сечењето
СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА
• Сечење со заронување ⑫
Повратни засеци може да се направат во дрво и други меки материјали, без претходно дупчење на дупка
-поставете го сечивото со запците насочени нагоре
-означете ја саканата линија на сечење на материјалот
-навалете го алатот така што сечилото не ја допира обработката
-включете го алатот и внимателно почнете да ја движите пилата на материјалот
-штом сечилото ће навлезе низ материјалот, продолжете да сечете низ назначената линија за сечење
! не правете засеци со заронување низ метални материјали
• Користете соодветни сечила за пила ⑬
- Кога сечете метал ставете сечиво подмачкано со масло
- Сечење без поткршени рабови -прекријте ја линијата на сечењето со повеќеслојни или широки ленти пред да почнете со сечењето -лицето на материјалот е свртено надолу на работното место
ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ
- Овој алат не е наменет за професионална употреба
- Алатот и кабелот секогаш да се одржуваат чисти (особено отворите за вентилација J 2)
! пред чистење извадете го кабелот од приклучокот
- Доколку алатот и покрај внимателното работење и контрола некогаш откаже, поправката мора да ја изврши некој овластен SKIL сервис за електрични алати
-испратете го алатот нерасклопен заедно со сметкопотврдата, до вашиот продавач или
најблискиот овластен SKIL сервис (адресите и сервисниот дијаграм за алатот се наведени на www.skil.com)
- Имајте предвид дека оштетувањето настанато заради преоптоварување или неправилно ракување со алатот не е опфатено со гаранцијата (видете на www.skil.com или прашајте го продавачот за условите на гаранцијата на SKIL)
ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
- Не фрлајте ги електричните алати, дополнителната опрема и амбалажата заедно со домашниот отпад (само за земјите на ЕУ)
-според Европската Директива 2012/19/ЕЗ за отфрлање на електрична и електронска опрема и нејзина имплементација во согласност со националните закони, електричните алати кои го достигнале крајот на својот животен век мораат да бидат посебно собрани и да бидат вратени во еколошки компатибилен објект за рециклирање -симболот 5 ће ве потсети на тоа, кога ће дојде време да го отстраните
БУЧАВА/ВИБРАЦИИ
- Измерено во согласност со EN62841, нивото на звучен притисок на овој алат е 90 dB(A) и нивото на звучна моїност е 101 dB(A) (несигурност K = 3 dB), и вибрацијата *(триакс векторна сума; несигурност K = 1,5 м/с²)
*даска за сечење 25,5 м/с
* сечење на дрвени греди 20,7 м³/с
- Нивото на емитирање на вибрации є измерено во согласност со стандардизираниот тест даден во EN62841; може да се искористи за да се спореди еден алат со друг, и како првична оценка за изложеноста на вибрации, кога се користи алатот за споменатите примени
-користењето на алатот за разни примени, или со различна или неправилно чувана дополнителна опрема, може да доведе до значајно зголемување на нивото на изложеност
-кога алатот е исклучен или кога алатот е включен но не врши некаква работа, може да дојде до значително намалување на нивото на изложеност
! заштитете се од ефектите на вибрациите преку одржување на алатот и неговата дополнителна опрема, одржување на топлината на вашите раце, и организирање на вашата работа