GBH 18V28 CF Professional - приклучок BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GBH 18V28 CF Professional BOSCH во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот приклучок во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GBH 18V28 CF Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GBH 18V28 CF Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GBH 18V28 CF Professional BOSCH
Безбедносни напомени Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски). Безбедност на работниот простор u Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа. u Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите. u Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола. Електрична безбедност u Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар. u Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено. u Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар. u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен
u При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел Bosch Power Tools 1 609 92A 96F | (20.12.2023)276 | Македонски соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар. u Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар. Лична безбедност u Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда. u Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди. u Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа. u Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го вклучите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда. u Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации. u Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните
u Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа. u Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда. Употреба и чување на електричните алати u Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет. u Не користете електричен алат ако не можете да го вклучите и исклучите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се
u Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат. u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници. u Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати. u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат. u Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации. u Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи
Употреба и чување на батериски алат u Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии. u Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар. u Кога не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар. 1 609 92A 96F | (20.12.2023) Bosch Power ToolsМакедонски | 277 u Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници. u Не употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од
u Не го изложувајте сетот на батерии или алатот на оган или висока температура. Изложувањето на оган или на температура повисока од 130°C може да предизвика експлозија. u Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар. Сервисирање u Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат. u Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис. Безбедносни напомени за чекани Безбедносни упатства за сите типови работа u Носете штитници за уши. Изложеноста на бучава може да предизвика губење на слухот. u Користете дополнителни рачки, доколку се испорачани со алатот. Губење на контрола може да предизвика телесни повреди. u Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете, за опремата за сечење и прицврстувачот да не дојдат во контакт со скриена жица. Ако опремата за сечење и прицврстувачите дојдат во допир со „жица под напон“, може да ги изложат металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар. Безбедносни упатства при користење на долги бургии со ротирачки хилти u Секогаш почнете го дупчењето со мала брзина, и врвот на бургијата да биде во допир со делот што се обработува. При поголема брзина, бургијата може да се искриви ако слободно ротира надвор од делот што се обработува, и да се повредите. u Притискајте само во директна линија со бургијата и не вршете преголем притисок. Бургиите може да се искриват и скршат, со што може да изгубите контрола и да се повредите. Дополнителни безбедносни напомени u Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување. u Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот. u Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака. u При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта. u Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој. u Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее. u Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување. Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, оган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој. u Кратко по употребата не ги допирајте алатите за вметнување или соседните делови на куќиштето. За време на работата тие може да бидат многу жешки и да предизвикаат изгореници. u Алатот за вметнување може да се заглави за време на дупчењето. Обезбедете сигурна положба и цврсто држете го електричниот алат со двете раце. Во спротивно, може да ја изгубите контролата врз електричниот алат. u Бидете внимателни за време на кршењето со длето. Деловите што паѓаат од материјалот за кршење може да ги повредат присутните или себе си. u При работата, држете го електричниот алат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот алат посигурно ќе управувате ако го држите со двете дланки. u Внимание! При користењето на електричниот алат со Bluetooth ® може да настанат пречки на другите уреди и системи, авиони и медицински апарати (на Bosch Power Tools 1 609 92A 96F | (20.12.2023)278 | Македонски пр. пејсмејкери, апаратчиња за слушање). Исто така не може целосно да се исклучи можноста за повреда на луѓе и животни во непосредна околина. Не го користете мерниот уред со Bluetooth® во близина на медицински уреди, бензински пумпи, хемиски уреди, области со опасност од експлозија и во близина на мински полиња. Не го користете електричниот алат со Bluetooth® во авиони. Избегнувајте долготрајна употреба во директна близина на телото. Ознаката со зборови Bluetooth® како и сликите (логоата) се регистрирани марки и сопственост на Bluetooth SIG, Inc. Секое користење на оваа ознака со зборови/слики се врши со лиценца преку Robert Bosch Power Tools GmbH. Опис на производот и перформансите Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
Употреба со соодветна намена Електричниот алат е наменет за ударно дупчење во бетон, цигли и камен како и за фино длетување. Тој исто така е погоден за дупчење без удари во дрво, метал, керамика и пластика. Електричните алати со електронска регулација и лев/десен тек се исто така погодни за завртување. Податоците и подесувањата на електричниот алат може да се пренесат при активиран Bluetooth
Low Energy модул GCY42 со помош на Bluetooth
-безжичната технологија помеѓу електричниот алат и мобилниот уред. Илустрација на компоненти Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница. (1) Брзозатегнувачка заменлива глава за дупчење (GBH18V-28CF) (2) SDSplus заменлива глава за дупчење (GBH18V-28CF) (3) Прифат на алат SDSplus (4) Капак за заштита од прав (5) Чаура за заклучување (6) Прстен за заклучување на заменливата глава за дупчење (GBH18V-28CF) (7) Амортизација на вибрациите (8) Кориснички интерфејс (9) Копче за отклучување на батерија
(10) Прекинувач за менување на правецот на
(11) Рачка (изолирана површина на рачката) (12) Прекинувач за вклучување/исклучување (13) Куки за закачување (14)
(15) Капак, Bluetooth (16) Копче за отклучување за прекинувачот за запирање на удари/вртежи (17) Прекинувач за запирање на удари/вртежи (18) Работно светло (19) Копче за подесување на граничникот за
(21) Граничник за длабочина (22) Приказ за наполнетост на батеријата (кориснички интерфејс) (23) Симбол за конфигурација на вртежен момент преку апликација за паметен телефон (кориснички интерфејс) (24) Симбол за намалена јачина (кориснички
(25) Приказ Режими на работа (кориснички
(26) Копче за избор на режим на работа (кориснички интерфејс) (27) Симбол за максимална јачина (кориснички
(28) Ознака за паметен телефон (кориснички
(29) Приказ за статусот на електричниот алат (кориснички интерфејс) (30) Сигурносна завртка за запчеста глава за дупчење (GBH18V-28C)
(32) SDSplus-вратило за прифат на главата за дупчење (GBH18V-28C)
(33) Прифат за главата за дупчење (GBH18V-28CF) (34) Отвори за подесување (35) Клуч за затегнување на главата за дупчење (GBH18V-28C) (36) Предна чаура за брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење (GBH18V-28CF) (37) Затезен прстен за брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење (GBH18V-28CF) (38) Универзален држач со SDSplus-вратило за
(39) Поле на прицврстување на делот за заштита од паѓање за електричниот алат 1 609 92A 96F | (20.12.2023) Bosch Power ToolsМакедонски | 279 (40) Дел за заштита од паѓање
(41) Фиксна точка на спојување на делот за заштита
Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од обемот на испорака и од програмата за опрема на Bosch. Технички податоци Батериски чекан за дупчење GBH18V-28C GBH18V-28CF Број на дел 3611J200.. 3611J210.. Контрола на бројот на вртежи ● ● Запирање на вртежи ● ● Десен/лев тек ● ● Заменлива глава за дупчење – ● Номинален напон V= 18 18 Број на удари
0–4220 0–4220 Јачина на поединечен удар согласно EPTA- Procedure 05:2016 J 3,3 3,3 Број на вртежи во празен од
0–950 0–950 Прифат на алатот SDSplus SDSplus Дијаметар на грлото на вретеното mm 50 50 Макс. дијаметар на дупката: – Бетон mm 28 28 – Ѕидни конструкции (со крунеста бургија) mm 82 82 – Челик mm 13 13 – Дрво mm 30 30 Тежина без батерија kg 3,3 3,4
Мерено при 20−25°C со батеријаProCORE18V 4.0Ah. B) во зависност од употребената батерија C) ограничена јачина при температури <0°C Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависат од примената и условите на животната средина. Повеќе информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac. Bosch Power Tools 1 609 92A 96F | (20.12.2023)280 | Македонски Информации за бучава/вибрации
GBH18V-28C GBH18V-28CF
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласноENIEC62841-2-6. Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: Ниво на звучен притисок dB(A)
Носете заштита за слухот! Вкупните вредности на вибрации a
(векторски збир на три насоки) и несигурностK дадени се во согласност соENIEC62841-2-6: Ударно дупчење во бетон:
1,5 1,5 Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата. Информации за емисија на прав СоGDE18V-16 Вредностите за емисија на прав се одредуваат согласноEN50632-2-6: алвеоларна прашина: <0,5mg/m
Наведената вредност на емисија на прав е утврдена според следниве услови на работа: Режим на работа: ударно дупчење Алат што се вметнува: SDSplus-бургијаr, дијаметар10mm Напомена: доколку го користите електричниот алат во друг режим на работа, со други алати што се вметнуваат или ако одржувањето е недоволно, вредноста на емисијата на прашина може да се разликува. Ова може значително да ја зголеми емисијата на прав во целокупниот период на работење. Доколку е потребно, применете дополнителни безбедносни мерки за да го заштитите корисникот од ефектите на емисиите на прашина, на пример: носење заштитна маска за дишење со класа на филтер P2. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
Bosch продава батериски електрични алати и без батерија. Дали батеријата е содржана во обемот на испорака можете да видите на пакувањето. Полнење на батеријата u Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред. Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја. 1 609 92A 96F | (20.12.2023) Bosch Power ToolsМакедонски | 281 Ставање на батеријата Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во прифатот за батерија, додека не се вклопи. Вадење на батеријата За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчето за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила. Акумулаторската батерија има 2 степена на блокирање, што спречуваат да испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отклучување на батеријата. Сѐ додека е вметната батеријата во електричниот алат, таа се држи во позиција со помош на пружина. Приказ за наполнетост на батеријата Напомена: Не секој тип на батерија има приказ за нивото на наполнетост. Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост на батеријата ја покажуваат состојбата на наполнетост на батеријата. Од безбедносни причини, состојбата на наполнетост на батеријата може да ја проверите само доколку електричниот алат е во мирување. Притиснете го копчето на приказот за наполнетост на батеријата, или , за да се прикаже наполнетоста. Ова исто така е возможно и со извадена батерија. Доколку по притискањето на копчето на приказот за наполнетост на батеријата не свети LED светилка, батеријата е дефектна и мора да се замени. Наполнетоста на акумулаторската батерија се прикажува и на корисничкиот интерфејс(види „Прикази за состојба“, Страница284). Тип на батерија GBA 18V... LED-светилки Капацитет Трајно светло 3× зелено 60–100% Трајно светло 2× зелено 30–60% Трајно светло 1× зелено 5–30% Трепкаво светло 1× зелено 0–5% Тип на батерија ProCORE18V... LED-светилки Капацитет Трајно светло 5× зелено 80–100% Трајно светло 4× зелено 60–80% Трајно светло 3× зелено 40–60% Трајно светло 2× зелено 20–40% Трајно светло 1× зелено 5–20% Трепкаво светло 1 × зелено 0–5% Напомени за оптимално користење на
Заштитете ја батеријата од влага и вода. Складирајте ја батеријата во опсег на температура од −20°C до 50°C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето. Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка. Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени. Внимавајте на напомените за отстранување.
u Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди. Активирање на Bluetooth® Low Energy модул GCY42 (опрема) За информации за Bluetooth® Low Energy Module GCY42 прочитајте го соодветното упатство за употреба. Дополнителна рачка u Користете го Вашиот електричен алат само со дополнителна рачка (20). u Осигурајте се дека дополнителната рачка е секогаш цврсто затегната. Во спротивно, за време на работата може да ја изгубите контролата врз вашиот електричен алат. Навалување на дополнителната рачка (види слика A) Дополнителната рачка (20) може да ја вртите по желба, за да може безбедно и неуморно да работите. – Вртете го долниот дел на дополнителната рачка (20) во правец спротивно на стрелките од часовникот и навалете ја (20) во саканата позиција. Потоа повторно зацврстете го долниот дел на дополнителната рачка (20) во правец на стрелките од часовникот. Внимавајте, затезната лента на дополнителната дршка да легне во предвидениот жлеб на куќиштето. Бирање на глава за дупчење и алат За ударно дупчење и длетување потребен Ви е SDS-plus- алат, што ќе се вметне во SDS-plus-главата за дупчење. За дупчење без удари во дрво, метал, керамика и пластика како и за завртување се користат алати без SDS- plus (на пр. дупчалка со цилиндрично вратило). За овие алати потребна Ви е брзозатезната глава за дупчење одн. запчеста глава за дупчење. Bosch Power Tools 1 609 92A 96F | (20.12.2023)282 | Македонски Менување на главата за дупчење Вметнување/вадење на запчестата глава
За да може да работите со алати без SDS plus (напр. со дупчалка со цилиндрично вратило), мора да монтирате соодветна глава за дупчење (запчеста или брзозатегнувачка глава за дупчење, опрема). Монтирање запчеста глава за дупчење (види сликаB) – Завртете го SDS-plus-вратилото за прифат (32) во запчестата глава за дупчење (31). Зацврстете ја запчестата глава за дупчење (31) со безбедносната завртка (30). Внимавајте сигурносната завртка да има лев навој. Вметнување запчеста глава за дупчење (видисликаB) – Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за прифат и малку намастете го. – Запчестата глава за дупчење со вратилото за прифат ставете ја со вртење во прифатот за алат, додека самата не се заклучи. – Проверете дали е заклучена со влечење на запчестата глава за дупчење. Вадење на запчестата глава за дупчење – Турнете ја чаурата за заклучување (5) наназад и извадете ја запчестата глава за дупчење (31). Вадење/ставање на заменливата глава за дупчење
Вадење на заменливата глава за дупчење (види сликаC) – Извлечете го наназад прстенот за заклучување на заменливата глава за дупчење (6), држете го цврсто во оваа позиција и извлечете ја нанапред SDS-plus- заменливата глава за дупчење (2) одн. брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење (1). – Откако ќе ја извадите, заштитете ја заменливата глава за дупчење од нечистотија. Вметнување на заменливата глава за дупчење (види сликаD) u Користете само оригинална опрема во зависност од моделот и притоа внимавајте на бројот на отвори за подесување (34). Дозволени се само заменливи глави за дупчење со два или три отвори за подесување. Доколку за овој електричен алат не се користи соодветната заменлива глава за дупчење, алатот за вметнување може да испадне за време на
– Исчистете ја заменливата глава за дупчење пред да ја ставите и подмачкајте го лесно крајот за вметнување. – Фатете ја SDS-plus-заменливата глава за дупчење (2) одн. брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење (1) со целата рака. Вметнете ја заменливата глава за дупчење со вртење во прифатот за главата за дупчење (33), додека не слушнете дека е вклопена. – Резервната глава за дупчење сама се заклучува. Проверете дали е заклучена со влечење на резервната глава за дупчење. Промена на алат Капакот за заштита од прав (4) го спречува навлегувањето на правта која се создава при дупчењето во прифатот на алатот. Затоа при употребата на алатот проверете дали капакот за заштита од прав (4) е оштетен. u Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба да се замени. Се препорачува ова да се изврши од страна на сервисната служба. Замена на алат (SDS-plus) Ставање на SDSplus-алатот за вметнување (види сликаE) Со SDS-plus-главата за дупчење можете едноставно и лесно да го замените алатот што се вметнува без користење на дополнителни алати. – GBH18V-28CF: Вметнете ја SDS-plus-заменливата глава за дупчење (2). – Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се вметнува и малку намастете го. – Алатот што го вметнувате ставете го со вртење во прифатот на алат, додека самиот не се заклучи. – Проверете дали е заклучен со влечење на алатот. Со SDS-plus-алатот за вметнување може слободно да се маневрира поради системот. Така, при празен од настанува отстапување од кружниот тек. Ова нема влијание на прецизноста на дупчењето на дупката, бидејќи дупчалката сама се центрира при дупчењето. Вадење на SDS-plus-алатот за вметнување (види слика
– Турнете ја чаурата за заклучување (5) наназад и извадете ја запчестата глава за дупчење. Замена на алат, запчеста глава за дупчење
Ставање на алатот за вметнување (види сликаG) Напомена: Не користете алати без SDS-plus за ударно дупчење или длетување! Алатите без SDS-plus и главата за дупчење што ја користите ќе се оштетат при ударното дупчење или длетување. – Вметнете запчеста глава за дупчење (31). – Со вртење отворете ја запчестата глава за дупчење (31), додека не се отвори за да може да вметне алатот. Вметнете го алатот. – Клучот за затегнување на главата за дупчење (35) ставете го во соодветните отвори на запчестата глава за дупчење (31) и рамномерно затегнете го алатот. – Свртете го прекинувачот за запирање на удари/ вртежи (17) во позиција „Дупчење“. Вадење на алатот за вметнување (види слика H) – Свртете ја чаурата на запчестата глава за дупчење (31) со помош на клучот за затегање на главата за дупчење (35) во правец спротивен на стрелките на 1 609 92A 96F | (20.12.2023) Bosch Power ToolsМакедонски | 283 часовникот, додека не се извади алатот за вметнување. Замена на алат, брзозатегнувачка заменлива глава за
Ставање на алатот за вметнување (види сликаI) Напомена: Не користете алати без SDS-plus за ударно дупчење или длетување! Алатите без SDS-plus и главата за дупчење што ја користите ќе се оштетат при ударното дупчење или длетување. – Вметнете ја брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење (1). – Држете го цврсто затезниот прстен (37) на брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење. Отворете го прифатот за алат со вртење на предната чаура (36) додека не дојде во позиција каде може да се вметне алатот. Држете го цврсто затезниот прстен (37) и вртете ја предната чаура (36) во правец на стрелката, додека не слушнете дека е вклопена. – Проверете дали е зацврстена со влечење на алатот. Напомена: Доколку прифатот за алат е отворен до крај, при вртење на истиот може да се слушне како се вклопува, а сепак да не се затвора. Во овој случај, свртете ја еднаш предната чаура во правец спротивен на стрелките на часовникот. Потоа може да се затвори алатот за прифат. – Свртете го прекинувачот за запирање на удари/ вртежи (17) во позиција „Дупчење“. Вадење на алатот за вметнување (види сликаJ) – Држете го цврсто затезниот прстен (37) на брзозатегнувачката заменлива глава за дупчење. Отворете го прифатот за алат со вртење на предната чаура (36) во правец на стрелката, додека не дојде во позиција каде може да се извади алатот. Вшмукување на прав/струготини Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината. Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица. – Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува. – Погрижете се за добра проветреност на работното
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате. u Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали. Всисувач за прав со GDE18V-16 (опрема) (видисликаK) За всисување на прав од бетон и камења, потребен е уред за всисување GDE18V-16 (опрема). Овој систем за вшмукување не е погоден за прав од дрво, метал и пластика, како и за прав, кој е штетен по здравјето (напр. азбест).
Ставање во употреба u Внимавајте капакот (15) наBluetooth
Low Energy модулот GCY42 да биде затворен за време на работата. На тој начин ќе избегнете влегување на
Подесување на режимот на работа Со прекинувачот за запирање на удари/вртежи (17) изберете го начинот на работа на електричниот алат. – За да го промените начинот на работа, притиснете го копчето за отклучување (16) и свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи (17) во саканата позиција додека не слушнете дека се
Напомена: Променете го режимот на работа само доколку електричниот алат е исклучен! Инаку електричниот алат може да се оштети. Позиција за ударно дупчење во бетон или
Позиција за Дупчење без удари во дрво, метал, керамика и пластика како и за
Позиција Vario-Lock за подесување на позицијата на длетото Во оваа позиција, прекинувачот за запирање на удари/вртежи(17)не се вклопува. Позиција за Длетување Поставете го правецот на вртење Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (10) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (12) е притиснат ова не е
u Прекинувачот за менување на правецот на вртење(10) активирајте го само кога електричниот алат е во празен од. Bosch Power Tools 1 609 92A 96F | (20.12.2023)284 | Македонски Правецот на вртење при ударно дупчење, дупчење и длетување секогаш поставувајте го на десен тек. – Десен тек: За дупчење и завртување на завртки притиснете го прекинувачот за менување на правец на вртење (10) налево до крај. – Лев тек: За олабавување одн. одвртување на завртки и навртки притиснете го прекинувачот за менување на правецот на вртење (10) кон десно до крај. Напомена: доколку прекинувачот за правец на вртење стои во средна позиција прекинувачот за вклучување/ исклучување е блокиран. Вклучување/исклучување – За вклучување на електричниот алат притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (12). Работното светло (18) при малку или целосно притиснат прекинувач за вклучување/исклучување (12) овозможува осветлување на работното поле при услови на слаба осветленост. При првото вклучување на електричниот алат може да дојде до одложување на стартот на алатот. На ниски температури електричниот апарат дури по одреден период го постигнува целосниот капацитет на
– За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (12). Подесување на бројот на вртежи/удари Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (12). Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/ исклучување (12) се постигнува мал број на вртежи/ удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи/удари. Бројот на вртежи може да го регулирате преку корисничкиот интерфејс одн. преку апликацијата на паметниот телефон. Промена на позицијата за длетување (Vario-Lock) Длетото може да го фиксирате во 40 позиции. Притоа, може да ја користите оптималната работна позиција. – Ставете го длетото во прифатот за алат. – Свртете го прекинувачот за запирање на удари/ вртежи (17) во позиција „Vario-Lock“. – Свртете го алатот за вметнување во саканата позиција за длетување. – Свртете го прекинувачот за запирање на удари/ вртежи (17) во позиција „Длетување“. Со тоа, прифатот за алат ќе се фиксира. – Поставете го правецот на вртење за длетување на
Кориснички интерфејс (види сликаL) Корисничкиот интерфејс(8) за избирање на режим на работење, како и за прикажување на состојбата на електричниот алат. Прикази за состојба Приказ за наполнетост на батеријата (Кориснички интерфејс) (22) Значење/Причина Решение Зелено (2 до 5 греди) Батеријата е полна – Жолто (1 греда) Батеријата е речиси празна Наскоро заменете ја одн. наполнете ја
Црвено (1 греда) Батеријата е празна Заменете ја одн. наполнете ја батеријата Приказ за статусот на електричниот алат(29) Значење/причина Решение Зелено Статус OK – Жолто Достигната е критичната температура или батеријата е речиси празна Оставете да се олади електричниот алат или заменете ја одн. наполнете ја батеријата Црвено Електричниот алат е прегреан или батеријата е празна Оставете да се олади електричниот алат или заменете ја одн. наполнете ја батеријата Црвено Моторот е блокиран, батеријата е преслаба Полнење на батеријата или користење на препорачаниот тип на батерија Општи грешки – Исклучете го и повторно вклучете го електричниот алат или извадете ја батеријата и повторно ставете ја Постоечката грешка продолжува: – Испратете ја електричната алатка до сервисната служба 1 609 92A 96F | (20.12.2023) Bosch Power ToolsМакедонски | 285 Приказ за статусот на електричниот алат(29) Значење/причина Решение Трепка црвено Брзото исклучување е активирано Исклучете го и повторно вклучете го електричниот алат Трепка сино Електричниот алат е поврзан преку Bluetooth
поставките се пренесуваат
Ознака за паметен телефон(28) Значење/причина Решение Бела Достапни се важни информации (напр предупредување за температурата) Прочитајте го извештајот на паметниот
Изберете режим на работење Притиснете го копчето(26) за избирање на режимот за работење, додека не светне посакуваниот режим за
Напомена: Во режимот на работење Favorite ќе се конфигурираат функциите на апликацијата на паметниот телефон, во режимите за работење Auto и Soft функциите се претходно поставени. Приказ режим на работење(25)
јачина(27)свети Во режимот на работа Auto електричниот алат ја достигнува максималната јачина со максимална брзина при стартување.
конфигурација на вртежен момент преку апликација за паметен телефон(23)свети Во режимот на работа Favorite јачината и брзината при стартување на електричниот алат може поединечно да се конфигурираат преку апликацијата за паметен телефон.
намалена јачина(24)свети Во режимот на работа Soft јачината и брзината при стартување на електричниот алат се
Функции на поврзување Системски предуслови за користење на апликацијата Системски барања Мобилен уред (таблет, паметен телефон) Android 6.0 (и понов) iOS 11 (и понов) Инсталација и употреба на апликацијата За да може да ги користите функциите на поврзување, прво мора да инсталирате – специфична – апликација во зависност од крајниот уред. – Преземете ја апликацијата преку соодветниот App- Store (Apple App Store, Google Play Store). Напомена: потребен е кориснички профил кај соодветниот AppStore. Име на апликација iOS/Android Bosch Toolbox – Потоа во апликацијата изберете ја потточката MyTools или Connectivity. – Екранот на Вашиот мобилен уред ги покажува сите понатамошни чекори за поврзување на електричниот уред со крајниот уред. Во поврзување со Bluetooth® Low Energy ModuleGCY42 на располагање ги имате следните функции на поврзување со Bosch Toolbox апликацијата за електричниот алат: – Регистрирање – Персонализација на режимот за работа Favorite (јачина и функционирање) – Поставки за алат (напр. времетраење за всисување на прав, параметри за работното светло) – Проверка на статусот, издавање на пораки за предупредување – Општи информации – Управување За информации за Bluetooth® Low Energy Module GCY42 прочитајте го соодветното упатство за употреба. Симболот за паметен телефон(28)свети, ако електричниот алат има испратено информација (напр. предупредување за температура) со помош на Bluetooth®-радио технологијата на краен уред. Bosch Power Tools 1 609 92A 96F | (20.12.2023)286 | Македонски Деактивирање на Connectivity-функција u Електричниот алат со вграден Bluetooth® Low Energy модул е опремен со далечински интерфејс. Треба да се внимава на локалните оперативни ограничувања, на пр. во авиони или болници. Напомена: капачето(15) може да се затвори само кога Bluetooth® Low Energy модулот и копчестата батерија се наоѓаат во електричниот алат. – За деактивирање на Bluetooth® Low Energy модулот свртете ја копчестата батерија или ставете изолација помеѓу копчестата батерија и Bluetooth® Low Energy
– Затворете го капачето(15) за да спречите влегување нечистотија. Совети при работењето Подесување на длабочината на дупчење (види слика
Со граничникот за длабочина (21) може да се утврди длабочината на дупчење X. – Притиснете го копчето за подесување на граничникот за длабочина (19) и поставете го граничникот за длабочина во дополнителната рачка (20). Избраздениот дел на граничникот за длабочина (21) мора да покажува надолу. – Вметнете го SDS-plus-алатот за вметнување до крај во прифатот за алат SDS-plus (3). Инаку, доколку SDS- plus-алатот е лабаво наместен, може да доведе до погрешно подесување на длабочината на дупчење. – Извлечете го граничникот за длабочина до степен што растојанието меѓу врвот на дупчалката и врвот на граничникот за длабочина ќе одговара на саканата длабочина на дупчење X. Спојка за заштита од преоптоварување u Доколку алатот што се вметнува се стегне или заглави, ќе се прекине погонот на вратилото за дупчење. Електричниот алат секогаш држете го цврсто со двете дланки поради јачината со која работи и застанете во сигурна положба. u Исклучете го електричниот алат и олабавете го алатот што се вметнува, доколку се блокира електричниот алат. Доколку вклучите блокиран алат за дупчење настануваат многу моменти на
Брзо исклучување (Kickback Control) Брзото исклучување (KickBack Control) нуди подобра контрола на електричниот алат и со тоа ја зголемува заштитата при користење, во споредба со електричните алати без KickBack Control. При ненадејна и непредвидена ротација на електричниот алат околу оската за дупчење, тој се исклучува, а приказот брзо исклучување свети во црвена боја и работната светилка(18) трепка. При активирано брзо исклучување приказот статус(29) трепка црвено. – За повторно ставање во употреба отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (12) и одново притиснете го. Амортизација на вибрациите Вградената амортизација за вибрации ги намалува вибрациите кои настануваат во текот на работењето. u Не го употребувајте електричниот апарат, доколку е оштетен елементот за придушување. Вметнување на битови за одвртувач (види слика N) u Електричниот алат ставете го на навртката/ завртката само доколку е исклучен. Доколку алатите што се вметнуваат се вклучени и се вртат, тие може да се превртат. За користење на битовите за одвртувач потребен ви е универзален држач (38) со SDS-plus-вратило за прифат
– Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за прифат и малку намастете го. – Универзалниот држач ставете го со вртење во прифатот на алат, додека самиот не се заклучи. – Проверете дали е заклучена со влечење на универзалниот држач. – Ставете еден бит за одвртувач на универзалниот држач. Користете само битови што се соодветни на главата за завртување. – За вадење на универзалниот држач вметнете ја чаурата за заклучување (5) наназад и извадете го универзалниот држач (38) од прифатот за алат. Закачување на електричниот алат (види сликаO) Со куките за закачување(13) може да го прицврстите електричниот алат на соодветниот уред за закачување. – Притиснете ја куката за закачување(13) кратко во насока на рачката(11), за да го олабавите заклучувањето. Куката за закачување автоматски се движи на задната страна. – Вртете ја куката за закачување на страна. – Проверете ја куката за закачување(13) да не е оштетена или деформирана. Не ја користете куката за закачување(13) доколку е оштетена, деформирана или не е добро прицврстена на електричниот уред. – Закачете го електричниот алат со куката за закачување(13) на стабилен уред за закачување. За да избегнете оштетување или повреди, уредот за закачување не смее да биде поставен над тротоарите или во непосредна близина на работни места. Куката за закачување треба да се користи за закачување на електричниот алат и за додатоците за
– Свртете ја куката за закачување(13) назад и притиснете ја малку нанапред и надолу во позиција за заклучување, кога работите со електричниот алат. 1 609 92A 96F | (20.12.2023) Bosch Power ToolsМакедонски | 287 u Никогаш не ја користете куката за закачување(13) за заштита од паѓање. Никогаш не го прицврстувајте додатокот за заштита од паѓање на куката за закачување. Прицврстување на делот за заштита од паѓање (види сликаP) Напомена: за да се осигурате дека електричниот алат нема да падне, за тежината на системот треба да користите соодветен додаток за заштита од паѓање(40). Максимално дозволената должина на додатокот за заштита од паѓање изнесува1,8m. Почитувајте го дозволеното поле за прицврстување(39) на електричниот алат. За да го заштитите уредот од паѓање користете врвка со анкер или користете го делот за заштита од паѓање со амортизација на пад. При прицврстувањето на делот за заштита од паѓање(40) почитувајте го соодветното упатство за работа. u Спротивните страни на делот за заштита од паѓање прикачете ги на стабилна конструкција (напр. објект или скеле) и никогаш на самиот корисник. Делот за заштита од паѓање мора да може слободно да се движи и треба да биде прицврстен само на фиксна точка на спојување(41) и во дозволеното поле на прицврстување(39) на електричниот алат. Изберете ја фиксната точка на спојување(41) така што електричниот алат во случај на пад, ќе падне безбедно во безбедносната преграда, без притоа да се замота околу корисникот или да му наштети. Никогаш не ја користете куката за закачување(13) за заштита од паѓање. Никогаш не го прицврстувајте додатокот за заштита од паѓање на куката за закачување. Никогаш не користете додаток за заштита од паѓање на електричниот алат со монтирано всисување на прав GDE18V-16 D или GDE16Plus. Одржување и сервис Одржување и чистење u Пред било каква интервенција на електричниот алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и при негов транспорт и складирање, извадете ја батеријата од него. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди. u Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да
u Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба да се замени. Се препорачува ова да се изврши од страна на сервисната служба. – Исчистете го прифатот за алат (3) по секоја употреба. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот. Северна Македонија Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 Д.П.Т.У “РОЈКА” Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69 1000 Скопје Е-пошта: servisrojka@yahoo.com Тел: +389 2 3174-303 Моб: +389 70 388-520, -530 Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
Препорачаните литиум-јонски батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации. При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци. Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи. Отстранување Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин. Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за ѓубре! Bosch Power Tools 1 609 92A 96F | (20.12.2023)288 | Srpski Само за земјите од ЕУ: Според европската директива 2012/19/EU за стари електрични и електронски уреди и нивната употреба во националното законодавство, електричните алати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба. Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и електронската опрема може да имаат штетни влијанија врз животната средина и здравјето на луѓето поради можното присуство на опасни материи.
EU-Изјава за сообразност Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и прописи и се во согласност со следните норми. Техничка документација кај: * Батериски чекан за дупчење со
Notice-Facile