GSH 14 C Professional - приклучок BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GSH 14 C Professional BOSCH во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот приклучок во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GSH 14 C Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GSH 14 C Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GSH 14 C Professional BOSCH
Безбедносни напомени Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски). Безбедност на работниот простор u Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа. u Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите. u Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола. Електрична безбедност u Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар. u Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено. u Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар. u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен
u При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел Bosch Power Tools 1 609 92A 7FT | (12.01.2023)148 | Македонски соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар. u Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар. Лична безбедност u Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда. u Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди. u Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа. u Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го вклучите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда. u Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации. u Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните
u Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа. u Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда. Употреба и чување на електричните алати u Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет. u Не користете електричен алат ако не можете да го вклучите и исклучите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се
u Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат. u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници. u Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати. u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат. u Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации. u Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи
Сервисирање u Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат. Безбедносни напомени за чекани Безбедносни упатства за сите типови работа u Носете штитници за уши. Изложеноста на бучава може да предизвика губење на слухот. u Користете дополнителни рачки, доколку се испорачани со алатот. Губење на контрола може да предизвика телесни повреди. u Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете, за да не дојде во контакт со скриена жица или со неговиот кабел. Ако 1 609 92A 7FT | (12.01.2023) Bosch Power ToolsМакедонски | 149 опремата за сечење дојде во допир со „жица под напон“, може да ги изложи металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар. Дополнителни безбедносни напомени u Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување и може да предизвика електричен удар. u Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот. u Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака. u Кратко по употребата не ги допирајте алатите за вметнување или соседните делови на куќиштето. За време на работата тие може да бидат многу жешки и да предизвикаат изгореници. u Бидете внимателни за време на кршењето со длето. Деловите што паѓаат од материјалот за кршење може да ги повредат присутните или себе си. u При работата, држете го електричниот алат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот алат посигурно ќе управувате ако го држите со двете дланки. Ознаката со зборови Bluetooth® како и сликите (логоата) се регистрирани марки и сопственост на Bluetooth SIG, Inc. Секое користење на оваа ознака со зборови/слики се врши со лиценца преку Robert Bosch Power Tools GmbH.
Следните ознаки се од големо значење за користењето на вашиот електричен алат. Ве молиме запаметете ги ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го користите електричниот алат. Ознаки и нивно значење Зачувувањето на податоците е активирано во алатот за вметнување. Ознаки и нивно значење Поврзан електричен алат со вградена Bluetooth
технологија Опис на производот и перформансите Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за
Наменета употреба Електричниот алат е наменет за тешки работи кои вклучуваат длетување и кршење како и соодветна опрема за втиснување и компресирање. Податоците и подесувањата на електричниот алат може да се пренесат при активиран Bluetooth
безжичната технологија меѓу електричниот алат и мобилниот уред. Илустрација на компоненти Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница. (1) Рачка (изолирана површина на рачката) (2) Прекинувач за вклучување/исклучување (3) Кориснички интерфејс (4) Дополнителна рачка (изолирана површина на
(5) Назабена навртка за дополнителната рачка (6) Капак за заштита од прав (7) Вратило на алатот (8) Чаура за заклучување (9) Приказ за статусот на електричниот алат (Кориснички интерфејс) (10) Копче за избор на режим на работа (Кориснички
(11) Приказ Режими на работа (Кориснички
(12) Приказ за одржување (Кориснички интерфејс) Технички податоци Чекан за кршење GSH 14 C Број на дел 3611C440.. Bosch Power Tools 1 609 92A 7FT | (12.01.2023)150 | Македонски Чекан за кршење GSH 14 C Номинална јачина W 1750 Број на удари min
Јачина на поединечен удар согласно EPTA-Pro- cedure05:2016 J 28 Прифат на алатот mm 22 Подмачкување Маст за подмачкување Тежина согласно EPTA- Procedure01:2014 kg 14,6 Класа на заштита / II Пренос на податоци Bluetooth® Bluetooth® 4.2 (Low Energy)
Искористено поле на фреквенција MHz 2400–2483,5 Излезна јачина mW <1 A) Мобилните уреди мора да се компатибилни со Bluetooth
Low Energy уредите (верзија 4.2) и да го поддржуваат Generic Access Profile (GAP). B) Опсегот може многу да варира во зависност од надворешните услови, вклучително и приемникот што се употребува. Во затворените простории и со метални бариери (на пр. ѕидови, ормари, куфери итн.) опсегот на Bluetooth® може значително да се намали. Податоците важат за номинален напон [U] од 220V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја. Информации за бучава/вибрации Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно ENIEC62841-2-6. Нивото на звук на електричниот алат оценето соА типично изнесува: ниво на звучен притисок 93dB(A); ниво на звучна јачина 101dB(A). Несигурност K=3dB. Носете заштита за слухот! Вкупните вредности на вибрации a
(векторски збир на три насоки) и несигурностK дадени се во согласност со ENIEC62841-2-6: Длетување: a
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење. Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.
u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
Дополнителна рачка u Користете го Вашиот електричен алат само со дополнителна рачка (4). Дополнителната рачка (4) може да ја вртите по желба, за да може безбедно и неуморно да работите. – Олабавете ја назабената навртка (5), навалете ја дополнителната дршка (4) околу оската на уредот во саканата позиција и повторно затегнете ја назабената навртка (5). Дополнителната дршка (4) може да ја премонтирате. – Притоа целосно одвртете ја назабената навртка (5) и потоа извлечете ја нагоре завртката со внатрешна шестаголна глава. – Повлечете ја дополнителната дршка (4) странично и навалете го преостанатиот дел за затегање за 180°. – Монтирајте ја дополнителната дршка (4) по обратен
Промена на алат Со Hex прифатот за алат можете едноставно и лесно, без користење на дополнителни алати, да го замените алатот за вметнување. Капакот за заштита од прав(6) го спречува навлегувањето на правта која се создава при дупчењето во прифатот на алатот. Затоа при употребата на алатот проверете дали капакот за заштита од прав(6) е оштетен. u Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба да се замени. Се препорачува ова да се изврши од страна на сервисната служба. Ставање на алатот за вметнување (види сликаA) – Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се вметнува и малку намастете го. 1 609 92A 7FT | (12.01.2023) Bosch Power ToolsМакедонски | 151 – Притиснете ја чаурата за заклучување(8) наназад и поставете го алатот за вметнување вртејќи во прифатот за алат. Повторно отпуштете ја чаурата за заклучување(8) за да го фиксирате алатот за вметнување. – Проверете дали е заклучен со влечење на алатот. Вадење на алатот за вметнување (види сликаB) – Турнете ја чаурата за заклучување(8) наназад и извадете ја запчестата глава за дупчење. Всисување на прав/струготини Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината. Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица. – Погрижете се за добра проветреност на работното
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
Ставање во употреба u Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот алат. Електричните алати означени со 230V исто така може да се користат и на 220V. Вклучување/исклучување – За ставање во употреба на електричниот алат, навалете го прекинувачот за вклучување/ исклучување(2) во позиција „I“. – За да го исклучите, електричниот алат, навалете го прекинувачот за вклучување/исклучување(2) во позиција „0“. На ниски температури електричниот алат дури по одреден период го постигнува целосниот капацитет на удари. Ова стартно време може да го скратите така што алатот што е вметнат во електричниот алат ќе го удрите еднаш од под. Кориснички интерфејс (види сликаC) Корисничкиот интерфејс(3) за избирање на режим на работење, како и за прикажување на состојбата на електричниот алат. Прикази за состојба Приказ за статусот на електричниот алат (Кориснички интерфејс)(9) Значење Решение – Електричниот алат е исклучен – Зелено Електричниот алат е вклучен и е подготвен за употреба
Жолто Порака за предупредување Прочитајте го извештајот на паметниот
Црвено Порака за грешка Прочитајте го извештајот на паметниот
Трепка сино Електричниот алат е поврзан преку Bluetooth
поставките се пренесуваат
црвено пулсирачко Функцијата потсетник за пауза е активирана (преку апликацијата) и е подготвена. Завршете ја функцијата потсетник за
– исклучете го електричниот алат и оставете го исклучен најмалку 10минути
– извлечете го струјниот приклучок од приклучницата Bosch Power Tools 1 609 92A 7FT | (12.01.2023)152 | Македонски Приказ за статусот на електричниот алат (Кориснички интерфејс)(9) Значење Решение – ресетирање на функцијата потсетник за пауза преку апликацијата Поставувањето на потсетник за пауза може да се конфигурира преку апликацијата. Приказ за одржување (Кориснички интерфејс)(12) Значење/причина Решение свети во портокалова боја – во комбинација со светлечкиот приказ за статус на електричниот алат (Кориснички интерфејс)(9) Планираното одржување на електричниот алат се очекува наскоро. Испратете ја електричната алатка до сервисната служба трепка во портокалова боја – во комбинација со светлечкиот приказ за статус на електричниот алат (Кориснички интерфејс)(9) Планираното одржување на електричниот алат сега започнува. Веднаш исклучете го електричниот алат и испратете го до сервисната служба Изберете режим на работење – Притискајте го копчето за избирање на режимот на работа Режим со високи перформанси и Режим за заштеда на енергија додека не светне посакуваниот режим на работа. – Режимот на работа Режим на висина се активира/ деактивира преку апликацијата. Приказ режим на работење(11)
двата прикази светат Во режимот на работа Режим со високи перформанси електричниот алат работи со максимална јачина. свети долниот приказ Во режимот на работа Режим за заштеда на енергија електричниот алат работи со околу80% од максималната јачина. 3 x трепнувања на горниот приказ при притискање на копчето за режим на работа(10) Режимот на работа Режим на висина е активиран (активирање преку апликација), режимот на работа Режим со високи перформанси се активира автоматски. Совети при работењето u Електричниот алат со вграден Bluetooth
Low Energy ModuleGCY301‑42 е опремен со радио интерфејс. За време на работата, држете го електричниот алат со двете дланки на дршката(1). Рачката(1) се движи околу својата оска околу нагоре и надолу. Ова делува наспроти осцилациите кои се појавуваат. За што поголемо придушување на ударите, работете само со умерен притисок. Острење на алатот за длетување Само со остри алати за длетување може да постигнете добри резултати, затоа редовно острете ги истите. Ова овозможува подолг рок на употреба на алатите и добри работни резултати. Дополнително брусење Острете ги алатите за длетување на брусните плочи, на пр. корунд, со ист довод на вода. Внимавајте на тоа, на острицата да не се појави боја на отпуштање; ова ја оштетува цврстината на алатите за длетување. 1 609 92A 7FT | (12.01.2023) Bosch Power ToolsМакедонски | 153
За ковање загрејте го длетото на 850 до 1 050 °C (светло црвена до жолта). За калење загрејте го длетото на околу 900 °C и потопете го во масло. Потоа ставете го во печка околу еден час на 320 °C (боја на жарење светло сина). Функции на поврзување Системски предуслови за користење на апликацијата Системски барања Мобилен уред (таблет, паметен телефон) Android 6.0 (и понов) iOS 11 (и понов) Инсталација и употреба на апликацијата За да може да ги користите функциите на поврзување, прво мора да инсталирате – специфична – апликација во зависност од крајниот уред. – Преземете ја апликацијата преку соодветниот App Store (Apple App Store, Google Play Store). Напомена: потребен е кориснички профил кај соодветниот App Store. Име на апликација Android iOS – Bosch Toolbox – Bosch BeConnected – Потоа во апликацијата изберете ја потточката MyTools или Connectivity. – Екранот на Вашиот мобилен уред ги покажува сите понатамошни чекори за поврзување на електричниот уред со крајниот уред. Пренос на податоци преку Bluetooth® Вградениот Bluetooth
Low Energy модул испраќа сигнал во редовни интервали. Во зависност од околината, може да се потребни повеќе интервали за испраќање, пред да се препознае електричниот алат. Доколку електричниот алат не се препознае, проверете го следново: – Дали растојанието до мобилниот уред е преголемо? Намалете го растојанието меѓу мобилниот уред и електричниот алат. – На мобилниот уред исклучете го Bluetooth® и повторно вклучете го. Проверете дали сега се препознава електричниот
Функции во поврзување со електричниот алат Во поврзување со Bluetooth
Low Energy модулотGCY301‑42 на располагање ги имате следните функции на поврзување за електричниот алат: – регистрирање и персонализирање – проверка на статусот, прикажување на пораки за предупредување и грешки – општи информации и подесувања – управување За повеќе информации, видете го менито за помош на апликацијата. Одржување и сервис Одржување и чистење u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната
u Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста. u Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба да се замени. Се препорачува ова да се изврши од страна на сервисната служба. Ако свети приказот за одржување(12) на корисничкиот интерфејс, електричниот алат мора да се испрати до сервисната служба за одржување. За адреси, видете го делот „Сервисна служба и совети за примена“. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот. Северна Македонија Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 Д.П.Т.У “РОЈКА” Јани Лукровски бб; Т.Ц Автокоманда локал 69 Bosch Power Tools 1 609 92A 7FT | (12.01.2023)154 | Srpski 1000 Скопје Е-пошта: servisrojka@yahoo.com Тел: +389 2 3174-303 Моб: +389 70 388-520, -530 Дополнителни адреси на сервиси може да најдете
EU-Изјава за сообразност Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и прописи и се во согласност со следните норми. Чекан за кршење Број на дел/артикл
Notice-Facile