Monto - скала Krause - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот Monto Krause во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот скала во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник Monto - Krause и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. Monto на марката Krause.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК Monto Krause
D-36304 Alsfeld • Tel.: +49 (0) 66 31 / 7 95-0 • Fax: +49 (0) 66 31 / 7 95-139 E-Mail: info@krause-systems.de • www.krause-systems.com Ημερομηνία έκδοσης: 1.08.2020 Вовед: Ова упатство за користење и опслужување го опишува безбедното користење на зглобната скала што може да се користи како стоечка скала, скала на потпирање и работна бина. Пред употреба внимателно прочитајте го упатството за работа и ракување и чувајте го за во иднина. При предавање на скалата на друго лице мора да се предаде и упатството за работа и ракување.
1. Наменета употреба: Оваа скала е мобилна работна алатка која може да се постави
на различни места. Може да се користи за изведување работи со мали размери, на висина, кадешто употребата на друга работна опрема не е соодветна (види закон за безбедност на опремата). Скалата може да се користи само како што е опишано во ова упатство за работа и ракување. Секоја друга употреба се смета за несоодветна. Не се презема одговорност за штета предизвикана од неправилна употреба. Овој вид скали треба да се користат во затворени простории. Промените на скалата кои не се одобрени од производителот ќе ја поништат гаранцијата.
2. Технички информации: Илустрација на зглобна скала на различни начини на
поставување и со набројување на нивните составни делови. Техничките информации релевантни за конкретниот вид скала се прикачени на производот. Дополнителни информации во табелата.
3. Содржина на достава: Листа на сите доставени делови (пример): Испорачани
делови (комплетно) + платформа (2-делна) + упатство за користење и опслужување + попречна штица + монтажни елементи
4. Инструкции за монтажа: Во согласност со типот на скалата и состојбата при достава,
скалата можно е да биде целосно монтирана пред употреба. Опис/приказ на монтажата што треба да се изврши пред употреба на скалата. Пример: монтажа на попречна штица
5. Општи безбедносни упатства: Опасност од задушување од пакувањето. Кога ја
користите оваа скала, постои ризик од паѓање или превртување. Така има опасност од повреда на луѓет или оштетување на предмети. Скалата и материјалите за пакување не се играчки за деца. Сите работи со и на скалата се вршат на таков начин што ќе ги минимизираат овие опасности. Скалата да се користи само за лесна работа со кратко траење. Не работете премногу долго на скалата без редовни прекини. Заморот го загрозува безбедното користење. Скалата мора да биде соодветна за конкретната употреба и може да се користи само во наведените позиции за поставување. Да се употребуваат само предвидените површини за стоење. Скалата т.е. деловите на скалата не смеат да се менуваат. Внимавајте на безбедно позиционирање додека работите и се качувате или слегувате. Мора да се почитуваат важечките национални правила и прописи, особено при професионална примена. Користете само додатоци одобрени од производителот. MK6. Поставување и ракување: При поставување и ракување со скалата задолжително треба да се внимава на инструкциите на производот и во упатството за употреба и ракување. Напомена за опслужување и монтажа на зглобна скала: Ракување со безбедносните зглобови. Промена на монтажните положби. Монтажни варијанти (шематски дијаграми): Скала на потпирање со различни можности на адаптација. Стоечка скала и работна бина за различни начини користење.
6.1 Општи безбедносни инструкции
1. Предупредување. Се уривам од скалат
Целосно прочитајте го упатството. Дополнителни информации за скалата се достапни на Интернет.
Проверете ја скалата по доставата и пред секоја употреба за оштетување. Не користете оштетена скала.
Максимално оптоварување
Поставувајте ја скалата на рамна, хоризонтална и цврста површина. Ногарките на скалата не смеат да пропаднат во земја
Не се наслонувајте на страните!
Отстранете ги нечистотиите од подот.
Само едно лице смее да е качено на скалата.
Качувајте се на скалата и слегувајте од неа со лицето свртено кон
Држете се цврсто кога се качувате, слегувате и работите на скалата, а доколку е потребно, преземете дополнителни безбедносни мерки.
Преголем страничен притисок не е дозволен, на пр. при дупчење во ѕид или бетон.
Предметите кои се носат при качување на скалата не треба да бидат тешки и треба да бидат лесни за ракување.13. Носете соодветни обувки кога се качувате на скалата.
Дали сте во добра здравствена состојба за да ја користите скалата? Одредени здравствени состојби, земање лекови, употреба на алкохол или дрога може да доведат до опасност по безбедноста кога ја користите
Не останувајте премногу долго без редовни паузи на скалата (опасност
При транспорт на скалата на кровен носач на автомобил или во камион, за да спречите оштетување, проверете дали е соодветно прицврстена или поставена.
Пред употреба, проверете дали скалата е соодветна за одредена употреба и дали има оштетувања.
Отстранете ги сите нечистотии од скалата, на пр. влажна боја, нечистотија, масло или снег.
Не користете ја скалата на отворено во неповолни временски услови (на пример, силен ветер, мраз, снег).
За комерцијална употреба треба да се направи проценка на ризикот, во согласност со законските прописи во земјата каде што се употребува.
При поставување на скалата, ризикот од судир мора да се земе во предвид, на пр. со пешаци, возила или врати. Осигурајте ги вратите (но не и излезите за итни случаи) и прозорците во работната област.
Идентификувајте ги сите ризици поврзани со електричната опрема во работната област, на пр. високонапонски надземни водови или друга електрична опрема.
За неизбежни работи под напон или во близина на електрични празнења, не користете скали кои ја спроведуваат струјата (на пр. алуминиумски скали).
Не користете ја скалата како мост.
25. Не правете никакви промени на конструкцијата на скалата.
Никогаш не ја преместувајте скалата во нова положба за време на употребата!
Не ја користете скалата на отворено во неповолни временски услови
Доколку скалата се испорачува со стабилизатори, овие стабилизатори мора да бидат монтирани од страна на корисникот пред првата
Не поставувајте ја скалата одозгора.
Направете визуелна инспекција.6.2. Употреба како скала
65-75° Скалата мора да биде поставена во правилната положба, на пр. правилен агол на скалата (агол на наклон од 65 до 75 °), напречните лајсни или лајсните за стапнување мора да бидат хоризонтални.
Продолжните скали треба да се користат на тој начин, што скалилата ќе бидат во хоризонтална положба.
min. 1 m Да се внимава најмалата проекција на скалата над контактната точка на потпирање.
Скалата смее да се користи само во дадената насока за поставување.
Поставете ја скалата на рамни, цврсти површини и прицврстете ја пред употреба, нпр. врзете ја или прикачете соодветна опрема за да обезбедите стабилност.
6. Не поставувајте ја скалата одозгора!
Најгорните три скали на скалата не се користат како површини за
6.3. Употреба како скала со стоење
1. Не ја користете скалата за да се качите на друго ниво.
Целосно отворете ја скалата пред употреба. Внимавајте на безбедносната функција при ширењето!
Доколку скалата е опремена со дополнителна безбедносна функција при ширење, користете ја само со систем за заклучување за заштита
32. Скали за домашна употреба.
Скали за комерцијална употреба.
31. Направете визуелна инспекција.1.
Еднозглобната, односно повеќезглобната скала – кога не се користи – треба да лежи комплетно отворена на земја или затворена да стои
Напомена за користење на зглобната скала како работна бина: Смеат да се користат само платформи препорачани од страна на производителот. Пред користењето на работната бина платформата мора да биде обезбедена против ненамерно поместување.
Забранета положба на користење на зглобната скала.
Напомена за користење на зглобната скала како работна бина: Податоци на производителот за максималното оптоварување на платформата.
Пред користењето сите безбедносни зглобови мора да се фиксирани.
Внатрешна скала на BG 1223 да се користи само со додатна попречна
6.4 Користење на еднозглобни, односно повеќезглобни скали
4. Не ја користете скалата за стоење како скала со потпирање.
Не стапнувајте на скалилата додека платформата не е правилно
Кај скали без подиум / платформа најгорните скалила/стапала не смејат да се користат како површина за стоење.
Само предвидените скалила/нивоа на скалата може да се користат како површини за стоење и стапнување. На пример, садовите за чување не смеат да се користат.
Безбедна стоечка висина кај двојна скала NL.
Поставување точка на поврзување 1
11. Поставување точка на поврзување 27. BG 1223 да не се користи со извлечени двострани продолжувања.
BG 1220 + 1221 (4 x 3) Горнот дел да не се користи како платформа.
9. Редовно намачкајте ги споеви
Сите прицврстувања (навртки, завртки, нитни, итн.) мора да бидат комплетни. Дали можеби прицврстувањата се лабави или кородирани? Дали на скалата се присутни нечистотии (на пример, кал, лак, масло или маст)?
2. Штици на скалата/
скалила т.е. нивоа на скалата/ безбедносни
Сите скалила на скалата (нивоа) мора да се достапни во целост. Дали штиците на скалата, нивоата на скалата или безбедносните држачи можеби се свиткани, извртени, избушени, напукнати или кородирани? Дали платформата (ако постои) или деловите/прицврстувањата се оштетени или кородирани или недостасуваат?
прицврстување, шините, спојки 3Проверете ги шините, спојките и сигурнопсните уреди за функционалност и цврстина, како и за оштетување и корозија. Дали можеби уредите за заклучување или сигурносните уреди или аголните затегнувања се оштетени, изгубени или кородирани, или целосно недостасуваат?
напречен дел Проверете ги ногарките, напречниот дел за функционалност и цврстина, како и за оштетување и корозија. Мора да бидат достапни сите ногарки/крајни капачиња на скалата. Дали ногарките на скалата се лабави, истрошени или кородирани?
Дали се достапни и читливи сите ознаки на скалата?
7. Одржување/поправка: Негата и одржувањето на скалата треба да го осигураат
нејзиното правилно функционирање. Скалата мора редовно да се проверува за оштетување. Мора да се осигури функцијата на подвижните делови. Подвижните делови мора редовно да се подмачкуваат. Поправките на скалата мора да ја врши стручно лице и во согласност со упатствата на производителот. Чистењето на скалата при видливи нечистотии, особено на сите подвижни делови, треба да се врши веднаш по употребата. Користете само комерцијални детергенти растворливи во вода. Не користете агресивни абразивни средства. Во случај на комерцијална употреба на скалата, задолжителна е редовна, повторлива проверка на законски соодветната состојба од страна на квалификувано лице (визуелна и функционална проверка). Притоа се наведуваат видот, обемот и роковите на потребните проверки. Временските интервали за испитувањето се одредуваат според условите за работа, особено според зачестеноста на употреба, оптоварувањето за време на употребата и зачестеноста и сериозноста на откриените недостатоци за време на претходните проверки. Претприемачот, исто така, мора да се осигура дека неисправната скала е тргната од употреба и се чува на начин така што не можа да се употребува повторно додека не биде соодветно поправена или отстранета.8. Складирање: За да се избегне каква било штета, скалата мора да биде безбедно прицврстена за време на транспорт (на пр. на кровен носач или во автомобилот). Складирањето на скалата треба да се врши вертикално во сува средина, лежејќи рамно или висејќи на ѕидот на соодветен ѕиден држач. Секоја штета мора да се исклучи и сите делови мора да бидат заштитени од атмосферски влијанија. Скалата мора да се чува заштитена од играње на деца и за да не се повреди никој (можна опасност од сопнување). Дополнително, таа треба да се чува на таков начин што не може да се користи/искористува за криминални цели.
9. Пакување/отстранување: Пакувањето мора да се отстрани во согласност со важечките
прописи и закони. По завршување на животниот век, скалата мора да се отстрани во согласност со важечките прописи. Алуминиумот е висококвалитетен материјал и треба да се рециклира. За подетални информации, ве молиме контактирајте го локалниот комунален орган.
10. Рок на употреба: Кога правилно се користи и редовно се одржува, скалата е долгорочна
Скалата е во ред може да се користи повторно. Скалата смее да се користи само по поправка. Скалата е дефектна и мора да се отстрани.
Notice-Facile