SB 2E 1100 RV - приклучок AEG - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот SB 2E 1100 RV AEG во PDF формат.
Прашања на корисниците за SB 2E 1100 RV AEG
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот приклучок во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник SB 2E 1100 RV - AEG и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. SB 2E 1100 RV на марката AEG.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК SB 2E 1100 RV AEG
Никогаш не поместувајте го менувачот за брзина при включена машина, туку само во состојба на мирување.
| ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИУдарна бормашин а | SB2E 850 R SB2E 1100 RV | |
| Производен број4473 61 03... | ... 000001-999999 | 4473 76 03... ... 000001-999999 |
| Определен внес 850 W 1100 W | ||
| Излез 460 W 600 W | ||
| Брзина без оптоварување прва брзина 0-1000 min | -1 | 0-1000 min^-1 |
| Брзина без оптоварување втора брзина 0-3000 min | -1 | 0-3000 min^-1 |
| Брзина при оптоварување прва брзина 0-680 min | -1 | 0-680 min^-1 |
| Брзина при оптоварување втора брзина 0-2000 min | -1 | 0-2000 min^-1 |
| Јачина на удар под оптоварување макс. 38000 min | -1 | 38000 min^-1 |
| Големина на удар макс. 57000 min | -1 | 57000 min^-1 |
| Статички момент на блокирање 56/30 Nm 60/33 Nm | ||
| Капацитет на дупчење во бетон | 20 mm | 22 mm |
| Капацитет на дупчење во тули и плочки | 22 mm | 24 mm |
| Капацитет на дупчење во челик | 13 mm | 16 mm |
| Капацитет на дупчење во дрво | 40 mm | 40 mm |
| Опсег на отворање на бушотина | 1,5-13 mm | 1,5-13 mm |
| Возен крак | 1/2'' - 20 UNF | 1/2'' - 20 UNF |
| Дијаметар на вратот на врв. | 43 mm | 43 mm |
| Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2003 | 2,7 kg | 2,9 kg |
| Информации за бучаватаИзмерените вредности се одредени согласно стандартот EN 60745. А-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува: | ||
| Ниво на звучен притисок. (Несигурност K=3dB(A)) | 100,0 dB (A) | 94,0 dB (A) |
| Ниво на јачина на звук. (Несигурност K=3dB(A)) | 111 dB (A) | 105 dB (A) |
| Носте штитник за уши. | ||
| Информации за вибрацииВкупни вибрациски вредности (векторски збир на трите насоки) пресметани согласно EN 60745. | ||
| Дупчење во метал: Вибрациска емисиона вредност a_h,D | 2,7 m/s^2 | 3,5 m/s^2 |
| Несигурност K | 1,5 m/s^2 | 1,5 m/s^2 |
| Перкусиско дупчење во бетон: Вибрациска емисиона вредност a_h,ID | 13,4 m/s^2 | 12,2 m/s^2 |
| Несигурност K | 1,5 m/s^2 | 1,5 m/s^2 |
| Увртување на штрафовите без вибрации: Вибрациска емисиона вредност a_h | 1,1 m/s^2 | 1,8 m/s^2 |
| Несигурност K | 1,5 m/s^2 | 1,5 m/s^2 |
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Нивото на осцилација наведено во овие инструкции е измерено во согласност со мерните постапки нормирани во EN 60745 и може да биде употребено за меѓусебна споредба на електро-алати. Ова ниво може да се употреби и за привремена проценка на оптоварувањето на осцилацијата.
Наведеното ниво на осцилација ги репрезентира главните намени на електро-алатот. Но, доколку електро-алатот се употребува за други намени, со отстапувачки додатоци или со несоодветно одржување, нивото на осцилација може да отстапи. Тоа може значително да го зголеми оптоварувањето на осцилацијата за време на целиот работен период.
За прецизна проценка на оптоварувањето на осцилацијата предвид треба да бидат земени и времињата, во коишто апаратот е ислучен или работи, но фактички не се употребува. Тоа може значително да го намали оптоварувањето на осцилацијата за време на целиот работен период
Утврдете дополнителни безбедносни мерки за заштита на операторот од влијанието на осцилациите, како на пример: одржување на електро-алатот и на додатоци кон електро-алатот, одржување топли раце, организација на работните процеси.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите безбедносни
упатства и инструкции. Заборавање на почитувањето на безбедносните упатства и инструкции можат да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за во иднина.

При работата со перкусионата бормашина носете заштита за ушите. Влијанието на бука може да предизвика губење на сетилото за слух.
Користете помошни рачки кои доагаат заедно со алатот. Губењето контрола може да предизвика повреда.
3) Фаќајте го електро-алатот само на изолирани површини за држење, додека извршувате работи, кај кои приборот може да погоди сокриени струјни водови или сопствениот кабел за напојување со струја. Контакт со жица под напон исто така ќе направи проводници од металните делови и оној кој ракува со алатот ќе доживее струен удар.

БЕЗБЕДНОСНИ НАПОМЕНИ ЗА ЗАШТРАФУВАЊЕ
Држете го електричниот алат за издадените површини при изведување на операции при кои завртката може можат да дојдат во контакт со скриени жици или сопствениот гајтан. Контактот на навртката со вод под напон може да ги стави металните делови од апаратот под напон и да доведе до електричен удар.
Останати безбедносни и работни упатства
Употребувајте заштитна опрема. При работа со машината постојано носете заштитни очила. Се препорачува заштитна облека како: маска за заштита од прашина, заштитни ракавици, цврсти чевли што не се лизгаат, кацига и заштита за уши.
Чувајте го кабелот за напојување подалеку од работната површина. Секогаш водете го кабелот позади вас.
Не смеат да бидат обработувани материјали кои што можат да го загрозат здравјето (на пр. азбест).
Кога работите на сидови, таван или под внимавајте да ги избегнете електричните, гасните и водоводни инсталации.
Обезбедете го предметот кој што го обработувате со направа за напон. Необезбедени парчиња кои што се обработуваат можат да предизвикаат тешки повреди и оштетувања.
Доколку употребуваното орудие се блокира, молиме веднаш да се исклучи апаратот! Не го вклучувајте апаратот повторно додека употребуваното орудие е блокирано; притоа би можело да дојде до повратен удар со висок момент на реакција.
Испитајте и отстранете ја причината за блокирањето на употребеното орудие имајки ги во предвид напомените за безбедност.
Можни причини за тоа може да бидат следните:
- Закантување во парчето кое што се обработува
- кршење на материјалот што се обработува
- Преоптоварување на електричното орудие
Не фаќајте во машината кога работи.
Употребеното орудие за време на примената може да стане многу жешко.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од изгоретини
- при менување на орудието
- при ставање на апаратот на страна
Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат додека е машината работи.
Секогаш кога преземате активности врз машината исклучете го кабелот од струјата.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Електронската дупчалка/шрафцигер може да биде користена университетно за дупчење, перкусионо дупчење, зашрафување исечење на шрафови.
ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ
Под целосна лична одговорност изјавуваме дека производот опишан во „Технички податоци“ е во сообразност со сите релевантни прописи од директивите:
2011/65/EU (RoHS)
2014/30/EU
2006/42/EC
и дека се применети следните хармонизирани стандарди
EN 60745-1:2009 + A11:2010
EN 60745-2-1:2010
EN 60745-2-2:2010
EN 55014-1:2006 + A1:2009 + A2:2011
EN 55014-2:2015
EN 61000-3-2:2014
EN 61000-3-3:2013
EN 50581:2012

Ополномоштен за составување на техничката документација.
Techtronic Industries GmbH
Уредите кои се користат на многу различни локации вклучувајки и отворен простор мора да бидат поврзани за струја преку направата за поврзување (FI, RCD, PRCD).
Да се спои само за една фаза АС коло и само на главниот напон наведен на плочката. Можно е исто така и поврзување на приклучок без заземјување доколку изведбата соодветствува на безбедност од 2 класа.
Вклучувањето на кабелот во струја се прави исключиво машината е исклучена.
ОДРЖУВАЊЕ
Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно отворени постојано.
Доколку машината воглавном се користи за удирачко дупчење, редовно чистете ја насобраната прашина од продолжетокот.


За да го направите тоа држете ја машината свртена со главата надолу вертикално и потполно отворете ја и затворете ја главата. Насобраната прашина ќе падне од неа. Се препорачува редовно користење на клинер за стегите и затегачите.
Ако приклучниот мрежен вод е оштетен, тој мора да биде заменет од служба за клиенти, бидејки за тоа е потребен посебен алат.
Користете само AEG додатоци и резервни делови. Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на AEG (консултирајте ја листата на адреси).
Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и типот на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја скицата кај локалниот застапник или директно кaj: Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany.
СИМБОЛИ

ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!

Секогаш кога преземате активности врз машината исключете го кабелот од струјата.

Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете внимание на упатствата за употреба.

Дополнителна опрема - Не е включена во стандардната, а достапна е како додаток.

Електричните апарати не смеат да се фрлат заедно со домашниот отпад. Електричните и електронсите апарати треба да се собираат одделно и да се однесат во соодветниот погон заради нивно фрлање во склад со начелата за заштита на околината. Информирајте се кај Вашите местни служби или кај специјализираниот трговски претставник, каде има такви погони за рециклажа и собирни станици.

Електрично орудие од заштитната категорија II. Електрично орудие чијашто заштита од електричен удар не зависи само од основната изолација туку и од тоа дали ќе се применат дополнителните заштитни мерки како што се двоструките изолации или појачаната изолација.

CE-знак

UkrSEPRO знак на конформитет.

EurAsian (Евроазиски) знак на конформитет.
ЛесноУпатство