AEG PS 254 L - жичена пила

PS 254 L - жичена пила AEG - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот PS 254 L AEG во PDF формат.

📄 192 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice AEG PS 254 L - page 174

Прашања на корисниците за PS 254 L AEG

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот жичена пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник PS 254 L - AEG и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. PS 254 L на марката AEG.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК PS 254 L AEG

Не е включено во стандардна опрема

Изолирана површина на дршката

Доколку е потребно корегирање на аголот од 90° водечката површина кон сечилото на пилата, користет го шрафот за корекција.

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИПила за отсекување, влечење и аголна пила *PS 216 L PS 254 L
Производен број4699 98 01 ... ... 000001-9999994699 99 01 ... 4740 22 01 ... ... 000001-999999
Определен внес220-240 V, 50 HZ, 1400W, 6,5 A220-240 V, 50 HZ, 1800W, 8,7 A
Брзина без оптоварување5000 min ^-1 4500 min ^-1
Сечило на пила дијаметар х дијаметар на отвор216 x 30 mm254 x 30 mm
Дебелина на телото на ножот макс.1,6 mm1,8 mm
Дебелина на запците од ножот за сечење мин.2,4 mm2,6 mm
Максимален учинок на сечењеагол на навалување 0°/ агол на навалување вертикално 0°агол на навалување 45°/ агол на навалување вертикално 0°агол на навалување 0°/ агол на навалување вертикално 45°↓агол на навалување 45°/ агол на навалување вертикално 45°↓
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/201416,7 kg19,6 kg
Информации за бучаватаИзмерените вредности се одредени согласно стандартот EN 62841. А-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува:Ниво на звучен притисок. (Несигурност K=3dB(A))Ниво на јачина на звук. (Несигурност K=3dB(A))Носте штитник за уши.99,27 dB (A)112,27 dB (A)95,15 dB (A)108,15 dB (A)

*PS ≦ Пила за отсекување, влечење и аголна пила

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!

Наведените вредности на емисија на бучава се измерени во согласност со стандарден метод на тестирање од EN 62841-1 и EN 62841-3-9 и може да се користат за споредување на еден електричен алат со друг. Наведените вредности на емисија на бучава исто така може да се користат при првична проценка на изложеност.

Емисиите на бучава при фактичката употреба на алатот на струја може да се разликуваат од наведените вредности во зависност од начините на кои се користи алатот, особено каков вид работен материјал се обработува.

Дефинирајте безбедносни мерки за да го заштитите операторот врз основа на проценката на изложеност во вистинските услови на употреба (земајки ги во предвид сите делови од оперативниот циклус како на пример времињата кога е исключен алатот, како и кога е включен но работи напразно).

Носете штитник за уши. Влијанието на бука може да предизвика губење на сетилото за слух.

AEG PS 254 L - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прочитајте ги сите безбедносни

напомени, упатства, цртежи и податоци, коишто ги добивате заедно со уредот. Доколку не ги почитувате следните упатства, може да дојде до електричен удар, до пожар и/или до тешки повреди.

Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за во иднина.

AEG PS 254 L - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прочитајте ги сите безбедносни - 1

a) Пилите за сечење под агол се наменети за сечење дрво или слични производи, не може да се употребуваат со абразивни дискови за сечење на црни метали, како на пр. шипки, палки, шајки и др. Абразивниот прав предизвикува блокирање на подвижните делови, на пр. на долниот штитник. Искрите од абразивно сечење го горат долниот штитник, засекот и пластичните делови.

b) Користете стегачи за држење на парчето за обработка секогаш кога можете. Ако го потпирате парчето за обработка со рака, раката постојано мора да биде на оддалеченост од најмалку 100 мм од обете страни на сечилото од пилата. Не ја користете оваа пила за сечење на многу мали парчиња кои не може безбедно да се прицврстат или да се држат со рака. Ако раката ја ставите преблиску до сечилото на пилата, постои голема опасност од повреда при допирање на сечилото.

с) Парчето за обработка мора да биде статично и прицврстено или да се држи и за граничникот и за масата. Не го ставајте парчето за обработка во сечилото или жлебот „со слободна рака“ на никој начин. Слободно или неприцврстено парче за обработка може да биде исфрлено со голема брзина и да предизвика повреда.

d) Притиснете ја пилата низ парчето за обработка. Не ја влечете пилата низ парчето за обработка. За да пресечете, подигнете ја главата на пилата и повлечете ја преку парчето за обработка без сечење, включете го моторот, притиснете ја главата на пилата надолу и притиснете ја пилата низ парчето за обработка. Со повлекување на пилата додека сечете, сечилото може да се искачи на врвот на парчето за обработка и силно да го отфрли склопот на сечилото кон ракувачот.

e) Никогаш не ги прекrstувајте рацете врз одредената линија за сечење пред и зад сечилото на пилата. Држење на парчето за обработка „со вкрстени раце“ т.е. држење на парчето за обработка на десната страна од сечилото на пилата со лева рака или обратно, е многу опасно.

f) Не посегнувајте со рацете зад граничникот поблиску од 100 мм од двете страни на сечилото за да ги отстраните дрвените остатоци или заради друга причина, додека сечилото ротира. Може да не забележите колку е блиску сечилото до Вашата рака, па може сериозно да се повредите.

g) Проверете го парчето за обработка пред да започнете со сечењето. Ако парчето за обработка е накривено или навалено, прицврстете ја надворешната навалена страна на граничникот. Секогаш проверувајте дали има луфта меѓу парчето за обработка, граничникот и масата покрај линијата на сечење. Накривено или навалено парче за обработка може да се извитка или помести и да предизвика замотување на сечилото кое ротира при сечење. Не смее да има шајки или други туги предмети во парчето за обработка.

h) Не ја употребувајте пилата ако на масата, освен парчето за обработка, има алати, дрвени остатоци и др. Ако малите остатоци или расфрлените парчиња дрво или другите предмети се допрат до ротирачкото сечило, може да се расфрлаат со голема брзина.

i) Сечете само едно парче. Ако повеće парчиња се наредени едно врз друго, не може соодветно да се зацврстат или поврзат, па може да се фатат за сечилото или да се изместат во текот на сечењето.

j) Проверете дали пилата за сечење под агол е монтирана или наместена на рамна, цврста работна површина пред да ја користите. Рамната и цврста работна површина го намалува ризикот пилата за сечење под агол да стане нестабилна.

k) Испланирајте ја работата. Секојпат кога ће ја промените косината или подесениот агол на закосување, проверете дали граничникот кој се подесува е правилно поставен за држење на парчето и дека нема да му пречи на сечилото или на заштитниот систем. Без да го вклучување алатот на „ON“ и без ставено парче за обработка на масата, движете го сечилото на пилата низ целосно симулиран пресек, за да проверите дали има некакви пречки, или опасност да се пресече граничникот.

I) Обезбедете соодветен потпирач, како на пр. продолжеток на масата, ногарки за потпора на пилата и др., за парчиња за обработка кои се пошироки или подолги од горниот дел на масата. Ако парчињата за обработка се подолги или пошироки од пилата за сечење под агол, тие може да паднат доколку не се прицврстени. Ако отсеченото парче или парчето кое се обработува се навали, може да ја подигне долната заштита или да биде исфрлено од самото ротирачко сечило.
m) Не користете друго лице како замена за продолжеток на масата или како дополнителен држач. Нестабилен држач за парчето кое се обработува може да предизвика зафаќање на сечилото или поместување на парчето за обработка во текот на сечењето, па да Ве повлече Вас и помощникот кон ротирачкото сечило.
п) Отсеченото парче никако не смее да се заглави или да притиска кон ротирачкото сечило. Ако се заглави, т.е. со помош на должинските граничници, отсеченото парче може да се заглави на сечилото и силно да биде исфрлено.
о) Секогаш користете стега или прицврстувач кој е правилно дизајниран за држење на тркалезен материјал, како на пр. мотки или цевки. Мотките се склони да се вртат додека ги сечете, па предизвикуваат сечилото да го „зафаќа“ и влече парчето со Вашата рака кон сечилото.
р) Оставете сечилото да достигне целосна брзина пред да го допре парчето за обработка. Со ова ќе се намали ризикот парчето за обработка да биде исфрлено.
q) Ако парчето за обработка или сечилото биде блокирано, исключете ја пилата за сечење под агол. Почекајте сите подвижни делови да запрат и исключете го приклучокот од струја и/или извадете ги батериите. Потоа извадете го заглавениот материјал. Ако продолжите да сечете со заглавено парче за обработка, може да изгубите контрола или да ја оштетите пилата.
г) Откако ће завршите со сечењето, ослободете го копчето, држете ја главата на пилата надолу и почекајте сечилото да застане пред да го извадите исеченото парче. Доближување на раката до сечилото кое сё уште се врти, е опасно.
s) Држете ја цврсто рачката кога правите нецелосно сечење или кога го ослободувате прекинувачот, пред главата на пилата да биде целосно во позиција надолу. Закочувањето на пилата може да предизвика главата на пилата одеднаш да биде повлечена надолу, па да предизвика ризик од повреда.

Ве молиме внимателно прочитајте го прирачникот и упатствата пред да го користите ножот од пилата и машината.

Машината мора да биде во добра остојба, вретеното да е без деформации и без вибрации.

Немојте да ја користите пилата без да се ставени штитниците на своеото место, штитниците чувајте ги во добра работна costојба и одржувајте ги правилно.

Погрижете се операторот да е адекватно упатен во сигурносните мерки, штелувањето и функционирањето на машината.

AEG PS 254 L - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прочитајте ги сите безбедносни - 2

AEG PS 254 L - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прочитајте ги сите безбедносни - 3

Секогаш носете заштитни очила и штитници за ушите кога ја користите машината. Се препорачува да носите ракавици, тврди нелизгачки чевли и престилка.

Ред да користите било каков прибор, консултирајте се со упатствата од прирачникот. Направилната употреба на приборот може да предизвика оштетување и да ја зголеми веројатноста од повреда.

Користете само ножеви кои се специфицирани во овој прирачник и во согласност со EN 847-1.

Внимавајте на максималната брзина која е означена на ножот од пилата. Водете сметка брзината што е означена на ножот да е најмалку еднаква на брзината што е означена на пилата.

Секогаш користете сечила со соодветна големина и форма или крупски пили. Сечила кои не одговараат на монтираниот хардвер на пилата ќе се движат неправилно предизвикувајки губење на контролата.

Немојте да користите ножеви со пречник што е поголем или помал од оној што е препорачан. Немојте да користите било какви дистанцери за да го наместите на ножот на вретеното.

Пред секоја употреба, поверете ги запците на ножот од пилата да не се оштетени или да не имаат ненормален изглед. Запците кои се оштетени или лабави, може да станат летечки објекти при употребата и да ја зголемат веројатноста од повреда.

Не користете скршени или изобличени сечила. Не употребувајте оштетени или деформирани дискови.

Фрлете го ножот од пилата доколку е оштетен, деформиран или напукнат, поправање не е дозволено.

Не користете сечила за пила кои се направени од високобрзински челик

Погрижете се ножот од пилата да биде монтиран правилно, пред употреба безбедно прицврстете го прстенот на навртката (затезен момент отприлика 12 Nm).

Завртката за прицвртување и навртките треба да бидат затегнати со помош на соодветен затегач, итн.

Не е дозволен продолжеток на затегачот или затегање со удирање со чекан.

Погрижете се ножот и прирабницата да бидат чисти, а вдлабнатите страни на навртката за подесување да бидат накај ножот.

Погрижете се ножот да ротира во правилната насока.

Пред работа, направете едно пробно сечење без да е клучен моторот, за да може да се провери положбата на ножот, функционирањето на штитниците во однос на другите делови од машината и работното парче.

Никогаш не оставајте ја машината ненадгледувана.

Немојте да ставате средства за подмачкување на ножот додека тој се врти.

Никогаш немојте да вршите било какво чистење или сервисирање додека машината уште работи, и ако главата не е во положба на мирување.

Никогаш немојте да се обидувате да ја сопрете машината додека се движи брзо, така што ножот ће го притискате со алатот или со други средства, на овој начин може ненамерно да дојде до сериозни неагоди.

Исклучете ја пилата од струја или извадете ја батеријата пред да ги менувате ножевите или да вршите сервисирање.

Обрнете внимание на пакувањето и распакувањето на ножот, лесно можете да се повредите од острите запци на ножот.

Користете држат за ножот или носете ракавици кога ракувате со ножот на пилата.

Ножот чувајте го во оригиналната амбалажа или во друго соодветно пакување, чувајте го на суво и подалеку од хемикалии кои можат да му наштетат на ножот.

Обработуваното парче секогаш притегнувајте го, за да биде безбедно и сигурно.

Обезбедете, машината да стои постојано цврсто (на пример прицврстување на работната маса)..

Носете штитник за уши. Влијанието на бука може да предизвика губење на сетилото за слух.

При работа со машината постојано носете заштитни очила. Се препорачува да носите ракавици кога ракувате со ножеви и рапав материјал, како и тврди нелизгачки чевли кои ги штитат нозете од обработуваните пачиња кои може да паднат од зоната каде што се реже.

Секогаш извадете го приклучокот од изворот на струја пред да правите приспособувања, подмачкување или кога го сервисирате производот.

Вклучувањето на кабелот во струја се прави исключиво машината е ислучена.

Никогаш немојте да ги ставате рацете близу ножот, освен ако ножот не е целосно запрен.

Пред употреба, комплетно проверете го алатот да не има некакво оштетување или маана. Оштетените делови да се поправат ислучиво од страна на стручно лице.

Секогаш користете заститен штит на машината. Немојте да ја користите машината ако штитниците не се на место и не работат правилно.

Долниот заштитник на сечилото треба да се отвори само кога ќе се спушки сечилото на парчето за обработка и мора секогаш да може да се движи слободно и да се затвора автоматски..

Секогаш прицврстете и користете држачи за продолжна шина за парчето за обработка за време на работа.

Никогаш не менувајте ја пилата или нејзината функција. Вашата безбедност може да биде компромитирана.

Немојте да користите ножевите кои се напукнати, оштетени или деформирани.

Не користете сечила за пила кои се направени од високобрзински челик

Користете само ножеви кои се остри. Тапите ножеви заменете ги со нови.

Секогаш користете сечила со соодветна големина и форма или крупски пили.

Сечила кои не одговараат на монтираниот хардвер на пилата їе се движат неправилно предизвикувајки губење на контролата. Користете само ножеви за сечење дрво, специфицирани во овој прирачник, кои се во согласност со EN 847-1.

Немојте да користите било какви други прирабници, подлошки или бургии за прицврстување на ножот, освен оние кои се обезбедени или наведени во упатството за употреба.

Неопходно е да изберете го виде ножот кој е погоден за материјалот се сече. Никогаш немојте да го користите производот за сечење поинакви материјали од оние кои се наведени во поглавјето за употреба во овој прирачник.

Избегнувајте прегревање на сечилото и топење на пластичното парче за обработка при сечење.

Ок Guinea значење е да се остане до максимално специфицираната брзина на сечилото. Користете само листови

Македонски

за пила коишто се означени со брзина еднаква или поголема од брзината означена на алатот.

Заменете го вметокот во масата доколку е изабен или оштетен.

Пред работа, направете едно пробно сечење без да е включен моторот, за да може да се провери положбата на ножот, функционирањето на штитниците во однос на другите делови од машината и работното парче.

При спојувањето на цевките под прав агол, под наклон или комбинирани агли под прав агол, подесете ја лизгачката ограда, за да обезбедите правилно минување на ножот.

Граничната дршка треба секогаш да биде активирана кога го транспортирате производот.

Одржувајте го подот чист од остатоци на материјал, на пример струготини или остатоци од пилење.

Не отстранувајте остатоци од пилење или други делови од обработуваните предмети во подрачјето на пилење кога машината работи и кога главата за пилење не е во положба на мирување.

Долгите парчиња мораат да бидат соодветно потпирани. Работниот простор на пилата ја опфаќа целата должна на парчето за обработка. Операторот треба да го обезбеди овој простор од ненамерен контакт од други лица или објекти кои може да го придвижат парчето за обработка за време на работа.

Прашината која се крева при работа со овој алат може да биде штетна по здравјето и затоа не го изложувајте го телото. Користете систем за ансорпција на прашината и носете соодветна заштитна маска. Одстранете ја целосно наталожената прашина пр: со правосмукалка.

Немојте да ги заменувате LED светилките или ласерот со поинаков тип. Било кои поправки мора да ги прави само производителот или овластен сервисен агент.

Кратковремени вршни напони предизвикуваат осцилирање на напонот и можат да извршат влијание врз други електрични производи во истиот струен вод. Приклучете го апаратот на снабдевање со струја со импеданца од 0,3 Ω за да минимирате осцилирања на напонот. Контактирајте го Вашиот снабдевач со енергија за понатамошни информации.

Ласерското зрачење кое се користи во оваа пила е од Класа II со максимум P≤1mW и λ: 650nm бранова должна. Немојте да гледате директно во оптичките инструменти. Непочитувањето на овие правила може да доведе до сериозни повреди.

Немојте да зјапате во зракот во текот на работењето.

Немојте да им го проектирате ласерскиот зрак директно во очите на другите. Може да дојде до сериозна повреда на очите.

Ласерот немојте да го ставате во положба која може да наведе некого несакајки или несвесно да гледа во ласерскиот зрак.

Немојте да користите оптички алатки за да гледате во ласерскиот зрак.

Немојте да работите со ласерскиот зрак во близина на деца или, пак, да им дозволувате на децата да го чепкаат ласерот.

Немојте да се обидувате самите да го поправате ласерскиот уред.

Немојте да се обидувате самите да менувате било какви делови од ласерот.

Било кои поправки мора да ги прави само производителот или овластен сервисен агент.

Не ги променувајте инсталираната ласер со различен тип.

СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА

Кружната лизгачка пила е наменета за сечење на тврдо и пресувано дрво со или без лепен фурнир, пластика и материјали слични на дрво.

Кружната лизгачка пила е наменета да ја користат само возрасни оператори кои го прочитале прирачникот за користење и ги разбрале ризиците и опасностите.

Кружната лизгачка пила е наменета со основата да биде прицврстена за цврста работна маса. Доколку основата не е безбедно прицврстена, целата машина може да се движи за време операциите за сечење, кое ја зголемува веројатноста од сериозна повреда.

Кружната лизгачка пила е наменета да прави коси и аголни сечења. Капацитетите за различни сечења се дадени во спецификациите на производот во овој прирачник.

Кружната лизгачка пила треба да се користи во суви услови, со одлично осветление и адекатна вентилација.

Кружната лизгачка пила е наменета за потрошувачи и треба да се користи само во склад со гореопишаното, и не е наменета за никаква друга цел.

ОСТАТОЧНИ ОПАСНОСТИ

Дури и кога кружната лизгачка пила се користи како што е пропишано, сё уште не е можно целосно да се елиминираат извесни преостанати фактори на ризик. Може да се појават следните ризици и операторот треба да обрне посебно внимание да го избегне следното:

  • Ризикот од контакт со непокриени делови на ротирачкиот нож на пилата.
  • Повратен удар на обработуваните парчиња или делови од обработуваните парчиња поради неисправно штелување или ракување.
  • Исфрлање на запци од тврд метал од ножот на пилата.
  • Оштетување на респираторниот систем.

ЗАБЕЛЕШКА: Носете маска за заштита на респираторниот систем, која содржи филтери соодветни на материјалите кои се обработуваат.

Погрижете се да има адекватна вентилација на работното место. Немојте да јадете, да пиете или да пушите во работниот простор.

Оштетување на слухот доколку не се носи заштита за ушите.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Правот од некои бои, премази и материјали може да предизвика иритација или алергиски реакции на респираторниот систем. Правот од дрво како на пр. од даб, бука, медијапан и други се канцерогени. Со материјалите кои содржат азбест секогаш треба да работат само квалификувани специјалисти-оператори.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

Од долготрајната употреба на алатот може да се предизвикаат повреди или да се влошат истите. Ако го користите некој алат подолго време правете редовни паузи.

AEG PS 254 L - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - 1

AEG PS 254 L - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - 2

  1. Рачка, изолирана површина за факање

  2. Прекинувач за включување

  3. Безбедносен лост за блокирање

  4. Надворешна прирабница

  5. Сечило за пила

  6. Долен заштитник

  7. Неподвижен граничник

  8. Плоча со засеци

  9. Рачка за блокирање за ротациона плоча

  10. Горна рачка

  11. Горен заштитник

  12. Канал за правот

  13. Стоп-копче за линеарна прачка

  14. Стега

  15. Рачка за блокирање на агол на наклонот

22.Завртка зарегулирање на 45° агол на наклонот

  1. Завртка за регулирање на 90° агол на наклонот

  2. LED-прекинувач

  3. Ласерски прекинувач

  4. Копче за блокирање на вретеното

  5. Плоча за регулирање на длабочината на сечење

  6. Копче за регулирање на длабочината на сечење

СПИСОК НА ДЕЛОВИ ЗА ЗАМЕНА

  • PS 216 L: Пила за отсекување, влечење и аголна пила EN 847-1/ø216 x ø30 x 2,4 / 48T / HW / n макс. 7000 min-1 (страна A: No. 5)
  • PS 254 L: Пила за отсекување, влечење и аголна пила EN 847-1/ø254 x ø30 x 2,6 / 48T / HW / n макс. 7400 min-1 (страна A: No. 5)
    • КПлоча со засеци (страна A: No. 8)

ГЛАВНИ ВРСКИ

Да се спои само за една фаза АС коло и само на главниот напон наведен на плочката. Можно е исто така и поврзување на приклучок без заземјување доколку изведбата соодветствува на безбедност од 2 класа.

Уредите кои се користат на многу различни локации вклучувајки и отворен простор мора да бидат поврзани за струја преку направата за поврзување (FI, RCD, PRCD).

Вклучувањето на кабелот во струја се прави исключиво машината е ислучена.

Чувајте го кабелот за напојување подалеку од работната површина. Секогаш водете го кабелот позади вас.

Пред употреба проверете дали машината, кабелот и приклучокот се исправни. Ако се оштетени дозволени се поправки ислучиво од авторизираниот сервис.

Кратковремени вршни напони предизвивуваат осцилирање на напонот и можат да извршат влијание врз други електрични производи во истиот струен вод. Приклучете го апаратот на снабдевање со струја со импеданца од 0,3 Ω за да минимирате осцилирања на напонот.

Контактирајте го Вашиот снабдевич со енергија за понатамошни информации.

ОДРЖУВАЊЕ

Немојте да ја менувате оваа пила на никаков начин или да користите прибор кој не е одобрен од производителот. Вашата безбедност и безбедноста на другите може да биде доведена во прашање.

Немојте да ја користите пилата доколку некој прекинувач, штитник или други функции на пилата не работат како што е наменето. Вратете ја во овластениот сервисен центар за професионална поправка или штелување.

Немојте да правите никакви преначувања додека ножот на пилата е во движење.

Секогаш извадете го приключокот од изворот на струја пред да правите приспособувања, подмачкување или кога го сервисирате производот.

Пред и после секоја употреба проверете ја пилата да не има оштетување или скршени делови и одржувајте ја во топ работна состојба така што веднаш їе ги смените деловите со делови кои се одобрени од производителот.

После употреба, ножот е многужежок, носете ракавици или оставете го да се излади пред да правите сервисирање или чистење.

Исчистете ја насобраната прав со помош на четка или правосмукалка. Немојте да користите компримиран воздух.

За да обезбедите сигурност и доверливост, сите поправки, включително менувањето на четките, треба да ги прави овластен сервисен центар.

Апаратот и заштитната направа очистете ја со сува крпа.

Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно отворени постојано.

Ако е потребна замена на струјниот кабел, тоа треба да го направи производителот или неговиот застапник со цел да се избегнат опасности.

Користете само AEG додатоци и резервни делови. Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на AEG (консултирајте ја листата на адреси).

Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и типот на машина кој е отпечатен на етикетата и порачajте ја скицата кај локалниот застапник или директно кaj: Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany.

ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ

Под целосна лична одговорност изјавуваме дека производот опишан во „Технички податоци“ е во сообразност со сите релевантни прописи од директивите

2011/65/EU (RoHS)

2006/42/EC

2014/30/EU

и дека се применети следните хармонизирани стандарди

EN 62841-1:2015

EN 62841-3-9:2015+A11:2017

EN 55014-1:2017

EN 55014-2:2015

EN 61000-3-2:2014

EN 61000-3-11:2000

EN IEC 63000:2018

AEG PS 254 L - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 1

Winnenden, 2019-03-08

AEG PS 254 L - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 2

Ополномоштен за составување на техничката документација.

Techtronic Industries GmbH

Секогаш кога преземате активности врз машината исклучете го кабелот од струјата.

AEG PS 254 L - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 3

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ-Корисникот мора да го прочита упатството за употреба за да се намали ризикот од повреда!

AEG PS 254 L - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 4

Секогаш при користење на машината носете ракавици.

AEG PS 254 L - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 5

Носте штитник за уши.

AEG PS 254 L - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 6

Носете ракавици!

AEG PS 254 L - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 7

Никогаш не ги поставувајте рацете во подрачјето на дискот за сечење.

AEG PS 254 L - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 8

Овој алат е исклучиво за внатрешна употреба. Никогаш не го изложувајте алатот на дожд.

AEG PS 254 L - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 9

Канал за правот

AEG PS 254 L - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 10

Сечете само дрво.

AEG PS 254 L - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 11

Не гледајте во ласерскиот зрак.

AEG PS 254 L - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 12

Овој производ одговара на класата на ласер 2 согласно EN 60825-1:2014.

AEG PS 254 L - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 13

Сечило на пила дијаметар х дијаметар на отвор

AEG PS 254 L - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 14

Насока на вртење

AEG PS 254 L - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 15

Назабен лист

AEG PS 254 L - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 16

Ширина на резот

AEG PS 254 L - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 17

Брзина без оптоварување

AEG PS 254 L - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 18

Напон

AEG PS 254 L - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 19

Наизменична струја

AEG PS 254 L - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 20

Електрично орудие од заштитната категорија II. Електрично орудие чијашто заштита од електричен удар не зависи само од основната изолација туку и од тоа дали ќе се применат дополнителните заштитни мерки како што се двоструките изолации или појачаната изолација.

AEG PS 254 L - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 21

Не постои никаква направа за приклучување на некој заштитен вод.

AEG PS 254 L - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 22

Електричните апарати не смеат да се фрлат заедно со домашниот отпад. Електричните и електронсите апарати треба да се собираат одделно и да се однесат во соодветниот погон заради нивно фрлање во склад со начелата за заштита на околината. Информирајте се кај Вашите местни служби или кај специјализираниот трговски претставник, каде има такви погони за рециклажа и собирни станици.

AEG PS 254 L - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 23

Евроазиска ознака за сообразност

AEG PS 254 L - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 24

AEG PS 254 L - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 25

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : AEG

Модел : PS 254 L

Категорија : жичена пила