SGM1013 - Електрично лемење Ferm - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот SGM1013 Ferm во PDF формат.
Прашања на корисниците за SGM1013 Ferm
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Електрично лемење во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник SGM1013 - Ferm и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. SGM1013 на марката Ferm.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК SGM1013 Ferm
Броевите во текстот се однесуваат на дијаграмите на стр. 2.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги приложените, дополнителните безбедносни предупредувања и упатства.
Погрешното следење на безбедносните преупредувања и упатствата може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди. Чувајте ги безбедносните преупредувања и упатствата за да можете повротно да ги прочитате.
Вовед
Овој уред е наменета само за домашна употреба. Овој Станица за лемење е наменет за лемење на печатени струјни плочи, лемење на пластика и за горење на дрво или кожа. Било која друга операција да се исклучи.
Информација за производот Сл. А
- Врв
- Навртка за прицврстување
- Рачка за лемење
- Прекинувач
- Држач
- Станица за лемење
- Рачка за подесување на температурата
- Сунгер
- Фиока
Објаснување на символите
СЕ Во согласност со основните применливи стандарди за безбедност на Европските смерници

Посебни безбедносни упатства
Безбедно ракување со машината е можно само кога целосно ће ги прочитате упатствата за безбедност и ракување и ће ги следите наведените упатства.
Предупредување: Рачката за лемење мора да биде поставена во држачот кога не е во употреба
- За сите работи околу станица за лемење, извлечете го кабелот од струја.
- Напојниот кабел и приклучокот мора да бидат во добра состојба. Држете го кабелот подалеку од работниот простор.
- Напонот на изворот треба да одговара на податоците на плочката на уредот.
- Секогаш стегајте ја навртката кога го поставувате врвот. Ова обезбедува добра електрична врска.
- Вентилирајте го работното место за да се отстранат испарувањата од истопениот материјал.
- За време на користење, пиштолот треба да се одложува.
- Напојниот кабел на пиштолот за лемење смее да го замени само квалификуван електричар.
- Користете само оригинален прибор кој е доставен или препорачан од производителот.
-
Не мијте го уредот во течности од било кој вид.
-
Не користете го уредот за загревање на пластика или течности.
- Никогаш не користете го уредот во електронски кола под напон. Осигурајте се дека струјата на работното парче е исклучена и кондензаторите се испразнети.
- Неправилна употреба може да предизвика пожар.
- Не допирајте ги отворите, врвовите, или пиштолот за топол воздух бидејки тоа може да предизвика сериозни изгореници. Чувајте ги врвовите и тополют воздух подалеку од телото, облеката или друг запаллив атеријал.
- Секогаш дозволувајте уредот да се излади по употреба и пред складирање.
- Ставете го уредот на рамна, стабилна и работна површина отпорна на орган.
Веднаш исключете го пиштолот во случај:
- Да се прегрее.
- Неисправна функција на приклучницата, - оштетена приклучница или кабел.
• Скршен прекинувач. - Чад или смрдеа од изгорена изолација.
За време на првото користење на рачката за лемење може да се создаде чад, ова е маст што се користи при изгорување во производството.
Електрична безбедност
При користење на електрични машини почитувајте ги безбедносните правила во вашата земја, за да го намалите ризикот од пожар, струен удар и повреди. Прочитајте ги следните безбедносни упатства и приложените безбедносни упатства.

Секогаш проверувајте дали напонот на напојувањето одговара на наведениот напон на плочката.
Мрежно приклучување
Користете само заземјени приклучоци со заземјена жица во согласност со прописите.
Замена на кабли или приклучници
Веднаш да ги фрлите старите кабли или приклучници, кога ќе ги замените со нови. Опасно е да ја включите приклучницата ако кабелот е лабав.
Користете само одобрени продолжни кабли погодни за влезната моćност на машината. Најмал попречен пресек е 1,5 mm2. Кога се користи кабел во ролна, секогаш целосно да го одмотате. Продолжните кабли секогаш да бидат заземјени.
3. РАКУВАНЬЕ

Користете го уредот само за работи кои спағаат во работниот опсег.
- Монтирајте го држачот за железо (5) на станицата и ставете ја рачката за лемење (3) во држачот.
- Малку навлажнете го сунгерот [8] со малку вода од чешма.
- Монтирајте го соодветниот врв за лемење (1) според потребната работа за лемење (видете подолу Замена на врвот).
- Ставете ја станицата на топлинско отпорна, рамна и цврста површина. Поврзете ја станицата за лемење со електричната мрежа и включете ја со прекинувачот за вклучување (4).
- Свртете го копчето за дотерување на температурата (7) до саканата температура (во опсег од 160°C до 500°C)
- Почекајте се додека врвот за лемење не стигне до избраната температура. Проверете ја температурата на врвот со допирање со калај. Врвот е довольно жежок кога калајот се топи лесно.
- Притиснете ја иглата на терминалот силно врз деловите кои треба да се лемат, за да се загревaat. Осигурајте се дека иглата притиска врз најголемата можна површина на деловите. Преносот на топлина е тогаш најголем.
- Држете ја жицата за лемење на калајот на безбедно растојание за да не ги изгорите вашите прсти. Потоа поминете со калајот помеѓу врвот и деловите кои треба да се лемат.
- Доколку деловите довольно се загреат, стопете го калајот за лемење и ставете го во просторот помеѓу деловите кои треба да се спојат заедно.
- Извадете го иглата од деловите кои треба да се спојат заедно, но без да ги
преместите и почекајте додека зглобот не се олади и постави (околу 10 секунди.).
- Ако зглобот добро се залемени, тогаш ке добиете полирана, сјајна површина.
- Исчистете го врвот за лемење на сунгерото секое лепење.
- Ставете ја рачката за лемење назад во држачот, исключете ја и исключете ја од електричната мрежа по употреба.
- Оставете дршјата за лемење да се олади, чувајте ја на суво место.

Предупредување: Кога не се користи, алатот мора да се постави во сталка.
Подолу ви даваме некои примери за лошо лемење на споеви:
- Ако лемот е во вид на капки, истопениот лем бил студен.
- Ако лемот е порозен или кристален, деловите најверојатно се поместиле за време на ладењето.
- Ако на спојот останал многу малку лем, лемот бил премногу топол или не се истопил довольно.
- Ако е лемот жолт или црн, тоа значи дека е употребено премногу паста или јадрото на жицата за лемење се прегреало за време на лемење. Ова мора да се избегне, пред сё кај електронските кола, зашто повекето пасти се корозивни и го намалуваат работниот век на електронските жици.
Замена на врвот за лемење

Извлечете го кабелот од струја!.
- Исклучете ја станицата за лемење и исключете ја од електричната мрежа. Оставете рачката за лемење и врвот да се ладат до собна температура пред ракување.
- Отшрафете ја навртката за прицврстување (2). Извлечете го врвот (1) од рачката за лемење (3) и отстранете го оксидот што може да се формирал на цевката. Бидете внимателни за да избегнете прашина во очите.
- Заменете го врвот (1) со друг врв и зашрафете ја навртката за прицврстување (2) на рачката (3) користејки го само притисокот на рака за да ги затегнете.
Не користете прекумерен притисок за да избегнете оштетување.
4. РАБОТНИ ПОСТАПКИ
За добро лемење
- Местото за лемење мора да биде метално чисто. Отстранете корозија, маснотии итн., со помош на механички (брусна хартија, четка, турпија) или хемиски средства за чистење (алкохол, течности).
• Врв за лемење
• Дава добра површина на лемот. - Никогаш не обработувајте со турпија.
- Претходно лемење на деловите кои се лемат го прави лемењето полесно и обезбедува свршен електричен контакт.
- Уверете се дека жиците се механички поврзани пред лемење (врзете ги, закачете ги, намотајте ги).
- Прво се загрева врската која се леми, потоа врз врската се топи лемот и се остава лемот да се растече.
- Се топи што е можно помалку лем.
- Чувајте ја топлината (лемење на време) што е можно пократко.
- Одлична залемена врска е сјајна и мазна.
- Работ е чист, врската е метална.
Калај за лемење
Калајот за лемење во суштина е легура на калај и олово. Ознаката 60/40 означува 60% калај со 40% олово. За електрични лемени врски, користете само не-кисел калај со течен додаток.
За информации за посебни лемења за одредена работа, консултирајте се со производителот.
Течно средство
Со помош на течното средство топењето на калајот се подобрува, во исто време се отстрануваат нечистотиите како мастите и металлите оксиди, кои исчезнуваат за време на лемењето.
- Органските течности, како колфониум и смоли, се за не-кисело лемење.
- Неорганските течности се високо ефикасни, но корозивни се.
Користете ги само за поголеми врски и потоа добро исчистете го залемениот спој.
Печатени кола
Проводниците и минијатурните составни делови се многу чувствителни на температура и затоа можат лесно да се оштетат. Обрнете посебно внимание на следното;
• Добро подгответе го лемењето.
- Претходно монтирајте ги компонентните делови.
- Осигурајте го печатеното коло или лемената врска од поместување.
- Користете само прва класа на лем, со антикорозивно средство.
- Не нанесувајте вишок лем.
- Времето на лемење (топлинско оптеретување) да е што пократко.
Горење на дрво или кожа
Ако уживате во горење, тогаш їе најдете врв за сечење како специјален прибор, наменет за гравирање. Брзото прилагодување на работната температура на материјалот, овозможува работење без прекин.
Поправките смее да ги прави само квалификуван електричар или овластен срвис!
Оваа машина е конструирана да работи долг период со минимално одржување. Непрекинатото успешно работење зависи од грижата на машината и редовното чистење.
Чистенье
Чувајте ги чисти отворите за вентилација за да се спречи прегревање на моторот. Редовно чистете го куќиштето со мекана крпа, по можност после секое користење. Чувајте ги отворите за вентилација чисти, без прашина. Ако нечистотијата не се вади, употребете мекана крпа навлажнета со вода со сапуница. Никогаш не користете растворувачи како што е бензин, алкохол, амонијачна вода итн. Овие растворувачи можат да ги оштетат пластичните делови.
Подмачкување
Машината не треба дополнително да се подмачкува.
Откази
Ако се случаи отказ, нпр. поради трошење на дел, обратете се на адресата на сервисот од гарантната картичка.
ЖИВОТНА СРЕДИНА
За да се спречи оштетување за време на транспортот, уредот се испорачува во тврдо пакување кое се состоит од материјал за еднократна употреба. Затоа ве молиме да ги користите опциите за рециклирање на амбалажата.

Дефектни и/или отфрлени електрични или електронски апарати треба да се собираат на соодветни локации за рециклирање.
Само за земји од ЕУ
Не ги депонирајте алатите во домашен отпад. Според Европското Упатство 2012/19/ EU за отпадна електрична и електронска опрема и неговата имплементација во националното право, електричните алати кои веке не се употребливи мораат да се собираат одделно и да се отстрануваат на еколошки начин.
ГАРАНЦИЈА
Гарантните условите се дадени во посебна гарантна картичка.
Spare parts list
SGM1013