WiFi AX3 Quadcore - Паметен дом HUAWEI - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот WiFi AX3 Quadcore HUAWEI во PDF формат.
Frequently Asked Questions - WiFi AX3 Quadcore HUAWEI
Преземете ги упатствата за вашиот Паметен дом во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник WiFi AX3 Quadcore - HUAWEI и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. WiFi AX3 Quadcore на марката HUAWEI.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК WiFi AX3 Quadcore HUAWEI
Упатство за брз почеток
Упатство за брз почеток Порта со автоматско приспособување за WAN/LAN: се поврзува на интернет (како што е оптички модем, широкопојасни модеми итн.) и уред за жичена мрежа, како што е компјутер.
Приклучок за напојувањеКопче H Показател
Оптички/широкопојасен/ кабелски модем (од вашиот давател на широкопојасен интернет)
- Исправете ги сите антени за да обезбедите оптимизиран сигнал на Wi-Fi
- Ако показателот остане црвен, тоа значи дека насочувачот не е поврзан на интернет. Погледнете го „Чекор 2: конфигурирање на поставките за мрежата.“
- За насочувачи што поддржуваат автоматско приспособување на WAN/LAN, мрежните порти се комбинирани порти WAN/LAN. Исто така, може да наведете фиксна порта WAN на страницата за управување со насочувачот преку веб.285 286
Поврзете го мобилниот телефон или компјутерот со мрежата Wi-Fi од насочувачот (не е потребна лозинка). Проверете го името на мрежата Wi-Fi (Wi-Fi name) на долниот дел од новиот
Отворете го прелистувачот и ќе бидете пренасочени автоматски. (Ако страницата не се прикаже автоматски, внесете
Чекор 2: конфигурирање на поставките за мрежата XXXXXX Wi-Fi Name: XXXXXX Допрете ЗАПОЧНЕТЕ и изберете Создај мрежа Wi-Fi.287 288
Внесете ги сметката и лозинката за широкопојасен интернет. Ако за поврзувањето на интернет не се потребни сметка и лозинка, одете на следниот чекор. Волшебник за интернет Сметка за широкопојасен
Лозинка за широкопојасен
- Ако сте ги заборавиле сметката и лозинката за широкопојасен интернет, контактирајте со операторот на широкопојасен интернет за да ги добиете сметката и лозинката за широкопојасен интернет.
- Ако треба да конфигурирате VLAN на вашата мрежа, контактирајте со операторот на широкопојасен интернет за да ги потврдите параметрите за VLAN и овозможете го прекинувачот за VLAN на екранот.287 288
Поставете ново име на Wi-Fi, лозинка за Wi-Fi и администраторска лозинка за новиот насочувач. Волшебник за интернет Приоритет на 5 GHzИме на мрежата Wi-FiЛозинка за мрежата Wi-FiЛозинка за најавување
Волшебник за интернет Конфигурирањето
Овозможете Приоритет на 5 GHz: приоритетно користење на опсегот на Wi-Fi на 5 GHz наместо опсегот на 2,4 GHz кога јачината на сигналот е еднаква за да се зголеми брзината на поврзувањето. Потврдете ја лозинката289 290
Свети зелено Свети црвено
Поврзан на мрежата Не е поврзан на мрежата
- Разлабавен кабел или грешка во поврзувањето. Проверете го кабелот.
- Грешка на широкопојасната мрежа. Контактирајте со операторот на широкопојасен интернет. Насочувачот открил уред што може да се спари. Кога ќе се откријат други уреди HUAWEI (што поддржуваат HarmonyOS Connect), показателот на HUAWEI WiFi AX3 ќе трепка. Кога ќе се случи тоа, притиснете го копчето H на HUAWEI WiFi AX3. Показателот треба да трепка брзо, што укажува дека уредот што може да се спари се поврзува со HUAWEI WiFi AX3. Процесот на поврзување е завршен кога показателот ќе престане да трепка.
- Ако случајно го допрете копчето H, почекајте околу 2 минути додека показателот се врати во нормалната состојба.
- Копчето H има и функционалност на WPS. Управувајте со насочувачот со нашата мобилна
Скенирајте го QR-кодот за да ја преземете и да ја инсталирате апликацијата HUAWEI AI Life на мобилниот телефон или таблетот. Може да ја користите апликацијата за да управувате со насочувачот.289 290 Често поставувани прашања (ЧПП) П1: Што да направам ако се појават некои од следниве проблеми кога го конфигурирам насочувачот?
- Ако уредот не ја открие мрежата Wi-Fi на насочувачот: уверете се дека насочувачот е вклучен. Почекајте малку (додека насочувачот да стартува) и обидете се повторно да пребарате на уредот.
- Ако не можете да ја посетите страницата за конфигурирање на насочувачот на уредот: уверете се дека уредот е поврзан на мрежата Wi-Fi на насочувачот, па внесете 192.168.3.1 во прелистувачот за да ја посетите страницата на уредот.
- Ако на страницата се прикажува „Кабелот е исклучен“: уверете се дека портата WAN на насочувачот е поврзана со портата LAN на модемот и дека модемот има пристап на интернет. Проверете дали сите приклучоци се безбедно поврзани и имаат добар контакт и дека мрежните кабли се во добра состојба. Ако проблемот не е решен, вратете го насочувачот на фабричките поставки и следете го упатството за повторно да ги поврзете каблите и да го конфигурирате насочувачот. П2: Како да го обновам насочувачот на фабричките поставки? Поврзете го насочувачот со напојувањето и почекајте насочувачот да го заврши процесот на стартување. Користете игла за да го притиснете копчето RESET на насочувачот подолго од две секунди додека сијаличката на показателот не се исклучи. Почекајте насочувачот да го заврши процесот на престартување. Кога показателот ќе светне црвено, тоа значи дека насочувачот е обновен на фабричките поставки. Ако насочувачот е обновен на фабричките поставки, треба да го конфигурирате повторно.291 292 П5: Што да направам ако ја заборавам лозинката за најавување на апликацијата или за страницата за управување со насочувачот преку веб? Обидете се да ја користите лозинката за Wi-Fi на насочувачот за да се најавите. Ако проблемот не е решен, обновете го насочувачот на фабричките поставки. П3: Како да поврзам дополнителен насочувач HUAWEI со мрежата на HUAWEI WiFi AX3? Може да го поврзете насочувачот на некој од следниве начини:
- Жичано поврзување. Поврзете ја портата WAN на дополнителниот насочувач (нов или обновен на фабричките поставки) со портата LAN на конфигурираниот HUAWEI WiFi AX3 со користење кабел за етернет.
- Безжично поврзување. Чекор 1: ставете го дополнителниот насочувач (нов или обновен на фабричките поставки) во опсег од еден метар од конфигурираниот HUAWEI WiFi AX3 и поврзете го со напојувањето. Чекор 2: кога показателот на HUAWEI WiFi AX3 ќе почне да трепка, притиснете го копчето H на него. Почекајте додека показателот на дополнителниот насочувач не покаже дека е поврзан на мрежата. „Насочувач од HUAWEI“ се однесува на насочувачи што поддржуваат HarmonyOS Mesh+. Проверете дали вашиот уред поддржува таква карактеристика. П4: Како да поврзам уред со Wi-Fi со мојот насочувач со користење WPS? Кога насочувачот е вклучен, притиснете го неговото копче H, па притиснете го копчето за WPS на уредот со Wi-Fi (како што е телефон) во рок од две минути за да започне стандардна комуникација преку WPS и да го поврзете уредот со Wi-Fi на мрежата Wi-Fi од насочувачот.291 292 П6: Како да го поврзам мојот насочувач со HUAWEI CPE за да ја проширам мрежата Wi-Fi? Може да го поврзете насочувачот на некој од следниве начини:
- Жичано поврзување Ставете го насочувачот во просторија со слаба јачина на сигналот или во која воопшто нема сигнал, па поврзете ја портата WAN од насочувачот во портата LAN на HUAWEI CPE со користење кабел за етернет.
- Безжично поврзување (со користење на копчето H) Чекор 1: ставете го насочувачот во опсег од еден метар од HUAWEI CPE и поврзете го напојувањето. Чекор 2: кога показателот на HUAWEI CPE ќе почне да трепка, притиснете го копчето H на него. Почекајте додека показателот на насочувачот не покаже дека насочувачот е поврзан на мрежата. Чекор 3: ставете го насочувачот во просторија со слаба јачина на сигналот и поврзете го напојувањето. во опсег од еден метар293 294
- Сликата е само за информација.
- Уверете се дека HUAWEI CPE е поврзан на интернет и дека насочувачот е нов или е вратен на фабричките поставки.
- Уверете се дека HUAWEI CPE ги поддржува функцијата HUAWEI HiLink и протоколот CoAP. За подетални информации, консултирајте се со дистрибутерот.
- Уверете се дека растојанието помеѓу вашиот насочувач и HUAWEI CPE е помало од 10 метри и дека нема повеќе од два ѕида помеѓу нив. Безбедносни информации Работа и безбедност
- Не го користете уредот доколку е забрането да се употребува. Не го користете уредот ако неговата употреба предизвикува опасност или пречки на други електронски уреди.
- Производителите на пејсмејкери препорачуваат да се одржува најмало растојание од 15 см меѓу уредот и пејсмејкерот за да се спречат потенцијални пречки на пејсмејкерот. Ако користите пејсмејкер, користете го уредот од спротивната страна на пејсмејкерот и не го носете уредот во предниот џеб.
- Избегнувајте места со прав, влага или нечистотија. Избегнувајте магнетни полиња. Користењето на уредот во таква средина може да предизвика нарушување на струјното коло.
- Идеални температури за работа се 0 °C до 40 °C. Идеални температури за чување се –40 °C до +70 °C. Екстремна топлина или студ може да го оштети уредот или дополнителната опрема.
- Чувајте го уредот и дополнителната опрема во добро проветрена и студена просторија без директна изложеност на сонце. Не го виткајте или покривајте уредот со крпи или други предмети. Не го поставувајте уредот во предмети што задржуваат топлина, како на пример, кутија или кеса.
- Уредот треба да се инсталира и со него да се ракува со најмало растојание од 20 см меѓу изворот на зрачење и Вашето тело.293 294
- Користењето неодобрен или несоодветен адаптер за струја, полнач или батерија може да го оштети уредот, да го намали животниот век или да предизвика пожар, експлозија или друга
- За приклучливите уреди, штекерот треба да биде во близина на уредите и да биде лесно
- Исклучете го адаптерот за напојување од штекерот кога не го користите.
- Не допирајте ги уредот или адаптерот за напојување со мокри раце. Така може да предизвикате краток спој, дефект или струен удар. Информации за фрлање и рециклирање Симболот на производот, батеријата, литературата или амбалажата значат дека производите и батериите треба да се однесат во посебни места за собирање отпад одредени од локалните власти по крајот на работниот век. На тој начин ќе се обезбеди дека отпадот од електричната и електронската опрема ќе се рециклира и ќе се третира на начин што ги зачувува вредните материјали и го заштитува здравјето на луѓето и околината. За повеќе информации, контактирајте со локалните власти, продавачот или службата за фрлање на отпадот од домаќинствата или посетете ја веб-локацијата https://consumer.huawei.com/en/. Намалување на опасни супстанции Уредот и неговите електронски додатоци се во согласност со применливите локални правила за ограничување на употребата на одредени штетни супстанции во електрична и електронска опрема, како што се регулативата EU REACH и директивите RoHS и Батерии (каде што се вклучени) и др. За изјави за сообразност за REACH и RoHS, посетете ја нашата веб-локација https://consumer.huawei.com/certication. Усогласеност со прописите на ЕУ
Ние, Huawei Device Co., Ltd. изјавуваме дека овој уред WS7100 V2 е во согласност со следниве295 296 Директиви: RED 2014/53/ЕУ, RoHS 2011/65/ЕУ, ErP 2009/125/EЗ. Целиот текст на Декларацијата за усогласеност за ЕУ, деталните информации за ErP и најновите информации за додатоци и софтвер се достапни на следнава интернет-адреса: https://consumer.huawei.com/certication. Ограничувања во опсегот од 5 GHz: Фреквентниот опсег од 5150 до 5350 MHz е ограничен на употреба во затворен простор во следниве земји: AT, BE, BG, CH, CY, CZ, DE, DK, EE, EL, ES, FI, FR, HR, HU, IE, IS, IT, LI, LT, LU, LV, MT, NL, NO, PL, PT, RO, SE, SI, SK, TR, UK(NI). Фреквенциски опсези и моќност Номиналните ограничувања на фреквенциските опсези и емитувачката енергија (зрачена и/или емитувана) применливи за оваа радио опрема се како што следи: Wi-Fi 2.4GHz: 20 dBm, Wi-Fi 5GHz: 5150-5350 MHz: 23 dBm, 5470-5725 MHz: 30 dBm. Правна напомена Авторски права © Huawei 2022. Сите права се задржани. ОВОЈ ДОКУМЕНТ Е САМО ЗА ИНФОРМАТИВНИ ЦЕЛИ И НЕ ПРЕТСТАВУВА НИКАКВА
, логото Wi-Fi CERTIFIED и логото Wi-Fi се трговски марки на Wi-Fi Alliance. Другите споменати трговски марки, називи на производи, услуги и трговски друштва може да се во сопственост на нивните односни сопственици. Ажурирање на верзијата За да се подобри безбедноста на производот и да ви обезбедиме подобро корисничко искуство, редовно ќе ве известуваме за ажурирања на верзијата кога ќе се објави важно ажурирање. Политика за приватност295 296 За да разберете подобро како ги користиме и ги заштитуваме вашите лични информации, прочитајте ја политиката за приватност на https://consumer.huawei.com/privacy-policy. Лиценцен договор за крајни корисници Прочитајте го и согласете се со Лиценцниот договор за крајни корисници (HUAWEI EULA) на страницата за управување со производот пред да го користите производот. За повеќе помош Посетете ја https://consumer.huawei.com/en/support/hotline за најновиот број на Центарот за грижа за корисници и адресата на е-пошта во Вашата земја или регион.297 298 Ръководство за бърз старт Порт за автоматично адаптиране за WAN/LAN: за свързване с интернет (като напр. оптичен модем, модеми за широколентов достъп и др.) и към мрежово устройство с кабел, като например компютър.
Notice-Facile