HUAWEI Mobile WiFi 2 Pro E5885 - Паметен дом

Mobile WiFi 2 Pro E5885 - Паметен дом HUAWEI - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот Mobile WiFi 2 Pro E5885 HUAWEI во PDF формат.

📄 269 страници Македонски MK 💬 AI прашање
Notice HUAWEI Mobile WiFi 2 Pro E5885 - page 220
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : HUAWEI

Модел : Mobile WiFi 2 Pro E5885

Категорија : Паметен дом

Преземете ги упатствата за вашиот Паметен дом во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник Mobile WiFi 2 Pro E5885 - HUAWEI и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. Mobile WiFi 2 Pro E5885 на марката HUAWEI.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК Mobile WiFi 2 Pro E5885 HUAWEI

Ниту еден дел од ова упатство не смее да се репродуцира или пренесува во некаква форма или на некаков начин без претходна писмена согласност од Huawei Technologies Co., Ltd. и подружниците („Huawei“). Производот опишан во ова упатство може да содржи софтвер на Huawei и можните носители на лиценци којшто е заштитен со авторски права. Купувачите никако не смеат да го репродуцираат, дистрибуираат, изменуваат, декомпајлираат, демонтираат, дешифрираат, извлекуваат, расчленуваат, изнајмуваат, доделуваат или подлиценцираат наведениот софтвер, освен ако таквите ограничувања не се забранети со важечките закони или таквите дејства не се одобрени од односните носители на авторските права. Трговски марки и дозволи , и се трговски марки или регистрирани трговски марки на Huawei Technologies Co., Ltd. LTE е трговска марка на ETSI. Wi-Fi

, логото Wi-Fi CERTIFIED и логото Wi-Fi се трговски марки на Wi-Fi Alliance. Другите споменати трговски марки, називи на производи, услуги и трговски друштва може да се во сопственост на нивните односни сопственици.

Некои карактеристики на производот и неговите додатоци опишани овде се потпираат врз инсталираниот софтвер, капацитетот и параметрите на локалната мрежа и затоа може да не се активираат или може да се ограничени од страна на операторите на локалните мрежи или давателите на мрежни

Така, описот тука може да не се совпаѓа целосно со купениот производ или неговите додатоци. Huawei го задржуваат правото да ги изменат или преиначат информациите или спецификациите содржани во ова упатство без претходна најава и без никаква одговорност. 216ОГРАДУВАЊЕ ЦЕЛА СОДРЖИНА ВО ОВА УПАТСТВО Е ДАДЕНА „КАКО ШТО Е“. ОСВЕН КАДЕ ШТО СЕ БАРА СО ПРИМЕНЛИВИТЕ ЗАКОНИ, НИКАКВИ ГАРАНЦИИ, ИЗРЕЧНИ ИЛИ ИМПЛИЦИРАНИ, ВКЛУЧУВАЈЌИ, НО НЕ ОГРАНИЧУВАЈЌИ СЕ НА ИМПЛИЦИРАНИТЕ ГАРАНЦИИ ЗА СОСТОЈБАТА И СООДВЕТНОСТА ЗА КОНКРЕТНА НАМЕНА, НЕ СЕ ДАВААТ ВО ВРСКА СО ТОЧНОСТА, ВЕРОДОСТОЈНОСТА ИЛИ СОДРЖИНАТА НА ОВА УПАТСТВО. КОЛКУ ШТО Е ТОА ДОЗВОЛЕНО СО ПРИМЕНЛИВИТЕ ЗАКОНИ, ВО НИКОЈ СЛУЧАЈ HUAWEI НЕМА ДА БИДАТ ОДГОВОРНИ ЗА НЕКАКВИ ПОСЕБНИ, СЛУЧАЈНИ, ПОСРЕДНИ ИЛИ ИНДИРЕКТНИ ШТЕТИ, ИЛИ ЗАГУБА НА ДОБИВКА, РАБОТА, ПОДАТОЦИ, ГУДВИЛ, ЗАШТЕДИ ИЛИ ПРЕДВИДЕНИ ЗАШТЕДИ БЕЗ РАЗЛИКА ДАЛИ ТАКВИТЕ ЗАГУБИ МОЖЕ ДА СЕ ПРЕДВИДАТ ИЛИ НЕ. НАЈГОЛЕМАТА ОДГОВОРНОСТ (ОВА ОГРАНИЧУВАЊЕ НЕ ВАЖИ ЗА ОДГОВОРНОСТ ЗА ЛИЧНА ПОВРЕДА ОНОЛКУ КОЛКУ ШТО ПРИМЕНЛИВИТЕ ЗАКОНИ ГО ЗАБРАНУВААТ ТАКВОТО ОГРАНИЧУВАЊЕ) НА HUAWEI КОЈАШТО ПРОИЗЛЕГУВА ОД УПОТРЕБАТА НА ПРОИЗВОДОТ ОПИШАН ВО ОВА УПАТСТВО СЕ ОГРАНИЧУВА НА ИЗНОСОТ ПЛАТЕН ОД СТРАНА НА КУПУВАЧОТ ЗА КУПУВАЊЕТО НА ОВОЈ ПРОИЗВОД. Прописи за увоз и извоз Купувачите ќе ги почитуваат сите важечки закони и прописи за извоз или увоз и се одговорни да ги обезбедат сите потребни владини дозволи и лиценци за извоз, повторен извоз или увоз на производот споменат во ова упатство, вклучувајќи ги и софтверот и техничките податоци содржани во него. Политика за приватност За да разберете подобро како ги користиме и ги штитиме вашите лични информации, прочитајте ја Политиката за приватност на https://consumer.huawei.com/privacy-policy. За да разберете како ги користиме и ги заштитуваме вашите лични информации на овој уред, отворете ја страницата за управување преку веб или апликацијата HUAWEI AI Life, пристапете до Изјава за Уреди за мобилен широкопојасен пренос од Huawei и приватност и прочитајте ја нашата политика за приватност. Безбедносни информации Ова поглавје содржи важни информации што се однесуваат на работата на уредот. Содржи и информации за тоа како да го користите уредот безбедно. Прочитајте ги информациите внимателно пред да го користите уредот. 217Електронски уред Не го користете уредот доколку е забрането да се употребува. Не го користете уредот ако неговата употреба предизвикува опасност или пречки на други електронски уреди. Пречки во медицинската опрема

  • Почитувајте ги правилата и прописите што ги утврдуваат болниците и другите објекти за здравствена заштита. Не го користете уредот онаму каде што е забранета неговата
  • Некои безжични уреди може да влијаат врз работата на слушните помагала или пејсмејкерите. Обратете се до давателот на услугата за повеќе информации.
  • Производителите на пејсмејкери препорачуваат да се одржува најмало растојание од 15 см меѓу уредот и пејсмејкерот за да се спречат потенцијални пречки на пејсмејкерот. Ако користите пејсмејкер, користете го уредот од спротивната страна на пејсмејкерот и не го носете уредот во предниот џеб. Области со запалив материјал и експлозиви
  • Не го користете уредот на места каде што се складираат запаливи материјали или експлозиви (на бензиска пумпа, склад за нафта или хемиски погон, на пример). Користењето на уредот во таква средина го зголемува ризикот од експлозија или пожар. Исто така, следете ги упатствата во форма на текст или симболи.
  • Не го чувајте или транспортирајте уредот во контејнери со запаливи течности, гасови или експлозиви. Безбедност во сообраќајот
  • Почитувајте ги локалните закони и прописи кога го користите уредот. За да го намалите ризикот од незгоди, не го користете безжичниот уред додека возите.
  • Концентрирајте се на возењето. Прва одговорност Ви е да возите безбедно.
  • Радиофреквентните сигнали може да влијаат врз електронските системи на моторните возила. За повеќе информации, обратете се кај производителот на возилото.
  • Не го ставајте уредот врз воздушно перниче или во просторот каде се отвора воздушното перниче во моторното возило. Во спротивно, воздушното перниче, доколку се активира, може да Ве повреди.
  • Не го користете уредот додека летате со авион или пред самото качување во авион. Користењето на безжичен уред во авион може да ги попречи безжичните мрежи, да го загрози управувањето со авионот или да е противзаконско. 218Средина за работа
  • Избегнувајте места со прав, влага или нечистотија. Избегнувајте магнетни полиња. Користењето на уредот во таква средина може да предизвика нарушување на струјното
  • Не го користете уредот за време на грмотевици за да го заштитите од секаква штета предизвикана од гром.
  • Идеални температури за работа се 0 °C до 35 °C. Идеални температури за чување се -20 °C до +60 °C. Екстремна топлина или студ може да го оштети уредот или дополнителната опрема.
  • Чувајте го уредот и дополнителната опрема во добро проветрена и студена просторија без директна изложеност на сонце. Не го виткајте или покривајте уредот со крпи или други предмети. Не го поставувајте уредот во предмети што задржуваат топлина, како на пример, кутија или кеса.
  • Не го изложувајте уредот на директна сончева светлина (како на пример, на контролна табла на автомобил) подолг временски период.
  • За да го заштитите уредот или дополнителната опрема од опасност од пожар или електрични шокови, избегнувајте дожд и влага.
  • Чувајте го уредот подалеку од извори на топлина и оган, како што се греалка, микробранова печка, шпорет, бојлер, радијатор или свеќа.
  • Направете пауза во користењето на уредот или апликациите доколку уредот се прегрее. Доколку кожата е изложена на прегреан уред подолг временски период, може да се јават симптоми на изгореници, како што се црвени точки или потемна пигментација.
  • Не ја допирајте антената на уредот. Во спротивно, може да се намали квалитетот на врските.
  • Не дозволувајте деца или домашни миленици да го гризат или шмукаат уредот или дополнителната опрема. Тоа може да предизвика штета или експлозија.
  • Почитувајте ги локалните закони и прописи, како и приватноста и законските права на другите. Безбедност на децата
  • Почитувајте ги сите мерки за претпазливост што се однесуваат на безбедноста на децата. Децата не смеат да си играат со уредот или дополнителната опрема бидејќи тоа може да биде опасно. Уредот содржи ситни делови што може да се одвојат и да предизвикаат опасност од задушување. Да се чува подалеку од дофат на деца. 219• Уредот и дополнителната опрема не се наменети за деца. Секое користење на уредот од страна на деца треба да биде под надзор на возрасно лице. Дополнителна опрема
  • Користењето на неодобрен или некомпатибилен адаптер за напојување, полнач или батерија може да предизвика пожар, експлозија или друга опасност.
  • Избирајте само дополнителна опрема одобрена за употреба за овој модел од страна на производителот на уредот. Користењето на други типови дополнителна опрема може да доведе до поништување на гаранцијата, кршење на локалните прописи и закони, и може да биде опасно. Обратете се кај продавачот за повеќе информации околу достапноста на одобрената дополнителна опрема во Вашиот

Безбедност на полначот

  • За приклучливите уреди, штекерот треба да биде во близина на уредите и да биде лесно достапен.
  • Исклучете ги полначот од штекерот и од уредот кога не го
  • Не го испуштајте полначот и не го изложувајте на удари.
  • Ако кабелот за струја е оштетен (на пр., жиците се гледаат или се прекинати), или приклучокот се разлабави, веднаш престанете да го користите. Продолженото користење може да доведе до електрични шокови, кратки споеви или пожар.
  • Не ги допирајте уредот или полначот со влажни раце. Тоа може да доведе до кратки споеви, дефекти или електрични
  • Ако полначот бил изложен на вода, други течности или преголема влажност, однесете го во овластен сервисен центар на Huawei за проверка.
  • Осигурајте се дека полначот ги исполнува барањата од Клаузула 2.5 во IEC60950-1/EN60950-1/UL60950-1 и е тестиран и одобрен во согласност со националните или локалните
  • Поврзувајте го уредот само со производи со логото USB-IF или производи што се придржуваат до програмата за усогласеност со USB-IF. Безбедност на батеријата
  • Не ги поврзувајте половите на батеријата со проводници, како што се клучеви, накит, или други метални предмети. Тоа може да доведе до краток спој на батеријата и да предизвика повреди или изгореници.
  • Чувајте ја батеријата подалеку од прекумерна топлина и директна сончева светлина. Не ја поставувајте на или во 220уреди за затоплување, како што се микробранови печки, шпорети, или радијатори. Батеријата може да експлодира доколку се прегрее.
  • Не се обидувајте да ја модифицирате или одново да ја составувате батеријата, да вметнувате туѓи предмети во батеријата или да ја потопувате или изложувате на вода или други течности. Тоа може да предизвика пожар, експлозира или други опасности.
  • Во случај на истекување на батеријата, спречете директен контакт на течноста од батеријата со кожата или очите. Доколку течноста од батеријата дојде во контакт со кожата или Ви прсне во очите, веднаш исплакнете ги опфатените области со чиста вода и побарајте медицинска помош.
  • Доколку батеријата ја промени формата, бојата, или се прегрее при полнење или складирање, веднаш запрете со користењето на уредот и отстранете ја батеријата. Продолженото користење може да доведе до истекување на батеријата, пожар или експлозија.
  • Не ги ставајте батериите во оган бидејќи може да експлодираат. Оштетените батерии исто така може да експлодираат.
  • Користените батерии треба да се одложат во согласност со локалните прописи. Несоодветното користење на батериите може да предизвика пожар, експлозија или други опасности.
  • Не дозволуваје деца или домашни миленици да ја гризат или шмукаат батеријата. Тоа може да предизвика штета или експлозија.
  • Не ја кршете или пробивајте батеријата, и не ја изложувајте на висок надворешен притисок. Тоа може да предизвика краток спој или прегревање.
  • Не го испуштајте уредот или батеријата. Испуштањето на уредот или батеријата, особено на цврста површина, може да
  • Доколку времето на мирување на уредот значително се намали, заменете ја батеријата.
  • Кога уредот има вградена батерија што не може да се отстрани, не обидувајте се да ја отстраните батеријата, затоа што така може да го оштетите уредот. За да ја замените батеријата, однесете го уредот во овластен сервисен центар на Huawei. Чистење и одржување
  • Уредот и дополнителната опрема да се чуваат суви. Не го сушете уредот со надворешен извор на топлина, како што е микробранова печка или фен за коса.
  • Не го изложувајте уредот или дополнителната опрема на екстремна топлина или студ. Таквата средина може да го 221попречи правилното функционирање и може да доведе до пожар или експлозија.
  • Заштитете го уредот од удари што може да предизвикаат дефекти, прегревање, пожар или експлозија.
  • Пред да започнете со чистење или одржување на уредот, запрете со негова употреба, запрете ги сите апликации и исклучете ги сите кабли поврзани на него.
  • Не користете хемиски детергенти, прашок или други хемиски средства (како алкохол и бензен) за чистење на уредот или дополнителната опрема. Таквите супстанции може да ги оштетат деловите или да предизвикаат опасност од пожар. Користете чиста, мека и сува крпа за да го исчистите уредот и дополнителната опрема.
  • Не оставајте картички со магнетна лента, како што се кредитни или телефонски картички, во близина на уредот подолг временски период. Во спротивно, картичките со магнетната лента може да се оштетат.
  • Не расклопувајте ги и не составувајте ги повторно уредот и додатоците. Со тоа се поништува гаранцијата и производителот се ослободува од одговорност за штетата. Во случај на штета, контактирајте со овластен сервисен центар на Huawei за да добиете помош и поправка. Информации за одложување и рециклирање Симболот со прецртана канта за ѓубре со тркала на производот, батеријата, литературата или амбалажата ве потсетува дека сите електронски производи и батерии мора да се однесат во посебни места за собирање отпад по крајот на нивните работни векови. Тие не смеат да се фрлаат во нормалниот отпад со ѓубрето од домаќинствата. Корисникот е одговорен да ја фрли опремата на соодветно место или кај служба за собирање за посебно рециклирање на отпадната електрична и електронска опрема (WEEE) и батерии според локалните закони. Правилното собирање и рециклирање на опремата помага да се обезбеди дека отпадот од електричната и електронската опрема се рециклира на начин што ги заштитува вредните материјали и го заштитува здравјето на луѓето и околината. Неправилното ракување, случајното кршење, оштетување и/или неправилното рециклирање на крајот од работниот век може да биде штетно за здравјето и околината. За повеќе информации за тоа каде и како да го фрлате отпадот од електричната и електронската 222опрема, контактирајте со локалните власти, продавачот или службата за фрлање на отпадот од домаќинствата или посетете ја веб-локацијата https://consumer.huawei.com/en/. Намалување на штетни супстанции Уредот и сите електронски додатоци се во согласност со применливите локални правила за ограничување на употребата на одредени штетни супстанции во електрична и електронска опрема, како што се прописите EU REACH, RoHS и Батерии (каде што се вклучени) и др. За изјави за сообразност за REACH и RoHS, посетете ја нашата веб-локација https:// consumer.huawei.com/certication. Усогласеност со прописите на ЕУ Барања за изложеност на радиофрекенции Важни безбедносни информации во однос на изложеноста на радијација од радиофревенции (RF): Упатствата за изложеност на радиофреквенции бараат уредот да се користи на најмала оддалеченост од 0.5 см од човековото тело. Непочитувањето на овие упатства може да доведе до надминување на ограничувањата за изложеност на радиофреквенции. Информации за сертификатот (SAR) Овој уред ги исполнува упатствата за изложување на радиобранови. Уредот е радио-примопредавател со мала моќност. Како што е препорачано со меѓународните упатства, уредот е конструиран така што не ги надминува ограничувањата за изложеност на радиобранови. Овие упатства се изготвени од Меѓународната комисија за заштита од нејонизирачки зрачења (ICNIRP), независна научна организација, и вклучуваат безбедносни мерки составени за да осигураат безбедност за сите корисници, без оглед на возраста и здравјето. Специфичната стапка на апсорпција (SAR) е единица мерка за количеството радиофреквентна енергија што ја апсорбира телото кога користи некој уред. Вредноста на SAR се одредува на највисокото одобрено ниво на моќност во лабораториски услови, но вистинското ниво на SAR на уредот додека работи може да е многу пониско од таа вредност. Причината за ова е тоа што уредот е конструиран да ја користи најмалата моќност потребна за комуникација со мрежата. Ограничувањето на SAR усвоен во Европа е 2.0 W/kg во просек на 10 грама ткиво, а највисоката вредност на SAR на овој уред е во согласност со тоа ограничување.

Ние, Huawei Technologies Co., Ltd., изјавуваме дека овој уред E5785-320 е во согласност со неопходните барања и другите релевантни одредби од Директивата 2014/53/ЕУ. 223Најновата и важечка верзија на ИС (Изјава за сообразност) може да се види на https://consumer.huawei.com/certication. Овој уред може да се користи во сите земји-членки на ЕУ. Почитувајте ги националните и локалните прописи каде што се користи уредот. Овој уред може да биде ограничен за употреба, во зависност од локалната мрежа. Ограничувања во опсегот од 5 GHz: Фреквентниот опсег од 5150 до 5350 MHz е ограничен на употреба во затворен простор во следниве земји: AT, BE, BG, CH, CY, CZ, DE, DK, EE, EL, ES, FI, FR, HR, HU, IE, IS, IT, LI, LT, LU, LV, MT, NL, NO, PL, PT, RO, SE, SI, SK, TR, UK(NI). Фреквенциски опсези и моќност (a) Фреквенциски опсези на работење на радио опремата: Некои опсези може да не се достапни во сите земји или сите области. Контактирајте со локалниот оператор за подетални информации. (б) Максимална радио-фреквенциска моќност емитувана во фреквенциските опсези во кои работи радио опремата: Максималната моќност за сите опсези е помала од највисоката гранична вредност наведена во соодветниот Хармонизиран

Номиналните ограничувања на фреквенциските опсези и емитувачката енергија (зрачена и/или емитувана) применливи за оваа радио опрема се како што следи: GSM900:35.5dBm, GSM1800:32.5dBm, WCDMA900/2100:25.7dBm, LTE Band 1/3/7/8/20/28/38: 25.7dBm, LTE Band42: 26dBm, Wi-Fi 2.4G:20dBm, Wi-Fi 5G: 5150-5350MHz: 23dBm, 5470-5725MHz: 30dBm. Додатоци и Информации за софтверот Некои додатоци се изборни во одредени земји или региони. Изборните додатоци може да се купат од лиценциран снабдувач, според потребите. Се препорачуваат следниве