MILWAUKEE M12 CH - приклучок

M12 CH - приклучок MILWAUKEE - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот M12 CH MILWAUKEE во PDF формат.

📄 96 страници Македонски MK 💬 AI прашање ⚙️ Спецификации
Notice MILWAUKEE M12 CH - page 87
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : MILWAUKEE

Модел : M12 CH

Категорија : приклучок

SKIP

Frequently Asked Questions - M12 CH MILWAUKEE

Преземете ги упатствата за вашиот приклучок во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник M12 CH - MILWAUKEE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. M12 CH на марката MILWAUKEE.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК M12 CH MILWAUKEE

Mak ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Прочитајте ги сите безбедносни упатства и инструкции. Заборавање на почитувањето на безбедносните упатства и инструкции можат да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за во иднина. БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА РОТИРАЧКИ ЧЕКАН Носете штитник за уши. Влијанието на бука може да предизвика губење на сетилото за слух. Користете помошни рачки кои доаѓаат заедно со алатот. Губењето контрола може да предизвика повреда. Држете го електричниот алат за издадените површини при изведување на операции при кои алатот за сечење можат да дојдат во контакт со скриени жици. Контакт со жица под напон исто така ќе направи проводници од металните делови и оној кој ракува со алатот ќе доживее струен удар. Останати безбедносни и работни упатства Употребувајте заштитна опрема. При работа со машината постојано носете заштитни очила. Се препорачува заштитна облека како: маска за заштита од прашина, заштитни ракавици, цврсти чевли што не се лизгаат, кацига и заштита за уши. Прашината која се крева при работа со овој алат може да биде штетна по здравјето и затоа не го изложувајте го телото. Користете систем за апсорпција на прашината и носете соодветна заштитна маска. Одстранете ја целосно наталожената прашина пр: со правосмукалка. Не смеат да бидат обработувани материјали кои што можат да го загрозат здравјето (на пр. азбест). Кога работите на ѕидови, таван или под внимавајте да ги избегнете електричните, гасните и водоводни инсталации. Обезбедете го предметот кој што го обработувате со направа за напон. Необезбедени парчиња кои што се обработуваат можат да предизвикаат тешки повреди и оштетувања. ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ Бормашина-чекан на батерии M12 CH Производен број 4414 76 03... ... 000001-999999 Капацитет на дупчење во бетон 13 mm Капацитет на дупчење во челик 10 mm Капацитет на дупчење во дрво 13 mm Брзина без оптоварување 0 - 900 min

Јачина на удар под оптоварување макс. 0 - 6575 min

Единствена ударна сила според ЕПТА-процедурата 05/2009 1,1 J Дијаметар на вратот на врв. 43 mm Волтажа на батеријата 12 V Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2003 (Li-lon 2,0 Ah / Li-lon 4,0 Ah) 1,7 / 1,9 kg Информации за бучавата Измерените вредности се одредени согласно стандардот EN 60745. A-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува: Ниво на звучен притисок. (Несигурност K=3dB(A)) Ниво на јачина на звук. (Несигурност K=3dB(A)) 84,5 dB (A) 95,5 dB (A) Носте штитник за уши. Информации за вибрации Вкупни вибрациски вредности (векторски збир на трите насоки) пресметани согласно EN 60745. Вибрациска емисиона вредност a h, HD Бушење во бетон со ударна дупчалка Несигурност К 4,4 m/s

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Нивото на осцилација наведено во овие инструкции е измерено во согласност со мерните постапки нормирани во EN 60745 и може да биде употребено за меѓусебна споредба на електро-алати. Ова ниво може да се употреби и за привремена проценка на оптоварувањето на осцилацијата. Наведеното ниво на осцилација ги репрезентира главните намени на електро-алатот. Но, доколку електро-алатот се употребува за други намени, со отстапувачки додатоци или со несоодветно одржување, нивото на осцилација може да отстапи. Тоа може значително да го зголеми оптоварувањето на осцилацијата за време на целиот работен период. За прецизна проценка на оптоварувањето на осцилацијата предвид треба да бидат земени и времињата, во коишто апаратот е исклучен или работи, но фактички не се употребува. Тоа може значително да го намали оптоварувањето на осцилацијата за време на целиот работен период Утврдете дополнителни безбедносни мерки за заштита на операторот од влијанието на осцилациите, како на пример: одржување на електро-алатот и на додатоци кон електро-алатот, одржување топли раце, организација на работните процеси.84 Mak

Доколку употребуваното орудие се блокира, молиме веднаш да се исклучи апаратот! Не го вклучувајте апаратот повторно додека употребуваното орудие е блокирано; притоа би можело да дојде до повратен удар со висок момент на реакција. Испитајте и отстранете ја причината за блокирањето на употребеното орудие имајќи ги во предвид напомените за безбедност. Можни причини за тоа може да бидат следните:

  • Закантување во парчето кое што се обработува
  • кршење на материјалот што се обработува
  • Преоптоварување на електричното орудие Не фаќајте во машината кога работи. Употребеното орудие за време на примената може да стане многу жешко. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Опасност од изгоретини
  • при менување на орудието
  • при ставање на апаратот на страна Прашината и струготините не смеат да се одстрануваат додека е машината работи. Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да е зафат врз машината. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! За да избегнете опасноста од пожар, од наранувања или од оштетување на производот, коишто ги создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката, заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и во батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или електроспроводливи течности, како солена вода, одредени хемикалии, избелувачки препарати или производи кои содржат избелувачки супстанции, можат да предизвикаат краток спој. Користете исклучиво Систем M18 за полнење на батерии од M18 систем. Не користете батерии од друг систем. Не ги отворајте насилно батериите и полначите, и чувајте ги само на суво место. Чувајте ги постојано суви.

Температура повисока од 50оС (122оФ) го намалуваат траењето на батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите на високи температури или сонце (ризик од прегревање). Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти. За оптимален работен век батериите мора да се наполнат целосно по употреба. За можно подолг век на траење, апаратите после нивното полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на

Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена: Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и не горете ги. Дистрибутерите на Милвоки ги собираат старите батерии, со што ја штитат нашата околина. Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од краток спој). Метални парчиња не смеат да навлезат во делот за полнење на батерија (ризик од краток спој). Киселината од оштетените батериите може да истече при екстремен напон или температури. Доколку дојдете во контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и задолжително одете на лекар. СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА Вртливиот пневматски чекан може да биде употребен за дупчење и дупчење во дрво, метал како и пластика при независна употреба далеку од главното напојување. ТРАНСПОРТ НА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за транспорт на опасни материи. Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно локалните, националните и меѓународните прописи и одредби. Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен транспорт на истите. Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно обучени лица. Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван. При транспортот на батерии треба да се внимава на следното: Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето тоа со цел да се избегнат кратки споеви. Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во нивната амбалажа. Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски батерии. За понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско претпријатие.

Вентилациските отвори на машината мора да бидат комплетно отворени постојано. Важна забелешка! Доколку карбонските четкички се истрошени, со цел истите да бидат заменети алатот треба да биде пратен во постпродажниот центар. Ова ќе обезбеди долг употребен век и највисоки перформанси. Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на адреси). Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и типот на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја скицата кај локалниот застапник или директно кај: Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße10, 71364Winnenden, Germany.85

Mak ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ Под целосна лична одговорност изјавуваме дека производот опишан во „Технички податоци“ е во сообразност со сите релевантни прописи од директивите 2011/65/EU (RoHS) 2006/42/EC 2014/30/EU и дека се применети следните хармонизирани стандарди EN 60745-1:2009 + A11:2010 EN 60745-2-6:2010 EN 55014-1:2006 + A1:2009 + A2:2011 EN 55014-2:2015 EN 50581:2012 Winnenden, 2017-11-30 Alexander Krug / Managing Director Ополномоштен за составување на техничката документација. Techtronic Industries GmbH Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany

Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете внимание на упатствата за употреба. ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ! Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да е зафат врз машината. Дополнителна опрема - Не е вклучена во стандардната, а достапна е како додаток. Електричните апарати и батериите што се полнат не смеат да се фрлат заедно со домашниот отпад. Електричните апарати и батериите треба да се собираат одделно и да се однесат во соодветниот погон заради нивно фрлање во склад со начелата за заштита на околината. Информирајте се кај Вашите местни служби или кај специјализираниот трговски претставник, каде има такви погони за рециклажа и собирни станици.