PRA 10 8 LI - Радио BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот PRA 10 8 LI BOSCH во PDF формат.
| Марка | Bosch |
| Модел | PRA 10 8 LI |
| Тип | Радио преносно |
| Напојување | Мрежен адаптер 12 V (100–240 V~, 50/60 Hz) или литиум-јонски акумулатор 10,8 V |
| Препорачан акумулатор | Bosch PBA 10,8 V... |
| Препорачан полнач | Bosch AL 11.. CV |
| Резервни батерии | 2 × 1,5 V тип LR03/AAA |
| Фреквенциски опсег FM (УКБ) | 87,5 – 108 MHz |
| Фреквенциски опсег AM (СБ) | 531 – 1602 kHz |
| Номинална моќност на засилувач | 2 × 5 W (на мрежен адаптер) |
| Тежина (според EPTA 01:2014) | 1,7 kg |
| Работен температурен опсег | -10 °C до +40 °C |
| Температурен опсег при полнење | 0 °C до +45 °C |
| Температурен опсег при складирање | -20 °C до +50 °C |
| Вграден еквилајзер | Да, рачно подесување на ниски и високи тонови (-5 до +5) |
| Меморирање на станици | 5 FM + 5 AM, преку копчиња за меморирање |
| Помошно аудио влез | AUX IN приклучок 3,5 mm |
| 12V излез (за додатоци) | 12V приклучна кутија |
| Функција за исклучување на звук (Mute) | Да |
| Антена | Телескопска прачка антена |
| Приказ | Позадински осветлен екран со индикатор за полнење на батеријата |
| Чистење | Мека влажна крпа, без растворувачи или детергенти |
| Степен на заштита | Неспецифицирано (сува внатрешна употреба) |
Често поставувани прашања - PRA 10 8 LI BOSCH
Прашања на корисниците за PRA 10 8 LI BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Радио во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник PRA 10 8 LI - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. PRA 10 8 LI на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК PRA 10 8 LI BOSCH
Безбедносни напомени

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите напомени и упатства за
безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење за во иднина.
Поимот „Радио“ што се користи во безбедносните напомени се однесува на електрични радија (со мрежен напојувач) и на батериски радија (без мрежен напојувач).
Работниот простор секогаш нека биде чист и добро осветлен. Неуредниот или неосветлен работен простор може да доведе до несреќи. ▶ Мрежниот приклучок на напојувачот мора да одговара на приклучницата. Приклучокот во никој случај не смее да се менува. Не употребувајте прекинувач со адаптер заедно со радијата. Неменувањето на прекинувачот и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од електричен удар. ▶ Не го користете кабелот на мрежниот напојувач за друга намена, за да го носите радиото, за да го закачите или да го извлечете приклучокот од приклучницата. Држете го кабелот понастрана од топлина, масло, остри рабови или подвижните компоненти на уредот. Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за електричен удар. ► Целосно одвиткајте го приклучниот кабел на мрежниот напојувач, доколку го користите радиото со мрежен приклучок. Инаку приклучниот кабел може да се загрее. ▶ Мрежниот приклучок треба да биде достапен за извлекување во било кое време. Мрежниот приклучок претставува единствена можност да го исклучите радиото од струјната мрежа.

Радиото и мрежниот напојувач држете ги подалеку од дожд или влага. Навлегувањето на вода во радиото или мрежниот напојувач го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ Одржувајте ја чистотата на радиото и мрежниот напојувач. Доколку се извалка, постои опасност од електричен удар. ▶ Пред секое користење, проверете го радиото, мрежниот напојувач, кабелот и приклучокот. Не го користете радиото, доколку забележите оштетувања. Не ги отворајте сами радиото и мрежниот напојувач и оставете го на поправка кај квалификуван стручен персонал кој ќе користи само оригинални резервни делови. Оштетените радија, мрежни напојувачи, кабел и приклучок го зголемуваат ризикот за електричен удар.






▶ Ова радио не е предвидено за користење од страна на деца и лица со намалени психички, физички или ментални способности или недоволно искусство и знаење. Ова радио може да го користат деца над 8 години како и лица со намалени физички, сензорни и ментални способности или недоволно искусство и знаење, доколку се под надзор од лица одговорни за нивната безбедност или се подучени за безбедно ракување со радиото и ги разбираат опасностите кои може да произлезат поради тоа. Инаку постои опасност од погрешна употреба и повреди. ▶ За време на користењето, чистењето и одржувањето надгледувајте ги децата. Така ќе се осигурате дека децата нема да си играат со радиото. ▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од трајно изложување на сончеви зраци, оган, вода или влага. Постои опасност од експлозија.
Кога не ја користите батеријата, чувајте ја понастрана од парички, спојувалки, клучеви, шајки, завртки и други метални предмети што можат да направат спој од едниот до другиот пол. Краток спој меѓу двата пола може да предизвика пожар или изгореници. ▶ При погрешно користење, може да истече течноста од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници. ▶ Доколку се оштети батеријата или не се користи правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта. ▶ Батериите полнете ги само со полначи кои се препорачани од производителите. Доколку полначот кој е прилагоден на еден соодветен вид батерии, го користите со други батерии, постои опасност од пожар. ▶ Користете батерии кои се соодветни на Вашиот производ од Bosch. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување. ▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира или да се прегрее. ▶ Прочитајте ги и внимавајте на безбедносните и работните напомени во упатството за користење на уредите коишто ги приклучувате на радиото.
Опис на производот и моќноста

Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат на непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на радиото на графичката страница.
1 Рачка за носење 2 Звучник 3 Копче за вклучување-исклучување 4 Копче за рачно подесување на бојата на звукот „Equalizer“ 5 Копче за намалување на гласноста/бас/висок тон „Vol -“ 6 Копче за зголемување на гласноста/бас/висок тон „Vol +“ 7 Стапчеста антена 8 Екран 9 Копчиња за зачувување на програмата
10 Копче за подесување на времето 11 Копче за пребарување наназад 12 Копче за пребарување нанапред ▶▶ 13 Копче за исклучување на звукот „Mute“ 14 Копче за избор на аудио извор „Source“ 15 Батерија* 16 Копче за отклучување на батеријата 17 Преграда за батеријата 18 Завртка за поклопецот од преградата за батерии 19 Поклопец на преградата за батеријата 20 Поклопец за преградата за складирање 21 Лост за заклучување на преградата за складирање 22 „AUX IN“-отвор 23 12-V-приклучен конектор 24 Мрежен напојувач 25 Приклучок за уредот 26 AUX-кабел
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Елементи на приказот
а Приказ на радио фреквенција b Приказ за наполнетоста на батеријата с Приказ на стерео прием d Приказ за исклучување на звукот e Мултифункционален приказ f Приказ на аудио извор








Македонски | 123
Технички податоци Преносливо радио PRA 10,8 LI
| Број на дел/артикл | 3 603 JB1 0.. | |
| Батерии за резервно напојување | 2 x 1,5 V (LR03/AAA) | |
| Акумулатор | V 10,8 | |
| Тежина согласно | ||
| EPTA-Procedure 01:2014 | кг 1,7 | |
| дозволена температура на околината | ||
| – при полнење | °C | 0...+45 |
| – при режим на работа* | °C | -10...+40 |
| – при склади рање | °C | -20...+50 |
| Препорачани батерии | PBA 10,8 V ... | |
| Препорачани полначи | AL 11.. CV | |
| Аудио режим/радио | ||
| Работен напон | ||
| – при режим на работа со мрежен напојувач | V | 12 |
| – при работа со батерии | V | 10,8 |
| Номинална јачина на зајакнувачот (при режим на работа со мрежен напојувач) | ||
| 2 x 5 W | ||
| Приемно поле | ||
| – UKW | MHz | 87,5-108 |
| – MW | kHz | 531-1602 |
* ограничена јачина при температури < 0 °C Техничките податоци се на испорачаната батерија.
Мрежен напојувач Број на дел/артикл 1 600 A00 0..
| Влезен напон | V~ 100-240 | |
| Фреквенција | Hz 50/60 | |
| Влезна струја | мА | 5 |
| Излезен напон | V= | 12 |
| Излезна струја | мА | 1500 |
| Тежина согласноEPTA-Procedure 01:2014 | кг 0,2 | |
| Класа на заштита | ☐ /II | |
Монтажа
Снабдување на радиото со енергија
Снабдувањето на радиото со енергија може да се изврши со мрежниот напојувач 24 или преку литиум-јонска батерија 15.
Работа со батерија
Напомена: Користењето на батерии несоодветни за радиото може да доведе до погрешно функционирање или до оштетување на истото.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во Технички податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашето радио.
Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот рок на употреба.
Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.
Ставете ја батеријата во отворот 17 така што приклучоците на батеријата ќе лежат на приклучоците во отворот за батерија 17 и вклопете ја батеријата во отворот.
Приказот за наполнетост на батеријата b се појавува на екранот, штом се стави батерија со доволен напон и радиото се поврзе со струјна мрежа, но не преку мрежниот напојувач 24.
Состојбата на наполнетост на батеријата b го покажува моменталниот статус на батеријата. Доколку приказот за состојбата на наполнетост на батеријата трепка, батеријата мора да се наполни.
| Приказ | Капацитет |
| ≥ 2/3 | |
| ≥ 1/3 | |
| < 1/3 | |
| Резерва | |
| Празен акумулатор |
За вадење на батеријата 15 притиснете ги копчињата за отклучување 16 на батеријата и извлечете ја од преградата за батерии 17.
Режим на работа со мрежен напојувач
▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја за мрежниот напојувач мора да одговара на податоците на спецификационата плочка на мрежниот напојувач.
Отворете го заштитното капаче на 12-V-приклучниот конектор 23. Ставете го приклучокот на уредот 25 на 12-V-мрежен напојувач во приклучниот конектор 23. Приклучете го мрежниот напојувач на струјната мрежа.
▶ Користете исклучиво оригинален мрежен напојувач од Bosch, којшто е наменет за Вашето радио. Само на тој начин ќе биде овозможена беспрекорна работа на радиото.
Заради заштита од нечистотии повторно приклучете го заштитното капаче на 12-V-приклучниот конектор 23, доколку сте го извадиле приклучокот на уредот.
Мрежниот напојувач 24 може да се чува во преградата за складирање на радиото доколку не го употребувате. Потоа отворете го лостот за заклучување 21 и отворете го поклопецот 20 на преградата за складирање.
Ставање/менување на батериите за резервно напојување
За да може да го меморирате времето на часовникот на радиото, мора да се стават батерии за резервно напојување. Притоа се препорачува користење на алкално-мангански батерии.
За да го отворите поклопецот од преградата за батерии, олабавете ја завртката 18 и извадете го поклопецот од преградата за батерии 19. Ставете ги батериите за резервно напојување. Притоа внимавајте на половите во согласност со приказот на надворешната страна на поклопецот на преградата за батерии.
Повторно ставете го поклопецот на преградата за батерии 19 и прицврстете го со завртката 18.
Заменете ги батериите за резервно напојување, доколку приказот стане послаб и времето на часовникот на радиото не може да се меморира.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.
Извадете ги резервните батерии од радиото доколку не сте го користеле подолг период. Доколку се подолго време складирани, резервните батерии може да кородираат и да се испразнат.
Употреба
▶ Заштитете го радиото од влага и директно изложување на сончеви зраци. Радиото смее да се употребува само во суви внатрешни простории.
Аудио режим
Вклучување/исклучување
За вклучување на радиото притиснете на копчето за вклучување-исклучување 3. Екранот ќе се активира 8 и ќе го пушти аудио изворот поставен при последното исклучување на радиото.
Напомена: За време на првата употреба со акумулатор или по подолг период на неупотребување на радиото, можно е да треба повеќе пати или подолго да го притиснете копчето за вклучување-исклучување 3 за да го вклучите уредот.
Екранот 8 ќе се осветли неколку секунди при секое притискање на копчето.
За исклучување на радиото одново притиснете на копчето за вклучување-исклучување 3. Ќе се зачува моменталната поставка на аудио изворот.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го радиото само доколку го користите.
Подесување на гласноста
По вклучувањето на радиото секогаш се поставува средна јачина на звукот (вредност 10).
За зголемување на јачината на звукот притиснете го копчето „Vol +“ 6, а за намалување на јачината на звукот притиснете го копчето „Vol -“ 5. Подесувањето на јачината на звукот „VL“ се прикажува со вредност помеѓу 0 и 20 неколку секунди на екранот.
Пред подесувањето или менувањето на радио станицата, поставете ја јачината на звукот на пониска вредност, а пред стартување на надворешен аудио извор на средна вредност.
За исклучување на звукот, притиснете го копчето „Mute“ 13. За повторно вклучување на звукот, притиснете повторно на копчето „Mute“ 13 или на едно од копчињата за јачина на звукот „Vol +“ 6 или „Vol -“ 5.
Подесување на бојата на звукот
За оптимална репродукција на звукот, радиото има вграден еквилајзер.
За рачно менување на нивото на бас, притиснете еднаш на копчето „Equalizer“ 4. На екранот се прикажуваат „ВА“ и зачуваната вредност на нивото на басот. За нивото на високите тонови, повторно притиснете го копчето „Equalizer“ 4, на екранот се прикажуваат „TR“ и зачуваните вредности на нивото на високите тонови.
Нивото на бас или високи тонови може да се промени во граници од –5 до +5. За зголемување на прикажаната вредност, притиснете го копчето „Vol+“ 6, а за намалување притиснете го копчето „Vol-“ 5. Променетите вредности автоматски ќе се зачуваат ако екранот се врати на приказ на времето неколку секунди по последното притискање на копчето.
Избирање на аудио извор
За избор на аудио извор, притискајте го копчето „Source“ 14 додека на екранот не се појави приказот f за саканиот внатрешен аудио извор (видете „Подесување/зачувување на радио станицата“, страна 124) или надворешен аудио извор (видете „Приклучување на надворешни аудио извори“, страна 125):
Подесување на стапчестата антена
Радиото се испорачува со монтирана стапчеста антена 7. За време на работата на радиото, свртете ја антената во правецот што овозможува најдобар прием.
Доколку нема добар прием, поставете го радиото на место со подобар прием.
Напомена: При работа на радиото во непосредна близина на радио инсталации, радио уреди или други електронски уреди може да дојде до попречување на радио приемот.
Подесување/зачувување на радио станица
Притискајте на копчето за избор на аудио извор „Source“ 14, додека на приказот не се појави „FM“ за приемното поле ултра кратки бранови (UKW) одн. „AM“ за приемното поле среди бранови (MW).
За подесување на одредена радио фреквенција притиснете на копчето за пребарување нанапред ▶▶12, за да ја зголемите фреквенцијата, одн. копчето за пребарување наназад ▶◀11, за да ја намалите фреквенцијата.
Моменталната фреквенција се појавува на приказот на екранот.







За пребарување на радио станици со висока јачина на сигналот притиснете на копчето за пребарување нанапред
12 одн. копчето за пребарување наназад|<<11 и држете го кратко притиснато. Фреквенцијата на пронајдената радио станица се појавува на приказот на екранот.
При доволно јак прием на соодветен сигнал радиото автоматски се префрла на стерео прием. На екранот се појавува приказот за стерео прием с.
За зачувување на подесената станица притиснете на едно од копчињата за зачувување на програмата 9 3 с. Штом на приказот се појават „PR“ како и бројот на избраното копче за зачувување на програмата, станицата е зачувана.
Можете да зачувате 5 UKW-станици и 5 MW-станици. Внимавајте, веќе зафатеното место за зачувување ќе се замени со ново поставената радио станица доколку одново изберете.
За репродукција на зачуваната станица притиснете кратко на соодветното копче за зачувување на програмата 9. На приказот неколку секунди се појавуваат „PR“ како и бројот на зачуваната програма.
Приклучување на надворешни аудио извори
Покрај вграденото радио може да се репродуцираат различни надворешни аудио извори.
Извадете го заштитното капаче на „AUX IN“-отворот 22.
Ставете го аголниот 3,5-мм-приклучок на AUX-кабелот 26 во отворот (погледни ја сликата на графичката страница). Приклучете го другиот приклучок на AUX-кабелот на соодветен аудио извор.
За репродукција на приклучениот аудио извор, притискајте на копчето за избор на аудио извор „Source“ 14, додека на приказот на екранот не се појави „AUX“.
Заради заштита од нечистотии повторно ставете го заштитното капаче на „AUX IN“-отворот 22, откако ќе го извадите приклучокот на AUX-кабелот.
Приказ на време
Радиото располага со приказ на време со одделно напојување со енергија. Доколку во преградата се ставени резервни батерии со доволен капацитет (види „Ставање/менување на батериите за резервно напојување“,
страна 124), времето може да се зачува, дури и доколку радиото е исклучено од напојувањето со енергија преку батерија или мрежен напојувач.
Подесување на времето на часовникот
- За да го подесите времето на часовникот притискајте на копчето за подесување на времето ⏻10, додека бројот на часови не започне да трепка на приказот e.
- Притискајте на копчето за пребарување нанапред ▶▶12 одн. копчето за пребарување наназад ◀◀ 11, додека не се прикаже точниот број на часови.
- Одново притиснете на копчето ⏻ 10, така што бројот на минути ќе почне да трепка на приказот e.
- Притискајте на копчето за пребарување нанапред ▶▶12 одн. копчето за пребарување наназад ◀◀11, додека не се прикаже точниот број на минути.
- Притиснете на копчето ⏻ 10 по трет пат, за да го зачувате времето на часовникот.
Напомени за оптимално користење на батериите
Заштитете ја батеријата од влага и вода.
Складирајте ја батеријата во граници на температура од -20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот летно време.
Новата батерија или батеријата што не е употребувана подолго време, полната јачина ја достигнува по околу 5 циклуси на полнење и празнење.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Дефект - Причини и помош
Причина Помош Радиото не функционира
| Нема напојување со енергија | Ставете го мрежниот напојувач и приклучокот на уредот одн. наполнетиот акумулатор (целосно) |
| Радиото е премногу топло одн. ладно | Почекајте додека радиото не ја постигне работната температура |
Радиото не функционира при мрежно работење
| Мрежниот напојувач или прилучниот кабел е дефектен | Проверете ги мрежниот напојувач и прилучниот кабел и доколку е потребно заменете ги |
| Ставен е погрешен мрежен напојувач | Користете оригинален Bosch мрежен напојувач (на располагање и како резервен дел) |
| Контактите на батеријата се извалкани | Исчистете ги контактите на батеријата; на пр. повеće пати вметнете ја и извадете ја батеријата, ев. заменете ја |
| Дефектна батерија | Менување на батеријата |
| Акумулаторот е премногу топол одн. ладен | Почекајте додека батеријата не ја достигне работната температура |
Радиото ненадејно откажува
| Мрежниот напојувач одн.акумулаторот не се правил-но одн. целосно вметнати | Ставете го правилно и целосно мрежниот напојувачодн. акумулаторот |
Лош радио прием
| Пречки од други уреди или неповолно место на поставување | Поставете го радиото на друго место со подобар прием одн. на поголемо растојание од другите електронски уреди |








126 | Српски
Причина Помош Пречки во приказот на времето
| Резервните батерии за часовникот се празни | Заменете ги резервните батерии |
| Резервните батерии се ставени со погрешен поларитет | Ставете ги резервните батерии со правилен поларитет |
Доколку со наведените помошни мерки не успеете да ја отстраните пречката, контактирајте ја овластената сервисна служба на Bosch.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Одржувајте ја чистотата на радиото, за да може истото добро и сигурно да работи.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење или раствори.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлозивен цртеж и информации за резервни делови ќе најдете на:
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Македонија
Д.Д.Електрис
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата.
Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување

Радијата, мрежните напојувачи, акумулаторот/батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не ги фрлајте радијата, мрежните напојувачи и акумулаторите/батериите во домашната канта за губре!
Само за земји во рамки на ЕУ

Според европската регулатива 2012/19/EU, електричните уреди што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Батерии:

Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во дел „Транспорт“, страна 126.
Се задржува правото на промена.
Српски
Упатства за безбедност

УПОЗОРЕЊЕ Прочитајте ги сите предупредувања и упатства. Пропустите во нивното почитување
Napomena za sigurnost i uputstva mogu da prouzrokuju električni udar, požar i/ili teške povrede.