GST 10.8V Li BOSCH

GST 10.8V Li - Пила BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GST 10.8V Li BOSCH во PDF формат.

Page 175
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GST 10.8V Li

Категорија : Пила

Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GST 10.8V Li - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GST 10.8V Li на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GST 10.8V Li BOSCH

Македонски Страница 172

Безбедносни напомени

Општи предупредувања за безбедност за

Прочитајте ги сите безбедносни

предупредувања, илустрации и

спецификации приложени со

овој електричен алат. Непридржувањето до сите

упатства приложени подолу може да доведе до струен

удар, пожар и/или тешки повреди.

Зачувајте ги безбедносните предупредувања и

упатства за користење и за во иднина.

Поимот „електричен алат“ во безбедносните

предупредувања се однесува на електрични апарати што

користат струја (кабелски) или апарати што користат

батерии (акумулаторски).

Безбедност на работниот простор u Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да

доведат до несреќа. u Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи

течности, гасови или прашина. Електричните алати

создаваат искри коишто може да ја запалат прашината

или гасовите. u Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може

да предизвика да изгубите контрола.

Електрична безбедност u Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го

менувајте приклучокот. Не користите приклучни

адаптери со заземјените електрични алати.

Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници

го намалуваат ризикот од струен удар. u Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори,

метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик

од струен удар ако вашето тело е заземјено. u Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат,

ќе се зголеми ризикот од струен удар. u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или

исклучување од струја на електричниот алат.

Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри

ивици или подвижни делови. Оштетени или

заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен

удар. u При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за

надворешна употреба. Користењето на кабел

соодветен за надворешна употреба го намалува

ризикот од струен удар. u Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална

струја (RCD). Користењето на RCD го намалува

ризикот од струен удар.

Лична безбедност u Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не

користете електричен алат ако сте уморни или под

дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент 1 609 92A 4TB | (28.03.2019) Bosch Power ToolsМакедонски | 173

на невнимание додека работите со електричните алати

може да доведе до сериозна лична повреда.

u Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете

заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр.,

маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се

лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат

за соодветни услови, ќе доведат до намалување на

u Спречете ненамерно активирање. Проверете дали

прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во

струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете

или носите алатот. Носење на електричните алати со

прстот позициониран на прекинувачот или

вклучување во струја на електричните алати чијшто

прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа.

u Отстранете каков било клуч за регулирање или

француски клуч пред да го вклучите електричниот

алат. Француски клуч или клуч прикачен за

ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе

u Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано

одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова

овозможува подобра контрола на електричниот алат

во непредвидливи ситуации.

u Облечете се соодветно. Не носете широка облека и

накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку

од подвижните делови. Широката облека, накитот

или долгата коса може да се закачат за подвижните

u Ако се користат поврзани уреди за вадење

прашина и собирање предмети, проверете дали се

правилно поврзани и користени. Собирањето

прашина може да ги намали опасностите

предизвикани од неа.

u Не дозволувајте искуството стекнато со честа

употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги

игнорирате безбедносните принципи при нивното

користење. Невнимателно движење може да

предизвика сериозна повреда во дел од секунда.

Употреба и чување на електричните алати

u Не го преоптоварувајте електричниот алат.

Користете соодветен електричен алат за намената.

Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно

и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет.

u Не користете електричен алат ако не можете да го

вклучите и исклучите со помош на прекинувачот.

Секој електричен алат којшто не може да се

контролира со прекинувачот е опасен и мора да се

u Исклучете го електричниот алат од струја и/или

извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да

правите некакви прилагодувања, менувате

дополнителна опрема или го складирате

електричниот алат. Со овие превентивни

безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно

вклучување на електричниот алат.

u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат

на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале

со електричниот алат или не се запознаени со ова

упатство да работат со истиот. Електричните алати

се опасни во рацете на необучени корисници.

u Одржување на електрични алати и дополнителна

опрема. Проверете го порамнувањето или

прицврстување на подвижните делови, спојот на

деловите и сите други услови што може негативно

да влијаат врз функционирањето на електричниот

алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат

на поправка пред да го користите. Многу несреќи се

предизвикани заради несоодветно одржување на

u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно

одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се

виткаат и полесно се контролираат.

u Електричниот алат, дополнителната опрема,

деловите и др., користете ги во согласност со ова

упатство, внимавајте на работните услови и

работата која ја вршите. Користењето на

електричниот алат за други намени може да доведе до

u Рачките и површините за држење одржувајте ги

суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за

држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно

ракување и контрола на алатот во непредвидливи

Употреба и чување на батериски алат

u Полнете ја батеријата само со полнач наведен од

производителот. Полнач којшто е соодветен за еден

тип сет на батерии може да предизвика опасност од

пожар ако се користи за друг сет на батерии.

u Електричните алати користете ги само со

специјално наменети сетови на батерии.

Користењето на други сетови на батерии може да

предизвика опасност од повреда или пожар.

u Кога не го користите сетот на батерии, чувајте го

подалеку од други метални предмети, како на пр.,

спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или

други помали метални предмети што може да

предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток

спој на батериските извори може да предизвика

изгореници или пожар.

u Под непредвидени околности, течноста може да

истече од батеријата; избегнувајте контакт. При

случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако

течноста влезе во очите, побарајте дополнителна

медицинска помош. Течност истечена од батеријата

може да предизвика иритација или изгореници.

u Не употребувајте сет на батерии или алат што е

оштетен или изменет. Оштетени или изменети

батерии може да реагираат непредвидливо и да

предизвикаат пожар, експлозија или опасност од

Копче за отклучување на батерија

Приказ за наполнетост на батеријата

Копче за подесување на претходното избирање

бројот на работни одови

Приказ за контрола на температурата/заштита од

Прекинувач за вклучување/исклучување

Рачка за подесување на осцилациите

Водилка за паралелниот граничник

Заштитен капак за всисување

Млазници за всисување

SDS-лост за блокирање на сечилото за пила

Завртка за основната плоча

Клуч со внатрешна шестаголна глава

Скала на закосени агли

Завртка за подесување на паралелниот

Паралелен граничник со кружен секач

Врв за центрирање на кружниот секач

Илустрираната или опишана опрема не е дел од

стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може

да ја најдете во нашата Програма за опрема.

Батерија на убодна пила GST12V-70

Број на работни одови во

макс. длабочина на резот

– во челик (нелегиран) mm 3

Агол за сечење (лево/

Батерија на убодна пила GST12V-70

A) во зависност од употребената батерија

B) ограничена јачина при температури <0 °C

Техничките податоци се на испорачаната батерија.

Информации за бучава/вибрации

Вредностите за емисија на бучава се одредуваат

согласно EN62841-2-11.

Нивото на звучниот притисок на електричниот алат,

оценето соA, типично изнесува 75dB(A). Несигурност

K=5dB. Нивото на звучниот притисок при работењето

може да ги надмине дадените вредности. Носете

Вкупните вредности на осцилацииa

три насоки) и несигурностK дадени се во согласност со

Сечење на метален лим со сечило за пилаT118A:

Нивото на вибрации наведено во овие упатства и

вредноста на емисијата на бучава се измерени според

мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу

електрични алати. Исто така може да се прилагоди за

предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата

Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата

на бучава ги претставуваат главните примени на

електричниот алат. Доколку електричниот алат се

користи за други примени, алатот што се вметнува

отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото

на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да

отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото

на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот

За прецизно одредување на нивото на вибрации и

емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот

во кој уредот е исклучен или работи, а не во моментот

кога е во употреба. Ова може значително да го намали

нивото на вибрации и емисијата на бучава во

целокупниот период на работење.

Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за

заштита на корисникот од влијанието од вибрациите,

како на пр.: одржување на електричните алати и алатите

за вметнување, одржување на топлината на дланките,

организирање на текот на работата.

Bosch Power Tools 1 609 92A 4TB | (28.03.2019)176 | Македонски

u Пред било каква интервенција на електричниот

алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и

при негов транспорт и складирање, извадете ја

батеријата од него. При невнимателно притискање на

прекинувачот за вклучување/исклучување постои

опасност од повреди.

Полнење на батеријата (види сликаA)

u Користете ги само полначите коишто се наведени

во техничките податоци. Само овие уреди за

полнење се погодни за литиум-јонската батерија за

Вашиот електричен уред.

Напомена: Батеријата се испорачува делумно

наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред

првата употреба ставете ја на полнач додека не се

Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое

време, без да се намали нивниот животен век. Прекинот

при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.

Литиум-јонската батерија е заштитена од длабоко

празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. Доколку се

испразни батеријата, електричниот алат ќе се исклучи со

помош на заштитниот прекинувач: Електричниот алат не

u По автоматското исклучување на електричниот

алат, не притискајте на прекинувачот за

вклучување/исклучување. Батеријата може да се

За да ја извадите батеријата (1) притиснете на копчето за

отклучување (2) и извлечете ја батеријата надолу од

електричниот алат. Притоа не употребувајте сила.

Приказ за наполнетоста на батеријата

Трите зелени LED-светилки на приказот за наполнетост

на батеријата(4) ја покажуваат состојбата на наполнетост

на батеријата(1). Приказот за наполнетост на батеријата

свети само 5ѕ по вклучувањето.

LED-светилки Капацитет

Трајно светло 3 x зелено ≥ 2/3

Трајно светло 2 x зелено ≥ 1/3

Трајно светло 1 x зелено < 1/3

Трепкаво светло 1 x зелено Резерва

Трепкаво светло 3 x зелено празно

Доколку по вклучувањето не свети LED-светилката,

батеријата е дефектна и мора да се замени.

Вметнување/замена на сечилото за пилата

u При ставање или при замена на електричниот алат

носете заштитни ракавици. Алатите за вметнување

се остри и може да се загреат при подолга употреба.

Бирање на сечилото за пилата

Прегледот за препорачани сечила за пила ќе го најдете на

крајот од ова упатство. Поставувајте само сечила за пила

со сечило со еден заоблен дел (T‑сечило). Сечилото за

пила не треба да биде подолго отколку што е потребно за

За сечење на тесни кривини користете тесно сечило за

Вметнување на сечило за пила (види сликаB)

u Исчистете го сечилото на листот за пила пред

вметнувањето. Нечистото сечило не може да се

Вметнете го сечилото за пила (13) со запците во правец

на резот, додека не се вклопи во прифатот за сечило за

пила (11). SDS-рачката (20) автоматски скокнува

наназад и сечилото за пила се деблокира. Не го

притискајте рачката (20) со раката наназад, инаку

можете да го оштетите електричниот алат.

При вметнување на сечилото за пила внимавајте на тоа

задниот дел да лежи во жлебот на водечкиот валјак (10).

u Проверете дали е стабилно сечилото за пила.

Вадење на сечило за пила (види сликаC)

u При вадењето на сечилото за пила држете го

електричниот алат така што нема да се повредат

лица или животни со исфрленото сечило.

Свртете ја SDS-рачката (20) нанапред до крај во правец

на заштитата од допир (21). Сечилото за пила ќе се

отпушти и ќе се исфрли.

Лизгачка папуча (види сликаD)

При обработка на чувствителни површини можете да ја

ставите лизгачката папуча (17) на основната плоча (9),

за да спречите гребење на површината.

При поставување на лизгачката папуча (17) закачете ја

напред на основната плоча (9), притиснете ја позади

нагоре и оставете да се вклопи.

Заштита од кинење (види сликаE)

Заштитата од кинење (18) (опрема) може да спречи

кинење на површината при сечење на дрво. Заштитата од

кинење може да се користи само со одредени видови на

сечила за пила и со агол на резот од 0°.

Вметнете ја заштитата од кинење(18) од напред во

основната плоча(9).

околку ја користите лизгачката папуча (17) не ја

вметнувајте заштитата од кинење (18) во основната

плоча (9), туку во лизгачката папуча.

Вшмукување на прав/струготини

Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои

видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по

здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав

може да предизвика алергиски реакции и/или

заболувања на дишните патишта на корисникот или

лицата во околината.

Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука

1 609 92A 4TB | (28.03.2019) Bosch Power ToolsМакедонски | 177

важат за канцерогени, особено доколку се во

комбинација со дополнителни супстанци (хромат,

средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат

азбест смеат да бидат обработувани само од страна на

– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен

вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.

– Погрижете се за добра проветреност на работното

– Се препорачува носење на маска за заштита при

вдишувањето со класа на филтер P2.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за

материјалот кој го обработувате.

u Избегнувајте собирање прав на работното место.

Правта лесно може да се запали.

Монтирајте го заштитниот капак (15), пред да го

приклучите електричниот алат на всисувач за прашина.

Ставете го заштитниот капак(15) на електричниот алат на

тој начин што држачите ќе се вклопат на заштитата од

Извадете го заштитниот капак(15) за работење без

всисувач за прашина како и за сечење под агол.

Извлечете го заштитниот капак нанапред од заштитата на

Вклучување на системот за всисување прав

Поставете ги млазниците за всисување(16) во

вдлабнатините на основната плоча(9).

Поставете црево за всисување (22) (опрема) на

млазниците за всисување (16). Поврзете го цревото за

всисување (22) со всисувач за прашина (опрема).

Прегледот за приклучување на различните видови на

всисувачи за прашина ќе го најдете на крајот од ова

За оптимално всисување, по можност поставете ја

заштитата од кинење (18).

Всисувачот за прашина мора да е соодветен на

материјалот на парчето што се обработува.

При всисување на особено опасни по здравје,

канцерогени или суви честички прав, користете

специјален всисувач.

u Пред било каква интервенција на електричниот

алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и

при негов транспорт и складирање, извадете ја

батеријата од него. При невнимателно притискање на

прекинувачот за вклучување/исклучување постои

опасност од повреди.

Подесување на осцилации

Осцилациите што се подесуваат на три нивоа

овозможуваат оптимално прилагодување на брзината,

капацитетот и сликата на сечење на материјалот што се

Со рачката за подесување (8) можете да ги поставите

осцилациите и за време на работата.

Ниво0 нема осцилации

НивоⅠ мали осцилации

НивоⅡ големи осцилации

Оптималниот степен на осцилирање за односната

примена може да се одреди со практичен обид. Притоа

важат следните препораки:

– Доколку го изберете степенот на осцилирање што

помал одн. целосно го исклучите, толку ќе биде

подобар и почист исечениот раб.

– При обработка на тенки материјали (на пр. лимови)

исклучете го осцилирањето.

– Кај тврди материјали (на пр. челик) работете со мало

– Кај меки материјали и при сечење на дрво во правец

на влакната може да се работи со максимално

Подесување на аголот на закосување (види сликаH)

Основната плоча (9) може да се навали кон десно или

кон лево за сечење под агол до 45°.

Млазниците за всисување(16) и заштитата од

кинење(18) не се користат при сечење со закосување.

– Извадете ги млазниците за всисување(16) и заштитата

– При агол на закосување од 0° забецот се наоѓа во

– Олабавете ја завртката(23) со внатрешен шестаголен

клуч(24) додека основната плоча(9) не се вметне во

правец на батеријата(1). Запците треба да се лизгаат

– За подесување на аголот на закосување навалете ја

основната плоча(9) соодветно на скалата(25) во

саканата позиција. Со помош на агломер, секој агол

може да се подеси до 45°.

– Повторно затегнете ја завртката(23).

Вметнување на батеријата

Напомена: Користењето на батерии кои не се соодветни

за Вашиот електричен алат може да доведе до погрешно

функционирање или до оштетување на истиот.

Вметнете ја наполнетата батерија(1) во прифатот за

батерија, додека не слушнете дека е вклопена и

Вклучување на LED-работното светло

За вклучување одн. исклучување на работното

светло(14) притиснете го копчето за работно светло(3).

Bosch Power Tools 1 609 92A 4TB | (28.03.2019)178 | Македонски

u Не гледајте директно во него, може да ве заслепи.

Вклучување/исклучување

u Проверете дали можете да го притиснете

прекинувачот за вклучување/исклучување, без да

ја отпуштите рачката.

За Вклучување на електричниот алат притиснете го

прекинувачот за вклучување/исклучување(7) нанапред,

така што на прекинувачот ќе се појави „I“.

За Исклучување на електричниот алат притиснете го

прекинувачот за вклучување/исклучување(7) наназад,

така што на прекинувачот ќе се појави „0“.

Заштита од рестартирање

Заштитата од рестартирање го спречува

неконтролираното вклучување на електричниот алат по

прекин на струја. Доколку се активира заштитата од

рестартирање, приказот за контрола на температурата/

заштита од преоптоварување(6) трепка непрекинато.

За повторно вклучување прекинувачот за вклучување/

исклучување(7) ставете го во исклучена положба и

одново вклучете го електричниот алат.

Напомена: При брзо исклучување и вклучување може да

се активира заштитата од рестартирање и електричниот

алат да не стартува со работа и покрај активираниот

прекинувач за вклучување/исклучување(7).

Прекинувачот за вклучување/исклучување(7) ставете го

во исклучена позиција и одново вклучете го

Претходно избирање на бројот на одови

Со копчето за подесување на претходното избирање на

број на работни одови (5) можете истите претходно да ги

изберете и потоа да ги промените во текот на работата.

Потребниот број на работни одови зависи од материјалот

и работните услови и може да се одреди со практична

Се препорачува намалување на бројот на работни одови

при поставување на сечилото за пила на алатот, како и

при сечење на пластика и алуминиум.

При подолготрајно работење со мал број на работни

одови, електричниот алат може многу да се вжешти.

Извадете го сечилото за пила и оставете го електричниот

алат да работи околу 3 мин. со максимален број на

Заштита од преоптоварување во зависност од

Правилната употреба не може да го преоптовари

електричниот алат. При преголемо оптоварување или

работење надвор од дозволените граници на

температура за батеријата, се намалува бројот на вртежи

или се исклучува електричниот уред. При намален број

на вртежи, електричниот алат се вклучува дури откако ќе

се постигне дозволената температура на батеријата или

при намалено оптоварување со полн број на вртежи. При

автоматско исклучување, исклучете го електричниот

алат, оставете ја батеријата да се олади и повторно

Приказ за контрола на температурата/заштита од

Црвениот приказ за контрола на температурата/заштита

од преоптоварување(6) Ви помага да ја заштитите

батеријата од прегревање и моторот од

Доколку свети приказот за контрола на температурата/

заштита од преоптоварување(6) непрекинато црвено,

температурата на батеријата е превисока и електричниот

алат автоматски се исклучува.

Исклучете го електричниот алат и оставете ја батеријата

да се олади, пред да продолжите со работата.

Доколку приказот за контрола на температурата/заштита

од преоптоварување трепка(6) црвено, електричниот

алат е блокиран и автоматски се исклучува.

Извлечете го електричниот алат од делот што се

обработува. Штом се отстрани блокадата, електричниот

алат продолжува да работи со поставениот број на удари.

Совети при работењето

u Пред било каква интервенција на електричниот

алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и

при негов транспорт и складирање, извадете ја

батеријата од него. При невнимателно притискање на

прекинувачот за вклучување/исклучување постои

опасност од повреди.

u Доколку се блокира сечилото за пила, исклучете го

u При обработка на мали или тенки парчиња, секогаш

користете стабилна подлога.

Пред сечењето во дрво, шперплочи, градежни

материјали итн. проверете дали на нив има туѓи тела како

на пр. клинци, шрафови и сл. и доколку има, отстранете

Сечење со вдлабнување (види сликаI)

u Смеат да се обработуваат само меки материјали

како дрво, гипс картон и сл. при сечење со

За сечење со вдлабнување користете само кратки сечила

за пила. Сечењата со вдлабнување се можни само со агол

на закосување од 0°.

Поставете го електричниот алат со предниот раб на

основната плоча (9) на делот што се обработува, без

сечилото за пила (13) да го допира делот што се

обработува и вклучете го. Кај електричните алати со

контрола на бројот на удари, поставете го максималниот

број на работни одови. Притиснете го електричниот алат

на делот што се обработува и оставете го сечилото за

пила полека да се вдлабне во делот што се обработува.

Штом основната плоча (9) целосно ќе налегне на

површината на делот што се обработува, продолжете да

сечење по должина на линијата.

Паралелен граничник со кружен отсекувач (опрема)

За работење со паралелен граничник со кружен

отсекувач (27) (опрема) дебелината на делот што се

обработува треба да изнесува максимално 30mm.

1 609 92A 4TB | (28.03.2019) Bosch Power ToolsМакедонски | 179

Паралелно сечење (види сликаJ): Олабавете ја завртката

за подесување (26) и вметнете ја скалата на паралелниот

граничник низ водилката (12) во основната плоча.

Поставете ја саканата ширина на резот како вредност на

скалата на внатрешниот раб на основната плоча.

Зацврстете ја завртката за фиксирање (26).

Кружно сечење (види сликаK): На линијата за сечење во

кругот што треба да се исече издупчете дупка, што е

доволна за вметнување на сечилото за пила. Обработете

го издупчувањето со глодалка или турпија, за да може

сечилото рамно да легне на линијата за сечење.

Ставете ја завртката за фиксирање (26) на другата страна

од паралелниот граничник. Вметнете ја скалата од

паралелниот граничник низ водилката (12) во основната

плоча. Во средината на делот за обработка во отворот

што треба да се исече издупчете дупка. Поставете го

врвот за центрирање (28) низ внатрешниот отвор на

паралелниот граничник во издупчената дупка. Поставете

го радиусот како вредност на скалата на внатрешниот раб

на основната плоча. Зацврстете ја завртката за

Средство за ладење/подмачкување

При сечење на метал поради загревање на материјалот

треба да нанесете средство за ладење одн.

подмачкување по должина на линијата за сечење.

Напомени за оптимално користење на батериите

Заштитете ја батеријата од влага и вода.

Складирајте ја батеријата во опсег на температура од

−20°C до 50°C. Не ја оставајте батеријата на пр. во

автомобилот во лето.

Повремено чистете ги отворите за проветрување на

батеријата со мека, чиста и сува четка.

Скратеното време на работа по полнењето покажува,

дека батеријата е потрошена и мора да се замени.

Внимавајте на напомените за отстранување.

u Пред било каква интервенција на електричниот

алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и

при негов транспорт и складирање, извадете ја

батеријата од него. При невнимателно притискање на

прекинувачот за вклучување/исклучување постои

опасност од повреди.

u Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите

за проветрување, за да може добро и безбедно да

Редовно чистете го прифатот за сечилата за пила. За го

исчистите, извадете го сечилото за пила од електричниот

алат и тропнете лесно со електричниот алат на рамна

Големи нечистотии можат да доведат до пречки во

функционирањето. Затоа не сечете од долу или над глава

материјали што прават многу прашина.

Доколку излезот за прашина се затне, исклучете го

електричниот алат, извадете го всисувачот за прашина и

отстранете ги прашината и струготините.

Подмачкајте го водечкиот валјак (10) одвреме-навреме

со неколку капки масло.

Редовно проверувајте го водечкиот валјак(10). Доколку

е истрошен, мора да се замени во овластената

специјализирана продавница Bosch.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во

врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ

како и резервните делови. Ознаки за експлозија и

информации за резервните делови исто така ќе најдете

на: www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви

помогне доколку имате прашања за нашите производи и

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве

молиме наведете го 10-цифрениот број од

спецификационата плочка на производот.

Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3

Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на

Законот за опасни материјали. Батериите може да се

транспортираат само од страна на корисникот, без

потреба од дополнителни квалификации.

При пренос на истите од страна на трети лица (на пр.

воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се

внимава на специјалните напомени на амбалажата и

ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката

мора да се повика експерт за опасни супстанци.

Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е

неоштетено. Залепете ги отворените контакти и

спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се

движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на

евентуалните дополнителни национални прописи.

Електричните апарати, батериите, опремата

и амбалажите треба да се отстранат на

еколошки прифатлив начин.

Bosch Power Tools 1 609 92A 4TB | (28.03.2019)180 | Srpski

Не ги фрлајте електричните апарати и

батериите во домашната канта за ѓубре!

Само за земјите од ЕУ:

Според европската регулатива 2012/19/EU

електричните апарати што се вон употреба и дефектните

или искористените батерии според регулативата

2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се

рециклираат за повторна употреба.

Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт

EU-Изјава за сообразност

Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во

согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и

прописи и се во согласност со следните норми.

Техничка документација кај: *