GCD 12 JL BOSCH

GCD 12 JL - Пила BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GCD 12 JL BOSCH во PDF формат.

Page 229
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GCD 12 JL

Категорија : Пила

Преземете ги упатствата за вашиот Пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GCD 12 JL - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GCD 12 JL на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GCD 12 JL BOSCH

Македонски Страница 228

ности в комбинации со сплавами, напр., цинка, алю-

се заклинват или дали има други повредени детайли.

Безбедносни напомени

Општи предупредувања за безбедност за

Прочитајте ги сите безбедносни

предупредувања, илустрации и

спецификации приложени со

овој електричен алат. Непридржувањето до сите

упатства приложени подолу може да доведе до струен

удар, пожар и/или тешки повреди.

Зачувајте ги безбедносните предупредувања и

упатства за користење и за во иднина.

Поимот „електричен алат“ во безбедносните

предупредувања се однесува на електрични апарати што

користат струја (кабелски) или апарати што користат

батерии (акумулаторски).

Безбедност на работниот простор u Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да

доведат до несреќа. u Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи

течности, гасови или прашина. Електричните алати

создаваат искри коишто може да ја запалат прашината

или гасовите. u Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може

да предизвика да изгубите контрола. 1 609 92A 8KU | (01.03.2023) Bosch Power ToolsМакедонски | 229

Електрична безбедност

u Приклучокот на електричниот алат мора да

одговара на приклучницата. Никогаш не го

менувајте приклучокот. Не користите приклучни

адаптери со заземјените електрични алати.

Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници

го намалуваат ризикот од струен удар.

u Избегнувајте телесен контакт со заземјени

површини, како на пример, цевки, радијатори,

метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик

од струен удар ако вашето тело е заземјено.

u Не ги изложувајте електричните алати на дожд или

влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат,

ќе се зголеми ризикот од струен удар.

u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш

не го користете кабелот за носење, влечење или

исклучување од струја на електричниот алат.

Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри

ивици или подвижни делови. Оштетени или

заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен

u При работа со електричен алат на отворено,

користете продолжен кабел соодветен за

надворешна употреба. Користењето на кабел

соодветен за надворешна употреба го намалува

ризикот од струен удар.

u Ако мора да работите со електричен алат на влажно

место, користете заштитен уред за диференцијална

струја (RCD). Користењето на RCD го намалува

ризикот од струен удар.

u Бидете внимателни, внимавајте како работите и

работете разумно со електричен алат. Не

користете електричен алат ако сте уморни или под

дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент

на невнимание додека работите со електричните алати

може да доведе до сериозна лична повреда.

u Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете

заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр.,

маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се

лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат

за соодветни услови, ќе доведат до намалување на

u Спречете ненамерно активирање. Проверете дали

прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во

струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете

или носите алатот. Носење на електричните алати со

прстот позициониран на прекинувачот или

вклучување во струја на електричните алати чијшто

прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа.

u Отстранете каков било клуч за регулирање или

француски клуч пред да го вклучите електричниот

алат. Француски клуч или клуч прикачен за

ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе

u Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано

одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова

овозможува подобра контрола на електричниот алат

во непредвидливи ситуации.

u Облечете се соодветно. Не носете широка облека и

накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку

од подвижните делови. Широката облека, накитот

или долгата коса може да се закачат за подвижните

u Ако се користат поврзани уреди за вадење

прашина и собирање предмети, проверете дали се

правилно поврзани и користени. Собирањето

прашина може да ги намали опасностите

предизвикани од неа.

u Не дозволувајте искуството стекнато со честа

употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги

игнорирате безбедносните принципи при нивното

користење. Невнимателно движење може да

предизвика сериозна повреда во дел од секунда.

Употреба и чување на електричните алати

u Не го преоптоварувајте електричниот алат.

Користете соодветен електричен алат за намената.

Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно

и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет.

u Не користете електричен алат ако не можете да го

вклучите и исклучите со помош на прекинувачот.

Секој електричен алат којшто не може да се

контролира со прекинувачот е опасен и мора да се

u Исклучете го електричниот алат од струја и/или

извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да

правите некакви прилагодувања, менувате

дополнителна опрема или го складирате

електричниот алат. Со овие превентивни

безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно

вклучување на електричниот алат.

u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат

на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале

со електричниот алат или не се запознаени со ова

упатство да работат со истиот. Електричните алати

се опасни во рацете на необучени корисници.

u Одржување на електрични алати и дополнителна

опрема. Проверете го порамнувањето или

прицврстување на подвижните делови, спојот на

деловите и сите други услови што може негативно

да влијаат врз функционирањето на електричниот

алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат

на поправка пред да го користите. Многу несреќи се

предизвикани заради несоодветно одржување на

u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно

одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се

виткаат и полесно се контролираат.

u Електричниот алат, дополнителната опрема,

деловите и др., користете ги во согласност со ова

упатство, внимавајте на работните услови и

Bosch Power Tools 1 609 92A 8KU | (01.03.2023)230 | Македонски

работата која ја вршите. Користењето на

електричниот алат за други намени може да доведе до

u Рачките и површините за држење одржувајте ги

суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за

држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно

ракување и контрола на алатот во непредвидливи

u Електричниот алат сервисирајте го кај

квалификувано лице кое користи само идентични

резервни делови. Со ова се овозможува безбедно

одржување на електричниот алат.

Безбедносни напомени за пили за сечење на

u Утврдената брзина на дополнителната опрема мора

да биде најмалку еднаква на максималната брзина

означена на електричниот алат. Дополнителната

опрема која работи побрзо од утврдената брзина може

да експлодира и да се распрска насекаде.

u Надворешниот дијаметар и дебелина на вашата

дополнителна опрема мора да биде во рамките на

класата на вашиот електричен алат. Дополнителна

опрема со несоодветна величина не може соодветно

да се заштити и контролира.

u Носете лична заштитна опрема. Во зависност од

примената, користете штитник за лице,

безбедносни или заштитни очила. Како што е

соодветно, носете маска за заштита од прашина,

штитници за уши, ракавици и работничка престилка

којашто ги запира малите абразивни парчиња или

парчиња од делот што го обработувате. Заштитата

за очи мора да овозможи спречување на остатоци што

се распрскуваат при работењето. Маската против прав

или респираторот мора да ги филтрира честичките што

се генерираат при работењето. Долготрајна

изложеност на интензивна бучава може да доведе до

u Доколку има други лица во работното поле, држете

ги на безбедно растојание. Секое лице што ќе влезе

во работното поле, мора да носи лична заштитна

опрема. Парчињата од делот што се обработува или

скршениот алат за вметнување може да летнат

наоколу и да предизвикаат повреди и надвор од

директното поле на работа.

u Држете го приклучниот кабел подалеку од алатите

што се вметнуваат. Доколку загубите контрола над

уредот, приклучниот кабел може да се пресече или да

се зафати и да Ви ја заглави дланката или раката во

алатот што се вметнува.

u Редовно чистете ги воздушните вентили на

електричниот алат. Моторот на вентилаторот може да

ја повлече прашината во куќиштето, а претераната

акумулација на метален прав може да предизвика

опасност од електрична енергија.

u Не работете со електричниот алат во близина на

запаливи материјали. Не работете со електричниот

алат доколку се наоѓа на запалива површина, како

на пример на дрво. Искрите можат да ги запалат овие

u Не користете дополнителна опрема за која се

потребни течни разладувачи. Користењето вода или

други течни разладувачи може да доведе до смрт или

u Секогаш користете неоштетена стезна прирабница

со соодветна големина и облик за избраното

сечило за пила. Соодветната прирабница го држи

сечилото за пила за сечење и така ја намалува

опасноста од лизгање на сечилото.

u Сечилата за пила и прирабницата мора точно да

одговараат на вретеното на Вашиот електричен

алат. Алатите за вметнување што не одговараат точно

на вретеното на електричниот алат, се вртат

нерамномерно, вибрираат многу јако и може да

доведат до губење на контролата.

u Не користете оштетени сечила за пила. Пред секоја

употреба проверете ги сечилата за пила дали се

скршени или пукнати. Доколку ви падне

електричниот алат или сечилото за пила, проверете

дали е оштетен алатот или пак употребете

неоштетено сечило за пила. Откако сте го

провериле и ставиле сечилото за пила, не им

дозволувајте на лицата да бидат во близина на

висина на ротирачкото сечило за пила и оставете го

електричниот алат да врти една минута на највисок

број на вртежи. Повеќето оштетени сечила за пила ќе

се скршат во текот на овој пробен период.

Одбивање и слични предупредувања

Повратниот удар е ненадејна реакција како последица од

заглавено или блокирано ротирачко сечило за пила.

Заглавувањето или блокирањето води кон ненадејно

запирање на ротирачкиот алат за вметнување. Со тоа

агрегатот за брусење неконтролирано се забрзува

нагоре во правец на корисникот.

Доколку на пр. се заглави или се блокира некое сечилото

за пила, работ на сечилото кој влегува во делот што се

обработува може да се закачи и така да го скрши

сечилото за пила или да предизвика повратен удар.

Притоа сечилата за пила може исто така да се скршат.

Повратниот удар е последица од погрешна употреба на

електричниот алат. Тој може да се спречи со соодветни

прописни мерки, како што е опишано подолу.

u Цврсто држење на електричниот алат и

позиционирање на вашето тело и рака за да се

овозможи отпор на силите на одбивање.

Операторот може да ги контролира реакциите на

силата на одбивање, доколку се преземат соодветни

u Избегнувајте го подрачјето пред и зад ротирачкото

сечило за пила. При повратен удар агрегатот за

брусење се исфрла нагоре во правец на корисниот.

1 609 92A 8KU | (01.03.2023) Bosch Power ToolsМакедонски | 231

u Не користете синџирест или лист за сечење на дрво

како и сегментни дијамантски плочи со процепи

широки повеќе од 10 mm. Таквите алати за

вметнување честопати предизвикуваат повратен удар

или губење на контролата над електричниот алат.

u Избегнувајте блокирање на сечилото за пила или

преголем притисок. Не правете премногу длабоки

резови. Преоптоварувањето на сечилото за пила ја

зголемува неговата искористеност и склоност на

закосување или блокирање и со тоа можноста за

повратен удар или кршење на сечилото за пила.

u Во случај да се заглави сечилото за пила или да се

прекине работата, исклучете го електричниот алат

и држете го цврсто агрегатот за брусење, додека

сечилото за пила не дојде во состојба на мирување.

Не се обидувајте никогаш сечилото за пила што се

врти да го вадите од резот, бидејќи може да

настане повратен удар. Откријте ја и поправете ја

причината за заглавувањето.

u Не го вклучувајте повторно електричниот алат,

додека се наоѓа во делот што се обработува.

Оставете сечилото за пила да го постигне

целосниот вртежен момент, пред да продолжите со

резот. Инаку, сечилото за пила може да се заглави, да

излета од делот што се обработува или да предизвика

u Потпрете ги големите делови што се обработуваат,

за да избегнете ризик од повратен удар поради

заглавено сечило за пила. Големите делови што се

обработуваат може да се свиткаат поради нивната

тежина. Делот што се обработува мора да го потпрете

на двете страни од сечилото за пила, во близина на

линијата на сечење и на работ.

u Користете стегачи за држење на делот што се

обработува кога постои можност. Ако го потпирате

делот што се обработува со рака, раката постојано

мора да биде на оддалеченост од најмалку 100mm

од двете страни на сечилото од пилата. Не ја

користете оваа пила за сечење на многу мали

парчиња што не може безбедно да се зацврстат или

да се држат со рака. Ако раката ја ставите премногу

блиску до сечилото на пилата, постои голема опасност

од повреда ако го допрете сечилото.

u Делот што се обработува мора да биде статичен и

прицврстен, или да се држи и за граничникот и за

масата. Не го ставајте делот што се обработува во

сечилото или жлебот со слободна рака. Слободен

или неприцврстен дел што се обработува може да се

отфрли со голема брзина и да предизвика повреда.

u Притиснете ја пилата низ делот што се обработува.

Не ја влечете пилата низ делот што се обработува.

За да пресечете, подигнете ја главата на пилата и

повлечете ја преку делот што се обработува без

сечење, вклучете го моторот, притиснете ја главата

на пилата надолу и турнете ја пилата низ делот. Со

повлекување на пилата додека сечете сечилото може

да се искачи на врвот на делот што се обработува и

силно да го отфрли склопот на сечилото кон

u Не ги прекрстувајте рацете врз одредената линија

за сечење пред и зад сечилото на пилата. Држење

на делот што се обработува со вкрстени раце т.е.

држење на делот на десната страна од сечилото на

пилата со лева рака или обратно е многу опасно.

u Не фаќајте зад граничникот кај ротирачкото сечило

за пила. Никогаш не надминувајте безбедносно

растојание од 100 mm меѓу раката и ротирачкото

сечило за пила (важи за двете страни на сечилото

за пила). Можно е да не може да се препознае

близината на ротирачкото сечило за пила до Вашата

рака и можете да се здобиете со сериозни повреди.

u Разгледајте го делот што се обработува пред да

започнете со сечење. Ако делот што се обработува

е накривен или навален, прицврстете ја

надворешната навалена страна на граничникот.

Секогаш проверувајте дали има празнина меѓу

делот што се обработува, граничникот и масата

покрај линијата на сечење. Накривен или навален

дел што се обработува може да се извитка или помести

и да предизвика виткање на сечилото кое ротира при

сечење. Не смее да има шајки или други надворешни

предмети во делот што се обработува.

u Користете го електричниот алат откако на масата

нема да има алати; на масата треба да се наоѓа

само делот за обработка. Малите парчиња или

другите предмети, кои доаѓаат во контакт со

ротирачкото сечило за пила може да летнат кон

корисникот со голема брзина.

u Сечете само еден дел истовремено. Повеќе

парчиња не може соодветно да се зацврстат или

поврзат и може да се фатат за сечилото или да се

изместат во текот на сечењето.

u Погрижете се електричниот алат да биде на рамна

цврста површина пред употребата. Рамна цврста

работна површина ја намалува опасноста од

нестабилност на електричниот алат.

u Испланирајте ја работата. Кога ќе ја промените

косината или подесениот агол на закосување,

проверете дали граничникот кој се подесува е

правилно поставен за држење на делот што се

обработува и дека нема да го попречува сечилото

или заштитниот систем. Без вклучување на алатот на

„ON“ и без делот што се обработува на масата, движете

го сечилото на пилата низ целосно симулиран пресек

за да проверите дали има некакви пречки или

опасност да се пресече граничникот.

u Погрижете се деловите за обработка кои се

подолги или пошироки од горната страна на масата

да имаат соодветна потпора, на пр. со

продолжетоци за маса или сталаци за сечење.

Деловите за обработка кои се подолги или пошироки

од масата на електричниот алат може да се превртат

ако не се прицврстени. Ако исечено парче метал или

дел за обработка се преврти, може да го крене

Bosch Power Tools 1 609 92A 8KU | (01.03.2023)232 | Македонски

долниот заштитен капак или неконтролирано да се

исфрли од ротирачкото сечило.

u Не користете друго лице како замена за додаток на

масата или како дополнителен држач. Нестабилен

држач за делот што се обработува може да предизвика

зафаќање на сечилото или поместување на делот што

се обработува во текот на сечењето и да ве повлече

вас и помошникот кон ротирачкото сечило.

u Отсечен дел не смее да се заглави или притиска кон

ротирачкото сечило. Ако е ограничено, т.е. со помош

на граничниците за должина, исечениот дел може да

се заглави на сечилото и силно да се отфрли.

u Постојано користете стега или прицврстувач

правилно дизајниран за држење на тркалезен

материјал, како на пр., прачки или цевки. Прачките

се склони кон вртење додека се сечат и

предизвикуваат сечилото да го засекува и влече делот

со вашата рака кон сечилото.

u Оставете сечилото да достигне целосна брзина

пред да го допре делот што се обработува. Со ова ќе

се намали ризикот делот што се обработува да биде

u Ако делот за обработка се заглави или сечилото се

блокира, исклучете го електричниот алат.

Почекајте додека сите делови кои се движат не се

смират, извадете го мрежниот приклучок и/или

извадете ја батеријата. Потоа отстранете го

заглавениот материјал. Ако продолжите да сечете

при такво блокирање, може да дојде до губење на

контролата или оштетување на електричниот алат.

u Откако ќе завршите со сечењето, ослободете го

копчето, држете ја главата на пилата надолу и

почекајте сечилото да застане пред да го извадите

исечениот дел. Приближување на раката до сечило

кое сè уште врти е опасно.

u Држете ја рачката цврсто кога правите нецелосен

засек или кога го ослободувате копчето пред

пилата да биде ставена во целосна надолна

позиција. Сопирањето на пилата може да предизвика

главата на пилата ненадејно да биде повлечена надолу

и да предизвика опасност или повреда.

u Никогаш не ги отстранувајте остатоците од

сечењето и сл. од полето за сечење, додека е

вклучен електричниот алат. Најпрво ставете ја

рачката на алатот во позиција на мирување и потоа

исклучете го електричниот алат.

u Не го фаќајте листот од пилата по работата, додека

не се олади. Листот за пилата за време на работата се

u Одржувајте ја чистотата на работното место.

Мешавините на материјали се особено опасни. Правта

од лесен метал може да се запали или експлодира.

u Не користете листови за пила од високо легиран

брзорезен челик (HSS-челик). Таквите листови на

пила може лесно да се скршат.

u Редовно проверувајте го кабелот, а доколку е

оштетен смее да го поправи само овластената

сервисна служба за електрични алати на Bosch.

Доколку продолжниот кабел е оштетен, заменете

го. Само на тој начин ќе бидете сигурни во

безбедноста на електричниот алат.

u Не користете тапи, пукнати, свиткани или оштетени

листови за пила. Листовите на пилата со тапи или

неправилни запци, заради претесниот резен

процеп, предизвикуваат зголемено триење и

заглавување на листот на пилата или повратен

u Секогаш користете сечила со точна големина и

форма (дијамантски наспроти тркалезни) за арбор

дупките. Сечилата што не се совпаѓаат со

монтираниот тврд дел на пилата, ќе се поместат

надвор од центарот и ќе изгубите контрола.

u Проверете дали заштитната хауба може правилно

да функционира и дали може слободно да се

движи. Никогаш не ја блокирајте заштитната хауба во

u Одржувајте го подот чист, без метални струготини и

остатоци од материјал. Може да се лизнете или да се

u Користете го електричниот алат само доколку на

работната површина до делот што се обработува

нема алати за подесување, метални струготини итн.

Малите метални парчиња или другите предмети, кои

доаѓаат во контакт со ротирачкото сечило за пила,

може да летнат кон корисникот со голема брзина.

u Не го оставајте настрана алатот, доколку не е

целосно во состојба на мирување. Електричните

алати кои не се во состојба на мирување може да

предизвикаат повреди.

u Сечилото за пила водете кон делот што се

обработува само при вклучена пила. Инаку постои

опасност од повратен удар, доколку сечилото за пила

се заглави во делот што се обработува.

u Не ставајте ништо на електричниот алат. Може да

настанат сериозни повреди, доколку електричниот

алат се преврти или доколку случајно дојдете во

контакт со листот за пилата.

u Користете го електричниот алат само за сечење во

суви материјали. Навлегувањето на вода во

електричниот алат го зголемува ризикот од електричен

u Не ја оштетувајте ознаката за предупредување на

u Електричниот алат се испорачува со ознака за

предупредување за ласерот (види табела „Ознаки и

Не го насочувајте ласерскиот зрак кон

лица или животни и немојте и Вие самите

да гледате во директниот или

рефлектирачкиот ласерски зрак. Така

може да ги заслепите лицата, да

1 609 92A 8KU | (01.03.2023) Bosch Power ToolsМакедонски | 233

предизвикате несреќи или да ги оштетите

u Не правете промени на ласерскиот уред.

Можностите за подесување опишани во ова упатство

за употреба можете безбедно да ги користите.

u Не ги користете ласерските заштитни очила

(дополнителна опрема) како заштитни очила.

Ласерските заштитни очила служат за подобро

распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не

штитат од ласерското зрачење.

u Не ги користете ласерските заштитни очила

(дополнителна опрема) како очила за сонце или

пак во сообраќајот. Ласерските очила не даваат

целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето

u Внимание – доколку користите други уреди за

подесување и ракување освен овде наведените или

поинакви постапки, ова може да доведе до опасна

изложеност на зрачење.

u Вградениот ласер не го заменувајте со ласер од

друг тип. Доколку се искористи ласер кој не е

соодветен на овој електричен алат, може да има

Следните ознаки се од големо значење за користењето

на вашиот електричен алат. Ве молиме запаметете ги

ознаките и нивното значење. Вистинската

интерпретација на ознаките Ви помага подобро и

побезбедно да го користите електричниот алат.

Ознаки и нивно значење

Потрошувачки ласерски производ

Не посегнувајте со дланките во

полето на сечење, додека работи

електричниот алат. Доколку дојдете

во контакт со сечилото за пила постои

опасност од повреда.

Носете заштитни очила.

Носете заштита за слухот.

Изложеноста на бучава може да

предизвика губење на слухот.

Носете маска за заштита од прав.

Ознаки и нивно значење

Внимавајте на димензиите на листот за

пилата. Дијаметарот на отворот мора

точно да биде наместен на вретеното

на алатот. Доколку е неопходно

користење на редуцирни делови,

внимавајте димензиите на

редуцирниот дел да одговараат на

дебелината на листот за сечење и на

дијаметарот на отворот на листот за

пилата, како и на дијаметарот на

вретеното на алатот. Доколку е можно,

со листот за пилата користете ги

испорачаните редуцирни делови.

Дијаметарот на сечилото за пила мора

да одговара на податоците на ознаката.

Опис на производот и

Прочитајте ги сите безбедносни

напомени и упатства. Грешките настанати

како резултат од непридржување до

безбедносните напомени и упатства може

да предизвикаат електричен удар, пожар

и/или тешки повреди.

Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за

Електричниот алат, како фиксен уред, е наменет за

изведување на надолжни и напречни резови со право

сечење и хоризонтален агол на закосување до 45° со

помош на сечила за пила во метални материјали без

Овој производ е потрошувачки ласерски производ во

согласност со EN50689.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на илустрираните компоненти се

однесува на приказот на електричниот алат на

графичката страница.

Кутија за струготини

Вретено за фиксирање

Затезен лост за продолжување на масата за

Продолжеток за маса за сечење

Bosch Power Tools 1 609 92A 8KU | (01.03.2023)234 | Македонски

Клуч со внатрешна шестаголна глава (6 mm)/

Затезна дршка за фиксирање на аголниот

Прекинувач за вклучување/исклучување

Предупредувачки знак на ласерот

Прекинувач за вклучување/исклучување за

ласер (означување на линијата на сечење)

Долна завртка за прицврстување (покривна

плоча/осцилаторен заштитен капак)

Горна завртка за прицврстување (покривна

Завртка со внатрешна шестаголна глава за

прицврстување на сечилото за пила

Скала за аголот на закосување

Завртка за подесување на позиционирањето

на ласерот (паралелност)

Завртка за агломерот

Излез на ласерскиот зрак

Пила за сечење на метал GCD 12 JL

Број на вртежи во празен

Димензии за соодветни

Пила за сечење на метал GCD 12 JL

Дијаметар на отворот mm 25,4

Максимални димензии на делот што се обработува: (види

„Дозволени димензии на делот што се обработува“,

Податоците важат за номинален напон [U] од 220V. Овие

податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност

од изведбата во односната земја.

Вредностите може да варираат во зависност од производот и

зависат од примената и условите на животната средина. Повеќе

информации може да најдете на

www.bosch-professional.com/wac.

Информација за бучава

Вредностите за емисија на бучава се одредуваат

согласно ENIEC62841-3-9.

Нивото на звук на електричниот алат оценето со A

типично изнесува: ниво на звучен притисок 100dB(A);

ниво на звучна јачина 113dB(A). Несигурност K=3dB.

Носете заштита за слухот!

Вредноста на емисија на бучава наведена во овие

упатства е измерена со нормирана постапка за мерење и

може да се користи за меѓусебна споредба на електрични

алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена

процена на емисијата на бучава.

Наведената вредност на емисија на бучава се однесува

на основната примена на електричниот алат. Доколку

електричниот алат се користи за други примени, алатот

што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се

одржува, вредноста на емисијата на бучава може да

отстапува. Ова може значително да ја зголеми емисијата

на бучава во целокупниот период на работење.

За прецизно одредување на емисијата на бучава, треба

да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен

или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба.

Ова може значително да ја намали емисијата на бучава во

целокупниот период на работење.

Монтажа u Избегнувајте невнимателно вклучување на електричниот алат. За време на монтажата и при

сите интервенции на електричниот алат, струјниот

приклучок не смее да се приклучува на напојување

Внимателно извадете ги сите испорачани делови од

Извадете ја целата амбалажа од електричниот уред и од

испорачаната опрема.

Пред првата употреба на електричниот алат проверете

дали се испорачани сите делови кои наведени долу:

– Пила за сечење на метал со монтирано сечило за пила

1 609 92A 8KU | (01.03.2023) Bosch Power ToolsМакедонски | 235

– Клуч со внатрешна шестаголна глава/крстест

Напомена: Проверете дали на електричниот алат има

евентуални оштетувања.

Пред понатамошната употреба на електричниот алат,

мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што

лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и

соодветни на намената. Проверете дали подвижните

делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат

и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се

правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за

да обезбедат беспрекорна работа.

Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат

поправени или заменети од страна на овластена

сервисна работилница.

Фиксна или флексибилна монтажа

u За да се овозможи безбедно ракување,

електричниот алат мора да се монтира пред

употребата на рамна и стабилна работна површина

(на пр. работна клупа).

Монтажа на работна површина (види сликаA)

– Зацврстете го електричниот алат со соодветни завртки

на работната површина. За тоа служат отворите (23).

Флексибилна инсталација (не се препорачува!)

Доколку, во поединечни случаи, не е возможно

електричниот алат да се монтира цврсто на работна

површина, може да ги монтирате ногарките на масата за

сечење (25) на соодветна подлога (на пр. работна клупа,

рамен под), без да го зацврстувате електричниот алат.

Замена на сечилото за пила (види сликиB1–

u Пред било каква интервенција на електричниот

алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната

u Активирајте ја блокадата на вретеното (3) само

доколку вретеното на алатот е во состојба на

мирување. Инаку електричниот алат може да се

u При ставањето на сечилото за пила носете заштитни

ракавици. Доколку го допрете сечилото за пила

постои опасност од повреда.

Употребувајте само сечила за пила, чија максимално

дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи

на вашиот електричен алат.

Користете само сечила за пила, што се препорачани од

производителот на овој електричен алат и се погодни за

материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе

спречи прекумерно загревање на запците на пилата за

Вадење на сечилото за пила

– Подесете го електричниот алат во работна позиција.

– Олабавете ја завртката за прицврстување(26) (околу

2вртења) со крстест одвртувач(12).

Не ја одвртувајте целосно завртката.

– Олабавете ја завртката за прицврстување(27) (околу

6вртења) со крстест одвртувач(12).

Не ја одвртувајте целосно завртката.

– Притиснете на лостот за фиксирање(1) и навалете го

осцилаторниот заштитен капак(4) до крај нагоре.

– Потоа повлечете го наназад осцилаторниот заштитен

капак(4) заедно со заштитната плоча(21) од

завртката за прицврстување(27) додека не се задржи

осцилаторниот заштитен капак со болцните-

водилки(28) во држачот(22).

– Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна

глава(29) со испорачаниот клуч со внатрешна

шестаголна глава(12) и истовремено притиснете ја

блокадата за вретеното(3), додека не се вклопи.

– Држете ја притисната блокадата на вретеното(3) и

одвртете ја завртката(29) во правец спротивен на

стрелките на часовникот.

– Извадете ја стезната прирабница(30).

– Извадете го сечилото за пила(31).

Монтирање на сечилото за пила

Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите

делови што треба да се монтираат.

– Ставете го новото сечило за пила на внатрешната

стезна прирабница (32).

u При монтажата, внимавајте правецот на сечење на

запците (правецот на стрелката на сечилото за

пила) да се совпаѓа со правецот на стрелката на

заштитниот поклопец!

– Поставете ги стезната прирабница (30) и завртката

(29). Притиснете ја блокадата на вретеното (3) додека

не се вклопи и зацврстете ја завртката во правец на

стрелките на часовникот.

– Повторно олабавете ја блокадата на вретеното (3). По

потреба, извлечете го копчето нагоре со рака.

– Притиснете на лостот за фиксирање (1) и повторно

вметнете го осцилаторниот заштитен капак (4) заедно

со заштитната плоча (21) под завртката за

– Полека водете го надолу осцилаторниот заштитен

капак (4) додека сечилото за пила целосно не се

– Повторно зацврстете ги завртките за прицврстување

u Пред било каква интервенција на електричниот

алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната

Bosch Power Tools 1 609 92A 8KU | (01.03.2023)236 | Македонски

Транспортен осигурувач (види сликаC)

Транспортниот осигурувач (14) Ви овозможува лесно

ракување со електричниот алат при транспорт на

различни места на примена.

Отклучување на електричниот алат (работна

– Притиснете ја надолу дршката на рачката на алатот

(16), за да го ослободи транспортниот осигурувач

– Притоа, целосно извлечете го нанадвор транспортниот

– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.

Напомена: При работењето внимавајте на тоа,

транспортниот осигурувач да не е притиснат навнатре,

инаку рачката на алатот нема да може да се навали на

Прицврстување на електричниот алат (позиција за

– Водете ја рачката на алатот надолу додека

транспортниот осигурувач (14) целосно не се

Подготовка за работа

Продолжување на масата за пила (види сликаD)

Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се

потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.

Масата за сечење може да се продолжи налево со помош

на продолжетокот за маса за сечење (11).

– Спуштете го затезниот лост (10) надолу.

– Извлечете го нанадвор продолжетокот на масата за

сечење (11) до саканата должина.

– За фиксирање на продолжетокот на масата за сечење

повторно свртете го затезниот лост (10) нагоре.

Подесување на хоризонталниот агол на закосување

Хоризонталниот агол на закосување може да се подеси

во опсег од 0° од 45°.

Важните вредности за подесување се означени со

соодветните ознаки на аголниот граничник (6).

Позициите 0° и 45° се осигуруваат со помош на крајниот

– Отпуштете ја затезната дршка (13) на аголниот

– Свртете го аголниот граничник (6), додека агломерот

(33) не го прикаже аголот на закосување на скалата

– Повторно цврсто стегнете го затезниот лост (13).

Означување на линијата за сечење (види сликаF)

Ласерскиот зрак ја покажува линијата на сечење на

сечилото за пила. Притоа, делот што се обработува може

точно да го позиционирате за сечење, без да го отворите

осцилаторниот заштитен капак.

– За тоа, вклучете го ласерскиот зрак со

– Насочете ги ознаките на делот што се обработува на

десниот раб на линијата на ласерот.

Напомена: пред сечењето, проверете дали линијата на

сечење е точно прикажана. Ласерскиот зрак може да се

помести на пр. со вибрации при интензивна употреба.

Прицврстување на делот што се обработува (види

За овозможување на оптимална работна безбедност,

секогаш мора добро да го прицврстите делот за

обработка. Не обработувајте делови за обработка, кои се

премали за добро да се прицврстат.

Долгите и тешки делови за обработка мора да се потпрат

на слободниот крај или да се прицврстат.

Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се

потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.

– Ставете го делот што се обработува на аголниот

– Лостот за фиксирање (7) ставете го на делот што се

обработува и цврсто затегнете го со помош на рачката

Олабавување на делот што се обработува

– Олабавете ја рачката на вретеното (9).

– Отворете го делот за брзо отклучување (8) и

извлечете го вретеното за фиксирање (7) од делот што

Совети при работењето

Општи напомени за сечење

Заштитете го сечилото за пила од удари. Не го

изложувајте сечилото за пила на страничен притисок.

Не обработувајте искривени делови. Делот што се

обработува мора да има секогаш прав раб за

поставување на граничната водилка.

Долгите и тешки делови што се обработуваат мора да се

потпрат на слободниот крај или да се прицврстат.

Дозволени димензии на делот што се обработува

Максимални делови за обработка:

Минимални делови за обработка

(=сите делови за обработка, кои може да се зацврстат со

лостот за фиксирање (7)): должина 80mm

макс. длабочина на резот (0°/0°): 115mm

Всисување на прав/струготини (види сликаH)

Правта од материјалите како на пр. боја што содржи

олово, минерали и метал може да биде штетна по

здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав

може да предизвика алергиски реакции и/или

заболувања на дишните патишта на корисникот или

лицата во околината.

Одредени честички на метал важат како опасни, особено

во врска со легурите како на пр. цинк, алуминиум или

хром. Материјалите што содржат азбест може да бидат

обработувани само од страна на стручни лица.

– Погрижете се за добра проветреност на работното

– Се препорачува носење на маска за заштита при

вдишувањето со класа на филтер P2.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за

материјалот кој го обработувате.

Сечилото за пила (31) може да се блокира поради прав,

струготини или скршени делови на делот што се

обработува во отворот на масата за сечење (25).

– Исклучете го електричниот алат и извлечете го

струјниот приклучок од приклучницата.

– Почекајте додека сечилото на пилата целосно не дојде

во состојба на мирување.

– Извлечете ја фиоката со струготини (24) и целосно

u Избегнувајте собирање прав на работното место.

Правта лесно може да се запали.

u Внимавајте на електричниот напон! Напонот на

струјниот извор мора да одговара на оној кој е

наведен на спецификационата плочка на електричниот

Позиција на корисникот (види сликаI)

u Не застанувајте во една линија со сечилото за пила

пред електричниот алат, туку секогаш странично од

сечилото за пила. На тој начин, Вашето тело е

заштитено од можен повратен удар.

– Држете ги дланките прстите и рацете подалеку од

ротирачкото сечило за пила.

– Не ги прекрстувајте рацете пред рачката на алатот.

Вклучување (види сликаJ)

– За ставање во употреба притиснете го прекинувачот

за вклучување/исклучување (17) и држете го

Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот

за вклучување/исклучување (17) не се блокира, туку

мора постојано да се држи притиснат за време на

Само со притискање на лостот за фиксирање (1) рачката

на алатот може да се води надолу.

– За сечење дополнително мора да го притиснете лостот

за фиксирање (1) со влечење на прекинувачот за

вклучување/исклучување.

Електронскиот фин старт го ограничува вртежниот

момент при вклучување и го зголемува рокот на траење

– За исклучување отпуштете го прекинувачот за

вклучување/исклучување (17).

– Прицврстете го делот што се обработува согласно

– По потреба, поставете го саканиот хоризонтален агол

– Вклучете го електричниот алат.

– Притиснете го лостот за фиксирање (1) и рачката на

алатот водете ја полека надолу со дршката (16).

– Сечете го делот што се обработува со ист притисок.

– Исклучете го електричниот алат и почекајте додека

сечилото за пила не дојде целосно во состојба на

– Полека водете ја рачката на алатот нагоре.

Проверка и подесување на основните

u Пред било каква интервенција на електричниот

алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната

За гарантирање на прецизни резови мора да ги

проверите основните поставки по интензивно користење

на електричниот алат и евентуално да ги подесите.

За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален

Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води

прецизно и доверливо.

Подесување на ласерот

Напомена: За тестирање на функцијата на ласерот,

електричниот алат треба да биде приклучен на

напојување со струја.

Bosch Power Tools 1 609 92A 8KU | (01.03.2023)238 | Македонски

u Никогаш не го активирајте прекинувачот за

вклучување/исклучување за време на

подесувањето на ласерот (напр. при движење на

рачката на алатот). Невнимателниот старт на

електричниот алат може да доведе до повреди.

– Подесете го електричниот алат во работна позиција.

Проверка: (види сликаK1)

– На делот што се обработува нацртајте права линија за

– Притиснете го лостот за фиксирање (1) и рачката на

алатот водете ја полека надолу со дршката (16).

– Делот што се обработува поставете го на тој начин што

запците од сечилото за пила ќе се израмнат со

– Цврсто држете го делот што се обработува во оваа

позиција и водете ја рачката на алатот полека нагоре.

– Прицврстете го делот што се обработува.

– Вклучете го ласерскиот зрак со прекинувачот (19).

Ласерскиот зрак мора да биде рамен по целата должина

на линијата на сечење на делот што се обработува, дури и

кога рачката на алатот ќе се води надолу.

Подесување: (види сликаK2)

– Свртете ја завртката за поставување (35) со

испорачаниот крстест одвртувач (12), додека

ласерскиот зрак не дојде во паралела со целокупната

должина на линијата на сечење на делот што се

Едно вртење во правец спротивен на стрелките на

часовникот го движи ласерскиот зрак од лево на десно, а

вртењето во правец на стрелките на часовникот го движи

ласерскиот зрак од десно на лево.

Подесување на агломерот (види сликаL)

– Подесете го електричниот алат во транспортна

– Отпуштете ја затезната дршка (13) на аголниот

– Свртете го аголниот граничник (6) до крај во 0°-

– Поставете аголно мерило на 90° и ставете го меѓу

аголниот граничник (6) и сечилото за пила (31) на

масата за сечење (25).

Кракот од аголното мерило мора да биде рамен со

аголниот граничник по целата должина.

– Завртете го аголниот граничник (6) додека кракот од

аголното мерило не е рамен по целата должина со

– Повторно цврсто стегнете го затезниот лост (13).

– Олабавете ја завртката (36) со испорачаниот крстест

одвртувач (12) и подесете го агломерот по должина на

– Повторно зацврстете ја завртката.

Пред транспортот на електричниот алат мора да ги

извршите следните чекори:

– Подесете го електричниот алат во транспортна

– Отстранете ги деловите на опремата, кои не може

цврсто да се монтираат на електричниот алат.

Ставете ги неискористените сечила за пила во

затворена кутија, доколку сакате да ги

– Секогаш носете го електричниот алат за транспортната

u За транспортирање на електричниот алат,

користете ги секогаш уредите за транспорт, а не

u Пред било каква интервенција на електричниот

алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната

u Редовно чистете ги отворите за проветрување на

вашиот електронски алат. Вентилаторот на моторот

влече прав во куќиштето, а собирањето на голема

количина на метална прав може да предизвика

електрични опасности.

u При екстремни услови на примена, доколку е

возможно секогаш користете уред за вшмукување.

Издувувајте ги почесто отворите за проветрување

и приклучете заштитен прекинувач за

диференцијална струја (PRCD). При обработка на

метали, во внатрешноста на електричниот алат може

да се собере спроводлива прав. Може да се оштети

заштитната изолација на електричниот алат.

u Одржувањето и поправката треба да се изведуваат

само од страна на квалификуван стручен персонал.

Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на

Доколку е потребно користење на приклучен кабел,

тогаш набавете го од Bosch или специјализирана

продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете

загрозување на безбедноста.

Осцилаторниот заштитен капак мора секогаш слободно

да се движи и да се затвора. Пределот околу

осцилаторниот заштитен капак секогаш треба да биде

чист. Отстранете ги прашината и струганиците со четка.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во

врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ

како и резервните делови. Ознаки за експлозија и

информации за резервните делови исто така ќе најдете

на: www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви

1 609 92A 8KU | (01.03.2023) Bosch Power ToolsSrpski | 239

помогне доколку имате прашања за нашите производи и

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве

молиме наведете го 10-цифрениот број од

спецификационата плочка на производот.

Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3

Дополнителни адреси на сервиси може да најдете

www.bosch-pt.com/serviceaddresses

Електричните алати, опремата и амбалажите треба да се

отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните алати во

домашната канта за отпадоци!

Само за земјите од ЕУ:

Според Европската регулатива 2012/19/ЕU за

електрични и електронски уреди и нивната

имплементација во националното право, електричните

алати што се вон употреба мора одделно да се собираат и

да се рециклираат на еколошки прифатлив начин.

Доколку се отстрануваат неправилно, електричната и

електронската опрема може да имаат штетни влијанија

врз животната средина и здравјето на луѓето поради

можното присуство на опасни материи.

EU-Изјава за сообразност

Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во

согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и

прописи и се во согласност со следните норми.

Техничка документација кај: *