M6680/00 - Expresso SAECO - Notice d'utilisation et mode d'emploi gratuit

Retrouvez gratuitement la notice de l'appareil M6680/00 SAECO au format PDF.

Page 630
Assistant notice
Powered by ChatGPT
En attente de votre message
Informations produit

Marque : SAECO

Modèle : M6680/00

Catégorie : Expresso

Téléchargez la notice de votre Expresso au format PDF gratuitement ! Retrouvez votre notice M6680/00 - SAECO et reprennez votre appareil électronique en main. Sur cette page sont publiés tous les documents nécessaires à l'utilisation de votre appareil M6680/00 de la marque SAECO.

MODE D'EMPLOI M6680/00 SAECO

Приспособување на поставките за машината ______________________________________________

Филтер за вода AquaClean _______________________________________________________________

Отстранување и вметнување на групата за варење _________________________________________

Чистење и одржување____________________________________________________________________

Постапка на отстранување бигор__________________________________________________________

A12 Копче за поставување на мелењето (за да дознаете повеќе, одете на www.saeco.com/care)

А13 Резервоар за зрна кафе

А4 Приклучок за кабел

A14 Група за варење (за да дознаете повеќе, одете на www.saeco.com/care)

А5 Послужавник за капење А6 Рачка за отпуштање на послужавникот за капење

A8 HygieSteam капак со држач за цевката за млеко

А18 Преден панел на садот за мелено кафе

A9 Одвод за распрскување кафе и млеко со приспособлива висина

А20 Индикатор „Drip tray full“ (Послужавникот за капење е полн)

А16 Резервоар за вода

А19 Капак на послужавникот за капење

А10 Внатрешен елемент за капучино A11 Кабел за напојување со приклучок

Додатоци А21 Сад за млеко

A25 Филтер AquaClean

A26 Лажичка за мерење

A23 Четка за чистење

A27 Лента за тестирање тврдост на водата

A24 Цевка за подмачкување

Контролна табла Погледнете ја сликата B за преглед на сите икони. Подолу ќе ги најдете описите. B1 On/off icon (Икона за B2 Drinks (Пијалаци) вклучување/исклучување) B3 Drinks menu (Мени за пијалаци)

B6 Status menu (Мени за статус)

Вовед Ви честитаме што купивте целосно автоматска машина за кафе Saeco! За да имате целосна корист од мрежната поддршка што ја нуди Saeco, може да ја користите контролната табла за да ја регистрирате вашата машина преку вградената Wi-Fi врска или да одите на www.saeco.com/MyCoffeeMachine и да го регистрирате го производот таму. Внимателно прочитајте ја посебната безбедносна брошура пред првиот пат кога ќе ја користите машината и зачувајте ја за во иднина. Вашата целосно автоматска машина за кафе Saeco ви овозможува да се поврзете со Wi-Fi мрежата за подобро уживање на кафето. Со поврзување на вашата машина со Wi-Fi мрежата, ќе можете: - да добивате редовни ажурирања на софтверот за да го подобрите вашето корисничко искуство; - да ја користите функционалноста на продавницата, доколку е достапна во вашата држава - да ја поврзете машината со вашата сметка на Amazon за дополнување на додатоците, доколку оваа можност е достапна во вашата држава - да се поврзете со вашиот домашен уред Alexa за да користите говорно управување, доколку е достапно во вашата земја. Забелешка: машинава е тестирана со кафе. Иако беше внимателно исчистена, може да има остатоци од кафе. Сепак, гарантираме дека машината е потполно нова.

Вклучување на машината Допрете ја иконата „on“ (вклучено) и следете ги упатствата чекор по чекор на контролната табла.

Поврзете ја и ажурирајте ја машината при првото монтирање и редовно проверувајте за рачни ажурирања.

Поврзување преку Wi-Fi Поврзете ја вашата машина за кафе со домашна Wi-Fi мрежа со 2,4 GHz 802.11 b/g/n. Поврзувањето на вашата машина за кафе со домашната Wi-Fi мрежа ви овозможува подобрено корисничко искуство. Осигурете се дека машината за кафе и Wi-Fi рутерот се наоѓаат во меѓусебниот опсег. Следете ги чекорите подолу за да ја поврзете машината за кафе со вашата Wi-Fi мрежа.

632 Македонски 1 Допрете ја иконата Settings (Поставки) и повлечете одлево надесно за да ја пронајдете иконата за Wi-Fi. 2 Допрете ја иконата за Wi-Fi. 3 Следете ги чекорите на екранот за да ја поврзете машината со вашата Wi-Fi мрежа. Сега сте подготвени да го започнете вашето поврзано искуство. Машината ќе го изврши автоматскиот циклус на плакнење кога ќе се вклучи и исклучи преку говорно управување и кога машината била неактивна некое време и се исклучува. Проверете дали средината околу машината е безбедна.

Специјални функции Специјална функција

Намена Со CoffeeMaestro можете да го персонализирате вашето кафе преку избирање на претходно поставен профил на вкус (Delicato, Intenso, Forte) за вашиот пијалак, наместо сами да ги менувате поставките.

Функцијата HygieSteam автоматски го чисти системот за млеко, отстранувајќи ги микроорганизмите: користете го по подготовка на капучино или други пијалаци на база на млеко.

Нашата трајна мелница е изработена од 100% керамика за да биде исклучително силна и прецизна. Може да се прилагоди на вашиот вкус со нивоа со 12 чекори.

Maintenance Dashboard (Таблата за одржување) ви дава корисен преглед и ве известува за состојбата на некои работи како на пр. дека AquaClean е при крај.

Варење пијалаци Општи чекори За да подготвите пијалак треба да следите неколку едноставни чекори.

Македонски 633 1 Наполнете го резервоарот за вода со вода од чешма и наполнете го резервоарот за зрна кафе со зрна. 2 Ставете еден или два филџана под одводот за распрскување со приспособлива висина. Лизгајте го одводот за распрскување нагоре или надолу за да ја приспособите висината на филџанот или чашата што го/ја користите. 3 Допрете ја иконата Drinks (Пијалаци) за да влезете во менито „Drinks“ (Пијалаци). Повлечете одлево надесно и со допирање изберете го вашиот пијалак. - Допрете ја иконата „2x“ ако сакате да подготвите два филџана. Машината автоматски по ред извршува два циклуса на мелење за избраните пијалаци. Иконата „2x“ не е достапна за сите пијалаци. 4 Откако ќе изберете пијалак, поставките може да ги приспособите по избор со повлекување на приспособливите ленти нагоре или надолу. 5 Притиснете ја иконата за старт/стоп за да започнете со подготовка на избраниот пијалак. Немојте да користите карамелизирани зрна кафе или зрна кафе со посебен вкус.

Поддршка за параметрите за пијалак За да добиете дополнителни информации за конкретен параметар за пијалак, притиснете и задржете на некоја ставка 3 секунди.

Варење пијалаци на база на млеко За да сварите пијалаци на база на млеко, треба да следите неколку едноставни чекори.

1 Наполнете го резервоарот за вода со вода од чешма и наполнете го резервоарот за зрна кафе со зрна. 2 Одвртете го капакот од садот за млеко и наполнете го садот со млеко. Секогаш користете млеко тукушто извадено од фрижидер за оптимални резултати. 3 Поврзете ја флексибилната цевка за млеко со елементот за капучино. 4 Ставете ја металната цевка за млеко во садот. 5 Допрете ја иконата Drinks (Пијалаци) , лизгајте и изберете ја иконата за посакуваниот пијалак на база на млеко. 6 Поставките може да ги приспособите по избор со повлекување на приспособливите ленти нагоре и надолу.

634 Македонски 7 Притиснете ја иконата за старт/стоп кога сакате за да започнете со подготовка на избраниот пијалак. - За конкретни пијалаци, машината прво распрскува млеко, а потоа кафе. За бројни други пијалаци, ова е обратно. Машината прво распрскува кафе, а потоа млеко. - За да сопре распрснувањето на млекото пред машината да го распрска одреденото количество, притиснете ја иконата за старт/стоп . - За да сопре распрснувањето на целосниот пијалак (млеко и кафе) пред да заврши машината, притиснете и задржете ја иконата за старт/стоп . Веднаш по распрскување на млекото, се изведува „HygieSteam Shot“ (Доза HygieSteam). Машината испушта пареа низ внатрешниот систем за млеко за брзо да го исплакне. Металниот дел од цевката за млеко може да стане жежок. За да го избегнете ризикот од изгореници, оставете го прво да се излади. Совет: За подготовка на пијалаци на база на млеко може да користите и обично млеко во тетрапак. Ставете ја металната цевка за млеко директно во картонската амбалажа.

Варење кафе со претходно сомелено кафе За да сварите кафе со претходно мелено кафе, треба да следите неколку едноставни чекори.

1 Отворете го капакот на преградата за претходно мелено кафе и ставете една лажичка за мерење од претходно сомеленото кафе во неа. Потоа затворете го капакот. 2 Допрете ја иконата Drinks (Пијалаци) , лизгајте одлево надесно и изберете го вашиот пијалак. 3 Допрете ја иконата за претходно сомелено кафе. 4 Поставките може да ги приспособите по избор со повлекување на приспособливите ленти нагоре и надолу. 5 Притиснете ја иконата за старт/стоп за да започнете со подготовка на избраниот пијалак. Ако изберете претходно сомелено кафе, не може да ја приспособувате јачината на кафето и истовремено да подготвувате повеќе од еден пијалак.

Распрскување врела вода 1 2 3 4

Внатрешниот елемент за капучино треба да е правилно прикачен за машината (Сл. 1). Ставете филџан под одводот. Допрете „Hot Water“ (Сл. 2) (Врела вода). Лизгајте ги приспособливите ленти нагоре и надолу за да го приспособите количеството врела вода или температурата по ваш избор (Сл. 3). 5 Притиснете ја иконата за старт/стоп . 6 За да сопре распрснувањето на врелата вода пред да заврши машината, притиснете ја иконата за старт/стоп повторно.

Персонализација Машината ви дозволува да ги приспособите поставките на пијалакот по сопствен избор и да го зачувате приспособениот пијалак во личниот профил. Може да изберете своја икона и свое име на профилот.

Забрзајте го процесот со CoffeeMaestro Машината ви нуди можност со функцијата CoffeeMaestro да избирате профили на вкус наместо посебно да ги приспособувате сите поставки. Може да бирате меѓу Delicato, Intenso и Forte. За да изберете профил на вкус на CoffeeMaestro: 1 Допрете ја иконата за посакуваниот пијалак (Сл. 4). 2 Допирајте ја иконата CoffeeMaestro повторливо (Сл. 5). - Главната поставка на пијалакот сега е приспособена соодветно. 3 Притиснете ја иконата за старт/стоп за да започнете со подготовка на пијалакот.

Персонализирајте го вашиот пијалак со функцијата CoffeeEqualizer Touch Откако ќе изберете пијалак, автоматски се активира функцијата CoffeeEqualizer Touch и ви дава можност да ги приспособите поставките за пијалакот. Притиснете долго на секоја од ставките на дисплејот за да ја активирате функцијата за помош и да добиете дополнителни информации. Со функцијата CoffeeEqualizer Touch може да ги приспособувате следниве поставки: 1 Јачина на аромата 6 Количина на пена 2 Количина на кафе 7 Може да одлучите и да подготвите 1 или 2 филџани 3 Количина на млеко 8 Редослед на распрскување (дали прво кафе 4 Количина на вода или млеко) 5 Температура на пијалакот Забелешка: кои поставки може да ги измените ќе зависи од пијалакот што ќе го изберете.

Зачувајте ги омилените пијалаци во профил Машината ви дозволува да ги приспособите поставките на пијалакот по сопствен избор и да го зачувате приспособениот пијалак во личниот профил. Може да изберете профил и да зачувате рецепт со помош на профилите. Може да создадете профил и да додадете пијалак преку иконата за профил . 1 Допрете ја иконата за профил во главното мени (Сл. 6). 2 Допрете ја иконата со плус (Сл. 7). 3 Внесете го вашето име и изберете ја омилената икона. 4 Подготвени сте да додадете пијалак. Допрете ја иконата за посакуваниот пијалак. 5 Персонализирајте го пијалакот преку функцијата CoffeeEqualizer Touch или CoffeeMaestro. 6 Допрете ја иконата „Safe to profile“ (Зачувај во профилот) за да го зачувате во вашиот личен профил (Сл. 8).

Дополнителна доза (ExtraShot) Вашата машина ви нуди можност да додадете дополнителна доза „ристрето“ во вашето кафе и млечни пијалаци, на пример, ако сакате да имате појако кафе. 1 Ставете филџан под одводот. 2 Допрете една од иконите за пијалаци со еден допир за да изберете пијалак (Сл. 4). 3 Лизгајте ја приспособливата лента нагоре за да ја поставите јачината на највисокото ниво и изберете ја функцијата ExtraShot (Сл. 9). 4 Потоа притиснете на иконата за старт/стоп за да започнете со подготовка на пијалакот. 5 За да сопре распрскувањето на пијалакот пред да заврши машината, притиснете ја иконата за старт/стоп повторно.

636 Македонски Кога сте ја избрале функцијата ExtraShot, можете да варите само едно кафе истовремено. Функцијата ExtraShot не е достапна за сите пијалаци.

Приспособување на поставките за машината Повеќето поставки на машината може да ги приспособите со допирање на иконата Settings (Поставки) и следење на чекорите на екранот. За онлајн поддршка (често поставувани прашања, видеа итн.), скенирајте го QR-кодот што се наоѓа на корицата на оваа брошура или одете на www.saeco.com/care

Поставување тврдост на водата Ве советуваме да ја приспособите поставката за тврдост на водата според нивото на тврдост на водата во вашиот регион за да имате оптимални перформанси и подолг работен век на машината. Ова спречува да морате премногу често да го чистите бигорот на машината. Стандардната поставка за тврдост на водата е 4: тврда вода.

Користете ја лентата за тестирање тврдост на водата дадена во кутијата за да ја одредите тврдоста на водата во вашиот регион: 1 Ставете ја лентата за тестирање тврдост на водата во вода од чешма или држете ја под чешма 1 секунда (Сл. 10). 2 Почекајте 1 минута. Бројот на квадрати на лентата за тестирање што ќе станат црвени ја означуваат тврдоста на водата (Сл. 11).

Поставете ја машината на точната тврдост на водата: 1 Допрете ја иконата Settings (Поставки) и лизгајте одлево надесно за да изберете „Water hardness“ (Тврдост на водата). 2 Изберете го нивото на тврдост на водата. Бројот на црвени квадрати избран на дисплејот треба да биде ист со бројот на црвени квадрати на лентата за тестирање (Сл. 12). 3 Кога ќе ја поставите точната тврдост на водата, допрете ја иконата за потврдување за да потврдите.

Приспособување на поставката за мелење Може да ја промените јачината на кафето со копчето за поставка на мелењето во садот за зрна. Колку е пониска поставката за мелење, толку е пофино меленото кафе и толку појако ќе биде свареното кафе. Има 12 различни поставки за мелење од кои може да изберете. Машината е поставена да го извлече најдобриот вкус од вашите зрна кафе. Затоа ве советуваме да не ја поставувате поставката за мелење додека не сте свариле 100 до 150 филџани (приближно 1 месец користење). Треба да подготвите 2 до 3 пијалаци пред да може да ја вкусите разликата. Не вртете го копчето за поставување на мелењето повеќе од еден зарез едновремено за да се спречи оштетување на мелницата. 1 Допрете ја иконата Поставки во главното мени. 2 Допрете на „Grinder“ (Мелница). 3 Погледнете го видеото со упатства.

Враќање на фабрички поставки Машината ви нуди можност да ги вратите фабричките поставки во секој момент. 1 Допрете ја иконата Settings (Поставки) .

Македонски 637 2 Лизгајте одлево надесно за да изберете „Factory settings“ (Фабрички поставки). Потврдете со допир на иконата за потврдување . - Поставките сега се вратени. Следните фабрички поставки се враќаат на стандардно: тврдост на водата, време на мирување, осветленост на екранот, звук, предно осветлување, профили, мерки/единици, поставки на почетниот екран, акредитиви за Wi-Fi, поставки за ажурирање на софтверот, акредитиви за Saeco, акредитиви за Amazon.

Филтер за вода AquaClean На вашата машина е овозможен AquaClean. Можете да го поставите филтерот за вода AquaClean во резервоарот за вода за да го зачувате вкусот на вашето кафе. Тоа исто така ја намалува потребата за чистење бигор поради намалување на наслагите на бигор во вашата машина. Може да купите филтер за вода AquaClean од вашиот локален или онлајн малопродажник или од овластените сервисни центри.

Индикација за состојбата на филтерот AquaClean Статусот на филтерот AquaClean е секогаш прикажан како процент во менито за статус. - Ако состојбата на филтерот AquaClean е 10 % или помалку, екранот прикажува порака 2 секунди секој пат кога ќе ја вклучите машината. Оваа порака ве советува да купите нов филтер. - Ако состојбата на филтерот 0 %, машината бара да го замените филтерот AquaClean секој пат кога ќе ја вклучите.

Активирање на филтерот за вода AquaClean (5 мин.) Машината не открива автоматски дека е поставен филтер во резервоарот за вода. Затоа секој нов филтер за вода AquaClean што го монтирате треба да го активирате во менито за статус. Кога машината ќе престане да ја прикажува пораката за активирање на филтерот, сѐ уште можете да активирате филтер за вода AquaClean, но ќе треба прво да го отстраните бигорот од машината. Вашата машина треба да нема никаков бигор пред да почнете да го користите филтерот за вода AquaClean. Пред да го активирате филтерот за вода AquaClean, тој мора да се подготви со негово натопување во вода, како што е опишано подолу. Ако не го направите ова, во машината може да навлезе воздух наместо вода, што создава многу бучава и машината нема да може да вари кафе. 1 Допрете ја иконата „Status“ (Статус) и лизгајте одлево надесно за да изберете „AquaClean“. 2 Кога ќе се појави екранот за активација, повторно допрете ја иконата за потврдување . Следете ги упатствата на екранот.

Заменување на филтерот за вода AquaClean (5 мин.) Откако ќе поминат 95 литри вода низ филтерот, тој ќе престане да функционира. Индикаторот за статус на AquaClean ќе падне на 0 % за да ве потсети да го замените филтерот. Ако филтерот за вода AquaClean не го замените навреме, сѐ уште ќе може да го замените, но ќе треба прво да го отстраните бигорот од машината. Кога индикаторот за состојба на AquaClean ќе падне на 0 % или кога машината ве потсетува да го замените филтерот AquaClean: 1 извадете го стариот филтер за вода AquaClean. 2 монтирајте нов филтер и активирајте го, како што е опишано во поглавјето „Активирање на филтерот за вода AquaClean (5 мин.)“.

638 Македонски Заменувајте го филтерот за вода AquaClean најмалку на секои 3 месеци, дури и ако машината сѐ уште не укажува дека е потребна замена.

Отстранување и вметнување на групата за варење На екранот одете во менито за статус и изберете „Brew group clean“ (Чистење на групата за варење) или одете на www.saeco.com/care за детални видеоупатства за отстранување, поставување и чистење на групата за варење.

Отстранување на групата за варење од машината 1 Извадете го резервоарот за вода и отворете ја сервисната врата (Сл. 13). 2 Притиснете ја рачката (Сл. 14) PUSH и повлечете го држачот на групата за варење за да ја извадите од машината (Сл. 15). Кога ќе ја извадите групата за варење од машината, испразнете го послужавникот за капење и садот со мелено кафе.

Повторно вметнување на групата за варење Пред да ја вратите групата за варење назад во машината, осигурете се дека е во точната положба. 1 Проверете дали групата за варење е во точната положба. Стрелката на жолтиот цилиндар на страната од групата за варење мора да биде порамнета со црната стрелка и N (Сл. 16) - Ако не се порамнети, притиснете ја рачката додека не дојде во контакт со основата од групата (Сл. 17) за варење. 2 Вратете ја групата за варење назад во машината со лизгање долж водечките шини на страните (Сл. 18) додека не се заклучи во положба со кликнување (Сл. 19). Не притискајте го копчето PUSH. 3 Затворете ја сервисната врата и вратете го резервоарот за вода.

Чистење и одржување Машината ќе ве советува кога да извршите чистење и одржување. Редовното чистење и одржување ја одржува вашата машина во одлична состојба и обезбедува кафе со добар вкус долго време и со стабилен проток на кафе. Проверете во табелата подолу за детален опис на времето и начинот на чистење на сите делови од машината што се вадат. Може да најдете подетални информации и видео упатства на www.saeco.com/care. Погледнете ја слика C за преглед на деловите што може да се чистат во машина за миење садови.

Како да најдете во контролната табла/ Што да направите

Кога машината ќе побара или на секои три месеци.

STATUS (СТАТУС) -> CLEANING (ЧИСТЕЊЕ) -> AQUACLEAN. Следете ги чекорите за активирање на филтерот AquaClean.

Како да најдете во контролната табла/ Што да направите

Машината не открива автоматски дека е поставен филтер во резервоарот за вода. Затоа секој нов филтер за вода AquaClean што го монтирате треба да го активирате во менито за статус. Вашата машина треба да нема никаков бигор пред да почнете да го користите филтерот AquaClean. Заменувајте го филтерот AquaClean најмалку на секои 3 месеци, дури и ако машината сѐ уште не укажува дека е потребна замена. Група за варење

STATUS (СТАТУС) -> PERFORMANCE (РАБОТЕЊЕ) -> BREW GROUP CLEAN (ЧИСТЕЊЕ НА ГРУПАТА ЗА ВАРЕЊЕ). Следете ги чекорите за отстранување и чистење на групата за варење.

Кога ќе ја извадите групата за варење од машината, испразнете ги послужавникот за капење и садот за мелено кафе. Пред да ја вметнете групата за подготовка назад во машината, проверете дали е во правилна положба. Стрелката на жолтиот цилиндар од страната на групата за подготовка треба да биде порамнета со црната стрелка и N (Сл. 16).

Систем за млеко/внатрешен елемент за капучино

STATUS (СТАТУС) -> PERFORMANCE (РАБОТЕЊЕ) -> COFFEE OIL REMOVAL (ОТСТРАНУВАЊЕ НА МАСЛОТО ОД КАФЕ). Следете ги чекорите на процесот за самочистење за автоматско отстранување на остатоците од маслото од кафе од групата за варење.

По секојдневната употреба

STATUS (СТАТУС) -> HYGIESTEAM. Следете ги чекорите на процесот за самочистење за чистење на системот за млеко. Избришете ја надворешноста на металната цевка за млеко со влажна крпа пред да ја ставите во држачот за цевката за млеко.

Извадете го и расклопете го внатрешниот елемент за капучино. Исплакнете ги сите делови под чешма со малку течен детергент.

STATUS (СТАТУС) -> HYGIESTEAM -> DEEP MILK CLEAN (ДЛАБИНСКО ЧИСТЕЊЕ НА МЛЕКОТО). Следете ги чекорите на процесот за самочистење за чистење на системот за млеко.

Расклопете го садот за млеко (Сл. 20) и истиснете ја топката од цевката за млеко со помош на игла (Сл. 21). Исчистете ги сите делови од садот за млеко под чешма или во машина за миење садови.

Како да најдете во контролната табла/ Што да направите

Сад за HygieSteam Седмично или кога машината (држач за цевката за ќе ве потсети млеко)

Извадете го садот за HygieSteam од машината (Сл. 22) и отстранете го капакот на HygieSteam (Сл. 23). Исчистете ги садот и капакот на HygieSteam под чешма или во машина за миење садови. Оставете ги садот и капакот да се исушат на воздух и вратете ги во машината.

Преграда за претходно мелено кафе

Проверувајте ја преградата за претходно мелено кафе седмично за да видите дали е затната

Исклучете ја машината и извадете ја групата за варење. Отворете го капакот на преградата за претходно мелено кафе и ставете ја рачката на лажицата во неа. Движете ја рачката нагоре-надолу додека заглавеното кафе не испадне (Сл. 24). Одете на www.saeco.com/care за детални видео упатства.

Испразнете го садот за мелено Извадете го садот за мелено кафе додека кафе кога ќе ве потсети машината е вклучена. Исчистете го под машината. Чистете го седмично чешма со малку течен детергент или во машина за миење садови. Забелешка: Предниот панел на садот за мелено кафе не се мие во машина за миење садови.

Послужавник за капење

Празнете го послужавникот за капење секојдневно или штом ќе се појави црвениот индикатор „Drip tray full“ (Послужавникот за капење е полн) низ послужавникот за капење (Сл. 25). Чистете го послужавникот за капење седмично

Отстранете го послужавникот (Сл. 26) за капење и исчистете го под чешмата со малку течност за перење или во машина за миење садови.

Подмачкување на групата за варење

Подмачкајте ја групата за варење со доставената маст (видете 'Подмачкување на групата за варење'). Одете на www.saeco.com/care за детални видео упатства.

Исплакнете го резервоарот за вода под чешма.

Преден дел на машината

Чистете со неабразивна крпа.

Како да најдете во контролната табла/ Што да направите

Отстранување бигор од машината

Кога машината ќе побара да се отстрани бигорот

STATUS (СТАТУС) -> DESCALING (ОТСТРАНУВАЊЕ БИГОР). Следете ги чекорите за отстранување бигор од машината. Кога е потребно отстранување бигор, машината бара да го отстраните бигорот, притиснете ја иконата ОК за да започнете и следете ги чекорите.

Чистење на групата за варење Редовното чистење на групата за варење спречува затнување на внатрешните кола со остатоци од кафе. На екранот одете во менито за статус и изберете „Brew group clean“ (Чистење на групата за варење) или одете на www.saeco.com/care за видеа за поддршка при отстранувањето, поставувањето и чистењето на групата за варење.

Чистење на групата за варење под млаз вода од чешма 1 Допрете ја иконата „Status“ (Статус) и лизгајте за да изберете „Brew group clean“ (Чистење на групата за варење). 2 Допрете ја иконата за потврдување за да потврдите, а потоа следете ги упатствата на екранот.

Чистење на групата за варење со таблети за отстранување масло од кафе Користете само таблети за отстранување масло од кафе на Philips. 1 Допрете ја иконата „Status“ (Статус) и лизгајте за да изберете „Brew group clean“ (Чистење на групата за варење). 2 Допрете ја иконата за потврдување за да потврдите, а потоа следете ги упатствата на екранот.

Подмачкување на групата за варење За да ги подобрите перформансите на машината, препорачуваме да ја подмачкувате групата за варење на секои 2 месеци за да се осигури дека подвижните делови ќе продолжат со непречено функционирање. 1 Нанесете тенок слој маст на клипот (сивиот дел) од групата за варење (Сл. 27). 2 Нанесете тенок слој маст околу оската (сивиот дел) на дното од групата (Сл. 28) за варење. 3 Нанесете тенок слој маст на водечките шини од двете страни (Сл. 29).

Програми за чистење на внатрешниот елемент за капучино Машините ве известуваат кога треба да се исчисти внатрешниот елемент за капучино. Машината има три програми за чистење на внатрешниот елемент за капучино: - „Доза HygieSteam“: за време на подготовката на пијалак на база на млеко, машината автоматски испушта пареа низ внатрешниот елемент за капучино за брзо да го исплакне. - „HygieSteam“: машината темелно го чисти внатрешниот систем за млеко со пареа. Осигурете се дека садот за HygieSteam е правилно склопен (Сл. 30) и прикачен на машината (Сл. 31). Ставете ја цевката за млеко во држачот на цевката за млеко (Сл. 32) и следете ги упатствата на екранот. - „Deep Milk Clean“: Изведете ја постапката „Deep Milk Clean“ со средството за чистење на колото за млеко на Philips за темелно чистење на внатрешниот систем за млеко.

Чистење на внатрешниот елемент за капучино под чешма 1 Отворете ја вратата на внатрешниот елемент за капучино (Сл. 33). 2 Извадете го внатрешниот елемент за капучино влечејќи го надолу (Сл. 34). 3 Расклопете го внатрешниот елемент за капучино со влечење на долниот дел од горниот дел (Сл. 35). 4 Расклопете ги сите делови (Сл. 36) и исчистете ги под чешма. 5 Повторно склопете го внатрешниот елемент за капучино. 6 За да го вратите назад внатрешниот елемент за капучино, ставете го во исправена положба и проверете дали се порамнети дупките со двете цевки на машината. Потоа поместете го внатрешниот елемент за капучино нагоре додека не се заклучи во место (Сл. 1). 7 Затворете ја вратата. Посетете ја www.saeco.com/care за детални видео упатства.

Постапка на отстранување бигор Користете само средство за отстранување бигор на Philips. Во ниту еден случај не треба да користите средство за отстранување бигор на база на аминосулфуреста киселина, хлороводородна киселина, сулфурна или оцетна киселина (оцет) бидејќи ова може да го оштети колото за вода во машината и нема да го раствори бигорот соодветно. Ако не користите средство за отстранување бигор на Philips, гаранцијата нема да важи. Гаранцијата нема да важи и ако не извршувате чистење бигор на апаратот. Може да го купите средството за отстранување бигор на Philips од вашиот локален или онлајн малопродажник или од овластените сервисни центри. 1 Кога машината ќе побара да го отстраните бигорот, допрете ја иконата за потврдување за да започнете. За да започнете со отстранување на бигорот без машината да го побара тоа, допрете ја иконата „Status“ (Статус) и изберете „Descale“ (Отстранување бигор). 2 Отстранете ги садот за капење, садот за мелено кафе и садот HygieSteam (Сл. 22), испразнете ги и вратете ги на место. 3 Извадете го резервоарот за вода и испразнете го. Потоа извадете го филтерот AquaClean. 4 Истурете го целото шише на средството за отстранување бигор на Philips во резервоарот за вода, а потоа наполнете го со вода до нивото (Сл. 37) CALC CLEAN (ЧИСТЕЊЕ БИГОР). Потоа вратете го резервоарот за вода во машината. 5 Ставете голем сад (1,5 l) под одводот за распрскување кафе. 6 Осигурете се дека садот за HygieSteam е правилно склопен (Сл. 30) и прикачен на машината (Сл. 31). Ставете ја цевката за млеко во држачот за цевката за млеко. 7 Следете ги упатствата на екранот за да започне постапката за чистење бигор. Постапката за чистење бигор трае приближно 30 минути и се состои од циклус на чистење бигор и циклус на плакнење. 8 Откако ќе заврши чистењето бигор, треба да ги исплакнете резервоарот и колото за вода. Следете ги упатствата на екранот. 9 Ставете нов филтер AquaClean во резервоарот за вода и активирајте го (видете 'Активирање на филтерот за вода AquaClean (5 мин.)'). Совет: Користењето на филтерот AquaClean ја намалува потребата за отстранување бигор!

Што треба да направите ако постапката за чистење бигор се прекине Може да излезете од постапката за отстранување бигор со притискање на иконата за вклучување/исклучување што се наоѓа на контролната табла. Доколку се прекине постапката за

Македонски 643 отстранување бигор пред да заврши целосно, може да остане малку течност за отстранување бигор во резервоарот за вода или во колото за вода. Во тој случај, направете го следново: 1 Испразнете го и исплакнете го резервоарот за вода темелно. 2 Наполнете го резервоарот за вода со свежа вода до нивото ЧИСТЕЊЕ БИГОР и повторно вклучете ја машината. Машината ќе се загрее и ќе го изведе автоматскиот циклус на плакнење. 3 Пред варење пијалаци, изведете циклус на рачно плакнење. За да изведете рачен циклус на плакнење, прво ставете половина резервоар врела вода, а потоа сварете 2 филџани претходно мелено кафе без да додадете мелено кафе. Забелешка: ако постапката за чистење бигор не завршила, ќе биде потребно да се изврши друга постапка за чистење бигор што е можно поскоро.

Кодови за грешки Подолу ќе најдете список со кодови на грешки што прикажуваат проблеми коишто може да ги решите сами. Видео упатствата се достапни на www.saeco.com/care. Ако се појави друг код на грешка, контактирајте со центарот за грижа на корисници во вашата земја. За деталите за контакт, погледнете го гарантниот лист.

Исклучете ја машината и откачете ја од кабел. Извадете ја групата за варење. Потоа отворете го капакот на преградата за претходно мелено кафе и ставете ја рачката на лажицата. Движете ја рачката нагоре-надолу додека заглавеното кафе не испадне. Посетете ја www.saeco.com/care за детални видео упатства.

Групата за варење е Исклучете ја машината. Исплакнете ја групата за варење со валкана или не е добро свежа вода, оставете ја да се исуши на воздух, а потоа подмачкана. подмачкајте ја (видете 'Подмачкување на групата за варење'). Погледнете во поглавјето „Чистење на групата за варење“ или посетете ја www.saeco.com/care за детални видео упатства. Потоа повторно вклучете ја машината.

Групата за варење не е позиционирана правилно.

Исклучете ја машината. Отстранете ја групата за варење и повторно вметнете ја. Проверете дали групата за варење е во точната положба пред да ја вметнете. Погледнете во поглавјето „Ракување на групата за варење“ или посетете ја www.saeco.com/care за детални видео упатства. Потоа повторно вклучете ја машината.

Има воздух во колото за вода.

Рестартирајте ја машината со исклучување и повторно вклучување. Ако ова успее, истурете 2 до 3 чаши врела вода. Исчистете го бигорот од машината ако не сте го направиле тоа подолго време.

Филтерот AquaClean не е подготвен соодветно пред монтирањето или е затнат.

Извадете го филтерот AquaClean и повторно обидете се да сварите кафе. Ако ова успее, проверете дали филтерот AquaClean е подготвен соодветно пред да го ставите повторно назад (видете 'Активирање на филтерот за вода AquaClean (5 мин.)'). Ставете го филтерот AquaClean во резервоарот за вода. Ако и ова не успее, филтерот може да е затнат и треба да се замени.

644 Македонски Код за грешка

Машината треба да се приспособи на собна температура

Оставете ја машината некое време да се приспособи на собна температура од транспортната/надворешната температура. Исклучете ја машината 30 минути, а потоа повторно вклучете ја. Ако ова не успее, контактирајте со Центарот за грижа на корисниците во вашата држава. За деталите за контакт, погледнете го гарантниот лист.

Машината е прегреана. Исклучете ја машината и повторно вклучете ја по 30 минути.

Машината не е правилно приклучена во ѕидниот приклучок.

Осигурете се дека малиот приклучок од кабелот за напојување е правилно поврзан во електричниот приклучок на задната страна од машината.

Нарачување додатоци За чистење на машината и отстранување на бигорот од машината користете само производи за одржување на Philips. Овие производи може да се купат преку овозможување на Smart Reorders на Amazon, од вашата локална или онлајн малопродажба или од овластени сервисни центри. За да може да користите Smart Reorders на Amazon, прво треба да ја активирате оваа услуга на Amazon. Потоа следете ги чекорите на екранот на машината за да ја поврзете вашата сметка на Amazon со вашата сметка на Saeco. Услугата Smart Reorders на Amazon може да ја користите откако ќе ги завршите овие чекори. Во менито „Shop“ (Продавница) што се наоѓа на контролната табла на машината може да ја видите достапноста кај локалните малопродажници на производите за одржување и додатоците на Philips. За да го најдете онлајн целосниот список со резервни делови, внесете го бројот на типот на вашата машина. Бројот на типот може да го најдете на внатрешната страна на сервисната врата. Производи за одржување и број на типови: - Раствор за отстранување бигор CA6700 - Филтер AquaClean CA6903 - Маст за групата за варење HD5061 - Таблети за отстранување масло од кафе CA6704 - Средство за чистење на колото за млеко CA6705 - Комплет за одржување CA6707

Ажурирања на софтверот Ажурирањето е клучно за заштита на вашата приватност и правилно функционирање на вашата машина за кафе. Може да поставите дали сакате рачно да ја ажурирате машината или сакате тоа да се прави автоматски. Ако сте избрале автоматски ажурирања, осигурете се машината да биде приклучена и навечер и Wi-Fi да биде овозможен, за машината да може преку ноќ да ги прима ажурирањата на софтверот. Ажурирањата стануваат достапни кога има подобрувања во софтверот, нови функции за машината и за да се спречат евентуални безбедносни проблеми. Задолжителните ажурирања на фирмверот автоматски започнуваат кога машината за кафе е во режим на мирување. Машината за кафе не може да се користи за време на ажурирањето на фирмверот.

Решавање проблеми Ова поглавје ги резимира најчестите проблеми што може да ги сретнете кај машината. Видеата за поддршка и целосниот список со често поставуваните прашања се достапни на www.saeco.com/care. Ако не можете да го решите проблемот, контактирајте со Центарот за грижа на корисниците во вашата држава. За деталите за контакт, погледнете го гарантниот лист.

Има остатоци од кафе во мојата нова машина.

машинава е тестирана со кафе.

Иако беше внимателно исчистена, може да има остатоци од кафе. Сепак, машината е потполно нова.

Машината е во режим DEMO.

Сте ја држеле притисната Вклучете ја и исклучете ја машината со иконата за мирување повеќе од исклучување на кабелот од струја и 8 секунди. повторно вклучување во струја.

Послужавникот за капење се полни брзо/секогаш има вода во послужавникот за капење.

Тоа е нормално. Машината користи вода за да ги плакне внатрешното коло и групата за варење. Дел од водата поминува низ внатрешниот систем и директно во послужавникот за капење.

Празнете го послужавникот за капење секојдневно или штом ќе се појави црвениот индикатор „послужавникот за капење е полн“ низ капакот на послужавникот за капење. Совет: ставете чаша под одводот за распрскување за да се собере водата за плакнење што ќе излезе од него.

Иконата „испразнете го садот за мелено кафе“ е постојано вклучена.

Сте го испразниле садот за мелено кафе додека машината била исклучена од ѕидниот штекер или сте го вратиле назад пребрзо.

Извадете го садот за мелено кафе, почекајте најмалку 5 секунди, а потоа повторно вметнете го.

Машината бара да се испразни садот за мелено кафе иако садот не е полн.

Машината не го ресетирала бројачот последниот пат кога сте го испразниле садот за мелено кафе.

Секогаш почекајте најмалку 5 секунди кога го враќате садот за мелено кафе назад во машината. На овој начин, бројачот на полнења со кафе ќе се ресетира на нула и бројот на полнења со кафе се брои правилно.

Садот за мелено кафе е преполн, а иконата „испразнете го садот за мелено кафе“ не се прикажа на дисплејот.

Сте го извадиле послужавникот за капење без да го испразните садот за мелено кафе.

Кога ќе го извадите послужавникот за капење, испразнете го послужавникот за капење дури и ако содржи само неколку полнење со кафе. Вака бројачот на полнења со кафе со сигурност ќе се ресетира на нула и бројот на полнења со кафе се брои правилно.

646 Македонски Проблем

Не можам да ја извадам групата за варење.

Групата за варење не е во точната положба.

Ресетирајте ја машината на следниов начин: затворете ја сервисната врата и вратете го резервоарот за вода. Исклучете ја машината и повторно вклучете ја и почекајте да се вклучат светлата на иконите за пијалаци. Обидете се повторно да ја извадите групата за варење. Погледнете го поглавјето „Отстранување и вметнување на групата за варење“ за упатства чекор по чекор.

Не можам да ја вметнам групата за варење.

Групата за варење не е во точната положба.

Ресетирајте ја машината на следниов начин: затворете ја сервисната врата и вратете го резервоарот за вода. Оставете ја групата за варење надвор од машината. Исклучете ја машината и откачете ја од кабел. Почекајте 30 секунди и приклучете ја машината во штекер, вклучете ја и почекајте да се вклучат светлата на иконите за пијалаци. Потоа ставете ја групата за варење е во точната положба и повторно вметнете ја во машината. Погледнете го поглавјето „Отстранување и вметнување на групата за варење“ за упатства чекор по чекор.

Групата за варење е валкана или треба да се подмачка.

Извадете ја групата за варење, исплакнете ја под чешма и оставете ја да се исуши. Потоа подмачкајте ги подвижните делови (видете 'Подмачкување на групата за варење').

Машината ја изведува постапката за самостојно приспособување. Оваа постапка стартува автоматски при првото користење на машината, кога ќе го смените типот на зрната кафе или по подолг период на некористење.

Сварете 5 филџани кафе првично за да ѝ овозможите на машината да ја заврши постапката на самостојно приспособување.

Мелницата е поставена на премногу крупна поставка.

Поставете ја мелницата на поситна (пониска) поставка. Сварете 2 или 3 пијалаци за да може да ја вкусите разликата.

Температурата е поставена прениско.

Поставете ја температурата на максималната поставка (Сл. 38).

Ладниот филџан ја намалува температурата на пијалакот.

Загрејте ги филџаните со плакнење со врела вода.

Кафето не е доволно жешко.

Не излегува кафе или излегува бавно.

Додавањето млеко ја намалува температурата на пијалакот.

Без разлика дали ќе додадете врело или ладно млеко, додавањето млеко секогаш ја намалува температурата на кафето. Загрејте ги филџаните со плакнење со врела вода.

Филтерот за вода AquaClean не е подготвен соодветно за монтирање.

Извадете го филтерот AquaClean и ставете малку врела вода. Ако ова успее, филтерот AquaClean не бил соодветно монтиран. Повторно монтирајте го филтерот AquaClean и следете ги чекорите во поглавјето „Филтер за вода AquaClean“. По подолг период на некористење, треба да го подготвите филтерот за вода Филтер за вода AquaClean за повторна употреба и ставете 2 до 3 чаши врела вода.

Филтерот за вода AquaClean е затнат.

Заменувајте го филтерот за вода AquaClean на секои 3 месеци. Филтер што е постар од 3 месеци може да се затне.

Мелницата е поставена на премногу ситна поставка.

Поставете ја мелницата на покрупна (повисока) поставка. Имајте предвид дека ова ќе влијае врз вкусот на кафето.

Групата за варење е валкана.

Извадете ја групата за варење и исплакнете ја под чешма (видете 'Чистење на групата за варење под млаз вода од чешма').

Одводот за распрскување кафе е валкан.

Исчистете го одводот за распрскување кафе и неговите отвори со чистач за цевки или игла.

Преградата за претходно мелено кафе е затната

Исклучете ја машината и извадете ја групата за варење. Отворете го капакот на преградата за претходно мелено кафе и ставете ја рачката на лажицата во неа. Движете ја рачката нагоренадолу додека заглавеното кафе не испадне (Сл. 24).

Колото на машината е блокирано од бигор.

Исчистете го бигорот со средство за отстранување бигор (видете 'Постапка на отстранување бигор') на Philips. Секогаш чистете го бигорот кога машината ќе ве потсети.

648 Македонски Проблем

Не се прави пена од млекото.

Внатрешниот елемент за капучино е валкан или не е вметнат правилно.

Исчистете го внатрешниот елемент за капучино и внимавајте да го поставите и вметнете правилно (видете 'Чистење на внатрешниот елемент за капучино под чешма').

Типот на млеко што се користи не е соодветен за правење пена.

Различни типови млеко може да резултираат со различно количество пена и различен квалитет на пената.

Млекото што го користите не е доволно ладно.

Треба да користите ладно млеко тукушто извадено од фрижидер.

Флексибилната цевка за млеко не е правилно поврзана.

Отворете ја вратата од одводот (Сл. 33) за распрскување кафе и проверете дали флексибилната цевка за млеко е целосно поврзана со елементот за капучино (Сл. 39). Имајте предвид дека елементот за капучино и цевките за млеко може да се врели. Оставете елементот за капучино и цевките да се оладат пред да ги допрете.

Елементот за капучино и цевките за млеко не се чисти.

Извадете го и расклопете го внатрешниот елемент за капучино (видете 'Чистење на внатрешниот елемент за капучино под чешма'). Исплакнете ги сите делови под чешма. За темелно чистење користете го средството за чистење на колото за млеко на Philips и изведете ја постапката „Deep Milk Clean“ преку менито за статус и менито „Hygiesteam“. Имајте предвид дека ако деловите се чистени во машина за миење садови, може да се затнати од делови храна или остатоци од детергент. Се препорачува да проверите визуелно дали има некакви пречки.

Ве советуваме да ја изведувате програмата „HygieSteam“ секој ден: 1) Притиснете „Status“ (Статус) на контролната табла. 2) Изберете „HygieSteam“. 3) Потоа потврдете ги сите чекори на дисплејот. Цевките за млеко се затнати.

Секогаш складирајте го садот за млеко во фрижидер без цевките за млеко. Преостанатото млеко може да се наталожи во цевките за млеко и да го блокира протокот низ цевките. Исплакнете ги цевките за млеко пред складирање.

Изгледа дека машината протекува.

Машината користи вода за да ги плакне внатрешното коло и групата за варење. Оваа вода поминува низ внатрешниот систем и директно во послужавникот за капење. Тоа е нормално.

Празнете го послужавникот за капење секој ден или штом ќе се појави индикаторот „послужавникот за капење е полн“ низ капакот на послужавникот за капење. Совет: ставете чаша под одводот за распрскување за да се собере водата за плакнење и да се намали количеството вода во послужавникот за капење.

Послужавникот за капење е преполн и претекува што прави да изгледа дека машината протекува.

Празнете го послужавникот за капење секој ден или штом ќе се појави индикаторот „послужавникот за капење е полн“ низ капакот на послужавникот за капење.

Резервоарот за вода не е целосно вметнат, дел од водата истекува од него и воздух се вовлекува во машината.

Осигурете се дека резервоарот за вода е во точната положба: извадете го и повторно ставете го во машината што е можно подлабоко.

Групата за варење е валкана/затната.

Исплакнете ја групата за варење.

Машината не е поставена на хоризонтална површина.

Ставете ја машината на хоризонтална површина, така што послужавникот за капење нема да претекува, а индикаторот „послужавникот за капење е полн“ ќе работи правилно.

Не можам да го активирам филтерот за вода AquaClean и машината бара чистење бигор.

Филтерот не бил монтиран или Прво исчистете го бигорот на навреме заменет откако на машината, а потоа монтирајте го екранот се прикажал филтерот за вода AquaClean. потсетникот AquaClean. Ова значи дека вашата машина веќе не е целосно без бигор.

Новиот филтер за вода не одговара.

Се обидувате да монтирате филтер поинаков од филтерот за вода AquaClean.

Само филтерот за вода AquaClean одговара во машината.

Гумениот прстен на филтерот за Повторно ставете го гумениот прстен на вода AquaClean не е на место. филтерот за вода AquaClean. Машината произведува гласен звук.

Нормално е машината да произведува звуци при користењето.

Ако машината започне да произведува друг тип на звук, исчистете ја групата за варење и подмачкајте ја (видете 'Подмачкување на групата за варење').

Филтерот за вода AquaClean не е подготвен соодветно и сега е вовлечен воздух во машината.

Извадете го филтерот за вода AquaClean од резервоарот за вода и соодветно подгответе го за користење пред да го вратите назад. Погледнете го поглавјето „Филтер за вода AquaClean“ за упатства чекор по чекор.

650 Македонски Проблем

Резервоарот за вода не е вметнат целосно и вовлечен е воздух во машината.

Осигурете се дека резервоарот за вода е во точната положба: извадете го и повторно ставете го, туркајќи го што е можно подлабоко.

Кога се обидувам Името и лозинката за Wi-Fi не се Проверете ги името и лозинката за Wiпрвпат да ја поврзам точни. Fi. машината преку Wi-Fi, машината не може да се поврзе на Wi-Fi мрежата. Апаратот за кафе и Wi-Fi рутерот не се наоѓаат во меѓусебниот опсег. Машината не може да ја Wi-Fi рутерот не работи најде домашната Wi-Fi правилно. мрежа.

Осигурете се дека машината за кафе и Wi-Fi рутерот се наоѓаат во меѓусебниот опсег или користете повторувач за WiFi. Проверете дали Wi-Fi рутерот работи правилно и дали е поврзан на интернет.

Машината не се наоѓа во опсегот на рутерот.

Проверете дали машината се наоѓа во опсегот на рутерот. Исто така, може да користите повторувач на Wi-Fi сигналот.

Рутерот на кој машината за кафе се обидува да се поврзе е со двоен опсег од 5 GHz или вашата машина не се обидува да се поврзе со мрежа со 2,4 GHz.

Мрежи со опсег од 5 GHz не се поддржани. Привремено исклучете го опсегот од 5 GHz во вашиот рутер и повторно обидете се да ја спарите машината за кафе со друг опсег од истиот рутер (2,4 GHz). По успешното спарување, повторно вклучете го вашиот опсег од 5 GHz

Сè уште не можам да ги користам Alexa и Smart Reorders на Amazon.

Сè уште не сте ја поврзале вашата сметка на Amazon со сметката на Saeco.

За да ја поврзете вашата сметка на Amazon со сметката на Saeco за да можете да го користите говорното управување Alexa и Smart Reorders на Amazon, следете ги упатствата на контролната табла на машината. Забелешка: За да може да ги користите овие функции треба да имате апликација Alexa или уред Alexa и треба да ја овозможите услугата Smart Reorders на Amazon.

Поврзувањето на машината преку Wi-Fi порано работеше, но веќе не работи.

Името и/или лозинката за Wi-Fi се смениле.

Следете ги упатствата од делот „Поврзување преку Wi-Fi“ и изберете ја мрежата со новото име на Wi-Fi за да се поврзете.

Лозинката за Wi-Fi била променета.

Следете ги упатствата од делот „Поврзување преку Wi-Fi“ и внесете ја новата лозинка за Wi-Fi.

Вашиот Wi-Fi рутер не работи правилно.

Проверете го рутерот и проверете дали работи.

Поврзувањето преку Wi-Fi може Чувајте ја машината подалеку од други да биде прекинато од електронски уреди што може да електромагнетни или други предизвикаат пречки. пречки. Не помага ниту едно од решенијата споменати погоре.

Исклучете ја машината и откачете ја од струја, а потоа повторно приклучете ја машината во струја и вклучете ја за повторно да го проверите Wi-Fi поврзувањето.

Технички спецификации Производителот го задржува правото да ги подобри техничките спецификации на производот. Сите одредени количества се приближни.

Должина на кабелот за напојување

Капацитет на резервоарот за зрна

Капацитет на садот за мелено кафе

Капацитет на садот за млеко

Приспособлива висина на одводот

Номинален напон – Номинална моќност – Довод на струја

Видете ја етикетата со податоци од внатрешната страна на сервисната врата

Опсег на Wi-Fi фреквенција

2,4 GHz 802.11 b/g/n

Декларација за сообразност Со ова, DAP B.V. изјавува дека целосно автоматските машини за еспресо SM6685, SM6682 и SM6680 се во согласност со Директивата 2014/53/EU. Целосниот текст на декларацијата за усогласеност со ЕУ е достапна на следнава интернет-адреса: https://www.saeco.com. Целосно автоматските машини за еспресо SM6685, SM6682 и SM6680 се опремени со модул за Wi-Fi, 2,4 GHz 802.11 b/g/n (канали 1..13). Максимална моќност на пренос <100 mW (20 dBm).

Wi-Fi Машината е вмрежена опрема, во согласност со регулативата (ЕУ) бр. 801/2013, а наменета е да се користи трајно поврзана на мрежа од 2,4 GHz 802.11 b/g/n.