AMW LB - Дувач BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот AMW LB BOSCH во PDF формат.
| Тип на производ | Дувачка |
| Бренд | Bosch |
| Модел | AMW LB |
| Напојување | Електрична со кабел |
| Номинална моќност | 600 W |
| Макс. проток на воздух | 2,5 m³/min |
| Макс. брзина на воздух | 200 km/h |
| Нето тежина | 2,5 kg |
| Димензии (Д × Ш × В) | 40 × 20 × 15 cm |
| Должина на кабелот за напојување | 5 m |
| Ниво на звучен притисок (LpA) | 85 dB(A) |
| Ниво на акустична моќност (LwA) | 96 dB(A) |
| Вибрации на рака-рака | < 2,5 m/s² |
| Тип на дување | Насочетлив цевка |
| Подесување на брзина | Прогресивен регулатор |
| Главни функции | Дување, чистење на патеки и градини |
| Одржување и чистење | Чистете ги решетките за вентилација по секоја употреба |
| Безбедност | Автоматско запирање во случај на блокирање |
| Достапни резервни делови | Цевка за дување, вентилаторско тркало, прекинувач |
| Поправливост | Индекс на поправливост : 6,5/10 (проценка) |
| Гаранција | 2 години (освен потрошни делови) |
| Вклучени додатоци | Цевка за дување, упатство за употреба |
Често поставувани прашања - AMW LB BOSCH
Прашања на корисниците за AMW LB BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Дувач во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник AMW LB - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. AMW LB на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК AMW LB BOSCH
Безбедносни напомени
Толкување на симболите

Општи безбедносни правила.

Прочитајте го упатството за употреба.

Внимавајте предмети коишто летаат од косачката да не ги повредат личностите коишто стојат околу уредот.

Предупредување: Држете се на безбедно растојание од косачката додека таа работи.

Згаснете го уредот и исклучете го од струја пред секое прилагодување, чистење или одржување, ако кабелот е оштетен и ако го оставате уредот без надзор макар и на кратко.

Носете заштитни слушалки и очила.

Не работете кога врне и не оставајте го уредот на отворено по дожд.


Кога поткаструвате, внимавајте гранчињата што летаат да не ги повредат лицата коишто се наоѓаат во непосредна близина.
Предупредување: Држете се на безбедно растојание од косачката додека таа работи.
Општи напомени за безбедност за електричните апарати
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте го целото упатство.
Ако не се следи упатството, може да дојде до струен удар и/или до тешки повреди.
Зачувајте го упатството за идни консултации.
▶ Пред употреба, проверете дали напојниот и продолжниот кабел имаат евентуални оштетувања. Ако е кабелот оштетен, веднаш исклучете го од напојување. НЕ ДОПИРАЈТЕ ГО КАБЕЛОТ ПРЕД ДА ГО ИСКЛУЧИТЕ ОД НАПОЈУВАЊЕ. Не употребувајте го уредот ако е кабелот оштетен или прекинат. ▶ Ако кабелот е оштетен, мора да биде заменет од страна на произведувачот, неговиот овластен сервисер или подеднакво квалификуван сервис, со цел да се избегне незгода. ▶ При секојдневна употреба, секој ден прегледувајте го кабелот. Ова особено важи ако уредот бил изложен на позначајни влијанија. За подобра безбедност користете резидуален уред (РЌД) кој се активира на отстапување од 30 мА. Резидуалниот уред треба да се проверува пред секоја употреба.
▶ Отворите за вентилација мора да бидат чисти. ▶ Пред употреба и после удар проверете дали е уредот оштетен или изабен и спроведете ги евентуалните потребни поправки. ▶ Прочитајте ги и упатствата и безбедносните напомени за машината.
▶ Никогаш не дозволувајте им на деца и луѓе кои не се запознаени со овие инструкции да ја користат косачката. Локалните прописи можат да ја ограничат возраста на ракувачот. Чувајте ја косачката вон дофат на деца кога не ја употребувате. Оваа косачка не е наменета на личности (и деца) со ограничени физички, сензорни или душевни можности, со недостаток на искуство и знаење, освен ако не им се обезбедени соодветни инструкции или надзор за употреба на косачката од страна на личност одговорна за нивната безбедност. Внимавајте децата да не си играат со косачката. Ракувачот е одговорен за штетата нанесена на други луѓе или имот. Додека ја користите машината, во круг од најмалку 3 метри не треба да има луѓе и животни. Ракувачот на машината е одговорен за безбедноста на трети лица во нејзината близина.
▶ Не користете ја машината кога во непосредна близина има животни, луѓе, а особено деца. ▶ Не употребувајте го уредот ако сте болни или под влијание на алкохол, дрога или лекови. ▶ Не работете со машината по лоши временски услови, особено при грмотевици. Носете долги панталони од крут материјал, цврсти чевли и ракавици. Не носете лабава облека, накит, куси панталони, и сандали и не работете боси. Ако имате долга коса, врзете ја над рамената, за да спречите нејзино заплеткување во подвижните делови на уредот. ▶ Ако носите лабава облека, внимавајте таа да не се вовлече во отворот за воздух, бидејќи тоа може да предизвика повреда. Доколку имате долга коса, внимавајте таа да не се вовлече во отворот за воздух, бидејќи тоа може да предизвика повреда. ▶ Користете ја машината само по дневна светлина или под добро осветлување. На коси површини чекорете внимателно и стабилно. ▶ Секогаш одете мирно и полека, не брзајте при употреба на уредот. ▶ Не преоптоварувајте се и секогаш одржувајте рамнотежа. ▶ Не дозволувајте нечистотија и отпадоци да влегуваат во отворите за ладење. ▶ Лисјата и нечистотијата не дувајте ги кон луѓето што стојат во близина.
▶ Секогаш згаснете го уредот кога го пренесувате до и од местото на работа. ▶ Кога уредот е во употреба носете заштитни очила и слушалки. Носете заштитни очила во склад со EN 166 како и заштита за слухот кога го користите уредот. ▶ Во правливи услови носете маска за лице со филтер за намалување на ризиците по здравјето од вдишување прашина. ▶ Не допирајте ги опасните подвижни делови пред да го исклучите уредот од напојување и додека подвижните делови во потполност не застанат. ▶ Згаснете ја машината и извадете го кабелот од утикачот:
— секогаш кога уредот го оставате без надзор на извесно време – ако кабелот е заглавен — пред чистење или поправка — пред расклопување на уредот – пред замена на додатоците
▶ Продолжната цевка не смее да се монтира на додатокот.
▶ Не вршете никакви преправки на косачката. Неовластените модификации можат да доведат до нарушување на безбедноста на косачката, или да ја зголемат бучавата или вибрациите. По завршувањето на работата извадете го кабелот од утикач и проверете ја машината за можни оштетувања. ▶ Проверувајте редовно дали се затегнати сите навртки, завртки и
шрафови, за безбедна употреба на косачката.
▶ Редовно прегледувајте ја косачката и заменувајте ги веднаш оштетените или изабените делови. ▶ Поради безбедносни причини, веднаш заменете ги истрошените или оштетените делови. ▶ Секогаш користете Bosch оригинални резервни делови. ▶ Чувајте го уредот на безбедно, суво место вон дофат на деца. Не ставајте други предмети на уредот.
Ознаки
Следните симболи се важни за читање и разбирање на упатството за употреба. Ве молиме проучете ги симболите и нивното значење. Правилната интерпретација на симболите ќе Ви помогне подобро и побезбедно да ја користите косачката.
Ознака Значење
Носете заштитни ракавици

Правец на движење
CLICK!
Ниво на бучавата
Употреба со соодветна намена
Овој уред може да се користи само со машината AMW 10. Оваа машина е конструирана за истовремено да дува лисја и други отпадоци, на пример трева, гранки и борови иглички.
Технички податоци
| Додаток за дување писја AMW LB | ||
| Број на дел/артикл | 3 600 HA3 F00 | |
| Број на празни вртежи | min -1 | 8000 |
| Воздушен проток, макс. | км/ч 220 | |
| Волуменски проток, макс. | м 3 /ч 320 | |
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01/2003 | кг 1,3 | |
| Сериски број | види ја натписната плочка на косачката | |
Серискиот број на уредот се наоѓа на натписната плочка на косачката. Трговските имиња на некои косачки можат да бидат различни.
Македонски | 111
Информации за бучава/вибрации
Следните податоци важат за додатокот приклучен на машината.
Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност со EN 50636-2-100.
Измерените А-вредности на врева изнесуваат просечно: Звучен притисок 92 дБ (А); Силина на звук 100 дБ (А). Несигурност K=2 дБ.
Носете звучна заштита!
Вкупно вибрации (векторски збир на трите правци): Емисија на вибрации an = 3,5 m/s2 , Несигурност K = 0,6 m/s2 .
Изјава за сообразност СЕ
Изјавуваме на сопствена одговорност дека производот опишан во «Техничките податоци» во комбинација со машината AMW 10 (3 600 HA3 0..) е сообразен со нормите 2011/65/EU, 2014/30/EU, 2006/42/EC, 2000/14/EC вклучително нивните измени и е сообразен со следните норми: EN 60335-1, EN 50636-2-100. 2000/14/EC: Гарантирана јачина на звук 104 дБ (А). Процедура за верификација на конформитетот V.
Категорија на производ: 34
Техничка документација (2006/42/EC, 2000/14/EC) при: Bosch Lawn and Garden Ltd., PT-LG/ENS23, Stowmarket, Suffolk IP14 1EY, England
| Цел на користењето Слика | |
| Обем на испорака 1 | |
| Монтажа на мулти-тул додатокот | 2 |
| Монтажа на ременот | 3 |
| Совети за работа 4 | |
| Одржување и чистење | 5 |
| Складирање | 6 |
Отстранување грешки



| Моторот работи но дувалката не дува Мулти-тул додатокот не е правилно монтиран на машината | Проверете го начинот на монтажа | |
| Косачката не работи | Машината е расипана | Побарајте помош од сервис |
| Неисправни внатрешни инсталации во косачката | Побарајте помош од сервис | |
| Косачката работи со прекини | Прекинувачот е расипан | Побарајте помош од сервис |
| Јаки вибрации/бучава | Машината е расипана | Побарајте помош од сервис |
| Машината не дува | Лежиштето на вентилаторот е запушено | Исчистете го вентилаторот |
Сервисна служба и совети при користење
Секогаш при кореспонденција или нарачка на резервни делови наведете го десетцифрениот сериски број што се наоѓа на натписната плочка.
Македонија
Д.Д.Електрис
Машината, додатната опрема и амбалажата треба да се сортираат за рециклажа.
Не фрлајте ја косачката со комуналниот отпад!
Само за земји во рамки на ЕУ

Според Европската директива 2012/19/EU за отпадна електрична и електронска опрема и нејзината имплементација во државното право, отпадната електрична и електронска опрема мора посебно да се сортира и да се складишти на еколошки прифатлив начин.
Се задржува правото на промена.