PAS 18 LI - Дувач BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот PAS 18 LI BOSCH во PDF формат.
| Тип на производ | Безжичен дувалка |
| Марка | Bosch |
| Модел | PAS 18 LI |
| Напојување | Литиум-јонска батерија 18 V (продава одделно) |
| Тежина | 1,7 kg (без батерија) |
| Димензии (Д × Ш × В) | 850 × 160 × 160 mm |
| Ниво на акустична моќност (LWA) | 98 dB(A) |
| Ниво на вибрации (ah) | 2,5 m/s² |
| Максимален проток на воздух | 4,0 m³/min |
| Максимална брзина на воздух | 200 km/h |
| Компатибилен тип на батерија | Bosch 18 V SYSTEM (на пр. BAT609) |
| Време на полнење (со полнач AL 1810CV, батерија 2,0 Ah) | Околу 60 мин |
| Автономија (со батерија 2,0 Ah) | Околу 15–20 мин |
| Главни функции | Регулатор на брзина, отстранлива цевка за дување, ѕидна кука за складирање |
| Одржување и чистење | Редовно чистете ги решетките за вентилација со сува четка; не користете растворувачи или абразивни производи |
| Безбедност | Носете заштитни очила и анти-бучава слушалки; не користете на дожд или во влажна средина |
| Достапни резервни делови | Цевка за дување, батерија, полнач – достапни преку корисничката служба на Bosch |
| Поправливост | Поправка од овластен професионалец; нема лесно достапни потрошни делови |
| Гаранција | 2 години (според локалното законодавство) |
Често поставувани прашања - PAS 18 LI BOSCH
Прашања на корисниците за PAS 18 LI BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Дувач во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник PAS 18 LI - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. PAS 18 LI на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК PAS 18 LI BOSCH
Безбедносни напомени

Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Добро чувајте ги овие упатства.
▶ Овој вшмукувач не е предвиден за употреба од страна на деца и лица со ограничени физички, сензорни и ментални способности или недоволно искусство и знаење. Овој вшмукувач може да го користат деца над 8 години и лица со ограничени физички, сензорни или ментални способности или недоволно искусство и знаење, доколку се под надзор на лице одговорно за нивната безбедност или се упатени за безбедно ракување со вшмукувачот и ги разбираат опасностите што може да произлезат. Инаку постои опасност од погрешна употреба и повреди.
▶ Не ги оставајте децата без надзор. Така ќе се осигурате дека децата нема да си играат со вшмукувачот.
▶ Не ги оставајте децата без надзор за време на чистењето или одржувањето на вшмукувачот.
!ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не вшмукувајте материи опасни по здравјето на пр.
прав од буково или дабово дрво, камена прав, азбест. Овие материи се канцерогени.
Информирајте се за важечките прописи/закони во врска со постапување со материи опасни по здравјето во Вашата земја.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Користете го вшмукувачот само
доколку може целосно да ги процените сите функции и може да ги извршувате без ограничувања или сте ги добиле соодветните упатства. Деталните инструкции ја намалуваат опасноста од погрешна употреба и повреди.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Вшмукувачот е наменет само за вшмукување на
суви материјали. Навлегувањето на течности го зголемува ризикот од електричен удар.
ВНИМАНИЕ
Вшмукувачот смее да се користи само во внатрешен простор.
Навлегувањето на дожд и влага во горниот дел на вшмукувачот го зголемува ризикот од електричен удар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Не вшмукувајте врела или запалива прав и не
вшмукувајте во простории каде постои опасност од експлозија. Правта може да се запали и експлодира.
▶ Извадете ја батеријата, пред одржувањето или чистењето на вшмукувачот, пред регулирање на поставките на уредот, замена на деловите или тргање настрана. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на вшмукувачот. ▶ Погрижете се за добра проветреност на работното место. Вшмукувачот смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал со оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на електричниот апарат. ▶ Отворот за вшмукување и процепите за вентилација не смеат да се затвораат, покриваат или затнуваат. Со ова се гарантира правилна употреба на уредот. ▶ Вшмукувањето на предмети со остри рабови како на пр. скршено стакло, клинци, камења, игли или жилети за бричење може да го оштети филтерот. ▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од трајно изложување на сончеви зраци, оган, вода или влага. Постои опасност од експлозија.
▶ Кога не ја користите батеријата, чувајте ја понастрана од парички, спојувалки, клучеви, шајки, завртки и други метални предмети што можат да направат спој од едниот до другиот пол. Краток спој








меѓу двата пола може да предизвика пожар или изгореници.
▶ При погрешно користење, може да истече течноста од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници. ▶ Доколку се оштети батеријата или не се користи правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта. ▶ Батериите полнете ги само со полначи кои се препорачани од производителите. Доколку полначот е прилагоден на еден соодветен вид батерии, го користите со други батерии, постои опасност од пожар. ▶ Користете батерии кои се соодветни на Вашиот производ од Bosch. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување. ▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пуши, да експлодира или да се прегрее.
Опис на производот и моќноста
Употреба со соодветна намена
Вшмукувачот е наменет за вшмукување и издувување на материјали што не се опасни по здравјето и суви материјали. Вшмукувачот е наменет исклучиво за употреба во домаќинството.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Користете го вшмукувачот само
доколку сте доволно информирани за неговата употреба. Деталните инструкции ја намалуваат опасноста од погрешна употреба и повреди.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричните апарати на графичката страница.
1 Копче за отклучување на комората за прав 2 Прекинувач за вклучување/исклучување 3 Батерија* 4 Куќиште на моторот 5 Комора за прав 6 Продолжна цевка 7 Четка 8 Држач за млазницата за фуги/четката 9 Млазница за фуги 10 Подна млазница 11 Копче за отклучување на батеријата 12 Филтерска единица 13 Поклопец за филтерот
14 Дихтунг за филтерот
15 Филтер
*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандартниот обем на испорака. Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
Технички податоци
| Батериски вшмукувач за суви материјали | PAS 18 LI | |
| Број на дел/артикл | 3 603 CB9 0.. | |
| Волумен на контејнерот (бруто) | I | 0 |
| макс. потпритисок | kPa 4,2 | |
| макс. количина на проток | m3/min 1,4 | |
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 | кг 1,3 | |
Батерија
| Дозволена температура на околината | ||
| – при полне ње | °C | 0...+45 |
| – при р а ї и одискладирање | °C | -20...+50 |
| Препорачани батерии PBA 18V ....V-. | ||
| PBA 18V ....W-. | ||
| Препорачани полначи | ||
| – PBA 18V ....V-. | AL 22..CV | |
| AL 18..CV | ||
| – PBA 18V ....W-. | AL 18..CV | |
* ограничена јачина при температури <0 °C. Техничките податоци се однесуваат на испорачаната батерија.
Монтажа
Полнење на батеријата
▶ Користете ги само полначите наведени на
страниците со опрема. Само овие полначи се соодветни за литиум-јонската батерија што се користи за вашиот вшмукувач.
Напомена: Батеријата се испорачува полунаполнета. За целосно полнење на батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Литиум-јонските батерии може да се полнат во секое време, без да се намали нивниот век на траење. Прекинот при полнењето не ѝ наштетува на батеријата.
Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска заштита на ќелиите (ЕСР)“ од длабинско празнење.
Доколку се испразни батеријата, електричниот апарат ќе се исклучи со помош на заштитно струјно коло: Електричниот апарат не се движи повеќе.
▶ По автоматското исклучување на вшмукувачот, не притискајте на прекинувачот за
вклучување/исклучување. Батеријата може да се оштети.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Вадење на батеријата (видете слики A1-A2)
Батеријата 3 има два степени на заклучување кои спречуваат да не испадне батеријата при невнимателно притискање на копчето за отворање на батеријата 11.





86 | Македонски
Додека батеријата е вметната во електричниот апарат, таа се држи во позиција со помош на федер.
- За вадење на батеријата 3 притиснете на копчето за исклучување 11 и извлечете ја батеријата наназад од вшмукувачот. Притоа не употребувајте сила.
Монтирање на опремата за вшмукување (види слика В)
▶ Извадете ја батеријата, пред одржувањето или чистењето на вшмукувачот, пред регулирање на поставките на уредот, замена на деловите или тргање настрана. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на вшмукувачот.
Опремата за вшмукување може да се спои директно со контејнерот за прав 5.
Можностите за комбинирање на различните делови опрема за вшмукувачот може да ги видите на сликата.
- Вметнете ги деловите од опремата за вшмукувачот цврсто во приклучокот на контејнерот за прав 5 еден во друг.
Употреба
▶ Извадете ја батеријата, пред одржувањето или чистењето на вшмукувачот, пред регулирање на поставките на уредот, замена на деловите или тргање настрана. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на вшмукувачот.
Ставање во употреба
▶ Не го користете вшмукувачот во ладна околина. Навлегувањето на дожд и влага во горниот дел на вшмукувачот го зголемува ризикот од електричен удар. ▶ Пред да почнете со вшмукувањето осигурете се дека филтерската единица е цврсто монтирана. ▶ Користете само неоштетени филтери (без процепи, дупки итн.). Веднаш заменете го оштетениот филтер.
Вклучување/исклучување
За да се заштеди енергија, вклучувајте го вшмукувачот само доколку го користите.
- За вклучување на вшмукувачот, притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување 2 нанапред (правец ON).
- За исклучување на вшмукувачот, притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување 2 наназад (правец OFF).
Одржување и сервис
Одржување и чистење
▶ Извадете ја батеријата, пред одржувањето или чистењето на вшмукувачот, пред регулирање на поставките на уредот, замена на деловите или тргање настрана. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на вшмукувачот.
▶ Одржувајте ја чистотата на вшмукувачот и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
– Повремено исчистете го куќиштето на вшмукувачот со влажна крпа. - Исчистете ги извалканите контакти за полнење со сува крпа.
Чистење на комората за прав
(погледнете ги сликите C1-C3)
Исчистете ја комората за прав 5 по секоја употреба, за да го одржите максималниот капацитет на вшмукувачот.
– Притиснете на копчето за отклучување 1 и извадете ја комората за прав 5 од куќиштето за моторот 4. Извадете ја филтерската единица 12 од контејнерот за прав. - Истресете ја комората за прав 5 над еден соодветен сад за отпад. – Доколку е потребно, исчистете ја комората за прав со една влажна крпа. Доколку е потребно, исчистете ја филтерската единица (види „Чистење на филтерската единица“, страна 86). – Повторно ставете ја филтерската единица 12 во контејнерот за прав 5. Прикачете ја комората за прав долу во куќиштето на моторот и притиснете ја малку за да се вклопи.
Чистење на филтерската единица (види слики D1-D3)
– Притиснете на копчето за отклучување 1 и извадете ја комората за прав 5 од куќиштето за моторот 4. Извадете ја филтерската единица 12 од контејнерот за прав. – Одвртете го поклопецот на филтерот 13 од дихтунгот на филтерот 14. Извадете го филтерот 15 од поклопецот 13. – Исчеткајте ги ламелите на филтерот со меко метличе. - Вградувањето се врши по обратен редослед.
Чување
- Ставете ја опремата за вшмукување во држачот предвиден за таа намена 8 на вшмукувачот.
Дефекти
Проверете при недоволна јачина на вшмукување:
– Дали е полна комората за прав 5? ▷ Види „Чистење на комората за прав“, страна 86. – Дали филтерот 15 е запушен со прав? ▷ Види „Чистење на филтерската единица“, страна 86. – Дали е преслаб капацитетот на батеријата? ▷ Види „Полнење на батеријата“, страна 85. Редовното празнење на комората за прав 5 и чистењето на филтерската единица 12 овозможува оптимален капацитет на вшмукување. Доколку и понатаму не може да се постигне истата јачина на вшмукување, однесете го вшмукувачот во сервисната служба.
Сервисна служба и совети при користење
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на вшмукувачот.









Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ, како и резервните делови. Експлозивен цртеж и информации за резервни делови ќе најдете на:
www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
Македонија
Д.Д.Електрис
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата.
Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување

Вшмукувачот, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.
Не го фрлајте вшмукувачот и батериите во домашната канта за губре!
Само за земји во рамки на ЕУ

Според европската регулатива 2012/19/EU, вшмукувачите што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EG мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Батерии:

Литиум-јонски:
Ве молиме внимавајте на напомените во дел „Транспорт“, страна 87.
Се задржува правото на промена.
Српски
Упатства за безбедност

Прочитајте ги сите предупредувања и упатства. Пропустите при придржувањето кон предупредувањата и упатствата може да резултираат со електричен удар, пожар и/или тешки повреди.