BOSCH HEZ9TY010 - плоча за готвење

HEZ9TY010 - плоча за готвење BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот HEZ9TY010 BOSCH во PDF формат.

📄 280 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice BOSCH HEZ9TY010 - page 135
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за HEZ9TY010 BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот плоча за готвење во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник HEZ9TY010 - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. HEZ9TY010 на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК HEZ9TY010 BOSCH

[mk] Упатство за употреба 135

1 Безбедност.... 136
2 Чистење на садот за готвење пред првата употреба 138
3 Користење на сад за готвење.... 138
4 Употреба на садот за готвење во rerна .... 139
5 Чистење на садовите за готвење.... 139
6 Табела за готвење ...... 140
7 Гаранција 141

BOSCH HEZ9TY010 - 1

1 Безбедност

Кога ги користите додатоците, внимавајте на овие безбедносни напомени.

Овој производ е во согласност со прописите за производи кои имаат контакт со храна.

■ Садот за готвење не е погоден за употреба во микробранова печка.
■ Садот за готвење е произведен само за домашна употреба.
■ Садот за готвење е наменет за готвење.
■ Не чувајте храна во садот за готвење долго време. Храната со висока содржина на киселина може да предизвика несакано обезбојување во садовите за готвење.
■ Не вршете промени на садот за готвење на кој било начин.
■ Никогаш не оставајте го садот за готвење без надзор.
■ Никогаш не оставајте ги децата без надзор во близина на жешки садови за готвење.

BOSCH HEZ9TY010 - Безбедност - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Опасност од пожар!

Жешкото масло и маснотија брзо се запалуваат.

▶ Никогаш не оставајте ги жешкото масло и маснотија без надзор.
▶ Не користете природни масла со ниска точка на чадење за пржење или фритирање.
▶ Никогаш не бришете го со вода жешкото масло или маснотија.
▶ Изгаснете го огнот со капак или противпожарно кебе.

BOSCH HEZ9TY010 - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Опасност од пожар! - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Опасност од изгореници!

Рачките може да бидат многу врели.

▶ Секогаш користете кујнски крпи.

BOSCH HEZ9TY010 - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Опасност од изгореници! - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Опасност од изгореници!

Топла течност, прскање и пареа може да предизвикаат изгореници.

▶ Внимателно ракувајте со жешките течности.

⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ – Опасност од повреда!

Пағаньето на садовите за готвење може да предизвика повреди.

Свртете ги рачките за да не излегуват над работната површина.

ВНИМАНИЕ!

Неправилната употреба може да го оштети садот за готвење или плочата за готвење.

▶ Никогаш не загревајте го садот за готвење празен долго време, во спротивно може брзо да се прегрее и да се деформира.

2 Чистење на садот за готвење пред првата употреба

  1. Отстранете ја амбалажата и сите етикети.
  2. Внимателно проверете го дното да не има гребнатини, вдлабнатини или други оштетувања што може да се предизвикани од ракување, транспорт или за време на продажбата.
  3. Чистете го садот за готвење со топла вода со сапуница и мек сунгер.
  4. Избришете го садот за готвење со сува крпа.
  5. Измешајте три дози вода и една лимонска киселина или оцет.
  6. За да ја заштитите површината од нергосувачки челик од дамки и оксидација, вријте ја смесата во необложени садови од нергосувачки челик 15 минути на низок степен.
  7. Оставете го садот за готвење да се излади.

3 Користење на сад за готвење

ВНИМАНИЕ!

Неправилната употреба може да предизвика штета и не е покриена со гаранцијата на производителот.

  • За да избегнете гребење на плочата за готвење, подигнете го садот за готвење кога го преместувате на стаклокерамиката.
    ▶ Не ставајте садови без заштитен слој помеѓу нив.

  • За да обезбедите добра стабилност на садот за готвење, никогаш не прегревајте ја тавата.

  • За да избегнете гребење на површината, никогаш не ја сечете храната во тавата. Не користете блендери или маталки во тавата.
  • Секогаш користете заштитен материјал кога ставате жешки садови за готвење на маса или работна плоча.

Услов: Користете чиста тава.

  1. За да постигнете најдобар резултат од готвењето, ставете го садот за готвење на површина за готвење со соодветна големина.
  2. Загрејте до степен 8 или 8.5, а потоа изберете го соодветниот степен за готвење.
    Садот за готвење се загрева многу брзо. Не користете ја Boost функцијата или степен 9.
  3. Препорачуваме да ја превртите храната со шпатула од нергосувачки челик и да ја извадите од садот за готвење.

Забелешки

■ Правоаголните тави никогаш не се целосно рамни, но тоа нема влијание врз готвењето и правилната функција на полето за готвење.
■ Ако ја прегреете тавата или ја изгорите храната, не'ргосувачкиот челик може да стане син, па дури и кафен и може да се појават траги од оксидација. Сепак, тоа нема влијание врз резултатот од готвењето или квалитетот на храната.

- Изгребаната површина нема влијание врз резултатот од готвењето или квалитетот на храната.

4 Употреба на садот за готвење во rerна

Садот за готвење можете да го користите, земајки ја предвид максимальната температура во перната.

⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Опасност од изгореници!

Садот за готвење и рачките се вжештуваат.

▶ Користете кујнски крпи.

5 Чистење на садовите за готвење

ВНИМАНИЕ!

Неправилното чистење може да го оштети садот за готвење.

▶ Не чистете ги садовите за готвење во машината за миење садови.
- Не користете груби средства за чистење, кои содржат белило на база на хлор.
▶ Не користете средство за чистење на перната или други абразивни средства за чистење.

  1. Чистете го садот за готвење рачно по секоја употреба со сунгер или крпа за садови, топла

вода и средство за миење садови специјално наменет за рачно миење.

Најдобри резултати од чистење се постигнуваат кога садот за готвење е се уште топол. Сепак, внимавајте да не се изгорите кога чистите.

Ако остатоците од храна се залепат на садот за готвење, ставете вода на дното на тавата и оставете да кисне додека садот се загрева на ниска температура и додека не се појави пареа. Водата не мора да врие.

  1. Исчистете го садот за готвење повторно рачно.
  2. Исплакнете го садот за готвење со топла вода.
  3. Веднаш исушете го садот за готвење со мека крпа.

Совет

■ Секогаш чистете го садот за готвење темелно, бидејки при следната употреба остатоците од храна може да изгорат на површината или храната може да се залепи.
Чувајте го садот за готвење чист и празен кога не го користите.
■ За да ги отстраните тврдокорните дамки и нечистотија, полијте го садот со сок од лимон или оцет и нежно загрејте додека не се создаде пареа. Повторете го процесот на чистење опишан погоре.
■ Тврдокорните дамки може да се отстранат со сунгер од велична волна и/или средство за чистење од нергосувачки челик.

6 Табела за готвење

Следната табела содржи неколку примери. Времето на готвење зависи од видот, тежината и квалитетот на храната. Поради тоа можни се разни варијации. Степените за готвење од 8 до 8.5 се идеални за претходно загревање.

Meco

Јадење Степен наготвењеВреметраење на потпржување во минути
Пилешки гради, дебелина 2 см 5 - 610 - 20
Стекови од свинско филе, свински котлети (необработени)6 - 7 4 - 12
Бифтек, 3 см дебел 7 - 8 8 - 12
Кофтиња, хамбургер, 3 см дебелина4.5 - 5.5 30 - 40
Сланина 6.5 - 7.5 3 - 6

Риба

Јадење Степен наготвењеВреметраење на потпржување во минути
Шкампи и морски ракчиња 7 - 8 5 - 10
Филети од лосос 5 - 6 10 - 15
Пастрмка 3.5 - 4.5 15 - 25
Филети од риба 6 - 7 10 - 15

Јадења со јајца

Јадење Степен наготвењеВреметраење на потпржување во минути
Јајце на око 5 - 6 3 - 9
Кајгана 4 - 5 3 - 9

Зеленчук

Јадење Степен наготвењеВреметраење на потпржување во минути
Лук, кромид 5 - 6 2 - 10
Тиквички, модар патлицан 6 - 7 5 - 10
Пиперка, зелени шпаргли 6 - 7 5 - 15
Печурки 7 - 8 8 - 15

7 Гаранција

Следново е исключено од гаранцијата на производителот:

  • Оштетување поради неправилна употреба, на пр. поради прегревање, удирање или пагање
    ■ Оштетување поради неправилно чистење
    ■ Природно абење
    ■ Визуелни знаци на употреба, на пр. промена на бојата предизвикана од чистење во машина за миење садови или од употреба на масла и масти
  • Оштетување во зоната за готвење, на пр. гребнатини предизвикани од гребење или други оштетувања на дното на садот за готвење.

Ако имате какви било прашања, контактирајте со нашата служба за корисници.

pl

Spis treści

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : HEZ9TY010

Категорија : плоча за готвење