STIGA SRC 550 RG - фреза

SRC 550 RG - фреза STIGA - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот SRC 550 RG STIGA во PDF формат.

📄 172 страници Македонски MK 💬 AI прашање
Notice STIGA SRC 550 RG - page 158

Questions des utilisateurs sur SRC 550 RG STIGA

0 question sur cet appareil. Repondez a celles que vous connaissez ou posez la votre.

Poser une nouvelle question sur cet appareil

L'email reste privé : il sert seulement à vous prévenir si quelqu'un répond à votre question.

Aucune question pour l'instant. Soyez le premier à en poser une.

Преземете ги упатствата за вашиот фреза во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник SRC 550 RG - STIGA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. SRC 550 RG на марката STIGA.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК SRC 550 RG STIGA

Почитуван кориснику: Ви благодариме за довербата што го купивте нашиот производ. Посакуваме да уживате во употребата на нашите машини. Овие инструкции за употреба се направени заради сигурност во употребата уште од самиот почеток. Доколку внимателно ги пратите инструкциите, машината ќе има задоволителен перформанс во целост и ќе има подол животен век. Пред да се пуштат во изработка, нашите машини се тестирани за работа во најтешки услови и постојано се подложни на тестови за време на фазите во производство. Овој производ е тестиран во земјата на потекло од страна на независни институции за тестирање, а во согласност со предвидените норми за функционирање и стандардите за безбедност. По потреба, треба да се користат само оригинални заменски делови за да се одржи загарантираната функционалност и нивото на безбедност на производот. Производителот се оградува од било какви побарувања во случаи кога во машината биле користени заменски делови кои не се од оригиналната понуда. Го задржуваме правото на измена на дизајнот и конструкцијата без претходна најава. За било какви прашања и нарачки на заменски делови, Ве молиме доставете го серискиот број на производот кој се наоѓа на страничниот дел од машината. ПОДАТОЦИ ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА (Сл.1) Ознаката со податоците за машината и серискиот број се наоѓаат на левата страна на култиваторот под моторот. Забелешка – Секогаш наведете го серискиот број на култиваторот кога имате потреба од Техничка поддршка или Заменски делови. УСЛОВИ И ОГРАНИЧУВАЊА ЗА УПОТРЕБАТА Мотокултиваторот е дизајниран и направен за да ја окопува и обработува земјата. Мотокултиваторот мора да се употребува само со оригиналната опрема и делови. Секоја употреба надвор од горе наведените е забренета и повлекува прекин на гаранцијата, како и сериозен ризик за корисникот и лицата во непосредна близина. МЕРКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ Внимание: Пред да го составите и да го пуштите во употреба производот, Ве молиме внимателно да ги прочитате иснтрукциите за ракување. Лицата кои не ги познаваат инструкциите, не треба да ја користат машината. 1-Лицата кои не се запознаени со упатството, како и деца, лица помали од 16 години и лица под влијание на алкохол, дроги или други медикаменти, не смеат да ја употребуваат косилката.

2- Производот е направен за да се користи од страна на 1 корисник кој е запознаен со упатствата.

Лицето кое ја користи косилката е одговорно за секоја незгода врз трети лица или нечија сопственост. Додека ја користи машината, корисникот треба да озбезбеди во непосредната близина да нема други лица, а посебно деца (10мт.). 3-Пред да почнете да ја користите машината за мелење, отстранете ги сите страни тела од почвата. Работете само за време на дневна светлина или на добра вештачка осветленост. 4-Немојте да ја вклучувате машината доколку стоите пред ротирачкиот секач, ниту пак да се доближувате до машината кога е вклучена. Доколку го повлечете краткото јаже за вклучување, ротирачкиот секач и машината не треба да се вклучат (доколку се случи вклучување/ротација подесете го контролниот штраф на затегнувачот). 5-За време на користењето на машината, заради заштита препорачливо е да се користат технички/јаки чевли и долги панталони. Сериозна опасност за ракувачот и безбедноста на лицето во близина

Внимавајте, бидејќи додека машината работи опасноста да се повредите на ногата или прстите е многу висока. Додека ја користите машината одете полека и немојте да трчате. 6-За време на транспорт на машината, одржување, чистење, менување на опремата, машината мора да биде исклучена. 7-Пред да ја оставите машината, Ве молиме да ја исклучите. 8-Немојте да ја исклучувате машината во затворени простори/соби каде што може да дојде до инхалација на карбон моноксид. 9-ВНИМАНИЕ!! Горивото многу лесно може да се запали. Чувајте го горивото во садови кои се специјално создадени за таа намена. Немојте да го полните резервоарот во затворени простории, додека е вклучена машината, додека пушите и внимавајте да не дојде до истекување на горивото од резервоарот. Доколку забележите дека горивото истекува, немојте да се обидувате да ја вклучите машината, туку отстранете ја од просторот со цел да го избегнете палењето додека мирисот од горивото не изветрее. Заменете ја капата на резервоарот и садот за горивото. Никогаш не ја отварајте капата на резервоарот или додавајте гориво, кога машината е вклучена или пак врела. 10-Внимавајте на ауспухот. Деловите во близина на ауспухот може да достигнат до 80C. Заменете ги истрошените или неисправни пригушувачи. Внимавајте бидејќи може да се изгорите! 11-Немојте да го користите култиваторот на стрмни падини бидејќи може да се преврти! На падини користете ја машината накрсно, не во надолница и бидете многу внимателни при секоја промена или насока. 12-Пред да ја вклучите машината, проверете ја однадвор и осигурајте се дека сите мерки за заштита од незгоди се во функција. Строго е забрането да се не се почитуваат и/или да не се земаат сериозно. Заменете ги потрошените или оштетени елементи. 13-Во случај машината да не е употребувана соодветно, и/или поправките се вршени од неовластени технички лица, и/или се вградувани неоригинални заменски делови: секоја употреба надвор од горе опишната е забранета и повлекува прекин на гаранцијата и оградување од одговорноста на производителот. БЕЗБЕДНОСНИ ФУНКЦИИ (Сл.14) Секој култиватор содржи безбедносни функции кои делуваат. Машината го исклучува менувачот автоматски во било кое време кога контролнте рачки се пуштени (2 Брзина за напред – 3 Брзина за назад) ЗАБЕЛЕШКИ КАКО ДА СЕ РАКУВА СО КУЛТИВАТОРОТ Додека машината работи, оставете ги запците во земјата и додека цврсто го држите култиваторот, внесете го копачот во почвата. Спуштете ја рачката за кумплугот (сл.14, дел 2) на управувачот за да може дисковите да навлезат во почвата. Култиваторот ќе се придвижи напред кога со управувачот малку ќе се подигнат дисковите. Копачот мора да остане во земјата за време на работата. Употреба: Лесен или средно лесен состав на земја за обработување. Обработка на земја (култивирање/раситнување). Обработка на земјиште (остранување на плевел). Орање во компост или ѓубре. Внимание: Култиваторот не е соодветен за работа на почви покриени со тенка трева/тревници. Исто така не се препорачува да се користи на каменести почви. ТРАНСПОРТ За транспорт на машината се користи вилушкар. Вилушката треба да биде што е можно повеќе отворена и вметната помеѓу палети. Тежината на машината е наведена на ознаката од производителот заедно со другите технички информации. Култиваторот може да се транспортира до определено место со помош на преносното тркало(Сл.14, дел 8). Исклучете ја машината пред да ја транспортирате. КАКО ДА ГО СОСТАВИТЕ КУЛТИВАТОРОТ Доколку не е договорено на друг начин, култиваторот се доставува во делови во кутија. За да го составите, пратете ги следните чекори:160

ПОСТАВУВАЊЕ НА КУКАТА (Сл.2-3) Закачете ја долгата страна од куката (Сл.2, дел 1) на задниот дел од рамката и зацврстете ја со помош на рачката (2). Улогата на транспортното тркало (СЛ.3, дел 1) е само заради транспорт на машината. Тоа може да се прикачи оркако ќе се сврти куката во позиција од 1800 и откако ќе се зацврсти со помош на крилест штраф (2). За време на работата со култиваторот, тркалото треба да се отстрани: олабавете го крилестиот штраф, извадете ја куката и вратете ја во истата позиција како во Сл.2. КАКО ДА СЕ СОСТАВАТ СОСТАВНИТЕ ДЕЛОВИ НА УПРАВУВАЧОТ И УПРАВУВАЧОТ (Сл.4) Составете ги деловите на управувачот (1) на хоризонталната шипка користејќи ги четирите штрафа (2) кои веќе се наоѓаат на плочата, шајбни (3) и навртки (4). Составете го држачот за жица (5) како што е дадено на сликата. За да ја составите рачката (6) на управувачот (1), пратете ги следните чекори: ставете го штрафот (7) во горниот дел од дупката во држачот на жицата (8) во кој веќе се поставени жиците, а потоа осигурајте го со завртка (9).Искористете ги штрафовите за подолните слотови (10) во потенциометрите (11). Сите наведени парчиња за составување на управувачот, со исклучок на држачот на жица (8), може да се најдат во торбичката која се наоѓа во пакувањето. За да ја намалите рачката на соодветна висина (14), треба да ја спуштите рачката за подесување (13). СОСТАВУВАЊЕ НА КОНТРОЛНИТЕ КАБЛИ (Сл.5-Сл.6): Двата кабли се веќе инсталирани во машината и мораат да бидат вклучени на соодветната рачка. НАПРЕД (СЛ.5) Вметнете ја жицата (1) во терминалот Т-слот (2) кој е монтиран на управувачот. Поставете го цилиндричниот терминал (4) во седиштето на рачката (3) и повлечете цврсто за да го заклучите. Потоа стиснете го подесувачот на жицата (5) во седиштето на рачката (А), на начин што ќе притиснете надоле. НАЗАД (Сл.6): Внесете ја жицата (1) означена со R и цилиндричниот тетминал во слот (2) од рачката (3) кој е прикачен на управувачот. Наместете го цилиндричниот терминал (4) во централното седиште (А) на рачката (3) и цврсто стиснете го. Потоа ставете го навојот (5) на рачката (Б). СОСТАВУВАЊЕ НА САЈЛАТА ЗА ГАС (Сл.7) Сајлата за шалтерот за гас е веќе вградена во машината во делот за регулирање на гасот (1). Овој дел е прицврстен во дупка (А) на управувачот со штраф (2) и заклучен со навртка (3). КАКО ДА ГИ СОСТАВИТЕ ДИСКОВИТЕ ЗА ЗАШТИТЕ НА ДРВЈАТА (Сл. 7а) Отстранете ги од кутијата за пакување двата диска за заштита на дрвјата (1). Вметнете го дискот во ротаторот (2) до каде што се отворите (Б) за да се преклопат (Ц). Обезбедете ги со штраф (3) и навртки (4). Повторете ја истата постапка и за другиот диск. КАКО ДА СЕ ПРИЦВРСТИ ГОРНИОТ ДЕЛ ОД ЦЕВКАТА НА УПРАВУВАЧОТ (Сл.8) Отстранете го горниот дел (1) од кутијата, прицврстете ја на цевката од управувачот (2) за да се преклопат отворите, и бидете сигурни дека седиштата (Ц) одговараат на потенциометрите (3). Завршете го прицврстувањето со штрафовите (4) кои ќе ги поставите во дупките (А) и (Б), а на крај заштрафете ги со навртка (5). КАКО ДА ГО СОСТАВИТЕ ПОКЛОПЕЦОТ НА УПРАВУВАЧОТ (Сл.8 А) Извадете го поклопецот од кутијата (1). Поставете го така што седиштата да одговараат меѓусебно (А) на долниот дел од управувачот (2). Свртете го поклопецот како што е покажано на сликата, за да се осигурате дека се совпаѓа со рачката (3). Поклопецот е соодветно инсталиран кога куката (Ц) од поклопецот(1) е прицврстена на161

делот (Д) од управувачот (2). ПОДЕСУВАЊЕ НА КОНТРОЛАТА: (Сл.9) Внимание! Ротаторот почнува да работи само откако работел на контролната рачка. Оваа операција може да се изведе со делување на каблите од управувачот (1 Брзина напред) 2 (Брзина назад). Рачката која ја контролира брзината (3) треба да го вклучи ротаторот после половината од работењето. Кога рачките (3) и (4) се држат заедно, т.е. додека работи моторот, затегнувачот на ременот (преносник) за забрзување на брзината (5е 6) треба да се подеси за 8-10мм. Доколку можностите на управувачот не се доволни за да се применат наведените услови, Ве молиме употребите други подесувања. НАПРЕД: заштрафете или отштрафете го подесувачот (7) или (8) на кабелот(1). НАЗАД: заштрафете или отштрафете го подесувачот (9) или (10) на кабелот(2). ПОДЕСУВАЊА НА УПРАВУВАЧОТ (Сл.10А – 11Б) Управувачот на култиваторот може да се подеси и странично и висински. Пред да започнете со користењето, препорачливо е да се прилагоди управувачот според желбата на корисникот за да може полесно да се

СТРАНИЧНО ПОДЕСУВАЊЕ (Сл 10А): Страничното подесување на управуачот му овозможува на корисникот да не навлегува на култивирана земја и да не ја уништува вегетацијата. Користете ја опцијата за покачување на висината (3) за да го отклучите управувачот (2) од делот што го осигурува (1). Свртете го управувачот како што посакувате и намалете ја висината (3) за да го заклучите. ПОДЕСУВАЊЕ НА ВИСИНАТА (Сл.10Б): За да го отклучите управувачот (2) треба да ги свртите рачките (4) за да ги олабавите. Покачете ги или спуштете го управувачот на секаната позиција (стандардното подесување е страничната висина/ниво). За да ја обезбедите вистинската позиција, зацврстете ги двете рачки. ИНСТРУКЦИИ Пратејќи ги инструкциите за составуање и прилагодување, култиваторот сега е спремен за користење -Прилагодете го управувачот според саканата позиција/висина (видете сл.10). -Пред да ја вклучите машината, внимателно проверете дали култиваторот е во добра состојба. -Внимание: култиваторот е доставен без гориво во машината. Резервоарот има капацитет од 5кг и треба да се наполни до означеното ниво. За секој случај, потребно е корисникот секогаш внимателно да ги прочита упатствата за користење на машината. -Немојте да ја менувате калибрацијата на уредот за контрола на брзината, бидејќи може да ја подесите машината да оди премногу брзо. ВАЖНО: при првото користење на машината, неопходно е да се утврди дали во касата има масло за подмачкување. Немојте да ја користите машината доколку не сте го провериле ова. -Откако ќе завршите со составувањето на машината, вклучете го култиваторот и проверете дали откако ќе го подесите акцелераторот во стоп позицијата, машината ќе се исклучи целосно. -Како да ја вклучите машината (Сл.14): Отворете го капачето за гориво (кај машините со оваква опрема), стиснете го СТАРТ копчето на управуачоот (1). Доколку машината е ладна, вклучете го со помош на уредот за вклучување на карбураторот, повлечете ја рачката за стартување енергично (10). Кога машината ќе се вклучи, после неколку звуци, повторно вратете го уредот за вклучување во првобитната положба. -Брзина напред (Сл.11): Земете го управувачот (1) и вклучете го уредот за сигурност (2) кој препречува можни незгоди поврзани со запците од машината. Спуштете ја рачката за напред (3) до најдоле. -Брзина назад (Сл.12): Земете го управувачот (1) и вклучете го уредот за сигурносѕ (2) кој препречува можни незгоди поврзани со од запците162

од машината. Спуштете ја рачката за назад (3) до најдоле. Оваа машина е проектирана со цел минимално да се намалат сите вибрации и звуци што се испуштаат за време на работата. Во секој случај во случаи кога подолго време работите со машината, пропорачуваме повремено да земете одмор, -Исклучување на машината: За да ја исклучите машината, вратете го акцелераторот во стоп позиција (Сл.14, дел 1). МЕНУВАЊЕ НА МАСЛОТО (Сл.13) Генерално земено, маслото треба да се менува на секои поминати 100 часови работа со машината (oil viscosity SAE 80 ). Постапете според следното упатство: А) олабавете го горниот дел од штрафот (1). Б) поставете ја машината во соодветен агол и извадете го маслото со помош на шриц. Ц) наполнете со околу 0.5 литри ново масло. Проверка на нивото на маслото: Поставете ја машината во хоризонтална позиција: отворете го поклопецот и обезбедете се дека маслото е на најниското ниво. Поклопецот за полнење и празнење одговара на нивото на маслото. ВНИМАНИЕ! Користенето масло не смее да се исфрла во одводи и други течни води. Повеќето гаражи користат специјални садови за користени масла, или пак отстранете го во согласност со локалните регулативи. ЧУВАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ (Сл.15) Внимавајте сите штрафови, навртки и стеги да се зацврстени добро за да може машината да работи според сигурносните препораки. Оставете ја машината да се олади пред да ја гаражирате, немојте да ја внесувате во затворен простор доколку резервоарот сеуште има гориво бидејќи испарувањето може да дојде во допир со искра. Резервоарот смее да се празни само во надворешна средина. За да избегнете опасност од пожар, чувајте ја машината, пригушувачот и зоната околу горивото, од допир со листови, трева или мрсни супстанци. Периодично, проверувајте ја цврстината на управувачот (1) до потпорниот дел (2). Доколку цврстината не е добра, спуштете ја рачката (3) и зацврстете го набојот (4). ПОЈАСНУВАЊА НА КОНТРОЛИТЕ (Сл.14) 1. Рачка за подесување на гас – 2. Hoeing рачка за контрола на менувачот (сигурносен дел) – 3. Рачка за назад. – 4. Подесување на ножот за обработување (една позиција). – 5. Нож за култивирање (со продолжување) – 6. Потенциометри управувач/рамка. – 7. Управувач. – 8. Тркало за транспорт. – 9. Штитник за мотиката. - 10.Рачка за извлекување (само- подесувачки уред). -11. Мотор. – 12. Заклучи/отклучи ја рачката на управувачот. – 13. Потпора на управувачот. ТЕХНИЧКИ СПЕЦИФИКАЦИИ Машина: видете ги специјалните изданија за овие информации. Највисоката брзина на ротација на обработувачот на земјата е околу 120 р.з.м. Пренос: една брзина + брзина на назад. Тежината на целиот култиватор е 42 кг. Макс. Должина: 1.3м. Макс.ширина: 0.50м. Висина: 1.10м. Димензии на пакувањето: должина 80цм - ширина 53 цм – висина 69 цм. ЗВУЦИ И НИВО НА ВИБРАЦИИ Измерено е нивото на звук со En709, Lwa = 94,3 dB (A). вибрациите на управувачот се во согласност со EN 709 и ISO 5349. Нивото кое е максимално утврдено = 18м/с

ДОДАТОЦИ: Плуг за култивирање.163

РЕШАВАЊЕ НА ПРОБЛЕМИ Пред да направите каква било операција за одржување или чистење, ве молиме извадете го капачето на свеќицата ! ПРОБЛЕМ ОТСТРАНУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМ Моторот не почнува со работа Проверете го нивото на гориво, ако е потребно дополнете. Проверете дали вентилот за довод на гориво е на СТАРТ позиција. Проверете дали прекинувачот е поврзан со свеќицата. Проверете ја состојбата на свеќицата и ако е потребно, заменете ја. Проверете го клипот за гориво дали е отворен (само за моделите што покажуваат таква карактеристика) Се намалува моќноста на моторот. Филтерот за воздух е извалкан - ве молиме заменете го. Проверете дали некој остаток од камен или почва/вегетација го блокира вртењето и ако е така, исчистете ги. Запчениците не ротираат Прилагодете ги нагодувањата за каблите за пренос. Проверете дали запчениците се прицврстени за основата. Ако не сте во можност да најдете решение за дефектот/оштетувањето според табелата, Ве молиме обратете се исклучиво на овластениот сервисен центар. Прочитајте го упатството пред да ракувате со машината - Опасност движење на запченици

Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : STIGA

Модел : SRC 550 RG

Категорија : фреза