SVP 40 G - кошачка за трева STIGA - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот SVP 40 G STIGA во PDF формат.
Прашања на корисниците за SVP 40 G STIGA
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот кошачка за трева во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник SVP 40 G - STIGA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. SVP 40 G на марката STIGA.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК SVP 40 G STIGA
MK Раздувучачи и прибирачи со управувач на нозе УПАТСТВА ЗА УПОТРЕБА
ВНИМАНИЕ: прочитајте го внимателно ова упатство пред да ја користите машината.
NL Lopend bediende grasmatbeluchters en verticuteermachines GEBRUIKERSHANDLEIDING
Машината се спира незабавно.
БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ до кои треба строго да се придржувате
A) ОБУКА
1) ВНИМАНИЕ! Прочитајте го внимателно ова упатство пред да ја користите машината. Запознајте се со командите и правилното користење на машината. Научете брзо да го запирате моторот. Непридржување кон предупредувањата и кон упатството може да предизвикаат изгореници и/или сериозни повреди. Сочувајте ги предупредувањата заедно со упатството за идна консултација.
2) Не дозволувајте никогаш деца да ја употребуваат машината, или други лица што не се запознаени со основните упатствата. Локалните законски прописи ја одредуваат минималната возраст на корисникот.
3) Никогаш не користете ја машината никогаш кога во близина има лица, особено деца или животни.
4) Никогаш не користете ја машината доколку корисникот е во состојба на замор или изнемоштеност, или користел лекови, дрога, алкохол или други штетни супстанци што влијаат врз капацитетот за навремено реагирање или внимание,
5) Имајте на ум дека корисникот е одговорен за незгодите или опасноста по други лица или нивниот имот.
В) ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
1) Кога ја користите машината, секогаш носете отпорни работни чевли коишто не се лизгаат и долги пантолони. Секогаш носете акустична заштита, безбедносни очила. Не вклучувајте ја машината со боси нозе или отворени сандали.
2) Проверете ја темелно целата површина за работа и отстранете се што би можело да биде отфрлено од машината и да ги оштети сечивото и моторот (камења, гранки, железни остатоци, коски, итн.).
3) ВНИМАНИЕ: ОПАСНОСТ! Бензинот е лесно запалив.
– Чувајте го горивото во соодветен склад,
– Наполнете гориво со помош на инка само на отворено и не пушете во текот на оваа операција, како и секојпат кога се ракува со горивото.
- Полнете гориво пред да го запалите моторот. Никогаш не дополнувајте гориво или не отворајте го капачето на резервоарот додека моторот работи или е уште загреан,
- Ако се истури гориво, не палете го моторот, туку прво отстранете ја машината од местото на истурање и избегнувајте палење на орган додека не испари целото истурено гориво и додека испарувањата не се распрснат:
– Секогаш докрај затворајте го капачето на резервоарот и на садовите со гориво.
4) Заменете ги неисправните придушувачи.
5) Пред употреба, проверете ја машината детално и особено:
- во однос на уредот за сечење, проверете дали навртките и уредот за косење се изабени или оштетени. Заменете го делот со уредот за косење ако сечивото и навртките се оштетени или истрошени за да ја одржите рамнотежата. Евентуалните поправки
треба да се направат во специјализиран сервисен центар.
– Рачка за активирање на роторот треба да има слободно движење, без примена на сила и при отпуштање треба да се врати автоматски и бргу во неутрална позиција со што се одредува застанување на роторот.
6) Пред да започнете со работа, секогаш поставете ги заштитите на излезот (вреќа за собирање, или заштита на задниот испуст).
1) Не палете го моторот во затворен простор каде може да се соберат опасни јаглерод моноксидни гасови. Операциите за палење треба да се изведат на отворено или во простор којшто добро се проветрува. Запомнете дека издувните гасови се отровни.
2) Работете само на дневна светлина или при добро вештачко осветление и при услови на добра видливост. Оддалечете ги лицата, децата и животните од областа за работа.
3) Ако е можно, избегнувајте работа на мокра трева. Избегнувајте да работите кога врне и кога има невреме. Не користете ја машината кога времето е многу лошо, особено кога има можност од грмотевици.
4) Секогаш обезбедувајте правилно потпориште на закосени терени.
5) Никогаш не трчајте, туку одете.
6) Косете секогаш надолжно во однос на косината, во правец нагоре/надолу, но никогаш попреку внимавајки при тоа на менувањето на правецот, тркалата да не удираат на пречки (камења, гранки, корења и сл.) со што може да се предизвика странично лизгање, превртување или загуба на контролата врз машината.
7) Maшината не смее да се користи на закосувања поголеми од 20° без оглед на правецот на движење.
8) Обрнете максимально внимание кога ја влечете машината кон себе.
9) Застанете го роторот ако машината треба да се закоси, кога се поминува преку терени без трева и кога машината се носи кон или од теренот за работа.
10) Не користете ја машината кога деловите се оштетени или ако нема вреќа за собирање, или заштита за задниот испуст.
11) Обрнете особено внимание во присуство на стрмнини, дупки или препреки.
12) Внимателно включете го моторот според упатството и држете ги нозете подалеку од ротирачката дополнителна опрема.
13) Не закосувајте ја машината кога го палите моторот освен ако тоа не е неопходно за палењето
14) Не приближувајте ги рацете или нозете до или под деловите што ротираат. Секогаш стојте оддалечено од отворот за празнење.
15) Не подигнувајте или не транспортирајте ја машината кога работи моторот.
16) Не преправајте или дезактивирајте ги безбедносните системи.
17) Не менувајте ги регулациите на моторот и не користете го при режим со превисоки вртежи.
18) Не допирајте ги компонентите на моторот коишто се загреале во текот на работата. Ризик од опекотини.
19) Исключете го роторот, застанете го моторот и
извадете го кабелот за свекичката (внимавајки при тоа сите делови во движење да бидат застанати докрај):
- секојпат кога машината ја оставате без надзор; Извадете го клучот кај моделите со електрично палење;
– пред да ги отстранувате причините за блокирање или чистење на испусниот канал,
– пред проверка, чистење или работа врз машината,
– по удар во страни предмети. Проверете дали има евентуални оштетувања на машината и направете ги неопходните поправки пред да одново да ја користите.
– доколку машината почне да вибрира на ненормален начин (веднаш побарајте ја причината за вибрациите и однесете ја за неопходни проверки во специјализиран сервис).
– пред дополнување со гориво.
20) Во текот на работата, секогаш одржувајте безбедно растојание од деловите што ротираат кое се определува со должината на рачката.
21) Намалете го забрзувањето пред да го исключите моторот. Затворете го напојувањето со гориво по завршување со работа следејки ги инструкциите во упатството.
22) ВНИМАНИЕ – Во случај на дефект или инциденти во текот на работата, веднаш исключете го моторот и оддалечете ја машината внимавајки да не предизвикате други оштетувања. Во случај на инцидент со лична повреда или повреда на трето лице, пристапете веднаш кон постапката за давање најсоодветна прва помош за дадената состојба и обратете се во соодветен центар за здравствена заштита за неопходно лекување.
Отстранете ги темелно сите остатоци од косењето што може да предизвикаат дефект или повреди на лица или животни ако останат незабележано во машината.
23) ВНИМАНИЕ – нивото на бучавата и вибрациите дадени во ова упатство се максимальни вредности при употреба на машината. Употребата на елемент за косење којшто не е стабилен, движењето со преголема брзина, неодржувањето на машината, значително влијаат врз емисијата на бучава или вибрации. Затоа, неопходно е да применувате заштитни мерки за да елиминирате можни оштетувања заради зголемена бучава или значителни вибрации. Редовно одржувајте ја машината, носете слушалки против бучава и правете паузи во работата.
D) ОДРЖУВАЊЕ И ЧУВАНЬЕ
1) Сите операција за одржување и регулација што не се опишани во ова упатство треба да ги спроведе застапникот или специјализиран сервисен центар бидејки знаат како и ги имаат неопходните инструменти со коишто работата ће се заврши правилно, земајки го во предвид првибитниот степен на безбедност на машината. Сите операции што се изведени на несоодветен начин и од неквалификувани лица придонесуваат да се изгуби секоја форма на гаранција и секој облик на обврска на производителот.
2) Во текот на операциите за регулирање на машината, обрнете внимание и избегнувајте прстите да ви се наогаат заглавени од деловите што ротираат и фиксните делови на машината.
3) Не допирајте го уредот со сечивото додека е машината поврзана со кабелот за свејичката и додека сечивото не запре да се движи докрај. При интервенции на уредот со сечивото, проверете дали уредот може да се движи и дали кабелот за свејичката е изваден.
4) Честопати проверувајте ги штитниците или вреćата
за покосена, трева за да се обезбедите дека не се истрошени или оштетени.
5) Никогаш не чувајте ја машината со полн резервоар во просторија каде испарувањата може да допрат до отворен пламен, искра или до извор на топлина.
6) Оставете моторот да се излади пред да се остави машината во која било средина.
7) За намалување на ризикот од запалување, чувајте ги моторот, придушувачот, акумулаторот и самото место на чување на бензинот исчистени од остатоци од трева, листови и прекумерно масло.
8) За да го намалите ризикот од пожар, редовно проверувајте дали има пролеано масло и/или гориво.
9) Ако резервоарот треба да се испразни, истото треба да се прави на отворено и кога моторот е изладен.
Е) ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
1) Заштитата на животната средина треба да се извршува релевантно и приоритетно при употреба на машината во корист на грағанските погодности и на просторот во кој живееме. Избегнувајте појава на елементи што го нарушуваат непосредното опкружување.
2) Доследно следете ги локалните закони за фрлање на амбалажата, маслата, бензинот, акумулаторот, филтрите, делови во распагање или какви било елементи со штетно влијание врз животната средина. Овие отпадоци не смее да се фрлаат во ўубре туку треба да се селектираат и однесат во соодветни собирни центри кои рециклираат материјали.
3) Следете ги точно локалните закони за фрлање на материјалите кои ће се резултат на сечењето.
4) При исфрлање од употреба, не оставајте ја машината каде било во природата, туку предајте ја во собирен центар во согласност со важечките локални закони.
ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА
ОПИС НА МАШИНАТА
И ОПСЕГ НА УПОТРЕБА
Оваа машина е раздувувач/прибирач со оператор на нозе. Машината во основа се состоит од мотор којшто придвижува роторот со запци сместен во картер и има тркала и рачка. Операторот е во позиција да управува со машината и да ги вклучува главните команди држејки се секогаш зад рачката и на безбедно растојание од деловите што ротираат.
Предвидена употреба
Оваа машина е дизајнирана и произведена за раздувување и прибирање од теренот во присуство на оператор на нозе.
Разликата во работата на производот врз теренот се постигнува со длабочината на продирање на запците во теренот.
Оваа машина може:
- раздувување на теренот со што се отстранува површински слој со коров,
- прибирање од теренот, отстранувајки го поцврстиот слој од истиот терен.
Несоодветна употреба
Која и да е друга употреба,поинаква од горенаведените, може да претставува опасност и да предизвика повреди и штети за лица и/или предмети.
Се отфрлаат при неправилна употреба (како пример, но не се ограничува на следното):
– превоз на лица, деца или животни врз машината,
– при транспорт на машината,
– употреба на машината за влечење или буткање товар,
– употреба на машината од страна на повеќе луге,
– спуштање и активирање на роторот на тврди почви или во присуство на чакал или камења.
Вид на корисник
Оваа машина е наменета да ја користат корисници, т.е. оператори коишто не се професионалци. Оваа машина е наменета за „домашна употреба“.
ЕТИКЕТА ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА И ДЕЛОВИ НА МАШИНАТА (видете ги сликите на страница ii)
- Ниво на акустична моїност
- Ознака за усогласеност со ЕУ
- Година на производство
- Тип на машина
- Сериски број
- Име и адреса на производителот
- Код на производ
- Номинална моїност и максимальна брзина на работата на моторот
-
Тежина во кг.
-
Ракофат
- Мотор
- Ротор со запци (шилци)
- Заштита на заден отвор
- Вреќа за собирање
- Команда за забрзување
- Рачка за активирање на роторот
- Безбедносна рачка при включен ротор
-
Рачка за регулација на длабочината на продирање
-
Капаче за надополнување гориво
- Свекичка
- Команда за придушување
- Довод на горивото
- Рачка за рачно палење
- Капаче за надополнување масло
Запишете ги податоците за идентификација за машината на соодветните места на дадената етикета од внатрешната страна на капакот.
Примерот за изјавата за усогласеност се наоға на последната страница во упатството.
БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ – машината треба да се користи внимателно. За таа цел, на машината се поставени илустрации наменети да ве потсетуваат за главните безбедносни мерки при употреба. Нивното значење е објаснето подолу. Затоа, препорачуваме внимателно да ги прочитате безбедносните мерки што се дадени во засебно поглавје на ова упатство. Заменете ги оштетените или нечитливите етикети. - Внимание: Прочитајте го упатството за употреба
пред да ја користите машината.
- Ризик од посекотини. Ротор во движење. Извадете го капачето на свејичката пред да изведувате какви било дејства за одржување или поправка.
- Ризик од посекотини. Ротор во движење. Никогаш не ставајте ги рацете или нозете во внатрешноста каде што е сместен роторот.
- Ризик од исфрлање. Држете ги лицата подалеку од опсегот на работа додека ја користите машината.
- Ризик од голема бучава и исфрлање прашина, носете акустична заштита и заштитни очила.
ПРАВИЛА ЗА УПОТРЕБА
ЗАБЕЛЕШКА - соодветноста меѓу насоките дадени во ова упатство и соодветните слики (дадени на страниците iii и понатаму) е претставена преку бројот кој му претходи на дадениот пасус.
1. МОНТИРАЊЕ
ЗАБЕЛЕШКА машината може да се доставува со некои веке монтирани делови.
⚠️ Распакувањето и целата монтажа треба да се извршат на цврста и рамна површина си довольно простор за поместување на машината и на амбалажата користејки сеногаш соодветни алати.
1.1 Подготовка за монтирање на ракофатот
Раширете ги на земја долниот дел (1) на ракофатот и горниот дел (2).
Извадете ги шрафовите во група (3) и (4) од страничните потпори (5) на куќиштето, внимавајки да не ги измешате шрафовите за разни елементи.
1.2 Монтирање на ракофатот
Поставете го долниот дел на рачката (1), фиксирајки го за страничните потпори (5) со помош на групата шрафови (3). Висината на рачката се регулира на три различни позиции кои се постигнуваат со вметнување шрафовите (3а) во еден од трите пара отвори (5а) што се наогаат на потпорите (5). Ракофатот треба да се регулира на иста висина и на двете страни.
Потоа, поставете ги шрафовите од групата (4).
Поставете ги и двете групи шрафови почитувајки го редоследот којшто е посочен на сликата.
1.2.1 Извадете ги регулатортие (6) и соодветните шрафови од нивните отвори на долниот ракофат.
Монтирајте го горниот ракофат (2) и фиксирајте го со регулаторите (6) и соодветните шрафови.
1.2.2 Навртките (6а) на регулаторите (6) треба да се затегнат така што ће одржуваат растојание од ракофатот од околу 20 мм (со пуштени регулатори).
1.2.3 Блокирајте ги регулаторите (6) и без да применувате премногу сила.
2. ОПИС НА КОМАНДИТЕ
ЗАБЕЛЕШКА значењето на дадените символи за командите е објаснето кај пасус 2.1.
2.1 Команда за забрзување
Забрзувачот ја регулира брзината на вртење на
роторот со запци. Забрзувачот се управува со рачка (1). Позициите на рачката се:
21. Бавно /минимум
Се користи кога моторот е довольно загреан во текот на фазите на запирање
22. Брзо / полн режим
Се користи секогаш за палење на машината и во текот на работата
23. Стоп / позиција за застанување
Машината застанува веднаш.
2.2 Рачка за активирање на роторот и безбедносна рачка
Рачката за активирање на роторот (1) го вклучува роторот. Безбедносната рачка (2) е команда којашто спречува случајно вклучување на рачката за активирање на роторот.
Активирањето на роторот (со включен мотор) се постигнува со преместување на безбедносната рачка (2) од позицијата А во В одржувајки ја притисната рачка и со нејзино повлекување за активирање на роторот (1) кон ракофатот. Пуштете ја безбедносната рачка (2).
Со ослободување на рачката за активирање на моторот (1), роторот застанува и безбедносната рачка (2) се враćа во позиција А, а моторот и понатаму работи.
2.3 Рачка за регулација на длабочината на продирање
Рачката (1) дозволува регулација на позицијата на роторот на пет разни висини, а со тоа и промена на длабочината на продирање на запците од роторот во теренот:
«1» = Транспорт и преместување на машината со подигнат ротор којшто не го допира теренот.
«2» = Уредување на тревникот кога роторот го допира теренот без да стапи во контакт. Расчистување на лисја и трева од површината со вреќа за собирање за отстранетиот материјал.
«3 - 4» = Раздувување на површината на теренот со отстранување на површинскиот слој со коров и можност за врећа за собирање на отстранетиот материјал.
«5» = Длабоко протресување на теренот со раскршување на слој од тврдиот терен. При оптимални услови, може да го соберете отстранетиот материјал во вреќата бидејки тоа не предизвикува заглавување на роторот.
За да ја поставите од една позиција во друга, преместете ја странично рачката и поставете ја во едно од петте лежишта.
⚠️ Преносот од една во друга позиција треба да се изведе кога роторот е ислучен.
26. Команда за придушување
Се користи кога се пали ладен мотор. Командата за придушување има две позиции:
Затворено - придушувачот е активиран (за тргнување на ладно).
Отворено - придушувачот е ислучен (нормална работа и тргнување со загреан мотор).
Отворот на доводот за горивотоима регулација за
горивото.
28. Рачка за рачно палење
Се постигнува рачно палење на моторот.
3. УПОТРЕБА НА МАШИНАТА
⚠ Безбедносните одредби што треба да ги следите додека ја користите машината се дадени во поглавјето „Безбедносни мерки“. Строго придржувајте се до тие упатства за да избегнет сериозни ризици или опасности.
3.1 Воведни операции
Пред да ја користите машината, проверете дали има гориво и проверете го нивото на маслото. За начинот и мерките за претпазливост при полнењето на горивото и дополнување масло (видете пасус 4.2 и пасус 4.3).
Подигнете ја заштитата на отворот (2) и закачете ја вреćата за собирање (3) ако е потребна за видот на работата (сл. 3.1).
3.2 ПАЛЕЊЕ
Поставете го доводот за горивото (27) во позиција за влученост - ON
За да го запалите студениот мотор, ставете ја командата за придушувачот (26) во позиција за затворено Затворено.
За да го запалите загреаниот мотор одново, ставете ја командата за придушувачот (26) во позиција за отворено Отворено.
Ставете ја рачката за забрзување (сл. 2.1) во позиција за брзо БРЗО.
За да го запалите рачно моторот, повлечете ја малку рачката (сл. 2.4, 28) нанадвор. Треба да осетите извесен отпор. Тогаш, повлечете енергично и оставете ја рачката да се ослободи. Повторувајте ја постапката додека не се запали моторот.
ЗАБЕЛЕШКА Не обидувајте се повеće од 3/4 пати.
Во спротивно, може да го задушите моторот.
3.3 РАБОТА
Раздувување и прибирање/протресување на теренот
– Изберете ја длабочината на продирање со рачката (1) согласно видот на работата што треба да ја завршите.
– Пуштете ја безбедносяната рачка (4) и повлечете ја рачката (5) кон ракофатот за да го активирате роторот и да започнете со работа.
– Регулирајте го забрзувачот согласно длабочината за продирање и условите на теренот.
Вадење на врејата за собирање
Кога вреćата за собирање ће се наполни треба да се испразни.
За да ја извадите и испразните вреćата за собирање:
- пуштете ја рачката за вклучување ( 3.5).
- поставете ја рачката за забрзување во позиција „STOP“ (застанато) ( 3.5)..
- Почекајте да застане роторот.
- Подигнете ја заштитата на задниот испуст.
- Зафатете ги ракофатите и извадете ја вреćата за собирање држејći ја исправено.
3.4 Совети за третман на тревникот
- Со текот на времето, на теренот се формира
површински слој со коров и остатоци од тревата коишто го намалуваат пристапот на кислородот и спречуваат продирање на водата и хранливите сostoјки, но и предизвикуваат влошување на изгледот и пожолтување на тревникот.
- Со површинска обработка за доставување кислород (со намалено продирање на запците во теренот) се отстранува површинскиот закоравен слој.
- Со зголемување на степенот на продирање во теренот (протресување) се зголемува дејството на отстранување на слојот подлабоко на теренот и истовремено се постигнува раздвојување на корените на тревата, а со нивно бројно зголемување, се постигнува изглед на побогат тревник со погуста трева.
- Идеалниот период за раздувување и протресување на тревникот е на есен или на пролет.
- Оптимални услови за работа се кога тревата е ниска и делумно влажна, работата на многу сув или многу мокар терен го отежнува собирањето на материите и може да го оштети тревникот.
- Секогаш прво треба да ги отстраните лисјата од тревникот за да раздувување или протресувате.
- Најдобрите резултати се постигнуваат со две поминувања со временско растојание од една седмица, со вкрстување на правците.
3.5 ЗАСТАНУВАЊЕ
На крајот на работата:
- пуштете ја рачката за активирање на роторот (1),
- поставете ја рачката за забрзување 92) во позиција „STOP“ (застанато),
- донесете ја рачката за регулација на длабочината на продирање (2) во позиција «1».
4. РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ
ВАЖНО Неопходно е редовно и правилно одржување
барем еднаш годишно за долготрајно одржување безбедносното ниво и првобитната исполнителност машината.

Пред да извршите нанва било контрола, чистење или интервенција за одржување/ регулација на машината:
• Застанете ја машината.
- Проверете дали сите делови што се движат се застанати целосно.
- Проверете дали моторот е соодветно изладен.
- Отстранете го напачето на свейичката (сл. 2.4, 25).
- Извадете го клучот или батеријата (кај модели со команда за електрично палење преку копче).
- Прочитајте ги соодветните упатства.
- Носете соодветна облека, работни чевли и заштитни очила.
1) Носете масивни ракавици за работа.
2) Одржувајте ги шрафовите и навртките затегнати, а машината треба да биде во безбедни услови за работа.
3) Заради безбедност, не употребувајте ја машината ако некои делови се во лоша состојба или оштетени. Деловите треба да се заменат, никогаш да не се поправаат. Користете оригинални резервни делови. Деловите со несоодветен квалитет може да ја оштетат машината и да ја загрозат личната безбедност.
4) Секогаш проверувајте дали отворите за вентилација
се ослободени од остатоци од косењето.
4.1 Миење
1) По секоја употреба, исперете ја машината темелно со вода. Отстранете ги остатоците од трева и кал кои се наталожиле од внатрешната страна на куќиштето за да избегнете тие да предизвикаат потешкотии при подоцнежно вадење.
2) Во случај кога треба да се пристапи до долниот дел, закосете ја машината само на страната како што е прикажано во упатството за моторот следејки ги соодветните упатства, увервајки се дека машината е стабилна пред да започнете со каква било интервенција.
4.2 Полнење гориво
Ставете ја машината хоризонтално и стабилна на теренот.

Полнењето на гориво се прави со застаната ина и со извадено капаче од свейичката.
За да наполните гориво (сл. 2.4, 24):
- Отшрафете го капачето за затворање на резервоарот и извадете го
- Ставете инка
- Наполнете гориво и извадете ја инката
- Кога ће ставите гориво, затегнете го убаво капачето за горивото и исчистете ако ви се пролило гориво
ВАЖНО Избегнувајте истурање бензин врз пластичните делови на моторот или врз самата машина за да се избегне оштетување и веднаш исчистете ја секоја трага од бензин ако тој случајно се излил. Гаранцијата не ги покрива оштетувањата на пластичните делови предизвикани од бензин.
ЗАБЕЛЕШКА Горивото испарува и не треба да се остава во резервоарот повеće од 30 дена. Пред одложување на подолг период, оставете малку гориво во резервоарот со што ће го завршите користењето (поглавје 7).
4.3 Контрола / дополнување масло во моторот
1) Надополнување масло (сл. 2.4, 29):
- Отшрафете и извадете ја шипката и проверете го нивото на маслото посочено на шипката
- Ако нивото на маслото е ниско, надополнете до границата на отворот за полнење.
2) За да обезбедите добра работа и долготрајност на машината, менувајте го повремено маслото за моторот:
- по 1 месец или по 20 часа работа
Испуштањето на маслото се прави во специјализиран
овластен центар
5. ВОНРЕДНО ОДРЖУВАЊЕ

Пред да извршите канва било контрола, чистење или интервенција за одржување/ регулација на машината:
• Застанете ја машината.
- Проверете дали сите делови што се движат се застанати целосно.
- Проверете дали моторот е соодветно изладен.
- Отстранете го напачето на свейичката (сл. 2.4, 25).
- Извадете го клучот или батеријата (кај модели со команда за електрично палење преку копче).
- Прочитајте ги соодветните упатства.
- Носете соодветна облека, работни чевли и заштитни очила.
1) Лакот од внатрешниот дел на кукиштето може да отпадне заради абразивното дејство на отстранетиот материјал од теренот. Во тој случај, треба спремно да интервенирате со премачкување лак против 'ргосување за да се спречи создавање 'рга која го кородира металот.
2) Избегнувајте да работите ако роторот има оштетени, скршени запци или ако тие недостасуваат. Сите интервенции за поправка или замена на роторот треба да се извршат во специјализиран овластен центар каде има соодветни алати.
ВАЖНО Секогаш користете оригинални
уреди со сечива, дадени со код во табелата „Технички податоци“.
Заради развојот на производот, уредите со сечивото наведени во табелата „Технички податоци“ треба со време да се заменат со други со соодветни характеристики за замена и функционална безбедност.
6. ЧУВАНЬЕ
Кога машината треба да се одложи:
-
Включете го моторот на отворено и одржувајте го во минимален режим на работа сё додека не се изгасне за да го потроши целото гориво што останало во карбураторот.
-
Оставете го моторот да се излади.
-
Отстранете го капачето на свекичката (сл. 2.4, 25).
-
Извадете го клучот или батеријата (кај модели со команда за електрично палење преку копче).
-
Исчистете ја машината детално (пасус 4.1).
-
Проверете дали на машината има оштетувања. Ако е потребно, контактирајте со овластен сервисен центар.
-
Одложете ја машината:
-
Во сува просторија.
• Засолнета од лоши временски услови. - По можност покриена со прекривка.
- На место надвор од дофатот на децата.
-
Проверете дали сте ги тргнале клучевите и опремата што ја користевте при одржувањето.
-
Донесете ја рачката за регулација на длабочината на продирање (2) во позиција «1» (2.3).
7. ТРАНСПОРТ И ДВИЖЕЊЕ
Секојпат кога е потребно движење, подигнување, транспорт или закосување на машината:
• Застанете ја машината (пасус 3.5).
- Проверете дали сите делови што се движат се застанати целосно.
- Отстранете го капачето на свекичката (сл. 2.4, 25).
- Извадете го клучот или батеријата (кај модели со команда за електрично палење преку копче).
- Носете заштитни ракавици.
- Донесете ја рачката за регулација на длабочината на продирање (2) во позиција «1» (2.5).
- Фатете ја машината на места кои нудат сигурен зафат, имајки ја предвид нејзината тежина и распределба на истата.
- Ангажирајте соодветен број луге во согласност со тежината на машината и карактеристиките на средството за транспорт или за местото на кое треба да се донесе или земе истата.
- Проверете дали има капки од бензин кога работи машината или знаци на оштетувања или дефекти. Кога ја носите машината со возило или на приколка:
- Користете пречки за отпор со соодветна должна и ширина.
- Носете ја машината со изгаснат мотор без можност да се вклучи, ангажирајки соодветен број лица.
- Поставете ја на начин да не претставува опасност за никого.
-
Цврсто блокирајте ја во текот на транспортот со јажиња или синцири за да избегнете превртување.
-
ДИЈАГНОСТИКА
| Што да правите кога... | |
| Потекло на проблемот Дејство за поправка | |
| 1. Машината не работи | |
| Нема масло или гориво во моторот. | Направете контрола на нивоата на маслото и горивото. |
| Свекичката и филтерот не се во добра состојба. | Исчистете ги свекичката и филтерот ако се извалкани или заменете ги. |
| Бензинот не е испразнет од машината на крајот на минатата сезона. | Пловката може да се заглави, закосете ја машината на страната на горивото. |
| 2. Машината застанува честопати во текот на работата на неправилен начин | |
| Тешки услови на работа | Проверете дали регулацијата на ротороте направена согласно условите на тревникот и/или дали е регулиран на највисоката позиција. |
| Затнување на роторот со запци | Застанете го моторот и извадете го капачето на свекичката. носете заштитни ракавици и исчистете ги роторот и околната зона. |
| Намалете ја количината на собраните материи со намалување на длабочината на продирање на роторот. | |
| Затнување на вреćата за собирање | Празнете ја редовно вреćата пред да се наполни докрај. |
| 3. Незадоволителни или недозволени услови | |
| Ротор со запци со сечива коишто се изабени или ги нема | Заменете го роторот со оригинален дел во специјализиран овластен центар. |
| Тревата е многу висока Пред да го користите прибирачот, искосете ја тревата на соодветната висина. | |
| Теренот е многу мокар Репулирајте го роторот на највисоката позиција и престанете со работа се додека не се подобрат условите на теренот. | |
| 4. Машината почнува да вибрира на ненормален начин | |
| Оштетување или разлабавени делови | Запрете ја машината и извадете го кабелот од свекичкатаПроверете дали има оштетувањаПроверете дали деловите се разлабавени и затегнете гиИзвршете ги проверките, замените или поправките во специјализиран центар |
Во случај на какво било двоумење или проблем, контактирајте со Овластениот сервис во непосредна близина или со Застапникот
МК • Содржината и сликите во Упатството за корисникот се подготовени ислучиво за ST. S.p.A. и се заштитени со авторски права – забрането е секое делумно или целосно неовластено репродуцирање или измена на документот.