STIGA Park 640 PWX - Трактор

Park 640 PWX - Трактор STIGA - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот Park 640 PWX STIGA во PDF формат.

📄 255 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice STIGA Park 640 PWX - page 153
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за Park 640 PWX STIGA

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Трактор во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник Park 640 PWX - STIGA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. Park 640 PWX на марката STIGA.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК Park 640 PWX STIGA

5.1.1 Проверка на нивото на масло

3.1 Опис и употреба на машината ...... 3
3.2 Ознаки за безбедност 4
3.3 Налепница за идентификација ...... 4
3.4 Делови на моторот 4
3.5 Амбиентални услови.... 4
3.6 Гориво 4
3.7 Масло....4
3.8 Воздушен филтер....5
3.9 Свекици 5

  1. КОМАНДИ....5

4.1 Команда за гас 5
4.2 Команда на ЗАДУШУВАЧОТ ..... 5

  1. ПРАВИЛА ЗА УПОТРЕБА 5

5.1 Пред секоја употреба.... 5
5.2 Стартување на моторот (палење на ладно)......6
5.3 Стартување на моторот (палење на топло)......6
5.4 Користење на моторот во текот на работните фази .... 6
5.5 Запирање на моторот во текот на работните фази .... 6
5.6 Исклучување на моторот на крајот.... 6
5.7 Чистење и гаражирање ...... 6
5.8 Продолжено некористење ...... 6

  1. ОДРЖУВАЊЕ 7

6.1 Општи информации ..... 7
6.2 Распоред на одржување....7
6.3 Менување на масло 8
6.4 чистење на доводната решетка на моторот 8
6.5 Одржување на воздушниот филтер... 8
6.6 Контрола и одржување на свекичката....8

  1. НЕСООДВЕТНА РАБОТА ..... 9

1. ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

Во текстот на упатството, некои параграфи со информации од особена важност поради поголема сигурност и подобро функционирање се евидентирани на различен начин, според следниот критериум:

ЗАБЕЛЕШКА или ВАЖНО прецизира или наведува други елементи за претходно назначеното со цел да не се оштети машината или да не се предизвика штета.

Симболот нагласува опасност. Непочитувањето на ова предупредување создава можност за лични повреди или на трети лица и/или штети.

1.2 СОДРЖИНА

1.2.1 Слики

Фигурите во ова упатство се нумерирани 1, 2, 3, и така натаму. -Компонентите назначени во фигурите се одбележани со буквите А, В, С, и така натаму. Тоа што се однесува на еден дел на фигурата С во фигурата 2 е покажано со зборовите: „Види сл. 2.В“ или „(Сл. 2.В)“. Фигурите се индикативни. претставените делови може да се разликуваат од ефективните.

1.2.2 Наслови

Упатството е поделено на поглавја и пасуси. Деловите насловот на пасусот „2.1 Обука“ е поднаслов на „2. Безбедносни мерки“. Деловите кои се однесуваат на наслови или параграфи се означени со кратенките пог. или пас. и со соодветниот број. Пример: „погл. 2“ или „пас. 2.1.

2. БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ

2.1 ВЕЖБАЊЕ

STIGA Park 640 PWX - ВЕЖБАЊЕ - 1

Предупредување: Внимателно

прочитај те го упатството пред употреба.

STIGA Park 640 PWX - ВЕЖБАЊЕ - 2

Запознајте се со командите и правилното користење на машината.

Научете нако брзо да го запрете моторот.

Непридржувањето кон предупредувањата и кон упатството може да предизвикаат пожар и/или сериозни повреди.

Зачувајте ги сите предупредувања и упатството за понатамошно упатување.

  • Да не се дозволи никогаш со машината да управуват деца или лица кои немаат довольно искусство со управувањето. Локалните закони може да предвидат минимална возраст за управување со машината.
  • Да не се користи никогаш машината доколку корисникот е уморен или болен, или доколку има консумирано лекови, дроги, алкохол или супстанции штетни за рефлексите и вниманието.
  • Да се има во предвид дека корисникот е одговорен за несреќи и непредвидени ситуации кои може да се утврдат на трети лица или на нивниот имот.

Лична заштитна опрема (ЛЗО)

  • Да не се користи машината без соодветна работна облека.
  • Да не се облекува широка облека, врвци, накит или др предмети кои би можеле да се заплеткаат; соберете ја долгата коса во опавче и држете безбедно растојание од.
  • Да се носат заштитни слушалки.

- Пред стартување на моторот осигурајте се дека сите команди за движење на делови од машината се исключени.

Мотор со внатрешно согорување мотори: гориво

  • Предупредување: горивото е високо запаливо средство. Управувајте внимателно!
    – Чувајте го горивото во соодветни садови.
    – Полнењето на гориво да се изведува користејки инка, на

отворен простор и да не се пуши за време на овие операции.
– Полнењето со гориво да биде завршено пред палење на моторот. Не го отворајте капакот на резервоарот за време на работа на моторот или доколку моторот е топол.
– Доколку има истечено гориво, не го стартувајте моторот, само поместете ја косилката подалеку од истеченото гориво и веднаш исчистете ги дамките од косилката и од теренот
– Капакот на резервоарот или садовите за гориво да се затвори до крај.
– Да се избегнува истекувањето на горивото на работната облека и во спротивно да се смени истата пред палење на моторот.

2.3 КОРИСТЕЊЕ

Работна површина

  • Не ја користете машината во ризични амбиенти во присуство на лесно запаливи гасови и прашина. Електричен контакт или механичко триење можат да предизвикаат палење на прашината или на издувната пареа.
  • Не го палете моторот во затворен простор каде што може да се акумулира јаглерод моноксид. Операцијата на стартување треба да се одвива на отворен простор или во простории со провев. Не заборавајте дека издувните гасови можат да бидат токсични.
  • Оддалечете ги лицата децата и животните од работниот простор. Не може да се чуваат деца додека се користи на машината, тие треба да бидат чувани од друго лице.

Однесувања

  • Пред поправка, чистење, преглед, регулирања да се исклучи моторот и откачи кабелот на свекичката (Со исключок на различни индикации наведени во упатствата).
  • Да не се допираат деловите на моторот при работа бидејки се топли, постои ризик од изгореници.

Ограничувања на употребата

  • Да не се користи машината доколку заштитата е недоволна или пак додатоците се несоодветно наместени.
  • Да не се отстрануваат или манипулираат присутните сигурносни системи.
  • Да не се изменуваат функциите на моторот ниту пак да се турира. Доколку

моторот работи со претеран број на вртења ризикот од повреди се зголемува.

  • Не користете течности за стартување ниту нешто слично.
  • Да не се навалува настрана до точка која може да предизвика излегување на горивото од капачето на резервоарот на моторот.
  • Моторот не смее да работи без свекици.

2.4 ОДРЖУВАЊЕ, ГАРАЖИРАЊЕ И ТРАНСПОРТ

Регуларно изведено одржување и соодветно гаражирање се мерки за безбедност за машината.

⚠️ Расипаните делови треба да се менуваат а никако да не се поправаат. Користете само оригинални делови: користењето на неоригинални делови или неточно монтирање на истите доведува до зголемени повреди и несреји и го ослободува производителот од било канва обврска.

Одржување

  • Во случај да треба да се испразни резервоарот, извршете го празнењето на отворено и при студен мотор.
  • Контролирајте редовно да не има губење на масло и/или гориво за да се намали ризикот од пожари.

Складирање

  • Не оставајте гориво во резервоарот доколку машината е гаражирана во зграда каде испарувањата од горивото може да допрат во контакт со орган, искри или извори на топлина.
  • Машината да се излади на отворено пред гаражирањето.

Транспорт

- Транспортирањето треба да се врши со празен резервоар.

2.5 ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Заштитата на животната средина треба да е приоритет при користење на косилката, и да биде од корист за грајаните и за животната средина.

  • Избегнувајте да го вознемирувате соседството.
  • Придржувајте се до локалните закони за отстранување на пакувањето, маслата, горивото, филтрите, оштетените делови, или какви било елементи со

штетно влијание врз животната средина овие отпадоци не се фрлаат во ўубре, туку треба да бидат разделени и да се достават до соодветни центри за собирање на истите, кои ће се погрижат за рециклирање на материјалите.

- Кога косилката ће се расипе, не ја исфрлајте надвор, туку однесете ја во депонијата за отпадни материјали, согласно позитивните локални одредби.

2.6 ЕМИСИИ

Процесот на согорување генерира токсични супстанци, како на пр. јаглерод моноксид, азотни оксиди и јаглеводород. Важно е да се контролираат овие супстанци затоа што може да реагираат со фотохемиски смог, како и со директна изложеност на сончева светлина. Јаглерод моноксид не реагира на ист начин на изложеност на сончева светлина, но сепак може да се смета како токсичен.

Нашите машини се опремени со системи за намалување на емисијата за супстанците наведени погоре.

3. ПОЗНАВАЊЕ НА МАШИНАТА

3.1 ОПИС И УПОТРЕБА НА МАШИНАТА

Оваа косилка користи мотор со внатрешно согорување.

Моторот е инструмент чија изведба, регуларното функционирање и траење зависат од многу фактори надворешни и други, поврзани за квалитетот на користените производи и регуларноста на одржувањето. Во продолжетокот се изложени информации за поголема долготрајност на машината. Секоја различна употреба од горенаведената може да биде опасна и/или да предизвика штети на лица или предмети.

ВАЖНО Неправилното користење на машината ја поништува гаранцијата и го ослободува Производителот од секаква одговорност, и целата одговорност за штета или повреда на корисникот или трети лица, пага на корисникот.

Оваа машина е наменета да ја користат корисници, т.е. оператори коишто

не се професионалци. Наменета е за непрофесионална употреба.

3.2 ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ

На машината се присутни разни символи. Нивната функција е да го потсетат корисникот на неопходноста од внимателна употреба. Значење на символите:

STIGA Park 640 PWX - ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!

Придушувачот може да стане многу топол. Не го допирајте.

STIGA Park 640 PWX - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Натопете го во масло до нивото „“. Не смее да се полни над нивото „MAX“.

Напишете го серискиот број (S/n) од вашата косилка на местото на налепницата на задниот дел на капакот.

Машината се состоит од следните главни делови (сл. 1 ).

A. Капаче за полнење масло со мерач на ниво
В. Продолжување за испуштање на масло
C. Карбуратор
D. Капаче на воздушниот филтер
E. Капаче на свекицата
F. Производствен број на моторот

3.5 АМБИЕНТАЛНИ УСЛОВИ

Работата на четиритактниот ендотермички зависи од:

a) Температура:

– На ниски температури може да има потешкотии при палење на ладно.

– Работејки на високи температури може да има потешкотии при палење на топло поради испарување на горивото. Во кадичката на карбураторот или пумпата.

– Во секој случај да се прилагоди употребата на масло на надворешните температури.

– Максималната мой на ендотермичниот мотор се намалува со зголемување на надморската висина.

– Со значително зголемување на надморската висина треба да се намали користењето на моторната мою.

3.6 ГОРИВО

Добриот квалитет на горивото е основа за правилна работа на моторот.

Горивото треба да ги исполнува следните побарувања:

а) Користете чисто и ново безоловно гориво, и со минимум 90 октани
б) Не користете гориво ако има етанол повеќе од 10%.
в) Не додавајте масло
г) Додајте стабилизатор на горивото за да го заштитите системот на согорување од создавање смолест талог.

Употребата на несоодветно гориво ће ги оштети деловите на моторот и тие нема веће да бидат под гаранција.

ЗАБЕЛЕШКА Да се користи гориво наведено во техничката табела. Да не се користат други видови гориво. Можно е користење на еколошки горива, како на пример алкилиран бензин. Составот на овој бензин има понизок еколошки импакт врз лугето и животната средина. Не се покажани негативни ефекти со користење на истата. Сепак постојат многу видови еколошки горива па неможе да се дадат прецизни индикации за ефектите од нивното користење.

3.7 МАСЛО

Користете масла со добар квалитет, бирајки го степенот на вискозност според температурата на работа.

  • Да се користи само масло за чистење со квалитет не понизок од SF-SG.
  • Да се одбере степен на вискозност SAE врз основа на техничката табела.
  • Користење на повејестепено масло може да придонесе до поголемо консумирање во топлите периоди, во тој случај проверувајте го почесто нивото на масло.
  • Не мешајте масла со различни характеристики и од различни марки.
  • Користењето на масло SAE 30 на температури пониски од +5°C може да го оштети моторот поради неадекватна лубрификација.

3.8 ВОЗДУШЕН ФИЛТЕР

Ефикасноста на воздушниот филтер е потребна за да се избегне влегувањето на честички или прашини во моторот со што се намалува траењето и функционалноста на машината.

  • Одржување на филтрирачкиот елемент без честички и ефикасен (пас. 6.5).
  • Доколку е потребно, заменете го филтерот со оригинален, бидејки несоодветниот филтер може да ја намали ефикасноста и животниот век на моторот.
  • Не го пуштајте моторот без коректно монтиран филтер.

3.9 СВЕКИЦИ

Постојат многу видови свекици за ендотермички мотори.

  • Користете свекици од назначениот тип со точен термички степен.
  • Внимание на должината на конецот; подолг конец може неповратно да го оштети моторот.
  • Да се контролира чистотата на електродите и соодветноста на воздухот (став 6.6).

4. КОМАНДИ

4.1 КОМАНДА ЗА ГАС

Го регулира бројот на вртежи на моторот. Командата за гас (вообичаено рачка) монтирана на машината е поврзана со кабел со моторот.

Погледнете во прирачникот за да ја идентификувате рачката за забрзување и нејзините односни позиции, кое се вообичаено означени со символи кои одговараат на:

  • FAST= голема брзина; да се користи во текот на работењето.
  • SLOW = мала брзина.

4.2 КОМАНДА НА ЗАДУШУВАЧОТ

Погледнете во прирачникот за да ја идентификувате Командата на задушувачот.

Го подобрува соодносот на гориво/ воздух и треба веднаш да се искористи за стартување на моторот кога е студено.

Пред секоја употреба на моторот добро е да направите контрола за да се осигурате за правилноста на работата.

  1. Поставете ја машината на рамно.
  2. Исчистете околу капачето.
  3. Одвртете го капакот (сл. 2.A), исчистете го крајниот дел на мерачот на ниво (сл. 2.B) и повторно ставете го внатре додека капачето не допре до отворот, како што е прикажано без затегнување:
  4. Извадете го капакот со стапчето и контролирајте го нивото на масло кое треба да се наога помеѓу двете цртички «MIN» и «MAX».
  5. Доколку е потребно, додадете од истото масло до ниво «MAX», и внимавајте да не истече масло надвор од отворот за полнење
  6. Целосно затегнете го капачето за полнење (сл. 2.A) и исчистете ги остатоците од масло.

ЗАБЕЛЕШКА Полнете постепено додавајки мали количини масло, контролирајки го нивото на маслото на секое дополнување. Не смее да се полни над нивото «MAX»; преполнување со масло може да предизвика:

  • испуштање на издувните гасови;
  • контаминација на свећичката или филтерот за воздух со последователни потешкотии во стартувањето.

ЗАБЕЛЕШКА Во врска со видот на масло за користење придржувајте се до техничката табела.

5.1.2 Проверка на воздушниот филтер

Ефикасноста на воздушниот филтер е услов за коректно функционирање на моторот; не вклучувајте го моторот доколку недостасува филтер за воздух, или ако е скршен.

  1. Исчистете околу капакот на филтерот (сл. 3.А).
  2. Отворете го капакот (сл. 3.A) со вртење на јазичето (сл. 3.B).
  3. Проверете ја состојбата на филтерот (сл. 3.С), кој мора да биде неоштетен, чист и во добра работна

состојба; во спротивно, поправете го или заменете го (став 6.5).

  1. Затворете го капакот со вртење на јазичето (сл. 3.A).

5.1.3 Дополнување гориво

Операцијата на полнење гориво е објаснета во прирачникот на машината, овде само ће се повикаме на истата. За да наполните гориво:

  1. Одвртете го капакот на резервоарот и извадете го.
  2. Ставете инка.
  3. Дополнете и потоа извадете ја инката.
  4. По полнењето, зашрафете го докрај капачето за горивото и исчистете ако има остатоци.

ВАЖНО Избегнувајте да истурате гориво врз пластичните делови на моторот за да не се оштетат, и веднаш исчистете го секој траг на гориво од нив. Гаранцијата не ги покрива штетите на пластиката предизвикани од гориво.

5.1.4 Капаче на свекици

Поврзете го цврсто капачето (сл. 4.A) на кабелот на свеćiците (сл. 4.B), внимавајте да нема траги од нечистотија во внатрешноста на капачето или на клемите на свеćiците.

5.2 СТАРТУВАЊЕ НА МОТОРОТ (ПАЛЕЊЕ НА ЛАДНО)

Палењето на моторот треба да биде според инструкциите во упатството за употреба, имајки го предвид секогаш предупредувањето да се исключат сите уреди (доколку е предвидено) во состојба да ја придвижат машината или да го исключат моторот.

  1. Отворете го вентилот за гориво на машината;
  2. Активирајте ја командата на задушувачот;
  3. Ставете ја рачката за гас во позиција „FAST“;
  4. Активирајте го клучот за палење како што е наведено во упатството.

По неколку секунди, деактивирајте ја командата на задушувачот.

5.3 СТАРТУВАЊЕ НА МОТОРОТ (ПАЛЕЊЕ НА ТОПЛО)

  1. Ставете ја рачката за гас во позиција „FAST“;

  2. Активирајте го клучот за палење како што е наведено во упатството.

За оптимална ефикасност и работа на моторот, мора да се користи на максимальни вртежи со подесување на рачката за гас во позиција „FAST“.

ВАЖНО Не работете на наклон поголем од 20° за да не го доведете во прашање правилното работење на моторот

5.5 ЗАПИРАЊЕ НА МОТОРОТ ВО ТЕКОТ НА РАБОТНИТЕ ФАЗИ

  1. Ставете ја рачката за гас во позиција „SLOW“.
  2. Ставете го моторот во лер најмалку 15-20 секунди.
  3. Исключете го моторот според инструкциите од прирачникот.

5.6 ИСКЛУЧУВАЊЕ НА МОТОРОТ НА КРАЈОТ

  1. Ставете ја рачката за гас во позиција „SLOW“.
  2. Ставете го моторот во лер најмалку 15-20 секунди.
  3. Исключете го моторот според инструкциите од прирачникот.
  4. Кога ће се олади моторот, извадете го капачето од свекиците (сл. 4.A) и извадете го клучот за палење (доколку е предвидено).
  5. Отстранете ги сите наталожени честички од моторот посебно од зоната на придушувачот на ауспухот, за да се намали ризикот од пожар.

5.7 ЧИСТЕЊЕ И ГАРАЖИРАЊЕ

  • Не користете млаз вода ниту средства за чистење на пареа за чистење на моторот.
  • Се преферира чистење со млаз на воздух под притисок (максимум 6 bar) внимавајки да не влезат во внатрешниот дел на моторот честички и прашина.
  • Оставете ја машината (и моторот) на суво, заштитено од невреме и соодветно проветрено место.

5.8 ПРОДОЛЖЕНО НЕКОРИСТЕЊЕ

Во случај на предвидено некористење на моторот повеće од 30 дена (пр. на крајот од

сезоната) потребно е да се преземат мерки за безбедност до следното користење.

  • За да спречите формирање на талог, испразнете го резервоарот така што ће го одвртите капачето (сл. 5.A) на резервоарот, и ће го истурите горивото во соодветен сад. На крајот од операцијата да се заврти капакот (фиг. 5.A) затворајки го до крај.
  • Извадете ги свекиците и турете околу 3 сі чисто моторно масло во отворот за свекици; потоа затворете го отворот со крпа и кратко свртете го стартерот за неколку вртежи на моторот за да се распредели маслото во внатрешноста на цилиндарот. На крај, ставете ги свекиците без да го поврзете капачето на каблите.

6. ОДРЖУВАНЬЕ

⚠️ Секое настојување да се смени системот за контрола на емисијата може да ги зголеми нивоата на емисија над законските лимити. Оваа дефиниција вклучува отстранување или менување на делови, како на пр. системот за довод, системот за гориво и издувниот систем.

6.1 ОПШТИ ИНФОРМАЦИИ

⚠️ Мерките за безбедност за следење при операции на одржување се опишани во параграфот . 2.4.
⚠️ Сите контроли и интервенции да се извршуваат со ислучен мотор додека машината е во мирување. Извадете ги свекиците и прочитајте го односното упатство пред да започнете со чистење или одржување. Носете аденватна работна облена, ракавици и очила при одржувањето.

- Видовите на интервенции и нивното повторување се наведени во "Табела за одржување".

- Користењето на неоригинални делови и додатоци може да има негативни последици врз функционирањето и сигурноста на машината. Производителот одбива секаква одговорност за штети предизвикани од споменатите производи.

- Оригиналните резервни делови се обезбедени од страна на Овластените центри за помош и Дилерите.

ВАЖНО Сите операции за одржување и прилагодување кои не се опишани во

овој прирачник треба да бидат изведени од страна на вашиот продавач или од специјализиран Сервисен центар.

6.2 РАСПОРЕД НА ОДРЖУВАНЬЕ

ВАЖНО Сопственикот е одговорен за одржување на машината, како што е опишано во долунаведената табела.

ВАЖНО Да се чисти почесто кога се работи во особено сложени услови или кога има честички во воздухот.

ЗАБЕЛЕШКА Филтрите треба да се чистат / менуваат почесто, доколку машината се користи на правлива површина.

РаботаПо првите 5 часаСекои 5 часаили по секоја употребаНа секои 50 часа илина крај на сезонатаВо секој 100 дома
Контрола на нивото намасло (пас. 5.1.1)-√--
Менување на масло(став 6.3)-√
Чистење на доводнатарешетка на моторот(став 6.4)-√--
проверка и чистењена филтерот завоздух2(став 6.5)-√--
Промена на филтеротза воздух--√-
Проверка на свекичката(пар. 6.6)--√-
Менување насвекиците (пар. 6.6)---√
Проверка на филтеротза гориво3---√

^1 Да се менува маслото на секои 25 часа ако моторот работи со полна ефективност или на високи температури.
^2 Да се чист почесто воздушниот филтер во случај на работење на машината во области полни со прашина.
^3 Да се изврши во овластен Сервисен центар.

6.3 МЕНУВАЊЕ НА МАСЛО

За типот на масло, придржувајте се до упатствата дадени во табелата за технички податоци.

⚠️ Испуштањето на масло да се изведува додека моторот е уште топол, и внимавајте да не го допрете топлиот мотор или маслото што се испушта.

Ако не е поинаку наведено во упатството, маслото менувајте го на следниот начин:

  1. Поставете ја машината на рамно.
  2. Ставете соодветен сад под продолжното црево (сл. 6.А);
  3. Прицврстете ги завртките (сл. 6.В);
  4. Ослободете го продолжното црево од држачот со виткање надолу;
  5. Навалете го продолжното црево и испуштете го маслото во соодветен сад.
  6. Повторно ставете го продолжното црево (сл. 6.A) на држачот (сл. 6.A) пред да ставите масло.
  7. Исчистете ги остатоците од истекувања.

6.4 ЧИСТЕЊЕ НА ДОВОДНАТА РЕШЕТКА НА МОТОРОТ

Чистењето на доводната решетка се врши на ладен мотор.

  • Со млаз компресиран воздух (сл. 7 А), елиминирајте ги честичките или нечистотијата од доводната решетка на моторот, или инаку може да предизвика пожар.
  • Проверете дали доводите за воздух се запушени (сл. 7 А).
  • Исчистете ги пластичните делови со сунгер (сл. 7.D) навлажнет со вода и детергент.

6.5 ОДРЖУВАНЬЕ НА ВОЗДУШНИОТ ФИЛТЕР

  1. Исчистете околу капакот на филтерот (сл. 8.А).
  2. Отворете го капакот (сл. 8.A) со одвртување на јазичето (сл. 8.B).
  3. Извадете го филтерот (сл. 8.C + 8.D).

  4. Извадете го сунгерот на претфилтерот (сл. 8.D) од влошката (сл. 8.C).

  5. Затресете ја влошката (сл. 8.С) на тврда површина и со компресиран воздух издувајте ја внатрешноста за да ја отстраните прашината и честичките.
  6. Исперете го сунгерот од претфильтерот (сл. 8.D) со вода и детергент и оставете го да се исуши на воздух.

ВАЖНО Не користете вода, нафта, детергенти или други течности за чистење на влошката.

ВАЖНО Сунгерот на претфилтерот (сл. 8.D) НЕ смее да се потопи со масло .

  1. Исчистете го правот и честичките од внатрешноста на кукиштето на филтерот (сл. 8.E) затворете ја доводната цевка со крпа (сл. 8.F) за да спречите влез на надворешни тела во моторот.
  2. Отстранете ја крпата (сл. 8.F), ставете го филтерот (сл. 8.D + 8.C) во ку́киштето и ставете го капакот(сл. 8.A).

6.6 КОНТРОЛА И ОДРЖУВАЊЕ НА СВЕКИЧКАТА

  1. Извадете ги свекиците (сл. 9.А) со помош на француски клуч (сл. 9.В).
  2. Исчистете ги електродите (сл. 9.С) со метална четка за отстранување на евентуални јаглени талози.
  3. Со помош на мерач на дебелина (сл. 9.D) проверете дали е соодветно растојанието меѓу електродите (0.6 - 0.8 mm).
  4. Ставете ги свекиците (сл. 9.А) и зацврстете ги со помош на француски клуч (сл. 9.В).

Заменете ги свекиците доколку се прегорени електродите или ако порцеланот е скршен или оштетен.

⚠️ Опасност од пожар! Не го проверувајте уредот за палење доколку свекичката не е во седиште.

ВАЖНО Користете свекици од препорачаниот вид (види Техничка табела).

НАЈДЕНА МОЖНА ПРИЧИНА РЕШЕНИЕ
1. Потешкотија при палењеНедостиг на гориво Проверете и наполнете (кап. 5.1.3)
Старо гориво или талог во резервоаротИспразнете го резервоарот и ставете свежо гориво
Несоодветна процедура на палењеИзведете го палењето на соодветен начин (пар. 5.2 и пар. 5.3)
Извадени свекициПроверете дали капачињата се добро затворени (став 5.1.4)
Водени свекици или нечистиелектроди на свекиците или погрешно растојаниеПроверете (став 6.6)
Затнат воздушен филтер Проверка и чистење (пар. 6.5)
Несоодветно масло за сезоната Замена на масло со соодветно (пар. 6.3)
Испарување на гориво од карбураторот (задржана пареа) заради високи температуриПочекајте извесно време и обидете се повторно да запалите (пар. 5.3)
Дефект на карбураторОбратете се во Овластен центар за сервисирање
Проблеми со палењеОбратете се во Овластен центар за сервисирање
2. Неправилна работа.Нечисти електроди на свекичката или несоодветно растојание на електродитеПроверете (став 6.6)
Несоодветно монтирани капачиња на свекицитеПроверете дали капачињата се цврсто стегнати (пар. 5.1.4)
Затнат воздушен филтер Проверка и чистење (пар. 6.5)
Дефект на карбураторОбратете се во Овластен центар за сервисирање
Проблеми со палењеОбратете се во Овластен центар за сервисирање
3. Губење на моќта за време на работаЗатнат воздушен филтер Проверка и чистење (пар. 6.5)
Дефект на карбураторОбратете се во Овластен центар за сервисирање

Доколку проблемот продолжува и по употреба на опишаните решенија обратете се на вашиот продавач..

INHOUDSOPGAVE

  1. ALGEMENE INFORMATIE .... 1
  2. VEILIGHEIDSVOORSCHRIFTEN......2
  3. LEER DE MACHINE KENNEN .... 3

МК • Содржината и сликите во Упатството за корисникот се подготовени ислучиво за ST. S.p.A. и се заштитени со авторски права – забрането е секое делумно или целосно неовластено репродуцирање или измена на документот.

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : STIGA

Модел : Park 640 PWX

Категорија : Трактор