MILWAUKEE AS30 MAC - Прашка

AS30 MAC - Прашка MILWAUKEE - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот AS30 MAC MILWAUKEE во PDF формат.

📄 97 страници Македонски MK 💬 AI прашање
Notice MILWAUKEE AS30 MAC - page 87
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : MILWAUKEE

Модел : AS30 MAC

Категорија : Прашка

Преземете ги упатствата за вашиот Прашка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник AS30 MAC - MILWAUKEE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. AS30 MAC на марката MILWAUKEE.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК AS30 MAC MILWAUKEE

Текстуален дел со Технички карактеристики, важни безбедносни и работни упатства и објаснување на симболите.

  • употребата на машината;

1. Подесување на дијаметарот од цревото

2. Приклучок за додатоци

9. Места за додатоци

10. Регулатор на брзината

ВНИМАНИЕ! Прочитајте ги безбедносните напомени и упатства. Заборавање на почитувањето на безбедносните упатства и инструкции можат да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки

Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за во иднина. УПАТСТВО ЗА УПОТРЕБА Упатство за користење Апаратот може

  • да се користи само од страна на лица, кои се обучени за негово правилно користење и кои имаат посебно овластување за користењето на апаратот
  • да се користи само под надзор
  • Овој апарат не треба да се користи од страна на лица (вклучувајќи и деца) со намалени физички или ментални способности или од страна на лица со недоволно искуство и знаење.
  • Децата треба да бидат под надзор, како сигурност дека тие нема да играат со апаратот.
  • Не применувајте небезбедни методи за работа.
  • Никогаш не го користете апаратот без филтер.
  • Во подолу наведените случаи, исклучете го апаратот и извадете го приклучокот за напојување: - пред чистење и одржување - пред замена на компоненти - пред промени врз апаратот - ако се создаде пена или истекува течност Покрај ова упатство и локалните прописи за избегнување на несреќи, исто така треба да се почитуваат и прописите за безбедност и за одговорно користење на апаратот. Пред да започне со работа, сервисниот персонал на апаратот, треба да биде информиран за:
  • ракување со апаратот
  • ризиците, кои произлегуваат од вшмуканиот материјал
  • безбедно отстранување на вшмуканиот материјал Цел и користење според намената Оваа мобилна правосмукалка е дизајнирана, развиена и внимателно тестирана за ефикасно и безбедно работење, под услов кога правилно се одржува и се користи во согласност со следните упатства. Апаратот е наменет само за комерцијално користење, на пр. во хотели, училишта, болници, фабрики, продавници, канцеларии или за изнајмување. Апаратот е исто така погоден и за индустриско користење, на пр. во фабрики, градилишта или во работилници. Несреќите, како резултат на неправилното користење можат да бидат спречени само од страна на корисникот. ПРОЧИТАЈТЕ ГИ И ПРИДРЖУВАЈТЕ СЕ КОН СИТЕ УПАТСТВА ЗА БЕЗБЕДНОСТ. Секое друго користење се смета за користење кое не е според неговата намена. Произведувачот не превзема одговорност за такво користење. Ризикот од такво користење се превзема од самиот корисник. Користењето според намената вклучува правилна експлоатација, редовно одржување и поправки, во согласност со упатствата од производителот. Протокот на воздух во системот за безбеден притисок треба строго да се контролира, за да се достигне минимална брзина на воздухот Vmin = 20 m/s во цревото за вшмукување. Налепницата за безбедност, која е залепена на машината, ги содржи следниве предупредувања: Апаратот содржи прашина која е опасна по здравјето. Празнењето и одржувањето, вклучувајќи го и отстранувањето на торбата за прашина, може да се врши само од овластени лица кои што носат соодветна заштитна облека. Апаратот може да се користи само ако системот за филтрирање е целосно монтиран и проверен пред користење. Ако се користат собирачи на прашина, треба да се внимава за доволна размена на воздух при испуштање на издувниот воздух од правосмукалката во просторијата. Придржувајте се кон важечките прописи во вашата земја. За апарати со класа на прашина М (со ознака тип -2М) важи следново: сува, негоречка прашина, негоречки течности, дрвена прашина и прашина која е опасна по здравјето со вредност MAK1) > 0,1 mg/m3 Класа на прашина М (IEC 60335-2-69). Кон оваа класа на прашина се однесува прашината со вредност MAK1) > 0,1 mg/m³, како и дрвената

Правосмукалки за таа класа на прашина се тестираат како целосен апарат. Максималниот степен на пропуштање е 0,1 %, а исфрлувањето на вшмуканиот материјал треба да се изврши без силно ослободување на

Ако се користат собирачи на прашина, треба да се внимава за доволна размена на воздух при испуштање на издувниот воздух од правосмукалката во просторијата. Придржувајте се кон важечките прописи во вашата земја. Електрично поврзување

  • Препорачуваме правосмукалката да се поврзе преку заштитен прекинувач за диференцијална струја.
  • Електричните делови (штекери, приклучоци, конектори и продолжен

) поставете ги на начин на кој ќе се испочитува класата за заштита.

  • Конекторите на каблите за напојување треба да бидат водоотпорни. Продолжен кабел Користете само продолжен кабел со спецификации кои се наведени од страна на произведувачот, или со повисок квалитет. При користење на продолжни кабли, придржувајте се кон минималниот

Должина на кабелот Пресек на кабелот <16 A < 25 A < 20 m 1,5 mm

Важни безбедносни предупредувања ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! За да се намали ризикот од пожар, струен удар или повреди, пред да го користите апаратот, прочитајте ги и почитувајте ги сите упатства и ознаки за безбедност. Овај апарат е така дизајниран за да биде безбеден, ако се користи за наведените функции за чистење. При оштетување на електрични

механички делови, пред да продолжите со користењето на апаратот, тој или неговите додатоци треба да бидат поправени од страна на овластен сервис, за да се избегнат дополнителни оштетувања на апаратот и повреди врз неговите корисници. Не се оддалечувајте од апаратот кога е вклучен во електричната мрежа. Ако не го користите апаратот и пред одржување, извадете го кабелот за напојување. Не го користете апаратот ако се оштетени кабелот за напојување или приклучокот. При вадење на приклучокот од штекерот, повлечете го приклучокот, а не кабелот. Не фаќајте го приклучокот или апаратот со влажни раце. Исклучете го апаратот пред да го извадите приклучокот. Не го влечете го апаратот, тргајќи го за кабелот или не го носите држејќи го за кабелот. Не го користете кабелот како рачка. Внимавајте кабелот да не се потфати, или да не го повлекувате врз остри агли или ивици. Не преминавайте с уреда върху кабела. Внимавајте кабелот да нема контакт со вжештени површини. Не доближувајте ја косата, делови од

или телото во близина на отвори и до подвижните делови од апаратот. Не използвайте уреда, ако някой от отворите е блокиран и не пъхайте никакви предмети в отворите. Чувајте ги отворите чисти од прашина, текстилни влакна, коса и други материјали кои можат да го намалат протокот на воздух. Не го користете апаратот на отворено, на ниска температура. Не вшмукувајте со апаратот лесно запаливи течности како што е бензинот. Не го користете апаратот во области каде што може да постојат такви течности. Никогаш не вшмукувајте предмети кои чадат или вжештени предмети (на пр. цигари, кибритчиња, вжештена пепел). Бидете посебно внимателни при чистење

Користете го апаратот само ако се поставени

Ако апаратот не работи правилно, ако има паднато или е оштетен, ако бил на отворено или има паднато во вода, треба да го МАКЕДОНСКИМАКЕДОНСКИ174 175 однесете во сервис или да го вратите кај дистрибутерот. Веднаш исклучете го апаратот, ако во него се формира пена или од него истекува вода. Апаратот не треба да се користи како пумпа за вода. Апаратот е погоден за вшмукување на мешавина од воздух и вода. Поврзете го апаратот во правилно заземјена електрична мрежа. Штекерот и продолжниот кабел треба да имаат функционален заштитен проводник. Погрижете се за доволно вентилација на работното место. Не газете врз апаратот. Тоа може да го преврти и да го оштети. Опасност од

Користете го приклучокот на апаратот само за целите, кои се опишани во упатството. БЕЛЕШКИ ЗА ОПАСНОСТИ Електрични делови

Во горниот дел од апаратот има делови кои се под напон. Контакт со такви делови може да доведе до тешки, дури и до смртоносни повреди. Никогаш не прскајте со вода врз горниот дел од апаратот.

Струен удар поради оштетен кабел за напојување. Допирањето на оштетен кабел за напојување може да доведе до тешки, дури и до смртоносни повреди.

  • Не го оштетувајте кабелот за напојување (не го преоптоварувајте, не го влечете или не го прекршувајте).
  • Редовно проверувајте дали кабелот за напојување е оштетен или дали покажува знаци на стареење.
  • Ако кабелот за напојување е оштетен, за да се спречи опасност, кабелот треба да се замени од страна на дистрибутер, овластен од фирмата Milwaukee или од друго стручно лице.
  • Никогаш не го замотувајте кабелот за напојување околу прстите или околу други делови од телото. Опасна прашина

Опасни материи. Вшмукувањето на опасни материи може да доведе до тешки, дури и до смртоносни

  • Со овој апарат не треба да се вшмукуваат подолу наведените материи:
  • запалива, експлозивна прашина (на пр. магнезиумска или алуминиумска прашина и др.) Резервни делови и додатоци Претпазливо Резервни делови и додатоци. Користењето на неоргинални резервни делови и додатоци може да ја наруши безбедноста на апаратот. Користете само оригинални резервни делови и додатоци од фирмата Milwaukee. Подолу се наведени резервните делови кои се значајни за работната безбедност на корисникот или за функционирање на апаратот: Опис. Број на нарачка Плоснат филтер PTFE, 1 парче. 4932 4596 87 Филтер торба од неткаен текстил, 5

Експлозивна или запалива атмосфера Претпазливо Овој апарат не е погоден за користење во експлозивна или запалива атмосфера или во атмосфера, во која испарливи течности или запаливи гасови или пареа можат да креираат слична опасност. СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА Оваа мобилна правосмукалка е дизајнирана, развиена и внимателно тестирана за ефикасно и безбедно работење, под услов кога правилно се одржува и се користи во согласност со следните упатства. Апаратот е наменет само за комерцијално користење, на пр. во хотели, училишта, болници, фабрики, продавници, канцеларии или за изнајмување. Апаратот е исто така погоден и за индустриско користење, на пр. во фабрики, градилишта или во работилници. Несреќите, како резултат на неправилното користење можат да бидат спречени само од страна на корисникот. Апаратот е погоден за всмукување на сув, не запалив прав и на течности. Не го користете овој производ на било кој друг начин освен пропишаниот за нормална употреба. УПОТРЕБА НА АПАРАТОТ И РАБОТЕЊЕ Претпазливо Оштетување на апаратот од несоодветен мрежен напон. Апаратот може да се оштети ако го поврзете кон несоодветен мрежен напон.

  • Обратете внимание дали напонот кој е наведен на натписната табличка, одговара на напонот во струјното коло. Стартување и употреба на апаратот Проверете дали е исклучен прекинувачот (на позиција 0). Проверете дали во апаратот се поставени соодветни филтри. Потоа поврзете го цревото за вшмукување во влезниот отвор, така што ќе го притиснете цревото во отворот за да се фиксира. Потоа поврзете ги двете цевки со рачката од цревото. Завртете ги цевките за да се осигурате дали тие се цврсто поврзани. Врз цевката поставете ја соодветната млазница. Одберете ја млазницата според материјалот кој што треба да биде вшмукуван. Ако апаратот се користи за вшмукување на прашина во врска со апарати кои создаваат прашина, крајот од цревото за вшмукување треба да се поврзе со соодветен адаптер. Внимавајте подесувањето на дијаметарот од цревото да одговара на постоечкиот дијаметар од цревото. Вклучете го приклучокот во соодветен штекер. Ставете го прекинувачот на позиција 1, за да го стартувате моторот. Позиција на прекинувачот I: Вклучување на

Позиција на прекинувачот

Исклучување на апаратот. Утичница за постојана струја Позиција на прекинувачот : Вклучување на автоматски режим за вклучување/ исклучување. Позиција на прекинувачот I+ Исклучено: Вклучување на апаратот со деактивирана функција за автоматско чистење на филтерот Позиција на прекинувачот I

Исклучено: Активирање на режим Автоматско вклучување/исклучување при деактивирана функција за автоматско чистење на филтерот. Регулирање на брзината со посебен ротирачки прекинувач. Дијаметарот на цревото треба да одговара со подесувањето за дијаметар на

ø21 ø21 ø27 ø27 ø32 ø32 ø36 ø36 ø38 ø38 Автоматизација за вклучување/исклучување на електрични инструменти*) Претпазливо Приклучок за додатоци. Приклучок за додатоци е предвиден за дополнителни електрични апарати, за повеќе информации погледете во Технички податоци.

  • Пред да поврзете дополнителен апарат, правосмукалката и дополнителниот апарат треба да се исклучени.
  • Прочитајте го и придржувајте се кон упатството за користење и упатствата за безбедност на дополнителниот апарат.

има вграден заземјен штекер. Таму може да се поврзе надворешен дополнителен апарат. Кога прекинувачот е на позиција, штекерот е под постојан напон. т.е. апаратот може да се користи како продолжен кабел. Во позиција правосмукалката може да се вклучува и исклучува преку поврзаниот електричен инструмент. Во тој случај прашината може да се вшмукува таму каде што се појавува. Може да се поврзат само апарати кои создаваат прашина и се дозволени за употреба. Максималната дозволена потрушувачка на струја од поврзаниот апарат е наведена во делот „ Технички податоци“. Пред да го поставите прекинувачот во позиција , треба да се осигурате дали е исклучен апаратот кој е поврзан кон штекерот за додатоци. Auto-Clear Апаратот е снабден со автоматски систем Auto-Clear за чистење на филтерот. За време на работењето се врши автоматско чистење на филтерот за постигнување на оптимален капацитет на вшмукување. При работење на апаратот со особено многу прашина или ако капацитетот на вшмукување се намалува од друга причина, се препорачува дополнително рачно чистење на филтерот.

  • Исклучување на апаратот
  • Со дланката затворете го отворот од млазницата или отворот за цревото за вшмукување.
  • Поставете го прекинувачот од апаратот на позиција „I“ и оставете ја правосмукалката да работи околу 10 секунди со затворен отвор за цревото за вшмукување. Ако капацитетот на вшмукување сеуште е намален и после тоа, извадете го филтерот и маханички исчистете го или сменете го. За одредено користење на апаратот, како што е вшмукување на течности, се препорачува да се исклучи системот за автоматско чистење на филтерот. За детали, погледнете во делот Вклучување на машината. Контрола на протокот Претпазливо Проверете дали сите филтри се тука и дали се правилно монтирани. Апаратот е снабден со систем за контрола на брзината на протокот на воздух и на состојбата на филтерот за класа на прашина H*). Пред вшмукување прашина со гранични вредности за максимална концентрација на работното место, треба да се провери контролата на протокот на воздух. За да го намалите протокот на воздух, држете го затворено цревото за вшмукување кога работи моторот. После околу една секунда ќе започне да свети LED-индикаторот на контролниот панел. После неколку секунди се огласува звучен предупредувачки сигнал. МАКЕДОНСКИМАКЕДОНСКИ176 177 Прилагодете го подесувањето на дијаметарот од цревото за вшмукување според постоечкиот дијаметар од цревото. Кога ќе светне LED-индикаторот, брзината на протокот на воздух е помала од 20 m/s.
  • Проверете дали се полни резервоарот за прашина или филтер торбата.
  • Проверете дали се намалил протокот на воздух во цревото за вшмукување, во млазницата или во филтерот. Анти-статичко поврзување Претпазливо Апаратот е снабден со анти-статички систем за празнење на статичкиот електрицитет, кој се формира при вшмукување на прашина. Анти-статичкиот систем се наоѓа во предната страна на горниот дел од моторот и претставува заземјен проводник кон влезната врска од резервоарот. За правилно функционирање на апаратот се препорачува да се користи електроспроводно или анти-статичко вшмукателно црево. При користење на опционална торба за еднократна употреба, внимавајте таа да не и смета на анти-статичката клема. Филтер за ладен воздух За да се заштитат електрониката и моторот, апаратот е снабден со дифузор за ладен воздух. Дифузорот за ладен воздух треба редовно да се чисти. Во области со висока концентрација на фина прашина во околниот воздух, се препорачува апаратот да биде снабден со дополнителен кертриџ за филтрирање на ладниот воздух, за да не се наталожи прашината во воздушните канали и во моторот. Поврзете се со вашиот локален дистрибутер. Претпазливо Ако филтерот за ладен воздух е запушен со прашина, може да се активира заштитниот прекинувач за преоптоварување на моторот. Во тој случај исклучете го апаратот, исчистете го филтерот за ладен воздух и оставете го апаратот да се излади околу 5 минути. Влажно вшмукување Претпазливо Апаратот е снабден со пловак кој го исклучува протокот на воздух низ апаратот, тогаш кога нивото на течност го постигне својот максимум. Во тој случај, исклучете го апаратот. Извлечете го приклучок и испразнете го резервоарот. Вшмукувајте течности само тогаш кога се поставени пловакот и

Вшмукување на течности

  • Не вшмукувајте запаливи течности.
  • Пред вшмукување течности, секогаш вадете ја филтер торбата или торбата за еднократна употреба и проверувајте дали системот од пловакот правилно функционира.
  • При формирање на пена, веднаш прекинете со работење и испразнете го резервоарот.
  • Редовно чистете го системот од пловакот и проверувајте го за оштетувања. Пред празнење на резервоарот, извлечете го приклучокот од штекерот. Извадете го цревото од влезниот отвор. Отворете го затворачот врз предната страна од горниот дел од моторот, со вадење на долниот дел. Отстранете го горниот дел на моторот од резервоарот. После секое влажно вшмукување секогаш празнете го резервоарот и чистете го, како и системот од

Испразнете го резервоарот така што ќе го навалите наназад или настрана. Истурете ја течноста во сад кој е поставен на дното. Повторно поставете го горниот дел од моторот врз резервоарот. Прицврстете го горниот дел од моторот со затворачот. Наглите движења со апаратот можат погрешно да го активираат системот од пловакот. Во тој случај исклучете го апаратот и почекајте 3 секунди за да се смири системот. Потоа пуштете го апаратот повторно да работи. Вшмукување на суви материи Претпазливо Вшмукување на материи кои се штетни за околината. Кога се вшмукуваат такви материи, тоа може да значи опасност за

  • Внимателно исфрлувајте ги вшмуканите материи. Пред празнење на суви вшмукани материи, извлечете го приклучокот од штекерот. Извадете го цревото за вшмукување од апаратот и затворете го капакот од доводот на влезот од цревото, за да спречите распрскување на штетната прашина. Отворете го затворачот врз предната страна од горниот дел од моторот, со вадење на долниот дел. Отстранете го горниот дел на моторот од резервоарот. Главен филтер: Проверете го филтерот. За да го исчистите филтерот, исчеткајте го или измиете го. Пред користење оставете го да се исуши. Торба за прашина: Проверете до кој степен е полна. Ако торбата е полна, сменете ја. Отстранете ја старата торба. Нова торба се поставува така што го поставувате хартиениот дел со гумената мембрана врз влезниот отвор од цревото. Осигурајте се да ја притиснете гумената мембрана врз задебелувањето од влезниот отвор. Филтер торба за безбедност : Проверете до кој степен е полна. Ако торбата е полна, сменете ја. При отстранување на старата торба, носете маска и заштитна облека. Внимателно извадете ја спојката од филтер торбата од грлото на влезниот отвор. Затворете ја спојката од филтер торбата со помош на лизгачот. Внимателно исфрлувајте ги вшмуканите материи.

празнење: Повторно поставете го горниот дел од моторот врз резервоарот и прицврстете го со затворачот. При суво вшмукување, во апаратот секогаш треба да има филтер. Капацитетот на вшмукување на апаратот зависи од големината и квалитетот на филтерот и на торбата за прашина. Поради тоа секогаш користете оригинални филтри и торби за

ПОСЛЕ КОРИСТЕЊЕ НА АПАРАТОТ После користење После вшмукување на опасна прашина, затворете го капакот од доводот на влезот од цревото и исчистете ги внатрешните површини од апаратот. Кога не се користи апаратот, секогаш вадете го приклучокот од штекерот. Намотајте го кабелот така што ќе започнете од кај апаратот. Кабелот за напојување може да се намота околу горниот дел од моторот или околу резервоарот. Некои варијанти од апаратот се снабдени со простор за складирање на додатоци.

  • Пред транспортирање на апаратот, сите затворачи треба да се затворат.
  • Не го навалувајте апаратот, ако во валканиот резервоар има течност.
  • Не користете кука од дигалка за кревање на апаратот
  • Не го кревајте апаратот за рачката.

Претпазливо Складирајте го апаратот на суво место, заштитено од дожд и мрзнење. Овој апарат треба да се складира на затворено. Складирање на додатоците За транспорт во близина и складирање на додатоците, од страните на апаратот има шини, на кои можат да се прицврстат додатоците со помош на ленти и слично. Еластичната лента и куката на задниот дел од апаратот се наменети за поставување на цревото за вшмукување и кабелот за напојување. За инструкции, погледнете го краткото упатство за употреба. Кон апаратот опционално може да се монтира плоча адаптер*) со систем за прицврстување, за таму кон две или кон четири точки да се прицврсти сад за складирање на додатоци. Пред монтажа на плочата адаптер, извадете го приклучокот. Претпазливо Не го подигнувајте апаратот за плочата адаптер, кон која не е монтиран сад за складирање. При користење на сад за складирање, прилагодувајте се со тежината и со рамнотежата на апаратот. Максималната тежина на садот за складирање е 30 kg. Рециклирање на апаратот Исфрлете го стариот апарат кој не се користи.

апаратот од електричната мрежа.

2. Пресечете го кабелот за напојување.

3. Не ги исфрлувајте електрични апарати како кујнски отпадоци.

Во согласност со Директивата од ЕУ 2012/19/EО за користени електрични и електронски апарати, апаратите со електрични и електронски делови треба да се исфрлуваат одделно и еколошки да се рециклираат.

Редовно одржување и проверки Редовното одржување и проверки на апаратот треба да се врши од страна на за тоа стручни лица, со почитување на соодветните одредби. Најповеќе треба редовно да се проверуваат заштитниот проводник, отпорноста на изолацијата и состојбата на кабелот за напојување. При дефект, апаратот ТРЕБА да биде повлечен од употреба и целосно да се провери и поправи од страна на овластен сервисен техничар. Најмалку еднаш годишно, техничар од фирмата Milwaukee или лице кое е овластено за тоа, треба да спроведе технички преглед, вклучувајќи проверка на филтрите, херметичност и механизмот за контрола. За апарати за класа на прашина Н, еднаш годишно треба да се направи проверка за ефикасноста на филтерот. Треба да се смени филтерот ако неговата ефикасност не одговара на барањата за класа на прашина С.

Пред да се започне со одржување, секогаш вадете го приклучокот. Пред да го користите апаратот, осигурајте се дали напонот и фреквенцијата одговараат со податоците од натписната табличка. Апаратот е наменет за непрекинато интензивно работење. Филтрите за прашина треба да се менуваат во зависност од времетраењето на работењето. Одржувајте го резервоарот чист. За таа цел користете сува крпа и мала количина спреј за полирање. При одржување и чистење, внимавајте да не настане опасност за персоналот одговорен за одржувањето, а и за други лица. Во областа за одржување

  • Користете присилна вентилација со филтер
  • Носете заштитна облека
  • Чистете ја областа за одржување, така што да не попаднат опасни материи во околината. ВНИМАНИЕ! Редовно го чистете ограничувачот за ниво на водата и го проверувајте за оштетувања. Користете само Milwaukee додатоци и резервни делови. Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на Milwaukee (консултирајте ја листата на

При потреба може да се побара експлозионен цртеж на апаратот со наведување на машинскиот тип и шестоцифрениот број на табличката со учинокот или во Вашата корисничка служба или директно кај Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Германија. ЕK-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ Како производител, изјавуваме под целосна одговорност дека „Техничките податоци“ подолу го опишуваат производот со сите релевантни одредби од регулативите 2011/65/ЕУ (RoHS), 2014/30/ЕЗ, 2006/42/ЕЗ и се усогласени со следниве хармонизирани регулаторни документи: EN 60335-1:2012+AC:2014+A11:2014+A13:2017 EN 60335-2-69:2012 EN 55014-1:2017+A11:2020 EN 55014-2:2015 EN 61000-3-2:2014 EN 61000-3-3:2013 EN IEC 63000:2018 Winnenden, 2020-12-01 Alexander Krug Managing Director Ополномоштен за составување на техничката документација. Techtronic Industries GmbH Max-Eyth-Straße 10 71364 Winnenden Germany EurAsian (Евроазиски) знак на конформитет.

ВНИМАНИЕ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ! Секогаш кога преземате активности врз машината исклучете го кабелот од струјата. Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете внимание на упатствата за употреба. Не отстранувајте ја отпадната електрична и електронска опрема како несортиран комунален

Отпадната електрична и електронска опрема мора да се собира посебно. Отпадните извори на светлина треба да се отстранат од опремата. Проверете кај вашиот локален орган или продавач за совети за рециклирање и место за собирање. Во зависност од локалните регулативи, трговците на мало може да се обврзани бесплатно да ја преземаат отпадната електрична и електронска

Вашиот придонес за повторна употреба и рециклирање на отпадната електрична и електронска опрема помага да се намали побарувачката на суровини. Отпадната електрична и електронска опрема содржи вредни материјали за рециклирање, кои може негативно да влијаат на животната средина и на здравјето на луѓето доколку не се отстранат на еколошки компатибилен начин. Избришете ги личните податоци од отпадната опрема, доколку ги има. Класа на прашина M (IEC 60335-2-69). Кон оваа класа на прашина се однесува прашината со вредност MAK1) > 1 mg/m³. Европска ознака за сообразност Британска ознака за сообразност Regulatory Compliance Mark (RCM). Производот ги исполнува важечките прописи. Украинска ознака за сообразност Евроазиска ознака за сообразност МАКЕДОНСКИМАКЕДОНСКИ179178