Ferm BGM1022 - брусилка

BGM1022 - брусилка Ferm - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот BGM1022 Ferm во PDF формат.

📄 88 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice Ferm BGM1022 - page 79
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за BGM1022 Ferm

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот брусилка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник BGM1022 - Ferm и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. BGM1022 на марката Ferm.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК BGM1022 Ferm

Благодариме за купувањето на овој FERM производ. Со тоа имате одличен производ, испорачан од еден од водечките добавувачи во Европа. Сите производи доставени од страна на FERM се произведени според највисоките стандарди на перформанси и безбедност. Како дел од нашата филозофија обезбедуваме одлична услуга за клиентите, со врвна сеопфатна гаранција.

Се надеваме дека ће уживате користејки го овој производ многу наредни години.

Прочитајте ги приложените, дополнителните безбедносни предупредувања и упатствата.

Погрешното следење на безбедносните преупредувања и упатствата може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.

Чувајте ги безбедносните преупредувања и упатствата за да можете повротно да ги прочитате.

Следните символи се користат во упатствата или на производот:

Ferm BGM1022 - Прочитајте ги приложените, дополнителните безбедносни предупредувања и упатствата. - 1

Означува ризик од повреда, губење на живот или оштетување на алатот во случај на непочитување на упатствата.

Ferm BGM1022 - Прочитајте ги приложените, дополнителните безбедносни предупредувања и упатствата. - 2

Укажува на опасност од струен удар.

Ferm BGM1022 - Прочитајте ги приложените, дополнителните безбедносни предупредувања и упатствата. - 3

Присутните лица да стојат подалеку

Ferm BGM1022 - Прочитајте ги приложените, дополнителните безбедносни предупредувања и упатствата. - 4

Ferm BGM1022 - Прочитајте ги приложените, дополнителните безбедносни предупредувања и упатствата. - 5

Ferm BGM1022 - Прочитајте ги приложените, дополнителните безбедносни предупредувања и упатствата. - 6

Носете заштитна маска за очи и уши

носат маска прашина

CE

Производот е во согласност со важечките стандарди за безбедност во Европските смерници.

Посебни безбедносни упатства

• Следните точки треба да се проверат
- Приклучниот напон на машината треба да одговара со главниот напон.
- Дали се кабелот и приключот во добра costoјба: цврсти, без лабави завршетоци или оштетување.
- Од функционални причини, вртливите делови од машината не се покриени. Затоа е важно да бидете внимателни. Држете го парчето цврсто, за не се лизне од вашите раце. Никогаш со рацете не ги допирајте брусните површини на машината.
- Избегнувајте користење на долги продолжни кабли.

Пред работење со машината:

  • Чувајте го кабелот подалеку од подвижните делови на машината.
    • Носете заштитни очила.
  • Носете маска за заштита од прашина.

Електрична безбедност

При користење на електрични машини почитувајте ги безбедносните правила во вашата земја, за да го намалите ризикот од пожар, струен удар и повреди. Прочитајте ги следните безбедносни упатства и приложените безбедносни упатства.

Ferm BGM1022 - Електрична безбедност - 1

Секогаш проверувајте дали напонот на напојувањето одговара на наведениот напон на плочката.

Користете само одобрени продолжни кабли погодни за влезната моćност на машината. Најмал попречен пресек е 1,5 mm2. Кога се користи кабел во ролна, секогаш целосно да го одмотате.

Веднаш исключете ја машината ако:

  • Прекумерна искра на јаглените четкички и горење на прстенот во колекторот.
  • Има прекин на главна приклучница, главен кабел или оштетен на главен кабел.

• Дефектен прекинувач
- Има чад или смрдеа од изгорена изолација

Оваа машина ги комбинира сите przedности од хоризонтална и вертикална трачна брусилка со оние на брусилка со диск.

Силната конструкција од сив лив и челик ја прави машината погодна за секоја работа со брусење.

Технички податоци

Напон 230-240 V, 50 Hz
Влезна моїност 350 W
S_2= 30 min^*
Брзина без оптеретување на трачна брусилка292 m/min
Брзина без оптеретување на брусен диск1450 /min
Големина на брусна лента915 X 100 mm
Големина на брусен диск 150 mm
Тежина 12.2 kg
Lpa (Ниво на звучен притисок)77+3 dB(A)
Lwa (Ниво на звучна моїност)90+3 dB(A)

*S2= Максимално време на користење со капацитет од 350 W

Ниво на вибрации

Нивото на емисијата на вибрациите, наведено во упатствово, е измерено во согласност со стандардизиран тест даден во EN 60745; тој може да се користи за споредување на еден алат со друг како и за прелиминарна процена на изложеност на вибрации при користење на алатот во споменатите апликации

  • користењето на алатот за различни апликации или со различни или слабо одржуван прибор, може значително да го зголеми нивото на изложеності
  • времето кога алатот е ислучен или кога работи, но не ја врши работата, може значително да го намали нивото на изложеност

Заштитете се од ефектите на вибрациите со одржување на алатот и приборот, рацете да ви бидат топли и организирајте ги работните навики.

Опис

Броевите во текстот се однесуваат на дијаграмите на стр.2-5.

  1. Рамка на машината
  2. Мотор
  3. Валчест и паралелен граничник
  4. Рачка за стегање
  5. Транспортен валјак
  6. Брусна лента
  7. On/off прекинувач
  8. Граничник
  9. Валјак за отклонување
  10. Алуминиуски диск
  11. Брусен диск
  12. Работна маса
  13. Скала за косо сечење
  14. Рамка за потпирање
  15. Приключок за правосмукалка

3. МОНТАЖА

Поставување

Избегнувајте користење на долги продолжни кабли. Не заборавете да оставите довольно слободен простор околу машината за брасуње на работното парче.

Монтажа

  • Ставете ја рамката на машината во нејзината глава и притиснете ги четирите гумени граничници во подножјето од рамката.
  • Рамката на машината, алуминиумскиот диск (10) и работната маса (12) се испорачани во одделно пакување.
  • Притиснете го алуминиумскиот диск на вратилото и стегнете го дискот со помош на имбус завртки од страна на дискот (сл. В-Д).
  • Поставете ја работната маса (12) со вратилото во рамката на машината и обезбедете ја со завртки, од надворешната страна од рамката.
  • Проверете го отклонот од 90° на работната маса и на брусниот дискот, дали е точно 90° (сл. Е).
  • Ако е потребно, дотерајте го овој агол,со индикатор за калибрација.

  • Скалата за косо сечење (13), која исто така се испорачува посебно, може да се постави врз работната маса (12).

  • Со користење на оваа скала, може прецизно да се одреди аголот на брусење.
  • Потпирачот (8) за трачна брусилка може да се постави зад горните завртка на браникот на V-ременот. На овој начин, работното парче може цврсто да стои во однос на лентата, без големи опасности.
  • Поврзете ја правосмукалката преку приключокот за правосмукалка (15).

Ferm BGM1022 - Монтажа - 1

За да се спречи прик лештување на работното парче или вашите прсти помеѓу работната маса (12) и брусниот диск (11), просторот помеѓу работната маса (12) и дискот (11) не смее да е поголем од 1,6 mm.

Избор на брусна хартија

Со крупна брусна хартија (Р 60), генерално, може да се отстрани поголем дел од материјалот, потоа со фина брусна хартија (Р 150) да се изведе завршно брусење. Нерамните површини прво се третираат со крупна брусна хартија и се брусат додека не се порамнат. Средната брусна хартија (Р 100) се користи за отстранување на гребнатини предизвикани од страна на претходниот тип на брусна хартија. Фината брусна хартија (Р 150) се користи за завршна обработка. Брусењето се изведува додека површината не стане мазна.

Поставување на брусна хартија

Сл. F - H

Кога машината за брусење е поставена така дискот да се врти кон вас, брусната лента се движи од десно кон лево, по должна на горниот дел од машината. Поради оваа насока на вртење, работното парче їе биде притиснато врз десната страна на потпирачот. На внатрешната стрелка се покажува вистинската насока на движење на брусната лента (види цертеж). Ако не е индицирана насоката, брусната лента треба да се постави така подигнатиот дел од работ да се наога во насоката на движењето на лентата. Затоа е многу важно брусната лента да е поставена во правилна насока. Машината користи стандардни 100 x 915 mm брусни ленти (бр 7):

Извлечете го кабелот од струја.

  • Притиснете ја рачката за стегање на десно, до крај, за да се затегнат транспортните валци (4).
  • Притиснете ја брусната лента по должна на двата транспортни валци, почнувајки од задната страна од машината.
  • Притиснете ја рачката за стегање на лево, до крај. Брусната лента е затегната.
  • Вртете го транспортниот валјак точно под прав агол во насока на брусната лента, со помош на крилестата навртка на десниот валјак. Насока на движењето на лентата е точно дотерана ако страните на лентата се движат паралелно со плочата.

Брусен диск

Сл. D

Хартија или „velcro “ плочи се користат за брусен диск. Стандарден пречник е 150 mm. Плочите се самолепливи..

Вертикално поставување на брусна хартија Сл. I

За поголема флексибилност на брусната хартија таа може да се користи од долната страна, зашто таму не се наога вртлива плоча. За лесно приогање до долната страна, брусната лента може да се постави во вертикална положба.

  • Одвртите ги двете навртки од предната страна на машината, околу вретеното на левиот валјак, со помош на клуч.
  • Притиснете ја брусната лента во сакана положба.
    • Стегнете ги двете завртки.
  • Работното парче сега може да се постави врз работната површина, наместо врз брусната лента;
  • Работната маса, која се користи за брусен диск, сега може да се турне со вратилото во отворот од рамката, од левата страна од машината.
  • Стегнете ги завртките од задната страна на машината.
  • Работната маса сега може да се користи како потпирач на парчето кое се бруси со брусна лената.

4. RABOTA

Ferm BGM1022 - RABOTA - 1

Секогаш да стоите пред машината, така да имате добар преглед (сл. А).

Вклучување и исклучување

  • Притиснете го прекинувачот во положба „1“, за да ја включите машината.
  • За исключување на машината, притиснете го истиот прекинувач во положба „0”.
  • Чувајте го кабелот подалеку од подвижните делови на машината.
  • Не треба да се притиска работното парче, зашто тоа само ја забавува брзината на дискот за брусење.

Брусење

Брусната лента, испорачана со машината за брусење, е погодна за брусење на метал, дрво или синтетички површини. Работното парче секогаш цврсто да се приджува додека се бруси. Не е потребен дополнителен притисок. Водете го работното парче нагоре и надолу преку брусната лента, за да се избегне трошење на лентата и плочата само на едно место. Кружни предмети можат да се брусат на крајот на брусната лента. Работа парчиња кои се подолги од машината, можат да се брусат со отстранување на потпирачот.

Напомена: За да се спречи поткршување, дрвото секогаш да се бруси по должна на влакната.

За обработка на многу мекани површини, постои многу корисен метод, да се „направат нерамни делови на површината”. Ова се прави на следниот начин: влажна, што туку избрусена површина се навлажнува со крпа или сунгер и добро нека се исуши. Некои дрвени влакна Ѽе се надујат повеće од другите, што доведува до огрубување на површината. Сега се третираат високите делови, со помош на фина брусна хартија, а резултатот е неверојатно мазна површина. Овој метод не треба да се применува кај лакирано дрво, зашто може да се изгуби лакот поради влагата.

5. ОДРЖУВАЊЕ

Ferm BGM1022 - ОДРЖУВАЊЕ - 1

Пред чистење и одржување исключете ја машината и извадете го приклучокот од главниот напон.

Редовно чистете го кукиштето со мекана крпа, по можност после секое користење. Отворите за вентилација да бидат ослободени од прашина и нечистотија. Отстранете ја нечистотијата со мекана крпа, навлажнета со сапуница. Не користете растворувачи како што е бензин, алкохол, амонијак, и др. хемикалии, зашто тие ќе ги оштетат синтетичките компоненти.

Заменете го кабелот

Ако кабелот е оштетен, тој мора да се замени од страна на производителот, неговиот овластен сервис или од квалификувано лице, за да се избегнат опасности.

Ако 3-полниот приключок приключен во единицата е оштетен и треба да се замени, важно е прописно да се уништи и да се замени со одобрен од страна на BS 1363/7A осигурителен приключок и дека се запазени следните упатства за ожичување.

Жиците во мрежниот кабел се обоени во согласност со следниов код:

сина неутрална

кафеава жива

Бидејки боите на жиците во мрежниот кабел не одговараат на обоените ознаки за идентификација на терминалите во приклучокот, постапете на следниот начин:

  • Жицата со сина боја мора да се поврзе со терминалот што е означен со буквата N или е со црна боја.
  • Жицата со кафеава боја да се поврзе со терминалот што е означен со буквата L или е со црвена боја.

ОКОЛИНА

Ferm BGM1022 - ОКОЛИНА - 1

Дефектни и/или отфрлени електрични или електронски апарати треба да се собираат на соодветни локации за рециклирање.

Само за земји од ЕУ

Не ги депонирајте алатите во домашен отпад. Според Европското Упатство 2012/19/ EU за отпадна електрична и електронска опрема и неговата имплементација во националното право, електричните алати кои веке не се употребливи мораат да се собираат одделно и да се отстрануваат на еколошки начин.

ГАРАНЦИЈА

Гарантните условите се дадени во посебна гарантна картичка.

Производот и упатството се предмет на промена. Карактеристиките можат да се променат без натамошно известување.

Spare parts list

BGM1022

Art. No. Description Position No.
411073 Aluminium disc 4
411074 V-belt 10
411075 Idle roller complete 44..47
411076 Adjustment bolt 43|50|51
411077 Driver roller 60|61
411078 Switch 74
411079 Mitre gauge 81..85
411080 Velcro® 98

Exploded view
Ferm BGM1022 - Spare parts list - 1

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : Ferm

Модел : BGM1022

Категорија : брусилка