BOSCH Advanced Grass Cut 36 Li - Градинарски ножици

Advanced Grass Cut 36 Li - Градинарски ножици BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот Advanced Grass Cut 36 Li BOSCH во PDF формат.

📄 447 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање ⚙️ Спецификации
Notice BOSCH Advanced Grass Cut 36 Li - page 311
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
SKIP

Frequently Asked Questions - Advanced Grass Cut 36 Li BOSCH

Прашања на корисниците за Advanced Grass Cut 36 Li BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Градинарски ножици во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник Advanced Grass Cut 36 Li - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. Advanced Grass Cut 36 Li на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК Advanced Grass Cut 36 Li BOSCH

Македонски...... Страница 310

Srpski ...... Strana 324

Slovenščina ....Stran 336

Hrvatski ......Stranica 349

Безбедносни напомени

Предупредување! Ве молиме прочитајте ги следниве упатства. Запознајте се со контролите и правилната употреба на

производот. Чувајте го упатството за идни консултации.

Толкување на символите на уредот

BOSCH Advanced Grass Cut 36 Li - Толкување на символите на уредот - 1

Општи безбедносни правила.

BOSCH Advanced Grass Cut 36 Li - Толкување на символите на уредот - 2

BOSCH Advanced Grass Cut 36 Li - Толкување на символите на уредот - 3

Прочитајте го упатството за употреба.

BOSCH Advanced Grass Cut 36 Li - Толкување на символите на уредот - 4

Внимавајте лицата кои се во близина да не бидат повредени од исфрлените а.

BOSCH Advanced Grass Cut 36 Li - Толкување на символите на уредот - 5

Предупредување: Одржувајте безбедн растојание од уредот додека

BOSCH Advanced Grass Cut 36 Li - Толкување на символите на уредот - 6

BOSCH Advanced Grass Cut 36 Li - Толкување на символите на уредот - 7

Не е применливо.

BOSCH Advanced Grass Cut 36 Li - Толкување на символите на уредот - 8

Извадете ја батеријата пред чистење, поправање или складирање на машината.

BOSCH Advanced Grass Cut 36 Li - Толкување на символите на уредот - 9

Носете заштитни слушалки и очила.

BOSCH Advanced Grass Cut 36 Li - Толкување на символите на уредот - 10

Не употребувајте го производот кога врне и не оставајте го на дожд.

BOSCH Advanced Grass Cut 36 Li - Толкување на символите на уредот - 11

text_image 360°

Внимавајте лицата кои се во близина да не бидат повредени од

исфрлените парчиња.

Предупредување: Држете се на безбедно растојание од косачката додека таа работи.

BOSCH Advanced Grass Cut 36 Li - Толкување на символите на уредот - 12

Внимателно проверете го полето на коешто єе работи уредот да нема диви или домашни животни. Дивите и домашните животни можат да бидат повредени за време на употреба на машината. Проверете го детално полето на работа на машината и отстранете ги сите камења, гранки, жици, коски и други предмети. При ракувањето со машината внимавајте во густата трева да нема скриени диви или домашни животни, како ни стебла.

Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

▶ Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат.
Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
▶ Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
▶ Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или

апарати што користат батерии (акумулаторски).

Безбедност на работниот простор

▶ Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен.

Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.

▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
- Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.

Електрична безбедност

▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници.

Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.

▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
▶ Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.

Лична безбедност

▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работе разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на

дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.

Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, Ѽе доведат до намалување на лични повреди.

▶ Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот.

Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.

▶ Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано

одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.

▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
▶ Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.

Употреба и чување на електричните алати

▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја

извршите работата за која е наменет.

▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
- Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е

оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.

▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите.

Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.

Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.

Употреба и чување на батериски алат

Извадете ја батеријата:

– кога го оставате уредот без надзор
– пред отстранување на пречки
– пред дрегледување, чистење или работа врз уредот

– после удар во тврд предмет, за да го прегледате уредот
– кога уредот одеднаш почнува да вибрира, веднаш проверете го

▶ Батеријата полнете ја само со полначи препорачани од Bosch.

Полнач што е погоден за полнење на еден вид батерии може да предизвика пожар кога се користи за полнење на некој друг, несоодветен вид на батерии.

Затоа користете само батерии кои се предвидени за уредот. Користењето на други батерии може да доведе до повреди и опасност од пожар.
▶ Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, шрафови или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите.

Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.

▶ При погрешно користење, може да истече течноста од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете ја со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, дополнително побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да

предизвика кожни иритации или изгореници.

▶ Не употребувајте комплет со батерии или алат кој е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
▶ Не го изложувајте комплетот со батерии или алатот на орган или висока температура.

Изложувањето на орган или температура над 130°C може да предизвика експлозија.

▶ Следете ги сите инструкции за полнење и не го полнете комплетот со батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во инструкциите.

Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.

Сервисирање

▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши

само производителот или овластен сервис.

Безбедносни напомени за уредот

Ракување

Ракувают мора да ракува со производот во склад со прописите. При ракувањето со уредот мора да ги земе пред вид конкретните услови. При работата мора да внимава на другите личности, а посебно на децата.
▶ Не дозволувајте им на деца, личности со ограничени физички, сензорни или психички ограничувања и/или недостаток на знаење или на личности незапознаени со ова упатство да го употребуваат уредот. Локалните прописи можат да ја ограничат возраста на ракувачот.
▶ Децата треба да бидат под надзор да не си играат со уредот.

Примена

▶ При работа држете го уредот цврсто со двете раце и стојте на сигурна подлога. Со уредот безбедно се ракува со две раце.
▶ Почекајте уредот потполно да застане пред да го спуштите.
▶ Никогаш не користете го уредот со дефектен заштитен капак или друга заштита, или без заштита. Внимавајте сите заштитни елементи да се правилно монтирани. Никогаш не

употребувајте го уредот ако не е комплетен или ако на него се извршени неовластени поправки.

▶ Никогаш не употребувајте го уредот ако кабелот е оштетен или дотрошен.
▶ Никогаш не менувајте ги неметалните елементи за сечење со метални.
▶ Никогаш не поправајте го уредот сам, дури ни кога сте за тоа квалификувани.
▶ Другите лица и животни мораат да бидат оддалечени на соодветно растојание кога уредот работи. Ракувачот е одговорен за трети лица во полето на работа.
▶ Почекајте главата за сечење во потполност да застане пред да ја допрете. Главата за сечење продолжува да се врти и по гасењето на моторот и може да предизвика повреди.
▶ Работете само при дневна светлина или при добро осветлување.
▶ Не работете со тримерот при лоши временски услови, а посебно при грмотевици.
▶ Ако го користите уредот на влажна трева, тоа може да влијае врз ефикасноста на тримерот.
▶ За транспорт исключете го уредот и извадете ја батеријата.
▶ При работа со тримерот секогаш внимавајте на безбедно растојание. Нозете и рацете

држете ги подалеку од ротирачките делови на уредот.

▶ При работа одржувајте рамнотежа за да не паднете.
▶ Внимавајте да не го згазите уредот кој лежи на земја.
▶ Пред замена на макарата извадете ја батеријата.
▶ Редовно проверувајте го и одржувајте го тримерот.
▶ Секогаш кога го чистите уредот или го менувате конецот, носете заштитни ракавици.
▶ Внимавајте да не се повредите на ножето со кое се сече конецот за косење. После дополнување на конецот за косење, секогаш ставете го уредот со сечилото во хоризонтална положба пред да го включите.

Исклучете го уредот и извадете ја батеријата:

– секогаш кога уредот го оставате без надзор на извесно време
– за замена на макарата
– за чистење или поправка
– при складирање на тримерот

▶ Чувајте го уредот на суво и затворено место, вон дофат на деца. Не ставајте други предмети на производот.

▶ Не употребувајте го уредот како бастум.

Напомени за оптимално користење на батериите

▶ Не ја отворајте батеријата.

Постои опасност од краток спој.

BOSCH Advanced Grass Cut 36 Li - Напомени за оптимално користење на батериите - 1

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување

на сончеви зраци, орган, вода и влага. Постои опасност од експлозија.

▶ Доколку се оштети батеријата или не се користи правилно, од неа може да излезе пареа.

Внесете свеж воздух и доколку има повредени побарајте помош од лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.

▶ Користете ја батеријата само во производи од производителот.

Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.

▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, пушти чад, експлодира или да се прегрее.

▶ Не предизвикувајте краток спој на батеријата. Инаку, постои опасност од експлозија.

▶ Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.

Безбедносни напомени за полначи

BOSCH Advanced Grass Cut 36 Li - Безбедносни напомени за полначи - 1

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања и

упатства. Непочитувањето на безбедносните предупредувања и упатства може да доведе до електричен удар, пожар и/или сериозни повреди.

Чувајте ги сите безбедносни предупредувања и упатства за идни консултации.

▶ Користете го полначот само откако єе ги проучите сите функции и може да ги примените истите без ограничувања или откако єе ги добиете потребните упатства.

▶ Не дозволувајте им на деца, личности со ограничени физички, сензорни или психички ограничувања и/или недостаток на знаење или на личности незапознаени со ова упатство да го употребуват уредот. Државните прописи можат да ја ограничат возраста на ракувачот.

▶ Надгледувајте ги децата. Така ње се осигурате дека децата нема да си играат со полначот.

▶ Полнете само Bosch литиум-јонски акумулатори со капацитет од 1,3 Ah (од 10 акумулаторски келии). Напонот на батеријата мора да одговара на напонот за полнење на батеријата на полначот. Не пробувајте да

полните батерии кои не се полнливи. Во спротивно, постои ризик од пожар и од експлозија.

BOSCH Advanced Grass Cut 36 Li - Чувајте ги сите безбедносни предупредувања и упатства за идни консултации. - 1

Полначот држете го подалеку од дожд и влага.

Навлегувањето на вода во полначот го зголемува ризикот од електричен удар.

▶ Одржувајте ја чистотата на полначот. Доколку се извалка, постои опасност од електричен удар.
▶ Пред секое користење, проверете ги полначот, кабелот и приклучокот. Не го користете полначот, доколку забележите оштетувања. Не го отворајте сами полначот и оставете го на поправка кај квалификуван стручен персонал кој їе користи само оригинални резервни делови. Оштетениот полнач, кабел и приклучок го зголемува ризикот за електричен удар.
▶ Не го користете полначот на лесно запалива подлога (на пр. хартија, текстил итн.) одн. во запалива околина. Постои опасност од пожар заради затоплувањето на уредот што произлегува при полнењето.
▶ Не ги покривајте отворите за проветрување на полначот. Инаку полначот може да се прегрее и да не функционира правилно.

▶ За зголемена електрична безбедност, препорачуваме употреба на уред за резидуална струја со макс. јачина на струја од 30 mA. Секогаш проверете ја Физаштитната склопка пред употреба.

Ознаки

Следните символи се важни за читање и разбирање на упатството за употреба. Ве молиме проучете ги символите и нивното значење. Точната интерпретација на символите ќе ви помогне подобро и побезбедно да го користите уредот.

Ознака Значење

BOSCH Advanced Grass Cut 36 Li - Ознаки - 1Носете заштитни ракавици
BOSCH Advanced Grass Cut 36 Li - Ознаки - 2Правец на движење
BOSCH Advanced Grass Cut 36 Li - Ознаки - 3Правец на реакција
[3XKS]Тежина
Вклучување
Исклучување
BOSCH Advanced Grass Cut 36 Li - Ознаки - 4Дозволена функција
BOSCH Advanced Grass Cut 36 Li - Ознаки - 5Забранети акции
BOSCH Advanced Grass Cut 36 Li - Ознаки - 6Чујна бучава
Додатна опрема/резервни делови

Употреба со соодветна намена

Уредот е наменет за домашна употреба, за косење треви и корови. Развиен е за косење треба која расте на нагиби, на ивици и агли кои не можат да се искосат со косачка. Уредот не треба да се користи за грмушки и потврди растенија. Уредот не е наменет за комерцијална и индустриска употреба.

Извадете го уредот од пакувањето и проверете дали се включени следните компоненти:

– Тример за трева
- Дршка

  • Заштитна хауба капак
  • Упатство за употреба

Ако нешто недостига или е оштетено, обратете се кај својот продавач.

** во зависност од државата

Нумерирањето на напишаните компоненти се однесува на приказот на уредот на страните со цртежи.

(1) Брава на прекинувачот за вклучување / исклучување
(2) Прекинувач за включување/исклучување
(3) Дел за поврзување
(4) прилагодлива рачка

(5) Завртка за монтажа на рачката
(6) Навртка за монтажа на рачката
(7) Заштитна хауба капак
(8) Штитник
(9) Завртка за монтажа на заштитната хауба

(10) Батерија ^a)

(11) Полнач ^a)

(12) Копче за косење на трева/косење на рабови

(15) Дупче за водење на конецот

(16) КОпче за надополнување на конецот

a) Илуstriраната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.

Технички податоци

Тример за трева/тример за рабови AdvancedGrassCut 36
Број на артикл3 600 H78 N..
Номинален напон V 36
Број на празни вртежи min-17500 - 8300
прилагодлива рачка ●
Должина на линијата за косење мм 1,6
Пречник на кругот за косење см 30
Капацитет на конецот за косење м 4,0
Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 ^A)
– без батерија кг 2,9
– со батерија кг 4,1
Сериски број види ја плочката со податоци на апаратот
Препорачана околна температура при полнење°C +10... +35
Дозволена околна температура при полнење ^B) и при складирање°C -20... +50
Тип на батерија GBA 36V...1,3 Ah, 2,0 Ah, 2,5 Ah, 2,6 Ah, 4,0 Ah

A) во зависност од употребената батерија

В) ограничена јачина при температури <0 °C

ПолначAL 3620 CVAL 3640 CVAL 36V-20
Струја за полнењеА2,04,02,0
Време на полнење (празна батерија)
– Батерија со 1,3 Ahмин5545
– Батерија со 2,0 Ahмин704565
– Батерија со 2,6 Ahмин6595
– Батерија со 4,0 Ahмин80140125

Полнач AL 3620 CV AL 3640 CV AL 36V-20

Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014кг 0,55 0,55 0,55
Заштитна класа☐ / II / II / II

Информации за бучава/вибрации

3 600 H78 N..

Утврдени вредности на емисија на бучава EN 50636-2-91

– Звучен притисок dB(A)74
– Звучна јачина dB(A)91
– Несигурност K dB= 3,0

Вкупните вредности на вибрации ah (векторски збор на трите насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 50636-2-91

– Вредност на емисија на вибрации a_h m/s^2 = 2,0
– Несигурност K m/s ^2 = 1,0

Монтажа

▶ Предупредување: Згаснете ја машината и извадете го кабелот од утикачот пред да го склопувате.

Цврсто поврзете ги двата дела од тримерот и прицврстете ги со вртење на делчињата за поврзување (3). Проверете обата дела од тримерот да се правилно монтирани и прицврстени.

Монтажа и прилагодување на рачката (види слика С)

Монтирајте ја рачката со помош на завртката (5) и навртката (6).

Рачката (4) може да менува положби. За да ја промените положбата на рачката, притиснете ги копчињата (6) и наместете ја рачката во саканата положба. Повторно зацврстете ги мутерите (6).

Ставете ја заштитната хауба капак (7) на главата на тримерот и прицврстете ја со приложените завртки (9).

Вклучување

▶ Предупредување: Пред да го прилагодувате или чистите уредот, исключете го и извадете му ја батеријата.
По ислучувањето на безжичниот тример сечилото продолжува да врти уште неколку секунди. Почекајте моторот и сечилото потполно да престанат со работа пред повторно да го включите тримерот.

▶ Не вклучувајте и исклучувајте го тримерот кратко повекепати едноподруго.
▶ Користете само делови за сечење одобрени од Бош. При употреба на други елементи, квалитетот на сечењето може да варира.

Полнење на батеријата

Батеријата е опремена со температурен монитор кој дозволува полнење само на температури од 0 °C до 35 °C степени. Така се обезбедува долготрајност на батеријата.

Совет: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.

Литиум-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот рок на употреба.

Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата.

Litiyum-јонската батерија е заштитена од длабинско празнење со „Electronic Cell Protection (ECP)“. При празна батерија производот е опремен со заштита од вклучување: Машината повеке не работи.

По автоматското ислучување на уредот, не притискајте на прекинувачот за вклучување/

исклучување. Батеријата може да се оштети.

Внимавајте на напомените за отстранување на батериите.

Совет: Користењето на несоодветни батерии може да доведе до погрешно функционирање или до оштетување на уредот.

Повторно ставете ја батеријата (10). Проверете дали батеријата е правилно вклопена.

За вадење на батеријата (10) од уредот, притиснете го копчето за вадење на батеријата и извадете ја батеријата.

Полнење

Полнењето започнува кога полначот е приклучен во утикач и батеријата (10) е вметната во полначот (11). Поради интелигентниот процес на полнење, автоматски се препознава состојбата на наполнетост на батеријата и ќе биде наполнета со оптималниот капацитет во зависност од температурата и напонот на батеријата. Така се негува батеријата и при чување во полначот постојано е наполнета.

Значење на символите на полначот (AL 3620 CV/AL 3640 CV/AL 36V-20)

Брзо полнење

BOSCH Advanced Grass Cut 36 Li - Брзо полнење - 1

Процесот на брзо полнење се сигнализира со брзо трепкање на зелениот приказ за полнење на акумулаторот.

Индикатор на батеријата: За време на процесот на полнење трите зелени LED светла светнуваат едноподруго и се гасат за кратко. Батеријата е целосно наполнета, доколку трите зелени LED светла постојано светат. Околу 5 минути откако їе се наполни целосно батеријата, трите зелени LED светла повторно се гасат.

Совет: Брзото полнење е можно само ако температурата на батеријата е во границите на дозволената температура, види го делот „Технички податоци“.

Батеријата е полна

BOSCH Advanced Grass Cut 36 Li - Батеријата е полна - 1

Трајното светло на зелениот приказ на батеријата сигнализира дека батеријата е целосно наполнета.

Потоа во траење од околу 2 секунди се огласува сигнал кој означува дека батеријата е целосно наполнета.

Тогаш батеријата може веднаш да се употребува.

Откако ће ја извадите батеријата, трајното светло на приказот за полнење на батеријата сигнализира дека струјниот приключок е сеуште прилучен на сидната дозна и полначот е подготовен за работа.

Температура на батеријата под 0°C или над 45°C

BOSCH Advanced Grass Cut 36 Li - Температура на батеријата под 0°C или над 45°C - 1

Трајното светло на црвениот приказ за полнење на батеријата сигнализира дека температурата е надвор од дозволените

граници на полнење, видете во делот „Технички податоци“. Веднаш штом се постигнат дозволените граници на температура, полночот се префрла автоматски на брзо полнење.

Ако температурата на батеријата не е во дозволениот опсег, при вметнување на батеријата во полначот светнува црвеното светло.

Не е возможен процес на полнење

BOSCH Advanced Grass Cut 36 Li - Не е возможен процес на полнење - 1

Ако постои некаква грешка при полнењето, трепка црвено светло.

Полењето на батеријата не може да почне и

батеријата не може да се полни (види во делот „Отстранување на грешки“).

Совети за полнењето

При континуирани или последователни циклуси на полнење без прекин, полночат може да се затопли. Ова е безопасно и не значи дека постои технички дефект на полночат.

Скратеното време на работа по полнењето покажува дека батеријата е потрошена и мора да се замени.

Внимавајте на напомените за отстранување.

Ладење на батеријата (Active Air Cooling)

Вградениот вентилатор во полначот ја контролира температурата на вметнатиот акумулатор. Доколку температурата на батеријата е над 30 °C, вентилаторот је ја излади батеријата додека не ја достигне температурата на полнење. Включениот вентилатор создава звук на проветрување.

Доколку вентилаторот не работи, температурата на батеријата е во оптималните граници на температура на полнење или вентилаторот е дефектен. Во овој случај се продолжува времето на полнење на батеријата.

Ракување

Вклучување/исклучување (види слика F)

За вклучување притиснете го прво клучот за вклучување (1). Потоа притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2) и држете го притиснат.

За исклучување пуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување (2).

Косење трева/косење рабови

Притиснете го копчето (12). Завртете ја рачката кон осовината за 180°, за да ја позиционирате главата на тримерот за косење на трева или на рабови. Ако го пуштите копчето (12), ротирачкиот механизмам се заглавува.

Косење трева

Движете го тримерот лево-десно и внимавајте при работата со него да одржувате безбедно растојание меѓу тримерот и вашето тело. Повисоката трева косете ја на слоеви. (види слика G)

Косење на рабови

Движете го тримерот по работ. Избегнувајте контакт со цврсти површини и зидови за да избегнете брзо кинење на конецот. (види слика Н)

Поткастрување на двра и грмушки

Употребувајте го за подобро управување со штитникот за дрва (8). Косете внимателно околу дрва и грмушки, за да не ги допрете со конецот. Растенијата можат да се исушат ако им се оштети кората.

▶ Пред замена на макарата извадете ја батеријата.

Притиснете ги двете јазичиња на капакот за конец и тргнете го (13). Потоа извадете ја празната макара (14).

Отсечете околу 6,0 m конец од дополнителната ролна. Свиткајте го конецот напола за да добиете две парчиња по три метри 2 x 3 m. Прицврстете ја средината на конецот во прифатот за конец и равномерно намотајте го во двете комори.

Пикнете го другиот крај на конецот низ дупчето (15) во главата на тримерот и повторно ставете ја макарата во главата на тримерот. Фиксирајте ја макарата со поставување на капакот за конец (13).

Полуавтоматско надополнување на конецот

Тримерот е опремен со полуавтоматски систем за надополнување. Со секое притискање на прекинувачот за влкучување и исклучување (2), излегува 10 mm конец.

Рачно надополнување на конецот

Притиснете го копчето (16), и повлечете го конецот до саканата должна.

Отстранување грешки

BOSCH Advanced Grass Cut 36 Li - Отстранување грешки - 1

BOSCH Advanced Grass Cut 36 Li - Отстранување грешки - 2
Тример за трева/тример за рабови

Симптом Можно причина Помош
Моторот не севклучуваПразна батерија Наполнете ја батеријата
Батеријата е премногу топла/ладна Пуштете батеријата да се загрее/олади
Уредот работи сопрекиниПрекинувачот е расипан Обратете се во Bosch служба за корисници
Неисправни внатрешни инсталации во уредот Обратете се во Bosch служба за корисници
Уредот епреоптоваренТревата е превисока Постепено забавувајте
Уредот не сече Конецот е прекраток/прекинат Рачно продолжување на конецот за косење
Конецот за сечење несе надополнуваКонецот е заплеткан на макарата Проверете ја макарата и по потреба повторнопамотајте го конецот
Празна макара Надополнете конец
Конецот за сечење севраќа во макаратаКонецот е прекраток/прекинат Извадете ја макарата и повторно ставете гоконецот (види слики J - L)
Конецот често се кинеКонецот е заплеткан на макарата Извадете ја макарата и повторно ставете гоконецот (види слики J - L)
Неправилно ракување со тримерот Косете само со врвот на конецот за косење;избегнувајте допирање со камења, сидови идруги цврсти предмети. Редовно извлекувајтего конецот за да косите со целата должина наконецот и да го користите целиот дијаметар накосење.
Јаки вибрации Конецот е скинатОштетен е системот за косењеРачно повлечете го конецот (види слика M)
Има трева меѓу куќиштето за макарата икопчето за надополнувањеОбратете се во Bosch служба за кориснициОтворете го капакот за конец и отстранете јатревата
Има трева во дупчето за водење на конецотОтстрани ја тревата од дупчето за водење наконецот

Батерија и полнач

Трепка црвениот индикатор на батеријатаНе е возможен процес на полнењеБатеријата не е (правилно) вметната Вметнете ја батеријата правилно во уредот
Контактите на батеријата се извалкани Исчистете ги контактите на батеријата; на пр.повеće пати вметнете ја и извадете јабатеријата, по потреба заменете ја
Дефектна батерија Менување на батеријата
Индикаторот за наполнетост на батеријата не светиСтрујниот приключок на полначот не е (правилно) вметнатСтрујниот приключок (целосно) е вметнат во sidната дозна
Сидната дозна, струјниот кабел или полначот се дефектниПроверете го струјниот напон, а полначот оставете го на проверка во авторизирана сервисна служба за Bosch-електрични алати

Одржување и сервис

Одржување, чистење и чување

Извадете ја батеријата од машината пред да работите на неа (на пример пред редовно одржување, замена на делови и слично), како и пред транспорт и складирање. При невнимателно ракување со прекинувачот за вклучување/исклучување, постои опасност од повреди.

▶ Одржувајте го уредот чист, за да обезбедите добра и безбедна работа.

Не редете други предмети врз уредот.

Одржувајте ги уредот и отворите за проветрување чисти, за да функционираат добро и безбедно.

Никогаш не прскајте го уредот со вода.

Никогаш не потопувајте го уредот во вода.

Уредот складирајте го на безбедно, суво место вон допир на деца.

Не редете други предмети врз уредот.

Проверете сите навртки, подлошки и завртки да се цврсто прицврстени со цел за безбедна работа со уредот.

Редовно прегледувајте го уредот и заменувајте ги веднаш оштетените или изабените делови.

Секогаш користете Bosch оригинални резервни делови.

Одржување на батеријата

За да постигнете оптимална употреба на батеријата следете ги следните упатства и мерки на претпазливост:

– Заштитете ја батеријата од влага и вода.
– Складирајте ја батеријата во граници на температура од –20 °C bis 50 °C. Не оставајте ја батеријата на пример во автомобил на лето.
– Батеријата полнете ја одвоено, а не додека стои во уредот.
– Не оставајте ја батеријата во косачката изложена на дирекна сончева светлина.
– Оптималната температура за чување на батеријата изнесува 5 °C.
– Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.

Скратеното време на работа по полнењето покажува дека батеријата е потрошена и мора да се замени.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба їе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Валиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така їе најдете на: www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Северна Македонија

Д.Д.Електрис

Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:

Litiyum-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.

При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.

Транспортирајте ги батериите само доколку кујиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се

движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.

Отстранување

BOSCH Advanced Grass Cut 36 Li - Отстранување - 1

Електричните уреди, батериите, опремата и амбалажите треба да се сортираат за повторна употреба.

BOSCH Advanced Grass Cut 36 Li - Отстранување - 2

Не фрлајте ги уредите и батериите во домашната канта за губре!

Само за земјите од ЕУ:

Според европската регулатива 2012/19/EU електричните апарати што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според регулативата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.

Батерии:

Литиум-јонски:

Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 323).

Srpski

Sigurnosne napomene Pažnja! Pažljivo pročitajte sledeća uputstva. Upoznajte se sa upravljačkim elementima i namenskom upotrebom proizvoda. Molimo spremite uputstvo za upotrebu na sigurno mesto radi buduće upotrebe.

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : Advanced Grass Cut 36 Li

Категорија : Градинарски ножици