BOSCH GCR 180 Professional - приклучок

GCR 180 Professional - приклучок BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GCR 180 Professional BOSCH во PDF формат.

📄 283 страници PDF ⬇️ Македонски MK 💬 AI прашање 🖨️ Печати
Notice BOSCH GCR 180 Professional - page 195
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GCR 180 Professional

Категорија : приклучок

Преземете ги упатствата за вашиот приклучок во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GCR 180 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GCR 180 Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GCR 180 Professional BOSCH

Безбедносни напомени Општи предупредувања за безбедност на електрични алати

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски). ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! При секоја употреба на електрични алати, треба да се почитуваат основните безбедносни 1 609 92A 4NJ | (03.04.2019) Bosch Power ToolsМакедонски | 195 мерки за да се намали ризикот од пожар, електричен удар и повреда. Прочитајте ги сите упатства пред употреба на овој производ, и зачувајте ги упатствата. Безбедност на работниот простор u Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа. u Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите. u Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола. Електрична безбедност u Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар. u Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори, метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено. u Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар. u Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од оган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен

u При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар. u Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар. Лична безбедност u Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда. u Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ќе доведат до намалување на лични повреди. u Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исклучен пред да го вклучите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е вклучен, може да предизвика несреќа. u Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го вклучите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда. u Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации. u Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните

u Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа. u Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда. Употреба и чување на електричните алати u Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет. u Не користете електричен алат ако не можете да го вклучите и исклучите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се

u Исклучете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат. u Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници. Bosch Power Tools 1 609 92A 4NJ | (03.04.2019)196 | Македонски u Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреќи се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати. u Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат. u Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации. u Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи

Сервисирање u Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат. Безбедносни предупредувања за дијамантска

u При дупчење за кое е потребно да се користи вода, насочете ја водата подалеку од работната површина на операторот, или користете уред за собирање на течност. Ваквите мерки на претпазливост ја одржуваат работната површина на операторот сува, и го намалуваат ризикот од струен

u Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете, за да не дојде во контакт со скриена жица или со неговиот кабел. Ако опремата за сечење дојде во допир со „жица под напон“, може да ги изложи металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар. u Носете штитници за уши при дијамантско дупчење. Изложеноста на бучава може да предизвика губење на

u Кога бургијата е заглавена, престанете со притискање надолу и исклучете го алатот. Извршете проверки и поправки за да ја елиминирате причината за заглавување на бургијата. u При навлегување на дијамантската дупчалка во делот што се обработува, проверете дали бургијата слободно се врти пред да започнете со дупчење. Ако бургијата е заглавена, може да не започне со работа, може да го преоптовари алатот, и може дијамантската дупчалка да се извади од делот што се обработува. u При прицврстување на столната дупчалка, со прицврстувачи и спојници за делот што се обработува, уверете се дека прицврстувачите можат да ја држат машината за време на работењето. Ако делот што се обработува е мек и порозен, прицврстувачот може да се извади, а со тоа да излезе и дупчалката од делот што се обработува. u При прицврстување на столната дупчалка со вакуумска подлога за делот што се обработува, инсталирајте ја подлогата на мазна, чиста и непорозна површина. Не прицврстувајте на ламинирани површини, како на пр. плочки и композитни слоеви. Ако делот што се обработува не е мазен, рамен или добро прицврстен, подлогата може да се помести. u Уверете се дека има доволно вакуум, пред и за време на дупчењето. Ако нема доволно вакуум, подлогата може да се извади од делот што се обработува. u Никогаш не дупчете доколку машината е прицврстена само со вакуумска подлога, освен при надолно дупчење. Ако има недостаток на вакуум, подлогата ќе излезе од делот што се обработува. u При дупчење низ ѕидови или тавани, заштитете ги луѓето околу работната површина. Бургијата може да навлезе низ дупката, и средината од делот што се обработува може да падне на другата страна. u Не го користете овој алат за плафонско дупчење каде што има вода. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар. u Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување и може да предизвика електричен удар. u Носете чевли што не се лизгаат. На тој начин ќе избегнете повреди, коишто може да настанат при лизгање на мазни површини. u Никогаш не го користете електричниот алат без испорачаниот заштитен прекинувач за диференцијална струја (PRCD). u Обрнете внимание дека ниту лицата во работниот простор, ниту електричниот алат не доаѓаат во допир со водата што излегува. u Не го оставајте настрана алатот, доколку не е целосно во состојба на мирување. Електричните алати кои не се во состојба на мирување може да предизвикаат повреди. 1 609 92A 4NJ | (03.04.2019) Bosch Power ToolsМакедонски | 197 u Пред да ја ставите дупчалката, правилно монтирајте го сталакот за дупчалка. Правилната монтажа е важна, за да се овозможи беспрекорна

u Прицврстете ја дупчалката на сталакот, пред да почнете да ја користите. Испаѓањето на машината од сталакот може да доведе до губење на контролата. u Прицврстете го сталакот на дупчалката на цврста, рамна површина. Доколку постои можност сталакот на дупчалката да се помести или ниша, сталакот на дупчалката не може да се води рамномерно и

u Држете го приклучниот кабел на дупчалката подалеку од работното поле. Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за електричен

u Не го оптоварувајте сталакот на дупчалката и не ја користете како скали или скеле. Преоптоварувањето или стоењето на сталакот на дупчалката може да доведе до тоа, тежиштето на сталакот на дупчалката да се помести нагоре и тој да се преврти. u Сталаците за дупчалка кои не ги користите чувајте ги подалеку од дофат на деца. Уредот не смее да го користат лица кои не се запознаени со него или не ги имаат прочитано овие упатства. Уредите се опасни, доколку ги користат неискусни лица. u Пред да почнете со работа со сталакот за дупчалка или дупчалката, во работните паузи, како и во периодот кога не го употребувате сталакот за дупчалка, прицврстете го со затегнување на сопирачката за фиксирање заради заштита од ненамерно движење. u Електричниот алат смее да се користи само на струјни мрежи со заштитни спроводници и доволно димензионирање. u При работа секогаш прицврстувајте го стaлакот за дупчење со типли или вакуум (опрема), за да избегнете превртување на сталакот за дупчење при поставена дијамантска дупчалка и крунеста

u Внимавајте цревата што спроведуваат вода, местата на спојување и прстенот за собирање на вода (опрема) да бидат во беспрекорна состојба. Пред следната употреба, заменете ги оштетените или изабени делови. Излегувањето на вода од деловите на електричниот алат го зголемува ризикот од електричен удар. Опис на производот и перформансите Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки

Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за

Наменета употреба Пренослива дијамантска дупчалка GDB180WE+ GCR180 Дијамантска дупчалка Електричниот алат е наменет за мокро дупчење во бетон и армиран бетон, со крунести бургии за мокро дупчење и довод за вода. Електричниот алат може да се комбинира со уред за всисување (прстен за собирање на вода и всисувач за суво/мокро всисување). Електричниот алат е наменет за суво дупчење во цигли, песочник, гас-бетон и плочки. Електричниот алат смее да се користи само во комбинација со сталак за дијамантска дупчалка GCR180. Не е дозволено работење над главата. Сталак за дијамантска дупчалка Сталакот за дијамантска дупчалка е наменет за прифат на Bosch-дијамантски дупчалки GDB180WE. Не смеете да ставате други уреди. Сталакот за дијамантска дупчалка може да се постави на подот или на ѕид со помош на типла. Сталакот на дијамантската дупчалка може да се монтира со помош на вакуум (опрема) на подот или (со дополнителен елемент за прицврстување) на ѕид. Не е дозволено прицврстување на плафон. Илустрација на компоненти Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат и сталакот на графичките

Дијамантска дупчалка (1) Прекинувач за вклучување/исклучување (2) Копче за фиксирање на прекинувачот за вклучување/исклучување (3) Либела за вертикално центрирање (4) Либела за хоризонтално центрирање (5) Прекинувач за избор на брзина (6) Канџеста спојка (7) Вретено за дупчење (8) Крунеста бургија

(9) Рачка (изолирана површина на рачката) (10) Славина за прекин на вода (11) Приклучен елемент за славината (12) Адаптер за приклучокот за вода (13) Адаптер за всисување (14) Млазници за всисување

(15) Црево за издувни гасови

Bosch Power Tools 1 609 92A 4NJ | (03.04.2019)198 | Македонски (16) Заштитен прекинувач за диференцијална струја (PRCD)

Илустрираната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Сталак за дијамантска дупчалка (17) Вртлив крст (изолирана површина на рачката) (18) Завртка за прифатот на уредот (19) Прифат за уредот (20) Столб за дупчење (21) Горна завртка за подесување на аголот на

(22) Завртка за нивелирање (23) Прстен за собирање на вода

(24) Долна завртка за подесување на аголот на

(25) Подна плоча (26) Назабена шина (27) Затегнувачка навртка за подесување на аголот на

(28) Запченик за поместување (29) Сопирачка за фиксирање (30) Типла за ѕидни/бетонски конструкции

(31) Брзозатегнувачко вретено

(32) Пеперутка-навртка на брзозатегнувачкото

(33) Затегнувачка пружина на прстенот за собирање

(34) Лизгачки водилки (35) Навртка со шестоаголна глава за лизгачките водилки (10парчиња) (36) Навоен клин за лизгачките водилки (10парчиња)

Илустрираната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Технички податоци Пренослива дијамантска дупчалка GDB180WE+ GCR180 Дијамантска дупчалка GDB 180 WE Број на дел/артикл 3601A898.. Номинална јачина W 2000 Излезна моќност W 1340 Номинален број на вртежи n

Дијаметар на дупчење – во ѕидни конструкции

mm 40–180 Дијамантска дупчалка GDB 180 WE – во ѕидни конструкции

mm 0–180 – во бетон оптимално mm 40–150 – во бетон можно mm 0–180 Прифат на алатот 11/4"UNC макс. притисок на напојувањето со вода бари 3 Тежина согласно EPTA-Procedure01:2014 kg 5,2 Класа на заштита /I Податоците важат за номинален напон [U] од 230V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја. Сталак за дијамантска дупчалка GCR 180 Број на дел/артикл 3601A90100

– Висина mm 767 – Ширина mm 205 – Длабочина mm 423,5 Дијаметар на прифатот на

mm 60 Димензии на крунестата бургија макс. – Дијаметар mm 180 – Дијаметар на прстенот за собирање на вода mm 132 – Должина mm 530 Распон при дупчење макс. mm 514 Работна должина макс. mm 455 Тежина согласно EPTA-Procedure01:2014 kg 9,5 Информација за бучава Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN62841‑3‑6. Нивото на звук на електричниот алат оценето со A типично изнесува: ниво на звучен притисок 88dB(A); ниво на звучна јачина 99dB(A). Несигурност K=3dB. Носете заштита за слухот! Вредноста на емисија на бучава наведена во овие упатства е измерена со нормирана постапка за мерење и може да се користи за меѓусебна споредба на електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на емисијата на бучава. Наведената вредност на емисија на бучава се однесува на основната примена на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, вредноста на емисијата на бучава може да отстапува. Ова може значително да ја зголеми емисијата на бучава во целокупниот период на работење. 1 609 92A 4NJ | (03.04.2019) Bosch Power ToolsМакедонски | 199 За прецизно одредување на емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да ја намали емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната

Монтирање на сталакот за дупчење Подигање на столбовите на дупчалката Поставете ги столбовите на дупчалката(20) во вертикална позиција. Ставете ја долната завртка(24) (погледнете ја сликата на графичката страница). Затегнете ги долната(24) и горната завртка(21) со вилушкаст клуч (ширина на клучот 17mm). Затегнете ја затегнувачката навртка(27) со вилушкаст клуч (ширина на клучот 24mm). Вртлив крст Завртете ги трите прачки за држење на вртливиот крст(17) до крај во средишната главина на вртливиот

Вртливиот крст(17) служи како рачка за поместување при дупчење. При дупчење свртете го вртливиот крст о потреба налево или надесно до крај на запченикот за поместување(28). За да го извадите вртливиот крст, силно извлечете го. Блокада на поместувањето со сопирачка за

Пред првото ставање во употреба завртете ја сопирачката за фиксирање(29) во слободниот отвор со навој на запченикот за поместување(28). Пред да започнете со работа на сталакот за дупчење, блокирајте го поместувањето во паузите од работа или кога не го користите сталакот. За таа цел, завртете ја сопирачката за фиксирање(29). При дупчење, олабавете ја сопирачката за фиксирање(29) додека вртливиот крст(17) не може малку да се движи. Притоа цврсто држете го вртливиот крст, за да спречите неконтролирано излизгување на електричниот алат. Вметнување на електричниот алат (види сликаA) Внимавајте сопирачката за фиксирање(29) да е

Олабавете ја завртката(18) на прифатот на уредот со вилушкаст клуч (ширина на клучот 13mm). Ставете го електричниот алат со стезното грло од горната страна до крај во прифатот за уред(19). Свртете го електричниот алат во прифатот на уредот на тој начин што сите прекинувачи ќе бидат лесно достапни и приклучокот на системот за всисување на прав/ладење на вода на електричниот алат нема да го попречува процесот на дупчење. Затегнете ја завртката(18) со вилушкаст клуч (ширина на клучот 13mm). Поместете го вртливиот крст(17), во зависност од процесот на дупчење налево или надесно на запченикот за поместување(28). u Проверете дали електричниот алат е добро прицврстен во прифатот за уредот. За да го извадите електричниот алат од сталакот за дупчење постапете по обратен редослед. Прицврстување на сталакот за дупчалката Напомена: Прицврстете го сталакот за дупчење без простор за маневрирање. На тој начин ќе спречите заглавување на крунестата бургија и кршење на

Во зависност од видот и својствата на подлогата прицврстете го сталакот за дупчалка со типли или вакуум на планираното место за дупчење. Позиционирање на сталакот за дупчалка пред прицврстувањето Нацртајте ја саканата средина на дупката на подлогата. Обележете ги надворешните димензии на крунестата бургија, со која сакате да дупчите, и центарот на средината на дупката. Прицврстете го сталакот за дупчалка (со вметнат електричен алат) со типла или вакуум, така што монтираната крунеста бургија ќе биде усогласена со исцртаните димензии. Прицврстување со типла (види сликаB) Издупчете посебна дупка за прицврстување на сталакот за дупчалка со типла (опрема) во ѕидни конструкции или

Растојание меѓу дупката за типлата– средина на планираната дупка

200–300mm За дупката за типла важат следните димензии:: Дијаметар Длабочина Ѕид 20mm 85mm Бетон 16mm 50mm Ставете типла за бетон со раздвоен клин одн. ѕидна типла(30). Завртете го брзозатегнувачкото вретено(31) во типлата. Ставете го сталакот за дупчалка и една подлошка и завртете ги со пеперутка-навртката(32). По нивелирањето затегнете ја пеперутка навртката со вилушкаст клуч (ширина на клучот 27mm). Прицврстување со вакуум (опрема) За прицврстување на сталакот за дупчалка со вакуум, потребни Ви се обична вакуум пумпа и Bosch сет за вакуумирање (опрема). Вакуум пумпата мора да ги исполнува следните услови: Bosch Power Tools 1 609 92A 4NJ | (03.04.2019)200 | Македонски Волуменски проток: 6m

Вакуум најмалку: 80% (−800mbar) За прицврстување со вакуум, подлогата мора да биде мазна и рамна. Поставување на малтер или ѕидни конструкции не е дозволено. Откако ќе ја воспоставите вакуумската врска, поставете ги завртките за нивелирање(22) на подлогата, за да може сталакот за дупчење цврсто да се постави и малку да се отпушти прстенот за дихтување. Инаку сталакот за дупчалка нема добро да се прицврсти на прстенот за

Прочитајте ги упатствата за користење пред да ги приклучите вакуум пумпата и Bosch сетот за вакуумирање. u Неопходно е да внимавате на безбедносните и работните напомени за вакуум пумпата и Bosch сетот за вакуумирање! Нивелирање (не важи при прицврстување со вакуум) Завртете ги одн. одвртете ги завртките за нивелирање(22) поединечно, додека прецизно не се израмни либелата(3) на електричниот алат (при вертикална монтажа) одн. либелата(4) на електричниот алат (при хоризонтална монтажа). Сега прицврстете го сталакот за дупчалка со типлата. Ставање/менување на крунестата бургија u Пред да почнете со работа со сталакот за дупчалка или дупчалката, во работните паузи, како и во периодот кога не го употребувате сталакот за дупчалка, прицврстете го со затегнување на сопирачката за фиксирање заради заштита од ненамерно движење. Избирање на крунеста бургија Крунестите бургии од Bosch се означени со боја: – Крунести бургии за мокро дупчење: сино – Крунести бургии за суво дупчење: светлосива Ставање на крунестата бургија u Пред да ги употребите, проверете ги крунестите бургии. Користете само беспрекорни крунести бургии. Оштетените или деформираните круни за дупчење може да доведат до опасни ситуации. Пред да ја ставите, исчистете ја крунестата бургија. Подмачкајте го малку навојот на крунестата бургија или испрскајте го со средство за заштита од корозија. Навртете 11/4"-UNC-крунеста бургија(8) на вретеното за дупчење(7). u Проверете дали е крунестата бургија е цврсто вметната. Доколку круните за дупчење се погрешно или не се сигурно зацврстени, може да се олабават за време на работењето и да предизвикаат опасност. Вадење на крунестата бургија u При менувањето на крунестата бургија носете заштитни ракавици. При подолготрајна употреба, круната за дупчење може да се вжешти. Олабавете ја крунестата бургија(8) со вилушкаст клуч (ширина на клучот 41mm). Притоа, со друг вилушкаст клуч (ширина на клучот 32mm) држете го вториот раб на вретеното за дупчење(7) во спротивен правец. Приклучување на систем за ладење на вода/ всисување на прав Доколку крунестите бургии за мокро/суво дупчење не се ладат доволно за време на дупчењето, дијамантските сегменти може да се оштетат, или крунестата бургија може да се блокира во дупката. Затоа, при мокро дупчење овозможете доволно ладење на водата, а при суво дупчење функционално всисување на прав. При зголемување на постоечката дупка, таа мора внимателно да се затвори, за да се овозможи беспрекорно ладење на крунестата бургија. u Приклучените црева, запорните вентили или опрема не смеат да го попречуваат процесот на

Приклучување на систем за ладење на вода Поставете го адаптерот за приклучокот за вода(12) на канџестата спојка(6) и свртете го до крај во правец на стрелките на часовникот. Затворете ја запорната славина за вода(10). Приклучете цевка за довод на вода на приклучниот елемент на славината(11). Приклучувањето на цевката за довод на вода е возможно од мобилен сад за вода под притисок (опрема) или од стационарен приклучок за вода. За да ја соберете водата што излегува од дупката при мокро дупчење, употребете прстен за собирање на вода и всисувач за мокро/суво всисување (двете ќе ги најдете како опрема). Монтирање на прстен за собирање на вода до всисувањето на вода (види сликаC) Прстенот за собирање на вода (види „Опрема/резервни делови“, Страница203) е предвиден за користење со сталак за дијамантска дупчалка GCR180 и дијамантската дупчалка GDB180WE. Исечете еден отвор во саканиот дијаметар на дупчење во заптивниот поклопец. Вметнете ја затегнувачката пружина(33) до крај во процепот меѓу подната плоча(25) и столбот на дупчалката(20). Внимавајте свитканиот дел на затегнувачката пружина да покажува надолу. Поставете го прстенот за собирање на вода и легнете ја затегнувачката пружина на потпорните точки на прстенот за собирање на вода. (Окцата на краевите на затегнувачката пружина служат за влечење на истата

Со помош на затегнувачката сила на пружината прстенот за собирање на вода со неговиот дихтунг ќе се притиснат на подлогата и ќе го спречат протекувањето на вода со вакуумот на всисувачот за мокро/суво всисување. 1 609 92A 4NJ | (03.04.2019) Bosch Power ToolsМакедонски | 201 Приклучување на всисувач за прав Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината. Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица. – Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува. – Погрижете се за добра проветреност на работното

– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате. Поставете го адаптерот за всисување(13) на канџестата спојка(6) и свртете го до крај во правец на стрелките на часовникот. Ставете го цревото за всисување(15) од всисувачот за мокро/суво всисување(види „Опрема/резервни делови“, Страница203) коешто е прилагодено и препорачано за овој систем на млазниците за всисување(14).

Промена на аголот на дупчење u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната

u По секое поместување на сталакот за дупчење, повторно затегнете ги сите завртки. Олабавете ја долната завртка(24) на поместувањето на аголот на дупчење со вилушкаст клуч (ширина на клучот 17mm) и извадете ја. Олабавете ја горната завртка(21) со вилушкаст клуч (ширина на клучот 17mm). Олабавете ја затегнувачката навртка(27) со вилушкаст клуч (ширина на клучот 24mm). Поставете го сталакот за дупчалка на саканиот агол за дупчење. Повторно затегнете ја затегнувачката навртка(27) со вилушкаст клуч (ширина на клучот 24mm). Затегнете ја горната завртка(21) со вилушкаст клуч (ширина на клучот 17mm). u Сталакот за дупчење може да го поставите дури откако ќе ги затегнете затегнувачката навртка (27) и завртката (21) за подесување на аголот. По дупчењето, вратете го столбот на дупчалката(20) повторно во вертикална положба (агол на дупчење од 0°) постапувајќи по обратен редослед. За таа цел мора повторно да ја ставите долната завртка(24) и да ја затегнете со вилушкаст клуч (ширина на клучот 17 mm). Ставање во употреба u Внимавајте на електричниот напон! Напонот на струјниот извор мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот

u Пред почетокот на работата повикајте го одговорниот статичар, архитект или надлежните градежни раководители за да се советувате за планираното дупчење. Арматури смее да се сечете само со одобрение на градежен статичар. u При дупчење во ѕид или под, неопходно е да проверите дали во просторијата постојат препреки. Заклучете го градилиштето и осигурете го јадрото од дупчењето од паѓање со помош на облога. Проверка на функцијата на заштитниот уред за диференцијална струја (PRCD) Пред секој почеток на работата проверете го правилното функционирање на заштитниот прекинувач за диференцијална струја (PRCD)(16): – Притиснете на копчето TEST на заштитниот прекинувач за диференцијална струја (PRCD). Црвениот контролен приказ се гаси. – Притиснете на копчето RESET. Сега електричниот алат мора да се изгаси. Доколку црвениот контролен приказ не се изгаси откако ќе го притиснете копчето TEST, или постојано се гаси при вклучување на електричниот алат, електричниот алат мора да го оставите во сервисната служба на Bosch. u Доколку заштитниот прекинувач за диференцијална струја (PRCD) е дефектен, електричниот алат не смее да се користи.

Притиснете на копчетоRESET на заштитниот прекинувач за диференцијална струја (PRCD)(16). Мокро дупчење: Поставете ја запорната славина за вода(10) на проток. За вклучување на електричниот алат притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување(1) и држете го притиснат. За фиксирање на притиснатиот прекинувач за вклучување/исклучување дополнително притиснете на копчето за фиксирање(2). Исклучување Отпуштете го прекинувачот за вклучување/ исклучување(1). При фиксиран прекинувач за вклучување/исклучување, најпрво притиснете го и потоа отпуштете го. Мокро дупчење: Затворете ја запорната славина за вода(10). По завршување на работата извадете го приклучниот елемент за славината(11) од доводот за вода. Отворете ја запорната славина за вода(10) и испуштете ја преостанатата вода. Bosch Power Tools 1 609 92A 4NJ | (03.04.2019)202 | Македонски Ограничување на стартната струја Електрониката на електричниот алат овозможува мек старт на моторот и ја спречува превисоката стартна

Заштита од рестартирање Заштитата од рестартирање го спречува неконтролираното вклучување на електричниот алат по прекин на струја. За повторно вклучување притиснете на копчетоRESET на заштитниот прекинувач за диференцијална струја (PRCD)(16). Прекинувачот за вклучување/ исклучување(1) ставете го во исклучена позиција и одново вклучете го електричниот алат. Бирање на бројот на вртежи Со прекинувачот за избор на брзина(5) може да изберете две брзини на вртење. Постојат препорачани брзини за следните дијаметри на

– 1. брзина: 80–180mm – 2. брзина: 25–60mm Совети при работењето u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната

При дупчење, олабавете ја сопирачката за фиксирање(29) додека вртливиот крст(17) не може малку да се движи. Притоа цврсто држете го вртливиот крст, за да спречите неконтролирано излизгување на електричниот алат. Дупчете во 1.брзина со помал број на вртежи, сè додека крунестата бургија не почне да се врти во материјалот без вибрации. Потоа, доколку е неопходно вклучете во 2.брзина. Прилагодете го притисокот при дупчењето на материјалот. Дупчете со рамномерен притисок. Повремено повлечете ја бургијата од дупката, за да може да се отстрани нечистотијата од дупчењето одн.правта од дијамантските сегменти. Со вртливиот крст(17) спуштете го надолу електричниот алат на саканата длабочина на дупчење. Потоа вратете ја назад, додека крунестата бургија не излезе целосно. За да се постигне максимално можна работна должина, мора да го извадите јадрото од дупчењето, штом ќе се наполни целосно крунестата бургија. Потоа одново водете ја крунестата бургија во дупката и дупчете додека не ја постигнете максималната длабочина. Спојка за заштита од преоптоварување Доколку крунестата бургија се стегне или заглави, ќе се прекине погонот на вратилото за дупчење. Во ваков случај веднаш исклучете го електричниот алат, за да избегнете изабување и вжештување на истиот. Олабавете ја крунестата бургија со вртење со соодветен вилушкаст клуч налево или надесно. Внимателно извлечете го електричниот алат од издупчената дупка. Заштита од преоптоварување Доколку се надмине прагот на преоптоварување, електричниот алат почнува да пулсира. Намалете го притисокот, додека електричниот алат не се врати во

Доколку притисокот на дупчење не се намали, електричниот алат се исклучува. Потоа веднаш можете да го вклучите електричниот алат, но ќе треба да работите со помал притисок на дупчење. Отстранување на јадрото од дупчењето Мокро дупчење: По дупчењето оставете ја водата да тече, за да ја исплакне нечистотијата помеѓу крунестата бургија и јадрото од дупчењето. Доколку јадрото е заглавено во бургијата, удрете ја крунестата бургија со меко дрво или парче пластика и исфрлете го јадрото. По потреба истиснете го јадрото со едно стапче низ крајот за вметнување на крунестата

Напомена: Не удирајте со тврди предмети по крунестата бургија (опасност од деформација)! Одржување и сервис Одржување и чистење u Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната

u Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да

Одржувајте ги назабената летва(26) и водечките површини на столбовите на дупчалката(20) секогаш

По завршување на работата исчистете го вретеното за дупчење(7). Повремено прскајте ги вретеното за дупчење и крунестата бургија(8) со средство за заштита од корозија. Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста. 1 609 92A 4NJ | (03.04.2019) Bosch Power ToolsSrpski | 203 Дополнително подесување на лизгачките водилки (види сликаD) Со текот на времето лизгачките водилки(34) може да се изабат и настанува слободен простор помеѓу лизгачките водилки и столбовите за дупчење. За да го отстраните овој слободен простор, мора да ги подесите лизгачките

Олабавете ги сите десет навртки со шестаголна глава(35) со вилушкаст клуч (ширина на клучот 13mm). На крај затегнете ги подеднакво навојните клинови(36), додека не се минимализира слободниот простор. Повторно затегнете ги навртките со шестаголна глава. Замената на лизгачките водилки е потребна само доколку се изаби лизгачкиот слој (црвена боја). Ова се случува кога црвената боја избледела и на површина ќе излезе основниот материјал. Се препорачува замената да ја изврши овластена сервисна служба за електрични алати од Bosch.

Можете да го оставите сталакот за дупчење со вметнат електричен алат. За тоа свртете го електричниот алат со вртливиот крст(17) колку што може во правец на подната плоча, за да избегнете опасност од превртување. За безбеден транспорт извадете го електричниот алат од дупчалката. Опрема/резервни делови Прстен за собирање на вода (GCR180)

Заптивен поклопец за прстенот за собирање на вода (GCR 180)

Сад за вода на притисок 2 609 390 308 Адаптер G1/2" 2 608 598 043 Всисувач за мокро/суво всисување GAS 35MAFC Всисувач за мокро/суво всисување GAS 55MAFC Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

EU-Изјава за сообразност Со целосна одговорност изјавуваме, дека опишаните производи се во согласност со сите релевантни одредби на следните регулативи и прописи и се во согласност со следните норми. Техничка документација кај: *