BOSCH GBH 328 DFR - приклучок

GBH 328 DFR - приклучок BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GBH 328 DFR BOSCH во PDF формат.

📄 228 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice BOSCH GBH 328 DFR - page 162
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Вид на производ Ударна дупчалка (перфоратор)
Марка Bosch
Модел GBH 3-28 DFR (GBH 328 DFR)
Номинална влезна моќност 800 W
Број на удари 0 - 4000 мин⁻¹
Индивидуална сила на удар (EPTA 05/2009) 3,2 J
Брзина на вртење без оптоварување 0 - 900 вртежи/мин
Држач за алат SDS-plus
Заменлив клуч Брзозатегачки клуч и SDS-plus клуч (вклучени)
Макс. дијаметар на дупчење (бетон) 28 мм
Макс. дијаметар на дупчење (челик) 13 мм
Макс. дијаметар на дупчење (дрво) 30 мм
Тежина (според EPTA 01:2014) 3,6 кг
Класа на заштита II (двојна изолација)
Ниво на звучен притисок 91 dB(A)
Ниво на звучен интензитет 102 dB(A)
Вибрации (дупчење бетон) 13 m/s² (несигурност K=2 m/s²)
Функции Дупчење со удар, дупчење без удар, длетање, Vario-Lock (36 позиции на длето)
Насока на вртење Десно / лево
Прилагодување на брзина Електронско прогресивно (со притисок на прекинувачот)
Стоп за вртење/удар Да
Дополнителна рачка Да, прилагодлива (изолирана површина за фаќање)
Длабински ограничувач Да, прилагодлив
Прашина заштитна капа Да, на држачот за алат
Одржување Исчистете ги отворите за вентилација, заменете ја заштитната капа против прашина ако е оштетена, исчистете го држачот за алат по секоја употреба

Frequently Asked Questions - GBH 328 DFR BOSCH

Како да го сменам клучот на GBH 3-28 DFR?
За да го смените заменливиот клуч, повлечете силно назад прстенот за заклучување (6) и извадете го клучот. За да инсталирате нов клуч, исчистете и лесно подмачкајте го крајот, па ставете го во држачот (18) и малку вртете додека не се слушне клик.
Какви видови алати можам да користам со овој перфоратор?
SDS-plus алатите се користат за дупчење со удар и длетање. За дупчење без удар (дрво, метал, керамика) или зашрафување, користете брзозатегачки клуч или клуч со запчест венец со цилиндрични сврдли.
Како да се прилагоди длабочината на дупчење?
Притиснете го копчето (10) и ставете го длабинскиот ограничувач (11) во дополнителната рачка. Извлечете го ограничувачот додека растојанието помеѓу врвот на сврдлото и врвот на ограничувачот не одговара на саканата длабочина X.
Како да се избере режим на работа (дупчење, длетање, Vario-Lock)?
Притиснете го копчето за отклучување (8) и свртете го стопот за вртење/удар (9) на саканата позиција: дупчење со удар, дупчење без удар, Vario-Lock за прилагодување на позицијата на длетото, или длетање. Менувајте го режимот само кога алатот е исклучен.
Како да се користи функцијата Vario-Lock?
Поставете го длетото во држачот за алат, свртете го селекторот на позиција Vario-Lock, свртете го држачот за алат на саканата позиција (можни се 36 позиции), па вратете го селекторот на позиција длетање за да го заклучите.
Што да правам ако сврдлото се заглави?
Алатот е опремен со спојка за преоптоварување која го прекинува погонот при заглавување. Држете го алатот цврсто со двете раце и одржувајте стабилна положба. Веднаш исклучете го алатот и отклучете го сврдлото.
Како да се одржува заштитната капа против прашина?
Заштитната капа против прашина (4) го штити држачот за алат. Заменете ја веднаш ако е оштетена. Оваа замена нека ја изврши овластен сервис на Bosch за да се избегне ризик по безбедноста.
Може ли да користам цилиндрични сврдли без SDS-plus за дупчење со удар?
Не, никогаш не користете алати без SDS-plus за дупчење со удар или длетање. Тие може да го оштетат клучот и алатот. Користете ги само за дупчење без удар.
Како да го исчистам алатот?
Пред чистење, исклучете го алатот. Исчистете ги отворите за вентилација за да спречите прегревање. Исчистете го држачот за алат по секоја употреба. Заменете ја заштитната капа против прашина ако е потребно.
Каде да го најдам бројот на артикалот за резервни делови?
Десетцифрениот број на артикал се наоѓа на натписната плочка на производот. Користете го за нарачка на резервни делови на веб-страницата на Bosch или контактирајте го сервисот за поддршка.

Прашања на корисниците за GBH 328 DFR BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот приклучок во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GBH 328 DFR - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GBH 328 DFR на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GBH 328 DFR BOSCH

Македонски ...... Страна 161

Srpski.... Strana 169

Slovensko....Stran 175

Hrvatski. . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . . Stranica 182

Eesti Lehekülg 188

Безбедносни напомени

Општи напомени за безбедност за електричните апарати

ПРЕДУПРЕДУВАНЬЕ Прочитајте ги сите напомени и упатства за

безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

162 | Македонски

Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина.

Поимот „електричен алат“ во напомените за безбедност се однесува на електрични апарати што користат струја (со струен кабел) и електрични апарати што користат батерии (без струен кабел).

Безбедност на работното место

Работниот простор секогаш нека биде чист и добро осветлен. Неуредниот или неосветлен работен простор може да доведе до нескреки.
▶ Не работете со електричниот апарат во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Електричните апарати создаваат искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
Држете ги децата и другите лица подалеку за време на користењето на електричниот апарат. Доколку нешто Ви го попречи вниманието, може да ја изгубите контролата над уредот.

Електрична безбедност

▶ Приклучокот на електричниот апарат мора да одговара на приклучокот во сидната дозна. Приклучокот во никој случај не смее да се менува. Не употребувајте прекинувач со адаптер заедно со заземјениот електричен апарат. Неменувањето на прекинувачот и соодветнитесидни дозни го намалуваат ризикот од електричен удар.
▶ Избегнувајте физички контакт со заземјените површини на цевки, радијатори, шпорет и фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар, доколку Вашето тело е заземјено.
▶ Електричните апарати држете ги подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на вода во електричниот апарат го зголемува ризикот од електричен удар.
▶ Не го користите кабелот за друга намена, за да го носите електричниот апарат, за да го закачите или да го влечете приклучокот од сидната дозна. Држете го кабелот понастрана од топлина, масло, остри рабови или подвижните компоненти на уредот. Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за електричен удар.
Доколку со електричниот апарат работите на отворено, користете само продолжен кабел што е погоден за користење на надворешен простор. Користењето на соодветен продолжен кабел на отворено го намалува ризикот од електричен удар.
▶ Доколку користењето на електричниот апарат во влажна околина не може да се избегне, користете заштитен уред со диференцијална струја. Употребата на заштитниот уред со диференцијална струја го намалува ризикот од електричен удар.

Безбедност на лица

▶ Бидете внимателни како работите и разумно користете го електричниот апарат. Не користете електрични апарати, доколку сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекови. Еден момент

на невнимание при употребата на електричниот апарат може да доведе до сериозни повреди.

Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на заштитна опрема, како на пр.маска за прав, обувки за заштита од лизгање, заштитен шлем или заштита за слухот, во зависност од видот и примената на електричниот апарат, го намалува ризикот од повреди.
▶ Избегнувајте неконтролирано користење на апаратите. Осигурете се, дека е исключен електричниот апарат, пред да го приключите на напојување со струја и/или на батерија, пред да го земете или носите. Доколку при носењето на апаратот, сте го ставиле прстот на прекинувачот или сте го прилучиле уредот додека е включен на напојување со струја, ова може да предизвика несреќа.
▶ Извадете ги алатите за подесување или клучевите за зашрафување, пред да го включите електричниот апарат. Доколку има алат или клуч во некој одделовите на уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди.
▶ Избегнувајте абнормално држење на телото. Застанете во сигурна положба и постојано држете рамнотежа. На тој начин їе може подобро да го контролирате електричниот апарат во неочекувани ситуации.
Носете соодветна облека. Не носете широко облека или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците подалеку од подвижните делови. Лесната облека, накитот или долгата коса може да се зафатат од подвижните делови.
Доколку треба да се инсталираат уреди за вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно се приключени и прикладно се користат. Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува опасноста од прав.
▶ Не го преоптоварувајте уредот. Користете го соодветниот електричен апарат за Вашата работа. Со соодветниот електричен апарат їе работите подобро и посигурно во зададениот домен на работа.
He користете го електричниот апарат, доколку има дефектен прекинувач. Апаратот кој повеќе не може да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и мора да се поправи.
▶ Извлечете го приклучокот од сидната дозна и/или извадете ја батеријата, пред да ги смените поставките на уредот, да ги замените деловите или да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот уред.
▶ Чувајте ги подалеку од дофатот на деца електричните апарати кои не ги користите. Овој уред не смее да го користат лица кои не се запознаени со него или не ги имаат прочитано овие упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги користат неискусни лица.

Користење и ракување со електричниот апарат

Македонски | 163

▶ Одржувајте ги грижливо електричните апарати. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или оштетени, што може да ја попречи функцијата на електричниот апарат. Поправете ги оштетените делови пред користењето на уредот. Многу несреći својата причина ја имаат во лошо одржуваните електрични апарати.
▶ Алатот за сечење одржувајте го остар и чист. Внимателно одржуваните алати за сечење со остри рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив полесно се работи.
Користете ги електричните апарати, опремата, додатоците за алатите итн. во согласност со ова упатство. Притоа земете ги во обшир работните услови и дејноста што треба да се изврши. Користењето на електрични апарати за друга употреба освен наведената може да доведе до опасни ситуации.

Сервис

Поправката на Вашиот електричен апарат смее да биде извршена само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови. Само на тој начин їе бидете сигурни во безбедноста на електричниот апарат.

Безбедносни напомени за чекани

▶ Носете заштита за слухот. Изложеноста на бучава може да влијае на губењето на слухот.
Користете ги дополнителни дршки, доколку се испорачани заедно со електричниот алат. Губењето на контролата може да доведе до повреди.
Држете го уредот за изолираните површини на рачките, доколку вршите работи каде алатот што се вметнува или шрафот може да наиде на скриени електрични кабли или сопствениот струен кабел. Контактот со струјниот кабел може металлите делови на уредот да ги стави под напон и да доведе до електричен удар.
▶ Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвивува оштетување или може да предизвика електричен удар.
▶ При работата, држете го електричниот апарат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот апарат посигурно їе управувате ако го држите со двете дланки.
▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.

▶ Почекајте додека електричниот апарат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.

Опис на производот и мокноста

BOSCH GBH 328 DFR - Опис на производот и мокноста - 1

Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го читате упатството за употреба.

Употреба со соодветна намена

Електричниот апарат е наменет за ударно дупчење во бетон, цигли и камен како и за фино длетување. Тој исто така е погоден за дупчење без удари во дрво, метал, керамика и пластика. Електричните апарати со електронска регулација и тек лево/десно се исто така погодни за зашрафување.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричните апарати на графичката страница.

1 Брзозатезна заменлива глава за дупчење (GBH 3-28 DFR)
2 SDS-plus-заменлива глава за дупчење (GBH 3-28 DFR)
3 Прифат на алат SDS-plus
4 Капак за заштита од прав
5 Чаура за заклучување
6 Прстен за заклучување на заменливата глава за дупчење (GBH3-28DFR)
7 Прекинувач за вклучување/исклучување
8 Копче за отклучување за прекинувачот за запирање на удари/вртежи
9 Прекинувач за запирање на удари/вртежи

10 Копч е за подесување на граничникот за длабочина

11 Граничник за длабочина

12 Дополнителна дршка (изолирана површина на дршката)

13 Прекинувач за менување на правецот на вртење

14 Рачка (изолирана површина на дршката)

15 Сигурносна завртка за запчестата глава за дупчење*

16 Запчеста глава за дупчење*

17 SDS-plus-вратило за прифат за главата за дупчење*

18 Прифат за главата за дупчење (GBH 3-28 DFR)

19 Отвори за подесување

20 Предна чаура за брзозатезната заменлива глава за дупчење (GBH3-28DFR)

21 Затезен прстен за брзозатезната заменлива глава за дупчење (GBH3-28DFR)

164 | Македонски

*Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандартдниот обем на испорака. Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.

Технички податоци

Чекани за дупчењеGBH 3-28 DREGBH 3-28 DFR
Број на дел/артикл3 611 B3A 0..3 611 B4A 0..
Контрола на бројот на вртежи
Запирање на вртежи
Тек десно/лево
Заменлива глава за дупчење- ●
Номинална јачинаW80
Број на удари min^-1 0–40000–4000
Јачина на поединечен удар согласно EPTA-Procedure 05/2009J3,
Број на вртежи min^-1 0–9000–900
Прифат на алатотSDS-plusSDS-plus
Дијаметар на грлото на вретенотомм5050
дозволен дијаметар на дупката макс.:(види и страна 165)
– Бетон*мм2828
– Сидни конструкции (со шуплива круна)мм8282
– Челикмм1313
– Дрвомм3030
Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014кг3,53,6
Класа на заштита☐/П☐/П

*со шуплива круна не се погодни
Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.

Информации за бучава/вибрации

Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност со EN 60745-2-6.

Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува: ниво на звучен притисок 91 dB(A); ниво на звучна јачина 102 dB(A). Несигурност K = 3 dB.

Носете заштита за слухот!

GBH 3-28 DRE:

Вкупните вредности на вибрации a_h (векторски збор на трите насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 60745-2-6:

Ударно дупчење во бетон: a_h=14,5 m/s^2 , K=1,6 m/s ^2 , длетување: a_h=10 m/s^2 , K=1,5 m/s ^2 .

Дупченье во метал: a_h<2,5m/s^2 , K=1,5 m/s ^2

Зашрафување: a_h<2,5m/s^2 , K=1,5 m/s ^2

GBH 3-28 DFR:

Вкупните вредности на вибрации a_h (векторски збор на трите насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 60745-2-6:

Ударно дупчење во бетон: a_h=13m/s^2 , K=2m/s^2 , длетување: a_h=9,5m/s^2 , K=1,5m/s^2 .

Дупченье во метал: a_h<2,5m/s^2 , K=1,5 m/s ^2

Зашрафување: a_h < 2,5 m/s^2, K = 1,5 m/s^2

GBH 3-28 DRE/GBH 3-28 DFR:

Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено со нормирана постапка според EN 60745 и може да се користи за меѓусебна споредба на електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на оптоварувањето со вибрации. Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се користи за други примени, со различна опрема, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење.

За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, треба да се земе во обшир и периодот во кој уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење.

Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го текот на работата.

Македонски | 165

Монтажа

▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.

Дополнителна дршка

▶ Користете го вашиот електричен апарат само со дополнителна дршка 12.

Свртете ја дополнителната дршка (види слика А)

Дополнителната дршка 12 може да ја вртите по желба, за да си овозможите безбедна и неуморна работа.

- Вртете го долниот дел на дополнителната дршка 12 наспроти движењето на стрелките од часовникот и навалете ја дополнителната дршка 12 во саканата позиција. Потоа зацврстете го долниот дел на дополнителната дршка 12 во правец на стрелките од часовникот.

Внимавајте, затезната лента на дополнителната дршка да легне во предвидениот жлеб на кукиштето.

Подесување на длабочина на дупчење (види слика В)

Со граничникот за длабочина 11 може да се утврди длабочината на дупчење X.

  • Притиснете го копчето за подесување на граничникот за длабочина 10 и поставете го граничникот за длабочина во дополнителната дршка 12. Избраздениот дел на граничникот за длабочина 11 мора да покажува надолу.
  • Вметнете го SDS-plus-алатот за вметнување до крај во прифарат за алат SDS-plus 3. Инаку, доколку SDS-plus-алатот е лабаво наместен, може да доведе до погрешно подесување на длабочината на дупчење.
  • Извлечете го граничникот за длабочина до тој степен, да одговара на растојанието на саканата длабочина на дупчење меѓу врвот на дупчалката и врвот на граничникот за длабочина X.

Бирање на глава за дупчење и алат

BOSCH GBH 328 DFR - Бирање на глава за дупчење и алат - 1

BOSCH GBH 328 DFR - Бирање на глава за дупчење и алат - 2

text_image Начин на работа Материјал Дрво - - Ø -30 мм SDS-plus

За ударно дупчење и длетување потребен ви е SDS-plus-алат, што ће се вметне во SDS-plus-главата за дупчење.

За дупчење без удари во дрво, метал, керамика и пластика како и за заштафување/одвртување се користат алати без SDS-plus (напр. дупчалка со цилиндрично вратило). За овие алати потребна ви е брзозатегачка глава за дупчење одн. запчеста глава за дупчење.

GBH 3-28 DFR: SDS-plus-заменливата глава за дупчење 2 може лесно да се замени со испорачаната брзозатезна заменлива глава за дупчење 1.

Замена на запчестата глава за дупчење (GBH 3-28 DRE)

За да може да работите со алати без SDS-plus (напр. со дупчалка со цилиндрично вратило), мора да монтирате соодветна глава за дупчење (запчеста или брзозатезна глава за дупчење, опрема).

  • Зашрафете го SDS-plus-вратилото за прифат 17 во запчестата глава за дупчење 16. Зацврстете ја запчестата глава за дупчење 16 со сигурносна завртка 15. Внимавајте сигурносната завртка да има лев навој.

Вметнување на запчестата глава за дупчење (види слика С)

  • Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за прифат и малку намастете го.
    – Зап честата глава за дупчење со вратилото за прифат ставете ја со вртење во прифатот за алат, додека самата не се заклучи.
  • Проверете дали е заклучена со влечење на запчестата глава за дупчење.

Вадење на запчестата глава за дупчење

- Турнете ја чаурата за заклучување 5 наназад и извадете ја запчестата глава за дупчење 16.

Вадење/ставање на заменливата глава за дупчење (GBH 3-28 DFR)

Извадете ја резервната глава за дупчење (види слика D)

Извлечете го наназад прстенот за заклучување на заменливата глава за дупчење 6, држете го цврсто во оваа позиција и извлечете ја нанапред SDS-plus-заменливата глава за дупчење 2 одн. брзозатезната заменлива глава за дупчење 1.

166 | Македонски

Откако ће ја извадите, заштитете ја заменливата глава за дупчење од нечистотија.

▶ Користете само оригинална опрема во зависност од моделот и притоа внимавајте на бројот на отвори за подесување 19.Дозволени се само заменливи глави за дупчење со два или три отвори за подесување.

Доколку за овој електричен апарат не се користи соодветната заменлива глава за дупчење, алатот за вметнување може да испадне за време на работата.

  • Исчистете ја заменливата глава за дупчење пред да ја ставите и подмачкајте го лесно крајот за вметнување.
  • Фатете ja SDS-plus-заменливата глава за дупчење 2 одн. брзозатезната заменлива глава за дупчење 1 со целата дланка. Вметнете ја заменливата глава за дупчење со вртење во прифатот за главата за дупчење 18, додека не слушнете дека е вклопена.
  • Резервната глава за дупчење сама се заклучува. Проверете дали е заклучена со влечење на резервната глава за дупчење.

Замена на алатот

Капакот за заштита од прав 4 го спречува навлегувањето на правта која се создава при дупчењето во прифатот на алатот. Затоа при употребата на апаратот проверете дали капакот за заштита од прав 4 е оштетен.

▶ Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба да се замени. Се препорачува ова да се изврши од страна на сервисната служба.

Ставете SDS-max алат за вметнување (види слика F)

Co SDS-plus-главata за дупчење можете едноставно и лесно без користење на дополнителни алати да го замените алатот што се вметнува.

  • GBH 3-28 DFR: Вметнете ja SDS-plus-заменливата глава за дупчење 2.
  • Исчистете го крајот за вметнување на алатот што се вметнува и малку намастете го.
  • Алатот што го вметнувате ставете го со вртење во прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
  • Проверете дали е заклучен со влечење на алатот.

Co SDS-plus-alatot што се вметнува може слободно да се маневрира, условено од системот. Така, при празен од настанува отстапување од кружниот тек. Ова нема влијание на прецизноста на дупчењето на дупката, бидејки дупчалката сама се центрира при дупчењето.

Извадете го SDS-max алатот за вметнување (види слика G)

- Турнете ја чаурата за заклучување 5 наназад и извадете ја запчестата глава за дупчење.

Ставање на алат за вметнување без SDS-plus (GBH 3-28 DRE)

Напомена: Не користете алати без SDS-plus за ударно дупчење или длетување! Алатите без SDS-plus и главата за дупчење што ја користите ће се оштетат при ударното дупчење или длетување.

  • Вметнете запчеста глава за дупчење 16 (види „Замена на запчестата глава за дупчење“, страна 165).
  • Со вртење отворете ја запчестата глава за дупчење 16 додека не се отвори за да може да се стави алатот. Вметнете го алатот.
  • Клучот за затегање на главата за дупчење ставете го во соодветните отвори на запчестата глава за дупчење 16 и затегнете го алатот.
  • Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи 9 во позиција „Дупчење“.

Вадење на алатот за вметнување без SDS-plus (GBH 3-28 DRE)

- Свртете ја чаурата на запчестата глава за дупчење 16 со помош на клучот за затегање на главата за дупчење во правец спротивен на стрелките на часовникот, додека не се извади алатот за вметнување.

Ставање на алат за вметнување без SDS-plus (GBH 3-28 DFR) (види слика H)

Напомена: Не користете алати без SDS-plus за ударно дупчење или длетување! Алатите без SDS-plus и главата за дупчење што ја користите ће се оштетат при ударното дупчење или длетување.

  • Вметнете ја брзозатезната заменлива глава за дупчење 1.
  • Држете го цврсто затезниот прстен 21 на брзозатезната заменлива глава за дупчење. Отворете го прифатот за алат со вртење на предната чаура 20, додека не дојде во позиција каде може да се вметне алатот. Цврсто држете го затезниот прстен 21 и вртете ја предната чаура 20 во правец на стрелката, додека не слушнете дека е вклопена.
  • Проверете дали е зацврстена со влечење на алатот.

Напомена: Доколку прифатот за алат е отворен до крај, при вртење на истиот може да се слушне како се вклопува, а сепак да не се затвора.

Во овој случај, свртете ја еднаш предната чаура 20 во правец спротивен на стрелката. Потоа може да се затвори алатот за прифат.

- Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи 9 во позиција „Дупчење“.

Вадење на алатот за вметнување без SDS-plus (GBH 3-28 DFR) (види слика I)

- Држете го цврсто затезниот прстен 21 на брзозатезната заменлива глава за дупчење. Отворете го прифатот за алат со вртење на предната чаура 20 во правец на стрелката, додека не дојде во позиција каде може да се извади алатот.

Вшмукување на прав со Saugfix (опрема)

▶ Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.

Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во

Македонски|167

комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест може да бидат обработувани само од страна на стручни лица.

  • Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
  • Погри жете се за добра проветреност на работното место.
  • Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.

Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.

▶ Избегнувајте собирање прав на работното место.

Правта лесно може да се запали.

За вшмукување на правта потребен ви е Saugfix (опрема). При дупчењето Saugfix амортизира наназад, така што главата на Saugfix секогаш стои припиена на подлогата.

  • Притиснете го копчето за подесување на граничникот за длабочина 10 и извадете го граничникот за длабочина 11. Одново притиснете го копчето 10 и вметнете го Saugfix однапред во дополнителната дршка 12.
  • Приключете едно црево за вшмукување (дијаметар 19 мм, опрема) на отворот за вшмукување 22 од Saugfix.

Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот на парчето што се обработува.

- При вшмукување на особено опасни по здравје, канцерогени или суви честички прав, користете специјален вшмукувач.

Подесување на длабочината на дупчење на Saugfix (види слика К)

Саканата длабочина на дупчење X може да се утврди и при монтиран Saugfix.

  • Вметнете го SDS-plus-алатот за вметнување до крај во прифатот за алат SDS-plus 3. Инаку, доколку SDS-plus-алатот е лабаво наместен, може да доведе до погрешно подесување на длабочината на дупчење.
  • Олабавете ја пеперутка-завртката 26 на Saugfix.
  • Поставете го електричниот апарат без да го включувате на местото каде треба да дупчите. SDS-plus-алатот за вметнување притоа мора да легне на површината.
  • Водечката цевка 27 на Saugfix поставете ја во држачот, така што главата на Saugfix ќе легне на површината за дупчење. Не ја туркајте водечката цевка 27 над телескопската цевка 25 повеće одошто е потребно, довольно е да се гледа што е можно поголем дел на сликата од телескопската цевка 25.
  • Повторно зацврстете ја пеперутка-завртката 26. Олабавете го шрафот за затворање 23 на граничникот за длабочина од Saugfix.
  • Поместете го граничникот за длабочина 24 на телескопската цевка 25, така што растојанието прикажано на сликата X će одговара на длабочината на дупчење што сакате да ја постигнете.

- Зацврстете го шрафот за затворање 23 во оваа позиција.

Употреба

Ставање во употреба

▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот уред. Електричните апарати означени со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.

Подесување на начинот на работа

Со прекинувачот за запирање на удари/вртежи 9 изберете го начинот на работа на електричниот апарат.

Напомена: Променете го начинот на работа само доколку електричниот апарат е ислучен! Инаку електричниот апарат може да се оштети.

- За да го промените начинот на работа, притиснете го копчето за отклучување 8 и свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи 9 во саканата позиција додека не слушнете дека се вклопил.

BOSCH GBH 328 DFR - Подесување на начинот на работа - 1

Позиција за ударно дупчење во бетон или камен

BOSCH GBH 328 DFR - Подесување на начинот на работа - 2

Позиција за Дупчење без удари во дрво, метал, керамика и пластика како и за зашрафување/одвртување

BOSCH GBH 328 DFR - Подесување на начинот на работа - 3

Позиција Vario-Lock за подесување на позицијата на длетото Во оваа позиција, прекинувачот за запирање на удари/вртежи 9 не се вклопува.

BOSCH GBH 328 DFR - Подесување на начинот на работа - 4

Позиција за Длетување

Поставете го правецот на вртење

Со прекинувачот за менување на правецот за вртење 13 може да го промените правецот на вртење на електричниот апарат.

▶ Прекинувают за правец на вртење 13 активирајте го само доколку електричниот апарат е во состојба на мирување.
Ω Тек десно: Притиснете го прекинувачот за правец на вртење 13 до крај во позиција ← .
Ω Тек десно: Притиснете го прекинувачот за правец на вртење 13 до крај во позиција →.

168 | Македонски

Правецот на вртење при ударно дупчење, дупчење и длетување секогаш поставувајте го на десен тек.

Вклучување/исклучување

За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот алат само доколку го користите.

  • За вклучување на електричниот апарат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување 7.
  • За Исклучување отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување 7.

Подесување на бројот на вртежи/удари

Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен апарат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување 7.

Со нежно притискање на прекинувачот за включување/исклучување 7 се постигнуваат мал број на вртежи/удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи/удари.

Спојка за заштита од преоптоварување

Доколку алатот што се вметнува се стегне или заглави, їе се прекине погонот на вратилото за дупчење. Електричниот апарат секогаш држете го, поради јачината со која работи, цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба.
- Исключете го електричниот апарат и олабавете го алатот што се вметнува, доколку се блокира електричниот апарат. Доколку включите блокиран алат за дупчење настануваат моменти на блокирање.

▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
Држете го уредот за изолираните површини на рачките, доколку вршите работи каде алатот што се вметнува или шрафот може да наиде на скриени електрични кабли или сопствениот струен кабел. Контактот со струјниот кабел може металните делови на уредот да ги стави под напон и да доведе до електричен удар.

Промена на позицијата за длетување (Vario-Lock)

Длетото може да го фиксирате во36 позиции. Притоа, може да ја користите оптималната работна позиција.

  • Ставете го длетото во прифатот за алат.
  • Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи 9 во позиција „Vario-Lock“ (види „Подесување на начинот на работа“, страна 167).
  • Свртете го алатот за вметнување во саканата позиција за длетување.
  • Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи 9 во позиција „Длетување“. Со тоа, прифатот за алат їе се фиксира.
    – Поставете го правецот на вртень е за длетување на десен тек.

Вметнување на битови за одвртувач/зашрафувач (види слика L)

▶ Електричниот апарат ставете го на мутерот/шрафот само доколку е ислучен. Доколку апаратот е включен и се врти, тој може да се преврти и падне.

За користење на битовите за одвртувач/зашрафувач потребен ви е универсален држач 28 со SDS-plus вратило за прифат (опрема).

  • Исчистете го крајот за вметнување на вратилото за прифат и малку намастете го.
  • Универзалниот држач ставете го со вртење во прифатот на алат, додека самиот не се заклучи.
  • Проверете дали е заклучена со влечење на универзалниот држач.
  • Ставете еден бит за одвртувач/зашрафувач на универзалниот држач. Користете само битови што се соодветни на главата за зашрафување.
  • Свртете го прекинувачот за запирање на удари/вртежи 9 во позиција „Дупчење“.
  • За вадење на универсалниот држач вметнете ја чаурата за заклучување 5 наназад и извадете го универсалниот држач 28 од прифатот за алат.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

▶ Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
▶ Оштетениот капак за заштита од прав веднаш треба да се замени. Се препорачува ова да се изврши од страна на сервисната служба.
- Исчистете го прифатот за алат 3 по секоја употреба.
Доколку е потребно користење на приключен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични апарати, за да го избегнете загрозувањето на безбедноста.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба їе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлозивен цертеж и информации за резервни делови їе најдете на: www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch ke ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Srpski | 169

Македонија

Д.Д.Електрис

Електричните апарати, опремата и амбалажите требада се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните апарати во домашната канта за губре!

Само за земји во рамки на ЕУ

BOSCH GBH 328 DFR - Само за земји во рамки на ЕУ - 1

Според Европската регулатива 2012/19/EU за електрични и електронски uredи и нивна национална употреба, елек- тричните апарати што се вон употреба мора одделно да се собираат и да се реци- клираат на еколошки прифатлив начин.

Се задржува правото на промена.

Srpski

Uputstva o sigurnosti

Opšta upozorenja za električne alate

UPOZORENJE

Čitajte sva upozorenja i uputstva.

Propusti kod pridržavanja upozo-

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GBH 328 DFR

Категорија : приклучок