UniversalImpact 650 - бура BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот UniversalImpact 650 BOSCH во PDF формат.
| Тип на производ | Ударна дупчалка |
| Модел | UniversalImpact 650 |
| Номинална моќност | 701 W |
| Максимална излезна моќност | 530 W |
| Брзина на вртење без оптоварување | 50-3000 min⁻¹ |
| Број на удари | 45 000 min⁻¹ |
| Номинален вртежен момент | 1,65 Nm |
| Вртежен момент на блокирање | 17 Nm |
| Максимален дијаметар на дупчење во ѕид | 14 mm |
| Максимален дијаметар на дупчење во бетон | 14 mm |
| Максимален дијаметар на дупчење во челик | 12 mm |
| Максимален дијаметар на дупчење во дрво | 30 mm |
| Опсег на стегање на главата за дупчење | 2-13 mm |
| Тежина (според EPTA-Procedure 01:2014) | 1,7 kg |
| Класа на заштита | II (двојна изолација) |
| Напон на напојување | 230 V |
| Режими на работа | Дупчење, ударно дупчење, завртување (со регулација на брзина) |
| Регулација на брзина | Бесстепенска, со претходен избор |
| Насока на вртење | Десно/лево |
| Систем за блокирање на вретеното | Да (копче за блокирање) |
| Дополнителна рачка | Да, со ограничувач на длабочина |
| Ниво на бучава (акустичен притисок) | 97 dB(A) |
| Ниво на бучава (акустична моќ) | 108 dB(A) |
| Вибрации (ударно дупчење во бетон) | 32 m/s² (несигурност K=3,5 m/s²) |
| Вибрации (дупчење во метал) | 10 m/s² (несигурност K=2,5 m/s²) |
| Завртување (вибрации) | <2,5 m/s² (несигурност K=1,5 m/s²) |
| Препорачана заштитна опрема | Заштитни очила, заштита за слух, маска против прашина, ракавици |
| Одржување | Одржувајте чисто, редовно проверувајте ги отворите за вентилација |
| Резервни делови | Достапни во овластениот сервис на Bosch |
| Гаранција | Според прописите на земјата на купување |
Frequently Asked Questions - UniversalImpact 650 BOSCH
Прашања на корисниците за UniversalImpact 650 BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот бура во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник UniversalImpact 650 - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. UniversalImpact 650 на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК UniversalImpact 650 BOSCH
Безбедносни напомени
Општи предупредувања за безбедност за електрични алати
ПРЕДУ-
ПРЕДУВАЊЕ
Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со
овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.
Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.
Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).
Безбедност на работниот простор
Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
He работete со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.
Електрична безбедност
▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати. Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.
▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори,
86 | Македонски
метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.
▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, ќе се зголеми ризикот од струен удар.
▶ Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или исклучување од струја на електричниот алат.
Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Лична безбедност
▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, їе доведат до намалување на лични повреди.
Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
▶ Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.
▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.
Употреба и чување на електричните алати
He го преоптоварувајте електричниот алат.
Користете соодветен електричен алат за намената.
Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо ќе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот.
Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.
Сервисирање
▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.
Безбедносни предупредувања за дупчалки
Безбедносни упатства за сите типови работа
▶ Носете штитници за уши кога извршувате ударно дупчење. Изложеноста на бучава може да предизвика губење на слухот.
▶ Користете ja(ги) дополнителната(ите) рачка(и). Губење на контрола може да предизвика телесни повреди.
▶ Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете за да не дојде во контакт со скриена жица или со неговиот кабел. Ако опремата за сечење или прицврствувачите дојде во допир со „жица под напон“, може да ги изложи металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.
Безбедносни упатства при користење на долги бургии
▶ Никогаш не користете поголема брзина од максимальната означена брзина на бургијата. При поголема брзина, бургијата може да се искриви ако слободно ротира надвор од делот што се обработува, и да се повредите.
▶ Секогаш почнете го дупчењето со мала брзина, и врвот на бургијата да биде во допир со делот што се обработува. При поголема брзина, бургијата може да се искриви ако слободно ротира надвор од делот што се обработува, и да се повредите.
▶ Притиснете во директна линија со бургијата, и без прекумерен притисок. Бургијата може да се искриви и да се скрши, или да изгубите контрола и да се повредите.
Дополнителни безбедносни напомени
Доколку се блокира алатот што се вметнува, веднаш исключете го електричниот алатот. Бидете претпазливи со високите реакциски моменти, што може да предизвикаат повратен удар. Алатот што се вметнува се блокира, ако електричниот алат се преоптовари или се навали кон делот што се обработува.
▶ Цврсто држете го електричниот апарат. При зацврстување и одвртување на шрафови може да настанат краткотрајни високи реактивни моменти.
▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
▶ Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвikuва оштетување и може да предизвика електричен удар.
Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.
▶ При работата, држете го електричниот алат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот алат посигурно їе управувате ако го држите со двете дланки.
▶ За да спречите ненамерно вклучување на електричниот алат, секогаш олабавувајте го копчето за подесување. За тоа, кратко притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување.
▶ Алатите за вметнување може да се загреат при работење! Постои опасност од изгореници при замена на алатот за вметнување. Користете заштитни ракавици, за да го извадите алатот за вметнување.
Опис на производот и перформансите

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.
Употреба со соодветна намена
Електричниот алат е наменет за ударно дупчење во цигли, бетон и камен, како и за дупчење во дрво, метал, керамика и пластика. Уредите со електронска регулација и тек лево / десно се исто така погодни за завртување.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.
(1) Брзозатегнувачка глава за дупчење
(2) Копче за блокирање на вретеното (UniversalImpact 650, UniversalImpact 700, UniversallImpact 700 + Drill Assistant)
(3) Прекинувач „Дупчење/ударно дупчење“
(4) Прекинувач за менување на правецот на вртење
(5) Копче за фиксирање на прекинувают за вклучување/исклучување
(6) Прекинувач за вклучување/исклучување
(7) Копче за контрола на бројот на вртежи
(8) Копче за отклучување Drill Assistant ^a)
88 | Македонски
(9) Дополнителна рачка со граничник за длабочина
a)b)
(10) Drill Assistant ^a)
(11) Сад за прав ^a)
(12) Копче за отклучување на сад за прав (2x) ^a)
(13) Уред за собирање на прав ^a)
(14) Прстен за дихтување ^a)
(15) Прстенот за заштита од прав ^a)
(16) Стега на уредот за собирање на прав ^a)
(17) Прстен за подесување ^a)
(18) Пеперутка-завртка за прицврстување на дополнителната рачка на Drill Assistant ^a)
(19) Рачка (изолирана површина на дршката)
(20) Дополнителна рачка (изолирана површина на рачката)
(21) Пеперутка-завртка за подесување на дополнителната дршка ^b)
(22) Копче за подесување на граничникот за длабочина ^b)
(23) Граничник за длабочина ^6)
(24) Универзален држач за битови ^b)
(25) Бит за одвртувач ^b)
(26) Прифат ^4
(27) Клуч со внатрешна шестаголна глава ^c)
(28) Запчеста глава за дупчење
(29) Клуч за затегнување на главата за дупчење
a) Стандарден обем на испорака кaj UniversallImpact 700 + Drill Assistant
b) Илуstriраната или опишана опрема не е дел од стандардниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
с) комерцијално (не е содржано во обемот на испорака)
Технички податоци
| Вибрациона дупчалка UniversallImpact | 650 | UniversalImpact700 | UniversalImpact700 +Drill Assistant | UniversalImpact730 | |
| Број на дел/артикл | 3 603 A31 2.. | 3 603 A31 0.. | 3 603 A31 0.. | 3 603 A31 0.. | |
| Номинална јачина W 701 701 701 701 | |||||
| Макс. излезна моќност W 530 530 530 530 | |||||
| Број на вртежи во празен од min | -1 | 50–3 000 | 50–3 000 | 50–3 000 | 50–3 000 |
| Номинален број на вртежи min | -1 | 50–3 000 | 50–3 000 | 50–3 000 | 50–3 000 |
| Број на удари min | -1 | 45 000 | 45 000 | 45 000 | 45 000 |
| Номинален вртежен момент Nm 1,65 1,65 1,65 1,65 | |||||
| Вртежен момент наблокирањето според EN62841 | Nm 17 17 17 17 | ||||
| Одредување на број навртежи | ● ● ● ● | ||||
| Константа електроника – – – – | |||||
| Десен/лев тек | ● ● ● ● | ||||
| Брзо исклучување (KickbackControl) | – – – – | ||||
| Целосна автоматска блокадана вретеното (Auto-Lock) | – – – – | ||||
| Дијаметар на грлото навретеното | mm 43 43 43 43 | ||||
| Макс. дупка-∅ | |||||
| – Sид | mm 14 14 14 14 | ||||
| – Бетон | mm 14 14 14 14 | ||||
| – Челик | mm 12 12 12 12 | ||||
| – Дрво | mm 30 30 30 30 | ||||
| – Со монтиран контејнер заправ | mm – – 10 – | ||||
Македонски | 89
| Вибрациона дупчалка UniversallImpact | 650 | UniversallImpact700 | UniversallImpact700 + Drill Assistant | UniversallImpact730 | |
| Опсег на затегнување на главата | mm 2-13 2-13 2-13 2-13 | ||||
| Тежина согласноEPTA-Procedure 01:2014 | kg 1,7 1,7 2,0 1,7 | ||||
| Класа на заштита | ☐/II /II /II /II | ☐ | ☐ | ||
Вибрациона дупчалка UniversallImpact 6700 UniversallImpact 7000
UniversalImpact 7500
| Број на дел | 3 603 A31 0.. 3 603 A31 0.. | ||
| Номинална јачина W 701 701 | |||
| макс. излезна моќност W 530 530 | |||
| Број на вртежи во празен од min | -1 | 50-3 000 50-3 000 | |
| Номинален број на вртежи min | -1 | 50-3 000 50-3 000 | |
| Број на удари min | -1 | 45 000 45 000 | |
| Номинален вртежен момент Nm | 1,65 | 1,65 | |
| Вртежен момент на блокирањето според EN 62841 | Nm | 17 | 17 |
| Одредување на број на вртежи | ● | ● | |
| Константа електроника | - | - | |
| Десен/лев тек | ● | ● | |
| Брзо исклучување (Kickback Control) | - | - | |
| Целосна автоматска блокада на вретеното (Auto Lock) | - | - | |
| Дијаметар на грлото на вретеното | mm | 43 | 43 |
| макс. дупка-∅ | |||
| - Sид | mm | 14 | 14 |
| - Бетон | mm | 14 | 14 |
| - Челик | mm | 12 | 12 |
| - Дрво | mm | 30 | 30 |
| - Со монтиран контејнер за прав | mm | - | - |
| Опсег на затегнување на главата | mm | 2-13 | 2-13 |
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 | kg | 1,7 | 1,7 |
| Класа на заштита | ☐ / II | ☐ / II | |
Податоциите важат за номинален напон [U] од 230 V. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја.
Информации за бучава/вибрации
Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-2-1.
Нивото на звук на електричниот алат оценето со А типично изнесува: ниво на звучен притисок 97 dB(A); ниво на звучна јачина 108 dB(A). Несигурност K = 5 dB. Носете заштита за слухот!
90 | Македонски
| UniversalImpact650 | UniversalImpact700 | UniversalImpact700 + Drill Assistant | UniversalImpact730 |
Вкупните вредности на вибрации a_h (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 62841-2-1:
Дупчење во метал:
Ударно дупчење во бетон:
Вкупните вредности на вибрации a_h (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 62841-2-1:
Дупчење во метал:
| a_h | m/s^2 | 10 | 10 |
| K | m/s^2 | 2,5 | 2,5 |
Ударно дупчење во бетон:
Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.
Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.
Монтажа
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Пред да извршите било што, проверете дали е зацврстена пеперутка-завртката. Губењето на контролата може да доведе до повреди.
▶ Користете го вашиот електричен алат само со дополнителна рачка (20).
Завртете ја пеперутка-завртката (21) во правец спротивен од стрелките на часовникот и вметнете ја дополнителната дршка (9) во саканата позиција врз
главата за дупчење на грлото на вретеното на електричниот алат.
Може да ја вртите помошната рачка (20) за безбедно и неуморно да работите.
Свртете ја помошната рачка (20) во саканата позиција и повторно затегнете ја пеперутка-завртката (21) во правец на стрелките на часовникот.
Подесување на длабочината на дупчење (види слика В)
Со граничникот за длабочина (23) може да се утврди длабочината на дупчење X.
Притиснете го копчето за подесување на граничникот за длабочина (22) и поставете го граничникот за длабочина во дополнителната рачка (9).
Избраздениот дел на граничникот за длабочина (23) мора да покажува надолу.
Извлечете го граничникот за длабочина (23) до степен што растојанието меѓу врвот на дупчалката и врвот на граничникот за длабочина (23) ће одговара на саканата длабочина на дупчење X.
Drill Assistant
Поставување на Drill Assistant (види слики C - D)
Drill Assistant (10) може да се користи со и без уред за собирање на прав (13). Користењето на уред за собирање на прав (13) е ограничено на дупчалката со дијаметар од 12 mm и должна од 120 mm.
Вметнете го уредот за собирање на прав (13) во прифатот (26).
Притиснете го копчето за отклучување (8), за да ја олабавите Drill Assistant (10) од нејзината позиција.
Вметнете ja Drill Assistant (10) врз главата за дупчење на грлото на вретеното на електричниот алат.
За блокирање, затегнете ја пеперутка-завртката (18) во правец на стрелките на часовникот.
Подесување на длабочината на дупчење (види слики E – F)
Монтирајте ја дупчалката (види поглавје „Замена на алат“).
Со прстенот за подесување (17) може да се утврди длабочината на дупчење X.
За отклучување, завртете го прстенот за подесување (17) кон лево. Лоставете го садот за прав (11) или прифатот (26) да лежи рамно на sidот или на делот што се обработува. Ставете го врют на дупчалката во sidот одн. во делот што се обработува.
Вметнете го прстенот за подесување (17) наназад додека растојанието на саканата длабочината на дупчење X не одговара или поставете типла на шината и вметнете го прстенот за подесување (17) наназад до типлата. За заклучување, завртете го прстенот за подесување (17)
. Повторно извадете ја типлата од шината. Длабочината на дупчење сега одговара на поставената должна X на шината.
Напомена: При користење на типли, важна е точната длабочина на дупчење. Доколку издупчената дупка е предлабока, типлата се лизга во sidот одн. делот што се обработува. Доколку дупката е премала, типлата е извадена.
Садот за прав (11) е доволен за околу 25 дупчења во сид со длабочина на дупчење од 30 mm со дијаметар од 6 mm.
За вадење на садот за прав (11) притиснете на страничните копчиња за отклучување (12) и извлечете го садот за прав надолу.
Испразнете го садот за прав (11) и повторно вметнете го (да се слушне кога їе се вклопи).
Демонтирање на Drill Assistant
Држете ја притисната стегата (16) на уредот за собирање на прав (13) и извлечете го уредот за собирање на прав (13) нанапред.
Завртете ја пеперутка-завртката (18) во правец спротивен од стрелките на часовникот додека дополнителната рачка (9) не се премести и извлечете ја (9) од електричниот алат.
За отклучување, завртете го прстенот за подесување (17) кон лево
Држете ја цврсто помошната рачка (9) и вметнете ја шината во правец на дополнителната рачка, додека не слушнете да се вклопи.
Всисување на прав/сад за прав
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или metabolувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат за канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест смеат да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате.
▶ Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.
Контејнерот за прав користете го само при обработка на бетон и камења. Дрвените и пластични струготини може да доведат до запушување.
92 | Македонски
▶ Внимание опасност од пожар! Не обработувајте метални материјали со монтиран сад за прав.
Жешките метални струготини може да ги запалат деловите на контејнерот за прав.

За оптимално да го користите садот за прав, ве молиме внимавајте на следните напомени:
- Внимавајте садот за прав да лежи рамно на делот што се обработува, одн. на сидот. Притоа истовремено се олеснува правоаголното дупчење.
– По постигнување на саканата длабочина на дупчење, најпрво извлечете ја дупчалката од издупчената дупка и исключете ја ударната дупчалка. - Особено при работење со голем дијаметар на дупчење, прстенот за заштита од прав (15) може да се изаби. Доколку се оштети, заменете го.
Промена на алат
▶ Притиснете го копчето за фиксирање на вретеното (2) само доколку електричниот алат е во состојба на мирување.
Со притискање на копчето за фиксирање на вретеното (2) за дупчење їе се фиксира. Ова овозможува брзо, лесно и едноставно менување на алатот за вметнување во главата за дупчење.
Отворете ја брзозатегнувачката глава за дупчење (1) со вртење во правец ①, додека не се стави алатот. Вметнете го алатот.
Чаурата на брзозатегнувачката глава за дупчење (1) свртете ја цврсто со рака во правец ②, додека целосно не се заклучи. Со тоа, главата автоматски се заклучува.
Блокадата повторно їе се олабави, ако при притиснато копче за фиксирање на вретеното ја свртите чаурата во спротивен правец за да го извадите алатот.
▶ Притиснете го копчето за фиксирање на вретеното (2) само доколку електричниот алат е во состојба на мирување.
Со притискање на копчето за фиксирање на вретеното (2) за дупчење їе се фиксира. Ова овозможува брзо, лесно и едноставно менување на алатот за вметнување во главата за дупчење.
▶ При менување на алатот носете заштитни ракавици. За време на долготрајни работни процеси, главата за дупчење може да се вжешти.
Со вртење отворете ја запчестата глава за дупчење (28), додека не се отвори за да може да вметне алатот.
Вметнете го алатот.
Клучот за затегнување на главата за дупчење (29) ставете го во соодветните отвори на запчестата глава за дупчење (28) и рамномерно затегнете го алатот.
Алати за зашрафување
При користење на битови за одвртувачот (25) секогаш треба да користите универзален држач за битови (24). Користете само битови што се соодветни на главата за навртување.
За навртување секогаш поставувајте го прекинувачот „Дупчење/ударно дупчење“ (3) на ознаката „Дупчење“.
Менување на главата за дупчење
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
Демонтирање на главата за дупчење (види слика J) Демонтирајте ја помошната рачка (9).
Ставете една челична чивија ∅ 4 mm со околу 50 mm должна во дупката на грлото од вретеното, за да го блокирате вретеното за дупчење. Клучот со внатрешна шестаголна глава (27) со краток крак зацврстете го во брзозатегнувачката глава за дупчење (1).
Поставете го електричниот алат на стабилна подлога, на пр. на работна клупа. Држете го цврсто електричниот алат и олабавете ја брзозатегнувачката глава (1) со вртење на клучот со внатрешна шестаголна глава (27) во правец ⚠. Со лесен удар на долгиот крак на клучот со внатрешна шестаголна глава (27) се олабавува цврсто вметнатата брзозатегнувачка глава за дупчење. Извадете го клучот со внатрешна шестаголна глава од брзозатегнувачката глава за дупчење и целосно одвртете ја истата.
Монтирање на главата за дупчење (види слика К)
Монтажата на брзозатегнувачката глава за дупчење (1) ке ја извршите по обратен редослед.
По извршената монтажа на главата за дупчење, повторно извадете ја челичната чивија од дупката.

Главата за дупчење мора да биде зацврстена со вртежен момент од 30 – 35 Nm.
Употреба
Ставање во употреба
▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот уред. Електричните алати означени со 230 V исто така може да се користат и на 220 V.
Подесување на правецот на вртење (види слика L)
Со прекинувачот за менување на правецот за вртење (4) може да го промените правецот на вртење на електричниот алат. Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување (6) е притиснат ова не е возможно.
Вртење во десно: За навртување на завртки и прицврстување на навртки притиснете го прекинувачот за менување на правец на вртење (4) на лево до крај.
Вртење во лево: За олабавување одн. одвртување на завртки и навртки притиснете го прекинувачот за менување на правецот на вртење (4) на десно до крај.
Подесување на режимот на работа

Дупчење и одвртување
Поставете го прекинувачот (3) на ознаката „Дупчење“.

Ударно дупчење
Поставете го прекинувачот (3) на ознаката „Ударно дупчење“.
Прекинувачот (3) ке се вклопи и може да се активира и додека работи моторот.
Вклучување/исклучување
За ставање во употреба на електричниот алат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (6) и држете го притиснат.
За фиксирање на притиснатиот прекинувач за включување/исклучување (6) притиснете го копчето за фиксирање (5).
За да го исключите електричниот алат, ослободете го прекинувачот за вклучување/исклучување (6) одн. доколку тој е блокиран со копчето за фиксирање (5), кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (6) и потоа отпуштете го.
Подесување на бројот на вртежи/удари
Бројот на вртежите/ударите на вклучениот електричен алат може да го регулирате бесстепено, во зависност од тоа колку подалеку їе го притиснете прекинувачот за вклучување/исклучување (6).
Со нежно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (6) се постигнуваат мал број на вртежи/удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и бројот на вртежи/удари.
Бирање на бројот на вртежи/удари
Со вртливото копче за подесување на бројот на вртежи (7) може да го изберете потребниот број на вртежи/удари и за време на користењето на алатот.
Неопходниот број на вртежи/удари зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди со практична примена.
Совети при работењето
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Електричниот алат ставете го на навртката/завртката само доколку е ислучен. Доколку алатите што се вметнуваат се включени и се вртат, тие може да се превртат.
По подолго работење со мал број на вртежи, за да го оладите електричниот алат оставете го да се врти во празен од околу 3 минути со максимален број на вртежи.
Вадење на уредот за собирање на прав (види слики М-О)
Отстранувањето на уредот за собирање на прав (13) е потребно:
– за користење на Drill Assistant (10) како граничник за длабочина
▶ Пред било каква интервенција на електричниот алат, извлечете го струјниот приклучок од сидната дозна.
▶ Одржувајте ги чисти електричниот алат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични алати, за да избегнете загрозување на безбедноста.
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба ће одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така ће најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
94 | Srpski
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Електричните алати, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

Не ги фрлајте електричните алати во домашната канта за отпадоци!
Само за земјите од ЕУ:
Според Европската регулатива 2012/19/EU за електрични и електронски уреди и нивната имплементација во националното право, електричните алати што се вон употреба мора одделно да се собираат и да се рециклираат на еколошки прифатлив начин.