BOSCH GLL 12V-100 CG Professional - мерни уреди

GLL 12V-100 CG Professional - мерни уреди BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GLL 12V-100 CG Professional BOSCH во PDF формат.

📄 623 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice BOSCH GLL 12V-100 CG Professional - page 436
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за GLL 12V-100 CG Professional BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот мерни уреди во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GLL 12V-100 CG Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GLL 12V-100 CG Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GLL 12V-100 CG Professional BOSCH

Македонски....Страница 436

Shqip....Fage 454

Srpski Strana 472

Slovenščina .... Stran 490

Безбедносни напомени

BOSCH GLL 12V-100 CG Professional - Безбедносни напомени - 1

Сите упатства треба да се прочитают и да се внимава на нив, за да може безбедно и без опасност да работите со мерниот уред. Доколку мерниот уред не се користи согласно приложените инструкции, може да се наруши функцијата на вградените заштитни механизми во мерниот уред. Не ги оштетувајте налепниците за предупредување. ДОБРО ЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА И ПРЕДАДЕТЕ ГИ ЗАЕДНО СО МЕРНИОТ УРЕД.

▶ Внимание – доколку користите други уреди за подесување и ракување освен овде наведените или поинакви постапки, ова може да доведе до опасна изложеност на зрачење.
▶ Мерниот уред се испорачува со ознака за предупредување за ласерот (означено на приказот на мерниот уред на графичката страна).
Доколку текстот на ознаката за предупредување за ласерот не е на Вашиот јазик, врз него залепете ја налепницата на Вашиот јазик пред првата употреба.

BOSCH GLL 12V-100 CG Professional - Безбедносни напомени - 2

Не го насочувајте ласерскиот зрак кон лица или животни и немојте и Вие самите да гледате во директниот или рефлектирачкиот ласерски зрак. Така може да ги заслепите лицата, да предизвикате несреći или да ги оштетите очите.

Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш треба да ги затворите и да ја тргнете главата од ласерскиот зрак.
▶ Не правете промени на ласерскиот уред.
▶ Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење.
▶ Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како очила за сонце или пак во сообраќајот. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои.
▶ Мерниот уред смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал и само со оригинални резервни делови. Само на тој начин їе бидете сигурни во безбедноста на мерниот уред.
▶ Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот мерен уред без надзор. Без надзор, тие може да се заслепат себеси или други лица.
▶ Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Мерниот уред создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
▶ Не модифицирајте и отворајте ја батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ При погрешно користење или при оштетена батерија може да истече запалива течност од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушки чад, да експлодира или да се прегрее.

438 | Македонски

Heупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, завртки или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ќе се заштити од опасно преоптоварување.
▶ Батериите полнете ги со полначи што се препорачани ислучиво од производителот. Доколку полначот за кој се наменети одреден вид на батерии, се користи со други батерии, постои опасност од пожар.

BOSCH GLL 12V-100 CG Professional - | Македонски - 1

BOSCH GLL 12V-100 CG Professional - | Македонски - 2

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.

BOSCH GLL 12V-100 CG Professional - | Македонски - 3

Не ја принесувајте магнетната опрема во близина на импланти или други медицински уреди, на пр. пејсмејкери или инсулинска пумпа. Магнетите на опремата создаваат поле кое може да ја наруши на функцијата на имплантите или на медицинските уреди.

▶ Магнетната опрема држете ја подалеку од магнетски носачи на податоци и уреди чувствителни на магнет. Поради влијанието на магнетот на опремата може да дојде до неповратно губење на податоците.
▶ Мерниот уред е опремен со безжичен интерфејс. Треба да се внимава на локалните оперативни ограничувања, на пр. во авиони или болници.
Ознаката со зборови Bluetooth® како и сликите (логоата) се регистрирани марки и сопственост на Bluetooth SIG, Inc. Секое користење на оваа ознака со зборови/слики се врши со лиценца преку Robert Bosch Power Tools GmbH.
▶ Внимание! При користењето на мерниот уред со Bluetooth® може да настанат пречки на другите уреди и системи, авиони и медицински апарати (на пр. пејсмејкер, апаратчиња за слушање). Исто така не може целосно да се исклучи можноста за повреда на лује и животни во непосредна околина. Не го користете мерниот уред со Bluetooth® во близина на медицински уреди, бензински пумпи, хемиски уреди, области со опасност од експлозија и во близина на мински полиња. Не го користете мерниот уред со Bluetooth® во авиони. Избегнувајте долготрајна употреба во директна близина на телото.

Опис на производот и перформансите

Видете ги илустрациите во предниот дел од упатството за работа.

Употреба со соодветна намена

Мерниот уред е наменет за одредување и проверка на хоризонтални и вертикални линии.

Мерниот уред е погоден за користење во внатрешен и надворешен простор.

Овој производ е потрошувачки ласерски производ во согласност со EN 50689.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на мерниот уред на графичката страница.

(1) Копче за ласерскиот вид на работа
(2) Копче Bluetooth®
(3) Приказ за Costaјба на наполнетост на акумулаторската батерија/батериите
(4) Прекинувач за вклучување/исклучување
(5) Излезен отвор за ласерскиот зрак
(6) Натпис за предупредување на ласерот
(7) Сериски број
(8) Прифат на стативот 5/8"
(9) Прифат на стативот 1/4"
(10) Батерија ^a)
(11) Капаче за затворање на батерискиот адаптер
(12) Копче за отклучување на батеријата/батерискиот адаптер
(13) Батерии ^a)
(14) Обвивка за батерискиот адаптер
(15) Преграда за батеријата
(16) Држач (LB 10) ^a)
(17) Магнет ^a)
(18) 1/4"-завртка на држачот ^a)
(19) Отвор за завртката на држачот ^a)

440 | Македонски

(20) Стега за покрив (DK 20) ^a)
(21) Универзален држач ^a)
(22) Ласерска целна табла ^a)
(23) Ласерски заштитни очила ^a)
(24) Ласерски приемник ^a)
(25) Статив ^a)
(26) Телескопска прачка ^a)
(27) Батериски адаптер ^a)
(28) Заштитна чанта ^a)
(29) Kyфер a)

a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандартниот обем на испорака.

Технички податоци

Линиски ласер GLL 12V-100-33 CG
Број на дел3 601 K65 4..
Работен простор (радиус) ^A)
– Стандардно 30 m
– со ласерски приемник 5–100 m
Точност на нивелирање ^B)C)D) ±0,3 mm/m
Поле на самонивелирање ±4°
Време на нивелирање < 4 s
макс. оперативна висина преку референтната висина2000 m
макс. релативна влажност на воздухот 90 %
Степен на извалканост според IEC 61010-1 2E)
Класа на ласер 2
Тип на ласер < 10 mW, 500–540 nm
C_6 10
Отстапување 50 × 10 mrad (целосен агол)
Најкратко времетраење на импулсот 1/10000 s
Фреквенција на пулс 10 kHz

1 609 92A 9AX | (14.08.2024) Bosch Power Tools

Линиски ласер GLL 12V-100-33 CG

Компатибilen ласерски пrieмник LR 7
Прифат за стативот 1/4", 5/8"
Напоување со енергija
– Литуим-юнска бaterија 12 V
– Алkalно-мангански бaterии (со адаптер за бaterии)4 × 1,5 V LR6 (AA)
Времетраење на режимот со 3 ласерски линииF)
– со литуим-юнска бaterија 6 h
– со алkalно-мангански бaterии 4 h
Bluetooth® meren уред
– Компатибилност Bluetooth® 5.2 (Low Energy)G)
– Мaks. onceg на сигналот 30 mH)
– Опсег на оперативна фреквенција 2402–2480 MHz
– Мaks. јачина на пренос 3,3 mW
Bluetooth® паметен телефон
– Компатибилност Bluetooth® 5.2 (Low Energy)G)
ТежинаI)0,96 kg
Димензии (должина × ширина × висина) 162 × 89 × 139 mm
Вид на заштитаJ)IP65
препорачана околна температура при полнење 0 °C ... +35 °C
дозволена околна температура при работа –10 °C ... +40 °C
дозволена околна температура при складирање (без бaterија)–20 °C ... +70 °C
препорачани бaterии(2–3 Ah)GBA 12V...

442 | Македонски

Линиски ласер GLL 12V-100-33 CG

A) Работното поле може да се намали поради неповолни услови на околината (на пр. директна изложеност на сончеви зраци).
В) Важи за четирите хоризонтални точки на вкрстување.
С) Дадените вредности предвидуваат нормални до поволни услови на околината (на пр. нема вибрации, нема магла, нема чад, нема изложеност на сончеви зраци). По екстремни температури може да дојде до отстапување во точноста.
D) При максимально поле на самонивелирање, треба да се пресмета дополнительно отстапување од ± 0,1 mm/m.
E) Настануваат само неспроводливи нечистотии, но повремено се очекува привремена спроводливост предизвикана од кондензација.
F) пократко времетраење при режим со Bluetooth®
G) Kaj Bluetooth®-уредите со ниска енергија, во зависност од моделот и оперативниот систем не е возможно воспоставување на врската. Bluetooth®-уредите мора да поддржуваат SPP профил.
Н) Опсегот може многу да варира во зависност од надворешните услови, включително и приемникот што се употребува. Во затворените простории и со метални бариери (на пр. сидови, регали, куфери итн.) опсегот на Bluetooth® може значително да се намали.
I) Тежина без акумулаторска батерија/батериски адаптер/батерија
J) Литиум-јонската батерија и батерискиот адаптер се ислучени од класата за заштита.
Серискиот број (7) на спецификационата плочка служи за јасна идентификација на Вашиот мерен уред.

Снабдување со енергија на мерниот уред

Мерниот уред може да се користи или со обични батерии или со литиум-јонски батерии од Bosch.

Работа со батерии

За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански батерии.

Батериите се ставаат во батерискиот адаптер.

▶ Батерискиот адаптер е наменет ислучиво за предвидените мерни уреди на Bosch и не смее да се користи со електрични алати.

За вметнување на батериите ставете ја обвивката (14) на батерискиот адаптер во отворот за батерии (15). Ставете ги батериите според сликата на капачето за затворање (11) во обвивката. Ставете го капачето за затворање над обвивката, додека не се слушнете да се вклопи.

За вадење на батериите (13) притиснете на копчињата за отклучување (12) на капачето за затворање (11) и повлечете го. Извадете ги батериите. За да ја извадите внатрешната обвивка (14) од преградата за батерии, фатете ја и извлечете ја со лесно притискање на страничниот сид од мерниот уред.

Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.

▶ Ако не го користите мерниот уред подолго време, извадете ги батериите. При подолго складирање, батериите во мерниот уред може да кородираат.

Работа со батерија

▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци.

Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија што се користи за Вашиот мерен уред.

Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.

За вметнување на наполнета батерија (10) вметнете ја во отворот за батерии (15), се додека не слушнете да се вклопи.

За вадење на батеријата (10) притиснете на копчињата за отклучување (12) и извлечете ја од отворот (15). Притоа не употребувајте сила.

Напомени за оптимално користење на батериите

Заштитете ја батеријата од влага и вода.

Складирајте ја батеријата во опсег на температура од – 20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.

Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.

Внимавајте на напомените за отстранување.

Приказ за сostoјба на наполнетост на мерниот уред

Приказот на состојбата на наполнетост (3) при включен мерен уред ја прикажува актуелната состојба на наполнетост на акумулаторските батерии одн. батериите.

Ако акумулаторот одн. батериите ослабуваат, светлоста на ласерските линии полека се намалува.

Доколку батериите се скоро испразнети, тогаш приказот за Costaјба на наполнетост (3) трепка постојано. Ласерските линии трепкаат на секои 5 min по 5 s.

444 | Македонски

Ако се празни батериите, ласерските линии и приказот за состојба на наполнетост (3) трепкаат уште еднаш, пред да се исклучи мерниот уред.

Употреба

Ставање во употреба

▶ Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви зраци.
▶ Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или температурни осцилации. На пр. не го оставајте долго време во автомобилот. При големи температурни осцилации, оставете го мерниот уред прво да се аклиматизира и направете проверка за точноста секогаш пред да продолжите со работа (види „Контрола на точноста на мерниот уред“, Страница 448). При екстремни температури или температурни осцилации, прецизноста на мерниот уред може да се наруши.
▶ Избегнувајте удари и превртувања на мерниот уред. По силни надворешни влијанија на мерниот уред, пред да го употребите за работа, секогаш извршете контрола на точноста (види „Контрола на точноста на мерниот уред“, Страница 448).
▶ Исклучете го мерниот уред за време на транспортот. При исклучувањето, се блокира осцилирачката единица, која би се оштетила при интензивни движења.

Вклучување/исклучување

За вклучување на мерниот уред притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (4) во позиција ON. Веднаш по вклучувањето, мерниот уред испраќа ласерска линија од горниот излезен отвор (5).

▶ Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост.

За исклучување на мерниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (4) во позиција OFF. При исклучување, осцилирачката единица се блокира.

▶ Не го оставајте включениот мерен уред без надзор и исключете го по употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак.

Доколку температурата на мерниот уред со приближува до највисоката дозволена оперативна температура, светлоста на ласерските линии полека се намалува.

Ако се надмине максимальната дозволена работна температура, ласерските линии трепкаат брзо едноподруго, по што мерниот уред се ислучува. Откако їе се олади, мерниот уред е повторно подготвен за работа и може одново да се вклучи.

Деактивирање на автоматиката за исклучување

Доколку околу 120 min не се притисне ниедно копче на мерниот уред, тој се ислучува автоматски заради заштита на акумулаторските батерии одн. батериите.

За да го включите мерниот уред веднаш по автоматското ислучување, можете или најпрво да го притиснете прекинувачот за вклучување/ислучување (4) во позиција OFF и потоа повторно да го включите мерниот уред, или да притиснете на некое од копчињата за режим на работа на ласерот (1).

За да ја деактивирате автоматиката за ислучување, држете (при включен мерен уред) притиснато едно од копчињата за режим на работа на ласерот (1) најмалку 3 s. Доколку автоматиката за ислучување е деактивирана, ласерските зраци кратко трепкаат за потврда.

За да го активирате автоматското ислучување, исключете го мерниот уред и повторно включете го.

Начини на работа

Мерниот алат може да генерира една хоризонтална и две вертикални ласерски линии.

По вклучувањето на мерниот уред, хоризонталната ласерска линија се вклучува. Можете да ја включите и исключите секоја од ласерските линии независно. За таа цел, притиснете го копчето за режимот на работа на ласerot поврзано со ласерската линија (1).

Сите начини на работа се можни со автоматика за нивелирање, како и со функција за навалување.

Сите начини на работа се наменети за работа со ласерски приемник (24).

Автоматика за нивелирање

Мерниот уред во секое време ја контролира положбата за време на работата. При поставувањето во полето на самонивелирање од ±4° работи со автоматиката за нивелирање. Надвор од полето на самонивелирање се менува автоматски во функција за навалување.

Работење со автоматика за нивелирање

Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста подлога, прицврстете го на држачот (16) или на стативот (25).

446 | Македонски

Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува нерамнините во полето на самонивелирање од ±4°. Штом ласерските зраци трепкаат постојано, мерниот уреде изнивелиран.

Доколку не е возможно автоматско нивелирање, на пр. бидејки подлогата на мерниот уред отстапува повеće од 4° од хоризонталата, ласерските линии прво трепкаат 2 s со брзо темпо, потоа секои 5 s неколку пати со брзо темпо. Мерниот уред се наога во функција на навалување.

За дополнително работење со автоматиката за нивелирање поставете го мерниот уред хоризонтално и почекајте го самонивелирањето. Штом ќе се најде мерниот уред во полето на самонивелирање од ±4° ласерските зраци светат непрекинато.

При вибрации или промена на положбата за време на работата, мерниот уред повторно се нивелира автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја позицијата на ласерските зраци во однос на референтните точки, за да се избегнат грешките при поместување.

Работење со функција за навалување

Поставете го мерниот уред на навалена подлога. При работењето со функција за навалување трепкаат ласерските линии прво 2 s со брзо темпо, потоа секои 5 s неколку пати со брзо темпо.

Во функцијата за навалување ласерските линии повеće не се нивелираат и не мора да се вертикално една кон друга.

Далечинско управување преку „Bosch Levelling Remote App“

Мерниот уред е опремен со Bluetooth®-модул, којшто со помош на безжична технологија дозволува далечинско управување со помош на паметен телефон со Bluetooth®-интерфејс.

За користење на оваа функција потребна е апликацијата (App) „Bosch Levelling

Remote App". Hea можете да ја преземете од соодветниот App-Store во зависност од крајниот уред (Apple App Store, Google Play Store).

Информации за потребните системски предуслови за Bluetooth®-врска їе најдете на интернет страната на Bosch на www.bosch-pt.com.

При далечинско управување со помош на Bluetooth® може да настанат временски одложувања помеѓу мобилниот и мерниот уред поради лоши услови за прием.

Воспоставете/прекинете врска со мобилниот краен уред

По вклучувањето на мерниот уред, функцијата Bluetooth® секогаш е исклучена.

Включете ја функцијата Bluetooth® за далечинско управување:

- Притиснете го кратко копчето Bluetooth® (2). Копчето полека трепка за потврда.

– Ако мерниот уред веке бил поврзан со мобилен краен уред и овој мобилен краен уред е во домет (со активиран интерфејс Bluetooth®), тогаш врската со овој мобилен краен уред автоматски се воспоставува повторно. Поврзувањето успешно се воспоставува, кога копчето Bluetooth® (2) свети непрекинато.

Врската преку Bluetooth® може да се прекине поради големото растојание или пречки помеѓу мерниот и мобилниот уред, како и поради електромагнетски извори на пречки. Во овој случај трепка копчето Bluetooth® (2).

Повторно воспоставување врска (првично поврзување или поврзување со друг мобилен краен уред):

– Проверете дали интерфејсот Bluetooth® е активиран на мобилниот краен уред и дали Bluetooth® е включен на мерниот уред.
– Старувајте го Bosch Levelling Remote App. Доколку се пронајдени повеќе активни мерни уреди, изберете го соодветниот мерен уред.
- Притиснете го копчето Bluetooth® (2) на мерниот уред и држете го додека копчето не трепка брзо.
– Потврдете ја врската на вашиот мобилен уред.
- Поврзувањето успешно се воспоставува, кога копчето Bluetooth ^ (2) свети непрекинато.
- Ако не е можно поврзување, копчето Bluetooth® (2) продолжува брзо да трепка. Функцијата Bluetooth® исклучете ja:

Накратко притиснете го копчето Bluetooth® (2), за да се ислучи или исключете го мерниот уред.

Ресетирање на фабрички поставки:

– При ресетирање на фабрички поставки, сите податоци за поврзување во мерниот уред се бришат.
– Ако има мобилен краен уред во опсегот на кој мерниот уред веće бил поврзан, или исключете ја функцијата Bluetooth® или избришете ја врската со мерниот уред на крајниот уред.
- Включете го мерниот уред. Потоа притиснете кратко на копчето Bluetooth® (2) на мерниот уред. Копчето полека трепка за потврда.
- Потоа притиснете го копчето Bluetooth ^ (2) и копчето за режимот на работа на ласерот (1) 3 s, додека не светне кратко копчето Bluetooth ^ (2) и не се исклучи.
– Мерниот уред е ресетиран на фабричките поставки.

Ажурирање на софтвер за мерниот уред

Ако е достаточно ажурирање на софтверот за мерниот уред, се појавува известување во Bosch Levelling Remote App. За да го инсталирате ажурирањето, следете ги упатствата во апликацијата.

За време на ажурирањето, копчето Bluetooth® (2) трепка брзо. Сите други копчиња се деактивирани и ласерските линии се ислучуваат додека ажурирањето не биде успешно инсталирано.

Контрола на точноста на мерниот уред

Влијанија на точноста

Најголемо влијание врши околната температура. Особено температурните разлики кои се движат од подот нагоре може да го пренасочат ласерскиот зрак.

Се препорачува мерниот уред да го користите на статив за да ги минимизирате термичките влијанија од топлината што се крева од подот. Доколку е возможно, поставувате го мерниот уред во средината на работната површина.

Освен надворешните влијанија, до отстапување може да доведат и влијанијата специфични за уредот (како на пр. падови или јаки удари). Затоа, пред секој почеток на работа проверете ја точноста на нивелирањето.

Најпрво проверете ја точноста на нивелирањето на хоризонталната ласерска линија, а потоа точноста на нивелирањето на вертикалните ласерски линии.

Доколку при некоја од проверките мерниот уред го надмине максимальното отстапување, тогаш треба да се поправи од страна на сервисната служба на Bosch.

Проверка на хоризонталната точност при нивелирање на попречната оска

За проверката потребна ви е слободна мерна линија од 5 m на цврста подлога помеѓу два сида А и В.

– Монтирајте го мерниот уред во близина на сидот А на еден статив или поставете го на цврста, рамна подлога. Включете го мерниот уред. Включете ја хоризонталната ласерска линија и вертикалната ласерска линија пред мерниот уред.

BOSCH GLL 12V-100 CG Professional - Проверка на хоризонталната точност при нивелирање на попречната оска - 1

text_image A B 1 5 m

– Насочете го ласерот во близина на sidот А и оставете го мерниот уред да се нивелира. Обележете ја средината на точката, каде ласерските линии се вкрстуваат на sidот (точка I).

BOSCH GLL 12V-100 CG Professional - Проверка на хоризонталната точност при нивелирање на попречната оска - 2

text_image A 180° B I II

– Свртете го мерниот уред за 180°, оставете го да се нивелира и означете ја точката на вкрстување на ласерските линии на спротивниот сид В (точка II).

– Поставете го мерниот уред – без да го вртите – во близина на сидот В, включете го и оставете го да се нивелира.

BOSCH GLL 12V-100 CG Professional - Проверка на хоризонталната точност при нивелирање на попречната оска - 3

text_image A B I II

– Поставете го мерниот уред по висина (со помош на стативот или евентуално со подлогата), така што точката на вкрстување на ласерските линии точно је ја погоди претходно означената точка II на сидот В.

BOSCH GLL 12V-100 CG Professional - Проверка на хоризонталната точност при нивелирање на попречната оска - 4

text_image A I d III 180° B II

– Свртете го мерниот уред за 180°, без да ја промените висината. Насочете го на сидот А, така што вертикалната ласерска линија проаға низ веке означената точка I. Оставете го мерниот уред да се нивелира и означете ја точката на вкрстување на ласерските линии на сидот А (точка III).

- Разликата d на двете означени точки I и III на sidот A го дава фактичкото отстапување од висината на мерниот уред.

На мерна линија од 2 × 5 m = 10 m го дава максимальното дозволено отстапување: 10 m × ±0,3 mm/m = ±3 mm. Разликата d меѓу точките I и III смее да изнесува најмногу 3 mm.

Проверка на точноста на нивелирањето на вертикалните линии

За контрола потребен ви е отвор од вратата, каде (на цврста подлога) на секоја страна од вратата има место од најмалку 2,5 m.

– Поставете го мерниот уред на 2,5 m растојание од отворот на вратата на цврста, рамна подлога (не на статив). Включете го мерниот уред и вертикалната ласерска

линија фронтално пред мерниот уред. Насочете ја ласерската линија на отворот од вратата и оставете го мерниот уред да нивелира.

BOSCH GLL 12V-100 CG Professional - Проверка на точноста на нивелирањето на вертикалните линии - 1

– Означете ја средината на вертикалната ласерска линија на подот од отворот на вратата (точка I), на 5 m растојание од другата страна на отворот од вратата (точка II), како и на горниот раб на вратата од отворот (точка III).

BOSCH GLL 12V-100 CG Professional - Проверка на точноста на нивелирањето на вертикалните линии - 2

– Свртете го мерниот уред за 180° и поставете го на другата страна на отворот на вратата директно зад точката II. Оставете го мерниот уред да се нивелира и насочете ја вертикалната ласерска линија така што нејзината средина ќе поминува точно низ точките I и II.

  • Обележете ја средината на ласерската линија на горниот раб на отворот на вратата како точка IV.
  • Разликата d на двете означени точки III и IV го дава фактичкото отстапување на мерниот уред од вертикалните линии.
    – Измерете ја висината на отворот од вратата.

Повторете го мерниот процес за второто вертикално ласерската линија. За таа цел, включете ја вертикалната ласерска линија на страната на мерниот уред и завртете го мерниот уред за 90° пред да започнете со мерниот процес.

Максималното дозволено отстапување го пресметувате на следниот начин:

двојна висина на отворот на вратата × 0,3 mm/m

Пример: При висина на отворот на вратата од 2 m максимальното отстапување смее да изнесува

2 × 2 m × ± 0,3 mm/m = ± 1,2 mm. Точките III и IV смеат да лежат најмногу 1,2 mm една од друга.

Совети при работењето

▶ За обележување, секогаш користете ја само средината на ласерската линија. Ширината на ласерската линија се менува со оддалечувањето.

Работење со држачот LB 10 (види слики A–D)

Со помош на држачот (16) можете да го прицврстите мерниот уред или магнетибилните материјали на вертикални површини. Во комбинација со стегата за плафон (20) мерниот уред може да се израмни и во висина.

Поставете го мерниот уред со 1/4"-прифатот за статив (9) на 1/4"-завртката (18) на држачот и прицврстете го.

Можности за прицврстување на држачот (16):

– Со вообичаена завртка за прицврстување на отворот за завртката (19) на дрво (види слика В),

– Со магнетите (17) на магнетизирани материјали (види слика C),

– Со стегата за плафон (20) на лајсните за плафон (види слика D).

▶ Држете ги прстите подалеку од задниот дел на магнетната опрема кога ја прикачувате на површините. Поради јаката сила на влечење на магнетите, Вашите прсти може да се заглават.

Грубо центрирајте го држачот (16) пред да го включите мерниот уред.

Работење со целна табла за ласерот

Целната табла за ласерот (22) ја подобрува видливоста на ласерскиот зрак при неповолни услови и големи растојанија.

Рефлектирачката површина на целната табла на ласерот (22) ја подобрува видливоста на ласерската линија, низ транспарентната површина ласерската линија е видлива и од задната страна на целната табла на ласерот.

Работење со стативот

Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може да се подесува по висина. Поставете го мерниот уред со 1/4"-прифатот на стативот (9) на навојот на стативот (25) или обичен фото статив. За прицврстување на обичен градежен статив, користете 5/8"-прифат за статив (8). Зацврстете го мерниот уред со завртка за фиксирање на стативот.

Грубо центрирајте го стативот, пред да го включите мерниот уред.

Прицврстување со универсалниот држач (види слика F)

Со помош на универсалниот држач (21) може да го прицврстите мерниот уред на пр. на вертикални површини или магнетизирани материјали. Универзалниот држач

452 | Македонски

и исто така погоден и како поден статив и го олеснува подесувањето по висина на мерниот уред.

▶ Држете ги прстите подалеку од задниот дел на магнетната опрема кога ја прикачувате на површините. Поради јаката сила на влечење на магнетите, Вашите прсти може да се заглават.

Грубо центрирајте го универсалниот држач (21), пред да го включите мерниот уред.

Работење со ласерскиот приемник (види слика F)

При неповолни светлосни услови (осветлена околина, директни сончеви зраци) и на големи растојанија за подобро наогање на ласерските линии користете го ласерскиот приемник (24).

Сите начини на работа се наменети за работа со ласерски приемник (24).

Ласерски заштитни очила

Ласерските заштитни очила ја филтрираат околната светлина. На тој начин светлото на ласерот изгледа посветло за окото.

▶ Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење.

▶ Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како очила за сонце или пак во сообраćajot. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои.

Примери за работа (види слики E-J)

Примери за можностите на примена на мерниот уред ке најдете на графичките страници.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.

Не го потопувајте мерниот уред во вода или други течности.

Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење или раствори.

Редовно чистете ги површините околу излезниот отвор на ласерот и притоа внимавајте на влакненцата.

Мерниот уред смее да се складира и транспортира само во заштитна чанта (28) одн. куфер (29).

Во случај на поправка, испратете го мерниот уред во заштитната чанта (28) одн. куферот (29).

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба će одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлодирани цртежи и информации за резервни делови може да се најдат и на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch će Ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Северна Македонија

Д.Д.Електрис

Дополнителни адреси за сервиси може да се најдат на:

Препорачаните Литиум-јонски батерии подлежат на барањата во Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.

При испорака преку трети лица (на пр.: При пренос на истите од страна на трети лица воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени за пакување и означување со етикети. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.

454 | Shqip

Транспортирајте ги батериите само доколку куќиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.

Отстранување

BOSCH GLL 12V-100 CG Professional - Отстранување - 1

Мерните уреди, акумулаторите/батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

BOSCH GLL 12V-100 CG Professional - Отстранување - 2

Не ги фрлајте мерните уреди и батериите во домашната канта за губре!

Само за земјите од ЕУ:

Мерните алати што веке не се употребливи и се неисправни или користени акумулаторски батерии/батерии мора да се фрлаат посебно. Користете ги предвидените системи за собирање.

Доколку се фрли неправилно, отпадната електрична и електронска опрема може да има штетни ефекти врз животната средина и здравјето на лугето поради можното присуство на опасни материи.

Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 453).

Shqip

Udhëzime sigurie

BOSCH GLL 12V-100 CG Professional - Udhëzime sigurie - 1

mk Co ova, Robert Bosch Power Tools GmbH потврдува дека типот на радио опрема GLL 12V-100-33 CG е во согласност со Директивата 2014/53/EU. Целосниот текст на Изјавата за сообразност на ЕУ може да го прочитате на следнава интернет страница:

sr Ovim Robert Bosch Power Tools GmbH izjavljuje da je radio-oprema tipa GLL 12V-100-33 CG u skladu sa direktivom 2014/53/EU. Kompletan tekst EC izjave o usaglašenosti je dostupan na sledećoj veb-adresi:

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GLL 12V-100 CG Professional

Категорија : мерни уреди