GLM 50-27 GC Professional - мерни уреди BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GLM 50-27 GC Professional BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за GLM 50-27 GC Professional BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот мерни уреди во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GLM 50-27 GC Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GLM 50-27 GC Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GLM 50-27 GC Professional BOSCH
Македонски....Страница 479
Srpski....Strana 500
Slovenščina ....Stran 520
Hrvatski....Stranica 540
Eesti Lehekülg 560
(14) Резбови отвор 1/4" за статив
(15) Приемаща леща
Безбедносни напомени

Сите упатства треба да се прочитают и да се внимава на нив, за да може безбедно и без опасност да работите со мерниот уред. Доколку мерниот уред не се користи согласно приложените инструкции, може да се наруши функцијата на вградените заштитни механизми во мерниот уред. Не ги оштетувајте налепниците за предупредување. ДОБРО ЧУВАЛТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА И ПРЕДАДЕТЕ ГИ ЗАЕДНО СО МЕРНИОТ УРЕД.
▶ Внимание – доколку користите други уреди за подесување и ракување освен овде наведените или поинакви постапки, ова може да доведе до опасна изложеност на зрачење.
▶ Мерниот уред се испорачува со ознака за предупредување за ласерот (означено на приказот на мерниот уред на графичката страна).
Доколку текстот на ознаката за предупредување за ласерот не е на Вашиот јазик, врз него залепете ја налепницата на Вашиот јазик пред првата употреба.

Не го насочувајте ласерскиот зрак кон лица или животни и немојте и Вие самите да гледате во директниот или рефлектирачкиот ласерски зрак. Така може да ги заслепите лицата, да предизвикате несреći или да ги оштетите очите.
Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш треба да ги затворите и да ја тргнете главата од ласерскиот зрак.
▶ Не правете промени на ласерскиот уред.
▶ Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење.
▶ Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како очила за сонце или пак во сообраćajot. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои.
▶ Мерниот уред смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал и само со оригинални резервни делови. Само на тој начин їе бидете сигурни во безбедноста на мерниот уред.
480 | Македонски
▶ Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот мерен уред без надзор. Без надзор, тие може да се заслепат себеси или други лица.
▶ Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Мерниот уред создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата.
He ja отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ При погрешно користење или при оштетена батерија може да истече запалива течност од батеријата. Избегнувајте контакт со неа. Доколку случајно дојдете во контакт со течноста, исплакнете со вода. Доколку течноста дојде во контакт со очите, побарајте лекарска помош. Истечената течност од батеријата може да предизвика кожни иритации или изгореници.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушки чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Неупотребената батерија држете ја подалеку од канцелариски спојувалки, клучеви, железни пари, клинци, завртки или други мали метални предмети, што може да предизвикаат премостување на контактите. Краток спој меѓу контактите на батеријата може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Користете ја батеријата само во производи од производителот. Само на тој начин батеријата ње се заштити од опасно преоптоварување.
▶ Батериите полнете ги со полначи што се препорачани ислучиво од производителот. Доколку полначот за кој се наменети одреден вид на батерии, се користи со други батерии, постои опасност од пожар.


Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.
▶ Внимание! При користење на мерниот уред со Bluetooth® може да настанат пречки на другите уреди и системи, авиони и медицински апарати (на пр. пејсмејкер, апаратчиња за слушање). Исто така не може целосно да се исклучи можноста за повреда на луге и животни во непосредна околина. Не го користете мерниот уред со Bluetooth® во близина на медицински уреди,
бензински пумпи, хемиски уреди, области со опасност од експлозија и во близина на мински полиња. Не го користете мерниот уред со Bluetooth® во авиони. Избегнувајте долготрајна употреба во директна близина на телото.
Ознаката со зборови Bluetooth® како и сликите (логоата) се регистрирани марки и сопственост на Bluetooth SIG, Inc. Секое користење на оваа ознака со зборови/слики се врши со лиценца преку Robert Bosch Power Tools GmbH.
Опис на производот и перформансите
Отворете ја преклопената страница со приказ на мерниот уред и држете ја отворена додека го читате упатството за употреба.
Наменета употреба
Мерниот уред е наменет за мерење на далечини, должини, висини, растојанија, косини и за пресметување на површини и волумени.
Мерниот уред е погоден за користење во внатрешен и надворешен простор.
Мерните резултати може да се пренесат преку Bluetooth® на други уреди.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на мерниот уред на графичката страница.
(1) Копче Bluetooth®
(2) Функционално копче [Func]
(3) Копче минус/лево [-]
(4) Екран
(5) Мерно копче [▲]
(6) Копче плус/десно [+]
(7) Копче основни поставки [ ]
(8) Копче за вклучување/исклучување/назад [ ]
(9) Окце за лента за носење ^A)
(10) Знак за предупредување на ласерот
(11) Сериски број
(12) Фиксирање на капакот од преградата за батерии
(13) Капак на преградата за батерии
(14) 1/4"-навој на стативот
482 | Македонски
(15) Приемна лека
(16) Излез на ласерскиот зрак
(17) Спојка за појас ^A)
(18) Завртка ^A) за спојка за појас ^A)
(19) Ласерска целна табла ^A)
(20) Ласерски заштитни очила ^A)
(21) Статив ^A)
(22) Лента за носење ^A)
(23) Заштитна чанта
(24) Литиум-јонски батериски пакет ^A)
(25) Механизам за фиксирање на литиум-јонскиот батериски пакет ^A)
(26) USB Type-C®-кабел ^A) В)
(27) Поклопец USB Type-C®-отвор ^A)
A) Илустрираната или опишана опрема не е дел од стандартниот обем на испорака. Целосната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема.
В) USB Type-C® и USB-C® се трговски ознаки за USB Implementers Forum.
Елементи на приказот (избор)
(a) Референтно ниво на мерењето
(b) Статус на поврзувањето

Bluetooth® активиран, не е воспоставена врска

Bluetooth® активиран, воспоставена врска
(c) Приказ на батерии
(d) Редови со измерената вредност
(e) Редови со резултат
(f) Мерна функција
(g) Приказ на агол на закосување
(h) Статусна лента
(i) Приказ на екран Мерни функции
(j) Приказ на екран Основни поставки
(k) Приказ на екран Дополнителни поставки
Технички податоци
| Дигитален ласерски мерен уред на далечина | GLM 50-27 CG GLM 50-27 C | |
| Отстапување на ласерскиот зрак | < 1,5 mrad (целосен агол) | < 1,5 mrad (целосен агол) |
| Автоматика за ислучување по прибл. | ||
| – Ласер 20 s 20 s | ||
| – Мерен уред (без мерење) 5 min | G) | 5 minG) |
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 | 0,17 kg 0,17 kg | |
| Димензии 119 x 53 x 29 mm 119 x 53 x 29 mm | ||
| Вид на заштита IP 65 (заштита од прав и прскање на вода) | IP 65 (заштита од прав и прскање на вода) | |
| Батерии 2 x 1,5 V LR6 (AA) 2 x 1,5 V LR6 (AA) | ||
| Поставка Мерна единица m, ft, in m, ft, in | ||
| Батериски пакет (опрема) Литиум-јонска Литиум-јонска | ||
| Тип ВА 3,7 V 1,0 Ah A | BA 3,7 V 1,0 Ah A | |
| Број на дел | 1 607 A35 0N8 | 1 607 A35 0N8 |
| USB-приклучок за полнење | Type-C® | Type-C® |
| Препорачан USB Type-C®-кабел | 1 600 A01 6A8 | 1 600 A01 6A8 |
| Номинален напон | 3,7 V— | 3,7 V— |
| Капацитет | 1,0 Ah | 1,0 Ah |
| Број на батериски келии | 1 | 1 |
| Мрежен напојувач | ||
| Излезен напон | 5,0 V— | 5,0 V— |
| Излезна струја | 500 mA | 500 mA |
| препорачан мрежен напојувач | 2 609 120 713 (EU)2 609 120 718 (UK)1 600 A01 3A0 (ARG)1 600 A01 3A1 (MEX)1 600 A01 3A2 (BRL) | 2 609 120 713 (EU)2 609 120 718 (UK)1 600 A01 3A0 (ARG)1 600 A01 3A1 (MEX)1 600 A01 3A2 (BRL) |
Пренос на податоци
1 609 92A 4ZJ | (14.10.2020)
Bosch Power Tools
| Дигитален ласерски мерен уред на далечина | GLM 50-27 CG GLM 50-27 C | |
| Bluetooth® Bluetooth® | (4.2 Low Energy)H) | Bluetooth® (4.2 Low Energy)H) |
| Оперативен радиофреквенциски опсег | 2402–2480 MHz | 2402–2480 MHz |
Макс. јачина на испракање 8 mW 8 mW
A) При мерење од предниот раб на мерниот уред, за висока рефлексија на целта (на пр. варосан сид) важи слаба осветленост на позадината и 25 °C оперативна температура. Дополнително, може да се пресмета отстапување од ±0,05 mm/m во зависност од растојанието.
В) При мерење од предниот раб на мерниот уред, за висока рефлексија на целта (на пр. варосан сид) важи силна осветленост на позадината и 25 °C оперативна температура. Дополнително, може да се пресмета отстапување од ±0,15 mm/m во зависност од растојанието.
C) По калибрација од страна на корисникот на 0° и 90°; мора да се земе предвид дополнителна грешка на косина од ±0,01°/степени до 45° (макс.). Како референтно ниво на мерењето на косини служи левата страна на мерниот уред.
D) при 25 °C оперативна температура
E) Во функцијата Континуирано мерење, макс. оперативна температура изнесува +40 °C.
F) Настануваат само неспроводливи нечистотии, но повремено се очекува привремена спроводливост предизвикана од кондензација.
G) Bluetooth® деактивиран
H) Kaj Bluetooth®-уредите со ниска енергија, во зависност од моделот и оперативниот систем не е возможно воспоставување на врската. Bluetooth®-уредите мора да го поддржуваат GATT-профилот.
За јасна идентификација на Вашиот мерен уред служи серискиот број (11) на спецификационата плочка.
Bluetooth®-интерфејс
Пренос на податоци на други уреди
Мерниот уред има Bluetooth®-модул, којшто со безжична технологија овозможува пренос на податоци до одредени мобилни уреди со Bluetooth®-интерфејс (на пр. паметен телефон, таблет).
Информации за потребните системски предуслови за Bluetooth® врска ке најдете на интернет страната на Bosch на www.bosch-pt.com.
▶ Дополнителни информации їе најдете на страницата за производи на Bosch.
При пренос на податоци со помош на Bluetooth® може да настанат временски одложувања помеѓу мобилниот уред и мерниот уред. Ова може да се случаи поради оддалеченоста на двата уреди или самиот мерен објект.
Bosch Power Tools 1 609 92A 4ZJ | (14.10.2020)
Активирање на Bluetooth®-интерфејс за пренос на податоци на мобилен уред Проверете дали Bluetooth®-интерфејсот е активиран на Вашиот мобилен уред.
Притиснете го копчето (1) за да го повикате менито Bluetooth ^ , и повторно притиснете го копчето (1) (или копчето (6) [+]) за да го активирате Bluetooth ^ -интерфејсот. Доколку се пронајдени повеće активни мерни уреди, изберете го соодветниот мерен уред со помош на серискиот број. Серискиот број (11) će го најдете на спецификационата плочка на Вашиот мерен уред. Статусот на поврзување како и активната врска (b) će се прикажат на статусната линија (h) на мерниот уред.
За проширување на обемот на функции на располагање стојат Bosch-апликациите. Тие може да се преземат во соодветните App Stores во зависност од крајниот уред.
Деактивирање на Bluetooth®-интерфејс
Притиснете го копчето (1) за да го повикате менито Bluetooth® и повторно притиснете го копчето (1) (или копчето (3)[-]) за да го деактивирате Bluetooth® -интерфејсот.
Монтажа
Ставање/менување на батерии
За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански батерии или никел-метал хидридни батерии (особено при ниски оперативни температури).
Во зависност од капацитетот, можни се повеće мерења со батерии од 1,2 V отколку со батерии од 1,5 V.
За да го отворите капакот од преградата за батерии (13) притиснете на механизмот за заклучување (12) и извадете го капакот од преградата за батерии. Ставете ги батериите одн. акумулаторските батерии внатре. Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од преградата за батерии.
При ниска состојба на наполнетост на батериите одн. акумулаторските батерии, на екранот се појавува барањето за активирање на режимот за заштеда на батерии. При активиран режим за заштеда на батериите се зголемува времетраењето на работење на батеријата и ознаката за батерија на екранот е ограничена во жолто(види „Мени „Поставки“ (види слика С)“, Страница 489).
Доколку ознаката за празна батерија се појави за првпат на екранот, тогаш можни се уште само мал број на мерења. Доколку ознаката за батерија е празна и трепка црвено, не може да мерите. Заменете ги батериите одн. акумулаторските батерии.
Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.
Доколку не сте го користеле мерниот уред подолго време, извадете ги батериите од него. Доколку се подолго време складирани, батериите може да кородираат и да се испразнат.
Вметнување/менување на литиум-јонски батериски пакет (опрема)
Вметнете го литиум-јонскиот батериски пакет (24) (види слика А).
За да го извадите литиум-јонскиот батериски пакет (24) притиснете го механизмот за заклучување (25) и извадете го литиум-јонскиот батериски пакет.
Употреба
Полнење на литиум-јонскиот батериски пакет (опрема)
Напомена: Батеријата се испорачува делумно наполнета. За да обезбедите максимален капацитет на батеријата, пред првата употреба наполнете ја целосно.
USB-отворот за поврзување на USB-кабел (26) и контролната сијаличка за полнење може да ги најдете под поклопецот на USB-отворот (27) на литиум-јонскиот батериски пакет (24) (опрема). Отворете го поклопецот на USB-отворот (27) и поврзете го USB-кабелот (26).
За време на процесот на полнење, приказот за батерии може да отстапува од актуелната сostoјба на наполнетост на литиум-јонскиот батериски пакет (24). Доколку литиум-јонскиот батериски пакет (24) е целосно наполнет, контролната сијаличка за полнење свети зелено.
За време на полнењето, контролната сијаличка за полнење свети жолто. Црвена контролна сијаличка за полнење сигнализира дека напонот на полнење или струјата за полнење се несоодветни.
Ставање во употреба
▶ Не го оставајте включениот мерен уред без надзор и исключете го по употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак.
▶ Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви зраци.
▶ Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или температурни осцилации. На пр. не го оставајте долго време во автомобилот. При големи температурни осцилации, оставете го мерниот уред прво да се
488 | Македонски
аклиматизира, пред да го ставите во употреба. При екстремни температури или температурни осцилации, прецизноста на мерниот уред може да се наруши.
▶ Избегнувајте удари и превртувања на мерниот уред. По силни надворешни влијанија на мерниот уред, пред да продолжите со работа, секогаш извршувајте проверка на точноста (види „Проверка на точноста и калибрирање на измерените косини (види слика М)“, Страница 497) и (види „Проверка на точноста на мерењето на растојание“, Страница 497).
▶ Мерниот уред е опремен со безжичен интерфејс. Треба да се внимава на локалните оперативни ограничувања, на пр. во авиони или болници.
Вклучување/исклучување
- За вклучување на мерниот уред и ласерот притиснете кратко на мерното копче (5) [▲]
– За вклучување на мерниот уред без ласер, притиснете кратко на копчето за вклучување/исклучување/назад (8) [ ]
▶ Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост.
При првото вклучување на мерниот уред, од Вас се бара да го поставите Вашиот претпочитан јазик за текстовите на екранот.
За исклучување на мерниот уред држете го притиснато копчето за вклучување/исклучување/назад (8) [ ]
При исклучување на мерниот уред, во меморијата остануваат зачувани вредностите и поставките на уредот.
Процес на мерење
По првото вклучување, мерниот уред е во функција на должинско мерење. По секое понатамошно вклучување, мерниот уред е во последната користена мерна функција. За друга мерна функција притиснете на копчето (2) [Func]. Изберете ја саканата мерна функција со копчето (6) [+] или копчето (3) [-] (види „Мерни функции“, Страница 490). Активирајте ја мерната функција со копчето (2) [Func] или со мерното копче (5) [▲
За рефрентното ниво на мерењето достапни се три поставки (види „Избирање на референтно ниво (види слика В)“, Страница 489).
Поставете го мерниот уред на саканата стартна точка на мерење (на пр. сид).
Напомена: ако мерниот уред се вклучи со копчето за вклучување/исклучување/назад (8) [3] кратко притиснете на мерното копче (5) [▲] за да го включите ласерот.
За активирање на мерењето, притиснете кратко на мерното копче (5) [▲] Потоа ласерскиот зрак ќе се исклучи. За друго мерење повторете ја оваа постапка.
▶ Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост.
Напомена: Вообичаено, измерената вредност се појавува во рок од 0,5 s, а најдоцна по околу 4 s. Времетраењето на мерењето зависи од растојанието, светлосните услови и рефлектирачки својства на целната површина. По завршување на мерењето, ласерскиот зрак автоматски їе се исклучи.
За мерењето може да изберете три различни референтни нивоа:
– заден раб на мерниот уред (на пр. при поставување на сидови),
– преден раб на мерниот уред (на пр. при мерење, почнувајки од еден раб на маса),
– средина на навојот (14) (на пр. за мерења со статив)
За избор на референтното ниво, притиснете го копчето (7) [☀ Потоа, изберете ја поставката „референтно ниво“ со мерното копче (5) [▲] или со копчето (2) [Func].
Потоа, изберете го саканото референтно ниво со копчето (6) [+] или со копчето (3) [-]. По секое включување на мерниот уред, претходно е поставено последното избрано референтно ниво.
За да влезете во менито „Поставки“ (j), притиснете го копчето (7) [
Со копчето (6) [+] или копчето (3) [-] изберете ја саканата поставка и потврдете ја со мерното копче (5) [▲] или со копчето (2) [Func].
Изберете ја саканата поставка со копчето (6) [+] или копчето (3) [-] и потврдете ја со мерното копче (5) [▲] или со копчето (2) [Func].
За да го напуштите менито „Поставки“, кратко притиснете го копчето за вклучување/исклучување/назад (8) [ ]
Достапни се следните поставки:
– Вклучување/исклучување на тонот

– Вибрација вклучување/исклучување : две кратки вибрации сигнализираат успешно мерење; една кратка вибрација сигнализира неуспешно мерење.
- Осветлување на екранот

490 | Македонски
– Режим за заштеда на батерии : при включен режим за заштеда на батерии, тонот и вибрацијата се деактивираат и осветленоста на екранот се намалува. Со тоа се продолжува времетраењето на работење на батеријата.
– Менување на мерната единица ft/m
- Подесување на јазикот
– PRO360 : potrebno е прво активирање. Преносот на податоци е можен само со соодветната апликација или со програма за компјутер. По промена на батерии, мерниот уред мора повторно да се вклучи за PRO360 повторно да стартува. PRO360 може во секое време да се деактивира. Дополнителни информации за PRO360 може да најдете под www.pro360.com.
-Информации за уредот i
- Фабрички поставки
Мерни функции
За избор на мерна функција, притиснете го копчето (2) [Func]. Изберете ја саканата мерна функција со копчето (6) [+] или копчето (3) [-].
Притиснете го копчето (7) [за да ја стартувате помошната функција. Помошната функција ја прикажува деталната постапка за избраната мерна функција.
Мерење на должини
Изберете мерење на должини
За да го включите ласерскиот зрак, притиснете кратко на мерното копче (5) [▲]
За мерење притиснете кратко на мерното копче (5) [▲ Измерената вредност їе се прикаже долу на екранот.

За секое понатамошно мерење повторете ги горенаведените чекори. Последната измерена вредност стои долу на екранот, а претпоследната над неа итн.
Континуирано мерење
При континуираното мерење, мерниот уред може релативно да се движи кон целта, при што измерената вредност їе се ажурира на секои 0,5 s. На пр. може да се оддалечите на некое растојание од сидот, а моменталното растојание секогаш їе биде читливо.
Изберете континуирано мерење I: Изберете една од следните функции:
– мин/макс: најмалата и најголемата измерена вредност трајно се прикажани на екранот (види слика J).
– големи бројки: измерената вредност се прикажува зголемено за подобра читливост (види слика K).
– мерна трака: растојанието се прикажува како мерна трака визуелно (види слика L). Напомена: во функцијата мерна трака се прикажува растојанието до означувањето на екранот. Референцата не е работ на мерниот уред.
За да го включите ласерскиот зрак, кратко притиснете на мерното копче (5) [ ] Движете го мерниот уред додека не се прикаже бараното растојание долу на екранот.

Со кратко притискање на мерното копче (5) [▲го прекинувате континуираното мерење. Актуелната измерена вредност їе се прикаже долу на екранот. Со повторно притискање на мерното копче (5) [▲континуираното мерење повторно стартува. Континуираното мерење автоматски се ислучува по 4 min.
Мерење на површини
Изберете мерење на површини □
На крај, измерете ја ширината и должината едно по друго како кај мерењето на должини. Помеѓу двете мерења, ласерскиот зрак останува включен. Трасата што треба да се измери трепка на приказот за површинско мерење.

Првата измерена вредност ке се прикаже горе на екранот. По завршување на второто мерење површината автоматски ке се пресмета и прикаже. Крајниот резултат стои долу на екранот, а поединечните измерени вредности над него.
Мерење на волумен
Изберете мерење на волумен.
На крај, измерете ја ширината, должината и длабочината едно по друго како кај мерењето на должини. Помеѓу трите мерења, ласерскиот зрак останува включен. Трасата што треба да се измери трепка на приказот за мерење на волумен
492 | Македонски

Првата измерена вредност ке се прикаже горе на екранот. По завршување на третото мерење волуменот автоматски ке се пресмета и прикаже. Крајниот резултат стои долу на екранот, а поединечните измерени вредности над него.
Индиректно мерење на растојанија
За индиректно мерење на растојанија, на располагање ви се три мерни функции, со кои може да се соопштат различни траси.
Индиректното мерење на растојанија служи за соопштување на растојанија, кои не треба директно да се измерат, бидејки има пречки во текот на зракот или нема целна површина како рефлектор на располагање. Оваа мерна постапка може да се примени само во вертикален правец. Секое отстапување во хоризонтален правец води кон мерни грешки.
Напомена: Индиректното мерење на растојанија е секогаш поточно од директното мерење на растојанија. Во зависност од примената, мерните грешки може да се поголеми од директното мерење на растојанија. За подобрување на мерната точност препорачуваме користење на статив (опрема).
Помеѓу поединечните мерења, ласерскиот зрак останува включен.
Изберете индиректно мерење на висини
Внимавајте на тоа, мерниот уред да е на иста висина како и долната мерна точка. Потоа навалете го мерниот уред околу референтното ниво и измерете ја трасата како кај мерење на должината „1“ (на екранот е прикажана како црвена линија).

По завршување на мерењето, ће се прикаже резултатот за бараната траса „X“ во редот со резултат (e). Измерените вредности за трасата „1“ и аголот „a“ стојат во редовите со измерени вредности (d).
Мерниот уред може да ги измери директно сите траси, коишто лежат на вертикалното ниво на мерниот уред.
Изберете двојно индиректно мерење на висини
Измерете ги трасите „1“ и „2“ како при мерење на должини, по овој редослед.

По завршување на мерењето, ке се прикаже резултатот за бараната траса „X“ во редот со резултат (e). Измерените вредности за трасите „1“, „2“ и аголот „a“ стојат во редовите со измерени вредности (d).
Внимавајте на тоа, референтното ниво на мерењето (на пр. задниот раб на мерниот уред) да стои точно на истото место при
сите поединечни мерења за време на мерниот процес.
Изберете индиректно мерење на должини
Внимавајте на тоа, мерниот уред да е на иста висина како и бараната мерна точка. Потоа навалете го мерниот уред околу референтното ниво и измерете ја трасата „1“ како кај мерење на должината.

По завршување на мерењето, ке се прикаже резултатот за бараната траса „X“ во редот со резултат (e). Измерените вредности за трасата „1“ и аголот „a“ стојат во редовите со измерени вредности (d).
Мерењето на сидни површини служи да се добие збир на повеće поединечни површини со заедничка висина. На примерот со слика треба да се одреди вкупната површина на повеće сидови, кои имаат иста висина на просторот H, но различни должини L.
Изберете мерење на сидни површини
Измерете ја висината на просторот Н како при должинско мерење. Измерената вредност ће се прикаже во горниот ред на измерени вредности. Ласерот останува включен.

Потоа измерете ја должината L_1 на првиот сид. Површината автоматски ће се пресмета и ће се прикаже во редот со резултат (e). Последната измерена вредност на должна стои во долниот ред со измерени вредности (d). Ласерот останува включен. Сега измерете ја должината L_2 на вториот сид. Прикажаната поединечна вредност во редот на измерени вредности (d) се
додава на должината L_1 . Збирот од двете должини (прикажана во средниот ред со измерени вредности (d)) се множи со зачуваната висина H. Вкупната вредност на површината ке се прикаже во редот со резултати (e).
494 | Македонски
Може да мерите должини по желба L_x , тие автоматски će се додадат и će се помножат со висината H. Услов за точна пресметка на површините е, првата измерена должна (во примерот висината на просторот H) да е идентична за сите делови од површините.
Функцијата на трасирање ја мери дефинираната должна (траса). Овие должини можат да се пренесат на површината, за на пр. да се овозможи сечење на материјалот на парчиња со иста должна или да се наместат преградни сидови во сува градба. Минималната подеслива должна изнесува 0,1 m, а максималната должна изнесува 50 m.
Напомена: Во функцијата на трасирање се прикажува растојанието до означувањето на екранот. Референцата не е работ на мерниот уред.
Изберете ја функцијата на трасирање
Поставете ја саканата должна со копчето (6) [+] или копчето (3) [-].
Стартувајте ја функцијата на трасирање со притискање на мерното копче (5) [↓] полека оддалечете ја од стартната функција.

Мерниот уред континуирано го мери растојанието од стартната точка. Притоа ће се прикажат дефинираните должини како и актуелната измерена вредност. Долната одн. горната стрелка го покажува најмалото растојание кон следната одн. последната ознака.

Левиот фактор наведува колку често е постигната дефинираната должина. Зелена измерена вредност прикажува дека е достигната должина за означување.
Сината измерена вредност ја прикажува реалната вредност, ако референтната вредност е надвор од екранот.
Мерење на косини/дигитална либела
Изберете Мерење на косини/Дигитална либела
Мерниот уред автоматски префрла помеѓу две состојби.

Дигиталната либела служи за проверка на хоризонтално или вертикално израмнување на еден објект (на пр. машина за перење, фрижидер итн.).
Доколку се надмине косината 3°, топчето на екранот свети црвено.

Мерењето на косини служи за мерење на нагорници и надолници (на пр., на скали, гелендери, при вклопување на мебел, при положување на цевки итн.).
Како референтно ниво на мерењето на косини служи левата страна на мерниот уред.
Приказ на зачуваната вредност
Вредноста одн. крајниот резултат на секое завршено мерење автоматски ће се зачува.
Може да се повикаат максимум 30 вредности (измерени вредности или крајни резултати).
Изберете ја функцијата на зачувување [☐]

Горе на екранот ће се прикаже бројот на меморираната вредност, долу односната меморирана вредност и лево односната мерната функција.
Притиснете го копчето (6) [+] за да прелистувате нанапред низ зачуваните вредности.
зачуваните вредности.
Најстарата вредност се наоға на позиција 1 во меморијата, а најновата вредност на позиција 30 (од 30 расположиви мемориски вредности). При зачувување на вредност секогаш се брише најстарата вредност во меморијата.
Бришење на меморијата
За да избришете поединечна мемориска вредност, изберете ја оваа вредност(види „Приказ на зачуваната вредност“, Страница 495). За да избришете, прво притиснете го копчето за вклучување/исклучување/назад (8) [ ] и потоа потврдете со копчето (2) [Func].
За бришење на целосната содржина на меморијата притиснете го копчето (7) [+] изберете ја функцијата 🚫. Потоа, притиснете го копчето (6) [+] и потврдете со копчето (2) [Func].
Собирање/одземање на вредности
Измерените вредности и крајните резултати може да се собираат или одземаат.
Собирање на вредности
Во следниот пример е објаснето собирањето на површини:
Утврдете површина како што е опишано во делот „Мерење на површина“ Мерење на површини.
496 | Македонски

Притиснете го копчето (6) [+]. Пресметаната површина и ознаката „+“ ке се прикажат.
Притиснете го мерното копче (5) [ ] за да стартувате друго мерење на површината. Утврдете ја површината како што е опишано во делот „Мерење на површина“ Мерење на површини. Штом će заврши второто мерење, долу на екранот će се прикаже
резултатот од второто мерење на површини. За да го прикажете крајниот резултат, притиснете повторно на мерното копче (5) [▲]
Напомена: При мерење на должини веднаш се прикажува крајниот резултат.
За да излезете од функцијата на собирање, притиснете на копчето (2) [Func].
Одземање на вредности
За одземање на вредности притиснете на копчето (3) [-]. Понатамошната постапка е слична на „Додавање на вредности“.
Бришење на измерените вредности
Со кратко притискање на копчето за вклучување/исклучување/назад (8) [ ] можете да ги избришете последно добиените измерени вредности во сите мерни функции. Со повеккратно притискање на копчето за вклучување/исклучување/назад (8) [ ]ке се избришат измерените вредности по обратен редослед.
Совети при работењето
▶ Мерниот уред е опремен со безжичен интерфејс. Треба да се внимава на локалните оперативни ограничувања, на пр. во авиони или болници.
Општи напомени
Приемната лека (15), излезот на ласерскиот зрак (16) не смеат да бидат покриени за време на мерењето.
Мерниот уред не смее да се движи за време на мерењето (со исключок на функциите континуирано мерење и мерење на косини). Доколку е возможно, поставете го мерниот уред на цврста подлога.
Влијанија на мерното поле
Мерното поле зависи од светлосните услови и рефлективните својства на целната површина. При јако надворешно осветлување, за подобра видливост на ласерскиот зрак, користете заштитни очила за ласер (20) (опрема) и целна табла за ласerot (19) (опрема), или засенете ја целната површина.
Влијанија на мерниот резултат
Поради физички ефекти не може да се ислучи фактот, дека при мерењето на различни површини доага до погрешно мерење. Тука спагаат:
– транспарентни површини (на пр. стакло, вода),
– површини што рефлектираат (на пр. исполиран метал, стакло),
– порозни површини (на пр. изолачиски материјали),
– структурирани површини (на пр. груб малтер, природен камен).
Доколку е возможно, на овие површини користете целна tabla за ласерот (19) (опрема).
Грешки при мерењето се исто така можни и кај накосо визирани целни површини.
Исто така на измерената вредност може да влијаат и процепите за вентилација со различни температури или индиректно примените рефлексии.
Редовно проверувајте ја точноста на мерењето на косини. Ова се врши со помош на менување на правецот. Поставете го мерниот уред на една маса и измерете ја косината. Свртете го мерниот уред за 180° и одново измерете ја косината.
Разликата помеѓу прикажаните износи смее да изнесува макс. 0,3°.
При големи отстапувања мерниот уред мора одново да се калибрира. За тоа изберете во поставките. Следете ги упатствата на екранот.
По големи промени на температурата и по удари, препорачуваме да се изврши проверка на точноста и ев. калибрирање на мерниот уред. По промена на температурата, мерниот уред мора да се прилагоди на нормалната температура некое време пред да се изврши калибрација.
Проверка на точности на мерењето на растојание
Точноста на мерниот уред може да ја проверите на следниов начин:
– Изберете едно непроменливо мерно подрачје со должина од околу 3 до 10 m, чија должна точно ја знаете (на пр. ширината на просторијата, отворот на вратата). Мерењето треба да се врши при поволни услови, т. е. мерното подрачје треба да биде во внатрешниот простор и целната површина на мерењето треба да биде мазна и добро да рефлектира.
– Измерете го подрачјето 10-пати едно по друго.
Отстапувањето од средната вредност при поединечните мерења смее да изнесува максимум ±4 mm на целото мерно подрачје при поволни услови. Запишувајте ги мерењата, за да може подоцна да ја споредите точноста
498 | Македонски
Работење со статив (опрема)
Користењето на стативот е особено потребно при големи растојанија. Мерниот уред со 1/4"-навој (14) поставете го на плоча со брзо ослободување на стативот (21) или на вообичаен фото-статив. Цврсто зашрафете ја брзо заменливата плоча со шраф за фиксирање.
Поставете го референтното ниво за мерења со статив во поставките (види „Избирање на референтно ниво (види слика В)“, Страница 489).
Со спојката за појас (17) можете лесно да го закачите мерниот уред на Вашиот појас.
Порака за грешка
Доколку мерењето не може да се правилно да се изврши, на екранот се прикажува пораката за грешка „Error“. Започнете го повторно мерењето.

Мерниот уред ја контролира точната функција при секое мерење. Доколку се утврди дефект, на екранот стои само ознаката покрај него и мерниот уред се исклучува. Во ваков случај предадете го
Вашиот мерен уред преку Вашиот трговец на сервисната служба на Bosch.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
Мерниот уред складирајте го и транспортирајте го само во испорачаната заштитна чанта (23).
Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.
Не го потопувајте мерниот уред во вода или други течности.
Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење или раствори.
Особено одржувајте ја чиста приемната лека (15) со истата грижа, со која треба да се одржуваат очила или леки на фотоапарат.
Во случај да треба да се поправи, пратете го мерниот уред во заштитната чанта (23).
Сервисна служба и совети при користење
Сервисната служба će одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Ознаки за експлозија и информации за резервните делови исто така će најдете на: www.bosch-pt.com
Тимот за советување при користење на Bosch će ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Северна Македонија
Д.Д.Електрис
Дополнителни адреси на сервиси може да најдете под:
Литиум-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материи.
Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.
При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку кукиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување

Мерните уреди, акумулаторите/батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.
500 | Srpski

Не ги фрлајте мерните уреди и батериите во домашната канта за губре!
Само за земјите од ЕУ:
Според европейската директива 2012/19/EU мерните уреди што се вон употреба и дефектните или искористените батерии според директивата 2006/66/EC мора одделно да се соберат и да се рециклираат за повторна употреба.
Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 499).