SAMSUNG RF65A967FSL - фрижидер

RF65A967FSL - фрижидер SAMSUNG - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот RF65A967FSL SAMSUNG во PDF формат.

📄 260 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice SAMSUNG RF65A967FSL - page 211
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за RF65A967FSL SAMSUNG

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот фрижидер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник RF65A967FSL - SAMSUNG и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. RF65A967FSL на марката SAMSUNG.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК RF65A967FSL SAMSUNG

: Болм (1) → Болм (2) → Вунм (3)

Български

Долна панта

SAMSUNG RF65A967FSL - Долна панта - 1

text_image 4 5

Прирачник за сервисирање за корисниците

КОД НА МОДЕЛОТ: RF\*\*A9771\*, RF\*\*A9671\*, RF\*\*A9071\*, RF\*\*A9675\*

  1. Можете да проверите каде се купуваат резервни делови на http://samsung.com/support
  2. Посетете ја локацијата за купување делови и внесете го кодот на моделот на вашиот производ за да ги проверите достапните делови за купување. Кодот на моделот е означен на другата страна на производот.
  3. Може да го проверите кодот на моделот и верзијата на етикетата на баркодот во долниот лев дел лево од производот.
  4. За резервни делови, осигурете се дека името на делот се совпаға со она од илустрацијата во овој прирачник.
  5. Деловите што може да ги поправат корисниците се ограничени на рачки (само некои модели), заптивки, фиоки и шарки.

ЗАБЕЛЕШКА

По поправка од страна на неовластен сервисер, самостојна поправка или непрофесионална поправка на производот, Samsung не е одговорен за каква било штета на производот, каква било повреда или кој и да е безбедносен проблем со производот предизвикани од обид за поправка на производот што не ги следи внимателно овие упатства за поправка и одржување. Секоја штета на производот предизвикана од обид за поправка на производот од било кое друго лице освен сервисер овластен од Samsung не е покриена со гаранцијата.

⚠️ ВНИМАНИЕ

  • Името на делот наведено на локацијата може да се разликува од она во овој прирачник. Осигурете се дека сте го избрале точното име на делот.
  • За замена на шарките е потребно крајно внимание бидејки вклучува одвојување на вратата.
  • Додека правите поправки, не заборавајте да носите заштитни ракавици.

Македонски

Фактичкиот изглед и обезбедените делови на фрижидерот може да се разликуваат, зависно од моделот и земјата.

SAMSUNG RF65A967FSL - ⚠️ ВНИМАНИЕ - 1

text_image 01 02 03 04 05 06

01 Горна шарка 02 Заптивка
03 Средна шарка 04 Фиока
05 Долна шарка 06 Етикета на баркодот

Македонски

Проверете дали цврсто сте ја поставиле заптивката. Во спротивно, од фрижидерот може да излегува ладен воздух.

За отстранување на заптивката

SAMSUNG RF65A967FSL - За отстранување на заптивката - 1

Отворете ја вратата и отстранете ја заптивката од вратата.

SAMSUNG RF65A967FSL - За отстранување на заптивката - 2

Поставете нова заптивка на вратата од фрижидерот. Осигурете се дека нема отвор помеѓу новата заптивка и вратата.

Македонски

Замена на фиоката

SAMSUNG RF65A967FSL - Замена на фиоката - 1

ВНИМАНИЕ

Проверете дали фиоката е правилно вметната во шината за време на монтирањето.

За отстранување на фиоките

SAMSUNG RF65A967FSL - За отстранување на фиоките - 1

Нежно подигнете го предниот дел од фиоката и извлечете ја.

- Препорачуваме да ги отстраните корпите на вратата пред да ја отстраните фиоката. Ова се прави за да се спречи оштетување на корпите на вратата.

- За повторно да ги вметнете, поставете ја фиоката на шините на рамката, а потоа турнете ја навнатре.

За повторно поставување на фиоките

Повторното поставување на фиоките го следи обратниот редослед од соодветните чекори за отстранување

Македонски

Замена на шарките

За да ги замените шарките, прво мора да ги извадите вратите.

⚠️ ВНИМАНИЕ

  • Кога ги вадите вратите, обратете посебно внимание бидејки вратите се тешки.
  • Пред да ги замените шарките, ставете мека подлога, како на пример картон, на подот за да спречите гребаници на вратата кога ће ги спуштате вратите.
  • Бидејки со шарките треба да се ракува внимателно и да ги заменуваат две или повеće лица, ви препорачуваме да повикате професионален технички сервис.
  • Ако ја отстраните шарката без да ја држите вратата, вратата може да падне и да ве повреди.
  • Осигурете се дека оската е цврсто затегната на шарката.
  • Проверете дали шарката е цврсто затегната на витрината.
  • Проверете дали кабелските приклучоци се поврзани правилно.
  • Внимавајте да не ги оштетите жиците кога ње го затегнувате горниот капак.

⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ

  • Навалување/легнување на фрижидерот бара најмалку двајца.
  • Откачете го кабелот за напојување пред превртување на вратите.

Потребни алати (не се испорачани)
SAMSUNG RF65A967FSL - ⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - 1
Крстач Плоснат шрафцигер Крцкало

SAMSUNG RF65A967FSL - ⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - 2

SAMSUNG RF65A967FSL - ⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - 3
Клешти Имбус

SAMSUNG RF65A967FSL - ⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - 4
^1/_4 " (5 mm)

SAMSUNG RF65A967FSL - ⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ - 5
^3/_8 " (10 mm)

Македонски

За замена на шарките

Исклучете го цревото за довод на вода

SAMSUNG RF65A967FSL - За замена на шарките - 1

ВНИМАНИЕ

  • Проверете дали цревата за вода се поврзани со соодветните бои. (само за моделот со диспензер)
  • За да спречите протекување на вода, секое црево за вода мора целосно да се вметне до центарот на транспарентната спојка. (само за моделот со диспензер)
  • Осигурете се дека површината на цревото за вода не е оштетена. (само за моделот со диспензер)

Откачете ги вратите од фрижидерот

SAMSUNG RF65A967FSL - Откачете ги вратите од фрижидерот - 1

  1. Со затворена врата, користете крстач за отстранување на шрафовите (х3) од горниот капак. Повлечете го нагоре и отстранете го горниот капак со приклучоците.

  2. Исключете ги двата кабелски приклучоци на левата врата. Положбата на приклучоците се разликува во зависност од моделот.

SAMSUNG RF65A967FSL - Откачете ги вратите од фрижидерот - 2

ВНИМАНИЕ

  • Не отстранувајте ги двете врати истовремено. Погрижете се да ги отстранувате вратите една по една. Во спротивно, некоја од вратите може да падне и да предизвика повреда.
  • Осигурете се дека фрижидерот е ислучен пред да ги откачите приклучоците.
  • Откачете ја цевката за вода од спојката на левата врата, како што е прикажано.
    -Овој чекор не се однесува на поделите без бокалот за автоматско полнење и диспензерот за вода.

Македонски

SAMSUNG RF65A967FSL - ВНИМАНИЕ - 1

  1. Нежно повлечете го стегачот нагоре во неколку чекори. За да се спречат повреди на прстите, не применувајте ненадејна сила на стегачот.

  2. Повлечете го стегачот нагоре за да го отстраните.

  3. Отворете ја вратата 90 степени. Додека ја држите врата, повлечете ја и отстранете ја горната шарка. Внимавајте да не ги оштетите каблите на приклучокот кога ће ја отстраните шарката.

  4. Нежно повлечете ја вратата вертикално за да ја отстраните. Не применувајте прекумерна сила на вратата. Вратата може да падне и да предизвика физичка повреда.

  5. Легнете ја вратата на рамна површина.

  6. Повторете ги чекорите 1-8 за другата врата, освен чекорот 3. Нема цевка за вода на вратата од десна страна.

-Чекорот 2 не се однесува на моделите со стаклена врата.

Македонски

Откачување на вратите на замрзнувачот

SAMSUNG RF65A967FSL - ВНИМАНИЕ - 2

ВНИМАНИЕ

  • Осигурете се дека сте ги отстраниле вратите на фрижидерот пред да ги отстраните вратите на замрзнувачот.
  • Бидете внимателни кога ги откачувате долните приклучоци.

SAMSUNG RF65A967FSL - ВНИМАНИЕ - 1

  1. Отворете ја вратата од замрзнувачот.

  2. Користете крстач за да го извадите шрафот што го држи капакот (А).

-Овој чекор се однесува само на вратата од замрзнувачот од десната страна (вратата од Избор на ладење+).

SAMSUNG RF65A967FSL - ВНИМАНИЕ - 2

  1. Исклучете ги жичените приклучоци.

-Овој чекор се однесува само на вратата од замрзнувачот од десната страна (вратата од Избор на ладење+).

SAMSUNG RF65A967FSL - ВНИМАНИЕ - 3

  1. Лоцирајте ја оската на шарката. Додека ја држите вратата со една рака, користете плоснат шрафцигер или имбус за да ја притиснете оската надолу. Осигурете се дека ја држите вратата за да го спречите нејзиното пагање.

Македонски

SAMSUNG RF65A967FSL - ВНИМАНИЕ - 4

  1. За да се спречи контакт со средната шарка, малку навалете ја вратата нанапред и потоа кренете ја за да се извади.
  2. Повторете ги чекорите 1-5 за другата врата, освен чекорите 2 и 3.

  3. Отстранете го 1-от шраф (3) со (+) шрафцигер и отстранете ги 2-те завртки (1, 2) со шестоаголен имбус 4,95 mm за да се одвои средната шарка.

* При повторно склопување на шарката, осигурете се да ја фиксирате во следниот редослед да се спречи шарката да се помести

: Завртка (1) → Завртка (2) → Шраф (3)

Македонски

Долна шарка

SAMSUNG RF65A967FSL - Долна шарка - 1

text_image 4 5
  1. Извадете ги 2-те завртки (4, 5) со крцкало 10 mm и потоа одвојте ја долната шарка.

* При повторно склопување на шарката, осигурете се да ја фиксирате во следниот редослед да се спречи шарката да се помести: Завртка (4) → Завртка (5).

  1. Составете повторно во обратен редослед откако сте ги извадиле горната, средната и/или долната шарка.

ВНИМАНИЕ

- Проверете дали кабелските приклучоци се поврзани правилно.

- Внимавајте да не ги оштетите жиците кога юе го затегнувате горниот капак.

Македонски

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : SAMSUNG

Модел : RF65A967FSL

Категорија : фрижидер