BOSCH ANGLE EXACT 12V12400 Professional - Мелница за кафе

ANGLE EXACT 12V12400 Professional - Мелница за кафе BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот ANGLE EXACT 12V12400 Professional BOSCH во PDF формат.

📄 341 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice BOSCH ANGLE EXACT 12V12400 Professional - page 202
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за ANGLE EXACT 12V12400 Professional BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот Мелница за кафе во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник ANGLE EXACT 12V12400 Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. ANGLE EXACT 12V12400 Professional на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК ANGLE EXACT 12V12400 Professional BOSCH

Македонски...... Страница 201

Srpski ...... Strana 211

Slovenščina ....Stran 219

Hrvatski ....Stranica 227

Безбедносни напомени

Општи предупредувања за безбедност за електрични алати

ПРЕДУ-

ПРЕДУВАЊЕ

Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации приложени со

овој електричен алат. Непридржувањето до сите упатства приложени подолу може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.

Зачувајте ги безбедносните предупредувања и упатства за користење и за во иднина.

Поимот „електричен алат“ во безбедносните предупредувања се однесува на електрични апарати што користат струја (кабелски) или апарати што користат батерии (акумулаторски).

Безбедност на работниот простор

Работниот простор одржувајте го чист и добро осветлен. Преполни или темни простории може да доведат до несреќа.
▶ Не работете со електричните алати во експлозивна околина, како на пример, во присуство на запаливи течности, гасови или прашина. Електричните алати создаваат искри коишто може да ја запалат прашината или гасовите.
▶ Држете ги децата и присутните подалеку додека работите со електричен алат. Невниманието може да предизвика да изгубите контрола.

Електрична безбедност

▶ Приклучокот на електричниот алат мора да одговара на приклучницата. Никогаш не го менувајте приклучокот. Не користите приклучни адаптери со заземјените електрични алати.
Неизменетите приклучоци и соодветните приклучници го намалуваат ризикот од струен удар.

▶ Избегнувајте телесен контакт со заземјени површини, како на пример, цевки, радијатори,

метални ланци и ладилници. Постои зголемен ризик од струен удар ако вашето тело е заземјено.

▶ Не ги изложувајте електричните алати на дожд или влажни услови. Ако влезе вода во електричниот алат, Ѽе се зголеми ризикот од струен удар.
▶ Не постапувајте несоодветно со кабелот. Никогаш не го користете кабелот за носење, влечење или ислучување од струја на електричниот алат. Кабелот чувајте го подалеку од орган, масло, остри ивици или подвижни делови. Оштетени или заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од струен удар.
▶ При работа со електричен алат на отворено, користете продолжен кабел соодветен за надворешна употреба. Користењето на кабел соодветен за надворешна употреба го намалува ризикот од струен удар.
▶ Ако мора да работите со електричен алат на влажно место, користете заштитен уред за диференцијална струја (RCD). Користењето на RCD го намалува ризикот од струен удар.

Лична безбедност

▶ Бидете внимателни, внимавајте како работите и работете разумно со електричен алат. Не користете електричен алат ако сте уморни или под дејство на дроги, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание додека работите со електричните алати може да доведе до сериозна лична повреда.
▶ Користете лична заштитна опрема. Секогаш носете заштита за очи. Заштитната опрема, како на пр., маска за прашина, безбедносни чевли коишто не се лизгаат, шлем или заштита за уши, коишто се користат за соодветни услови, ће доведат до намалување на лични повреди.
▶ Спречете ненамерно активирање. Проверете дали прекинувачот е исключен пред да го включите во струја и/или со сетот на батерии, пред да го земете или носите алатот. Носење на електричните алати со прстот позициониран на прекинувачот или вклучување во струја на електричните алати чијшто прекинувачот е включен, може да предизвика несреќа.
▶ Отстранете каков било клуч за регулирање или француски клуч пред да го включите електричниот алат. Француски клуч или клуч прикачен за ротирачкиот дел на електричниот алат може да доведе до лична повреда.
▶ Не ги пречекорувајте ограничувањата. Постојано одржувајте соодветна положба и рамнотежа. Ова овозможува подобра контрола на електричниот алат во непредвидливи ситуации.
▶ Облечете се соодветно. Не носете широка облека и накит. Косата и алиштата треба да бидат подалеку од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.

▶ Ако се користат поврзани уреди за вадење прашина и собирање предмети, проверете дали се правилно поврзани и користени. Собирањето прашина може да ги намали опасностите предизвикани од неа.
He дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при нивното користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.

Употреба и чување на електричните алати

▶ Не го преоптоварувајте електричниот алат. Користете соодветен електричен алат за намената. Со соодветниот електричен алат подобро, побезбедно и побрзо єе ја извршите работата за која е наменет.
▶ Не користете електричен алат ако не можете да го включите и исключите со помош на прекинувачот. Секој електричен алат којшто не може да се контролира со прекинувачот е опасен и мора да се поправи.
▶ Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го сетот на батерии, ако се вади, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или го складирате електричниот алат. Со овие превентивни безбедносни мерки се намалува ризикот од случајно вклучување на електричниот алат.
Чувајте ги електричните алати подалеку од дофат на деца и не дозволувајте лицата кои не ракувале со електричниот алат или не се запознаени со ова упатство да работат со истиот. Електричните алати се опасни во рацете на необучени корисници.
▶ Одржување на електрични алати и дополнителна опрема. Проверете го порамнувањето или прицврстување на подвижните делови, спојот на деловите и сите други услови што може негативно да влијаат врз функционирањето на електричниот алат. Ако е оштетен, однесете го електричниот алат на поправка пред да го користите. Многу несреći се предизвикани заради несоодветно одржување на електричните алати.
▶ Острете и чистете ги алатите за сечење. Соодветно одржуваните ивици на алатите за сечење помалку се виткаат и полесно се контролираат.
▶ Електричниот алат, дополнителната опрема, деловите и др., користете ги во согласност со ова упатство, внимавајте на работните услови и работата која ја вршите. Користењето на електричниот алат за други намени може да доведе до опасни ситуации.
▶ Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во непредвидливи ситуации.

Употреба и чување на батериски алат

▶ Полнете ја батеријата само со полнач наведен од производителот. Полнач којшто е соодветен за еден тип сет на батерии може да предизвика опасност од пожар ако се користи за друг сет на батерии.
▶ Електричните алати користете ги само со специјално наменети сетови на батерии. Користењето на други сетови на батерии може да предизвика опасност од повреда или пожар.
Kogа не го користите сетот на батерии, чувајте го подалеку од други метални предмети, како на пр., спојувалки, монети, клучеви, шајки, завртки или други помали метални предмети што може да предизвикаат спој од еден до друг извор. Краток спој на батериските извори може да предизвика изгореници или пожар.
▶ Под непредвидени околности, течноста може да истече од батеријата; избегнувајте контакт. При случаен допир, измијте се со млаз вода. Ако течноста влезе во очите, побарајте дополнителна медицинска помош. Течност истечена од батеријата може да предизвика иритација или изгореници.
He употребувајте сет на батерии или алат што е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.
He го изложувајте сетот на батерии или алатот на орган или висока температура. Изложувањето на орган или на температура повисока од 130 °C може да предизвика експлозија.
▶ Следете ги сите упатства за полнење и не го полнете сетот на батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во упатствата. Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.

Сервисирање

▶ Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се овозможува безбедно одржување на електричниот алат.

▶ Никогаш не поправајте оштетени сетови на батерии. Поправката на сетови на батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.

Безбедносни напомени за одвртувачи

▶ Држете го електричниот алат за изолираната површина додека сечете, за прицврстувачот да не дојде во контакт со скриена жица. Ако прицврстувачите дојдат во допир со „жица под напон“, може да ги изложат металните делови на електричниот алат „под напон“ и операторот може да добие струен удар.
▶ Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или

консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и струен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни цевки предизвikuва оштетување.

▶ Цврсто држете го електричниот апарат. При зацврстување и одвртување на шрафови може да настанат краткотрајни високи реактивни моменти.
▶ Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака.
Почекајте додека електричниот алат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот.
▶ При оштетување и непрописна употреба на батеријата може да излезе пареа. Батеријата може да се запали или да експлодира. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶ Не модифицирајте и отворајте ја батеријата. Постои опасност од краток спој.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или одвртувач или со надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, да пушти чад, да експлодира или да се прегрее.
▶ Користете ја батеријата само во производи на производителот. Само на тој начин батеријата їе се заштити од опасно преоптоварување.

BOSCH ANGLE EXACT 12V12400 Professional - Безбедносни напомени за одвртувачи - 1

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од долготрајно изложување на сончеви зраци, орган, нечистотии, вода и влага. Инаку, постои опасност од експлозија и краток спој.

Доколку се блокира алатот што се вметнува, веднаш исключете го електричниот алатот. Бидете претпазливи со високите реакциски моменти, што може да предизвикаат повратен удар. Алатот што се вметнува се блокира, ако електричниот алат се преоптовари или се навали кон делот што се обработува.

ПРЕДУ- ПРЕДУВАЊЕ

Правта што настанува при шмирглање, сечење, брусење, дупчење и слични дејности може да има канцерогено, тератогено или мутагено дејство.

Некои од овие материи содржани во правта се: олово во бои и лакови што содржат олово; кристален силициум во цигли, цемент и други сидарски работи; арсен и хромат во хемиски третирано дрво. Ризикот од заболување зависи од тоа колку често сте изложени на овие супстанци. За да ја намалите опасноста, треба да работите само во добро проветрени простории со соодветна заштитна опрема (на пр. со специјално

конструирани уреди за заштита при дишење, кои ги филтрираат и најситните честички прав).

▶ Избегнувајте случајно вклучување. Осигурете се дека прекинувачот за вклучување/исклучување е во исключена позиција, пред да ставите батерија. Носењето на електричниот алат со вашиот прст на прекинувачот за вклучување/исклучување или ставање на батеријата во включен електричен алат може да доведе до несреќен случај.
▶ Користете само исправни, неизабени алати за вметнување. Дефектните алати за вметнување може на пр. да се скршат и да доведат до повреди и материјални штети.
▶ При ставањето на алатот за вметнување, внимавајте на тоа тој да лежи цврсто во прифатот за алат. Доколку алатот за вметнување не е цврсто поврзан со прифатот на алат, може да се олабави и да се случаи да не може да се контролира.
▶ Бидете претпазливи при завртување на долги завртки, бидејки постои опасност од лизнување, во зависност од видот на завртката и користениот алат за вметнување. Честопати, долгите завртки не може да се контролираат толку добро и постои опасност да се слизнат при завртувањето и да се повредите.
▶ Внимавајте на поставениот правец на вртење, пред да го включите електричниот алат. Доколку, на пример, сакате да одвртите завртка, а правецот на вртење е поставен за завртување на завртката, може да дојде до силно неконтролирано движење на електричниот алат.
▶ Не го користете електричниот алат како дупчалка. Електричните алати со една спојка за ислучување не се погодни за дупчење. Спојката може автоматски и без предупредување да се ислучи.

Опис на производот и перформансите

BOSCH ANGLE EXACT 12V12400 Professional - Опис на производот и перформансите - 1

Прочитајте ги сите безбедносни напомени и упатства. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Внимавајте на сликите во предниот дел на упатството за користење.

Употреба со соодветна намена

Електричниот алат е наменет за завртување и олабавување на завртки, навртки и други сврзни елементи со навој во дадените граници на димензии и мојност.

Електричниот алат е наменет само за користење во индустриска средина.

Електричниот алат не е наменет како дупчалка.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на илустрираните компоненти се однесува на приказот на електричниот алат на графичката страница.

(1) Алат за вметнување ^a)
(2) Прифат на алатот ^a)
(3) Аголна глава на одвртувачот ^a)
(4) Лизгач за претходен избор на вртежен момент
(5) LED-приказ на завртувањето на спојниците
(6) Приказ за наполнетост на батеријата
(7) Батерија ^a)
(8) Прекинувач за вклучување/исклучување
(9) Прекинувач за менување на правецот на вртење
(10) Рачка (изолирана површина на рачката)
(11) Копче за отклучување на батерија ^3)
(12) Обрач за закачување ^a)
(13) Дупки за држачот за закачување
(14) Површина на клучот на преклопната навртка ^3)
(15) Површина на клучот на прирабницата на аголната глава ^3)
(16) Вилушкаст клуч со ширина 27 mm ^4
(17) Вилушкаст клуч со ширина 22 mm ^4
(18) Контра-навртка ^a)
(19) Брзозатегнувачка глава ^4
(20) Алат за подесување ^a)
(21) Плочка за подесување
(22) Поклопец на USB

a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака.

Технички податоци

Индустриски батериски одвртувач
ANGLE EXACT 12V-12-400 12V-6-600 12V-3-600
Број на дел3 602 D96 6.0 3 602 D96 6.1 3 602 D96 6.2
Номинален напон V= 12 12 12
Вид на заштита IP 20 IP 20 IP 20
Тежина kg 0,7 0,7 0,7

Индустриски батериски одвртувач
ANGLE EXACT 12V-12-400 12V-6-600 12V-3-600

Батерија (не е включена во обемот на испорака)Литиум-јонска Литиум-јонска Литиум-јонска
препорачана околна температура при полнење°C 0 ... +35 0 ... +35 0 ... +35
дозволена околна температура при работење ^A) и при складирање°C -20 ... +50 -20 ... +50 -20 ... +50
препорачани акумулаторски батерии GBA 12V... GBA 12V... GBA 12V...
препорачани полначи GAL 12...GAL 12...GAL 12...
GAX 18...GAX 18...GAX 18...

Технички податоци без аголна глава

Број на вртежи во празен од n_0^B) min^-1 134-670 220-1100 220-1100
Максимален број на вртежи Power Boost ^B)C) min^-1 910 1450 1450
макс. вртежен момент при завртување во цврсти/меки материјали според ISO 5393 ^B) Nm 1,5-6,0 1,0-3,0 0,5-2,0
Максимален вртежен момент ^B)D) Nm 6,5 3,0 2,0
Тежина ^E) kg 0,9-1,1 0,9-1,1 0,9-1,1

Технички податоци со 12V аголна глава

Број на дел0 602 496 0200 602 496 0200 602 496 020
0 602 496 0210 602 496 0210 602 496 021
Број на вртежи во празен од n_0^B) min^-1 74-370120-600120-600
Максимален број на вртежи Power Boost ^B)C) min^-1 500800800
макс. вртежен момент при завртување во цврсти/меки материјали според ISO 5393 ^B) Nm 3,0-10,02,0-6,01,0-3,5
Максимален вртежен момент ^B)D) Nm 12,06,03,5
Тежина ^E) kg 0,9-1,30,9-1,30,9-1,3

Технички податоци со 180W аголна глава

Број на дел0 607 453 617--
0 607 453 618
0 607 453 620
0 607 453 630
0 602 496 022
Број на вртежи во празен од n_0^B) min^-1 95–480 --
Максимален број на вртежи Power Boost ^B)C) min^-1 650 --
макс. вртежен момент при завртување во цврсти/меки материјали според ISO 5393 ^B) Nm 2,5–8,0 --
Максимален вртежен момент ^B)D) Nm 9,0 --

206 | Македонски

Индустриски батериски одвртувач

ANGLE EXACT 12V-12-400 12V-6-600 12V-3-600

Тежина ^E)

kg 1,0-1,4--

A) ограничена мокност на температури < 0 °C
В) Мерено при 20-25 °C со батерија GBA 12V 6.0Ah.
C) Ограничена брзина при броеви на вртежи < 50%
D) Во режим на циклус можни се само: < 5 завртувања во минута
Е) во зависност од употребената батерија

Аголна глава на одвртувачот Адаптер

1/4"3/8"1/4"Брзозате3/8"Брзозате
гнувачка глава 1/4"гнувачка глава 1/4"
Број на дел0 607 453 6170 607 453 6200 607 453 6180 607 453 6300 602 496 0200 602 496 0210 602 496 022
Вртежен момент при завртување во цврсти/меки материјали според VDI 2647A)Nm 27 27 27 27 15 15 20
Вртежен момент на стегнување на прирабницаNm 20 20 20 20 15 15 20
Тежина kg 0,20 0,20 0,20 0,20 0,15 0,15 0,05

A) Хомологацијата според VDI 2647 може да се преземе од почетната страница на www.bosch-professional.com.
Вредностите може да варираат во зависност од производот и зависит од примената и условите на животната средина. Повеќе информации може да најдете на www.bosch-professional.com/wac.

Информации за бучава/вибрации

Вредностите за емисија на бучава се одредуваат согласно EN 62841-2-2.

Нивото на звучниот притисок на уредот, оценето со А, типично е помало од 70 dB(A). Нивото на звучниот притисок при работењето може да ги надмине наведените вредности. Носете заштита за слухот!

Вкупните вредности на вибрации a_h (векторски збир на три насоки) и несигурност К дадени се во согласност со EN 62841-2-2:

Затегнување на завртки и навртки со максимальна дозволена големина: a_h < 2,5 m/s^2 , K = 1,5 m/s^2

Нивото на вибрации наведено во овие упатства и вредноста на емисијата на бучава се измерени според мерни постапки и можат да се користат за споредба меѓу електрични алати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на нивото на вибрации и емисијата на бучава.

Наведеното ниво на вибрации и вредноста на емисијата на бучава ги претставуваат главните примени на електричниот алат. Доколку електричниот алат се користи за други примени, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, нивото на вибрации и вредноста на емисијата на бучава можат да отстапуваат. Ова може значително да го зголеми нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

За прецизно одредување на нивото на вибрации и емисијата на бучава, треба да се земе предвид периодот

во кој уредот е ислучен или работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали нивото на вибрации и емисијата на бучава во целокупниот период на работење.

Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието од вибрациите, како на пр.: одржување на електричните алати и алатите за вметнување, одржување на топлината на дланките, организирање на текот на работата.

Напомени за прецизност

Намалувањето на брзината (особено под 50 %) може да резултира со намалување на максимальниот вртежен момент. Зголемената брзина за време на Power Boost може да има влијание врз прецизноста и функцијата на исклучувањето. Може да се појави преклопување на спојката.

Тестовите за способност на машината обично се прават на 600 min-1 според VDI 2647.

Промените во брзината и/или вртежниот момент може да влијаат на прецизноста.

Способноста на машината мора да се тестира со соодветната поставка.

Батерија

Bosch продава батериски електрични алати и без батерија. Дали батеријата е содржана во обемот на испорака можете да видите на пакувањето.

Полнење на батеријата

▶ Користете ги само полначите коишто се наведени во техничките податоци. Само овие уреди за полнење се погодни за литиум-јонската батерија за Вашиот електричен уред.

Напомена: Литиум-јонските батерии се испорачуваат делумно наполнети порани меѓународните прописи за транспорт. За да се загарантира целосната јачина на батеријата, пред првата употреба целосно наполнете ја.

Ставање на батеријата

Вметнете ја наполнетата акумулаторска батерија во прифатот за батерија, додека не се вклопи.

Вадење на батеријата

За да ја извадите акумулаторската батеријата, притиснете на копчињата за отворање и извлечете ја батеријата. Притоа не употребувајте сила.

Приказ за наполнетост на батеријата (жолта LED светилка)

Приказ за наполнетост на батеријатаЗначење
Трепкаво светло + звучен сигналПолнење на батеријата:Можни се само уште 6–8 завртувања.
Трајно светло + звучен сигналКапацитетот не е доволен за ново завртување или електричниот алат е преоптоварен:Електричниот алат не може да се вклучи.– Извадете ја батеријата и ставете ја целосно наполнетата батерија.
Трепкаво светлоЕлектричниот алат е прегреан и надвор од употреба:– Почекајте додека трепкањето не престане автоматски по некое време, пред повторно да го включите електричниот алат.

При вметнување на батеријата (7) и при притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување (8), приказот за наполнетост на батеријата го покажува статусот на наполнетост на батеријата за 5 секунди.

Приказ за наполнетост на батеријатаКапацитет
Зелено 60–100 %
Жолто 30–60 %
Црвено 0–30 %

Напомени за оптимално користење на батериите

Заштитете ја батеријата од влага и вода.

Складирајте ја батеријата во опсег на температура од -20 °C до 50 °C. Не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот во лето.

Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.

Внимавајте на напомените за отстранување.

Монтажа

▶ Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачет за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.

Работна околина и складирање

Електричниот алат е ислучиво наменет за употреба во затворени простории.

За беспрекорна работа, дозволената околна температура треба да биде меѓу 0 °C и +45 °C, при дозволена релативна влажност на воздухот меѓу 20 и 95 % без кондензација.

Уред за закачување (види слика А)

Со држачот за закачување (12) може да го прицврстите електричниот алат на уредот за закачување.

– Поставете го држачот за закачување (12) на електричниот алат и оставете да се вклопи во дупките (13).

▶ Редовно контролирајте ја состојбата на обрачот за закачување и куките на држачот за закачување.

Монтирање на аголната глава од 180 W (види слика B)

Кај овие индустриски батериски аголни одвртувачи најпво мора да се монтираат адаптер и соодветна аголна глава на одвртувачот (види „Технички податоци“, Страница 204).

– Поставете ја аголната глава од 180 W на адаптерот и затегнете ја со вилушкаст клуч (16) на површината на клучот на преклопната навртка (14). За таа цел, со вилушкастиот клуч (17) дадете отпор на површината на клучот на адаптерот (15).

Навојот и прирабницата со навој мора да бидат без масти, како и соодветниот вртежен момент (види „Технички податоци“, Страница 204) мора да се примени на начин што аголната глава нема да се олабави.

– Завртете ја контра-навртката (18), во правец на стрелката а (лев навој) сосема наназад.

– Сега завртете го адаптерот во правец на стрелката а (лев навој) сосема наназад.

▶ Никогаш не го затегнувајте електричниот алат на телото на куќиштето.

208 | Македонски

– Завртете го адаптерот назад кон десно, додека аголната глава не биде во саканата позиција, максимум 360°.
– Фиксирајте го адаптерот во оваа позиција, при што је ја завртите контра-навртката (18) во правец на стрелката с сооодветен алат (Кукаст клуч DIN 1810 форма В големина 25/28) наспроти адаптерот. Затегнете ја контра-навртката (18) со соодветниот момент на затегање (види „Технички податоци“, Страница 204). За оваа цел, мора да се даде отпор со соодветен алат.
Навојот и прирабницата со навој мора да бидат без масти, како и соодветниот вртежен момент (види „Технички податоци“, Страница 204) мора да се примени на начин што аголната глава нема да се олабави.
– Држете го цврсто електричниот алат со вилушкастиот клуч (17) на површината на клучот (15) на адаптерот.

Монтирање на аголната глава од 12 V (види слика C)

Кај овие индустриски батериски аголни одвртувачи најпрво мора да се монтира соодветна аголна глава на одвртувачот (види „Технички податоци“, Страница 204). Аголната глава на одвртувачот (3) со прифат за алат (2) може да се подеси бесстепено за 360°.

– Завртете ја контра-навртката (18), во правец на стрелката а (лев навој) сосема наназад.
▶ Никогаш не го затегнувајте електричниот алат на телото на куќиштето.
– Завртете ја аголната глава на одвртувачот (3) во правец на стрелката d, до крајот на прирабницата. Потоа свртете назад во правец b додека не го постигнете саканиот агол на работа, најмногу за 360°.
– Фиксирајте ја аголната глава на одвртувачот (3) во оваа позиција, при што їе ја завртите контра- навртката (18) во правец на стрелката с сооодветен (Кукаст клуч DIN 1810 форма В големина 25/28) наспроти адаптерот. Затегнете ја контра- навртката (18) со соодветниот момент на затегање (види „Технички податоци“, Страница 204). За оваа цел, мора со соодветен алат (Кукаст клуч DIN 1810 форма В големина 20/22) да се закачи во отворот на аголната глава и да се даде отпор.
Навојот и прирабницата со навој мора да бидат без масти, како и соодветниот вртежен момент (види „Технички податоци“, Страница 204) мора да се примени на начин што аголната глава нема да се олабави.

Поставување на аголната глава од 12 V

Аголната глава на одвртувают (3) со прифат за алат (2) може да се подеси бесстепено за 360°.

– Олабавете ја контра-навртката (18), при што со соодветен алат (Кукаст клуч DIN 1810 форма В големина 25/28) ќе ја закачите во отвор на контра-навртката и ќе завртите во правец на стрелката а (лев

навој). За оваа цел, мора со соодветен алат (Кукаст клуч DIN 1810 форма В големина 20/22) да се закачи во отворот на аголната глава и да се даде отпор.

▶ Никогаш не го затегнувајте електричниот алат на телото на кукиштето.

– Вртете ја аголната глава на одвртувачот (3) во правец на стрелката b, додека не го постигнете саканиот агол на работа, најмногу за 360°.
– Фиксирајте ја аголната глава на одвртувачет (3) во оваа позиција, при што ће ја свртите контра-навртката (18) во правец на стрелката с наспроти аголната глава на одвртувачет. Затегнете ја повторно контра-навртката (18) со соодветниот момент на затегање (види „Технички податоци“, Страница 204). За оваа цел, мора со соодветен алат да се закачи во отворот на аголната глава и да се даде отпор.
Навојот и прирабницата со навој мора да бидат без масти, како и соодветниот вртежен момент (види „Технички податоци“, Страница 204) мора да се примени на начин што аголната глава нема да се олабави.

Конфигурација на електричниот алат

Со помош на софтверот BOSCH EXACT Configurator од верзија 5.2 и понова, на електричниот алат може да се конфигурираат различни поставки (на пр. број на вртежи, степени на завртување, заштита од рестартирање). Тогаш електричниот алат мора да се поврзе преку USB-интерфејс со PC. Користете USB-кабел:

USB 2.0 Тип A/Micro-USB 2.0 Тип B

- Двојно заштитен

- Макс. должна 1 m

При конфигурирање преку USB-интерфејс, може да се појават радио пречки надвор од индустриското опкружување.

▶ Притоа внимавајте на сите безбедносни напомени и инструкции во упатството за употреба на софтверот.

Замена на алатот кај завртка со надворешна четириаголна глава (види слика D)

Ставање на алатот за вметнување

– Притиснете ја навнатре чивијата на четириаголната глава на прифатот за алат (2), на пр. со помош на мал одвртувач и вметнете го алатот за вметнување (1) над четириаголната глава. Внимавајте чивијата точно да влезе во отворот на алатот за вметнување.

Вадење на алатот за вметнување

– Притиснете ја навнатре чивијата во отворот на алатот што се вметнува (1) и извлечете го алатот за вметнување од прифатот за алат (2).

Замена на алатот кај завртка со внатрешна четириаголна глава (види слика E)

Ставање на алатот за вметнување

- Вметнете го алатот за вметнување (1) во внатрешната шестаголната глава на алатот за прифат (2), додека не се вклопи.

Вадење на алатот за вметнување

– Извлечете го алатот за вметнување (1) од алатот за прифат (2), доколку е потребно со помош на клешти.

Замена на алатот кај завртка со брзозатегнувачката глава (види слика F)

Ставање на алатот за вметнување

Користете само алати за вметнување со соодветен крај за вметнување (1/4"-шестаголна глава).

– Извлечете ја чаурата на брзозатегнувачката глава (19) нанапред.
- Ставете во алатот за вметнување (1) во прифатот за алат (2) и повторно олабавете ја брзозатегнувачката глава.

Вадење на алатот за вметнување

– Извлечете ја чаурата на брзозатегнувачката глава (19) нанапред.
- Извадете го алатот за вметнување (1) од прифатот за алат (2) и повторно олабавете ја брзозатегнувачката глава.

Употреба

Доколку сакате да го стартувате електричниот алат, најправо треба да го подесите правецот на вртење со прекинувачот за правец на вртење (9):

Електричниот алат їе стартува, доколку прекинувачот за правец на вртење (9) не стои во средината (блокада при вклучување).

Подесување на правецот на вртење (види слика G)

  • Десен тек: За дупчење и завртување притиснете го прекинувачот за менување на правец на вртење (9) на лево до крај.
  • Лев тек: За олабавување одн. одвртување на завртки притиснете го прекинувачот за менување на правецот на вртење (9) на десно до крај.

Подесување на вртежниот момент (види слика Н)

Вртежниот момент зависи од преднапонот на пружината на исклучната спојка. Исклучната спојка се отпушта веднаш штом се постигне поставениот вртежен момент како во десен, така и во лев тек.

За подесување на индивидуалниот вртежен момент, користете го само алатот за поставување (20) што е испорачан со уредот.

– Притиснете го поклопецот за спојката кон наназад.
– Вметнете го алатот за поставување (20) во малата испакнатина (плочка за подесување (21)) на спојката и завртете го (20).

Вртењето во правец на стрелките на часовникот создава висок вртежен момент, а вртењето во правец спротивен од стрелките на часовникот создава помал вртежен момент.

– Извадете го алатот за поставување (20). Притиснете го поклопецот за спојката додека не се затвори отворот, за да се заштити спојката од нечистотија.

Напомена: Потребната поставка зависи од видот на сврзувањето и најдобро може да се одреди со практичен обид. Проверете го завртувањето со клуч за вртежен момент.

▶ Вртежниот момент поставете го само во наведените граници на јачина, инаку нема да одговара на спојката за исклучување.

▶ Редовно проверувајте го вртежниот момент на прицврстувачот и повторно прилагодете ја спојката за исклучување доколку е потребно.

Вклучување/исклучување

BOSCH ANGLE EXACT 12V12400 Professional - Вклучување/исклучување - 1

Одвртувачите имаат спојка за ислучување која зависи од вртежниот момент и се подесува во дадените граници. Таа реагира доколку се постигне подесениот вртежен момент.

  • За вклучување на електричниот алат, притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8) докрај.
    – Електричниот алат автоматски се исклучува, штом се постигне подесениот вртежен момент.

▶ При предвремено отпуштање на прекинувачот за вклучување/исклучување (8) претходно подесениот вртежен момент нема да се постигне.

▶ Редовно проверувајте го вртежниот момент на прицврстувачот и повторно прилагодете ја спојката за ислучување доколку е потребно.

Заштита од преоптоварување во зависност од температурата

При преоптоварување, електричниот алат се блокира, додека не се постигне повторно оптималната температура. Отпуштете го прекинувачот за вклучување/ислучување (8) и повторно включете го електричниот алат, за да може да продолжите да работите.

Електричниот алат не работи со оптимална ефикасност под 50 % број на вртежи. Ова може да предизвика порано активирање на заштитата од преоптоварување на температурата. Доколку има проблеми со овие поставки, конфигурирајте ја излезната брзина над 50 % или намалете го максимальниот искористен вртежен момент.

▶ Електричниот алат ставете го на навртката/завртката само доколку е ислучен. Доколку алатите

210 | Македонски

што се вметнуваат се включени и се вртат, тие може да се превртат.

Приказ за завртувања (зелена/цирвена LED светилка)

Со постигнување на претходно поставениот вртежен момент, спојката за ислучување се отпушта. LED-приказот (5) свети зелено.

Доколку претходно поставениот вртежен момент не се постигне, LED-приказот (5) свети црвено и се слуша звучен сигнал. Завртувањето на спојниците мора да се изведе уште еднаш.

Заштита од рестартирање

Доколку при завртувањето на спојниците се активира спојката за исклучување, моторот се исклучува. Повторното вклучување е возможно дури по 0,7 секунди пауза. Притоа се избегнува невнимателно зацврстување на веке фиксираните спојници.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

▶ Пред секое работење на електричниот алат (на пр. одржување, промена на алатот итн.) извадете ја батеријата од електричниот алат. При невнимателно притискање на прекинувачот за вклучување/исклучување постои опасност од повреди.
▶ Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите.
▶ Проверете го електричниот алат за оштетување и абење најдоцна на секои 100000 завртувања и проверете ги сите функции. Потоа повторно поставете го вртежниот момент на спојката.

Сервисна служба и совети при користење

Сервисната служба їе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вавшот производ како и резервните делови. Експлодирани цртежи и информации за резервни делови може да се најдат и на: www.bosch-pt.com

Тимот за советување при користење на Bosch ke Ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и опрема.

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Северна Македонија

Д.Д.Електрис

Дополнителни адреси за сервиси може да се најдат на:

Препорачаните Литиум-јонски батерии подлежат на барањата во Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации.

При испорака преку трети лица (на пр.: При пренос на истите од страна на трети лица воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени за пакување и означување со етикети. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.

Транспортирајте ги батериите само доколку кујкиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.

Отстранување

BOSCH ANGLE EXACT 12V12400 Professional - Отстранување - 1

Електричните апарати, батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

BOSCH ANGLE EXACT 12V12400 Professional - Отстранување - 2

Не ги фрлајте електричните апарати и батериите во домашната канта за губре!

Само за земјите од ЕУ:

Електричните алати кои повеće не се употребливи и неисправни или користени акумулаторски батерии/батерии мора да се фрлаат посебно. Користете ги предвидените системи за собирање.

Доколку се фрли неправилно, отпадната електрична и електронска опрема може да има штетни ефекти врз животната средина и здравјето на лујето поради можното присуство на опасни материи.

Батерии:

Литиум-јонски:

Ве молиме внимавајте на напомените во делот Транспорт (види „Транспорт“, Страница 210).

Srpski

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : ANGLE EXACT 12V12400 Professional

Категорија : Мелница за кафе