Combi 53 SQ B - кошачка за трева STIGA - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот Combi 53 SQ B STIGA во PDF формат.
Прашања на корисниците за Combi 53 SQ B STIGA
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот кошачка за трева во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник Combi 53 SQ B - STIGA и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. Combi 53 SQ B на марката STIGA.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК Combi 53 SQ B STIGA
⚠️ ОПАСНОСТ! Горивото е силно запалимо.
Во ова упатство одредени поглавја содржат важни информации во однос на безбедноста и на функционалноста и се нагласени на следниот начин:
ЗАБЕЛЕШКА ИЛИ ВАЖНО даваат детални или
дополнителни информации за она што е претходно наведено, со цел да се спречи оштетување на машината.
Овој Symbol посочува на опасност. Непочитувањето на ова предупредување создава можност за лични повреди или на трети лица и/или штети.
• Пасусите означени со квадратче со рамка
и сиви точки посочуваат на изборни одлики
коишто не се присутни кај сите модели
•дадени во ова упатство. Проверете дали се
•достапни карактеристики за овој модел.
Сите индикации „напред“, „назад“, „лево“ и „десно“ на машината, се дадени во однос на позицијата за работа на операторот.
1.2 НАСОКИ
1.2.1 Слина
Сликите во ова упатство за употреба се нумерирани со 1, 2, 3 и така натаму.
Компонентите посочени на сликите се означени со буквите А, В, С и така натаму.
Насоката за компонентата С на сликата 2 се означува со изразот: „Видете на сл. 2. С“, или поедноставно „(слика 2.С)“.
Сликите се само за пример. Вистинските делови може да се разликуваат во однос на оние на сликата.
1.2.2 Наслови
Упатството е поделено на поглавја и пасуси. Насловот на пасус „2.1 Обука“ е заменето со „2.
Безбедносни норми". Насоките за насловите или пасусите се означени со кратенките погл. или пас. и со соодветниот број. Пример: „погл. 2“ или „пас. 2.1"
2. БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ
2.1 ОБУКА
Запознајте се со командите и правилното користење на машината. Научете брзо да го запирате моторот. Непридржувањето кон предупредувањата и кон упатството може да предизвикаат изгореници и/или сериозни повреди.
- Не дозволувајте никогаш деца да ја употребуваат машината, или други лица што не ги знаат основните упатствата. Локалните закони може да предвидат минимална возраст за управување со машината.
- Никогаш не ја користете машината доколку корисникоте изморен или изнемоштен, или користел лекови, дрога, алкохол или други штетни супстанци што можат да ги забават неговите рефлекси и да ја загрозат неговата способност за пресуда.
- Не пренесувајте деца или други патници.
- Имајте на ум дека корисникот е одговорен за незгодите или опасноста по други лица или нивниот имот. Во опсегот на одговорности на операторот спаға и проценката на можните ризици на теренот каде треба да се работи и затоа преземете ги сите неопходни безбедносни мерки за да ја гарантирате својата, но и безбедноста на другите особено на закосени, нерамни, лизгави или нестабилни терени.
- Во случај кога во опкружувањето на машината има други лица, проверете дали корисникот ги почитува упатствата што се содржани во ова упатство.
- Носете соодветна облека, работни чевли со їон против лизгање и долги пантолони. Не вклучувајте на машината со боси нозе или со отворени сандали. Носете заштитни слушалки за слухот.
- Употребата на акустична заштита ја намалува можноста да ги слушнете можните предупредувања (повикување или аларми). Обрнувајте исключително внимание на она што се случава околу областа за работа.
- Носете ракавици за работа во сите ситуации каде има ризик за рацете.
- Не носете марами, наметки, ремени, бразлетни, облека со лелеави делови или со врвки и врски и слични додатоци што висат или се долги и би можеле да се закачат за машината или за предмети и материјали кои се производ на работата.
- Соодветно приберете ја косата доколку е долга.
- Проверете ја темелно целата површина за работа и отстранете сё што би можело да биде исфрлено од машината и да ги оштети сечилата/ротирачки делови (камења, гранки, железни остатоци, коски, итн.).
Мотор со внатрешно согорување мотори: гориво
⚠️ ОПАСНОСТ! Горивото е високо запаливо средство.
- Чувајте го горивото во соодветни садови за таа намена, на безбедно место, подалеку од извор на топлина или отворен орган.
- Одржувајте ги садовите чисти од остатоци од трева, лисја или масло.
- Чувајте ги садовите подалеку од дофат на деца.
- Не пушете додека полните или дополнувате гориво.
• Дополнувајте гориво со инка и на отворена површина. - Не ги вдишувајте гасовите.
- Никогаш не отворајте го капачето на резервоарот, и не дополнувајте гориво додека моторот работи или е уште загреан.
-
Полека отворете го капачето на резервоарот оставајки внатрешниот притисок постепено да испари.
-
Не го приближувајте резервоарот до отворен орган, за да ја проверите содржината.
- Доколку ви се истури гориво, не го стартувајте моторот, и преместете ја машината подалеку од местото, и почекајте додека да испари горивото.
- Веднаш исчистете го секој остаток од истуреното гориво врз косилката или на земја.
- Безбедно заменувајте го капачето на резервоарот, и садовите со гориво.
- Не ја стартувајте косилката на истото место каде сте дополнувале гориво; стартувањето на моторот треба да се одвива на најмалку 3 метри оддалеченост од местото каде сте дополнувале гориво.
- Да се избегнува истекувањето на горивото на работната облека и во спротивно да се смени истата пред палење на моторот.
- Не го палете моторот во затворен простор каде што може да се акумулира јаглерод моноксид. Операцијата на стартување треба да се одвива на отворен простор или во простории со провев. Не заборавајте дека издувните гасови можат да бидат токсични.
- Кога ја стартувате косилката, не насочувајте го придушувачот, а со тоа и издувните гасови кон запаливите материи..
- Не користете ја машината во средина каде постои ризик од експлозија, во присуство на запаливи материи, гасови или нечистотија. Електричните делови предизвивуваат искри што може да ги запалат нечистотиите или испарувањата.
- Работете само на дневна светлина или при добро вештачко осветление и при услови на добра видливост.
- Оддалечете ги лицата, децата и животните од областа за работа. Не може да се чуваат деца додека се користи на машината, тие треба да бидат чувани од друго лице.
- Избегнувајте да работите на мокра трева, кога врне и кога ризик од временска непогода, особено грмотевици.
- Обрнете особено внимание на нерамнините на теренот (грутки, канали), закосувањата, сокриени опасности и на присуството на дадени опасности коишто може да ја попречат видливоста.
- Обрнете особено внимание во присуство на стрмнини, дупки или препреки. Машината може да се преврти ако едното тркало поминува преку раб или ако работ е закосен.
- Работете секогаш надолжно во однос на косината, во правец нагоре/надолу, но никогаш попреку внимавајки при тоа на менувањето на правецот одржувајки правилна потпора и да избегнувате тркалата да удираат на пречки (камења, гранки, корења и сл.) со што може да се предизвика странично лизгање, превртување или загуба на контролата врз машината.
- Внимавајте на сообрајајот кога машината се користи во близина на пат.
- За да го избегнете ризикот од пожар, не ја оставајте машината со врел мотор на лисја или на сува трева или друг запалив материјал.
Однесување
- Обрнете внимание кога одите во рикверц или наназад. Погледнете зад неа пред и при движење наназад за да обезбедите дека нема никакви пречки.
- Никогаш не трчајте, туку одете.
- Избегнувајте да ја влечете тревокосачката.
- Секогаш држете ги рацете и нозете подалеку од уредот со сечивото, особено при палење на моторот и додека работите со машината.
- Внимание: сечилото продолжува да се врти уште неколку секунди откако ће се исклучи или откако ће го изгаснете моторот.
- Држете растојание од отворот за исфрлање.
- Да не се допираат деловите на моторот при работа бидејки се топли, . постои ризик од изгореници.
⚠️ Во случај на дефект или инциденти во текот на работата, веднаш исключете го моторот и оддалечете ја машината внимавајки да не предизвикате други оштетувања Во случај на инцидент со лична повреда или повреда на трето лице, пристапете веднаш кон постапката за давање најсоодветна прва помош за дадената состојба и обратете се во соодветен центар за здравствена заштита за неопходно лекување. Отстранете ги темелно сите остатоци од косењето што може да предизвикаат дефект или повреди на лица или животни ако останат незабележано во машината.
Ограничување при употреба
- Никогаш не ракувајте со машината кога обезбедувачите се оштетени, нецелосни или неправилно монтирани (корпа за трева, обезбедувачи за странично исфрлање, обезбедувачи за задно исфрлање).
- Не користете ја машината ако дополнителната/помошната опрема не е поставена на дадените точки.
- Не ислучувајте, дезактивирајте, вадете ги манометарот и поставените безбедносни системи/микропрекинувачи.
- Да не се изменуваат функциите на моторот ниту пак да се турира. Доколку моторот работи со претеран број на вртења ризикот од повреди се зголемува.
- Не изложувајте ја машината на непотребни сили и не користете мала машина за изведување тешки работи; адекватно користење на машината го намалува ризикот и го подобрува квалитетот на работата.
2.4 ОДРЖУВАЊЕ, ЧУВАНЬЕ И ТРАНСПОРТ
Редовно одржувајте и правилно одложете ја машината за да ја одржите безбедноста на машината и нивото на работа.
Одржување
- Никогаш не користете ја машината со користени или оштетени делови. Оштетените или дефектните делови треба да се заменат, никогаш да не се поправаат.
- Контролирајте редовно да не има губење на масло и/или гориво за да се намали ризикот од пожари.
- Во текот на операциите за регулирање на машината, обрнете внимание и избегнувајте прстите да ви се наогаат заглавени во уредот со сечивото во движење и фиксните делови на машината.
⚠️ Дадените нивоа за бучава и вибрации во ова упатство се максимальни вредности при употреба на машината. Употребата на елемент за носење којшто не е стабилен, движењето со преголема брзина, неодржувањето на машината значително влијаат врз емисијата на бучава или вибрации. Затоа, неопходно е да применувате заштитни мерки за да елиминирате можни оштетувања заради зголемена бучава или значителни вибрации; Редовно одржувајте ја машината, носете слушалки против бучава и правете паузи во работата.
Одлагање
- Никогаш ја складирајте косилката со гориво во резервоарот, во просторија каде испарувањата од горивото може да допрат до отворен пламен, искра или до извор на топлина.
- За намалување на ризикот од орган, не оставајте полни контејнери во затворен простор.
2.5 ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА
Заштитата на животната средина треба да се извршува релевантно и приоритетно при употреба на машината во корист на грағанските погодности и на просторот во кој живееме.
- Избегнувајте појава на елементи што го нарушуваат непосредното опкружување. Користете ја машината само во разумно време (не многу рано наутро и доцна навечер кога може да ги вознемирите лугето).
- Почитувајте ги локалните прописи за отстранување на пакувањето, искористените делови или други делови што имаат силно влијание врз животната средина овие отпадоци не се фрлаат во ўбре, туку треба да бидат разделени и да се достават до соодветни центри за собирање на истите, кои ће се погрижат за рециклирање на истите.
- Придржувајте се до локалните одредби за отстранување на отпадни материјали.
- При исфрлање од употреба, не оставајте ја машината каде било во природата, туку предајте ја во собирен центар во согласност со важечките локални закони.
3. ЗАПОЗНАЈТЕ ЈА МАШИНАТА
3.1 ОПИС НА МАШИНАТА И ПРЕДВИДЕНА УПОТРЕБА
Оваа машина е тревоносачка со оператор што се движи.
Машината во основа се состоит од мотор којшто ги придвижува сечилата затворен во кукиште, и исто така е опремена со тркала и рачка.
Операторот е во позиција да управува со машината и да ги включува главните команди држејки се секогаш зад ракофатот и на безбедно растојание од ротирачкиот уред со сечивото.
Оддалечувањето на операторот од машината предизвикува запирање на и на ротирачкиот уред по неколку секунди.
Предвидена употреба
Оваа машина е наменета и изработена за косење (и собирање) трева во градина и тревни површини, со висина според нејзиниот капацитет за косење, управувана од оператор кој оди зад неа.
Генерално, оваа косилка може:
- Да коси трева и остатокот да го собере во врејата на корпата за трева.
- Да коси трева и да ја исфрли на земјата преку задниот отвор (доколку има).
- Да коси трева и да ја исфрли на земјата преку страничниот отвор (доколку има).
- Да коси трева, да ја кастри и да ја исфрли на земја (ефект на мулчирање - доколку има).
Употребата на одредена дополнителна опрема којашто ја предвидел производителот како оригинална опрема и делови што се набавуваат засебно, дозволуваат да ја завршите оваа работа на различни работни начини, претставени во ова упатство и во упатството што се доставува со дадената дополнителна опрема.
3.1.1 Несоодветна употреба
Секоја друга употреба, поразлична од горенаведените, може да претставува опасност за лугето и/или да ги оштети предметите. Се отфралат при неправилна употреба (како пример, но не се ограничува на следното):
- Транспортот на други лица, деца или животни со машината, може да доведе истите да паднат и да се здобијат со тешки повреди или да го попречат безбедното управување на операторот;
• Транспорт на лица со машината; - Употреба на машината за влечење или буткање товар;
- Вклучување на сечилата врз површини без трева;
- Употреба на машината за собирање на лисја или остатоци;
- Употреба на машината за поткастрување на живи огради, или за косење на други растенија;
- употреба на машината од страна на повеќе луге.
ВАЖНО Несоодветната употреба на косилката ће ја поништи гаранцијата, и ће го ослободи Производителот од сите одговорности, а со тоа корисникот ће стане одговорен за сите штети и повреди кон себе и кон другите лица.
Оваа машина е наменета да ја користат корисници, т.е. оператори коишто не се професионалци.
Наменета е за „домашна употреба“.
ВАЖНО Машината мора да се користи само од еден оператор.
3.2 ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
На машината има символи (сл.2.0). Нивната функција е да го потсетат корисникот на неопходноста од внимателна употреба. Значење на символите:

Предупредување. Прочитајте го упатството пред да ја користите машината
Предупредување! Не ги ставајте рацете или нозете во преградата на сечилата. Извадете го капачето на свекицата и прочитајте го упатството пред секое одржување или поправка.

Опасност! Ризик од исфрлени предмети. Оддалечете ги лугето што е можно подалеку од местото на работа.

Опасност! Опасност од сечење. Сечилата се во движење. Не ги ставајте рацете во внатрешноста на кукиштето на сечилата.
ВАЖНО Сите оштетени или нечитливи налепници мора да се заменат. Нарачајте други налепници од Овластениот сервисен центар.
Етикетата за идентификација ги содржи следните податоци (сл.1.0).
- Ниво на акустична мойност.
- Ознака за усогласеност со СЕ.
- Година на производство.
- Тип на машината.
- Сериски број.
- Име и адреса на производителот.
- Код на производ.
-
Тежина во кг.
-
Номинална моїност и максимальна работа брзина на моторот.
Запишете ги податоците за идентификација за машината на соодветните места на дадената етикета од внатрешната страна на капакот.
ВАЖНО Наведете ги податоците од етикетата за идентификација на производот секогаш кога ће го контактирате Овластениот сервисен центар.
ВАЖНО Примерот од Изјавата за сообразност е даден на последните страници од упатството.
3.4 ГЛАВНИ ДЕЛОВИ (Сл.1)
A. Шасија.
В. Мотор.
С. Сечила.
D. Обезбедувач за задно исфрлање.
E. Обезбедувач за странично исфрлање (доколку има).
F. Канал за странично исфрлање (доколку има).
G. Корпа за трева.
Н. Рачка.
I. Рачка на моторна сопирачка / сечила.
J. Рачка за вклучување на погон.
⚠️ Строго придржувајте се до индикациите и безбедносните норми опишани во погл. 2..
4. МОНТАЖА
Некои компоненти на машината не се инсталирани во фабриката и треба да се монтираат по распакувањето, следејки ги упатствата подолу.
⚠️ Распакувањето и целата монтажа треба да се извршат на цврста и рамна површина со довольно простор за поместување на машината и на амбалажата.. Не ја користете машината пред да ги прочитате упатствата наведени во делот „МОНТИРАЊЕ“.
4.1 РАСПАКУВАЊЕ (Сл.3.0)
-
Извадете ги од кутијата сите делови што не се монтирани.
-
Извадете ја машината и ослободете се од кутијата и амбалажата согласно локалните прописи.
4.2 СКЛОП ЗА РАЧКА (Сл.4.A/B/C)
ВАЖНО Моторот може да стартува само кога погонот е ИСКЛУЧЕН.
ВАЖНО Избегнувајте придвижување на машината наназад кога погонот е ВКЛУЧЕН.
Изведувајте ја операцијата нога уредот со сечивото мирува.
ВАЖНО За насоки за употреба на моторот и акумулаторот (доколку има), разгледајте ги соодветните упатства.
Ставете ја машината хоризонтално и стабилна на теренот.
6.1.1 Дополнување масло и гориво
ВАЖНО Машината се испорачува без моторно масло и без гориво.
Пред употреба на машината, дополнете гориво и масло; разгледајте го прирачникот за работа на моторот, пас. 7.2.1/7.2.2.
6.1.2 Подготовка на носилката пред започнување со работа
ЗАБЕЛЕШКА Оваа машина може да се користи за косење трева на различни начини;
a. Подготовка за косење трева и собирање во корпата за трева:
-
За модели со странично исфрлање: уверете се дека обезбедувачот (Сл. 11.А) е спуштен и блокиран со помош на безбедносната рачка (Сл. 11.В).
-
Вметнете ја корпата за трева (Сл.11.С).
b. Подготовка за косење трева и задно исфрлање на земја:
-
Подигнете го обезбедувачот за задно исфрлање (Сл.12.А) и вметнете го клинот (Сл.12.В).
-
За модели со странично исфрлање: уверете се дека обезбедувачот (Сл. 12.С) е спуштен и блокиран со помош на безбедносната рачка (Сл. 12.Д).
За да го извадите клинот: види Сл.12.A/B.
с. Подготовка за косење трева и настрење (функција на мулчирање):
Подигнете ја заштитата за задниот испуст (Сл.13.А) и вметнете го капакот на дфлекторот (Сл.13.В) во отворот на испустот внимателно држејки го закосен надесно. Така, фиксирајте го вметнувајки ги двата клина (Сл.13.В.1) во предвидените отвори додека не се наместат.
За модели со странично исфрлање: уверете се дека обезбедувачот за странично исфрлање (Сл. 13.C/D) е спуштен и блокиран со помош на безбедносната рачка (Сл. 13.D).
d. Подготовка за косење трева и странично исфрлање на земја:
-
Подигнете ја заштитата за задниот испуст (Сл.14.А) и вметнете го капакот на дфлекторот (Сл.14.В) во отворот на испустот внимателно држејки го закосен надесно. Така, фиксирајте го вметнувајки ги двата клина (Сл.14.В.1) во предвидените отвори додека не се наместат.
-
Нежно притиснете ја безбедносната рачка (Сл.14.С) и подигнете го обезбедувачот за странично исфрлање (Сл.14.Д).
-
Вметнете го каналот за странично исфрлање (Сл.14.Е).
-
Затворете го обезбедувают за странично исфрлање (Сл.14.Д) за да се блокира каналот за странично исфрлање (Сл.14.Е).
За да го извадите каналот за странично исфрлање:
-
Нежно притиснете ја безбедносната рачка (Сл.14.С) и подигнете го обезбедувачот за странично исфрлање (Сл.14.Д).
-
Ослободете го каналот за странично исфрлање (Сл.14.Е).
6.1.3 Прилагодување на навалувањето на рачката (Сл.15/16)
Изведувајте ја операцијата кога уредот со сечивото мирува.
6.2 БЕЗБЕДНОСНИ КОНТРОЛИ
⚠️ Секогаш проверувајте ги безбедносните контроли пред работа.
6.2.1 Безбедносна проверка пред секоја употреба
- Проверете ја стабилноста на машината и проверете дали сите нејзини делови се правилно монтирани;
- уверете се дека сите спојки се правилно затегнати;
- одржувајте ја чиста и сува површината на машината.
| Дејство Резултат | |
| 1. Запалете ја машината (пас. 6.3).2. Ослободете ја рачката за моторно сопирање / сечила. | 1. Уредот со сечивото треба да се движи.2. Рачките треба автоматски и бргу да се врата во неутрална позиција, моторот треба да се изгаси и уредот со сечивото треба да се смири за неколку секунди. |
| 1. Запалете ја машината (пас. 6.3).2. Управувајте со рачката за погон.3. Пуштете ја рачката за погонот. | 2. Тркалата ја движат машината.3. Тркалата застануваат и четката престанува да се движи. |
| Пробна насока Нема чудни вибрации.Нема чудни звуци. | |
⚠️ Ако некој од резултатите не е ист како што е посочено во табелата, не ја користете машината! Контактирајте го Овластениот сервисен центар за проверка и поправка, доколну е потребно.
6.3 ПАЛЕЊЕ
ЗАБЕЛЕШКА Вклучувајте ја на рамни површини, исчистени од препреки и висока трева.
6.3.1 Модели со рачка за мануелно стартување(Сл.17.A/B)
ЗАБЕЛЕШКА Рачката за моторно сопирање / сечила мора да биде постојано повлечена за да не дојде до запирање на моторот.
6.3.2 Модели со команда на копче за стартување(Сл.18.A/B/C/D/E)
Ставете ја батеријата во соодветното место на моторот (Сл.18.А ); (Следете ги дадените мерки што се дадени во упатството за употреба на моторот.). Кај некои модели има мотор со интегрирана батерија што не се вади ( Сл.18.В ).
ЗАБЕЛЕШКА Рачката за моторно сопирање / сечила мора да биде постојано повлечена за да не дојде до запирање на моторот.
6.4 РАБОТА
ВАЖНО Во текот на работата, секогаш одржувајте безбедно растојание од уредот со сечивото која се определува со должината на ракофатот.
6.4.1 Косење трева
- Започнете да се движите нанапред и да ја косите тревата.
- Прилагодете ја брзината и висината на косење (пас. 5.5) согласно Costaјбата на тревникот (висината, густината и влажноста на тревата) и количината на трева што треба да се искоси.
- Се препорачува секогаш да се коси на иста висина и во две насоки (Сл.20).
За мулчиране или задно исфрлање на трева:
- Никогаш не косете повеје од една третина од вкупната висина на едно поминување (сл.19).
• Одржувајте ја шасијата секогаш чиста (пас. 7.4.2).
- За странично исфрлање: избегнувајте да ја исфрлате искосената трева на страната на тревникот што не е уште искосен.
6.4.2 Празнење на корпата за трева
За корпа за трева со индикатор:

Подигната = празна.

Спуштена = полна*.
дека корпата за трева е полна и треба да се испразни.
За да ја извадите и испразните корпата за трева:
- Почекајте да запре сечилото (Сл.21.A);
- извадете ја корпата за трева (Сл.21.B/C/D).
6.5 ЗАПРЕТЕ (Сл.22.A)
⚠️Откано ће ја запрете машината, треба да поминат неколку секунди пред да запре и сечилото.
⚠️ Не го допирајте моторот по запирањето. постои ризик од изгореници.
ВАЖНО Застанете ја секогаш машината.
- При менување на локацијата на работа.
- При преминување на терени каде нема трева.
- Во близина на пречка.
- Пред да ја регулирате висината на косење.
- Секогаш кога корпата за трева се вади или се вметнува.
- Секогаш кога каналот за странично исфрлање (доколку има) се вади или се вметнува.
6.6 ПО УПОТРЕБА(Сл.23.A/B/C/D)
- Исчистете ја косилката (пас. 7.4).
- Доколку е потребно, заменете ги оштетените делови и прицврстете ги олабавените завртки и навртки.
ВАЖНО Секогаш кога машината не е активна или е без надзор:
- Извадете го капачето на свекицата (за модели со рачка за мануелно стартување)(Сл.23.В/С).
- Притиснете го тастерот и извадете го клучот за одобрување (за модели со копче за стартување) (Сл.23.D).
7. ОДРЖУВАНЬЕ
7.1 ОПШТО
⚠ Безбедносните одредби што треба да ги следите се дадени во погл. 2. Строго придржувајте се до овие упатства за да избегнете сериозни ризици или опасности:
⚠️ Пред да започнете со нанва било контрола, чистење или одржување/прилагодување на машината:
• Застанете ја машината.
- Уверете се дека сите подвижни делови се запрени.
- Почекајте додека моторот да се олади.
- Извадете го напачето на свейницата (Сл. 23.В).
- Извадете го клучот (Сл.23.D) (за модели со копче за стартување).
- Прочитајте ги соодветните упатства.
- Носете соодветна облека, работни чевли и заштитни очила.
72 РЕДОВНО ОДРЖУВАЊЕ
- Зачестеноста и видот на одржување се дадени во „Табелата за одржување“ (поглавје 10).
ВАЖНО Сите операции на одржување или прилагодување што не се наведени во ова упатство, мора да е вршат од страна на вашиот Овластен сервисен центар.
721 Дополнување гориво
Ставете ја машината хоризонтално и стабилна на теренот.
⚠️ Дополнувањето на гориво мора да се врши кога машината е исключена и кога капачето на свейницата е извадено.
Дополнете гориво согласно методите и мерките на претпазливост наведени во прирачникот за работа на моторот.
: ⚠️ Машини со можност за вертикално складирање
(погл. 8.1) имаат резервоар што содржи индикатор
- за ниво на гориво. Не го полнете резервоарот над
• наведеното ниво (Сл.24.А).
ВАЖНО Исчистете ги сите траги од истекување на гориво.
Гаранцијата не ги покрива штетите на пластичните делови предизвикани од горивото.
ЗАБЕЛЕШКА Горивото е лесно расипливо, па затоа не треба да остане во резервоарот подолго од 30 дена.
7.2.2 Проверка/дополнување на моторното масло
Проверете/дополнете моторно масло согласно методите и мерките на претпазливост наведени во прирачникот за работа на моторот.
За правилна работа на машината, редовно заменувајте го моторното масло, согласно насоките наведени во прирачникот за работа на моторот.
Уверете се дека сте го дополниле нивото на масло пред повторно да ја користите машината.
7.3 ВОНРЕДНО ОДРЖУВАЊЕ
7.3.1 Уред со сечивото
⚠️ Сите операции на сечилата (демонтирање, острење, балансирање, поправка, повторно монтирање и / или замена) мора да се вршат во Овластениот сервисен центар.
Заменете ги сечилата ако се оштетени, искривени или изабени, заедно со соодветните шрафови.
ВАЖНО Секогаш користете оригинални сечила што го содржат кодот наведен во табелата „Технички податоци“.
7.4 ЧИСТЕЊЕ
Исчистете ја машината по секоја употреба следејки ги следните упатства.
7.4.1 Чистење на машината
- Секогаш проверувајте дали отворите за вентилација се ослободени од остатоци од косењето.
- Не користете абразивни течности за чистење на шасијата.
- За да го намалите ризикот од пожар, одржувајте го моторот чист од остатоци од трева, лисја или масло.
- Измијте ја машината со вода по секоја употреба.
7.4.2 Чистење на уредот на сечилото
- Отстранете ги остатоците од трева и кал насобрани во внатрешноста на шасијата.
Модели без систем за миење
- За да пристапите до долниот дел, навалете ја машината од страната наведена во упатството, следејки ги соодветните инструкции, и уверете се дека машината е стабилна пред вршење на каква било интервенција.
- За странично исфрлање: извадете го каналот за - исфрлање (доколку е монтиран - пас. 6.1.2d.).
За да го измиете внатрешниот дел на склопот на сечилата, постапете на следниот начин (Сл.25.A/B/C):
-
секогаш стојте зад рачката на косилката;
-
стартувајте го моторот.
Доколку се извади бојата од внатрешната страна на шасијата, веднаш реагирајте и поминете ја површината со боја против рға.
7.4.3 Чистење на корпата за трева (Сл.26.A/B)
Исчистете ја корпата за трева и оставете ја да се исуши.
7.5 БАТЕРИЈА
• Акумулаторот се испорачува за модели со
• копче за стартување. За животниот век на
акумулаторот, полнењето, складирањето
• и одржувањето, следете ги инструкциите
• во прирачникот за работа на моторот.
8. ОДЛАГАЊЕ
Кога машината треба да се одложи:
- Стартувајте го моторот надвор, и оставете го да работи во брзина на мирување додека не престане, за да го истроши остатокот гориво од карбураторот;
- темелно исчистете ја машината (пас. 7.4);
- проверete ја стабилноста на машината;
- складирајте ја машината:
- на суво место;
- заштитена од лошите временски услови;
• подалеку од дофат на деца;
- увервајки дека сте ги тргнале клучевите и опремата што ја користевте при одржувањето.
8.1 ВЕРТИКАЛНО СКЛАДИРАЊЕ
• Доколку е потребно, некои модели (видете во • табелата Технички податоци) можат вертикално да • се складираат (Сл.27).
⚠️ Не ја складирајте машината во исправена положба со резервоар наполнет над најниската ознака на индикаторот за ниво на гориво (Сл.24.A).
Постапете како што следи:
- Извадете го капачето на свекицата (Сл.23.В) или клучот (Сл.23.Д) или акумулаторот (за модели со команда на копче за стартување).
- Подесете ја висината на косење на втората најниска позиција (види поглавје 5.5);
- Внимателно преклопете ја рачката во затворена положба и прицврстете ги рачките (Сл.27);
- Поставете ја машината во вертикална положба и внимателно преклопете ја рачката во затворена положба и прицврстете ги рачките (Сл.27);
⚠️ Складирајте ја машината за да избегнете ризик од ненадеен контакт со луге, деца или животни.
He obidувајте се да складирате во вертикална положба машини коишто не се наменети за оваа цел.
9. ДВИЖЕЊЕ И ТРАНСПОРТ
Секојпат кога е потребно движење, подигнување, транспорт или закосување на машината:
- Запрете ја машината (пас.6.5) и почекајте деловите што се движат целосно да запрат.
- Извадете го капачето на свейницата (Сл.23.В) или клучот (Сл.23.Д) или акумулаторот (за модели со команда на копче за стартување).
- Носете заштитни ракавици.
- Фатете ја машината на места кои нудат сигурен зафат, имајки ја предвид нејзината тежина и распределба на истата.
- Ангажирајте соодветен број луге во согласност со тежината на машината и характеристиките на средството за транспорт или за местото на кое треба да се донесе или земе истата.
- Проверете дали кога работи машината, нема знаци на оштетувања или дефекти.
Кога ја носите машината со возило или на приколка:
- Користете пречки за отпор со соодветна должна и ширина.
- Носете ја машината со изгаснат мотор без можност да се вклучи, ангажирајки соодветен број лица.
- Спуштете го склопот на сечилото (пас 5.5).
- Поставете ја на начин да не претставува опасност за никого.
- прицврстете ја косилката при транспорт со помош на јажиња или ланци, за да не се преврти и да предизвика штета или истекување на гориво.
He ja исправувајте при транспорт машината што е вертикално складирана.
- ТАБЕЛА ЗА ОДРЖУВАНЬЕ
| Интервенција Период Забелешка | ||
| МАШИНА | ||
| Проверете ги сите спојки ; Безбедносни контроли/проверка на командите;Проверете ги обезбедувачите за задно/странично исфрлање; Проверете јавреćата на корпата за трева, и каналот за странично исфрлање; Проверете госечилото. | Пред употреба | пас. 6.2.2 |
| Стандардно чистење и контрола; Проверка на можни оштетувањана машината. Ако е потребно, контактирајте со овластен сервисенцентар. | На крајотна секојаупотреба | пас. 7.4 |
| Замена на сечилата - пас. 7.3.1 *** | ||
| МОТОР | ||
| Проверка/дополнување на нивото на гориво; Проверка/дополнувањена моторното масло | Пред употреба | пас. 6.1.1 / 7.2.1 */7.2.2 * |
| Проверка и чистење на филтерот за воздух; Проверка и чистењена контактите на свекицата; Замена на свекица; Полнење наакумулаторот | ** / пас. 7.5 * | |
* Разгледајте го прирачникот за работа на моторот. *** Операции што треба да се спроведат при првите знаци на лоша работа
*** Сервисирането мора да се изврши од страна на вашиот Дилер или Овластениот сервисен центар
11. НЕСООДВЕТНА ИДЕНТИФИКАЦИЈА
| Контактирајте со застапникот за помош ако проблемите опстојуваат откако сте ги направиле горепосочените операции. | ||
| НАЈДЕНА МОЖНА ПРИЧИНА РЕШЕНИЕ | ||
| 1. Моторот не стартува, не продолжува да работи,работи неправилно или запира за време на работата | Несоодветна процедура на палење Следете ги упатствата (види погл. 6.3). | |
| Нема масло или гориво во моторот. Проверете го нивото на масло и гориво (види погл. 7.2.1 / 7.2.2). | ||
| Нечиста свеćiца или несоодветно растојание на електродите. | Проверете ја свеćiцата (разгледајте го прирачникот за работа на моторот). | |
| Запушен филтер за воздух. Исчистете и/или заменете го филтерот (разгледајте го прирачникот за работа на моторот). | ||
| Дефект на карбуратор. Контактирајте го Овластениот сервисен центар | ||
| Подвижниот уред може да е блокиран. | Разгледајте го прирачникот за работа на моторот и контакрајте го Овластениот сервисен центар. | |
| 2. Верглање на мотор. | Рачката за мануелно стартување постојано работи со активиран стартер. | Разгледајте го прирачникот за работа на моторот. |
| Рачката за мануелно стартување постојано работи со извадено капаче на свеćiца. | Ставете го капачето на свеćiцата и обидете се да го стартувате моторот.(Разгледајте го прирачникот за работа на моторот). | |
| 3. Искосената трева веке не се собира во корпата за трева. | Сечилата удрија во непознат предмет. | Исклучете го моторот и извадете го капачето на свеćiцата. Проверете дали има некакви оштетувања и контакрајте го овластениот сервисен центар (дел 7.3.1). |
| Внатрешниот дел на шасијата е извалкан. | Исчистете го внатрешниот дел на шасијата (пас. 7.4.2). | |
| 4. Тревата тешко се кости. | Сечилото не е во исправна состојба Контактирајте го Овластениот сервисен центар за да го наострите или замените сечилото. | |
| 5. Има бучава и/или прекумерни вибрации во текот на работата. | Оштетени или разлабавени делови Клинот на сечилата е надвор од лежиштето. | Запрете ја машината и исключете го кабелот на свеćiцата (Сл. 23.В).Проверете дали има оштети или разлабавени делови. Сите проверки, замени или поправки треба да ги врши вашиют овластен сервисен центар. |
| Фиксирањето на уредот со сечивото е разлабавено или уредот со сечивото е оштетен. | Запрете го моторот и извадете го капачето на свеćiцата (Сл.23.В).Контактирајте го овластениот сервисен центар (дел 7.3.1). | |
Ситно ја сече искосената трева и ја остава на тревникот.
INHOUDSOPGAVE
- ALGEMEEN....1
- VEILIGHEIDSVOORSCHRIFTEN ....1
- LEER DE MACHINE KENNEN....3
- MONTAGE....4
- BEDIENINGSELEMENTEN 4
- GEBRUIK VAN DE MACHINE....4
- ONDERHOUD 5
- STALLING 6
- HANTERING EN TRANSPORT....7
- OP AANVRAAG LEVERBARE ACCESSOIRES......8
1. ALGEMEEN
1.1 HOE DE HANDLEIDING LEZEN
МК • Содржината и сликите во Упатството за корисникот се подготовени ислучиво за ST. S.p.A. и се заштитени со авторски права – забрането е секое делумно или целосно неовластено репродуцирање или измена на документот.