BOSCH GWS 20230 H - мелница

GWS 20230 H - мелница BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GWS 20230 H BOSCH во PDF формат.

📄 284 страници PDF ⬇️ Македонски MK 💬 AI прашање 🖨️ Печати
Notice BOSCH GWS 20230 H - page 204
Асистент за прирачник
Поддржано од ChatGPT
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : GWS 20230 H

Категорија : мелница

Преземете ги упатствата за вашиот мелница во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GWS 20230 H - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GWS 20230 H на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GWS 20230 H BOSCH

Безбедносни напомени Општи напомени за безбедност за електричните апарати Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во напомените за безбедност се однесува на електрични апарати што користат струја (со струен кабел) и електрични апарати што користат батерии (без струен кабел). Безбедност на работното место Работниот простор секогаш нека биде чист и добро осветлен. Неуредниот или неосветлен работен простор може да доведе до несреќи. Не работете со електричниот апарат во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Електричните апарати создаваат искри, кои може да ја запалат правта или пареата. Држете ги децата и другите лица подалеку за време на користењето на електричниот апарат. Доколку

попречи вниманието, може да ја изгубите контролата над уредот. Електрична безбедност Приклучокот на електричниот апарат мора да одговара на приклучокот во ѕидната дозна. Приклучокот во никој случај не смее да се менува. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ OBJ_BUCH-1686-003.book Page 204 Wednesday, April 23, 2014 3:36 PMМакедонски | 205 Bosch Power Tools 1 609 92A 0MJ | (23.4.14) Не употребувајте прекинувач со адаптер заедно со заземјениот електричен апарат. Неменувањето на прекинувачот и соодветните ѕидни дозни го намалуваат ризикот од електричен удар. Избегнувајте физички контакт со заземјените површини на цевки, радијатори, шпорет и фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар, доколку Вашето тело е заземјено. Електричните апарати држете ги подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на вода во електричниот апарат го зголемува ризикот од електричен удар. Не го користите кабелот за друга намена, за да го носите електричниот апарат, за да го закачите или да го влечете приклучокот од ѕидната дозна. Држете го кабелот понастрана од топлина, масло, остри рабови или подвижните компоненти на уредот. Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за електричен удар. Доколку со електричниот апарат работите на отворено, користете само продолжен кабел што е погоден за користење на надворешен простор. Користењето на соодветен продолжен кабел на отворено го намалува ризикот од електричен удар. Доколку користењето на електричниот апарат во влажна околина не може да се избегне, користете заштитен уред со диференцијална струја.

ата на заштитниот уред со диференцијал

струја го намалува ризикот од електричен удар. Безбедност на лица Бидете внимателни како работите и разумно користете го електричниот апарат. Не користете електрични апарати, доколку сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата на електричниот апарат може да доведе до сериозни повреди. Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на заштитна опрема, како на пр.маска за прав, обувки за заштита од лизгање, заштитен шлем или заштита за слухот, во зависност од видот и примената на електричниот апарат, го намалува ризикот од повреди. Избегнувајте неконтролирано користење на апаратите. Осигурете се, дека е исклучен електричниот апарат, пред да го приклучите на напојување со струја и/или на батерија, пред да го земете или носите. Доколку при носењето на апаратот, сте го ставиле прстот на прекинувачот или сте го приклучиле уредот додека е вклучен на напојување со струја, ова мо же да предизвика несреќа.

вадете ги алатите за подесување или клучевите за зашрафување, пред да го вклучите електричниот апарат. Доколку има алат или клуч во некој од деловите на уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди. Избегнувајте абнормално држење на телото. Застанете во сигурна положба и постојано држете рамнотежа. На тој начин ќе може подобро да го контролирате електричниот апарат во неочекувани

Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците подалеку од подвижните делови. Лесната облека, накитот или долгата коса може да се зафатат од подвижните делови. Доколку треба да се инсталираат уреди за вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно се приклучени и прикладно се користат. Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува опасноста од прав. Користење и ракување со електричниот апарат Не го преоптоварувајте уредот. Користете го соодветниот електричен апарат за Вашата работа. Со соодветниот електричен ап арат ќе работите подобро и посигурно во зададениот домен на работа. Не користете го електричниот апарат, доколку има дефектен прекинувач. Апаратот кој повеќе не може да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и мора да се поправи. Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или извадете ја батеријата, пред да ги смените поставките на уредот, да ги замените деловите или да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот уред. Чувајте ги подалеку од дофатот на деца електричните апарати кои не ги користите. Овој уред не смее да го користат лица кои не се запознаени со него или не ги имаат прочитано овие упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги користат неискусни лица. Одржувајте ги грижливо електричните апарати. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или оштетени, што може да ја попречи функцијата на електричниот апарат. Поправете ги оштетените делови пред користењето на уредот. Многу несреќи својата причина ја и

т во лошо одржуванит

електрични апарати. Алатот за сечење одржувајте го остар и чист. Внимателно одржуваните алати за сечење со остри рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив полесно се работи. Користете ги електричните апарати, опремата, додатоците за алатите итн. во согласност со ова упатство. Притоа земете ги во обѕир работните услови и дејноста што треба да се изврши. Користењето на електрични апарати за друга употреба освен наведената може да доведе до опасни ситуации.

Поправката на Вашиот електричен апарат смее да биде извршена само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на електричниот

OBJ_BUCH-1686-003.book Page 205 Wednesday, April 23, 2014 3:36 PM206 | Македонски 1 609 92A 0MJ | (23.4.14) Bosch Power Tools Безбедносни напомени за аголни брусилки Општи безбедносни напомени за брусење, брусење со брусна хартија и работење со жичани четки и сечење со брусни плочи Овој електричен апарат се употребува како алатка за брусење, алатка за брусење со брусна хартија, жичани четки и брусилка за сечење со брусни плочи. Внимавајте на сите безбедносни напомени, упатства, прикази и податоци што сте ги добиле во прилог на уредот. Доколку не внимавате на следните упатства, може да дојде до електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Електричниот апарат не е погоден за полирање. Доколку го користите електричниот апарат за несоодветни намени, може да предизвика опасност и

Не користете прибор што не е специјално предвиден и препорачан од производителот на овој електричен апарат. Не Ви е загарантирана безбедната употреба, само заради фактот дека приборот може да се прицврсти на вашиот електричен апарат. Дозволениот број на вртежи на алатот што се вметнува мора да биде исто толку висок како највисокиот број на вртежи наведен на

ектричниот апарат. Приборот кој се врти побрзо од дозволеното може да се скрши и да летне од апаратот. Надворешниот дијаметар и дебелината на алатот што се вметнува мора да одговараат на димензиите на вашиот електричен апарат. Погрешно димензионираните алати за вметнување не може доволно да се заштитат или контролираат. Алатите за вметнување со навој мора точно да одговараат на навојот на вретеното за брусење. Кај алатите за вметнување, што се монтираат со помош на прирабница, дијаметарот на дупката на алатот што се вметнува мора да одговара на дијаметарот на прифатот на прирабницата. Алатите за вметнување не може точно да се прицврстат на електричниот апарат, се вртат нерамномерно, вибрираат многу јако и може да доведат до губење на контролата. Не користете оштетени алати за вметнување. Пред секое користење, проверете ги алатите што се вметнуваат како на пр. дали брусните плочи има скинати делови и процепи, дали на брусните

има пукнатини, дали се истрошени или изабени, и дали има олабавени или скршени жици на жичаната четка. Доколку ви падне електричниот апарат или алатот што се вметнува, проверете дали е оштетен или пак употребете неоштетен алат за вметнување. Откако сте го провериле и ставиле алатот за вметнување, не им дозволувајте на лицата да бидат во близина на нивото на вклучениот апарат и оставете го апаратот да врти една минута на највисок број на вртежи. Повеќето од оштетените алати за вметнување ќе се скршат во текот на овој пробен период. Носете заштитна опрема. Во зависност од употребата, носете целосна заштита за лицето, очите и заштитни очила. Доколку е потребно, носете маска за заштита од прав, заштита за слух, заштитни ракавици или специјални престилки што ќе ве заштитат од честичките настанати при брусење на материјалот. Треба да ги заштитите очите од туѓите тела што летаат наоколу, а се настанати од различната употреба на уредот. Маските за заштита од прав и заштита при вдишувањето мора да ја филтрираат правта што настанува при употребата. Доколку сте изложени на гласна врева подолго време, може да го изгубите слухот. Доколку има други лица во работното поле, држете ги на безбедно растојание. Секое лице што ќе влезе во работното поле, мора да носи лична заштитна опрема. Пар

делот што се об работува или скршениот алат за вметнување може да летнат наоколу и да предизвикаат повреди и надвор од директното поле на работа. Држете го уредот само за изолираните површини на рачките, доколку вршите работи каде алатот што се вметнува може да наиде на скриени електрични кабли или сопствениот струен кабел. Контактот со струјниот кабел може да ги стави под напон металните делови на уредот и да доведе до електричен удар. Држете го струјниот кабел подалеку од алатите што се вметнуваат. Доколку загубите контрола над уредот, струјниот кабел може да се пресече или да се зафати и да ви ја заглави дланката или раката во алатот што се

Никогаш не го оставајте електричниот апарат, доколку алатот за вметнување не е целосно во состојба на мирување. Ротирачкиот алат што се вметнува може да дојде во контакт со површината на која сте го оставиле апаратот, и да ја загубите контролата над електричниот апарат.

тричниот апарат не смее да биде во погон додека го носите. Вашата облека може да се зафати од ротирачкиот алат што се вметнува при случаен контакт, и алатот што се вметнува да го повреди вашето тело. Редовно чистете ги отворите за проветрување на вашиот електронски апарат. Вентилаторот на моторот влече прав во куќиштето, а собирањето на голема количина на метална прав може да предизвика електрична несреќа. Не го користете електричниот апарат во близина на запаливи материјали. Искрите што се создаваат може да ги запалат овие материјали. Не користете алати за вметнување, за кои е потребно течно средство за разладување. Користењето на вода и други течни средства за разладување може да доведе до електричен удар. Повратен удар и соодветни безбедносни напомени Повратниот удар е ненадејна реакција како посл

заглавен или блокиран ротирачки алат што се вметнува, како брусна плоча, брусен диск, жичани OBJ_BUCH-1686-003.book Page 206 Wednesday, April 23, 2014 3:36 PMМакедонски | 207 Bosch Power Tools 1 609 92A 0MJ | (23.4.14) четки итн. Заглавувањето или блокирањето предизвикуваат ненадејно запирање на ротирачкиот алат што се вметнува. Така, неконтролираниот електричен апарат се забрзува наспроти правецот на вртење на алатот што се вметнува на местото на

Доколку на пр. се заглави или се блокира некоја брусна плоча, работ на брусната плоча кој влегува во делот што се обработува може да се закачи и така да ја скрши брусната плоча или да предизвика повратен удар. Тогаш брусната плоча се движи кон корисникот или наспроти него, во зависност од правецот на вртење на плочата на местото на блокирање. Притоа брусните плочи може д а се скршат. Повратниот удар е п оследица од погрешна употреба на електричниот алат. Тој може да се спречи со соодветни прописни мерки, како што е опишано подолу. Држете го цврсто електричниот апарат со двете дланки и наместете ги рацете во позиција во која ќе може да ја издржите повратната сила. Секогаш користете дополнителна дршка, доколку постои, за да имате што е можно поголема контрола над силата од повратниот удар или реакциските моменти при работата на апаратот. Лицето кое го користи уредот може со соодветни мерки на претпазливост да го совлада повратниот удар или реакциските сили. Никогаш не ги принесувајте дланките во близина на ротирачкиот алат што се вметнува. Алатот што се вметнува може да ви избега од рацете. Со вашето тело избегнувајте го полето каде електричниот апарат се движи со повратен удар. Повратниот удар го потиснува електричниот апарат во правец спротивен на движењето на брусната плоча на местото на блокирање. Особено внимателно работете во подрачјето со агли, остри рабови итн. На тој начин ќе спречите алатот што се вметнува да се одбие од делот што се обработува и да се заглави. Ротирачкиот алат што се вметнува е скл

авување доколку се одбие од аглите или острите рабови. Ова предизвикува губење на контролата или повратен удар. Не користете синџирести или запчести листови за пила. Таквите алати за вметнување честопати предизвикуваат повратен удар или губење на контролата над електричниот апарат. Специјални безбедносни напомени за брусење и сечење со брусни плочи Користете исклучиво брусни тела одобрени за вашиот електричен уред и заштитна хауба предвидена за овие брусни тела. Брусните тела што не се предвидени за електричниот апарат, не може доволно да се заштитат и не се сигурни. Закривените брусни плочи мора да бидат монтирани, така што нивната површина за брусење не смее да стрчи над работ од заштитната хауба. Непрописно монтираните брусни плочи, кои стрчат над работ од заштитната хауба не може доволно да се

Заштитната хауба мора да се зацврсти на електричниот апарат и на највисоко ниво на безбедност, така што и најмалите делови на брусното тело ќе бидат видливи за лицето што го користи апаратот. Заштитната хауба помаг

орисникот да се заштити од парчињата, случајниот контакт со брусното тело како и искрите, што може да ја запалат облеката. Телата за брусење смее да се користат само за предвидените можности на примена. На пр.: не брусете со страничната површина на брусната плоча за сечење. Брусните плочи за сечење се наменети за сечење материјал со работ на плочата. Со странична употреба на сила на овие брусни тела, тие може да се

Секогаш користете неоштетена стезна прирабница со соодветна големина и облик на брусните плочи. Соодветната прирабница ја држи брусната плоча и така ја намалува опасноста од кршење на брусната плоча. Прирабниците за брусни плочи з

разликуваат од прирабниците за другите брусни плочи. Не користете истрошени брусни плочи од големи електрични апарати. Брусните плочи за големи електрични алати не се предвидени за повисок број на вртежи за малите електрични апарати и може да се

Други специјални безбедносни напомени за сечење со брусни плочи Избегнувајте блокирање на брусната плоча за сечење или преголем притисок. Не изведувајте прекумерно длабоки резови. Преоптоварувањето на брусните плочи за сечење ја зголемува нивната искористеност и склоност на закосување или блокирање и со тоа можноста за повратен удар или кршење на брусното тело. Избегнувајте го подрачјето пред и зад ротирачката брусна плоча за сечење. Доколку бру сната плоча з

сечење во делот што се обработува ја придвижувате подалеку од себе, во случај на повратен удар, електричниот алат со ротирачката плоча би можел да се отфрли директно на вас. Доколку се заглави брусната плоча за сечење или Вие ја прекинете работата, исклучете го уредот и држете го мирно, додека плочата не дојде во состојба на мирување. Не се обидувајте никогаш, брусната плоча за сечење што се врти да ја вадите од резот, бидејќи може да настане повратен удар. Откријте ја причината за заглавување и преземете ги соодветните мерки. Не го вклучувајте повторно електричниот апарат, додека се наоѓа во делот што се обработува. Оставете брусната плоча за сечење да го постигне полниот вртежен момент, пред да продолжите со резот. Инаку, плочата може да се заглави, да излета од делот што се обработува или да предизвика повратен

OBJ_BUCH-1686-003.book Page 207 Wednesday, April 23, 2014 3:36 PM208 | Македонски 1 609 92A 0MJ | (23.4.14) Bosch Power Tools Потпрете ги плочите или големите делови за обработка, за да го избегнете ризикот од повратен удар поради заглавената брусна плоча за сечење. Големите делови што се обработуваат може да се свиткаат под својата тежина. Делот што се обработува мора да го потпрете на двете страни од плочата, како во близина на местото на сечење, така и на рабовите. Особено бидете претпазливи при длабинско сечење во скриено подрачје, како на пример, во ѕид. Брусната плоча за сечење која пресекла гасовод или водоводни цевки, електрични кабли или други објекти може да предизвика повратен удар. Специјални безбедносни напомени за брусење со брусна хартија Не користете предимензионирани брусни листови, туку следете ги податоците на производителот за големината на брусниот лист. Брусните листови, кои стрчат над брусните дискови, може да предизвикаат повреди како и блокирање, кинење на брусните листови или повратен удар.

ни безбедносни напомени за работење со жичани четки Внимавајте на тоа дека и за време на вообичаената употреба на жичаните четки, може да се изгубат делови од жицата. Не ги преоптоварувајте жиците со висок притисок на површината. Деловите од жицата може да летнат и да навлезат низ лесната облека и/или во кожата. Доколку користите заштитна хауба, не дозволувајте таа да дојде во контакт со жичаните четки. Четките во облик на чинија или лонец, заради притисокот и центрифугалната сила може да го зголемат својот

Дополнителни сигурносни напомени Носете заштитни очила. Користете соодветни уреди за пребарување, за да ги пронајдете скриените електрични кабли или консултирајте се со локалното претпријатие за снабдување со електрична енергија. Контактот со електрични кабли може да доведе до пожар и електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да доведе до експлозија. Навл

гувањето во водоводни цевки предизвикува оштетување или може да предизвика електричен удар. Деблокирајте го прекинувачот за вклучување/исклучување и ставете го во позиција Исклучено, доколку се прекине напојувањето со струја, на пр. по снемување струја или влечење на струјниот приклучок. Со тоа ќе спречите неконтролирано рестартирање на уредот. Не ги допирајте брусните плочи и брусните плочи за сечење додека не се оладат. Плочите за време на работењето стануваат многу жешки. Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака. Опис на производот и моќноста Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го читате упатството за употреба. Употреба со соодветна намена Електричниот апарат е наменет за сечење, грубо брусење и четкање на метални и камени материјали без употреба

За сечење со композитни брусни средства мора да се користи специјална заштитна хауба за сечење. При сечење во камен мора да се погрижите за и вшмукувањето на правта. Со дозволените апарати за брусење електричниот апарат може да се користи за брусење со брусна хартија. Илустрација на компоненти Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричните апарати на графичката

1 Копче за блокирање на вретеното 2 Прекинувач за вклучување/исклучување 3 Дополнителна дршка (изолирана површина на

4 Вретено за брусење 5 Заштитна хауба за брусење 6 Шраф за фиксирање на заштитната хауба 7 Приклучна прирабница со O-прстен 8 Брусна плоча* 9 Стезна навртка 10 Клуч со два отвори за затезната навртка* 11 Брзозатезна навртка * 12 Лончеста плоча од цврст метал* 13 Заштитна хауба з

14 Брусна плоча за сечење* 15 Заштитна хауба за брусниот лонец* 16 Брусен лонец* 17 Свиткан клуч со два отвори за брусниот лонец* 18 Заштита за дланките* 19 Дистанцери* 20 Гумен брусен диск* OBJ_BUCH-1686-003.book Page 208 Wednesday, April 23, 2014 3:36 PMМакедонски | 209 Bosch Power Tools 1 609 92A 0MJ | (23.4.14) 21 Лист за брусење* 22 Тркалезна навртка* 23 Лончеста четка* 24 Хауба за вшмукување при сечење со лизгачка

25 Дијамантска брусна плоча за сечење* 26 Рачка (изолирана површина на дршката) *Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Технички податоци Информации за бучава/вибрации Мерни вредности за бучава во согласност со EN 60745. Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува: ниво на звучен притисок 92 dB(A); ниво на звучна јачина 103 dB(A). Несигурност K=3 dB. Носете заштита за слухот! Вкупните вредности на вибрации a

(векторски збор на трите насоки) и несигурност K дадени се во согласност со EN 60745: Брусење на површини (грубо брусење): a

Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено со нормирана постапка според EN 60745 и може да се користи за меѓусебна споредба на електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на оптоварувањето со вибрации. Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се користи за други примени, со различна опрема, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење. За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, треба да се земе во обѕир и п

риодот во кој уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното

Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го текот на работата. Изјава за сообразност Тврдиме на наша одговорност, дека опишаните производи во „Технички податоци“ се сообразни со следните норми или нормативни документи: EN 60745 според одредбите на регулативите 2011/65/EU, 2004/108/EC, 2006/42/EC. Техничка документација (2006/42/EC) при: Robert Bosch GmbH, PT/ETM9 D-70745 Leinfelden-Echterdingen Robert Bosch GmbH, Power Tools DivisionD-70745 Leinfelden-Echterdingen31.03.2014

Монтирање на заштитните уреди Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна. Напомена: По кршењето на брусната плоча за време на работата или при оштетување на уредот за прифат на заштитната хауба/електричниот апарат, електричниот апарат мора да се прати во сервисната служба, за адресата погледнете во делот „Сервисна служба и совети при користење“. Аголна брусилка GWS ... 20-230

... H50 L.. ... H50 M.. Номинална јачина W2000 2000 Излезна моќ W1250 1250 Номинален број на вртежи min

макс. дијаметар на брусните

мм 230 230 Навој на вретеното за брусење M 14 M 14 макс. должина на навојот за вретеното за брусење мм 25 25 Заштита од рестартирање

Ограничување на стартната

Тежина согласно EPTA-Procedure 01/2003 – со дополнителна дршка за придушување на

– со стандардна дополнителна дршка

5,2 5,1 5,2 5,1 Класа на заштита /II /II Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја. Само за електрични апарати со ограничување на стартната струја: Процесот на вклучување создава краткотрајно паѓање на напонот. Неповолните мрежни услови може да предизвикаат пречки на другите уреди. При електрични импенданси помали од 0,25 омови нема пречки. Henk Becker Executive Vice President Engineering Helmut Heinzelmann Head of Product Certification PT/ETM9 OBJ_BUCH-1686-003.book Page 209 Wednesday, April 23, 2014 3:36 PM210 | Македонски 1 609 92A 0MJ | (23.4.14) Bosch Power Tools Заштитна хауба за брусење Поставете ја заштитната хауба 5 на грлото на вретеното. Прилагодете ја позицијата на заштитната хауба 5 на работниот процес и фиксирајте ја заштитната хауба 5 со шрафот за фиксирање 6. Поставете ја заштитната хауба 5 на тој начин што ќе го спречи летањето на искри во правец на лицето што ја користи. Заштитна хауба за сечење При сечењето со композитни брусни средства секогаш користете ја заштитната хауба за сечење

При сечењето во камен погрижете се за доволно вшмукување на правта. Заштитната хауба за сечење 13 се монтира како заштитна хауба 5 за брусење. Хауба за вшмукување при сечење

изгачки водилки Заштитната хауба за сечење со лизгачки водилки 24 се монтира како заштитна хауба за брусење 5. Дополнителна дршка Користете го вашиот електричен апарат само со дополнителна дршка 3. Зашрафете ја дополнителната дршка 3 на десно или на лево на погонската глава во зависност од начинот на

Заштита за дланките При работа со гумен диск 20 за брусење или со лончеста четка/четка во вид на плоча/ламелести брусни дискови во вид на лепеза секогаш користете ја заштитата за дланки 18. Зацврстете ја заштитата за дланки 18 со дополнителната дршка 3. Монтирање на брусни алати Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна. Не ги допирајте брусните плочи и брусните плочи за сечење додека не се оладат. Плочите за време на работењето стануваат многу жешки. Исчистете го вретеното за брусење 4 и сите делови што треба да се монтираат. За зацврстување и олабавување на брусните апарати притиснете го копчето за блокирање на вретеното 1, за да го зацврстите вретеното за брусење. Копчето за блокирање на вретеното активирајте го само доколку вретеното за брусење е во состојба на мирување. Инаку електричниот апарат може да се

Брусни плочи/брусни плочи за сечење Внимавајте на димензии

е на брусните апарати. Дијаметарот на дупката мора да одговара на приклучната прирабница. Не користете адаптери или редуктори. При употребата на дијамантските брусни плочи за сечење внимавајте на тоа, стрелката за правецот на вртење на дијамантската брусна плоча за сечење да се поклопува со правецот на вртење на електричниот апарат (погледнете ја стрелката за правец на вртење на погонската глава). Редоследот на монтажата може да се види на графичката

За зацврстување на брусната плоча/брусната плоча за сечење ставете ја стезната навртка 9 и затегнете ја со клуч

видете во делот „Брзозатезна навртка“. По монтажата на брусниот апарат, пред вклучувањето, проверете дали брусниот апарат е точно монтиран и дали може слободно да се врти. Проверете дали брусниот апарат не струга на заштитната хауба или другите делови. Во приклучната прирабница 7 околу централниот венец е ставен пластичен дел (O-прстен). Доколку недостига O-прстенот или е оштетен, приклучната прирабница 7 мора да се замени пред понатамошна

Ламелеста брусна плоча во вид на лепеза При работата со ламелеста брусна плоча во вид на лепеза секогаш монтирајте ја заштитата за дланки

Гумен диск за брусење При работењето со гумен диск 20 за брусење секогаш монитрајте ја заштитата за дланките 18. Редоследот на монтажата може да се види на графичката

Пред монтажата на гумениот брусен диск 20 oставете ги 2- та дистанцери 19 на вретеното за брусење 4. Зашрафете ја тркалезната навртка 22 и затегнете ја со клуч со два о

Лончеста четка/плочеста четка При работењето со лончеста четка или плочеста четка секогаш монтирајте ја заштитата за дланките

Редоследот на монтажата може да се види на графичката

Лончестата четка/плочестата четка мора да се зашрафи на вретеното за брусење до тој степен цврсто да налегне на прирабницата на вретеното за брусење на крајот на навојот на вретеното за брусење. Затегнете ја лончестата четка/плочеста четка со вилушкаст клуч. OBJ_BUCH-1686-003.book Page 210 Wednesday, April 23, 2014 3:36 PMМакедонски | 211 Bosch Power Tools 1 609 92A 0MJ | (23.4.14) Брусен лонец При работа со брусен лонец, монтирајте ја специјалната заштитна хауба 15. Брусниот лонец 16 треба да стрчи од заштитната хауба 15, онолку колку што е потребно за обработката. Поставете ја заштитната хауба 15 на оваа димензија. Редоследот на монтажата може да се види на графичката

Зашрафете ја затезната навртка 9 и затегнете ја со свитканиот клуч со два отвори 17. Брзозатезна навртка За едноставна промена на алатот за брусење без користење на други алати, наместо стезната навртка 9 може да употребите брзозатезна навртка 11. Брзозатезната навртка 11 смее да се користи само за брусните плочи или брусните плочи за сечење. Користете само беспрекорни, неоштетени брзозатезни навртки 11. При зашрафувањето внимавајте на тоа, испишаната страна на навртката 11 да не покажува кон брусната плоча; стрелката мора да покажува кон ознаката на индексот 27. Притиснете на копчето за блокирање на вретеното 1, за да го зацврстите вретеното за брусење. За да ја зацврстите брзозатезната навртка, силно завртете ја брусната плоча во правец на стрелките на часовникот. Прописно зацврстената, неоштетена брзозатезна навртка може да ја олабавите со вртење на нарецканиот прстен во правец спротивен на стрелките на часовникот. Цврсто затегнатата брзозатезна навртка не ја одвртувајте со клешти,

требете клуч со два отвори. Поставете го клучот со два отвори како на сликата. Дозволени алати за брусење Може да ги користите сите алати за брусење наведени во ова упатство за употреба. Дозволениот број на вртежи [min

] одн. периферната брзина [m/s] на употребениот алат за брусење мора да одговара на податоците во следната табела. Затоа внимавајте на дозволениот број на вртежи односно периферната брзина на етикетата на алатот за

Вртење на погонската глава Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна. Погонската глава може да ја вртите на 90°- нивоа. Притоа, прекинувачот за исклучување/ вклучување може да се постави во поповолна позиција при изведување на посебни случаи на работа, на пр. сечење со хауба за вшмукување со лизгачка водилка 24 или за левораки

Отшрафете ги целосно 4 шрафа. Внимателно навалете ја погонската глава и без да ја извадите од куќиштето ставете ја во нова позиција. Повторно зашрафете ги 4шрафа. Вшмукување на прав/струготини Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината. Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест може да бидат обработувани само од страна на стручни лица. – Затоа, доколку е возможно, користете соодветен вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.

– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате. Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали.

Ставање во употреба Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот уред. Електричните апарати означени со 230 волти исто така може да се користат и на 220 волти. При работа на електричниот апарат со мобилни произведувачи на струја (генератори), кои не располагаат со доволно резерви на јачина, одн. не располагаат со соодветна регулација на јачина, може да дојде до губење на јачината или нетипично однесување при вклучување. Ве молиме внимавајте на погодноста на производителот на струја, особено во поглед на мрежниот напон и фреквенција. Вклучување/исклучување За ставање во употреба на електричниот апарат притиснете го прекинувачот за вклучување/

2 и држете го притиснат. За зацврстување на притиснатиот прекинувач за вклучување/исклучување 2 турнете го прекинувачот за исклучување/вклучување 2 понапред. За да го исклучите електричниот апарат, ослободете го прекинувачот за вклучување/исклучување 2 одн. доколку тој е блокиран, кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување 2 и потоа ослободете го. За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот алат само доколку го користите. Конструкција на пр екинувачот без блокада

ависност од земјата): За ставање во употреба на електричниот апарат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување 2 и држете го притиснат. За да го исклучите електричниот апарат, отпуштете го прекинувачот за вклучување/исклучување 2. Пред употребата проверете ги алатите за брусење. Алатот за брусење мора да биде монтиран беспрекорно и да може слободно да се врти. Направете проба од најмалку една минута 1, без да го користите апаратот на материјал. Не користете оштетени, нетркалезни или алати за брусење што вибрираат. Оштетените алати за брусење може да пукнат и да предизвикаат повреди. Заштита од рестартирање (GWS 20-230 JH) Заштитата од рестартирање го спречува неконтролираното вклучување на електричниот апарат по прекин на струја. За повторно вклучување прекинувачот за вклучување/исклучување 2 ста

ете го во положба Исклучено и одново вклучете го електричниот апарат. Ограничување на стартната струја (GWS 20-230 JH) Електронското ограничување на стартната струја ја ограничува јачината на струјата при вклучување на електричниот апарат и овозможува работа на 16-A- осигурувач. Напомена: Доколку електричниот апарат стартува веднаш по вклучувањето со полн број на вртежи, ограничувањето на стартната струја и заштитата од рестартирање не работат. Електричниот апарат мора веднаш да се достави во сервисната служба, видете ги адресите во дел „Сервисна служба и совети при користење“. Совети при работењето Внимавајте на процепите во носечките ѕидови „Напомени за статика“. Затегнете го делот што се обработува, доколку не налегнува сигурно со својата тежина. Не го оптоварувајте многу електричниот апарат, додека не дојде во состојба на мирување. По силното оптоварување, оставете го електричниот апарат уште неколку минути во празен од, за да се

Не ги допирајте брусните плочи и брусните плочи за сечење додека не се оладат. Плочите за време на работењето стануваат многу жешки. Електричниот апарат не го користете со пулт за

Напомена: Доколку не го употребувате апаратот, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна. Дури и кога е исклучен електричниот апарат има мала потрошувачка на струја-доколку струјниот приклучок е вклучен и доколку има струја. Грубо брусење Никогаш не ги користите брусните плочи за сечење

убо брусење. Со подесување на аголот од 30° до 40° при грубо брусење ќе добиете најдобри резултати при работењето. Поместувајте го електричниот апарат со притисок наваму- натаму. Притоа, делот што се обработува нема да се вжешти, да се офарба и нема да има бразди. Ламелеста брусна плоча во вид на лепеза Со ламелестата брусна плоча во вид на лепеза (опрема) може да обработувате заоблени површини и профили. Ламелестите брусни плочи во вид на лепеза имаат подолг рок на употреба, пониско ниво на бучава и пониски температури при брусењето отколку вооб

брусни плочи. OBJ_BUCH-1686-003.book Page 212 Wednesday, April 23, 2014 3:36 PMМакедонски | 213 Bosch Power Tools 1 609 92A 0MJ | (23.4.14) Сечење на метал При сечењето со композитни брусни средства секогаш користете ја заштитната хауба за сечење 13. При сечењето со брусни плочи секогаш работете со умерено поместување нанапред по материјалот. Не правете притисок на брусната плоча за сечење, не одете во агли и не осцилирајте. Не ги кочете брусните плочи за сечење со страничен

Електричниот апарат секогаш мора да се води во спротивен правец на движење. Инаку постои опасност, тој неконтролирано да се истисне од резот. При сечење на профили и четириаголни цевки, најдобро е да поставите на најмалиот пресек. Сечење на камен

то во камен погрижете се за доволно вшмукување на правта. Носете маска за заштита од прав. Електричниот апарат смее да се користи само за сечење/брусење на суви материјали. За сечење на камен најдобро е да употребите дијамантска брусна плоча за сечење. При користење на хаубата за вшмукување за сечење со лизгачки водилки 24 вшмукувачот на прав мора да биде дозволен за вшмукување на правта од каменот. Bosch ги нуди соодветните вшмукувачи на прав. Вклучете го електричниот апарат и поставете го со предниот дел на лизгачките водилки на делот што се обработува. Поместувајте го електричниот

со умерено движење по материјалот што се обработува. При сечење на особено цврсти материјали на пр. бетон со чакал, дијамантската брусна плоча за сечење може да се прегрее и да се оштети. Венецот од искри кој кружи околу дијамантската брусна плоча за сечење јасно укажува на тоа. Во таков случај прекинете го процесот на сечење и оставете ја кратко дијамантската брусна плоча з

во празен од при највисок број на вртежи, за да се олади. Значителното попуштање во работата и венецот од искри кој кружи се знаци за отапена дијамантска брусна плоча. Може повторно да ја наострите со кратки резови во абразивен материјал, на пр. силикатен камен. Напомени за статиката Процепите во носечките ѕидови подлежат на нормата DIN 1053 дел 1 или прописите специфични за земјата. Мора неопходно да се придржувате до овие прописи. Пред почетокот на работата повикајте го одговорниот статичар, архитект или надлежните градежни раководители за да се советувате. Одржување и сервис Одржување и чистење Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна. Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите. При екстремни услови на примена, доколку е возможно користете секогаш уред за вшмукување. Издувувајте ги почесто отворите за проветрување и приклучете заштитен прекинувач за диференцијална струја-(FI-). При обработка на метали, во внатрешноста на електричниот апарат може да се собере спроводлива прав. Може да се оштети заштитната изолација на електричниот апарат. Складирајте ја и третирајте го приборот со внимание. Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични апарати, за да го избегнете загрозувањето на безбедноста. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлозивен цртеж и информации за резервни делови ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на уредот.

Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 OBJ_BUCH-1686-003.book Page 213 Wednesday, April 23, 2014 3:36 PM214 | Srpski 1 609 92A 0MJ | (23.4.14) Bosch Power Tools Отстранување Електричните апарати, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин. Не ги фрлајте електричните апарати во домашната канта