GRB 14 CE Professional - мелница BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GRB 14 CE Professional BOSCH во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот мелница во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GRB 14 CE Professional - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GRB 14 CE Professional на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GRB 14 CE Professional BOSCH
Безбедносни напомени Општи напомени за безбедност за електричните апарати Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Зачувајте ги безбедносните напомени и упатства за користење и за во иднина. Поимот „електричен алат“ во напомените за безбедност се однесува на електрични апарати што користат струја (со струен кабел) и електрични апарати што користат батерии (без струен кабел). Безбедност на работното место Работниот простор секогаш нека биде чист и добро осветлен. Неуредниот или неосветлен работен простор може да доведе до несреќи. Не работете со електричниот апарат во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Електричните апарати создаваат искри, кои може да ја запалат правта или пареата. Држете ги децата и другите лица подалеку за време на користењето на електричниот апарат. Доколку нешто Ви го попречи вниманието, може да ја изгубите контролата над уредот. Електрична безбедност Приклучокот на електричниот апарат мора да одговара на приклучокот во ѕидната дозна. Приклучокот во никој случај не смее да се менува. Не употребувајте прекинувач со адаптер заедно со заземјениот електричен апарат. Неменувањето на прекинувачот и соодветните ѕидни дозни го намалуваат ризикот од електричен удар. Избегнувајте физички контакт со заземјените површини на цевки, радијатори, шпорет и фрижидери. Постои зголемен ризик од електричен удар, доколку Вашето тело е заземјено.
Електричните апарати држете ги подалеку од дожд и влага. Навлегувањето на вода во електричниот апарат го зголемува ризикот од електричен удар. Не го користите кабелот за друга намена, за да го носите електричниот апарат, за да го закачите или да го влечете приклучокот од ѕидната дозна. Држете го кабелот понастрана од топлина, масло, остри рабови или подвижните компоненти на уредот. Оштетениот или свиткан кабел го зголемува ризикот за електричен удар. Доколку со електричниот апарат работите на отворено, користете само продолжен кабел што е погоден за користење на надворешен простор. Користењето на соодветен продолжен кабел на отворено го намалува ризикот од електричен удар. Доколку користењето на електричниот апарат во влажна околина не може да се избегне, користете заштитен уред со диференцијална струја. Употребата на заштитниот уред со диференцијална струја го намалува ризикот од електричен удар. Безбедност на лица Бидете внимателни како работите и разумно користете го електричниот апарат. Не користете електрични апарати, доколку сте уморни или под влијание на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата на електричниот апарат може да доведе до сериозни повреди. Носете заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на заштитна опрема, како на пр.маска за прав, обувки за заштита од лизгање, заштитен шлем или заштита за слухот, во зависност од видот и примената на електричниот апарат, го намалува ризикот од повреди. Избегнувајте неконтролирано користење на апаратите. Осигурете се, дека е исклучен електричниот апарат, пред да го приклучите на ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ OBJ_BUCH-1843-004.book Page 106 Tuesday, April 12, 2016 12:18 PMМакедонски | 107 Bosch Power Tools 1 609 92A 2NZ | (12.4.16) напојување со струја и/или на батерија, пред да го земете или носите. Доколку при носењето на апаратот, сте го ставиле прстот на прекинувачот или сте го приклучиле уредот додека е вклучен на напојување со струја, ова може да предизвика несреќа. Извадете ги алатите за подесување или клучевите за зашрафување, пред да го вклучите електричниот апарат. Доколку има алат или клуч во некој од деловите на уредот што се вртат, ова може да доведе до повреди. Избегнувајте абнормално држење на телото. Застанете во сигурна положба и постојано држете рамнотежа. На тој начин ќе може подобро да го контролирате електричниот апарат во неочекувани
Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Тргнете ја косата, облеката и ракавиците подалеку од подвижните делови. Лесната облека, накитот или долгата коса може да се зафатат од подвижните делови. Доколку треба да се инсталираат уреди за вшмукување прав, осигурете се дека тие правилно се приклучени и прикладно се користат. Користењето на вшмукувач за прав не ја намалува опасноста од прав. Користење и ракување со електричниот апарат Не го преоптоварувајте уредот. Користете го соодветниот електричен апарат за Вашата работа. Со соодветниот електричен апарат ќе работите подобро и посигурно во зададениот домен на работа. Не користете го електричниот апарат, доколку има дефектен прекинувач. Апаратот кој повеќе не може да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и мора да се поправи. Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или извадете ја батеријата, пред да ги смените поставките на уредот, да ги замените деловите или да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за предупредување го спречуваат невнимателниот старт на електричниот уред. Чувајте ги подалеку од дофатот на деца електричните апарати кои не ги користите. Овој уред не смее да го користат лица кои не се запознаени со него или не ги имаат прочитано овие упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги користат неискусни лица. Одржувајте ги грижливо електричните апарати. Проверете дали подвижните делови функционираат беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или оштетени, што може да ја попречи функцијата на електричниот апарат. Поправете ги оштетените делови пред користењето на уредот. Многу несреќи својата причина ја имаат во лошо одржуваните електрични апарати. Алатот за сечење одржувајте го остар и чист. Внимателно одржуваните алати за сечење со остри рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив полесно се работи. Користете ги електричните апарати, опремата, додатоците за алатите итн. во согласност со ова упатство. Притоа земете ги во обѕир работните услови и дејноста што треба да се изврши. Користењето на електрични апарати за друга употреба освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Поправката на Вашиот електричен апарат смее да биде извршена само од страна на квалификуван стручен персонал и само со користење на оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на електричниот
Безбедносни напомени за брусилки Држете го уредот на изолираните дршки, бидејќи брусната лента може да го фати сопствениот струен кабел. Оштетувањето на струјниот кабел може да ги стави под напон металните делови на уредот и да доведе до електричен удар. Користете го електричниот уред само за суво брусење. Навлегувањето на вода во електричниот уред го зголемува ризикот од електричен удар. Електричниот апарат користете само доколку е вклучен за обработка на парчето и исклучете го веднаш по обработката. Електричниот апарат може одеднаш да се придвижи. Никогаш не ја допирајте брусната лента доколку е во погон. Постои опасност од повреда. Внимавајте на тоа, да нема лица во близина на искрите што летаат. Отстранете ги запаливите материјали што се во близина. При брусењето на материјали настанува опасност од искрите што летаат. Не користете изабени, скршени или уништени брусни ленти. Оштетените брусни ленти може да се скршат, распаднат и да повредат некого. Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали. Редовно чистете ги отворите за проветрување на вашиот електронски апарат. Вентилаторот на моторот влече прав во куќиштето, а собирањето на голема количина на метална прав може да предизвика електрична несреќа. При работата, држете го електричниот апарат цврсто со двете дланки и застанете во сигурна положба. Со електричниот апарат посигурно ќе управувате ако го држите со двете дланки. Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш парчето што се обработува се држи поцврсто отколку со Вашата рака. Почекајте додека електричниот апарат сосема не прекине со работа, пред да го тргнете настрана. Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе до губење контрола над уредот. OBJ_BUCH-1843-004.book Page 107 Tuesday, April 12, 2016 12:18 PM108 | Македонски 1 609 92A 2NZ | (12.4.16) Bosch Power Tools Опис на производот и моќноста Прочитајте ги сите напомени и упатства за безбедност. Грешките настанати како резултат од непридржување до безбедносните напомени и упатства може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го читате упатството за употреба. Употреба со соодветна намена Електричниот апарат е наменет за брусење на суви материјали, структурирање и полирање на метални цевки со дијаметар 8– 120 мм. Илустрација на компоненти Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на електричните апарати на графичката
1 Погонски валјак 2 Шраф за заклучување 3 Блокада за вретеното 4 Дополнителна дршка (изолирана површина на
5 Копче за подесување на брзината на движење на
6 Прекинувач за вклучување/исклучување 7 Стезна рачка 8 Водечки валјак 9 Брусна лента* 10 Водечки валјак 11 Рачка (изолирана површина на дршката) *Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандардниот обем на испорака. Комплетната опрема може да ја најдете во нашата Програма за опрема. Технички податоци Информации за бучава/вибрации Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност со EN 60745-2-4. Нивото на звук на уредот, оценето со А, типично изнесува: ниво на звучен притисок 89 dB(A); ниво на звучна јачина 100dB(A). Несигурност K=3dB. Носете заштита за слухот! Вкупните вредности на вибрации a
(векторски збор на трите насоки) и несигурност K дадени се во согласност со EN 60745-2-4:
Нивото на вибрации наведено во овие упатства е измерено со нормирана постапка според EN 60745 и може да се користи за меѓусебна споредба на електричните апарати. Исто така може да се прилагоди за предвремена процена на оптоварувањето со вибрации. Наведеното ниво на вибрации е за основната примена на електричниот апарат. Доколку електричниот апарат се користи за други примени, со различна опрема, алатот што се вметнува отстапува од нормите или недоволно се одржува, може да отстапува нивото на вибрации. Ова може значително да го зголеми оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното работење. За прецизно одредување на оптоварувањето со вибрации, треба да се земе во обѕир и периодот во кој уредот е исклучен или едвај работи, а не во моментот кога е во употреба. Ова може значително да го намали оптоварувањето со вибрации во периодот на целокупното
Утврдете ги дополнителните мерки за безбедност за заштита на корисникот од влијанието на вибрациите, како на пр.: одржувајте ги внимателно електричните апарати и алатот за вметнување, одржувајте ја топлината на дланките, организирајте го текот на работата. Изјава за сообразност Изјавуваме на сопствена одговорност, дека производот опишан во „Технички податоци“ соодветствува на сите применливи одредби од директивите 2011/65/EU, до
19. април 2016: 2004/108/EC, од 20. април 2016:
2014/30/EU, 2006/42/EC вклучително нивните измени и е сообразен со следните норми: EN 60745+1, EN 60745+2+4, EN 50581. Брусилка со подвижна лента
GRB 14 CE Број на дел/артикл 3 601 HA9 0.. Номинална јачина W 1400 Брзина на лентата во степени на копчето за подесување
m/s m/s 2,7 8,5 Должина на брусната лента мм 760 Ширина на брусната лента мм 40 Соодветен дијаметар на
мм 8–120 Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја. Претходно бирање на брзината на движење на лентата
Заштита од рестартирање
GRB 14 CE Податоците важат за номинален напон [U] од 230 волти. Овие податоци може да отстапуваат при различни напони, во зависност од изведбата во односната земја. OBJ_BUCH-1843-004.book Page 108 Tuesday, April 12, 2016 12:18 PMМакедонски | 109 Bosch Power Tools 1 609 92A 2NZ | (12.4.16) Техничка документација (2006/42/EC) при: Robert Bosch Power Tools GmbH, PT/ETM9 70538 Stuttgart, GERMANY Robert Bosch Power Tools GmbH70538 Stuttgart, GERMANYStuttgart, 01.01.2017
Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна. Вшмукување на прав/струготини Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања на дишните патишта на корисникот или лицата во околината. Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука важат како канцерогени, особено доколку се во комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест може да бидат обработувани само од страна на стручни лица. – Погрижете се за добра проветреност на работното
– Се препорачува носење на маска за заштита при вдишувањето со класа на филтер P2. Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за материјалот кој го обработувате. Избегнувајте собирање прав на работното место. Правта лесно може да се запали. Монтирање на дополнителната дршка (види слика A) Користете го вашиот електричен апарат само со дополнителна дршка 4. Зашрафете ја дополнителната дршка 4 на десно или на лево на погонската глава во зависност од начинот на
Поставување на дополнителната дршка (види слика B) Дополнителната дршка 4 може да се подеси за на пр. работење на тешко достапни места. – Олабавете го шрафот за фиксирање 2. –Навалувајте ја дополнителната дршка 4 во зависност од вашите работни услови и работна позиција. – Повторно зацврстете го шрафот за фиксирање 2. Ставање/менување на брусната лента (види слика C) – Притиснете ја стезната рачка 7 во правец на водечкиот валјак 10. Ев. демонтирајте ја брусната лента 9. – Поставете ја новата брусна лента 9 при притисната стезна рачка 7. Внимавајте на тоа, да соодветствуваат правците на стрелките на внатрешната страна на брусната лента и куќиштето на електричниот апарат. –Свртете ја стезната рачка 7 повторно во излезна позиција. Внимавајте на точното лежиште на брусната лента 9 на водечкиот валјак 8 и 10. Избор на брусна лента Во согласност со материјалот што се обработува и обемот на стругање на површината, на располагање ви се различни брусни ленти:
Ставање во употреба Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на електричниот уред. Електричните апарати означени со 230 V исто така може да се користат и на 220 V. Вклучување/исклучување За ставање во употреба на електричниот апарат притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување 6 и држете го притиснат. За зацврстување на притиснатиот прекинувач за вклучување/исклучување 6 турнете го прекинувачот за исклучување/вклучување 6 понапред. За да го исклучите електричниот апарат, ослободете го прекинувачот за вклучување/исклучување 6 одн. доколку тој е блокиран, кратко притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување 6 и потоа ослободете го. За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот алат само доколку го користите. Претходно избирање на брзината на движење на
Користете брзина на движење на лентата соодветна на намената, за да избегнете оштетување на материјалот. Со копчето за подесување на брзината на движењ
лентата 5 може да ја изберете потребната брзина на движење на лентата и додека го користите апаратот. Неопходната брзина на движење на лентата зависи од материјалот и работните услови и може да се одреди при практична примена. Henk Becker Executive Vice President Engineering Helmut Heinzelmann Head of Product Certification PT/ETM9 Гранулација За брусење на суви материјали и пред-брусењегрубо40, 60 За структурирање и израмнување на мали нерамнини средно 80, 120 За фино структурирањефино180 Ленти со волна OBJ_BUCH-1843-004.book Page 109 Tuesday, April 12, 2016 12:18 PM110 | Македонски 1 609 92A 2NZ | (12.4.16) Bosch Power Tools Доколку користите волнена лента, поставете максимален степен на број на вртежи 4. Инаку волнената лента ќе стане жешка. Совети при работењето Обработката на цевката се врши помеѓу водечките валјаци 8 и 10 (види слика D). Колку е помал дијаметарот на цевката, толку е поголем можниот агол на превиткување (≤270°). Капацитетот на отстранување при брусење на површини, во главно, се одредува со изборот на брусна лента како и претходно избраната брзина на движење на лентата. Работете со што е можно помал притисок на површината, за да го продолжите рокот на употреба на брусните ленти. Прекумерното зголемување на притисокот врз површината не води кон зголемен капацитет на брусење, туку кон поголемо изабување на електричниот апарат и брусната лента. Работете со умерени движења, вршете го брусниот процес паралелно и со преклопување кон брусните шини. За постигнување на перфектна површина, не користете брусни ленти со гранулација поголема од едно зрно. Користете само оригинална Bosch опрема за брусење. Само беспрекорните брусни ленти може да придонесат за добар капацитет на брусење и одржување на електричниот апарат. Прицврстете го електричниот апарат на работната маса. Прицврстените електрични апарати и острите алати за вметнување може да предизвикаат тешки
Складирање на брусните средства Брусните средства складирајте ги во оригиналното пакување на собна температура од 15 °C – 25 °C и 40 % – 70 % влажност на воздухот. Не ги складирајте брусните средства на бетонско дно, во близина на отворени прозори и греење. Не ги виткајте брусните ленти, бидејќи ќе станат неупотребливи. Одржување и сервис Одржување и чистење Пред било каква интервенција на електричниот апарат, извлечете го струјниот приклучок од ѕидната дозна. Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и отворите за проветрување, за да може добро и безбедно да работите. Отстранете ја насобраната прав од брусењето со една
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш набавете го од Bosch или специјализирана продавница за Bosch-електрични апарати, за да го избегнете загрозувањето на безбедноста. Промена на водечките валјаци (види слика E) – Извадете ги шрафовите на водечките валјаци 8 и 10. Извадете ги водечките валјаци 8 и 10 како и дистанцерите. – Вметнете ги шрафовите низ новите водечки валјаци 8 и
10. Монтирајте ги новите дистанцери на шрафовите.
– Монтирајте ги водечките валјаци 8 и 10 зацврстете ги
Менување на погонскиот валјак (види слика F) – Притиснете на блокадата на вретеното 3, за да го зацврстите вретеното за брусење. – Олабавете го погонскиот валјак 1 со клуч со два отвори (опрема) и извадете го погонскиот валјак 1.
те го новиот погонски валјак 1 со клуч со два
– Отпуштете ја блокадата на вретеното 3. Сервисна служба и совети при користење Сервисната служба ќе одговори на Вашите прашања во врска со поправката и одржувањето на Вашиот производ како и резервните делови. Експлозивен цртеж и информации за резервни делови ќе најдете на: www.bosch-pt.com Тимот за советување при користење на Bosch ќе ви помогне доколку имате прашања за нашите производи и
За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.
Д.Д.Електрис Сава Ковачевиќ 47Њ, број 3 1000 Скопје Е-пошта: dimce.dimcev@servis-bosch.mk Интернет: www.servis-bosch.mk Тел./факс: 02/ 246 76 10 Моб.: 070 595 888 Отстранување Електричните апарати, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин. Не ги фрлајте електричните апарати во домашната канта
Notice-Facile