GSP545PVYZ - фрижидер LG - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот GSP545PVYZ LG во PDF формат.
Прашања на корисниците за GSP545PVYZ LG
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот фрижидер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник GSP545PVYZ - LG и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. GSP545PVYZ на марката LG.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК GSP545PVYZ LG
Диапазон на употреба на уреда
Ве молиме, внимателно прочитајте го овој прирачник пред да започнете со користење на уредот и чувајте го заради идни консултации.
Содржина
Внесување на податоци 2
Важни информации за безбедноста ____ 2
Идентификација на деловите 5
Каде да го монтирате 6
Приклучување на доводот за вода 7
Автоматски ледомат 7
Преграда за замрзнување (Само кај некои модели) 8
Дел со две свезди (Само кај некои модели) 9
Општи информации 9
Совети за заштеда на електрична енергија 10
Чистење 10
Паметна дијагностика 11
Отстранување на вашиот стар уред 12
Гледање на упатството за корисникот.
Упатството за корисникот во PDF формат е доставено на CD.
Инсталирајте Adobe Acrobat Reader за да го гледате упатството за корисникот на компјутер.
- Вметнете го доставеното CD.
Интернет страната се појавува автоматски. - Кликнете Упатство за корисникот на интернет страната.
- Погледнете го упатството за корисникот.
Ако интернет страната не се појави автоматски влезете во „My computer“ а потоа кликнете LG и index.htm за да го погледнете упатството за корисникот.
Внесување на податоци
Моделот и сериските броеви се наогаат на внатрешната страна од задниот дел или на өдна од страните на фрижидерот. Овие броеви се единствени за овој уред и не им се ставени на располагање на други уреди. Вие треба да ги запишете потребните информации овде и да го чувате овој прирачник како траен доказ за вашето купување. Сметката прикачете ја овде.
Датум на купување :
Продавач од кого е купен :
Адреса на продавачот :
Телефонски број на продавачот :
Модел бр. :
Сериски бр. :
Важни информации за безбедноста

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Пред употреба, овој фрижидер мора правилно да се монтира и постави во согласност со упатствата за монтажа во овој документ. Овој фрижидер е наменет само за домашна употреба во внатрешни услови.
Никогаш не ислучувајте го вашиот фрижидер со повлекување на кабелот за струја. Секогаш цврсто држете го приклучокот кога го вадите од штекерот.
Кога го преместувате вашиот уред подалеку од сидот, внимавајте да не го прегазите кабелот за струја или да не го оштетите на друг начин.
Откако ќе го ставите во функција вашиот фрижидер, не допирајте ги ладните површини во преградата за замрзнување, особено кога рацете ви се влажни или водени. Постои опасност кожата да ви се залепи на овие екстремно ладни површини.
Извадете го приклучокот од штекер кога го чистите или одржувате. Никогаш не допирајте го уредот со влажни раце затоа што постои опасност да претрпите струен удар или некоја повреда.
Никогаш немојте да го оштетувате, притискате, силно да го превиткувате, влечете или виткате кабелот затоа што оштетен кабел може да предизвика пожар или струен удар. Никогаш не допирајте го кабелот доколку не сте сигурни дали е правилно заземјен.
Осигурувачот на фрижидерот мора да го замени квалификуван техничар или компанија за сервис.
-Инаку може да дојде до струен удар или телесна повреда.
Никогаш не ставајте стаклени предмети во замрзнувачот затоа што можат да се скршат заради ширење на нивната содржина при замрзнување.
Никогаш не ставајте ги вашите раце во садот за автоматско правење мраз затоа што може да се повредите при неговото работење.
Уредот не е наменет за користење од страна на мали деца или лица со намалени ментални способности без надзор.
Малите деца треба да бидат под надзор за да бидете сигурни дека нема да си играат со уредот.
Никогаш не дозволувајте кој било да се качува, да седи, стои или да се беси на вратата на центарот за освежување. Овие активности можат да го оштетат фрижидерот па дури и да го превртат, што може да предизвика тешки телесни повреди.
Вовед
| Не користетепродолжен кабел | Ве советуваме овој уред да го приключите во независен штекер за да спречитедругите уреди да ја оптоварат мрежата и да настане прекин во напојувањето. | |
| a | Пристапност доштекерот | Уредот треба да се постави така што штекерот да биде лесно пристапен за брзоислучување доколку настане некаква несреќа. |
| Набавете кабелза замена⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ | Доколку се оштети кабелот за струја, тој мора да се замени со нов од страна напроизводителот или негов овластен сервис или слично квалификувано лице зада се избегне опасност.Немојте ниту да го менувате ниту да го продолжувате кабелот за струја. Тоаможе да предизвика струен удар или пожар.Поврзете ја приклучницата во правилна позиција така што кабелот да висинадолу.- Ако ја поврзете приклучницата наопаку, може да дојде до пресекување на жицаи да се предизвика пожар или струен удар.Осигурајте се приклучницата да не е згмечена или оштетена на задниот дел одфрижидерот. | |
| T | Затворање надеца⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ | ОПАСНОСТ: Ризик од затворање на деца.Пред да го расходувате вашиот стар фрижидер, извадете ги вратите, нооставете ги на место полиците, за да не можат деца да се качуваат внатре.Овој уред не треба да се користи од лица (вклучувајки деца) со намаленифизички, сетилни или ментални способности, или лица кои немаат искуство ипознавање, освен ако не се под надзор или постапуваат според упатства како даго користат уредот, од страна на лице кое е одговорно за нивната безбедност.Децата треба да бидат под надзор за да бидете сигурни дека нема да си играатсо уредот. |
| H | Не чувајте⚠️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ | Не чувајте, не користете бензин или други запаливи гасови и течности воблизина на овој или кој било друг уред. |
| ЗаземјувањеЭ️ ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ | Во случај на краток спој, заземјувањето го намалува ризикот од струен удар сотоа што обезбедува излезна жица за електричната струја.За да спречите можен електричен удар, овој уред мора да го заземјите.Несоодветното поврзување на штекерот за заземјување може да предизвикаструен удар. Советувајте се со квалификуван електричар или сервисен техничардоколку упатствата за заземјување не ги разбирате целосно, или доколку не стесигурни дали уредот е правилно заземјен. | |
| МАКЕДОНСКИ | Не го поместувајте ладилникот додека работи.Кај компресорот може да настане привремен звук на тропање.(Тоа е нормално и нема да влијае врз работата или животниот век накомпрессорот. Тропањето ље престане откако ладилникот ље се смири.) |

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
- Одржувајте ги чисти и без препреки отворите за вентилација во просторијата во која е монтиран уредот.
- Не користете механички уреди или други средства за да го забрзате процесот на одмрзнување, освен оние кои ги препорачува производителот.
- Не го оштетувајте колото на средството за ладење.
- Не користете електрични уреди во преградите за чување храна во уредот, освен ако не се препорачани од производителот.
- Постапки за расходување. Доколку го расходувате овој уред, ве молиме консултирајте се со сервисер или лице со слични квалификации за повеќе детали.
- Не чувајте експлозивни материи како на пример боци со запалив гас во уредот.
- Не користете запаливи гасови близу фрижидерот.
- Користењето на запаливи гасови близу фрижидерот може да предизвика експлозија или пожар.

Овој уред може да содржи (Проверете ја етикетата со спецификации/усогласеност за видот на средството за ладење и количината. Само кај некои модели) мала количина на изобутан средство за ладење (R600a), природен гас кој не е штетен за животната средина, но е лесно запалив.
При монтажа и транспорт на уредот, треба да се внимава да не се оштетат деловите на колото за средството за ладење.
Средството за ладење кое протекува од цевките може да се запали или да предизвика повреда на очите. Доколку откриете дека протекува, избегнувајте отворен пламен или потенцијални извори на пламен и воздух во просторијата во која се наога уредот неколку минути.
За да избегнете создавање на запалива мешавина од гас и воздух при протекување на средството за ладење, просторијата во која се наога уредот треба да биде довольно голема зашто може да се засити во зависност од количината на средството за ладење. Просторијата мора да има по 1 m² за секои 8g од R600а средство за ладење што се наога во уредот. Количината на средството за ладење во вашиот уред е прикажана на плочката за идентификација внатре во уредот. Никогаш не ставајте во функција уред кој покажува какви било знаци на оштетување. Доколку не сте сигурни, советувајте се со вашиот продавач.
Идентификација на деловите
Model: GSL54****, GSP54****, GWL31****, GWP31****

text_image
Екстра држач на вратата (незадолжителен) Автомат за правење мраз Полица LED сијалица Процесот на замрзнување најбрзо се одвива на обележаната полица Држач на вратата Фиока (2) Држач на вратата Преграда за замрзнување Преграда за ладење Агол за млечни производи LED сијалица Полица Рамка за вино (Незадолжително) Држач на вратата Центр за освежување (Незадолжително) Полица Без довод за мраз и вода (Незадолжително) Кутија за јајца (Незадолжителна) Држач на вратата Фиока за зеленчук Држач на врататаModel: GSL32****, GSP32****, GWL27****, GWP27****

text_image
Преграда за замрзнување Преграда за ладење Space plus Држач на вратата Автомат за правење мраз LED сијалица Полица Процесот на замрзнување најбрзо се одвива на обележаната полица Држач на вратата Фиока (2) Долен капак Кутија за јајца Агол за млечни производи Филтер LED сијалица Држач на вратата Полица Центар за освежување (Незадолжително) Без довод за мраз и вода (Незадолжително) Држач на вратата Фиока за зеленчук Држач на врататаЗАБЕЛЕШКА
- Деловите, характеристиките и опциите варираат во зависност од моделот. Вашиот модел може да не ги вклучува cite опции.
Избөрете добра локација.
Каде да го монтирате
- Поставете го вашиот уред на место од каде што е лесно да се користи.
- Избегнувајте да го ставате во близина на извори на топлина, директна сончева светлина или влага. Не ракувајте со уредот во надворешни услови каде може директно или индиректно да биде изложен на сонце, ветар и дожд.
- За да обезбедите соодветна циркулација на воздухот околу фрижидерот-замрзнувачот, ве молиме оставете довольно простор од обете страни и од горе, а оставете најмалку 5 см од задниот сид.
- За да избегнете вибрации, уредот мора да се порамни.
- Не монтирајте го уредот во простории со температура пониска од 5°C зашто тоа може да влијае на неговата работа.

text_image
Поставете го на соодейство разстояние Оставете повеќе од 5 см од задниют делПодраче на употреба на апаратот
Овој апарат е наменет за користење во домакинството и слична намена како на пример во
– кујни на персоналот во продавници, канцеларии и други работни средини;
– викендички и од страна на гостите во хотели, мотели и други видови на средини за престојување;
– средини од типот на нокевање со појадок;
– угостителство и слична неприватна намена.

Пред монтирање
Уредот мора да биде поставен така што приклучницата да биде лесно пристапна по монтажата.

Никогаш не користете цевки за гас, телефонски линии или други потенцијални громобрани за заземјување.
- Неправилното користење на приклучокот за заземјување може да резултира со струен удар.
Ако апаратот дава чуден звук, горење или миризба или чад, исключете ја веднаш приклучницата и контактирајте го најблискиот сервисен центар.
Ако има прашина или вода во фрижидерот, потеглете ја приклучницата и контактирајте го сервисниот центар на LG Electronics.
- Постои опасност од пожар.
Доводот за вода до фрижидерот мора да го монтира/поврзе соодветно квалификувано лице и да го поврзе само со довод на вода за пиење.
Користете го само автоматот за правење мраз доставен со фрижидерот.
Кога монтирате, сервисирате или чистите зад фрижидерот, извлечете го уредот а потоа повторно вратете го назад откако їе завршите.
По отпакувањето, чувајте ги материјалите за пакување подалеку од дофат на деца.
- Постои опасност од смрт со задушување ако децата ги стават врз главата.
Отстранување на вашиот стар уред
Овој уред содржи течност (средство за ладење, лубрикант) и е изработен од делови и материјали кои можат повторно да се користат и/или рециклираат.
Сите материјали за пакување треба да се испратат до собирниот центар за рециклирање. За повеće детали за вашиот локален собирен центар за рециклирање, контактирајте го вашето општинско собрание.
Проверете цевките на задниот дел од уредот да не се оштетени пред отстранување.

Приклучување на доводот за вода
Пред монтажата
- На автоматот за правење мраз му е потребен притисок на водата од 147\~834 kPa (1,5\~8,5 kgf/cm²) (Притисокот е соодветен кога инстант чашката од хартија (180 cc) се полни за 3 секунди).
- Доколку притисокот на водата не достигне до 147 kPa (1,5 kgf/cm²) или пак е понизок, ќе треба да купите засебна пумпа за притисок за нормално да функционира доводот за ладна вода и мраз.
- Вкупната должна на цревото за довод на вода треба да биде максимум 6,5 метри и внимавајте да не го свиткате. Доколку цревото е 6,5 метри или подолго, тоа може да предизвика проблеми со доводот на вода заради притисокот на водата.
- Монтирајте го цревото за довод на вода на место подалеку од топлина.
- Поврзете само со довод за вода за пиење.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
- Поврзете само со довод за вода за пиење. (за вид со довод за вода)
- Полнете само со питка вода. (за вид без довод за вода)
· Погледнете ги упатствата за монтажа на филтерот за вода.
- Внимавајте цревото за вода да одговара со истата боја.
- Пред да се користи, проверете дали има протекување на тие места.
· LG гаранцијата не го покрива ИНСТАЛИРАЊЕТО НА ДОВОДОТ ЗА ВОДА.
- Трошокот за поврзување со довод за вода е на товар на купувачот, доколку не е включено во цената за испорака (погледнете го договорот за испорака со продавачот)
- Контактирајте водоинсталатер или овластен инсталатер за инсталацијата ако е потребно.
- Ако се појави протекување на вода поради неправилна инсталација, контактирајте го инсталатерот.
Автоматски Ледомат
Мерки на претпазливост при користење на диспензерот (само кај некои модели)
За да добиете ладна вода
Водата од диспензерот нема да биде мраз ладна, туку само разладена или ладна. Доколку сакате поладна вода, испуштете мраз, пред да испуштите вода.
Доколку имате проблем при заменувањето на садот за чување мраз
Свртете го копчето ¼ од круг како што е прикажано на цертежот, а потоа притиснете го назад.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
①

- Цртежот зависи од моделот.
- Не ставајте ги рацете во автоматот за мраз кога тој е во функција. Може да се повредите.
- Не чувајте коцки мраз подолго од две недели, тие може да предизвикаат дизпензерот да се расипе затоа што коцките мраз се лепат едни со други.
Кога автоматот за мраз не работи правилно
Нормално е автоматот за мраз да не работи правилно кога има само мала количина мраз останата во садот за чување мраз. Дозволете да помине приближно еден ден за да се обнови мразот.
Доколку се формира мраз во цврста грутка и го прекинува работењето на механизмот на автоматот за мраз, извадете го садот за чување мраз, раздвојте го мразот, фрлете го оној дел што не може да се раздвои и ставете парчиња мраз во садот кои можат да се користат. Нормално е периодично испуштање на мраз. Меѓутоа, бидејки мраз може да се заглави и да го блокира каналот за мраз, редовно проверувајте го каналот и чистете го од секакви затнувања.
①

· Цртежот зависи од моделот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
- Никогаш не ставајте ја вашата рака или друг предмет во каналот за мраз бидејки тоа може да ги оштети деловите на диспензерот или да си ја повредите раката.
- Доколку мразот е безбоен, престанете да го користите диспензерот и повикајте сервис.
- Не допирајте го ножот ①④ бидејки може да си ја повредите раката.
- Никогаш не ставајте ги раçете во автоматот за правење мраз додека истиот е во функција. Тоа може да предизвика повреда ②.
- Не дозволувајте им на вашите деца да се обесуват на диспензерот за мраз или на корпата за чување мраз. Тоа може да предизвика повреда.
①

②

Преграда за замрзнување (Само кај некои модели)
Доколку во замрзнувачот треба да се стави голема количина храна:
Средната фиока од замрзнувачот треба да се извади надвор од апаратот, а храната да се стави директно на решеткастата полица. Замрзнувачот како стандардна опрема содржи решеткаста полица за да овозможи максимально искористување на капацитетот. Исто така, фиоката е опремена со прибор кој овозможува безбедно чување на месо кое содржи повеće вода или полу-течна храна.
Максимален капацитет за замрзнување
Ако веке има храна во преградата, ставете го замрзнувачот во најладна состојба (-23 или -24°C - во зависност од видот) и притиснете го копчето „Express frz“ неколку часа пред да ставите свежи производи во преградата од замрзнувачот за да го постигнете максимальниот капацитет. Општо земено, соодветно време е 4 часа.

Дел со две свезди \*\* (Само кај некои модели)
· Двете свезди означуваат дека температурата во делот е -12°C \~ -18°C.
· Храна за краткорочно замрзнување.
Општи информации
Време за летување
За време на летните одмори со просечно траење, Ѽе сфатите дека најдобро е фрижидерот да го оставите да работи. Во замрзнувачот ставете храна која има подолг век на траење. Кога планирате да го исключите, извадете ја целокупната храна, исключете го кабелот за струја, исчистете ја целосно внатрешноста и оставете ги вратите ОТВОРЕНИ за да спречите настанување на непријатна миризба. Ако нема да го користите диспензерот за вода или мраз, затворете го вентилот за вода. - Инаку може да дојде до протекување на вода.
Прекин на електричното напојување
Повекето дефекти во напојувањето се поправаат за еден или два часа и тие не влијаат врз температурите во вашиот фрижидер. Меѓутоа, вие треба да го сведете на минимум бројот на отворање на вратата на фрижидерот кога е исключено напојувањето. Ако производот е опремен со LED сијалица, не го расклопувајте капакот на сијалицата и LED сијалицата сами. - Контактирајте го вашиот сервисер.
Доколку го преместите
Извадете ги или зацврстете ги сите лабави делови во внатрешноста на фрижидерот. За да избегнете оштетување на навртките за прилагодување на висината, навртете ги цврсто во основата.
Надворешниот сид на фрижидерот понекогаш станува топол, особено веднаш после монтажата. Не кревајте паника. Ова е резултат на цевката против кондензација, која пумпа низ фрижидерот за да спречи „потење“ на надворешниот сид.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
· Користете само LED сијалици обезбедени од производителот или овластениот сервис.
· Да не го расклопувате или поправате фрижидерот сами.
- Можете да предизвикате пожар, дефект и/или да се повредите. Во случај на дефект повикајте го вашиот сервисер.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
- Не ставајте предмети врз уредот.
- Кога ја отворате или затворате вратата, предметите можат да паднат и да предизвикаат телесна повреда и/или материјална штета.
- Не ги ставајте рацете под уредот.
- Билокои остри рабови можат да предизвикаат телесна повреда.
- Не ги оставајте отворени вратите на фрижидерот без надзор и не дозволувајте децата да влегуваат во фрижидерот.
- Постои опасност од затворање на децата и тешка телесна повреда поради ниските температури.
- Не им дозволувајте на децата да газат врз капакот на фиоките. - Може да се скрши и да дојде до лизгање.
Совети за заштеда на електрична енергија
- Ве молиме, не држете ја вратата отворена долго време, затворете ја во најкратко време.
- Не се препорачува чување на премногу храна. Треба да се остави довольно простор за да се овозможи соодветно циркулирање на воздухот.
- Не поставувајте ја температурата на замрзнувачот пониско од потребното. Не ставајте храна во близина на сензорите за температура. Оставете најмалку 5 мм растојание од сензорите.
- Прво оставете ја да се излади топлата храна пред да ја ставите во фрижидер. Ставањето топла храна во фрижидерот може да влијае врз другата храна и доведува до поголема потрошувачка на енергија.
- Не блокирајте ги отворите за воздух. Непреченото циркулирање на воздух ја одржува температурата на соодветно ниво.
- Не отворајте ја вратата често. Отворањето на вратата овозможува топлиот воздух да навлезе во замрзнувачот и да ја зголеми температурата.
- Поставеноста на полиците, корпите и фиоките обезбедени од производителот е најефикасна во однос на заштедата на енергија.
Чистење
Важно е вашиот фрижидер да го одржувате чист за да спречите настанување на непријатни миризби. Истурената храна треба веднаш да се избрише, бидејки може да се скисели и да ги дамкоса пластичните површини доколку се засуши на нив.
Надворешност
Внатрешност
После чистеньето

ПРЕДУПРЕДУВАНЬЕ

ВНИМАНИЕ
Користете млака вода, раствор од благ сапун или детергент за да го исчистите долготрајниот финиш на вашиот фрижидер. Избришете со чиста влажна крпа, а потоа со сува.
Се препорачува редовно чистење. Измијте ги сите прегради со раствор од сода бикарбона или благ детергент и топла вода. Исплакнете и пребришете.
Проверете дали кабелот за струја е оштетен, прегреан или добро вметнат во штекерот на сидот.
Секогаш вадете го кабелот за струја од штекерот во sidот пред чистење во близина на електрична опрема (светла, прекинувачи, контроли, итн.). Избришете го вишокот влага со сунгер или крпа за да спречите вода или течност да навлезе во некој електричен дел и да предизвика струен удар. Никогаш не користете метални сунгери, абразивни средства за чистење, јаки alkalни раствори, запаливи или токсични течности за чистење на која било површина. Не допирајте ги замрзнатите површини со водени или влажни раце, затоа што влажни предмети можат да се залепат на екстремно ладни површини.
- Не прскајте директно вода внатре или надвор на фрижидерот. - Постои опасност од пожар или струен удар.
- Не прскајте производи за чистење директно врз дисплејот. - Може да се избришат печатените букви на дисплејот.
- Отстранете каква било туга материја или прашина од приклучната вилушка. Но не користете мокра или влажна крпа кога го чистите приклучникот, отстранете каква било туга материја или прашина од приклучната вилушка.
-Инаку постои опасност од пожар или струен удар.
Паметна дијагностика

GSL54****, GSP54****
Модел: GWL31****, GWP31****
Ако наидете на проблеми со вашиот фрижидер, тој може да пренесува податоци преку вашиот телефон до центарот за сервисирање на LG. Ова ви дава можност директно да разговарате со нашите обучени стручњаци. Стручњакот ги снима пренесените податоци од вашиот уред и ги користи за анализирање на работата, овозможувајки брза и ефикасна дијагноза.
Ако наидете на проблеми со вашиот фрижидер, повикајте го центарот за сервисирање на LG. Користете ја Паметната дијагностика само следејки ги инструкциите од страна на лицето од контакт центарот на LG. Звуците од преносот на податоците што ње ги слушнете се нормални и звучат слично како факс уред.
Паметната дијагностика не може да се активира доколку вашиот фрижидер не е поврзан на струја. Ако вашиот фрижидер не може да се вклучи, тогаш мора да се направи решавање на проблемите без користење на Паметна дијагностика.
Користење на Паметна дијагностика
Прво, повикајте го сервисниот центар на LG. Користете ја Паметната дијагностика само следејки ги инструкциите од страна на лицето од контакт центарот на LG.
- Заклучете го дисплејот. За да го заклучите дисплејот, притиснете го и држете го копчето „Заклучување“ три секунди. (Ако дисплејот бил заклучен преку пет минути, мора да ја деактивирате бравата а потоа повторно да ја реактивирате.)

-
Отворете ја десната врата на фрижидерот.
-
Ставете ја слушалката на телефонот пред звучникот кој е поставен на десната шарка од вратата на фрижидерот, кога ње ви кажат од контакт центарот.

- Притиснете го и држете го копчето „Температура на замрзнувачот“ три секунди продолжувајки да го држите телефонот на звучникот.

-
Откако ке слушнете три звучни сигнали, отпуштете го копчето „Температура на замрзнувачот“.
-
Држете го телефонот сё додека не заврши трансмисијата на тонот. За ова е потребно околу 3 секунди а дисплејот ке го одбројува времето. Штом ке заврши одбројувањето и тоновите ке запрат, продолжете со разговорот со стручњакот кој тогаш ке може да ви помогне користејки ги пренесените информации за анализа.
ЗАБЕЛЕШКА
- За најдобри резултати, не го поместувајте телефонот додека се пренесуваат податоците.
- Ако лицето од контакт центарот не може да постигне правилно снимање на податоците, можеби єе бидете замолени да се обидете повторно.
- Квалитетот на повикот се разликува од регион до регион и може да влијае врз функцијата.
- Користете го домашниот телефон за подобра комуникација, односно подобра услуга.
- Лош квалитет на повик може да доведе до слаб пренос на податоци од вашиот телефон до машината, што може да предизвика Паметна дијагностика да не работи правилно.
ОТСТРАНУВАЊЕ НА ВАШИОТ СТАР УРЕД

- Кога кон производот е прикачен ваков символ на прецертана канта за губре, тоа значи дека производот е опфатен со Европската Директива 2002/96/ЕС.
- Сите електрични и електронски производи треба да се отстранувает засебно од општинскиот комунален отпад преку одредени установи за собирање на ваков отпад назначени од владата или локалните власти.
- Правилното отстранување на вашиот стар уред ке помогне да се спречат потенцијално негативни последици врз животната средина и човековото здравје.
- За подетални информации во врска со отстранувањето на вашиот стар уред, ве молиме контактирајте ги вашите градски служби, службата за управување со отпад или продавницата од каде сте го купиле производот.
Овој производ содржи гасови кои предизвигуваат ефект на стаклена градина кои се опфатени со Протоколот од Кјото (Незадолжително).
- Информации за гасови кои предизвигуваат ефект на стаклена градина што се користат како средство за ладење тво овој фрижидер.
| Хемиско име | Состав на гасови | Вкупен Потенцијал на глобално затоплување (GWP) (kg CO2-eq) |
| R-600a | 100% CH(CH3)3 < $ |

line
| Date | Value | | ---------- | ----- | | 2-MFL67788701_POLISH.indd | 12 2013.5.3 1:51:38 PM |
line
| Date | Value | | ---------- | ----- | | 2-MFL67788701_POLISH.indd | 12.2013.5.3 1:51:38 PM |
LG
Life's Good
LG Customer Information Center
LG SERVICE : (ITALIA) 199600099
LG SERVICE : (AUSTRIA) 0810-144-131
(SLOVENIA) 080-543-543
(SWITZERLAND) 0848-543-543
LG SERVICE : (DEUTSCHLAND)1806 115411
LG SERVICE : (ΕΛΛΑΣ801-11-200-900-210 4800564
LG SERVICE : (NEDERLAND0900-543-5454 / 036-5377780