SMO20DGW - микробранова печка GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот SMO20DGW GORENJE во PDF формат.
| Тип на производ | Микробранова печка |
| Марка | Gorenje |
| Модел | SMO20DGW |
| Напојување | 230 V ~ 50 Hz, 1200 W |
| Микробранова моќност | 700 W |
| Моќност на грил | 900 W |
| Фреквенција | 2450 MHz |
| Надворешни димензии (Ш × В × Д) | 452 mm × 262 mm × 364 mm |
| Димензии на комората (Ш × Д × В) | 315 mm × 198 mm × 297 mm |
| Волумен на комората | 20 литри |
| Нето тежина | 11,3 kg |
| Ниво на бучава | < 58 dB (A) |
| Функции за готвење | Микробранова, Грил, Комбинирано 1 (30% МО + 70% грил), Комбинирано 2 (55% МО + 45% грил), Одмрзнување по тежина, 8 програми за автоматско готвење, Одложен старт, Брз старт |
| Тип на управување | Електронски со ротационен селектор и допирни копчиња |
| Дисплеј | LED дигитален |
| Вклучени додатоци | Стаклена ротирачка плоча, тркалезен водич, триножник за грил |
| Безбедност за деца | Да, заклучување со копче (5 секунди) |
| Електрична безбедност | Задолжително заземјување, осигурувач 250 V / 10 A |
| Одржување и чистење | Чистете со влажен сунѓер и благ детергент. Плочата и водичот се мијат во машина за садови. Не користете абразивни средства. |
| Резервни делови и поправка | Сијалицата може да ја замени продавачот. Сите други поправки мора да ги изврши квалификуван техничар. |
| Општи информации | Само за домашна употреба. Во согласност со директивaта WEEE 2002/96/EC. |
Често поставувани прашања - SMO20DGW GORENJE
Прашања на корисниците за SMO20DGW GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот микробранова печка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник SMO20DGW - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. SMO20DGW на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК SMO20DGW GORENJE
Внимателно прочитајте ги упатствата и чувајте ги.
Спецификации
Потрошувачка на ел. енергија: 230V~50Hz, 1200W
Излезна моќност: 700W
Грејач за жар: 900W
Работна фреквенција: 2450MHz
Надворешни димензии: 452mm (Ш) X 262mm (В) X 364mm (Д)
Димензии на комората
(внатрешност) на печката: 315mm (Ш) X 198mm (В) X 297mm (Д)
Димензии на печката: 20 литри
Маса без амбалажа: ...... Приближно 11,3 kg
Ниво на бучава:......Lc < 58 dB (A)
Овој апарат е означен според европскиот пропис 2002/96/E3 за електро и електронски апарати (waste electrical and electronic equipment - WEEE).
Прописот ја дава рамката за враќање и искористување на старите апарати, важечко ширум Европа.
Пред да повикате сервис
- Ако печката воопшто не работи, ако на екранот ништо не се појавува или, пак, ако екранот се изгасне:
а) Проверете дали печката е правилно вклучена на електричната мрежа. Ако не е, исклучете го кабелот од штекерот, почекајте 10 секунди и потоа повторно вклучете го.
б) Проверете дали осигурувачот за штекерот е прегорен или, пак, дали струјното коло е прекинато на главниот осигурувач. Ако осигурувачите се исправни, тестирајте го штекерот со некој друг апарат.
- Ако микробрановата печка не грее, т.е. не емитува микробранова енергија:
а) Проверете дали е правилно наместен часовникот за програмирање.
б) Проверете дали е цврсто затворена вратата, а сигурносните брави заклучени. Ако не се, микробрановата енергија нема да се ослободува.
Ако со помош на горниве упатства не успеавте да го отстраните проблемот, обратете се до најблискиот овластен сервисер.
Микробрановата печка може да предизвика пречки во приемот на вашиот радиоприемник, ТВ-приемник и слични уреди. Ако дојде до пречки (интерференции), истите можете да ги отстраните или да ги намалите со преземање на следниве мерки:
а) Исчистете ја вратата и површините за дихтување. б) Ставете го радиоприемникот, ТВ-приемникот и друго што подалеку од микробрановата печка. в) Зад радискиот, ТВ-приемникот итн. употребете соодветно наместена антена што ќе овозможува јак прием на сигналот.
Напомена:
Апаратот е наменет само за користење во домаќинство и тоа за загревање на храна и пијалаци со помош на електромагнетна енергија. Употребувајте го апаратот само во затворени простории.
Инсталација
- Проверете дали од внатрешноста на вратата го извадивте целокупниот амбалажен материјал.
- Кога ќе ја отстраните амбалажата, прегледајте ја печката за да утврдите дали има видливи оштетувања, како на пример:
- искривена врата,
- оштетена врата,
- набиеници или дупки на стаклото (прозорецот) на вратата или пак на екранот
- набиеници во внатрешноста на печката.
- Ако забележите некое од горенаведените оштетувања, не употребувајте ја печката.
- Микробрановата печка тежи околу 11,3 kg, поставете ја на рамна површина што е довольно тврда за да ја издржи тежината на печката.
- Печката поставете ја подалеку од извори на висока температура и пареа.
- Не ставајте ништо на печката.
- За да обезбедите довольно зрачење, околу страните на печката треба да има барем 8 см простор, а над неа 15 см.
- Не отстранувајте ги погонските оски на ротационото лежиште.
- Како и кај сите други апарати така и кај овој е потребен грижлив надзор кога го употребуваат децата.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: ОВОЈ АПАРАТ Е ПОТРЕБНО ДА СЕ ЗАЗЕМЈИ.
- Штекерот на кој е приклучен апаратот треба да биде лесно достапен за приклучниот кабел.
- На печката и е потребна влезна моќност од 1,2 kVA. Препорачуваме при инсталација на печката да се посоветувате со сервисер, односно со компетентен стручњак.
ВНИМАНИЕ: Печката има сопствена заштита и тоа осигурувач 250V, 10A.
ВАЖНО
Боите на жиците во приклучниот кабел го имаат следново значење:
Зелено-жолта: заземјување
Сина: нулта
Кафена: фаза
Бидејќи боите на жиците можеби не одговараат на обоените ознаки на терминалите во приклучниот кабел, имајте го предвид и следново:
- Жицата со зелено-жолта боја приклучете ја на терминалот во приклучниот кабел што е означен со буквата E или со симболот за заземјување.
- Жицата со сина боја приклучете ја на терминалот во приклучниот кабел што е означен со буквата N или е со црна боја.
- Жицата со кафена боја приклучете ја на терминалот во приклучниот кабел што е означен со буквата L или е со црвена боја.
Важни безбедносни упатства
- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Кога апаратот работи во комбиниран начин, а поради многу високите температури што тогаш настануваат, децата смеат да го употребуваат апаратот само под грижлив надзор на возрасните (само за апарати со функцијата жар)
- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако вратата или дихтувачите за вратата се оштетени, апаратот не смеете да го употребувате, додека не го поправи стручно лице.
- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Секоја поправка или сервис изведена од кој било друг освен од овластен сервисер и при која е потребно да се отстрани покривот за заштита од микробрановите зраци е опасна и ризична.
- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Течностите и другата храна не загревајте ги во затворени, односно во покриени садови или, пак, во затворена амбалажа, бидејќи истите може да експлодираат.
- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Децата може да го употребуваат апаратот и без надзор од возрасните само во случај доколку им дадете соодветни упатства, за да можат безбедно да ја употребуваат печката и да бидат свесни за опасностите што произлегуваат од несоодветното ракување.
- Околу печката е потребно да се обезбеди доволно кружење на воздух. Зад печката треба да има најмалку 8 см простор, од страните барем 10 см, над печката 10 см. Не отстранувајте ги нозете на печката и не покривајте ги отворите за вентилација.
- Употребувајте ги помагалата (помошните средства), соодветно за употреба во микробранова печка.
- Кога загревате храна во пластична или во хартиена амбалажа, односно чинија, надгледувајте го процесот на загревање поради опасноста таквата амбалажа, т.е. сад, да се запали.
- Ако забележите чад, апаратот исклучете го од електричната мрежа, а вратата оставете ја затворена, за да го изгаснете можниот оган.
- Кога во микробрановата печка загревате пијалак, по некое време може пијалокот да зоврие и да претече, па затоа во таков случај однесувајте се особено внимателно.
- За да не дојде до изгореници, пред употребата промешајте ја или протресете ја содржината на шишенцето за доенчиња или шишенцата со храна за доенчиња и проверете ја температурата на содржината.
- Во микробрановата печка не загревајте јајца со лушпа или тврдо варени јајца бидејќи може да експлодираат, дури и откако загревањето во печката е веќе завршено.
- Кога ја чистите површината на вратата, дихтувачката површина, внатрешноста на печката, употребувајте само благи и нежни (не абразивни) средства за чистење, нанесете ги со сунѓер или со мека крпа.
- Редовно чистете ја печката и отстранувајте ги можните остатоци од храна.
- Ако редовно не ја одржувате и чистите печката, може да дојде до нагризување на површината, што негативно влијае на животниот век на апаратот и го зголемува ризикот од опасност при неговата употреба.
- Ако приклучниот кабел е оштетен, за да се избегне опасност, истиот може да го замени само производителот, овластениот сервисер или друг соодветно оспособен стручњак.
Безбедносни упатства за општа употреба
Во продолжение се наброени некои правила и безбедносни мерки што, како при користење на други апарати, треба да ги почитувате за да обезбедите безбедно и најефикасно функционирање на печката:
- Додека работи печката, стаклената основа, рачките на валјакот, склопката и жлебот за валјакот секогаш треба да бидат на своето место.
- Печката не користете ја за никаква друга намена освен за подготвување храна; не сушете во неа облека, хартија или други предмети и не употребувајте ја за стерилизација.
- Никогаш не вклучувајте ја печката ако таа е празна, бидејќи можете да ја оштетите.
- Во внатрешноста на печката не чувајте ништо, на пр. хартија, готварски книги итн.
- Не гответе храна што е покриена со мембрана, на пр., жолчки од јајца, компир, пилешки цигер итн. пред да ја
прободете мембраната со виљушка на повеќе места.
- Не ставајте никакви предмети во отворите на надворешната страна од печката.
- Никогаш не отстранувајте ги деловите на печката, на пр.: нозете, резето (внатрешен затворач), шрафовите итн.
- Не гответе ја храната непосредно на стаклената основа. Пред да ја ставите храната во печката, ставете ја во соодветен сад или во слично помагало.
ВАЖНО: Кујнски помагала што не смеете да ги употребувате во микробранова печка:
- Не употребувајте метални тави или садови со метални рачки.
- Не употребувајте садови со метални рабови.
- Не употребувајте садови од меламин бидејќи содржат материјал што ја вшмукува микробрановата енергија. Тоа може да предизвика чинијата да напукне или да се усвити, а покрај тоа и да го забави загревањето/готвењето.
- Не употребувајте ги садовите без соодветното премачкување за употреба во микробранова печка. Исто така, не употребувајте затворени шолји со рачки.
- Не подготвувајте храна или пијалаци во сад што има стеснет отвор, на пример во шише, бидејќи истото може да пукне при загревање.
- Не употребувајте обични термометри за месо или за слатки. Можете да употребувате само термометри што се наменети за употреба во микробранови печки.
- Помагалата за микробрановата печка употребувајте ги само согласно со упатствата од нивниот производител.
- Не обидувајте се да потпечувате храна во микробрановата печка.
- Бидете претпазливи, во микробрановата печка треба да се загрее само течноста, а не и садот во кој истата се наоѓа. Затоа е можно, откако ќе го отстраните капакот, течноста во садот да испарува или од неа да претекуваат капки иако капакот на садот не е жежок.
- Пред користење секогаш проверете ја температурата на храната, а особено ако им ја давате на деца. Препорачуваме храната/пијалакот никогаш да не ги консумирате непосредно по вадењето од
печката, туку да почекате неколку минути и по можност да ја промешате за температурата еднакво да се распредели.
- Храната што содржи мешавина од вода и маст, на пример основа за супа, по исклучувањето на печката треба да остане во неа приближно 30 до 60 секунди. Така ќе овозможите смесата да се изедначи и ќе спречите навлегување на меурчиња кога во течноста ќе ставите лажица или коцка за супа.
- При подготовка на храна бидете внимателни бидејќи некои видови, на пример божиќен пудинг, мармалад или мелено месо, се загреваат многу брзо. Кога загревате или подготвувате храна со висока содржина на масти или шеќер, не употребувајте пластични садови.
- Помагалата што ги употребувате при подготовка на храна во микробранова печка можат силно да се загреат бидејќи храната оддава топлина. Ова важи посебно ако врвот на садот и рачките се прекриени со пластична обвивка или со пластична наметка. При вадење на таков сад може да ви бидат потребни кујнски ракавици.
- За да го намалите ризикот од пожар во внатрешноста на печката:
а) Внимавајте предолго да не ја готвите храната. Грижливо надгледувајте го процесот на загревање кога во печката се присутни помагала од хартија, пластика или други лесно запалливи, т.е. горечки материјали.
б) Пред да го ставите кесето во печката, отстранете ја жицата за затворање на кесето.
в) Ако предметот во печката се запали, оставете ја вратата на печката затворена, исклучете ја истата од електрична мрежа или исклучете го главниот осигурувач од разводната табла.
Дијаграм на печката

Покажува време за варење / печење, вклучување, симболи за начин на работење и часовник.
• " + "; "- "
Со вртење на копчето можете да дотерате време, тежина и количество.
• САМОДЕЈНО ОДМРЗНУВАЊЕ
Завртете го копчето да дотерате програма за одмрзнување врз основа на внесената тежина.
• МОЌНОСТ НА РАБОТЕЊЕ
Со вртење на копчето ќе изберете моќност на работење на микробрановата печка.
• ЖАР
Со вртење на копчето можете да дотерате програма за печење со жар, и тоа со траење до 95 минути.
Завртете го копчето за да дотерате комбинирано работење со микро бранови и жар.
• САМОДЕЈНА ПРОГРАМА

Завртете го копчето за да изберете програма за приготвување најчести јадења.
• ЧАСОВНИК
Завртете го копчето за да го дотерате часовникот на печката.
• ПРОГРАМИРАНО РАБОТЕЊЕ

Завртете го копчето за да дотерате програма на работење, која се задвижува самодејно во дотераното време.
• СТАРТ / СТОП / ПОНИШТУВАЊЕ

Притиснете еднаш за да задвижите програма за варење / печење. Притиснете еднаш за привремено да го запрете работењето, потоа држете уште три секунди за да ја поништите моменталната избрана програма. Со ова копче дотерајте и безбедносно заклучување заради деца. Едноставно притиснете повеќепати за да дотерате време за готвење, кое веднаш започнува на највисок степен.

- Затворач на вратата
- Прозорец на печката
- Отвори за вентилација вентилатор за проветрување
- Обрач на основата
- Стаклена основа
- Контролна плоча
- Решетка за жар
- Браново водило (ве молиме не отстранувајте ја силикатната плоча која го покрива брановото водило.)
Упатства за употреба
1. Дотерување на дигиталниот часовник
Рерната е опремена со дигитален часовник. Кога е перната во состојба на чекање, можете со притиснување на тастерот за часовник да дотерате време во 24/12-часовен циклус.
На пример: Ако сакате да дотерате време на перната на 8:30.
- Кога е перната во состојба на подготвеност, завртите го копчето на положба ②; а потоа со притиснување на + дотерајте време во 24-часовен циклус.
- Еднаш притиснете на тастерот ⚙️, да го потврдите дотерувањето.
- Со притиснување на + или – дотерајте го бројот на часови на 8.
- Еднаш притиснете на тастерот ⚙️, да го потврдите бројот на часови.
- Со притиснување на + или – дотерајте број на минути на 30.
- Еднаш притиснете на тастерот ⚙️, за да го потврдите бројот на минути.
Забелешка: За време на готвење можете со притискање на тастерот да проверите колку е часот.
2. Варење / печење со микро бранови
За загревање со микро бранови завртете го копчето на саканата ознака за моќност на работење, а потоа со тастерите + и – дотерајте го саканото време за готвење. Максималното време за работење што можете да го дотерате е 95 минути. Моќноста на работење ќе ја дотерате така што ќе го завртите копчето на соодветниот степен.
| Мо́кност на варење / печење | Приказ |
| 100% | P100 1-S |
| 80% | P-80 1-S |
| 60% | P-60 1-S |
| 40% | P-40 1-S |
На пример, ако сакате да готвите 10 минути при 60 % микробранова моќност.
- Отворете ја вратата на печката и ставете ја храната во печката. Затворете ја вратата на печката.
- Завртете го копчето за дотерување моќност за готвење (,,..), за да на покажувачот се појави ознаката P-60.
- Со тастерите + или – дотерајте време 10:00.
- Притиснете го тастерот .
Забелешки:
- Ако сакате да го прекинете готвењето, еднаш притиснете го тастерот; потоа можете со повторно притискање на тастерот да продолжите со готвење, или пак за време на привременото прекинување на готвењето притиснете и држете го тастерот 5 секунди, за да ја поништите програмата за готвење.
- По завршената програма за готвење ќе се огласи звучен сигнал (еден писок секои две минути), на екранот пак е испишано "End" ("Kraj"). Притиснете кој било тастер или отворете ја вратата на печката, за повторно да ги дотерате поставувањата. Потоа можете да изберете нова функција. (Точките 1. и 2 важат и за сите други програми за варење односно печење.)
- Степенот на моќност за работење на микробрановите зраци можете да го проверите така што ќе го завртите копчето за дотерување моќност за работење в десно (,,,),).
3. Брзо вклучување
Со оваа функција можете брзо да ја вклучите рерната. Најдолго време за готвење што можете да го поставите е 10 минути. Кога рерната е во состојба на подготвеност, повеќепати едноподруго, во што пократки растојанија, притиснете го тастерот ♣; со тоа ќе поставите време за готвење, рерната веднаш ќе почне да работи со полна моќност. Времето за готвење можете да го продолжите за време на самата постапка на готвење, со притиснување на тастерот ♣.
4. Жар
Најдолго време за работење на жарот, кое можете да го поставите, е 95 минути. Варење односно печење со жар е посебно примерно за тенки резанки месо, шницли, котлети, раженчиња, колбаси или парчиња пилешко. Жарот е примерен и за приготвување топли сендвичи и гратинирани јадења.
Пример: да речеме сакате да готвите храна на жар 12 минути:
- Отворете ја вратата на рерната и ставете храна во рерната. Затворете ја вратата на рерната.
- Завртете го копчето во положба www.
- Со тастерите + или – поставете време на 12:00.
- Притиснете го тастерот .
5. Комбинирано работење 1
Најдолго време на работење кое можете да го поставите е 95 минути. 30 проценти од времето рерната ќе работи со микро бранови, а 70 проценти од времето со жар. Овој начин на работење е примерен за приготвување риби или гратинирани јадења.
Ако сакате, на пример, да поставите комбинирано работење за 25 минути, направете го следново:
- Отворете ја вратата на рерната и ставете храна во рерната. Затворете ја вратата на рерната.
- Завртете го копчето на положба .
- Со тастерите + или – дотерајте време на 25:00.
- Притиснете го тастерот .
6. Комбинирано работење 2
Најдолго време на работење кое можете да го дотерате е 95 минути. 55 проценти од времето перната ќе работи со микро бранови, а 45 проценти од времето со жар. Овој начин на работење е примерен за приготвување пудинзи, нарастоци, омлети, пржен компир и живина.
Ако сакате, на пример, да дотерате комбинирано работење за 25 минути, направете го следново:
- Отворете ја вратата на перната и ставете храна во перната. Затворете ја вратата на перната.
- Завртете го копчето на положба .
- Со тастерите + или – дотерајте време на 12:00.
- Притиснете го тастерот .
7. Самодејно одмрзнување
Рерната овозможува одмрзнување храна врз основа на тежината што ја внесува корисникот. Степенот на моќност за работење за време одмрзнување и времето самодејно ќе се приспособат со оглед на програмираната тежина. Тежина на храната за одмрзнување можете да дотерате меѓу 100 g и 1800 g.
НА ПРИМЕР: Ако сакате да одмрзнете 600 g замрзнати морски ракчиња, направете го следново:
- Завртете го копчето во положба за одмрзнување *
- Со тастерите + или – внесете ја тежината.
- Притиснете го тастерот ⚙️.
Забелешка:
За време на програмата за одмрзнување, системот привремено ќе запре за да потсети дека треба да го превртите парчето храна.
Штом го направите тоа, притиснете го тастерот за да продолжите со постапката за одмрзнување.
За некои видови храна или начини на готвење не е потребно да се внесува моќност и време на работење. Наместо тоа, само одредете кој вид храна и какво количество храна сакате да приготвите, а рерната сама ќе избере начин на приготвување и ќе почне да работи по притиснување на тастерот ⚙️.
На пример:
Ако сакате да испечете пица, нејзината маса е 150 g:
- Кога рерната е во состојба на подготвеност, завртете го копчето на положба за самодејно готвење AUTO COOK.
- Со тастерите "+" или "-" изберете А-2.
- Потврдете го избирањето со притиснување на тастерот.
- Со тастерите "+" или "-" изберете тежина, односно количество.
- Притиснете го тастерот.
| Ознака | Вид храна | Кај пијалак и компир попритиснување на тастерот "+" или "-" на екранот наместо маса Ѽебиде прикажан бројот на порции.При варење односно печење месо за време работење пернатапривремено Ѽе запре, да ве спомнеда ја превртите храната, да бибила таа варена односно печенапорамномерно.Резултатите при самодејноготвење се зависни од факторитекако што е колебањето на напонот,обликот и големината на парчетохрана, вашиот личен вкус, какојако да биде храната печенаодносно варена, како и однаместувањето на парчето хранаво ртерната. Ако со резултатот несте сосема задоволни, ве молиме,да соодветно го приспособитевремето за работење. |
| A1 | Пијалак(200ml/ шолја) | |
| A2 | Пица (g) | |
| A3 | Тестенини (g) | |
| A4 | компир (230g /порција) | |
| A5 | Подгревање(g) | |
| A6 | Зеленчук (g) | |
| A7 | Одмрзнувањепица (g) | |
| A8 | Месо (g) |
9. Заклучување заради деца
Оваа функција употребете ја за да малите деца не би ја употребувале рерната без надзор.
Индикаторот за заклучување заради деца ќе се прикаже на екранот, а рерната не е можно да се програмира, односно вклучи, додека е функцијата активирана.
За заклучување заради деца: Кога печката е во состојба на подготвеност, притиснете го тастерот START/STOP/CANCEL (СТАРТ / СТОП / ПОНИШТУВАЊЕ)
и држете го 5 секунди. Ќе се огласи звучен сигнал, а на покажувачот ќе се појави индикатор за заклучување.
За поништување на заклучувањето заради деца: Притиснете го тастерот START/STOP/CANCEL (СТАРТ / СТОП / ПОНИШТУВАЊЕ)
и држете го 5 секунди, односно додека индикаторот за заклучување не угасне на покажувачот.
10. Функција за претходно поставување
Грижа за микробрановата печка - нега и одржување
- Пред чистењето, исклучете ја печката и извадете го кабелот од штекерот.
- Внатрешноста на печката треба секогаш да биде чиста. Кога остатоци од храна, течност што прска или истурена течност ќе се засушат на ѕидовите на печката, само пребришете ги со влажна крпа. Користењето на груби детергенти или абразивни средства за чистење не се препорачува.
- Надворешната површина на печката исчистете ја со влажна крпа. За да го спречите оштетувањето на деловите во внатрешноста на печката, внимавајте да не истурите вода во отворите за вентилација.
- Не дозволувајте контролната табла да се намокри. Исчистете ја со мека и влажна крпа. За чистење на контролната табла не употребувајте детергенти, груби (абразивни) средства или средства за чистење во спреј.
- Ако во внатрешноста или околу надворешната обвивка на куќиштето се насобере пареа, избришете ја со мека крпа. Ова се случува кога микробрановата печка ја употребувате во многу влажни простории и во никој случај не укажува на грешка во работењето на печката.
- Понекогаш е потребно да ја отстраните и стаклената основа и да ја исчистите. Стаклената основа измијте ја во топла вода со малку детергент или, пак, во машина за миење садови.
- Лежечкиот обрач, како и дното (долната површина) на внатрешноста на печката треба редовно да се чистат, бидејќи, додека работи печката, може да создава бучава. Едноставно пребришете го дното на внатрешноста на печката со благ детергент, вода или со средство за чистење стакло и исушете го. Лежечкиот обрач можете да го измиете во топла вода со малку детергент или во машина за миење садови. По подолга употреба, на тркалата на лежечкиот обрач може да се наталожат остатоци од испарувањето на храната, сепак, тоа не влијае врз неговата работа. Кога го отстранувате лежечкиот обрач од жлебот на дното на комората (во внатрешноста на печката), внимавајте повторно да го наместите правилно.
- Можниот непријатен мирис од печката ќе го отстраните на тој начин што во длабок сад за подготовка на храна во микробранова печка ќе налеете една шолја вода, а во водата ќе ставите кора од еден лимон. Потоа садот оставете го во микробрановата печка пет минути. На крај, темелно исушете ја внатрешноста на печката и избришете ја со мека крпа.
- Ако треба да ја замените светилката во печката, ве молиме, да се обратите кај продавачот.
ЖИВОТНА СРЕДИНА
Не го фрлајте апаратот во нормален домашен отпад, туку во официјална колекција наменета за рециклирање. Со ова, вие помагате да се зачува животната средина.
ГАРАНЦИЈА И СЕРВИС
Ако ви требаат информации, или ако имате проблем, ве молиме контактирајте го Gorenje центарот за грижа на корисници во вашата земја (види телефонски број во меѓународната гаранција). Ако вашата земја нема таков центар, контактирајте го вашиот локален дилер или Gorenje, Gorenje делот за мали апарати за домаќинство.
Не е за комерцијална употреба!
Корисни совети како и дополнителни упатства за печење со микробранови и грил можете да најдете на нашата веб страна:
http://microwave.gorenje.com
Го задржуваме правото на промени!
ГОЛЕМО УЖИВАЊЕ ПРИ КОРИСТЕЊЕТО НА МИКРОБРАНОВАТА ПЕЧКА ВИ ПОСАКУВА
gorenje
Максималното време за избор е 95 минути.
| Ниво на мощност | Дисплей |
| 100% | P100 1-S |
| 80% | P-80 1-S |
| 60% | P-60 1-S |
| 40% | P-40 1-S |
Само за лична употреба!