BM201AG1X - микробранова печка GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот BM201AG1X GORENJE во PDF формат.
| Тип на производ | Микробранова печка за на маса |
| Марка | Gorenje |
| Модел | BM201AG1X |
| Капацитет | 20 литри |
| Излезна моќност | 800 Вати |
| Нивоа на моќност | 10 Нивоа |
| Дисплеј | LED дигитален дисплеј |
| Тип на контрола | Контрола на допир |
| Функција за одмрзнување | Да, по тежина |
| Програми за автоматско готвење | 8 претходно поставени програми |
| Функција часовник | Да, 12/24 часа |
| Заклучување за деца | Да |
| Вртежна плоча | Да, стаклена вртежна плоча |
| Внатрешно осветлување | Да |
| Отворање на врата | Предно, копче за притискање |
| Димензии (Ш x Д x В) | 45 x 35 x 26 cm |
| Нето тежина | 11.5 kg |
| Напојување | 230 V, 50 Hz |
| Потрошувачка на енергија | 1200 W |
| Инструкции за чистење | Избришете со влажна крпа; не користете абразивни средства за чистење |
| Безбедносни карактеристики | Блокада на врата, Заштита од прегревање |
| Достапност на резервни делови | Контактирајте го сервисот на Gorenje |
| Гаранција | 2 Години |
Често поставувани прашања - BM201AG1X GORENJE
Прашања на корисниците за BM201AG1X GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот микробранова печка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник BM201AG1X - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. BM201AG1X на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК BM201AG1X GORENJE
Упатства за употреба / Микробранова печка (МК)...... 162
ПОЧИТУВАН КУПУВАЧУ,
Ви благодариме што го купивте овој производ. Убедени сме дека веднаш ќе откриете дека можете да имате доверба во нашите производи. Со цел полесно да го користите овој апарат, во прилог ви го доставуваме ова детално упатство за употреба.
Упатството ќе ви помогне да се запознаете со вашиот нов апарат. Прочитајте го внимателно пред да го употребите апаратот за прв пат.
Во секој случај, осигурете се дека апаратот ви е доставен без оштетувања. Доколку забележите оштетување до кое дошло при превозот на апаратот, контактирајте го продавачот или подрачниот магацин од каде што ви бил доставен производот. Телефонскиот број се наоѓа на фискалната сметка или на испратницата.

Ви посакуваме пријатно искуство со вашиот нов апарат за домаќинство. Апаратот е наменет за употреба во домаќинството за загревање храна и пијалаци, само во затворен простор.
Внимателно прочитајте го упатството и зачувајте го за понатамошна употреба.
Ова упатство е наменето за корисникот. Истото го опишува апаратот и како да се користи. Тоа, исто така, важи за различни видови апарати, па затоа е можно да сретнете описи или функции кои не важат за вашиот апарат.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ СО ЦЕЛ ДА ИЗБЕГНЕТЕ МОЖНО ИЗЛОЖУВАЊЕ НА ПРЕКУМЕРНА МИКРОБРАНОВА ЕНЕРГИЈА
- Не обидувајте се да ракувате со печката со отворена врата, зашто тоа може да резултира со изложување на штетна микробранова енергија. Не смеете да ги скршите или да ги чепкате безбедносните механизми за заклучување.
- Не ставајте предмети помеѓу предницата на печката и вратата и не дозволувајте да се насобира нечистотија или остатоци од средства за чистење на површините каде што треба да дихтува.
- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доколку вратата или дихтунзите на вратата се оштетени, не смеете да ја вклучувате печката сè додека не ја поправи стручно лице.
ДОДАТОК
Доколку апаратот не се одржува во чиста состојба, површината може побрзо да деградира, а тоа да влијае врз животниот век на апаратот и да создаде опасност.
За да го намалите ризикот од пожар, струен удар, повреда на лица или изложеност на прекумерна микробранова енергија од печката при користење на вашиот апарат, следете ги основните мерки на претпазливост, вклучително и следново:
- Прочитајте го и следете го следново: „ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ СО ЦЕЛ ДА ИЗБЕГНЕТЕ МОЖНО ИЗЛОЖУВАЊЕ НА ПРЕКУМЕРНА МИКРОБРАНОВА ЕНЕРГИЈА“.
- Овој апарат може да го користат деца на возраст од 8 години и постари и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или недостаток на искуство и знаење, доколку се под надзор или им е дадено упатство за употреба на апаратот на безбеден начин и се запознаени со опасностите. Децата не смеат да си играат со апаратот. Чистењето и одржувањето не смеат да го прават деца без надзор.
- Чувајте ги апаратот и кабелот подалеку од дофат на деца помали од 8 години.
- Ако кабелот за напојување е оштетен, тој мора да биде заменет од производителот, овластениот сервисер или лица со слични квалификации, за да се избегне опасност.
- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Пред да ја замените ламбата, проверете дали апаратот е исклучен, за да избегнете можност од струен удар.
- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Опасно е било кој друг, освен стручното лице, да врши било какво сервисирање или поправка што вклучува отстранување на капакот кој штити од изложеност на микробранова енергија од печката.
- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Течностите и другите продукти не смеат да се загреваат во затворени садови, бидејќи може да експлодираат.
- Кога загревате храна во пластични или хартиени садови, внимавајте на печката поради можноста тие да се запалат.
- Користете исклучиво прибор што е погоден за употреба во микробранови печки.
- Ако апаратот испушта чад, исклучете го и држете ја вратата затворена за да го задушите пламенот.
- Загревањето на пијалаци во микробрановата печка може да резултира со одложено еруптивно вриење, затоа мора да се внимава при ракување со садот.
- Содржината на шишињата за хранење и теглите со храна за бебиња треба да се промеша или протресе и да се провери температурата пред да се консумира, со цел да се избегнат изгореници.
- Јајцата во лушпа и цели тврдо варени јајца не треба да се загреваат во микробранови печки, бидејќи може да експлодираат, дури и по завршувањето на загревањето во печката.
- Печката треба редовно да се чисти и да се отстрануваат сите наслаги од храна.
- Неодржувањето на печката во чиста состојба може да доведе до деградирање на површината што може негативно да влијае на животниот век на апаратот и може да создаде опасност.
- Користете ја само температурната сонда препорачана за оваа печка. (за печки кои имаат можност за користење на температурна сонда.)
- Со микробрановите печки со декоративна врата мора да се ракува со отворена декоративна врата.
- Овој апарат е наменет за употреба во домаќинства и за слични намени, како што се:
- кујнски простории за вработени во продавници, канцеларии и други работни средини;
- во хотели, мотели и други станбени простории;
- викендички;
- нокевалишта кои служат појадок.
- Микробрановата печка е наменета за загревање храна и пијалаци. Сушењето на храна или облека и загревањето на перничиња за затоплување, влечки, сунѓери, влажни крпи и слично може да доведе до ризик од повреда, палење или пожар.
- Не смеат да се користат метални садови за храна и пијалаци во микробрановата печка.
- Апаратот не треба да се чисти со чистач на пареа.
- Апаратот не смее да се вградува зад декоративна врата, за да се избегне прегревање. (Ова не се однесува на апарати со декоративна врата.)
- Микробрановата печка е наменета за вградување.
- Треба да се внимава да не се помести вртливата плоча при вадењето садови од апаратот. (За фиксни апарати и вградени апарати што се користат на ниво од 900 mm над подот или повисоко и кои имаат монтажни вртливи плочи. Но, ова не се однесува на апарати со хоризонтална долна врата со шарки.)
- Не смее да се користи чистач на пареа.
- Површината на фиоката за складирање може да се вжешти.
- Не користете груби абразивни средства за чистење или остри сунѓери со жица за чистење на стаклото од вратата на печката, бидејќи може да ја изгребат површината, а тоа да резултира со кршење на стаклото.
- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Апаратот и неговите достапни делови се вжештуваат за време на употребата. Треба да се внимава и да се избегнува допирање на грејните елементи. Чувајте ги децата помали од 8 години настрана, освен доколку не ги надгледувате постојано.
- За време на употребата, апаратот се вжештува. Треба да се внимава и да не се допираат грејните елементи во внатрешноста.
- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Достапните делови може да се вжештат за време на употребата. Држете ги малите деца настрана.
- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Кога апаратот работи во комбиниран режим, децата треба да ја користат печката исклучиво под надзор на возрасно лице, поради високите температури.
Прочитајте го упатството внимателно и зачувајте го за идна употреба
НАМАЛУВАЊЕ НА РИЗИКОТ ОД ПОВРЕДА НА ЛИЦА
ИНСТАЛАЦИЈА ЗА ЗАЗЕМЈУВАЊЕ
ОПАСНОСТ
Опасност од струен удар
Допирањето на некои од внатрешните компоненти може да предизвика сериозни повреди или смрт. Не
расклопувајте го овој апарат.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од струен удар
Неправилното користење на заземјувањето може да резултира со струен удар. Не приклучувајте го во штекер сè додека апаратот не биде правилно вграден и заземјен.
Овој апарат мора да биде заземјен. Во случај на краток спој, заземјувањето го намалува ризикот од струен удар со тоа што струјата излегува од кабелот за заземјување.
Овој апарат е опремен со кабел кој има жица за заземјување со приклучок за заземјување. Приклучокот мора да биде вклучен во штекер кој е правилно вграден и заземјен.
Консултирајте се со квалификуван електричар или сервисер ако не ги разбирате целосно упатствата за заземјување или ако се сомневате дали апаратот е правилно заземјен.
Доколку е потребно да користите продолжен кабел, користете само 3-жичен продолжен кабел.
- Обезбеден е краток кабел за напојување, за да се намалат ризиците од заплеткување или сопнување од подолг кабел.
- Ако се користи долг кабел или продолжен кабел:
1) Означениот електричен рејтинг на кабелот или на продолжниот кабел треба да биде во најмала рака еднаков како оној на апаратот.
2) Продолжниот кабел мора да биде 3-жичен кабел со заземјување.
3) Долгиот кабел треба да биде наместен така што нема да виси над дрвената плотна или работната маса, каде што може да го повлечат деца или некој ненамерно да се сопне.
ЧИСТЕЊЕ
Исклучете го апаратот од струја.
- По употребата, исчистете го отворот на печката со влажна крпа.
- Исчистете ги додатоците на вообичаен начин - со сапуница.
- Ако се валкани, рамката и дихтунгот на вратата и соседните делови мора да се чистат внимателно со влажна крпа.
- Не користете груби абразивни средства за чистење или остри сунгери со жица за чистење на стаклото од вратата на печката, бидејќи може да ја изгребат површината, а тоа да резултира со кршење на стаклото.
- Совет за чистење: За полесно чистење на ѕидовите на отворот кои може да ги допре готвената храна, ставете половина лимон во длабока чинија, додадете 300 ml вода и загревајте 10 минути на 100% моќност на микробрановата печка. Избришете ја внатрешноста со мека и сува крпа.
ПРИБОР ЗА ЈАДЕЊЕ
ВНИМАНИЕ
Опасност од повреда
Опасно е било кој друг, освен стручното лице, да врши какво било сервисирање или поправка што вклучува отстранување на капакот кој штити од изложеност на микробранова енергија од печката.
Погледнете ги упатствата за „Материјали што можете да ги користите во микробрановата печка или кои не треба да ги користите во микробрановата печка“. Може да има одредени неметални прибори коишто не е безбедно да се користат во микробрановата печка. Доколку се сомневате, можете да го тестирате предметниот прибор следејќи ја постапката подолу.
Тест за прибор:
- Наполнете сад кој е безбеден за користење во микробранова печка со 1 чаша ладна вода (250 ml) и ставете ја заедно со предметниот прибор/сад. Гответе 1 минута на максимална моќност.
- Внимателно допрете го приборот/садот. Ако празниот прибор/сад е топол, не користете го за готвење во микробрановата печка.
- Не надминувајте 1 минута време на готвење.
Материјали кои може да ги користите во микробрановата печка
| Прибор за јадење Забелешка | |
| Тава за пржење за во микробранова печка | Следете ги упатствата на производителот. Дното на тавата мора да биде најмалку 5 мм над вртливата плоча. Доколку апаратот се користи неправилно, можно е вртливата плоча да се скрши. |
| Сервис за јадење | Само оние безбедни за во микробранова печка. Следете ги упатствата на производителот. Не користете пукнати садови. |
| Стаклени тегли Секогаш отстранувајте го капакот. Користете ги само за подгревање на храната. Повеќето стаклени тегли не се отпорни на топлина и може да се скршат. | |
| Стаклени садови Исклучиво само огноотпорни стаклени садови. Не смеат да имаат метални рабови. Не користете пукнати садови. | |
| Вреќички за готвење во rerна | Следете ги упатствата на производителот. Не затворајте ги со метални врвки. Исечете отвори за пареата да може да излегува. |
| Хартиени чинии и чаши | Користете ги само за краткотрајно загревање/готвење. Не оставајте ја печката без надзор додека готвите. |
| Хартиени бришачи | Користете ги за да ја покриете храната за подгревање и за впивање на маснотиите. Постојано надгледувајте ја печката и користете ги само за краткотрајно готвење. |
| Хартија за печење Користете ја како покривка за да спречите прскање и за готвење со пареа. | |
| Пластика | Единствено пластика која е безбедна за во микробранова печка. Следете ги упатствата на производителот. Треба да бидат обележани со „Безбедно за во микробранова печка“. Некои пластични садови омекнуваат како што се загрева храната во нив. Вреќичките за вриење и цврсто затворените пластични вреќички треба да се засечат, продупчат или на друг начин да се направат отвори како што е напишано на пакувањето. |
| Пластична фолија Само фолија која е безбедна за во микробранова печка. Користете ја за да ја покриете храната додека се готви, за да ја задржи сочноста. Не дозволувајте пластичната фолија да ја допира храната. | |
| Термометри Само термометри кои се безбедни за во микробранова печка (месни и кондиторски термометри). | |
| Восочна хартија за печење | Користете ја како покривка за да спречите прскање и за да се задржи сочноста. |
Материјали што не треба да ги користите во микробрановата печка
| Прибор за јадење Забелешка | |
| Алуминиумски послужавник | Може да предизвика искрење. Префрлете ја храната во сад кој е безбеден за во микробранова печка. |
| Сад за храна со метална рачка | Може да предизвика искрење. Префрлете ја храната во сад кој е безбеден за во микробранова печка. |
| Метален прибор или прибор со метални рабови | Металот не дозволува микробрановата енергија да стигне до храната. Металните рабови може да предизвикаат искрење |
| Метални врвки Може да предизвика искрење и пожар во печката. | |
| Хартиени вреќички | Може да предизвика пожар во печката. |
| Стиропор Стиропорот може да се стопи или да ја загади течноста во садот кога ље се изложи на висока температура. | |
| Дрво Дрвото се суши ако се користи во микробрановата печка и може да се распука. | |
Извадете ја печката и сите материјали од картонската кутија и од отворот на печката.
Вашата печка доаѓа со следниве додатоци:
Стаклена плоча
Прстен за вртливата плоча
Упатство за користење
Оска на вртливата плоча

Решетка за скара (не може да се користи во режимот на микробрановата печка и мора да се постави на стаклената плоча)

| A) Контролна табла D) Врата | |
| B) Оска на вртливата плоча E) Систем за безбедносно заклучување | |
| C) Прозорец F) Отвор на печката | |
ВГРАДУВАЊЕ НА ВРТЛИВАТА ПЛОЧА
Чистење на отворот за готвење и поставување на вртливата плоча. При вградувањето за прв пат, осигурете се дека целата амбалажа и самолепливите ленти се отстранети од оската на вртливата плоча. Пред да го користите апаратот за готвење храна за прв пат, треба правилно да ја поставите вртливата плоча. Мора да го исчистите отворот за готвење и додатоците.

Како да ја наместите вртливата плоча:
- Поставете го прстенот на вртливата плоча ③ во вдлабнатината во отворот за готвење.
- Поставете ја стаклената плоча ① врз прстенот ③. Наместете ги истакнатите заоблени линии во центарот на дното на стаклената плоча помеѓу трите краци на оската. Стаклената плоча ① мора правилно да налегнува врз оската ② во средината на дното на отворот за готвење. Тркалцата на оската треба да влезат во браздите на дното на вртливата плоча.

- Никогаш не користете го апаратот без вртливата плоча. Проверете дали е правилно вклучена. Вртливата плоча може да се врти во насока на стрелките на часовникот или во спротивна насока.
- Никогаш не ставајте ја стаклената плоча наопаку. Движењето на стаклената плоча никогаш не треба да се ограничува.
- За време на готвењето, секогаш мора да се користат и стаклената плоча и прстенот на стаклената плоча.
- Целата храна и садовите со храна секогаш се ставаат на стаклената плоча за готвење.
- Никогаш не ограничувајте го движењето на стаклената плоча.
- Ако пукнат или се скршат стаклената плоча или прстенот на стаклената плоча, контактирајте го најблискиот овластен сервисен центар.

| Микробранова/ Скара/ Комбинирано | |
| Тежина/ Време на одмрзнување | |
| Кујнски тајмер/ часовник | |
| Стоп/ избриши | |
| Започни/ +30 сек/ потврди | |
| Автоматско мени | |
| Тајмер | |
| Тежина |
Упатство за работа
1. Дотерување на часовникот
Кога микробрановата печка ќе се приклучи на струја, на екранот се прикажува „0:00“ и сигналот се огласува еднаш.
1) Притиснете на копчето „Кујнски тајмер/часовник“ за да ја одберете функцијата часовник. Почнуваат да трепкаат бројките за часовите. 2) Дотерајте ги бројките за часовите со вртење на копчето „“; може да се внесат бројки од 0 до 23 за часовите. 3) Притиснете на копчето „Кујнски тајмер/часовник“; почнуваат да трепкаат бројките за минутите. 4) Дотерајте ги бројките за минутите со вртење на копчето „“; може да се внесат бројки од 0 до 59 за минутите. 5) Притиснете на копчето „Кујнски тајмер/часовник“ за да го завршите дотерувањето на часовникот. Двете точки „:“ започнуваат да трепкаат, а времето е осветлено.
Белешка:
1) Доколку часовникот не се дотера, нема да работи кога апаратот ќе се приклучи на струја. 2) Доколку не притиснете на копчето „Кујнски тајмер/часовник“ во текот на процесот на дотерување на часовникот, печката автоматски ќе се врати на претходниот статус во рок од 1 минута.
2. Готвење со микробранова печка
Притиснете го копчето „Микробранова / Скара / Комбинирано“ ("Microwave/Grill/Combi.") еднаш. На екранот се прикажува „800W“. Притискајте го копчето „Микробранова / Скара / Комбинирано“ повеќе пати или вртете го копчето „“ за да ја изберете саканата јачина - „800W“, „640W“, „400W“, „240W“, „80W“, „G“, „C-1“ или „C-2“. Потоа притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ ("Start/+30Sec./Confirm") за да го потврдите изворот и притиснете на „“ за да го дотерате времето на готвење од 0:05 до 95:00 минути. Притиснете на „Старт / +30Сек. / Потврди“ повторно, за готвењето да почне.
Пример: Ако сакате да готвите 20 минути на 80% од јачината на микробрановата печка, следете ги долните чекори:
1) Притиснете го копчето „Микробранова / Скара / Комбинирано“ еднаш. На екранот се прикажува „800W“. 2) Притиснете го копчето „Микробранова / Скара / Комбинирано“ уште еднаш или вртете го копчето за да одберете јачина на микробрановата печка од 80%. 3) Притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ за да го потврдите изворот; на екранот се прикажува „640W“. 4) Вртете го копчето за да го зададете времето на готвење се додека на печката не се прикаже „20:00“. 5) Притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ за готвењето да почне.
Белешка: постепеното зголемување на времето на готвење е како што следува:
- Готвење со скара или комбинирано
Притиснете го копчето „Микробранова / Скара / Комбинирано“ еднаш. На екранот се прикажува „800W“. Притискајте го копчето „Микробранова / Скара / Комбинирано“ повеќе пати или вртете го копчето
за да ја изберете саканата јачина. Со секое притиснување, на екранот се прикажува едно од следните - „800W“, „640W“, „400W“, „240W“, „80W“, „G“, „C-1“ или „C-2“. Потоа притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ за да го потврдите изборот и притиснете на копчето за да го дотерате времето на готвење од 0:05 до 95:00 минути. Притиснете на „Старт / +30Сек. / Потврди“ повторно, за готвењето да почне.
Пример: Ако сакате да готвите 10 минути на 55% од јачината на микробрановата печка и 45% од јачината на скарата (C-1), следете ги долните чекори:
1) Притиснете го копчето „Микробранова / Скара / Комбинирано“ еднаш. На екранот се прикажува „800W“. 2) Притискајте го копчето „Микробранова / Скара / Комбинирано“ неколку пати или вртете го копчето за да го одберете режимот Комби.1. 3) Притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ за да го потврдите изворот; на екранот се прикажува „С-1“. 4) Вртете го копчето за да го зададете времето на готвење се додека на печката не се прикаже „10:00“. 5) Притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ за готвењето да почне.
Белешка: Кога ќе помине половина од времето за готвење на скара, од печката се огласува сигнал два пати, што е нормално. За да постигнете подобри резултати при готвењето храна на скара, треба да ја превртите храната, да ја затворите вратата и потоа да притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ за да продолжите со готвење. Доколку не сторите ништо, печката ќе продолжи со готвењето.
- Одмрзнување според зададеното време
1) Притиснете два пати на копчето „Одмрзнување по тежина/време“ ("Weight/Time Defrost") и на печката ќе се прикаже символот „dEF2“. 2) Притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ за да го потврдите изворот. 3) Вртете го копчето за да го зададете времето на готвење од 00:05 до 95:00 минути. 4) Притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ за готвењето да почне.
- Одмрзнување според тежината
1) Притиснете еднаш на копчето „Одмрзнување по тежина/време“ и на печката ќе се прикаже симболот „dEF1“. 2) Притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ за да го потврдите изборот. 3) Притискајте го копчето „Одмрзнување по тежина/време“ неколку пати или вртете го копчето за да одберете една од можностите на менито за одмрзнување; на екранот редоследно се прикажуваат следните симболи: „d01“, „d02“, „d03“, „d04“. 4) Притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ за да го потврдите изборот. 5) Одберете ја тежината на храната со вртење на копчето. 6) Притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ за одмрзнувањето да почне.
| Мени | d01 d02 d03Замрзнат леб Замрзнато месо | Замрзнат зеленчук | d01Замрзната пица | ||
| Тежина | 100g-600g | 100g-2000g | 100g-1 | 000g 100g-600g | |
- Кујнски тајмер
1) Притиснете еднаш на копчето „Кујнски тајмер/часовник“ ("Kitchen Timer/Clock") и на печката ќе се прикаже 00:00. 2) Наместете го точното време со вртење на копчето (Максималното време на готвење е 95 минути). 3) Притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ за да го потврдите изборот. 4) Кога ќе истече зададеното време на готвење, сигналот се огласува 5 пати. Ако часовникот е дотеран (24-часовен систем), на екранот се прикажува точното време.
Белешка:
Додека е вклучен тајмерот, не може да се зададе ниту една програма.
- Брз почеток
1) Додека апаратот е во стендбај, притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ за да почнете да готвите 30 секунди со 100% моќност; со секое натамошно притискање на копчето, се додаваат 30 секунди на времето на готвење, сè до максималното можно време на готвење од 95 минути. 2) Додека апаратот е во стендбај, одберете го саканото време на готвење со 100% моќност со
- Функција на проверка
- Готвење во повеќе делови од печката
вртење на копчето, а потоа притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ за готвењето да почне.
Белешка: При готвењето со микробранова печка, со скара или при комбинирано готвење, во фазата на одмрзнување според зададеното време или во фаза со повеќекратни дејствија, времето на готвење може да се продолжи за 30 секунди со секое притискање на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“.
1) Во текот на готвење со микробранова печка, со скара или во текот на комбинирано готвење, може да притиснете на копчето „Микробранова/Скара/Комбинирано“ за на екранот да остане прикажана моќноста во текот на 3 секунди. По 3 секунди, печката ќе се врати во претходниот режим. 2) Во текот на готвењето, притиснете на копчето „Кујнски тајмер/часовник“ за да го проверите времето; времето се прикажува на екранот во текот на 3 секунди.
Во печката може да се готви најмногу во два дела. При готвењето во повеќе делови од печката, доколку во еден дел се одмрзнува нешто, продуктот што се одмрзнува се става во првиот дел. Во текот на оваа функција, не е можно користење на функциите „Кујнски тајмер“ и „Авто Мени“ (“Auto Menu”). Со секое притискање на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“, времето на готвење се продолжува за 30 секунди (освен при одмрзнувањето според тежината). Пример: Доколку сакате да одмрзнувате храна 5 минути, а потоа да ја зготвите со 80% моќност на печката во текот на 7 минути, следете ги долните чекори:
1) Притиснете два пати на копчето „Одмрзнување по тежина/време“; на печката се прикажува симболот „dEF2“. 2) Притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ за да го потврдите изборот. 3) Вртете го копчето „“ за да го зададете времето на одмрзнување сè додека на печката не се прикаже „5:00“. 4) Притиснете го копчето „Микробранова / Скара / Комбинирано“ еднаш. На екранот се прикажува „800W“. 5) Притиснете го копчето „Микробранова / Скара / Комбинирано“ уште еднаш или Вртете го копчето „“
- Функција на заклучување заради деца
- ЕКО функција
- Режим на тивка работа
за да одберете моќност на микробрановата печка од 80%.
6) Притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ за да го потврдите изборот; на екранот се прикажува „640W“. 7) Вртете го копчето „“ за да го одредите времето на готвење сè додека на печката не се прикаже „7:00“. 8) Притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ за да го потврдите изборот и готвењето да почне; сигналот се огласува еднаш за првиот дел и времето на одмрзнување почнува да тече. Кога ќе почне готвењето, сигналот се огласува уште еднаш. Кога готвењето ќе заврши, сигналот се огласува пет пати.
Заклучување: Во стенд бај режим, притиснете на копчето „Стоп/Избриши“ ("Stop/Clear") и држете го притиснато 3 секунди; се слуша долг сигнал кој означува дека апаратот влегува во состојба на заклученост заради безбедност на деца. На ЛЕД екранот се прикажува состојбата на заклученост или тековното време.
Отклучување: додека апаратот е во состојба на заклученост, притиснете на копчето „Стоп/Избриши“ и држете го притиснато 3 секунди; се огласува долг сигнал кој означува дека апаратот е отклучен.
За да влезете во режимот ЕКО:
Додека апаратот е во стенд бај режим, притиснете на копчето „Стоп/Избриши“ за да влезете во режимот ЕКО.
Екранот се гасне.
За да излезете од режимот ЕКО:
Додека апаратот е во режим ЕКО, притиснете на било кое копче или завртете го копчето со симболот „за да излезете од режимот ЕКО.
Додека апаратот е во стендбај режим, притиснете на копчето „Кујнски тајмер/часовник“ и држете го притиснато 3 секунди. Се огласува долг сигнал и печката влегува во режим на тивка работа. Кога ги притискате копчињата, не се слуша никаков звук.
За да го исклучите режимот на тивка работа:
Додека апаратот е во режим на тивка работа, притиснете на копчето „Кујнски тајмер/часовник“ и држете го притиснато 3 секунди. Се огласува
долг сигнал и печката излегува од режимот на тивка работа.
За да влезете во режимот Акваклин ("Aquaclean"): Додека апаратот е во режим на тивка работа, притиснете на копчето „Микробранова / Скара / Комбинирано“ и држете го притиснато 3 секунди. Се огласува долг сигнал и печката влегува во режимот Акваклин.
Ставете 200 ml вода во печката и притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ за да го потврдите изборот и да се активира функцијата Акваклин при јачина од 800W во текот на 5 минути, при што јачината и времето не може да се менуваат.
1) Завртете го копчето „„ за да го одберете менито; на екранот се прикажуваат симболите од „A1“ до „A15“. 2) Притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ за да го потврдите изборот. 3) Одберете ја стандардната тежина според вредностите во табелата на менито со вртење на копчето „ 4) Притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ за да го потврдите изборот и готвењето да почне. Пример: Доколку сакате да ја користите функцијата „Авто мени“ за да готвите риба со тежина од 350 g 1) Вртете го копчето „во насока на стрелките на часовникот, се додека на екранот не се појави „A11". 2) Притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ за да го потврдите изборот. 3) Вртете го копчето „"за да ја одберете соодветната тежина на рибата, се додека на екранот не се појави „350“. 4) Притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ за да го потврдите изборот и готвењето да почне.
| Мени | Тежина | Екран |
| А-1 | 200 g | 200g |
| Пица | 400 g | 400g |
| А-2 | 200 g | 200 g |
| Подгревање | 400 g | 400 g |
| јадење | 600 g | 600 g |
| А-3 | 100 g | 100 g |
| Топењечоколадо | 150 g | 150 g |
| 200 g | 200 g | |
| A-4Топењепутер | 100 g | 100 g |
| 150 g | 150 g | |
| 200 g | 200 g | |
| A-5Месо(говедско) | 250 g | 250 g |
| 350 g | 350 g | |
| 450 g | 450 g | |
| A-6Месо(свинско) | 250 g | 250 g |
| 350 g | 350 g | |
| 450 g | 450 g | |
| A-7Месо(пилешко) | 250 g | 250 g |
| 350 g | 350 g | |
| 450 g | 450 g | |
| A-8Зеленчук | 200 g | 200 g |
| 300 g | 300 g | |
| 400 g | 400 g | |
| A-9Тестенини | 50 g (со 450 gстудена вода) | 50 g |
| 100 g (со 800 gстудена вода) | 100 g | |
| A-10Компири | 200 g | 200 g |
| 400 g | 400 g | |
| 600 g | 600 g | |
| A-11Риба | 250 g | 250 g |
| 350 g | 350 g | |
| 450 g | 450 g | |
| A-12Подгревањесупа | 200 g | 200 g |
| 400 g | 400 g | |
| 600 g | 600 g | |
| A-13Пуканки | 100 g | 100 g |
| A-14Пилешкимедаљони | 200 g | 200 g |
| 400 g | 400 g | |
| 600 g | 600 g | |
| A-15Меленомесо | 4 | 4 |
Упатство за инсталација
Инсталација и поврзување
- Овој апарат е наменет исклучиво за употреба во домаќинството.
- Овој апарат е наменет исклучиво за вградување. Не е наменет за употреба врз или во кујнски елемент.
- Ве молиме придржувајте се до посебното упатство за инсталација
- Апаратот може да се инсталира во слободен елемент со широчина од 60 см.
- Апаратот е опремен со приклучен кабел и смее да се приклучува единствено на прописно инсталиран и заземјен штекер.
- Напонот на мрежата мора да соодветствува со напонот на плочката со спецификации.
- Штекерот смее да го инсталира и приклучниот кабел смее да го замени исклучиво квалификуван електричар. Доколку штекерот не е достапен по инсталацијата, на страната на инсталацијата мора да има уред за исклучување на сите фази, со растојание меѓу контактите од најмалку 3 mm.
- Не смее да се користат адаптери, повеќекратни штекери и продолжни кабли. Преоптоварувањето може да доведе до ризик од пожар.
Во текот на работењето на апаратот, достапните површини може да се вжештат.

Ве молиме внимателно прочитајте го упатството пред инсталацијата.
Важно: приклучување на струја
Печката е опремена со приклучен кабел и смее да се приклучи единствено во прописно инсталиран и заземјен штекер. Во согласност со соодветната регулатива, штекерот смее да го инсталира и приклучниот кабел смее да го замени исклучиво квалификуван електричар.
Доколку штекерот не е достапен по инсталацијата, на страната на инсталацијата мора да има уред за исклучување на сите фази, со растојание меѓу контактите од најмалку 3 mm.

Завртка А

Завртка Б

Монтажна плочка
Пластично декоративно куќиште

Вграденото куќиште нема задна страна зад апаратот.
Минималната висина на инсталација е 85 cm.
Не прекривајте ги отворите за вентилација и за довод на воздух.


Белешка:
Шемите за рамката и долниот елемент се неопходни при двете инсталации.
Подгответе го елементот
- Прочитајте го упатството во ШЕМАТА ЗА ДОЛНИОТ ЕЛЕМЕНТ и ставете ја шемата на долната страна на елементот.

- Ставете ги ознаките на долната страна на елементот според ознаката „а“ на шемата.

- Тргнете ја шемата на долниот елемент и прицврстете ја монтажната плочка со завртката А.

Инсталирајте ја печката

ГОРЕН ДОВОД НА ВОЗДУХ
- Прицврстете ја ЗАВРТКАТА А на ГОРНИОТ ДОВОД НА ВОЗДУХ и потоа инсталирајте ја печката во елементот.
- Наместете ја ЗАВРТКАТА А така што да има растојание од 1 mm помеѓу ЗАВРТКАТАТА А и горната страна на елементот.
- Струјниот кабел не смее да биде заглавен или превиткан.
- Печката мора да се инсталира во средината на елементот.

- Отворете ја вратата; прицврстете ја печката за елементот со ЗАВРТКАТА В во ОТВОРОТ ЗА ИНСТАЛАЦИЈА НА ДЕКОРАТИВНАТА ВРАТА. Потоа, прицврстете ја ДЕКОРАТИВНАТА ВРАТА за ОТВОРОТ ЗА ИНСТАЛАЦИЈА.
Модел: BM201AG1X
Номинален напон: 230 V\~ 50 Hz
Номинална влезна мокност (микробранова): ......1.250 W
Номинална излезна моїност (микробранова): 800 W
| Нормални појави | |
| Микробрановата печка создава пречки при приемот на ТВ сигналот | Приемот на радио и ТВ сигналот може да биде попречен при работење на микробрановата печка. Тие пречки се слични како и пречките што ги предизвикуваат малите електрични апарати, како миксер, правосмукалка и фен за коса. Тоа е нормална појава. |
| Намалено осветлување во печката | При готвење со микробрановата печка на мала јачина, осветлувањето во печката може да се намали. Тоа е нормална појава. |
| Стаклото од вратата се замаглува од пареа; од вентилите излегува врел воздух | Во текот на готвењето, храната може да испушта пареа. Најголем дел од пареата излегува преку вентилите, но дел од неа може да се нафати на студени делови, како што е стаклото на вратата од печката. Тоа е нормална појава. |
| Печката е случајно включена без храна во неа | Забрането е печката да се вклучува без храна во неа. Тоа е многу опасно. |
| Проблем | Можна причина | Решение |
| Печката не почнува да работи | (1) Струјниот кабел не е ставен до крај во штекерот | Извлечете го од штекерот и повторно приключете го по 10 секунди. |
| (2) Прегорел осигурувачот или се активирал прекинувачот на колото | Заменете го осигурувачот или ресетирајте го прекинувачот на колото (оваа поправка ја вршат професионалци на нашето друштво) | |
| (3) Проблем со штекерот | Испробајте го штекерот со други електрични апарати | |
| Печката не загрева | (4) Вратата не е затворена до крај | Затворете ја вратата до крај |

Според Директивата за отпад од електрична и електронска опрема (WEEE), отпадот од електрична и електронска опрема треба да се собира и да се третира посебно. Доколку кога и да е во иднина треба да го исфрлите овој производ, ве молиме НЕ исфрлајте го заедно со отпадот од дома Kinството. Ве молиме доставете го производот до собирни пунктови за електрична и електронска опрема, онаму каде што постојат.
Ако ви требаат информации или имате проблем, ве молиме контактирајте го Центарот за грижа за корисници на „Горење“ во вашата земја (телефонскиот број се наога во глобалната гаранција). Ако во вашата земја нема центар за грижа за корисници, одете кај вашиот локален продавач на производи на „Горење“ или контактирајте ја Службата за услуги во Секторот за апарати за дома Kinството на „Горење“.
Евентуалните разлики во нијансите на бојата меѓу разни апарати или делови во рамките на една серија производи може да се должат на разни фактори, како, на пример, различни агли од кои се гледа апаратот, позадина со различна боја и од различен материјал, како и осветлувањето во просторијата.
Исклучиво за лична употреба!
Дополнителни препораки за готвење со микробранова печка и корисни совети може да се најдат на веб-страната:
http://www.gorenje.com
gorenje
Го задржуваме правото на измени и грешки во упатството за употреба.
www.gorenje.com
www.gorenje.com