BM251SG2BG - микробранова печка GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот BM251SG2BG GORENJE во PDF формат.
| Тип на производ | Вградена микробранова печка со скара |
| Бренд | Gorenje |
| Модел | BM251SG2BG |
| Капацитет | 25 литри |
| Моќност на микробранова | 900 W |
| Моќност на скара | 1000 W |
| Димензии (В x Ш x Д) | 455 x 595 x 388 mm |
| Нето тежина | 20 кг |
| Напојување | 220-240 V, 50 Hz |
| Потрошувачка на енергија | 2550 W (макс) |
| Тип на контрола | Контрола на допир со LED дисплеј |
| Отворање на вратата | Врата со спуштање |
| Материјал на внатрешната комора | Нерѓосувачки челик со лесно чистење емајл |
| Боја | Црно стакло |
| Функции | Микробранова, скара, комбинација, автоматско одмрзнување, автоматско готвење според рецепти |
| Безбедносни карактеристики | Безбедносно заклучување за деца, безбедносно заклучување на вратата, заштита од прегревање |
| Чистење | Лесно чистење емајл внатрешност; отстранливи странични шини |
| Резервни делови и поправливост | Резервни делови достапни од производителот најмалку 10 години |
| Тип на инсталација | Вградена (бара кабинет) |
| Дисплеј | LED со часовник и тајмер |
Често поставувани прашања - BM251SG2BG GORENJE
Прашања на корисниците за BM251SG2BG GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот микробранова печка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник BM251SG2BG - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. BM251SG2BG на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК BM251SG2BG GORENJE
Упатства за употреба / Микробранова печка (МК)...... 138
ПОЧИТУВАНИ КЛИЕНТИ, благодариме што го купивте овој производ. Убедени сме дека веднаш ќе откриете дека можете навистина да имате доверба во нашите производи. Со цел полесно да го користите овој апарат, во прилог ви го доставуваме ова детално упатство за употреба.
Упатството ќе ви помогне при запознавање со вашиот нов апарат. Прочитајте го внимателно пред да го употребите апаратот за прв пат.
Во секој случај, осигурете се дека апаратот ви е доставен без оштетувања. Доколку забележите оштетување до кое дошло при превозот на апаратот, контактирајте го продавачот или подрачниот магацин од каде ви бил доставен производот. Телефонскиот број се наоѓа на фискалната сметка или на испратницата.

Ви посакуваме пријатно искуство со вашиот нов апарат за домаќинство. Апаратот е за употреба во домаќинството за загревање храна и пијалаци со електромагнетна енергија, само во затворен простор.
УПАТСТВО ЗА КОРИСТЕЊЕ: Внимателно прочитајте го упатството и зачувајте го за понатамошна употреба.
Ова упатство е наменето за корисникот. Истото го опишува апаратот и како да се користи. Тоа, исто така, важи за различни видови апарати, па затоа е можно да сретнете описи или функции кои не важат за вашиот апарат.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: СО ЦЕЛ ДА ИЗБЕГНЕТЕ МОЖНО ИЗЛОЖУВАЊЕ НА ПРЕКУМЕРНА МИКРОБРАНОВА ЕНЕРГИЈА
- Не обидувајте се да ракувате со печката со отворена врата, зашто тоа може да резултира со изложување на штетна микробранова енергија. Не смеете да ги скршите или да ги чепкате безбедносните механизми за заклучување.
- Не ставајте предмети помеѓу предницата на печката и вратата и не дозволувајте да се насобира нечистотија или остатоци од средства за чистење на површините каде што треба да дихтува.
- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Доколку вратата или дихтунзите на вратата се оштетени, не смеете да ја вклучувате печката сè додека не ја поправи стручно лице.
ДОДАТОК
Доколку апаратот не се одржува во чиста состојба, површината може побрзо да деградира, а тоа да влијае врз животниот век на апаратот и да создаде опасност.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
За да го намалите ризикот од пожар, струен удар, повреда на лица или изложеност на прекумерна микробранова енергија од печката при користење на вашиот апарат, следете ги основните мерки на претпазливост, вклучително и следново:
- Прочитајте го и следете го следново: „ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ СО ЦЕЛ ДА ИЗБЕГНЕТЕ МОЖНО ИЗЛОЖУВАЊЕ НА ПРЕКУМЕРНА МИКРОБРАНОВА ЕНЕРГИЈА“.
- Овој апарат може да го користат деца на возраст од 8 години и постари и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или недостаток на искуство и знаење, доколку се под надзор или им е дадено упатство за употреба на апаратот на безбеден начин и се запознаени со опасностите. Децата не смеат да си играат со апаратот. Чистењето и одржувањето не смеат да го прават деца без надзор.
- Чувајте ги апаратот и кабелот подалеку од дофат на деца помали од 8 години.
- Ако кабелот за напојување е оштетен, мора да го замени производителот, овластениот сервисер или лица со слични квалификации, за да се избегне опасност.
- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Пред да ја замените сијалицата, проверете дали апаратот е исклучен, за да избегнете можност од струен удар.
- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Опасно е било кој друг, освен стручното лице, да врши било какво сервисирање или поправка што вклучува отстранување на капакот кој штити од изложеност на микробранова енергија од печката.
- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Течностите и другите продукти не смеат да се загреваат во затворени садови, бидејќи може да експлодираат.
- Кога загревате храна во пластични или хартиени садови, внимавајте на печката поради можноста тие да се запалат.
- Користете исклучиво прибор што е погоден за употреба во микробранови печки.
- Ако апаратот испушта чад, исклучете го и држете ја вратата затворена за да го задушите пламенот.
- Загревањето на пијалаци во микробрановата печка може да резултира со одложено еруптивно вриење, затоа мора да се внимава при ракување со садот.
- Содржината на шишињата за хранење и теглите со храна за бебиња треба да се промеша или протресе и да се провери температурата пред да се консумира, со цел да се избегнат изгореници.
- Јајцата во лушпа и цели, тврдо варени јајца не треба да се загреваат во микробранови печки, бидејќи може да експлодираат, дури и по завршувањето на загревањето во печката.
- Печката треба редовно да се чисти и да се отстрануваат сите наслаги од храна.
- Неодржувањето на печката во чиста состојба може да доведе до деградирање на површината што може негативно да влијае на животниот век на апаратот и може да создаде опасност.
- Користете ја само температурната сонда препорачана за оваа печка. (За печки кои имаат можност за користење на температурна сонда.)
- Со микробрановите печки со декоративна врата мора да се ракува со отворена декоративна врата. (За печки со декоративна врата.)
- Овој апарат е наменет за употреба во домаќинства и за слични намени, како што се:
- кујнски простории за вработени во продавници, канцеларии и други работни средини;
- во хотели, мотели и други станбени простории;
- викендички;
- нокевалишта кои служат појадок.
- Микробрановата печка е наменета за загревање храна и пијалаци. Сушењето на храна или облека и загревањето на перничиња за затоплување, влечки, сунгери, влажни крпи и слично може да доведе до ризик од повреда, палење или пожар.
- Не смеат да се користат метални садови за храна и пијалаци во микробрановата печка.
- Апаратот не треба да се чисти со чистач на пареа.
- Апаратот не смее да се вградува зад декоративна врата, за да се избегне прегревање. (Ова не се однесува на апарати со декоративна врата.)
- Микробрановата печка е наменета за вградување.
- Треба да се внимава да не се помести вртливата плоча при вадење на садовите од апаратот. (Ова се однесува на фиксни апарати и вградени апарати што се користат на ниво од 900 mm над подот или повисоко и кои имаат монтажни вртливи плочи. Но, ова не се однесува на апарати со хоризонтална долна врата со шарки.)
- Не смее да се користи чистач на пареа.
- Површината на фиоката за складирање може да се вжешти.
- Не користете груби абразивни средства за чистење или остри сунгери со жица за чистење на стаклото од вратата на печката, бидејќи може да ја изгребат површината, а тоа да резултира со кршење на стаклото.
- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Апаратот и неговите достапни делови се вжештуваат за време на употребата. Треба да се внимава и да се избегнува допирање на грејните елементи. Чувајте ги децата помали од 8 години настрана, освен доколку не ги надгледувате постојано.
- За време на употребата, апаратот се вжештува. Треба да се внимава и да не се допираат грејните елементи во внатрешноста.
- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Достапните делови може да се вжештат за време на употребата. Држете ги малите деца настрана.
- ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Кога апаратот работи во комбиниран режим, децата треба да ја користат печката исклучиво под надзор на возрасно лице, поради високите температури.
Опасност од струен удар
Допирањето на некои од внатрешните компоненти може да предизвика сериозни повреди или смрт. Не расклопувајте го овој апарат.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
Опасност од струен удар
Неправилното користење на заземјувањето може да резултира со струен удар. Не приклучувајте го во штекер сè додека апаратот не биде правилно вграден и заземјен.
Овој апарат мора да биде заземјен. Во случај на краток спој, заземјувањето го намалува ризикот од струен удар со тоа што струјата излегува од кабелот за заземјување.
Овој апарат е опремен со кабел кој има жица за заземјување со приклучок за заземјување. Приклучокот мора да биде вклучен во штекер кој е правилно вграден и заземјен.
Консултирајте се со квалификуван електричар или сервисер ако не ги разбирате целосно упатствата за заземјување или ако се сомневате дали апаратот е правилно заземјен.
Доколку е потребно да користите продолжен кабел, користете само 3-жичен продолжен кабел.
- Обезбеден е краток кабел за напојување, за да се намалат ризиците од заплеткување или сопнување од подолг кабел.
- Ако се користи долг кабел или продолжен кабел: 1) Номиналната струја наведена на кабелот или на продолжниот кабел треба да биде во најмала рака еднаква на онаа на апаратот. 2) Продолжниот кабел мора да биде 3-жичен кабел со заземјување.
3) Долгиот кабел треба да биде наместен така што нема да виси над дрвената плотна или работната маса, каде што може да го повлечат деца или некој ненамерно да се сопне.
ЧИСТЕЊЕ
Исклучете го апаратот од струја.
- По употребата, исчистете ја внатрешноста на печката со малку влажна крпа.
- Исчистете ги додатоците на вообичаен начин - со вода и сапуница.
- Ако се валкани, рамката и дихтунгот на вратата и соседните делови мора да се исчистат внимателно со влажна крпа.
- Не користете груби абразивни средства за чистење или остри сунгери со жица за чистење на стаклото од вратата на печката, бидејќи може да ја изгребат површината, а тоа да резултира со кршење на стаклото.
- Совет за чистење --- За полесно чистење на ѕидовите на отворот кои може да ги допре готвената храна: ставете половина лимон во длабока чинија, додајте 300 ml вода и загревајте 10 минути на 100% моќност на микробрановата печка. Избришете ја внатрешноста со мека и сува крпа.
ВНИМАНИЕ
Опасност од повреда
Опасно е било кој друг, освен стручното лице, да врши какво било сервисирање или поправка што вклучува отстранување на капакот кој штити од изложеност на микробранова енергија од печката.
Погледнете ги упатствата за „Материјали што можете да ги користите во микробрановата печка или кои не треба да ги користите во микробрановата печка“. Може да има одредени неметални прибори коишто не е безбедно да се користат во микробрановата печка. Доколку се сомневате, можете да го тестирате предметниот прибор следејќи ја постапката подолу.
Тест за прибор:
- Наполнете сад кој е безбеден за користење во микробранова печка со 1 чаша ладна вода (250 ml) и ставете ја заедно со предметниот прибор/сад. • Гответе 1 минута на максимална моќност.
- Внимателно допрете го приборот/садот. Ако празниот прибор/сад е топол, не користете го за готвење во микробрановата печка.
- Не надминувајте 1 минута време на готвење.
| Прибор за јадење Забелешка | |
| Тава за пржење за во микробранова печка | Следете ги упатствата на производителот. Дното на тавата мора да биде најмалку 5 мм над вртливата плоча. Доколку апаратот се користи неправилно, можно е вртливата плоча да се скрши. |
| Сервис за јадење Само сервиси кои се безбедни за во микробранова печка. Следете ги упатствата на производителот. Не користете напукнати садови. | |
| Стаклени тегли Секогаш вадете го капакот. Користете ги само за подгревање на храната. Повејето стаклени тегли не се отпорни на топлина и може да се скршат. | |
| Стаклени садови Исклучиво само огноотпорни стаклени садови. Не смеат да имаат метални рабови. Не користете пукнати садови. | |
| Вреќички за готвење во rerна | Следете ги упатствата на производителот. Не затворајте ги со метални врвки. Исечете отвори за пареата да може да излегува. |
| Хартиени чинии и чаши | Користете ги само за краткотрајно загревање/готвење. Не оставајте ја печката без надзор додека готвите. |
| Хартиени бришачи Користете ги за да ја покриете храната за подгревање и за впивање на маснотиите. Постојано надгледувајте ја печката и користете ги само за краткотрајно готвење. | |
| Хартија за печење Користете ја како покривка за да спречите прскање и за готвење со пареа. | |
| Пластика Единствено пластика која е безбедна за во микробранова печка. Следете ги упатствата на производителот. Треба да бидат обележани со „Безбедно за во микробранова печка“. Некои пластични садови омекнуваат како што се загрева храната во нив. Вреќичките за вриење и цврсто затворените пластични вреќички треба да се засечат, продупчат или на друг начин да се направат отвори како што е напишано на пакувањето. | |
| Пластична фолија Само фолија која е безбедна за во микробранова печка. Користете ја за да ја покриете храната додека се готви, за да ја задржи сочноста. Не дозволувајте пластичната фолија да ја допира храната. | |
| Термометри Само термометри кои се безбедни за во микробранова печка (месни и кондиторски термометри). | |
| Восочна хартија за печење | Користете ја како покривка за да спречите прскање и за да се задржи сочноста. |
Материјали што не треба да ги користите во микробрановата печка
| Прибор за јадење Забелешка | |
| Алуминиумски послужавник | Може да предизвика искрење. Префрлете ја храната во сад кој е безбеден за во микробранова печка. |
| Сад за храна со метална рачка | Може да предизвика искрење. Префрлете ја храната во сад кој е безбеден за во микробранова печка. |
| Метален прибор или прибор со метални рабови | Металот не дозволува микробрановата енергија да стигне до храната. Металните рабови може да предизвикаат искрење |
| Метални врвки Може да предизвика искрење и пожар во печката. | |
| Хартиени вреќички Може да предизвика пожар во печката. | |
| Стиропор Стиропорот може да се стопи или да ја загади течноста во садот кога їе се изложи на висока температура. | |
| Дрво Дрвото се суши ако се користи во микробрановата печка и може да се распука. | |
Извадете ја печката и сите материјали од картонската кутија и од отворот на печката.
Вашата печка доаѓа со следниве додатоци:
Стаклена плоча
Упатство за користење
Прстен за вртливата плоча
Оска на вртливата плоча
Решетка за скара (не може да се користи во режимот на микробрановата печка и мора да се постави на стаклената плоча)

В) Оска на вртливата плоча Е) Систем за безбедносно заклучување
C) Прозорец F) Внатрешност на печката
ВГРАДУВАЊЕ НА ВРТЛИВАТА ПЛОЧА
Чистење на отворот за готвење и поставување на вртливата плоча. При вградувањето за прв пат, осигурете се дека целата амбалажа и самолепливите ленти се отстранети од оската на вртливата плоча. Пред да го користите апаратот за готвење храна за прв пат, треба правилно да ја поставите вртливата плоча. Мора да го исчистите отворот за готвење и додатоците.

Како да ја наместите вртливата плоча:
- Поставете го прстенот на вртливата плоча ③ во вдлабнатината во отворот за готвење.
- Поставете ја стаклената плоча ① врз прстенот ③. Наместете ги истакнатите заоблени линии во центарот на дното на стаклената плоча помеѓу трите краци на оската. Стаклената плоча ① мора правилно да налегнува врз оската ② во средината на дното на отворот за готвење. Тркалцата на оската треба да влезат во браздите на дното на вртливата плоча.

- Никогаш не користете го апаратот без вртливата плоча. Проверете дали е правилно включен. Вртливата плоча може да се врти во насока на стрелките на часовникот или во спротивна насока.
- Никогаш не ставајте ја стаклената плоча наопаку. Движењето на стаклената плоча никогаш не треба да се ограничува.
- За време на готвењето, секогаш мора да се користат и стаклената плоча и прстенот на стаклената плоча.
- Целата храна и садовите со храна секогаш се ставаат на стаклената плоча за готвење.
- Никогаш не ограничувајте го движењето на стаклената плоча.
- Ако пукнат или се скршат стаклената плоча или прстенот на стаклената плоча, контактирајте го најблискиот овластен сервисен центар.

Одмрзнување според тежина/зададено време

Кујнски тајмер/ часовник

Стоп/Избриши
стоп чисто

Старт/+30Сек./Потврди
старт потврди

Електрична врата
1. Дотерување на часовникот
Кога микробрановата печка ќе се приклучи на струја, на екранот се прикажува „0:00“ и сигналот се огласува еднаш.
1) Притиснете на копчето „Кујнски тајмер/часовник“ за да ја одберете функцијата часовник. Почнуваат да трепкаат бројките за часовите. 2) Дотерајте ги бројките за часовите со притискање на „<“ или на „>"; може да се внесат бројки од 0 до 23 за часовите. 3) Притиснете на копчето „Кујнски тајмер/часовник“; почнуваат да трепкаат бројките за минутите. 4) Дотерајте ги бројките за минутите со притискање на „<“ или на „>"; може да се внесат бројки од 0 до 59 за минутите. 5) Притиснете на копчето „Кујнски тајмер/часовник“ за да го завршите дотерувањето на часовникот. Двете точки „:“ започнуваат да трепкаат, а времето е осветлено.
Белешка:
1) Доколку часовникот не се дотера, нема да работи кога апаратот ќе се приклучи на струја. 2) Доколку не притиснете на копчето „Кујнски тајмер/часовник“ во текот на процесот на дотерување на часовникот, печката автоматски ќе се врати на претходниот статус во рок од 1 минута.
2. Готвење со микробранова печка
Притиснете го копчето „Микробранова / Скара / Комбинирано“ ("Microwave/Grill/Combi.") еднаш. На екранот се прикажува „900W“. Притискајте го копчето „Микробранова / Скара / Комбинирано“ повеќе пати или притискајте на „<“ или на „>“ за да ја изберете саканата јачина. Со секое притискање, на екранот редоследно се прикажуваат „900W“, „720W“, „450W“, „270W“, „90W“, „G“, „C-1“ или „C-2“. Потоа притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ ("Start/+30Sec./Confirm") за да го потврдите изворот и притиснете на „<“ или на „>“ за да го дотерате времето на готвење од 0:05 до 95:00 минути. Притиснете на „Старт / +30Сек. / Потврди“ повторно, за готвењето да почне.
Пример: Ако сакате да готвите 20 минути на 80% од јачината на микробрановата печка, следете ги долните чекори:
1) Притиснете го копчето „Микробранова / Скара / Комбинирано“ еднаш. На екранот се прикажува „900W“. 2) Притиснете го копчето „Микробранова / Скара / Комбинирано“ уште еднаш или притискајте на „<“ или на „>“ за да одберете јачина на микробрановата печка од 80%. 3) Притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ за да го потврдите изворот; на екранот се прикажува „720W“. 4) Притискајте на „<“ или на „>“ за да го зададете времето на готвење се додека на печката не се прикаже „20:00“. 5) Притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ за готвењето да почне.
Белешка: постепеното зголемување на времето на готвење е како што следува:
| Редослед„Микробранова / Скара / Комбинирано | Приказ на екранот | Мокност на печката | Мокност на скарата |
| 1 | 900W | 100% | |
| 2 | 720W | 80% | |
| 3 | 450W | 50% | |
| 4 | 270W | 30% | |
| 5 | 90W | 10% | |
| 6 | G | 0% | 100% |
| 7 | C-1 | 55% | 45% |
| 8 | C-2 | 36% | 64% |
3. Готвење со скара или Комбинирано готвење
Притиснете на копчето „Микробранова / Скара / Комбинирано“ (“Microwave/Grill/Combi.”) и на екранот се појавува „900W“. Притискајте на копчето „Микробранова / Скара / Комбинирано“ повеќе пати или притискајте на „<“ или на „>“ за да ја изберете саканата јачина. Со секое притискање, на екранот редоследно се прикажуваат „900W“, „720W“, „450W“, „270W“, „90W“, „G“, „C-1“ или „C-2“. Потоа притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ за да го потврдите изборот и притискајте на „<“ или на „>“ за да го дотерате времето на готвење од најмалку 00:05 до најмногу 95:00.
Притиснете на „Старт / +30Сек. / Потврди“ повторно, за готвењето да почне.
Пример: Ако сакате да готвите 10 минути на 55% од јачината на микробрановата печка и 45% од јачината на скарата (C-1), следете ги долните чекори:
1) Притиснете го копчето „Микробранова / Скара / Комбинирано“ еднаш. На екранот се прикажува „900W“. 2) Притискајте го копчето „Микробранова / Скара / Комбинирано“ неколку пати или притискајте на „<“ или на „>“ за да го одберете „С-1“. 3) Притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ за да го потврдите изворот. 4) Притискајте на „<“ или на „>“ за да го зададете времето на готвење се додека на печката не се прикаже „10:00“. 5) Притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ за готвењето да почне.
Белешка:
Кога ќе помине половина од времето за готвење на скара, од печката се огласува сигнал два пати, што е нормално. За да постигнете подобри резултати при готвењето храна на скара, треба да ја превртите храната, да ја затворите вратата и потоа да притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ за да продолжите со готвење. Доколку не сторите ништо, печката ќе продолжи со готвењето.
4. Одмрзнување според зададеното време
5. Одмрзнување според тежината
1) Притиснете два пати на копчето „Одмрзнување според тежината/зададеното време“ и на печката ќе се прикаже символот „dEF2“. 2) Притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ за да го потврдите изборот. 3) Притискајте на „<“ или на „>“ за да го зададете времето на одмрзнување. Времето на одмрзнување е од 00:05 до 95:00. 4) Притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ за готвењето да почне. Сигналот ќе се огласи два пати за да ве потсети да ја превртите храната. Ако не преземете ништо, апаратот ќе продолжи да работи.
1) Притиснете еднаш на копчето „Одмрзнување според тежината/зададеното време“ и на печката ќе се прикаже символот „dEF1“.
2) Притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ за да го потврдите изворот. 3) Притискајте го копчето „Одмрзнување според тежината/зададеното време“ неколку пати или притискајте на „<“ или на „>“ за да одберете една од можностите на менито за одмрзнување; на екранот редоследно се прикажуваат следните символи: „d01“, „d02“, „d03“, „d04“. 4) Притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ за да го потврдите изворот. 5) Одберете ја тежината на храната со притискање на „<“ или на „>“. 6) Притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ за одмрзнувањето да почне.
| Мени | d01 d02 d03Замрзнат леб Замрзнато месо | Замрзнат зеленчук | d04Замрзната пица | |
| Тежина | 100g-1000g | 100g-2000g | 100g-1000g | 100g-600g |
6. Кујнски тајмер
1) Притиснете еднаш на копчето „Кујнски тајмер / часовник“ ("KitchenTimer/Clock") и на екранот ќе се прикаже 00:00. 2) Наместете го точното време со притискање на „<“ или на „>“. (Максималното време на готвење е 95 минути). 3) Притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ за да го потврдите изборот. 4) Кога ќе истече зададеното време на готвење, сигналот се огласува 5 пати.
Белешка:
Додека е вклучен тајмерот, не може да се зададе ниту една програма.
7. Брз почеток
1) Додека апаратот е во стенд-бај, притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ за да почнете да готвите 30 секунди со 100% моќност; со секое натамошно притискање на копчето, се додаваат 30 секунди на времето на готвење, сè до максималното можно време на готвење од 95 минути. 2) Додека апаратот е во стенд-бај, притискајте на „<“ или на „>“ за да го одредите времето на готвење на 95 минути со 100% моќност на микробрановата печка; одредете го времето на готвење со притискање на „<“ или на „>“, а потоа притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ за готвењето да почне.
Белешка: При готвењето со микробранова печка, со скара или при комбинирано готвење, во фазата на одмрзнување според зададеното време или при повеќефазно готвење, времето на готвење може да се продолжи за 30 секунди со секое притискање на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“.
8. Функција на заклучување заради деца
Заклучување: Во стенд-бај режим, притиснете на копчето „Стоп/Избриши“ и држете го притиснато 3 секунди; се слуша долг сигнал кој означува дека апаратот влегува во состојба на заклученост заради безбедност на деца. Светнува симболот за заклучено и се прикажува тековното време (доколку е наместено) или „0:00“.
Отклучување: Додека апаратот е во состојба на заклученост, притиснете на копчето „Стоп/Избриши“ и држете го притиснато 3 секунди; се огласува долг сигнал кој означува дека апаратот е отклучен.
9. Готвење во повеќе фази
Во печката може да се готви најмногу во две фази. При готвењето во повеќе фази, доколку во една фаза се одмрзнува нешто, продуктот што се одмрзнува се става во првата фаза. Во текот на оваа функција, не е можно користење на функциите „Кујнски тајмер“ и „Автоматско мени“ (“Auto Menu”). Со секое притискање на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“, времето на готвење се продолжува за 30 секунди (освен при одмрзнувањето според тежината).
Пример: Доколку сакате да одмрзнете храна од категоријата d01 за 500 g, а потоа да ја готвите со 80% моќност на печката во текот на 7 минути, следете ги долните чекори:
1) Притиснете еднаш на копчето „Одмрзнување по тежина/време“; на печката се прикажува симболот „dEF1“. 2) Притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ за да го потврдите изборот. 3) Притискајте на „<“ или на „>“ или на „Одмрзнување по тежина/време“ за да го зададете времето на одмрзнување сè додека на екранот не се прикаже „d01“. 4) Притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ за да го потврдите изборот. 5) Притискајте на „<“ или на „>“ за да активирате одмрзнување на храна со тежина од 500 g.
10. ЕКО функција
6) Притиснете два пати на копчето „Микробранова / Скара / Комбинирано“; на екранот се прикажува „720W“. 7) Притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ за да го потврдите изворот. 8) Притискајте на „<“ или на „>“ за да го одредите времето на одмрзнување на 7 минути. 9) Притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ за да го потврдите изборот и готвењето да почне. Сигналот се огласува еднаш за првата фаза и почнува да тече времето на одмрзнување. Кога апаратот ќе прејде на втората фаза, сигналот се огласува уште еднаш. Кога готвењето ќе заврши, сигналот се огласува пет пати.
За да влезете во режимот ЕКО:
Додека апаратот е во стенд бај режим, притиснете на копчето „Стоп/Избриши“ за да влезете во режимот ЕКО. Екранот се гасне.
За да излезете од режимот ЕКО:
Додека апаратот е во режим ЕКО, притиснете на било кое копче или притискајте на „<“ или на „>“ или отворете ја вратата за да излезете од режимот ЕКО.
Вклучување на режимот на тивка работа:
Додека апаратот е во стенд бај режим, притиснете на копчето „Кујнски тајмер/часовник“ и држете го притиснато 3 секунди. Се огласува долг сигнал и печката влегува во режим на тивка работа. Кога ги притискате копчињата, не се слуша никаков звук.
Исклучување на режимот на тивка работа:
Додека апаратот е во режим на тивка работа, притиснете на копчето „Кујнски тајмер/часовник“ и држете го притиснато 3 секунди. Се огласува долг сигнал и печката излегува од режимот на тивка работа.
За да влезете во режимот Акваклин ("Aquaclean"):
Додека апаратот е во стенд бај, притиснете на копчето „Микробранова/Скара/Комбинирано“ и држете го
притиснато 3 секунди. Се огласува долг сигнал и печката влегува во режимот Акваклин.
Ставете 200 ml вода во печката и притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ за да го потврдите изборот и да се активира функцијата Акваклин при јачина од 900W во текот на 5 минути, при што јачината и времето не може да се менуваат.
1) Во текот на готвење со микробранова печка, со скара или во текот на комбинирано готвење, може да притиснете на копчето „Микробранова / Скара / Комбинирано“ за на екранот да остане прикажана моќноста во текот на 3 секунди. По 3 секунди, печката ќе се врати во претходниот режим. 2) Во текот на готвењето, притиснете на копчето „Кујнски тајмер / часовник“ за да го проверите времето; времето се прикажува на екранот во текот на 3 секунди.
14. Електрична врата
Во случај на дефект при директно притискање на копчето, на екранот се прикажува „E-3“; затворете ја вратата повторно и повторно приклучете ја печката на струја, додека повторно не проработи како што треба.
15. Вентил за воздух
Доколку електричната врата се расипе, на сликите подолу е прикажано како да ја отворите вратата преку вентилот за воздух.

1) Притиснете на копчето „>”; на екранот се прикажуваат симболите од „A1“ до „A15“. 2) Притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ за да го потврдите изборот. 3) Одберете ја стандардната тежина според менито со притискање на копчето „<“ или на копчето „>“. 4) Притиснете на копчето „Старт/+30Сек./Потврди“ за да го потврдите изборот и готвењето да почне.
Табела на менито
Упатство за инсталација
Инсталација и поврзување
- Овој апарат е наменет исклучиво за употреба во домаќинството.
- Овој апарат е наменет исклучиво за вградување. Не е наменет за употреба врз или во кујнски елемент.
- Ве молиме придржувајте се до посебното упатство за инсталација
- Апаратот може да се инсталира во висечки елемент со широчина од 60 см.
- Апаратот е опремен со приклучен кабел и смее да се приклучува единствено на прописно инсталиран и заземјен штекер.
- Напонот на мрежата мора да соодветствува со напонот на плочката со спецификации.
- Штекерот смее да го инсталира и приклучниот кабел смее да го замени исклучиво квалификуван електричар. Доколку штекерот не е достапен по инсталацијата, на страната на инсталацијата мора да има уред за исклучување на сите фази, со растојание меѓу контактите од најмалку 3 mm.
- Не смее да се користат адаптери, повеќекратни штекери и продолжни кабли. Преоптоварувањето може да доведе до ризик од пожар.
Во текот на работењето на апаратот, достапните површини може да се вжештат.

Ве молиме внимателно прочитајте го упатството пред инсталацијата Важно:
Приклучување на струја
Печката е опремена со приклучен кабел и смее да се приклучи единствено во прописно инсталиран и заземјен штекер. Во согласност со соодветната регулатива, штекерот смее да го инсталира и приклучниот кабел смее да го замени исклучиво квалификуван електричар.
Доколку штекерот не е достапен по инсталацијата, на страната на инсталацијата мора да има уред за исклучување на сите фази, со растојание меѓу контактите од најмалку 3 mm.
Завртка А
Завртка В
Монтажна плочка
Пластична декоративна врата
Вентил за воздух

Елементот во кој се вградува не треба да има задна страна зад апаратот.
Минималната висина на инсталација е 85 см.
Не покривајте ги отворите за вентилација и за довод на воздух.

Белешка:
Шемите за рамката и долниот елемент се неопходни при двете инсталации.
Подгответе го елементот
- Прочитајте го упатството во ШЕМАТА ЗА ДОЛНИОТ ЕЛЕМЕНТ и ставете ја шемата на долната страна на елементот.

- Ставете ги ознаките на долната страна на елементот според ознаката „а“ на шемата.

- Тргнете ја шемата на долниот елемент и прицврстете ја монтажната плочка со завртката А.

Инсталирајте ја печката


- Прицврстете ја ЗАВРТКАТА А на ГОРНИОТ ДОВОД НА ВОЗДУХ на печката, а потоа инсталирајте ја печката во елементот.
- Одберете ја висината на ЗАВРТКАТА А така што да остане растојание од 1 mm помеѓу ЗАВРТКАТА А и горната страна на елементот.
- Не дозволувајте струјниот кабел да се заглави или да биде превиткан.
- Проверете дали печката е инсталирана во средината на елементот.

- Отворете ја вратата, прицврстете ја печката за елементот со ЗАВРТКАТА В во ОТВОРОТ ЗА ИНСТАЛАЦИЈА на ДЕКОРАТИВНАТА ВРАТА. Потоа, прицврстете ја ДЕКОРАТИВНАТА ВРАТА во ОТВОРОТ ЗА ИНСТАЛАЦИЈА.
Спецификации
Модел: BM251SG2BG/WG
| Нормални појави | |
| Микробрановата печка создава пречки при приемот на ТВ сигналот | Приемот на радио и ТВ сигналот може да биде попречен при работење на микробрановата печка. Тие пречки се слични како и пречките што ги предизвикуваат малите електрични апарати, како миксер, правосмукалка и фен за коса. Тоа е нормална појава. |
| Намалено осветлување во печката | При готвење со микробрановата печка на мала јачина, осветлувањето во печката може да се намали. Тоа е нормална појава. |
| Стаклото од вратата се замаглува од пареа; од вентилите излегува врел воздух | Во текот на готвењето, храната може да испушта пареа. Најголем дел од пареата излегува преку вентилите, но дел од неа може да се нафати на студени делови, како што е стаклото на вратата од печката. Тоа е нормална појава. |
| Печката е случајно включена без храна во неа | Забрането е печката да се вклучува без храна во неа. Тоа е многу опасно. |
| Проблем | Можна причина | Решение |
| Печката не почнува да работи | (1) Струјниот кабел не е пикнат до крај во штекерот | Извлечете го од штекерот и повторно приключете го по 10 секунди. |
| (2) Прегорел осигурувачот или се активирал прекинувачот на колото | Заменете го осигурувачот или ресетирајте го прекинувачот на колото (оваа поправка ја вршат професионалци или нашата компанија) | |
| (3) Проблем со штекерот | Испробајте го штекерот со други електрични апарати | |
| Печката не загрева | (4) Вратата не е затворена до крај | Затворете ја вратата до крај |

Според Директивата за отпад од електрична и електронска опрема (WEEE), отпадот од електрична и електронска опрема треба да се собира и да се третира посебно. Доколку кога и да е во иднина треба да го исфрлите овој производ, ве молиме НЕ исфрлајте го заедно со отпадот од дома Kinството. Ве молиме доставете го производот до собирни пунктови за електрична и електронска опрема, онаму каде што постојат.
Ако ви требаат информации или имате проблем, ве молиме контактирајте го Центарот за грижа за корисници на „Горење“ во вашата земја (телефонскиот број се наоѓа во глобалната гаранција). Ако во вашата земја нема центар за грижа за корисници, одете кај вашиот локален продавач на производи на „Горење“ или контактирајте ја Службата за услуги во Секторот за апарати за домаќинство на „Горење“.
Евентуалните разлики во нијансите на бојата меѓу разни апарати или делови во рамките на една серија производи може да се должат на разни фактори, како, на пример, различни агли од кои се гледа апаратот, позадина со различна боја и од различен материјал, како и осветлувањето во просторијата.
Исклучиво за лична употреба!
Дополнителни препораки за готвење со микробранова печка и корисни совети може да се најдат на веб-страната:
http://www.gorenje.com
gorenje
Го резервираме правото на измени и грешки во упатството за употреба.
www.gorenje.com