MO235SYB - микробранова печка GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот MO235SYB GORENJE во PDF формат.

GORENJE MO235SYB - микробранова печка
📄 320 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice GORENJE MO235SYB - page 50
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Вид на производ Микробранова печка комбинирана со грил
Капацитет 23 литри
Димензии (В x Ш x Д) 28,0 x 48,3 x 36,0 cm
Нето тежина 12,0 кг
Микробранова моќност 800 W
Моќност на грил 1000 W
Електрично напојување 230 V / 50 Hz
Нивоа на моќност 5 нивоа
Тајмер До 95 минути
Вграден часовник Да
Автоматско одмрзнување По тежина или време
Готвење со сензор Да
Функција грил Да
Тип на отворање Странично
Внатрешен слој Емајл
Внатрешно осветлување Да
Безбедносна блокада за деца Да
Автоматско исклучување Да
Вртлива плоча Дијаметар 27 cm
Одржување и чистење Чистете ја внатрешноста со влажна крпа и благ детергент
Достапни резервни делови Вртлива плоча, држач, водич за бранови
Поправливост Индекс на поправливост не е даден

Често поставувани прашања - MO235SYB GORENJE

Како да го поставите часовникот на микробрановата печка Gorenje MO235SYB?
Притиснете го копчето Часовник додека броевите не трепкаат. Користете го ротирачкиот копче за да го поставите времето, а потоа повторно притиснете Часовник за да потврдите.
Која е максималната моќност на микробрановата печка?
Микробрановата моќност е 800 W, а моќноста на грилот е 1000 W.
Како да се користи функцијата за автоматско одмрзнување?
Изберете го режимот Одмрзнување, внесете ја тежината на храната, а потоа започнете го циклусот. Времето се пресметува автоматски.
Може ли да користам метални садови во оваа микробранова печка?
Не, металните садови може да предизвикаат искри и да го оштетат апаратот. Користете садови прилагодени за микробранова печка.
Како да се активира безбедносната блокада за деца?
Притиснете го копчето Дет. блокада и задржете го притиснато 3 секунди. На екранот се појавува симбол на катанец.
Што да направам ако микробрановата печка не загрева?
Проверете дали вратата е добро затворена и дали безбедносната блокада за деца не е активирана. Ако проблемот продолжи, контактирајте ја постпродажната служба.
Како да се исчисти внатрешноста на микробрановата печка?
Користете влажна крпа со благ детергент. Избегнувајте абразивни производи. Ставете сад со вода и лимон и загревајте 2 минути за да го олесните чистењето.
Кој е капацитетот на микробрановата печка?
Капацитетот е 23 литри, прилагоден за садови до 27 cm дијаметар (вртлива плоча).
Како да се постави тајмерот?
Свртете го ротирачкиот копче во насока на часовникот за да го поставите времето до 95 минути. Притиснете Старт за да го започнете одбројувањето.
Може ли грилот да се користи сам?
Да, можете да ја користите функцијата Грил сама. Изберете го режимот грил и поставете го времето на готвење.

Прашања на корисниците за MO235SYB GORENJE

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Вашата е-пошта останува приватна: се користи само за да ве известиме ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот микробранова печка во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник MO235SYB - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. MO235SYB на марката GORENJE.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК MO235SYB GORENJE

Упатства за употреба / Микробранова печка

MK 50

Ви благодариме за купувањето.

Убедете се сами: во нашите производи можете да бидете сигурни. За полесна употреба на производот приложивме опсежни упатства.

Тие нека ви помогнат што побрзо да се запознаете со вашиот нов апарат. Ве молиме пред првата употреба на апаратот внимателно да ги прочитате упатствата.

Секако, проверете дали сте примиле неоштетен апарат. Ако утврдите транспортно оштетување, ве молиме поврзете се со продавачот каде што сте го купиле апаратот, или со подрачното складиште од каде бил доставен. Телефонскиот број ќе го најдете на сметката, односно испратницата.

Ви посакуваме големо задоволство со вашиот нов апарат.

GORENJE MO235SYB - 1

Апаратот е наменет само за користење во домаќинството и тоа за загревање на храна и пијалаци со помош на електромагнетна енергија. Употребувајте го апаратот само во затворени простории.

Внимателно прочитајте ги упатствата и зачувајте ги за користење во иднина.

Упатствата за употреба се наменети за корисникот. Го опишуваат апаратот и управувањето со него. Приспособени се за различни типови на апарати, и затоа можат да содржат и описи на функции кои вашиот апарат ги нема.

Го резервираме правото на измени и грешки во упатството за користење.

GORENJE MO235SYB - 2

Никогаш не допирајте ја површината на уредите за греење и готвење. Таа ќе се вжешти додека работи. Чувајте ги децата на соодветна оддалеченост од уредот. Постои ризик од изгореници.

GORENJE MO235SYB - 3

Извор на микробранова радијација и висок напон! Не вадете го капакот.

ВНИМАНИЕ! Апаратот и неговите делови што може да се дофатат стануваат врели за време на употребата. Треба да се внимава, односно да не се допираат загреаните елементи. Децата помали од 8 години се препорачува да се држат подалеку од апаратот, освен ако не се под постојан надзор. Овој апарат можат да го користат деца кои веќе наполниле 8 години, лица со намалени физички, сетилни или ментални способности, како и лица кои немаат доволно искуство и знаење, ако се под надзор или биле обучени како да го користат апаратот на безбеден начин и ги разбрале опасностите кои можат да се појават. Децата мора постојано да бидат под надзор за да се осигурате дека не си играат со апаратот. Чистењето и корисничкото одржување не треба да го изведуваат деца кои не наполниле 8 години и кои не се под надзор.

Чувајте го апаратот и неговиот кабел подалеку од дофат на деца помали од 8 години.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Кога апаратот работи во комбиниран режим, поради многу високите температури што тогаш настануваат, децата смеат да го употребуваат апаратот само под внимателен надзор на возрасните (само за апарати со функцијата жар).

  • ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Ако вратата или дихтувачите за вратата се оштетени, апаратот не смеете да го употребувате додека не го поправи стручно лице.
  • ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Секоја поправка или сервис изведена од кој било друг освен од овластен сервисер, при која е потребно да се отстрани покривот за заштита од микробрановите зраци, е опасна и ризична.
  • ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Течностите и другата храна не загревајте ги во затворени, односно во покриени садови или, пак, во затворена амбалажа, бидејќи истите може да експлодираат.
  • ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Децата може да го употребуваат апаратот и без надзор од возрасните само во случај доколку им дадете соодветни упатства, за да можат безбедно да ја употребуваат печката и да бидат свесни за опасностите што произлегуваат од несоодветното ракување.
  • Не отстранувајте ги нозете на печката и не покривајте ги отворите за вентилација.
  • Употребувајте ги помагалата (помошните средства) соодветно за употреба во микробранова печка.
  • Кога загревате храна во пластична или во хартиена амбалажа, односно чинија, надгледувајте го процесот на загревање поради опасноста таквата амбалажа, т.е. сад, да се запали.
  • Ако забележите чад, апаратот исклучете го од електричната мрежа, а вратата оставете ја затворена, за да го изгаснете можниот оган.
  • Кога во микробрановата печка загревате пијалак, по некое време може пијалокот да зоврие и да претече, па затоа во таков случај однесувајте се особено внимателно.
  • За да не дојде до изгореници, пред употребата промешајте ја или протресете ја содржината на шишенцето за доенчиња или шишенцата со храна за доенчиња и проверете ја температурата на содржината.
  • Во микробрановата печка не загревајте јајца со лушпа или тврдо варени јајца бидејќи може да експлодираат, дури и откако загревањето во печката е веќе завршено.
  • Кога ја чистите површината на вратата, дихтувачката површина, внатрешноста на печката, употребувајте само благи и нежни (не абразивни) средства за чистење, нанесете ги со сунѓер или со мека крпа.
  • Редовно чистете ја печката и отстранувајте ги можните остатоци од храна.
  • Ако редовно не ја одржувате и чистите печката, може да дојде до нагризување на површината, што негативно влијае на животниот век на апаратот и го зголемува ризикот од опасност при неговата употреба.
  • Ако приклучниот кабел е оштетен, за да се избегне опасност, истиот може да го замени само производителот, овластениот сервисер или друг соодветно оспособен стручњак.

БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА ОПШТА УПОТРЕБА

Во продолжение се наброени некои правила и безбедносни мерки што, како при користење на други апарати, треба да ги почитувате за да обезбедите безбедно и најефикасно функционирање на печката:

  1. Додека работи печката, стаклената основа, рачките на валјакот, склопката и жлебот за валјакот секогаш треба да бидат на своето место.
  2. Печката не користете ја за никаква друга намена освен за подготвување храна; не сушете во неа облека, хартија или други предмети и не употребувајте ја за стерилизација.
  3. Никогаш не вклучувајте ја печката ако таа е празна, бидејќи можете да ја оштетите.
  4. Во внатрешноста на печката не чувајте ништо, на пр. хартија, готварски книги итн.
  5. Не гответе храна што е покриена со мембрана, на пр., жолчки од јајца, компир, пилешки цигер итн. пред да ја прободете мембраната со виљушка на повеќе места.
  6. Не ставајте никакви предмети во отворите на надворешната страна од печката.
  7. Никогаш не отстранувајте ги деловите на печката, на пр.: нозете, резето (внатрешен затворач), шрафовите итн.
  8. Не гответе ја храната непосредно на стаклената основа. Пред да ја ставите храната во печката, ставете ја во соодветен сад или во слично помагало.

ВАЖНО: Кујнски помагала што не смеете да ги употребувате во микробранова печка:

  • Не употребувајте метални тави или садови со метални рачки.
  • Не употребувајте садови со метални рабови.
  • Не употребувајте садови од меламин, бидејќи содржат материјал што ја впива микробрановата енергија. Тоа може да предизвика чинијата да напукне или да се загрее, а покрај тоа и да го забави загревањето/готвењето.
  • Не употребувајте садови без соодветното премачкување за употреба во микробранова печка. Исто така, не употребувајте затворени шолји со рачки.
  • Не подготвувајте храна или пијалаци во сад што има стеснет отвор, на пример во шише, бидејќи истото може да пукне при загревање.
  • Не употребувајте обични термометри за месо или за слатки. Можете да употребувате само термометри што се наменети за употреба во микробранови печки.
  • Помагалата за микробрановата печка употребувајте ги само согласно со упатствата од нивниот производител.
  • Не обидувајте се да потпечувате храна во микробрановата печка.
  • Бидете претпазливи: во микробрановата печка треба да се загрее само течноста, а не и садот во кој истата се наоѓа. Затоа е можно, откако ќе го отстраните капакот, течноста во садот да испарува или од неа да претекуваат капки иако капакот на садот не е жежок.
  • Пред користење секогаш проверете ја температурата на храната, а особено ако им ја давате на деца. Препорачуваме храната/пијалакот никогаш да не ги консумирате непосредно по вадењето од печката, туку да почекате неколку минути и по можност да ја промешате за температурата еднакво да се распредели.
  • Храната што содржи мешавина од вода и маст, на пример основа за супа, по исклучувањето на печката треба да остане во неа приближно 30 до 60 секунди. Така ќе овозможите смесата да се изедначи и ќе спречите навлегување на меурчиња кога во течноста ќе ставите лажица или коцка за супа.
  • При подготовка на храна бидете внимателни бидејќи некои видови, на пр. божиќен пудинг, мармалад или мелено месо се загреваат многу брзо. Кога загревате или подготвувате храна со висока содржина на масти или шеќер, не употребувајте пластични садови.
  • Помагалата што ги употребувате при подготовка на храна во микробранова печка можат силно да се загреат бидејќи храната одава топлина. Ова важи посебно ако врвот на садот и рачките се прекриени со пластична обвивка или со пластична наметка. При вадење на таков сад може да ви бидат потребни кујнски ракавици.
  • За да го намалите ризикот од пожар во внатрешноста на печката:

а) Внимавајте предолго да не ја готвите храната. Грижливо надгледувајте го процесот на загревање кога во печката се присутни помагала од хартија, пластика или други лесно запалливи, т.е. горечки материјали.

б) Пред да го ставите кесето во печката, отстранете ја жицата за затворање на кесето.

в) Ако предметот во печката се запали, оставете ја вратата на печката затворена, исклучете ја истата од електрична мрежа или исклучете го главниот осигурувач од разводната табла.

GORENJE MO235SYB - БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА ОПШТА УПОТРЕБА - 1

(покажува време на готвење, моќ на работа, време)

GORENJE MO235SYB - БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА ЗА ОПШТА УПОТРЕБА - 2

ПОСТАВУВАЊЕ НА ВРЕМЕ

(копче за потврдување односно почеток на работа/престанување на работа)

КОПЧЕ ЗА ОТВАРАЊЕ

1. 2. 3. 4. 5. 6.

  1. Затворач на вратата
  2. Прозорец на печката
  3. Обрач на основата
  4. Стаклена основа
  5. Контролна плоча
  6. Браново водило (ве молиме не отстранувајте ја силикатната плоча која го покрива брановото водило).

GORENJE MO235SYB - КОПЧЕ ЗА ОТВАРАЊЕ - 2

Решетка за жар (Може да се употреби само за функцијата за жар или во комбинација со микробрановите. Ставајте ја секогаш само на стаклената чинија)

1. ВРЕМЕ

GORENJE MO235SYB - ВРЕМЕ - 1

Рерната е опремена со дигитален часовник. Кога е рерната во состојба на чекање, можете со притиснување на тастерот за часовник да дотерате време во 24-часовен циклус.

На пример: Ако сакате да дотерате време на рерната на 8:30.

  1. Кога е рерната во состојба на подготвеност, завртете го копчето на положба ВРЕМЕ.
  2. Со тастерите < или > ќе го дотерате часовникот на 8:30. Потоа притиснете го тастерот СТАРТ/СТОП за да го потврдите бројот на минути.

2. ПРОГРАМСКО ВРЕМЕ

GORENJE MO235SYB - ПРОГРАМСКО ВРЕМЕ - 1

Оваа функција ви овозможува да го регулирате одложениот почеток на програмата за готвење. Пред да започнете да ја користите оваа програма, секогаш мора да го поставите точното време на часовникот од рерната.

Пример: Сега е 9:00 часот, а вие сакате рерната во 10:30 часот да започне со припрема на храната за печење со грил во траење од 5 минути.

  1. Во состојба на припремност, поставете го копчето на симболот ПРОГРАМСКО ВРЕМЕ.
  2. Со тастерите < или > ќе го дотерате часовникот на 10:30.
  3. Копчето за избор на програма поставете го во положбата ЖАР.
  4. Со притискање на < или > одредете го времето на готвење на 5:00 минути.
  5. Програмот започнете го со притискање на СТАРТ/СТОП.

НАПОМЕНА:

Во избраното време, значи во 10:30 часот, избраниот програм автоматски ќе се вклучи.

3. АВТОМАТСКО ОДМРЗНУВАЊЕ DEF1

GORENJE MO235SYB - АВТОМАТСКО ОДМРЗНУВАЊЕ DEF1 - 1

Оваа функција употребете ја за да мали деца не би ја употребувале рерната без надзор. Индикаторот за заклучување заради деца ќе се прикаже на екранот, рерната па не е можно да се програмира односно вклучи, додека е функцијата активирана.

За дотерување заклучување заради деца: Кога е рерната во состојба на подготвеност, притиснете го тастерот СТАРТ/СТОП и држете го 5 секунди. Ќе се огласи звучен сигнал, на покажувачот па ќе се појави индикатор на заклучување.

За поништување на заклучувањето заради деца: Притиснете го тастерот СТАРТ/СТОП и држете го 5 секунди односно додека индикаторот на заклучување не угасне на покажувачот.

4. АВТОМАТСКИ МЕНИ

GORENJE MO235SYB - АВТОМАТСКИ МЕНИ - 1

Во чаша наполнете 200ml вода и завртете го функционалното копче на САМОСТОЈНО ЧИСТЕЊЕ и за почеток на работа притиснете го копчето СТАРТ/СТОП. По истекот на времето извадете ја чашата и стаклената чинија и избришете ја внатрешноста со сува крпа.

5. АВТОМАТСКИ МЕНИ

GORENJE MO235SYB - АВТОМАТСКИ МЕНИ - 1

Доколку сакате да го намалите или зголемите времето на работата на функцијата, истото можете да го направите така што ќе ја изберете соодветната програмска функција (МИКРОБРАНОВИ ИЛИ ЖАР) и пред да потврдите, прилагодете го времето со притискање на копчето < или >.

6. УПОТРЕБА НА ФУНКЦИОНАЛНОТО КОПЧЕ SIMPLICITY

GORENJE MO235SYB - УПОТРЕБА НА ФУНКЦИОНАЛНОТО КОПЧЕ SIMPLICITY - 1

Функционалното копче го употребуваме за поставување на саканата функција (печење, одмрзнување, жар итн.). Симболите на копчето ја претставуваат типичната група на храна за некоја функција, но секако дека во печката може да приготвувате и останати видови храна. На наредната страна во табелата подетално се претставени значењето и работењето на поединечни функции како и потребното време на поединечна функција. Истите можете да ги прилагодувате по ваша желба.

Функционалното копче истовремено служи за ПРЕКИНУВАЊЕ односно ОТКАЖУВАЊЕ на избраната функција, доколку го завртите на почетната позиција „0“.

7. ЕКО РЕЖИМ - ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА

Истовремено притиснете ги тастерите < и >. Екранот ќе се исклучи и микробрановата е во Еко режим кој ја минимизира потрошувачката на енергија.

За да го откажете Еко режимот и повторно да го вклучите екранот, притиснете кое било друго копче или отворете ја или затворете ја вратата.

СимволФункција ЗначењеКоличинаПотребно времеСовет
GORENJE MO235SYB - ЕКО РЕЖИМ - ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА - 1Микробранови100% GORENJE MO235SYB - ЕКО РЕЖИМ - ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА - 2Филцан вода кафе/млеко чај1 филцан - 200ml2 min 20 secЗа потопол напиток или поголема количина наместете подолго време на работа.
GORENJE MO235SYB - ЕКО РЕЖИМ - ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА - 3Микробранови100% GORENJE MO235SYB - ЕКО РЕЖИМ - ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА - 4Пуканки1 кесичка - 100g3 min 30 secЗа поголема количина на пуканки наместете подолго време на работа.
GORENJE MO235SYB - ЕКО РЕЖИМ - ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА - 5Микробранови 50% GORENJE MO235SYB - ЕКО РЕЖИМ - ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА - 6Зеленчук300g – морков (исецкан)4 min
GORENJE MO235SYB - ЕКО РЕЖИМ - ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА - 7Микробранови 30% GORENJE MO235SYB - ЕКО РЕЖИМ - ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА - 8ОдмрзнувањеЛеб 0,5kg 20minНамалете го времето на работа за помала количина на леб.
GORENJE MO235SYB - ЕКО РЕЖИМ - ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА - 9Жар 85% GORENJE MO235SYB - ЕКО РЕЖИМ - ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА - 10Риба Риба500g 25 minОбрнете ја рибата по истекот на половина од времето на работата 12,5min (ке слушнете звучен сигнал) и потоа притиснете го копчето START / PAUSE.
GORENJE MO235SYB - ЕКО РЕЖИМ - ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА - 11Микробранови 30% + Жар 70% GORENJE MO235SYB - ЕКО РЕЖИМ - ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА - 12Пица Пица350g 11 min
GORENJE MO235SYB - ЕКО РЕЖИМ - ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА - 13Микробранови 40% + Жар 60% GORENJE MO235SYB - ЕКО РЕЖИМ - ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА - 14Месен стекМесен стек 500g35 minЗа крцкав стек од двете страни притиснете го копчето START / PAUSE 5 min пред истекот на времето и обрнете го стекот, потоа притиснете го копчето START / PAUSE.
GORENJE MO235SYB - ЕКО РЕЖИМ - ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА - 15Микробранови 10% GORENJE MO235SYB - ЕКО РЕЖИМ - ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА - 16Staywarm 10min
GORENJE MO235SYB - ЕКО РЕЖИМ - ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА - 17Време Време
GORENJE MO235SYB - ЕКО РЕЖИМ - ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА - 18Програмско времеОдложено дејствување
GORENJE MO235SYB - ЕКО РЕЖИМ - ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА - 19Микробранови 100% GORENJE MO235SYB - ЕКО РЕЖИМ - ЗАШТЕДА НА ЕНЕРГИЈА - 20Чистење1 филцан - 200ml5 min
  1. Пред чистењето исклучете ја печката и исклучете го кабелот од штекерот.
  2. Внатрешноста на печката треба секогаш да биде чиста. Кога делови од храна, течност што прска од неа или истурена течност ќе се засуши на ѕидовите на печката, само пребришете ги со влажна крпа. Користењето на груби детергенти или на абразивни средства за чистење не е препорачливо.
  3. Надворешната површина на печката исчистете ја со влажна крпа. За да го спречите оштетувањето на деловите во внатрешноста на печката, внимавајте да не ви се истури вода во отворите за вентилација.
  4. Не дозволувајте контролната табла да се намокри. Исчистете ја со мека и влажна крпа. За чистење на контролната табла не употребувајте детергенти, груби (абразивни) средства или распрскувачки средства за чистење.
  5. Ако во внатрешноста или околу надворешната обвивка на куќиштето се насобере пареа, избришете ја со мека крпа. Ова се случува кога микробрановата печка ја употребувате во многу влажни простории и во никој случај не укажува на грешка во работењето на печката.
  6. Понекогаш е потребно да ја отстраните и стаклената основа и да ја исчистите. Стаклената основа измијте ја во топла вода со малку детергент или, пак, во машина за миење садови.
  7. Лежечкиот обрач, како и дното (долната површина) на внатрешноста на печката треба редовно да се чистат, бидејќи, додека работи печката, може да создава бучава. Едноставно пребришете го дното на внатрешноста на печката со благ детергент, вода или со средство за чистење стакло и исушете ја. Лежечкиот обрач можете да го измиете во топла вода со малку детергент или во машина за миење садови. По подолга употреба на тркалата на лежечкиот обрач може да се наталожат остатоци од испарувањето на храната, сепак, тоа не влијае врз неговата работа. Кога го отстранувате лежечкиот обрач од жлебот на дното на комората (во внатрешноста на печката) внимавајте повторно да го наместите правилно.
  8. Можниот непријатен мирис од печката ќе го отстраните на тој начин што во длабок сад за подготовка на храна во микробранова печка ќе налеете една шолја вода, а во водата ќе ставите кора од еден лимон. Потоа садот оставете го во микробрановата печка пет минути. На крај, темелно исушете ја внатрешноста на печката и избришете ја со мека крпа.

ВГРАДУВАЊЕ МИКРОБРАНОВАТА ПЕЧКА

ИНСТАЛАЦИЈА

  1. Проверете дали од внатрешноста на вратата го извадивте целокупниот амбалажен материјал.
  2. Кога ќе ја отстраните амбалажата, прегледајте ја печката за да утврдите дали има видливи оштетувања, како на пример:
  3. искривена врата,
  4. оштетена врата,
  5. набиеници или дупки на стаклото (прозорецот) на вратата или пак на екранот
  6. набиеници во внатрешноста на печката.

Ако забележите некое од горенаведените оштетувања, не употребувајте ја печката.

  1. Микробрановата печка тежи околу 15,5 kg, поставете ја на рамна површина што е довольно тврда за да ја издржи тежината на печката.
  2. Печката поставете ја подалеку од извори на висока температура и пареа.
  3. Не ставајте ништо на печката.
  4. За да обезбедите доволно зрачење, околу страните на печката треба да има барем 20 см.
  5. Не отстранувајте ги погонските оски на ротационото лежиште.
  6. Како и кај сите други апарати, така и кај овој е потребен грижлив надзор кога го употребуваат децата.
  7. Приклучокот за електрично напојување мора да биде лесно достапен, за да може уредот во случај на опасност лесно да се исклучи. Или потребно е печката да се одвои од изворот на електрична енергија преку вградување на прекинувач во фиксното поврзување во согласност со правилата за поврзување на електричните инсталации. Приклучете го уредот на монофазна 230 V/50 Hz наизменична струја преку правилно поставен заземјен приклучок. ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОВОЈ АПАРАТ МОРА ДА СЕ ЗАЗЕМИ! Производителот ја отфрла секоја одговорност ако не се почитува оваа безбедносна мерка.
  8. На печката и е потребна влезна моќност од 1,4 kVA.

Препорачуваме при инсталација на печката да се посоветувате со сервисер, односно со компетентен стручњак.

ВНИМАНИЕ: Печката има сопствена заштита и тоа осигурувач 250V, 10A.

СПЕЦИФИКАЦИИ

GORENJE MO235SYB - СПЕЦИФИКАЦИИ - 1

Грејач за жар.....1200W

Работна фреквенција 2450MHz

Надворешни димензии ..... 510mm(Ш) x 303mm(В) x 375mm(Д)

Димензии на печката 23 литри

Маса без амбалажа.... Приближно 15,5 kg

Ниво на бучава .... Lc < 58 dB (A)

УПАТСТВА ЗА МОНТИРАЊЕ

Овој апарат е означен според европскиот пропис

Прописот ја дава рамката за враќање и искористување на старите апарати, важечко ширум Европа.

0 cm 30 cm 20 cm 20 cm min 85 cm 20 cm

Микробрановата печка може да предизвика пречки во приемот на вашиот радиоприемник, ТВ-приемник и слични уреди. Ако дојде до пречки (интерференции), истите можете да ги отстраните или да ги намалите со преземање на следниве мерки:

а) Исчистете ја вратата и површините за дихтување. б) Ставете го радиоприемникот, ТВ-приемникот и друго што подалеку од микробрановата печка. в) Зад радискиот, ТВ-приемникот итн. употребете соодветно наместена антена што ќе овозможува јак прием на сигналот.

  1. Ако печката воопшто не работи, ако на екранот ништо не се појавува или, пак, ако екранот се изгасне:

а) Проверете дали печката е правилно вклучена на електричната мрежа. Ако не е, исклучете го кабелот од штекерот, почекајте 10 секунди и потоа повторно вклучете го. б) Проверете дали осигурувачот за штекерот е прегорен или, пак, дали струјното коло е прекинато на главниот осигурувач. Ако осигурувачите се исправни, тестирајте го штекерот со некој друг апарат.

  1. Ако микробрановата печка не грее, т.е. не емитува микробранова енергија:

а) Проверете дали е правилно наместен часовникот за програмирање. б) Проверете дали е цврсто затворена вратата, а сигурносните брави заклучени. Ако не се, микробрановата енергија нема да се ослободува.

Ако со помош на горниве упатства не успеавте да го отстраните проблемот, обратете се до најблискиот овластен сервисер.

ГАРАНЦИЈА И СЕРВИС

Ако ви требаат информации, или ако имате проблем, Ве молиме контактирајте го Gorenje центарот за грижа на корисници во вашата земја (види телефонски број во меѓународната гаранција). Ако вашата земја нема таков центар, контактирајте го вашиот локален дилер или Gorenje, Gorenje делот за мали апарати за домаќинство.

Може да се јават разлики во нијансата на боите кај различни апарати или компоненти во една дизајнерска линија поради различни фактори, како на пример различни агли на гледање на апаратите, различно обоени заднини, материјалите и осветлувањето во просторијата.

Не е за комерцијална употреба!

Корисни совети како и дополнителни упатства за печење со микробранови можете да најдете на нашата web страна:

http://www.gorenje.mk

ГОЛЕМО УЖИВАЊЕ ПРИ КОРИСТЕЊЕТО НА МИКРОБРАНОВАТА ПЕЧКА ВИ ПОСАКУВА

ПОЧИТУВАН КУПУВАЧ

Само за лична употреба!

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : GORENJE

Модел : MO235SYB

Категорија : микробранова печка