BM1600WG - машина за леб GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот BM1600WG GORENJE во PDF формат.
| Tip na proizvod | Avtomatska mašina za leb |
| Marka | Gorenje |
| Model | BM1600WG |
| Napojuvanje | 230 V, 50 Hz |
| Broj na programi | 16 |
| Programi | Osnoven, Franciuski, Cel zito, Sladok, Ultra brz, Bez gluten, Brz, Kolaci, Mesenje, Testo, Testo za testenina, Jogurt, Džem, Pečenje, Domašni leb 1, Domašni leb 2 |
| Golemini na leb | 1125 g, 1350 g, 1600 g |
| Opcii za boja na kora | Svetla, Sredna, Temna |
| Tajmer za odloženo startuvanje | Do 15 časa |
| Funkcija za čuvanje na toplina | 1 čas avtomatski po pečenje |
| Memoriska funkcija | Go nastavuva programot vo ramki na 10 minuti od prekin na napojuvanje |
| Nivo na buka | Lc < 68 dB(A) |
| Pokrivka na kalupot za leb | Nelepiliva |
| Pribor | Merna lažička, merna šolja, kuka za nož za mesenje |
| Bezbednosni sertifikati | CE, WEEE |
| Tip na displej | LCD |
| Komandna tabla | Dopirlivi kopčinja so digitalen displej |
| Instrukcii za čištenje | Račno peri kalup za leb so vlažna krpa; ne koristete abrazivni sredstva ili mašina za sadovi |
| Spetsijalni karakteristiki | Domašno programiranje, funkcija za pauza, zvucno izvestuvanje za dodavanje sastojki |
Frequently Asked Questions - BM1600WG GORENJE
Прашања на корисниците за BM1600WG GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот машина за леб во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник BM1600WG - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. BM1600WG на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК BM1600WG GORENJE
Апарат за печење леб
Bread maker
Cuptor de paine
Kenyérre gyártó
Хляб машина
Хлібопіч
Pekáč
Domácí pekárna
Wypiekacz do chleba
Хлебопечка
Brotbackautomat
Pjekës Buke

Инструкции за употреба BG
Важни безбедносни упатства
Пред употреба на апаратот детално прочитајте ги упатствата за употреба.
- Чувајте ги упатствата, потврдата за гаранција, потврдата за уплатата и ако е можно, и амбалажата.
- Апаратот е наменет ислучиво за приватна употреба!
- Секогаш извадите го втакнувачот од приклучницата кога апаратот не го употребувате, кога наместувате додатни делови, кога апаратот го чистите и при какви било други пречки. Пред тоа исключите го апаратот. Секогаш повлечете го втакнувачот, а не кабелот.
- Да би ги заштитила децата од опасности од електрични апарати, никогаш не оставајте ги без надзор во близина на апаратот. Затоа апаратот наместите го така да деца немаат достап. Секогаш уверите се дека кабелот не виси надолу.
- Редовно проверувајте го апаратот и кабелот да не се оштетени. Ако откриете какво било оштетување, апаратот не употребувајте го.
- Апаратот не поправајте го сами, туку однесете го кај овластен стручњак.
- Заради безбедност мора расипан или оштетен втакнувач одделение за сервис или друго овластено лице да го замени со еднаков втакнувач.
- Апаратот и кабелот не наместувајте ги во близина на топлина, директна сончева светлина, влага, остри рабови и лично. Кабелот да не дојде во контакт со жежок апарат.
- Апаратот никогаш не употребувајте го ненадзирано. Кога апаратот не го употребувате, секогаш исключите го, иако само за момент.
- Употребувајте само оригинални додатни делови.
- Апаратот не употребувајте го на отворено.
-
Во никој случај апаратот не смеете да го ставите во вода или друга течност, ниту не смее да дојде во контакт со течност. Апаратот не ставајте го на мокра подлога! Апаратот не допирајте го со влажни или водени раце!
-
Ако апаратот дојде во контакт со вода, веднаш извлечетего втакнувачот од приклучницата. Не допирајте ја водата.
- Апаратот употребувајте го само за намени, означени на апаратот.
- Не употребувајте го апаратот со оштетен приклучок.
- Не допирајте делови на апаратот кои се движат или вртат.
- Апаратот наместите го на рамна подлога. Од сидот да биде оддалечен најмалку 5 см.
- При чистење не употребувајте агресивни средства за чистење.
- Приклучокот за гнетење исчистите го веднаш по употреба.
- Не допирајте ги жешките површини. Употребите рачки или дршки.
- Овој апарат можат да го користат деца кои веке наполниле 8 години, лица со намалени физички, сетилни или ментални способности како и лица кои немаат довольно искусство и знаење ако се под надзор или биле обучени како да го користат апаратот на безведен начин и ги разбрале опасностите кои можат да се појават. Децата мора постојано да се под надзор за да се осигурате дека тие не си играат со апаратот.
- Чистењето и корисничкото одржувањето не треба да го изведуваат деца кои не наполниле 8 години и кои не се под надзор.
- Ако сакате садот за печење да го извадите од апаратот, не удирајте по него или по неговите рабови, бидејки тоа може да го оштети.
- Во апаратот не ставајте алуминиумски фолии или други материјали, бидејки тоа може да го повиши ризикот од настанување пожар или краток спој.
- Апаратот никогаш не покривајте го со крпа или слични материјали, бидејки со тоа на топлината и парата им оневозможувате слободен премин од апаратот. Ако е апаратот покриен или дојде до контакт со запалив материјал, може да дојде до пожар.
- Апаратот не прилучувајте го на надворешен временски прекинувач или систем за далечинско управување, да не предизвикате опасност.
- Ниво на бука: Lc < 68 dB (A)
Оваа опрема е означена согласно европската директива 2012/19/EU за отпадна електрична и електронска опрема (waste electrical and electronic equipment - WEEE). Директивата определува барања за собирање и постапување со отпадна електрична и електронска опрема, кои важат во целата Европска Унија.
Проверите го садот за печење леб и исчистите го пределот за печење. Не употребувајте остри предметии и не тријте! Садот за печење леб е обложен со материја против лепење. Садот за печење леб намачкајте го со маснотија и 10 минути печите празен. Притоа се развива непријатна миризба по ново, затоа отворите прозорец да ја проветрите просторијата. Потоа повторно исчистите го. На оската на дното од садот наместите приключок за гнетење тесто.
Електричен приклучок:
Апаратот може да биде приключен само на правилно наместена 230V \~ 50Hz приклучница. Кога го приключите апаратот, Ѽе слушнете краток писок и на екранот по кратко време Ѽе се појави "3:00". Двете точки меѓу 3 и 00 не се сето време запалени. Апаратот е подготвен за употреба и автоматски дотеран на програма 1 (вообичаена положба), меѓутоа уште не почнал да работи.
Функции и работење
Надзорна плоча

- Капак
- Контролно прозорче
- Сад за леб
- Лопатка за мешање
- Надзорна плоча
- Ку́киште
- Мерна лажица
- Мерна чаша
- Кука
(Изгледот на екранот може да се промени без претходно предупредување.)

Start/stop
Со притиснување на ова копче će включите или запрете избрана програма за печење Програма за печење će включите со притиснување на копчето "START/STOP". Ке слушнете краток писок, двете точки на покажувачот će почат да трепкаат и програмата će почне да се изведува. Кога програмата почне да се изведува, će биде оневозможено работењето на сите копчиња, освен копчето START/STOP.
Ако сакате да ја запрете програмата, притисните го копчето "START/STOP" (притисокот да трае 3 секунди). Кога ће слушнете писок, програмата е запрена.
Пауза
Кога програмата почне да се изведува, можете да го притисните копчето START/STOP и програмата ће биде привремено запрена, ама дотерувањето ће остане во споменот, а времето
Избирање програма
Во менито (menu) изберете сакана програма за печење. Со секое притиснување, кое го прати краток писок, ќе ја промените програмата за печење. Ако на копчето притискате едноподруго, на покажувачот LCD ќе се наредат сите 16 расположиви програми за печење. Изберите сакана програма. Функциите на сите програми се објаснети во продолжението.
- Основен: месење, стасување и печење стандарден леб. Може да се додадат други costoјки, за да се подобри вкусот.
- Француски: месење, стасување и печење со продолжено време за стасување. Лебот испечен со оваа програма има покрцкава корка и поделикатна текстура.
- Пченкарен: месење, стасување и печење пченкарен леб. Не се препорачува да се даде команда за одложен почеток на процесот, зашто тоа може да доведе до полоши резултати.
- Сладок: месење, стасување и печење сладок леб. Може да се додадат други состојки, за да се подобри вкусот.
- Ултра брз: месење, стасување и печење на една векна леб се завршува многу брзо. Нормално, векната е помала и има погруба текстура од лебот испечен со програмата „БРЗО (QUICK)“.
- Без глутен: месење, стасување и печење на леб без глутен.
- Брз: со оваа програма, не се препорачува дотерување на големината на векната леб и одложување на почетокот на процесот. Месењето, стасувањето и печењето леб завршува побрзо одошто со основната програма. Векните леб испечени со оваа програма обично се помали и имаат погруба текстура.
- Колачи: месење, стасување и печење колачи. Користете сода бикарбона или прашок за печива како агенс за тестото да биде лиснато.
- Месење: месење на брашното и на другите состојки.
- Тесто: месење и стасување, без печење. Земете го тестото од тепсијата за печење леб и направете земички, кифли, пица, итн.
- Тесто за тестенини: месење
- Jogurt: правење jogurt
- Слатко: варење слатка (џем, мармалад, итн.). Пред да го ставите овошјето во тепсијата за печење, исечкајте го.
- Печење: само печење, без месење и стасување. Ова може да се користи и за процесите со продолжено време на печење, без дотерување на процесот.
- Домашен леб 1: овозможува програмирање од страна на корисникот: корисникот може да ги менува фабричките дотерувања за месење, стасување, печење и топлење, за секој од чекорите.
- Домашен леб 2: овозможува програмирање од страна на корисникот: корисникот може да ги менува фабричките дотерувања за месење, стасување, печење и топлење, за секој од чекорите.
Во програмата Домашен леб
a) Притиснете го копчето „ДОМАШЕН (HOME MADE)" еднаш (и држете го притиснато 2 секунди). На екранот се појавува "МЕСЕЊЕ1 (KNEAD1)". Притиснете го копчето „+” или „-” и дотерајте го времето во минути. Потоа, притиснете го повторно копчето „ДОМАШЕН (HOME MADE)", за да го потврдите дотераното време за овој чекор.
b) На екранот се појавува „СТАСУВАЊЕ1 (RISE1)“. Притиснете го копчето „+” или „-” и дотерајте го времето во минути. Бројот на минути се зголемува побргу доколку го притиснете и го држите копчето притиснато. Потоа, притиснете го повторно копчето „ДОМАШЕН (HOME MADE)“, за да го потврдите дотераното време
с) Повторете ги останатите чекори на истиот начин. Кога ће завршите со програмирањето, притиснете го копчето „СТАРТ/СТОП (START/STOP)" за да го затворите менито за дотерување.
d) Притиснете го повторно копчето „СТАРТ/СТОП (START/STOP)" за да ја почнете постапката.
Boja (colour)
Со притиснување на ова копче можете да дотерате СВЕТЛА, СРЕДНА или ТЕМНА боја на кората. Со дотерувањето „БРЗО(RAPID)" програмата їе трае пократко.
ГОЛЕМИНА НА ВЕКНАТА (loaf size)
Со притиснување на ова копче єе одредите големина на векната. Целосното време на работење може да се променува со оглед на различни големини на векните.
ЗАДОЦНУВАЊЕ ("+, -")
Ако сакате апаратот да не почне веднаш да работи, туку подоцна, со притиснување на ова копче ће дотерате временско задоцнување на вклучувањето.
Со притиснување на копчето "+,-" ќе изберете час, кога сакате да е лебот печен. Времето на задоцнување мора да го вклучува и времето за печење на поединечна програма. Тоа значи, кога времето на задоцнување заврши, ќе имате печен леб на маса. Најпрвин изберите програма и боја на кората, потоа притисните "+,-", да го продолжите временското задоцнување. Со секое притиснување го продолжувате времето за 10 минути. Најдолго можно временско задоцнување е 15 часа.
Пример: Часот ее 20.30, а вие сакате печен леб во 7.00 наутро наредниот ден. Временско задоцнување морате така да го дотерате на 10 часов и 30 минути. Изберите програма, големина на векната, а потоа едноподруго притискајте на на копчето "+,-" додека на покажувачот не се испише 10:30. Потоа притисните го копчето STOP/START, да активирате програма на временско задоцнување. Двете точки трепкаат, а на покажувачот се одбројува времето. Во 7.00 наутро на вас će чека свеж леб. Ако не сакате веднаш да го извадите, на топло će остане уште 1 час по завршеното печење.
Ве предупредуваме да во случај на избирање подолго временско задоцнување не употребувајте какви било расипливи состојки, како што се јајца, свежо млеко, овошје, кромид и сл.
ОДРЖУВАЊЕ НА ТОПЛО
Леб можете автоматски да чувате на топло еден час по завршеното печење. Ако сакате лебот за време чување на топло да го извадите од апаратот, пред тоа исклучите ја програмата со притиснување на копчето START/STOP.
СПОМЕН
Ако за време изведување на програмата за печење леб дојде до пречки во електричната инсталација, програмата автоматски ће почне да се изведува најпрвин по 10 минути, и ако копчето "START/STOP" не го притисниме. Ако пречката трае подолго од 10 минути, избраната програма нема да се зачува во споменот. Во овој случај отстраните ги состојките од садот за леб, во него сипете нови и повторно включите го апаратот за печење леб. Ако пречката се случи пред да почне тестото да нараснува, едноставно повторно притисните го копчето "START/STOP" и програмата ће почне да се изведува повторно од почетокот.
СОБНА ТЕМПЕРАТУРА
Апаратот може да работи нормално во голем температурен распон на околината во која се наоға, меѓутоа може да дојде до различни големини на векните, ако се печени во многу ладна или многу топла соба. Препорачуваме собна температура меѓу 15 и 34°C.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ НА ЕКРАНОТ:
- Ако по притиснување на копчето START/STOP на покажувачот пише "Н НН", собната температурата е превисока. Во овој случај запрете ја програмата. Отворите го капакот и почекајте 10 до 20 минути, апаратот да се олади.
- Ако по притиснување на копчето "START/STOP" на покажувачот пише "L LL", (освен при програмата Печење), температурата во апаратот е прениска (5 писоци). Отворите го капакот и пуштите го апаратот да почива 10 до 20 минути, да се загрее на собна температура.
- Ако по притиснување на копчето START/STOP на покажувачот пише "E E0" или "E E1", тоа значи дека сензорот за температура не работи добро. Во овој случај ве молиме сензорот за темпераатура да го прегледа овластен сервисер.
- Садот за леб ставите го на свое место. Лопатката за мешање фиксирајте ја на оската. Препорачуваме лопатката пред фиксирање на оската да ја намачкате со маргарин, отпорен на температура, да на неа не би се лепило тестото, а истовремено многу полесно ље ја извадите лопатката од печениот леб.
- Состојките сипете ги во садот за леб. Внимателно следете го редоследот на упатствата во рецептот. Обично најпрвин тураме вода или друга течност, потоа додаваме шекер, сол и брашно, а секогаш дури на крајот їе додадеме квасец или прашок за печиво

Известие: најголема дозволена количина брашно или квасец е запишана во рецептот
- На врвот од брашното со прст направите мало дупче, во него ставите квасец и внимавајте да не дојде во контакт со течноста или солта.
- Претпазливо затворите го капакот на апаратот и ставите го втакнувачот во приклучницата
- Притисните на копчето »Мепи« и изберите сакана програма за печење.
- Притисните го копчето COLOR и изберите сакана боја на кората.
- Притисните го копчето LOAF SIZE (векна) и изберите сакана големина на векната (1125g. 1350g или 1600g).
- Притисните на копчето "+,-" и дотерајте временско задоцнување. Ако сакате веднаш да почне да се пече лебот, пропуштите го овој чекор.
-
Притисните го кпчето START/STOP, да апаратот почне да работи.
-
Кај програмите 1-7 за време работење ќе се слушне писок, што е знак да морате тогаш да додадете состојки. Отворите го капакот и сипете сакани состојки. Можеби низ вентилацискиот отвор за време печење ќе излезе нешто пара, а тоа е сосема нормално.
-
По завршено печење ке слушнете 10 едноподруго писоци. Тогаш можете да го притисните копчето "START/STOP" (2 секунди), да го запрете печењето и од апаратот го извадите
печениот леб. Отворите го капакот, со кујнски ракавици завртите го садот за леб во спротивна насока од стрелката на часовникот и извадите го садот за леб од апаратот. Предупредување: садот за леб може да биде многу жежок! Бидете претпазливи и заштитите се од изгореници.
- Пред да го извадите лебот од садот за леб, нека се олади садот. Со лопатките нежно одвоите го лебот од рабовите на садот.
- Садот за леб обрнете го надолу на метална жичена решетка или па исчистите ја работната површината и нежно затресете го садот, да лебот сам испадне.
- Пред да го нарежете лебот, нека се лади приближно 20 минути. Ви препорачуваме лебот да го нарежете со електрична резачка или запчест рачен нож за леб, а не со нож за овошје или кујнски нож, бидејки можеме да нарежеме нерамномерни и искинати парчиња.
- Ако по завршено печење не сте во близина на апаратот да би го ислучиле со притиснување на копчето "START/STOP", апаратот автоматски їе го одржува лебот на топло уште приближно еден час. Кога їе заврши времето на одржување на топло, їе слушнете 10 едноподруго писоци.
- По завршеното печење, односно кога апаратот за печење леб не е во употреба, исключите го од електричната инсталација.
Известие: Пред да ја нарежете векната, употребите ја куката со која ће ја отстраните лопатката за мешање, скриена на дното од векната. Векната е жешка, затоа лопатката не отстрнаувајте ја со гола рака, употребите кујнски ракавици или некоја друга заштита за раце.
Совет: Ако не го изедете лебот докрај, ви советуваме чување на преостанатиот леб во непропустлива пластична кесичка или сад за чување леб. Лебот можете да го чувате уште три дена на собна температура. Ако го чувате повеće од три дена, ставите го во затворена пластична кесичка или сад и ставите во ладилник. Таму će се зачува уште најмалку 10 дена. Бидејки дома направлен леб не содржи конзерванси, не може да остане свеж подолго од оној од продавница.
РЕЦЕПТИ
Легенда:
tbsp = супена лажица
tsp = кафена лажичка
Сув квасец (1 пакување од 7 g) = свеж квасец (1 пакување од 25 g)
| 1. ОСНОВЕН | 1125 g | 1350 g | 1600 g |
| Вода | 420 ml | 480 ml | 560 ml |
| сол | 2 tsp | 3 tsp | 3 tsp |
| Шекер | 2 tbsp | 4 tbsp | 4 tbsp |
| Масло | 3 tbsp | 4 tbsp | 4 tbsp |
| Брашно | 700 g | 840 g | 980 g |
| Квасец | 5 g | 6 g | 7 g |
| 2. ФРАНЦУСКИ | 1125 g | 1350 g | 1600 g |
| Вода | 420 ml | 480 ml | 560 ml |
| сол | 2 tsp | 3 tsp | 3 tsp |
| Шекер | 2 tbsp | 2 tbsp | 2 tbsp |
| Масло | 3 tbsp | 4 tbsp | 4 tbsp |
| Брашно | 700 g | 840 g | 980 g |
| Квасец | 5 g | 6 g | 7 g |
| 3. ПЧЕНКАРЕН | 1125 g | 1350 g | 1600 g |
| Вода | 420 ml | 480 ml | 560 ml |
| сол | 2 tsp | 3 tsp | 3 tsp |
| Шекер | 2 tbsp | 2 tbsp | 2 tbsp |
| Масло | 3 tbsp | 4 tbsp | 4 tbsp |
| Брашно | 700 g | 840 g | 980 g |
| Квасец | 5 g | 6 g | 7 g |
| 4. СЛАДОК | 1125 g | 1350 g | 1600 g |
| Вода | 410 ml | 460 ml | 540 ml |
| сол | 1 tsp | 1.5 tsp | 2 tsp |
| Шекер | 5 tbsp | 6 tbsp | 7 tbsp |
| Масло | 3 tbsp | 4 tbsp | 4 tbsp |
| Брашно | 700 g | 840 g | 980 g |
| Квасец | 5 g | 6 g | 7 g |
| 5. УЛТРА БРЗ | 1125 g | 1350 g | 1600 g |
| Вода | 520 ml | / | / |
| сол | 2 tsp | / | / |
| Шекер | 2 tbsp | / | / |
| Масло | 3 tbsp | / | / |
| Брашно | 840 g | / | / |
| Квасец | 7 g | / | / |
| 6. БЕЗ ГЛУТЕН | 1125 g | 1350 g | 1600 g |
| Вода | 500 ml | 560 ml | 640 ml |
| сол | 2 tsp | 2 tsp | 3 tsp |
| Шекер | 3 tbsp | 3 tbsp | 4 tbsp |
| Масло | 3 tbsp | 3 tbsp | 4 tbsp |
| Брашно | 700 g | 800 g | 900 g |
| Квасец | 5 g | 6 g | 7 g |
| 7. БРЗ | 1125 g | 1350 g | 1600 g |
| Вода | 430 ml | 520 ml | 610 ml |
| сол | 2 tsp | 2 tsp | 3 tsp |
| Шекер | 3 tbsp | 3 tbsp | 4 tbsp |
| Масло | 3 tbsp | 3 tbsp | 4 tbsp |
| Брашно | 700 g | 840 g | 980 g |
| Квасец | 7 g | 8 g | 9 g |
| 13. МАРМАЛАД | / | / | / |
| Овошје | 900 g | / | / |
| Шекер за ўем, во сооднос 2:1 | 500 g | / | / |
Смена на проблеми
| ПРОБЛЕМ | ПРИЧИНА | РЕШЕНИЕ |
| Векната нараснува и потоа се сплеснува. | - 1-2 лажичиња помалку вода/млеко, употребите поладна вода- 14 лажица повеće сол- 1-2 лажици повеće брашно, употребите свежо брашно, упоребите прав вид брашно- 18-14 лажица помалку квасец, употребите свеж квасец, употребите прав вид квасец при правилно дотерување | |
| Векната премногу нараснува. | - премногу додаден квасец- премногу брашно или неправилен тип на брашно- премалку сол- течноста доаға во контакт со квасецот пред месење | - 1-2 лажичиња помалку вода или млеко, употребите поладна вода- 14 лажица повеće сол- 12 лажица помалку шекер или мед- 1-2 лажици помалку брашно- 18-14 лажица помалку квасец, употребите прав вид при правилно дотерување |
| Векната премалку нараснува. | - премалку квасец- квасецот е престар или сте употребиле погрешен тип- премногу или премалку вода, односно течност- капакот бил отворен за време програмата Нараснување- сте употребиле погрешен тип брашно или старо, односно мувлосано брашно- течноста била преладна или прежешка- сте заборавиле да додадете шеќер | - 1-2 лажици повеće вода или млеко- 14 лажиче помалку сол- 12 лажица повеće шекер илимед- употребите свежо брашно, употребите прав вид брашно- 18 - 14 лажица повеće квасец, употребите свеж квасец, употребите прав вид квасец при правилно дотерување |
| Векната е мала и тешка. | - употребите свежо брашно, употребите прав вид брашно- додадете квасец, употребите свеж квасец, употребите прав вид квасец при правилно дотерување | |
| Кората е пресветла. | - 12 лажица повеće шечер или мед- изберите соодветни дотерувања | |
| Векната е премалку печена. | - изберите соодветни дотерувања | |
| Векната е премногу печена. | - 12 лажица помалку шеќер или мед- изберите соодветни дотерувања | |
| Мешавината за леб не е смешана. | - правилно наместите го садот за леб, лопатката за месење правилно притисните ја на вратилото во садот за леб | |
| Приспособување на големо н.в. | - 1-2 лажици помалку вода или млеко- 12 лажица помалку шеќер или мед- 18 - 14 лажиче помалку квасец | |
| Векната воопшто не нараснува. | -можеби сте заборавиле да додадете квасец, или па тој бил стар, односно мувлосан- квасецот бил уништен штом дошол во контакт со солта или со додадената прежешка состојка- течноста доаға во контакт со квасецот пред гнетење | - квасецот би требало да биде употребен во 48 часа по отворање на амбалажата и да не би бил употребен по истечување на неговиот рок на траење- секогаш додавајте ги сите состојки по редоследот како што пишува во рецептот и течност во почетокот, а квассец на крајот- употребувајте само млачни состојки |
| Полнозрнестиот леб е понизок. | - за леб од полнозрнесто брашно тоа е нормално и таковлеб има и погуста структура | - за полесна структура употребите 50% од полнозрнест рецепт |
| Полнозрнестиот леб понекогаш има брчкав или распукан врв. | - тоа е типично за полнозрнест леб во вашиот апарат за печење леб, влијание на глутенот во процесот на гнетење, нараснување и печење. | - употребувајте програма за Брзо печен полнозрнест леб, кој има пократко време на нараснување- едноставна надворешност не влијае на вкусот и квалитетот на лебот |
| Векната има голема воздушна дупка во средината или па е кората расцепена. | - течноста доаға во контакт со квасецот пред месење | - секогаш додавајте состојки во правилен редослед како што пише во рецептот и квасец на крајот- кога употребувате опција Задоцнет почеток, уверите се дали е квасецот во средината на садот |
| Голем, грутчест леб. | - премногу течност- премалку квасец- премногу брашно- стари состојки или погрешен тип брашно | - смалите ја течноста наеднаш за 1-2 лажици, употребувајте точни мерки- зголемите го квасецот наеднаш за 1⁄4 лажиче- смалите го количеството на брашно- употребите свежи состојки |
| Влажен, премногу дупчест леб. | - премногу течност- премалку додадена сол. | - употребите точни мерки- при висока влага употребите помалку вода- различни серии на брашно можат да барат помалку течност |
| Воздушно меурче под кората. | - тестото било слабо смешано | - на жалост тоа се случаува при единствени прилики; ако тоа се повторува, додадете додатно лажица течност. |
| По притиснување на копчето "start/stop" на покажувачот ке се покаже "Н:НН". | - температурата во вашиот апарат е превисока за печење леб | - притисните го копчето "start/stop" и исклучите го вашиот апарат од струјата; потоа садот за печење леб извадите го од апаратот и оставите го капакот отворен додека не се олади апаратот |
ПОСЕБНИ ПРЕПОРАКИ
1. За брзи лепчиња
Брзи лепчиња ќе замесиме со прашок за печиво или сода бикарбона, кои ги активираат влага и топлина. За приготвување потполно брзи лепчиња ви советуваме да сета течност ја турите на дното од садот за леб и на врвот ги сипете сите суви состојки (брашно, шекер, сол). За време почетното мешање на состојките за брзи лепчиња по рабовите на садот може да се насоберат брашнени грутчиња. Ако сакате тоа да го избегнете, помагајте му на апаратот да тие грутчиња добро ги измеша.
Чистење и одржување:
Пред чистење апаратот за печење исключите го од електричната мрежа и оставите го да се олади.
- сад за печење леб: Внатрешниот и надворешниот дел на садот исчистите го со влажна крпа. Не употребувајте груби или агресивни средства за чистење. Не мијте го садот за печење во машина за садови.
- приклучок за месење: Ако приклучокот за месење тешко се отстранува од оската, садот за печење леб најпрвин наполните го со вода.
- капак и прозорче: Со влажна крпа исчистите го внатрешниот и надворешниот дел од апаратот за печење леб и капакот.
Апаратот е во согласност со директивите СЕ со облед на отстранување радиски пречки и нисконапонска безбедност и ги исполнува важечките барања со оглед на безбедност.
ЖИВОТНА СРЕДИНА
Апаратот по истекување на векот на траење не фрлајте го заедно со вообичаени отпадоци од дома Kinство, туку оставите го во официјално собирно место за рециклирање. Со тоа ќе придонесете да се зачува животната средина.
ГАРАНЦИЈА И СЕРВИС
За информации или во случај на тешкотии обратите се до центарот на Gorenje за помош на корисници во вашата држава (телефонски број їе најдете во међународниот гарантен лист). Ако во вашата држава нема таков центар, обратите се до локалниот продавач на Gorenje или до одделение за мали апарати за домаćинство на Gorenje.
Само за лична употреба!
GORENJE
Си придржуваме право до измени!
EN
Само за лична употреба!