MMC1500PS - кујнски робот GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот MMC1500PS GORENJE во PDF формат.

GORENJE MMC1500PS - кујнски робот
📄 64 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice GORENJE MMC1500PS - page 13
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Вид на производКујнски робот
БрендGorenje
МоделMMC1500PS
Номинална моќност1500 W
Напон / Фреквенција220-240 V ~ 50/60 Hz
Капацитет на садот5 L
Материјал на садотНерѓосувачки челик
Број на брзини6 брзини + пулсна функција
Вклучени додатоциМаталка, кука за месење, миксер
Главни функцииМешање, месење, матење, сечкање
Димензии (Д x Ш x В)400 x 250 x 300 mm
Нето тежина7,5 kg
Должина на кабелот1,2 m
Материјал на куќиштетоABS пластика и нерѓосувачки челик
БојаБела / Црна
Тип на контролаЕлектронска со LED дисплеј
БезбедностЗаклучување на садот, заштита од преоптоварување
Анти-лизгачки ногаркиДа
ЧистењеСадот и додатоците може да се мијат во машина за садови
Гаранција2 години
ПоправливостДостапни резервни делови
Земја на производствоСловенија

Често поставувани прашања - MMC1500PS GORENJE

Како да го составите кујнскиот робот MMC1500PS?
Поставете го садот на основата, свртете го додека не се заклучи. Вметнете го саканиот додаток (маталка, кука за месење или миксер) притискајќи и благо вртејќи. Спуштете ја раката и заклучете ја. Приклучете и изберете брзина.
Кои додатоци се вклучени со MMC1500PS?
Роботот доаѓа со маталка за јајца и крем, кука за месење за тесто со квасец и миксер за лесни подготовки.
Може ли да сечкам мраз со овој робот?
Не, роботот не е дизајниран за сечкање мраз. Додатоците не би го издржале ударот. Користете соодветен блендер.
Како да го исчистам садот и додатоците?
Одвојте ги деловите и измијте ги со топла сапуница или во машина за садови (горната корпа). Избришете ја основата со влажна крпа. Никогаш не потопувајте ја основата.
Што да правам ако роботот застане за време на употреба?
Системот за заштита од преоптоварување може да се активирал. Исклучете го, отстранете дел од товарот, оставете да се излади неколку минути, а потоа рестартирајте.
Која брзина да се користи за месење на лебно тесто?
Користете брзина 1 или 2 (бавна) со куката за месење. Високите брзини би го оштетиле моторот и тестото.
Дали роботот е бучен?
Нивото на бучава е умерено (околу 75 dB). Користете го на стабилна и анти-лизгачка површина за да ги намалите вибрациите.
Како да го складирате кујнскиот робот?
Исчистете и исушете ги сите делови. Намотете го кабелот околу основата. Чувајте ги додатоците во садот или во фиока. Избегнувајте влажни места.
Каде да најдам резервни делови?
Контактирајте ја службата за поддршка на Gorenje или овластен продавач. Делови како садот, додатоците и заптивките се достапни.
Што покрива гаранцијата?
Гаранцијата од 2 години покрива фабрички грешки и дефекти на материјали. Не покрива нормално абење, оштетувања од неправилна употреба или потрошни делови.

Прашања на корисниците за MMC1500PS GORENJE

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Вашата е-пошта останува приватна: се користи само за да ве известиме ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот кујнски робот во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник MMC1500PS - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. MMC1500PS на марката GORENJE.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК MMC1500PS GORENJE

MK Упатства за употреба 12

EN Instruction manual 15

BG Инструкции за употреба 18

RO Manual de utilizare 22

  1. Прекинувач за дотерување брзина
  2. Копче за ослободување на повеќефункциската глава
  3. Отстранлив капак на погонот на приклучоци за мелење
  4. Копче за ослободување на куќиштето на лопатката
  5. Погон на приклучоци за мелење
  6. Капак на чинијата
  7. Чинија што не 'рѓосува
  8. Повеќефункциска глава
  9. Матилка
  10. Лопатка за мешање
  11. Кука за тесто

Опасност

Не го ставајте моторот на апаратот во вода и не го плакнете под чешма.

Мерки на претпазливост

  • Внимателно прочитајте ги инструкциите пред користење на апаратот.
  • Исклучете го апаратот пред ставање и вадење на додатокот.
  • Држете ги прстите подалеку од подвижните делови и отворањето на додатокот.
  • Користете го апаратот само за наменетата домашна употреба. Производителот не сносува никаква одговорност доколку апаратот е предмет на несоодветна употреба или непридржување до инструкциите.
  • Проверете дали волтажата на апаратот се совпаѓа со вашиот електричен систем.
  • Секоја грешка во поврзувањето ја поништува гаранцијата.
  • Апаратот треба да биде приклучен во заземјен приклучок за струја.
  • Доколку користите електричен продолжен кабел, истиот треба да биде заземјен и да се осигурате никој да не се сопне од него.
  • Исклучете го апаратот од приклучокот за струја кога ќе завршите со употреба и пред чистење.
  • Не го користете додатокот и/или апаратот ако е оштетен. Контактирајте го овластениот сервис.
  • Секоја дополнителна работа на апаратот освен одржувањето и чистењето треба да биде извршена од страна на овластен сервис.
  • Не го потопувајте апаратот, кабелот или приклучокот во вода или во друга течност.
  • Не го оставајте кабелот да виси во близина на деца, да биде во близина или во допир со топлите делови на апаратот, друг извор на топлина или остар раб.
  • Исклучете го апаратот и извадете го приклучокот од струја пред да ги смените додатоците или да се доближите до подвижните делови.
  • Не ги допирајте маталката, сечилото за миксер или куката за месење додека апаратот работи.
  • Додатоците користете ги еден по еден.
  • Не го користете апаратот повеќе од 5 минути без прекин. Оставете

го 30 минути на пауза пред повторно да го употребите.

  • Апаратот може да го користат и личности со намалени физички, сензорни и ментални способности или недостаток на искусство и знаење доколку се под надзор за безбедна употреба на апаратот и доколку ја разбираат потенцијалната опасност.
  • Децата треба да бидат под надзор за да не си играат со апаратот.
  • Доколку кабелот за напојување е оштетен, истиот треба да се замени од произведувачот, сервисерот или слично овластено лице за да се избегне опасност.
  • Децата не треба да го користат апаратот. Чувајте го апаратот и каблите подалеку од дофат на деца.
  • Децата не треба да си играат со апаратот или да извршуваат задачи за одржување без надзор.
  • Не го користете апаратот доколку ротирачкото сито или заштитниот капак е оштетен или има видливи пукнатини.
  • Овој апарат е наменет за домашна употреба • Гласност: 82 dB (A)

Овој апарат е означен според Европската директива 2012/19/ЕУ за отпад од електрична и електронска опрема (WEEE). Ова упатство претставува рамка за европската валидност за враќање и рециклирање на отпад од електрична и електронска опрема.

Мерки на претпазливост

Секогаш поставувајте го апаратот на рамна и стабилна површина.

Не го држете цитрусниот држач подолго од 10 минути без прекин.

Овој апарат е наменет исклучиво за домашна употреба.

Никогаш не користете додатоци или делови од други производители, освен ако не се овластени од Горење. Во случај да ги користите гореспоменатите делови, гаранцијата ќе биде поништена.

Пред употреба

Исчистете ги сите одделни делови кога го употребувате апаратот за прв пат (видете Чистење).

Проверете дали апаратот е правилно составен пред да го приклучите во приклучокот за струја (видете Генерален опис).

Приклучете го приклучокот во штекер.

Употреба на апаратот

Во зависност од природата на состојките, садот (7) со капакот може да се користи за подготовка на 1 килограм смеса.

Притиснете го нагоре копчето за ослободување на мултифункционалната глава (8), подигнете ја главата и потоа ставете го садот (7) во апаратот, вртејќи го додека не се намести на положбата.

Претходно ставете ги состојките во садот.

Покријте го садот од нерѓосувачки челик со капакот и ставете го сечилото за миксер, куката за месење или маталката (во зависност од густината која ја преферирате).

Притиснете ја надолу мултифункционалната глава (8) на апаратот додека не слушнете кликање.

За време на подготовката може да додавате состојки низ отворот во капакот.

За да го прекинете работењето на апаратот, свртете го копчето (1) на 0.

Пред првата употреба, исчистете ги сите делови на додатоците со сапуница и вода, исплакнете и исушете ги.

Ставете го апаратот на рамна, чиста и сува површина и потоа приклучете го.

Чистење

  1. Извадете го апаратот од приклучокот за струја.
  2. Никогаш не го ставајте моторот под вода или под чешма. Избришете го со сува или полувлажна крпа.
  3. За полесно чистење, набрзина исплакнете ги додатоците по употреба. Целосно извадете го додатокот за миксер. Внимателно ракувајте со сечилата бидејќи некои од нив се остри.
  4. Ако додатоците се обоени од храна (моркови, портокали), нежно избришете ги со кујнска крпа потопена во масло за готвење и потоа исчистете ги на вообичаениот начин.
ДодатокХранаМаксимално количествоВреме на обработкаБрзиниПодготовка
МаталкаКрем (38% масти)500 ml3-5 минути5-6/
Бело јајце12 парчиња3 минути5-6/
Кука за месењеБрашно450 gОбработка 1 минута и 30 секунди на минимална брзина, и потоа уште 3 минути и 30 секунди на I брзина. Не го користете апаратот повеće од 5 минути./
Сол5 g
Квасец7 g
Шеќер3 g
Вода (43°C)312 ml
Свинска маст7 g
Сечило за миксерБрашно200 g5 минути3-4/
Шеќер во прав200 g
Маргарин200 g
Јајца4 парчиња

Околина

Овој симбол означува дека овој

производ не треба да се фрла

заедно со останатиот отпад од

домаќинството на територијата на ЕУ. За

да се спречи потенцијална штета на околината и човековото здравје од неконтролиран отпад, се препорачува одговорно да го рециклирате за да промовирате одржлива повторна употреба на материјалните ресурси. За да го вратите употребуваниот апарат, ве молиме да ги користите системите за враќање и собирање или контактирајте го продавачот од каде што сте го купиле производот. Тие можат да го однесат овој производ на безбедно рециклирање.

Го задржуваме правото на промени!

GORENJE MMC1500PS - Околина - 1

Гаранција и сервис

Доколку ви е потребна информација или имате проблем, ве молиме контактирајте го Горење центарот за грижа на корисници во вашата земја (телефонскиот број ќе го најдете во меѓународната гаранција). Доколку нема центар за грижа на корисници во вашата земја, обратете се до локалниот дилер на Горење или контактирајте го одделот за домашни апарати на Горење.

Само за лична употреба!

Само за лична употреба!

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : GORENJE

Модел : MMC1500PS

Категорија : кујнски робот