FREESTYLE II - Прашалник GORENJE - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот FREESTYLE II GORENJE во PDF формат.
| Тип на производ | Правосмукалка со резервоар |
| Бренд | Gorenje |
| Модел | FREESTYLE II |
| Димензии (Д x Ш x В) | 400 mm x 250 mm x 300 mm |
| Тежина | 5.2 kg |
| Напојување | 220-240 V, 50-60 Hz |
| Потрошувачка на енергија | 2000 W |
| Капацитет на сад за прав | 2.0 L |
| Систем за филтрација | HEPA 13 Filter |
| Без кеса | Да |
| Променлива контрола на моќност | Да, електронска |
| Должина на кабел | 6 m |
| Работен радиус | 8 m |
| Ниво на бучава | 78 dB(A) |
| Вклучени додатоци | Алатка за тесни простори, четка за тапацир, четка за прашина |
| Одржување | Испразнете го садот за прав по секоја употреба; измијте го филтерот на секои 3 месеци |
| Сигурносни карактеристики | Заштита од термичко преоптоварување, автоматско исклучување |
| Поправливост | Достапни резервни делови: филтри, црево, тркала, мотор |
Често поставувани прашања - FREESTYLE II GORENJE
Прашања на корисниците за FREESTYLE II GORENJE
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот Прашалник во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник FREESTYLE II - GORENJE и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. FREESTYLE II на марката GORENJE.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК FREESTYLE II GORENJE
МК Упатства за употреба ....19
BG Инструкции за употреба 51
Важни предупредувања
При употреба на правосмукалката треба секогаш да ги почитувате следните совети: Детално прочитајте ги овие упатства и употребувајте го апаратот во согласност со нив. // Пред да го користите апаратот за прв пат, отстранете ги сите заштитни фолии или пластика. // Никогаш не оставајте ја правосмукалката без надзор при употреба. // Пред употреба на апаратот, внимателно склопете ги сите негови делови. // Користете го апаратот само во затворени и суви простории. // Користете го апаратот исклучиво со деловите препорачани од производителот. // Не употребувајте го апаратот доколку е испуштен на земја, доколку е оштетен, доколку сте го чувале надвор или доколку ви паднал на земја или сте го потопиле во вода. // Редовното чистење може да го продолжи работниот век на апаратот. // Внимавајте косата, лабавите делови од облеката, прстите или други делови од телото да не дојдат во контакт со отворите за проток на воздух или со подвижните делови на апаратот. // Апаратот е во согласност со сите потребни стандарди во врска со електрична струја и за радио интерференции. // Апаратот не е наменет за употреба од деца или лица со нарушени физички или психолошки способности. Овој апарат може да го користат деца на возраст од 8 години и повеќе, како и лица со намалени физички, сетилни или ментални способности или лица без искуство или знаење, доколку истите се под надзор во текот на користењето на апаратот или доколку им се дадени соодветни упатства во врска со користење на истиот на безбеден начин и доколку ги разбираат опасностите. Децата треба да бидат под надзор додека го користат апаратот и не им дозволувајте да си играат со него. // Децата не треба да чистат или да го одржуваат апаратот, освен доколку не се постари од 8 години и тоа го прават под надзор. // По употреба исклучете го апаратот.
Опасност
Не потопувајте го главниот дел/апаратот или основата за полнење во вода или било која течност и не ги плакнете под млаз вода.
Посебни предупредувања
Пред приклучување на апаратот или основата за полнење со кабелот за напојување, проверете дали наведениот напон одговара на напонот на струјната мрежа во вашиот дом. // Не користете оштетена правосмукалка или основа за полнење (или адаптер – во зависност од моделот на правосмукалката). // Доколку струјниот кабел (или адаптер) е оштетен, заменете го исклучиво со оригинални резервни делови со цел да избегнете опасност. // Трансформатор е вграден во адаптерот. Отстранување или замена на адаптерот со друг не е дозволено, бидејќи тоа може да доведе до опасна ситуација. // Полнете ја правосмукалката исклучиво со испорачаниот адаптер или основа за полнење. Адаптерот може да се загрее додека се полни. Ова е нормална појава. (Во зависност од вашиот модел, доколку има адаптер.) // Исклучете го апаратот додека се полни. // Никогаш не ја користете правосмукалката без наместени филтри или филтер делови. // Отворите за издувни гасови не треба да бидат блокирани за време на чистење со правосмукалка. // Користете го апаратот исклучиво за домаќинство и затворени простории. // Чувајте ги отворите за смукање чисти и слободни за да обезбедите оптимална и непречена моќ на смукање на апаратот. Препорачуваме
редовно чистење на отворените делови на цревото за смукање и отстранување на прашина, влакна или друго нешто што може да го блокира протокот на воздух. // Пред чистење на држачот или основата за полнење, исклучете го од штекер. // Никогаш не користете ја правосмукалката за чистење на пепел или земја, отпушоци, кибрити, течности (пр. вода, пена за чистење на теписи), или остри и шилести предмети (кршено стакло итн.) // Чувајте ја цевката за смукање или отворениот дел на апаратот подалеку од лицето и телото. // Никогаш не користете го апаратот за чистење на градежен материјал (како што е ситен песок, вар, цементен прав, прашина од тонер итн.). Ова може да го оштети апаратот.
Проблеми и решенија
| Проблем | Можна причина | Решение |
| Правосмукалката не работи | Батеријата е празна. Рачната правосмукалка не е правилно приключена. | Наполнете ја батеријата. Правилно включете ја рачната правосмукалката во струја. |
| Намалена моќ на вшмукување. | Садот за прав е полн. Филтерот е закукан. Закукана цевка за довод на воздух или закукан цилиндар на електричната четка. | Отстранете ја прашината. Исчистете го или заменете го филтерот. Исчистете ја електричната четка. |
| Правосмукалката не може да се наполни | Полначот не е приключен на штекер. Утикачот на полночат не е приключен во штекерот на држачот на трупот. Рачната правосмукалка не е включена на трупот. | Приклучете го полночат во штекер. Приклучете го полночат во држачот на трупот. Включете ја правосмукалката во струја. |
| По полнење апаратот работи многу кратко време. | Апаратот не е наполнет довольно. Батеријата е стара. | Полнете ја батеријата во согласност со упатствата. Сменете ја батеријата. |
Околина

По завршување на животниот век, не фрлајте го апаратот со обичните домаќински отпадоци, туку оставете го во официјалното збирно место за рециклирање. Така ќе придонесете кон зачувување на околината.
Оваа опрема е обележана согласно европската насока 2012/19/EU за отпадна електрична и електронска опрема (waste electrical and electronic equipment - WEEE). Насоката ги определува барањата за собирање и постапување со отпадната електрична и електронска опрема, кои важат во целата Европска унија.
Гаранција и сервис
За информации или во случај на проблеми, обратете се во центарот на Gorenje за помош на корисници во Вашата држава (телефонскиот број ќе го најдете на меѓународниот гаранциски лист). Доколку во Вашата држава нема таков центар, обратете се на локалниот продавач на Gorenje или одделот на Gorenje за мали апарати за домаќинство.
Напомена: Гаранцијата на батеријата на правосмукалката важи 12 месеци.
Само за лична употреба!
За полесно транспортирање, некои делови од апаратот се пакуваат посебно и безбедно се ставаат во главната единица на пакувањето. Пред првата употреба, прочитајте ги и следете ги упатствата за склопување и безбедна употреба. Апаратот е наменет за суво вшмукување во домашна средина.

ДЕЛОВИ
1 Рачка и куќиште на правосмукалката 2 Рачна правосмукалка 3 Моторизирана четка за подови 4 Адаптер со кабел за напојување 5 Држач 6 Четка 7 Тесна млазница Додатоци во зависност од пакетот што го купивте 8 Моторизирана четка за вшмукување на текстилни површини 9 Млазница за чистење на подот со крпа за бришење

МОНТАЖА
Подигнете ја рачката на правосмукалката и ставете ја на четката за подови. Вметнете ја рачната правосмукалка прво во отворот на дното, а потоа притиснете ја рачката во куќиштето на правосмукалката. Правосмукалката се составува правилно кога ќе слушнете краток „клик“.
Држачот за правосмукалката се испорачува во два дела. Прицврстете го горниот дел за долниот дел. Пред употреба, проверете дали е цврсто фиксиран за да избегнете последователно оштетување на правосмукалката. Поврзете го адаптерот со отворот како што е прикажано на сликата. Полнете ја правосмукалката најмалку 1 m подалеку од грејни тела.

УПОТРЕБА
Правосмукалката може да се користи со или без додатоците. Погледнете ги упатствата подолу.
1 Поврзете ја четката за подови со рачката на правосмукалката. Може да се користи за вшмукување на сите подни површини (суви подни површини). 2 Прицврстете ја тесната млазница на рачната правосмукалка. Наменета е за вшмукување на тесни и непристапни места (агли, софи, пајажина, зад радијатори...). 3 Прицврстете ја млазницата со четка на рачната правосмукалка. Погодна е за вшмукување на сите чувствителни површини. 4 Прикачете ја млазницата за креветот на рачната правосмукалка. Погодна е за вшмукување на сите текстилни површини со кратки влакна. 5 Истурете вода од чешма (не смее да биде топла) во млазницата за бришење подови. Во исто време, намокрете ја крпата за бришење, добро исцедете ја и залепете ја на дното на млазницата. Ставете ја правосмукалката во назначените отвори. Крпата за бришење може да се пере на максимум 40 °C и не е погодна за сушење во машина. По бришењето, истурете ја водата од садот и исушете ја крпата за бришење.

ПОЛНЕЊЕ
Поставете ја правосмукалката правилно на станицата за полнење. Од безбедносни причини, препорачуваме апаратот да биде оддалечен најмалку 1 m од грејни тела за време на полнењето. За време на полнењето, процентот на батеријата ќе се појави на екранот. Апаратот не може да се вклучи додека се полни.

РАКУВАЊЕ
1 На рачката на правосмукалката има копче за вклучување/исклучување. Правосмукалката има 2 или 3 брзини во зависност од моделот што сте го купиле. 21,6 V - MAX (до 24 мин.) // MIN (до 55 мин.) 25,2 V - MAX (до 26 мин.) // MIN (до 60 мин.) 28,8 V - MAX (до 28 мин.) // MED (до 40 мин.) // MIN (до 77 мин.)
2 Рачната правосмукалка има само една брзина - МАХ
3 На екранот се прикажува брзината на вшмукување и процентот на батеријата

За да го исчистите садот за прашина, извадете ја рачната правосмукалка од куќиштето. На рачката, истовремено притиснете ги двете копчиња на дното на садот. Прво, извадете го долниот дел и извлечете ги садовите од рачната правосмукалка под агол. Извлечете го филтерот со држачот од садот за прашина. Извлечете го филтерот од држачот на мрежестиот филтер. Садот, држачот и филтерот може да се избришат, протресат или исплакнат со млака вода, но внимавајте, бидејќи неправилното ракување може да оштети делови од правосмукалката. Уверете се дека сите делови се целосно суви пред повторно да го вметнете садот во апаратот. Повторно монтирајте го садот со држачот и филтерот така што прво ќе го турнете садот под агол под горниот дел на рачната правосмукалка, а потоа ќе го притиснете долниот дел во долниот дел. Никогаш не смукајте без вметнат филтер за прав.
Замена на филтерот
Ако забележите дека филтерот е оштетен, веднаш заменете го. Со редовна употреба, препорачуваме замена на филтерот на секои 6 месеци за да се обезбеди најдолг животен век на правосмукалката.
Моторизирана четка
Четка за подови
На страната на четката има копче што ја ослободува осовината на валјакот. Истовремено притиснете го копчето и подигнете ја пластичната осовина на валјакот со прстите. Внимателно исечете долж вдлабнатината на валјакот користејќи ножици или друг остар предмет за да ги извадите парчињата текстил или влакната што се заглавени на валјакот. Не влечете го насобраното ѓубре бидејќи може да ги оштети влакната на валјакот. Вратете го валјакот со правилно поставување на страната на валјакот назад во отворот и фиксирање назад во четката. Ролерот е правилно поставен кога ќе слушнете дека се заклучува.
Четка за чистење на текстилни површини
На страната на четката има копче за притискање што ја ослободува осовината на валјакот. Внимателно исечете долж вдлабнатината на валјакот користејќи ножици или друг остар предмет за да ги извадите парчињата текстил или влакната што се заглавени на валјакот. Не влечете го насобраното ѓубре бидејќи може да ги оштети влакната на валјакот. Вратете го валјакот со правилно поставување на страната на валјакот назад во отворот и фиксирање назад во четката.

ОТСТРАНУВАЊЕ НА АПАРАТОТ
Ако сакате да го замените апаратот или повеќе не ви треба, треба да размислите и за заштита на животната средина.
Батеријата може да се извади само кога сакате да го фрлите производот.
Ве молиме следете ги упатствата подолу кога ја вадите батеријата и почитувајте ги сите безбедносни мерки на претпазливост:
Исклучете го апаратот од струја. Батеријата мора да биде целосно испразнета пред да се отстрани. Следете ги приложените насоки на сликите. Исечете ги жиците најблиску до батеријата една по една и извадете ја батеријата. Не ги сечете двете жици истовремено за да избегнете краток спој. Иако батеријата е празна, неправилното исфрлање може да резултира со краток спој, што може да предизвика чад, топење, па дури и пожар.
Општи мерки на претпазливост
Само за лична употреба!