BOSCH PLL 360-1 - мерни уреди

PLL 360-1 - мерни уреди BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот PLL 360-1 BOSCH во PDF формат.

📄 219 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice BOSCH PLL 360-1 - page 157
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.

Прашања на корисниците за PLL 360-1 BOSCH

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот мерни уреди во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник PLL 360-1 - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. PLL 360-1 на марката BOSCH.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК PLL 360-1 BOSCH

Македонски....Страница 157

Srpski .... Strana 164

Slovenščina .... Stran 170

Hrvatski....Stranica 176

Eesti Lehekülg 182

Безбедносни напомени

BOSCH PLL 360-1 - Безбедносни напомени - 1

Сите упатства треба да се прочитают и да се внимава на нив, за да може безбедно и без опасност да работите со мерниот уред. Доколку мерниот уред не се користи согласно приложените инструкции, може да се наруши функцијата на вградените заштитни механизми во мерниот уред. Не ги оштетувајте налепниците за предупредување. ДОБРО ЧУВАЛТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА И ПРЕДАДЕТЕ ГИ ЗАЕДНО СО МЕРНИОТ УРЕД.

▶ Внимание – доколку користите други уреди за подесување и ракување освен овде наведените или поинакви постапки, ова може да доведе до опасна изложеност на зрачење.
▶ Мерниот уред се испорачува со ознака за предупредување за ласерот (означено на приказот на мерниот уред на графичката страна).
Доколку текстот на ознаката за предупредување за ласерот не е на Вашиот јазик, врз него залепете ја налепницата на Вашиот јазик пред првата употреба.

BOSCH PLL 360-1 - Безбедносни напомени - 2

Не го насочувајте ласерскиот зрак кон лица или животни и немојте и Вие самите да гледате во директниот или рефлектирачкиот ласерски зрак. Така може да ги заслепите лицата, да предизвикате несреќи или да ги оштетите очите.

Доколку ласерскиот зрак доспее до очите, веднаш треба да ги затворите и да ја тргнете главата од ласерскиот зрак.
▶ Не правете промени на ласерскиот уред.
▶ Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како заштитни очила. Ласерските заштитни очила служат за подобро распознавање на ласерскиот зрак; сепак, тие не штитат од ласерското зрачење.
▶ Не ги користете ласерските заштитни очила (дополнителна опрема) како очила за сонце или пак во сообраćajot. Ласерските очила не даваат целосна UV-заштита и го намалуваат препознавањето на бои.
▶ Мерниот уред смее да се поправа само од страна на квалификуван стручен персонал и само со оригинални резервни делови. Само на тој начин їе бидете сигурни во безбедноста на мерниот уред.

158 | Македонски

▶ Не ги оставајте децата да го користат ласерскиот мерен уред без надзор. Без надзор, тие може да се заслепат себеси или други лица.
▶ Не работете со мерниот уред во околина каде постои опасност од експлозија, каде има запаливи течности, гас или прашина. Мерниот уред создава искри, кои може да ја запалат правта или пареата.

BOSCH PLL 360-1 - | Македонски - 1

Не го принесувајте магнетот во близина на импланти или други медицински уреди, на пр. пејсмејкери или инсулинска пумпа. Магнетот создава поле, кое може да ја наруши функцијата на имплантите или медицинските уреди.

▶ Држете го мерниот уред подалеку од магнетни носачи на податоци и уреди чувствителни на магнет. Поради влијанието на магнетот може да дојде до неповратно губење на податоците.

Опис на производот и перформансите

Видете ги илустрациите во предниот дел од упатството за работа.

Употреба со соодветна намена

Мерниот уред е наменет за одредување и проверка на хоризонтални линии. Мерниот уред е погоден за користење во внатрешен простор. Овој производ е потрошувачки ласерски производ во согласност со EN 50689.

Илустрација на компоненти

Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на приказот на мерниот уред на графичката страница.

(1) Капак на преградата за батерии
(2) Фиксирање на капакот од преградата за батерии
(3) Прифат на стативот 1/4"
(4) Сериски број
(5) Натпис за предупредување на ласерот
(6) Излезен отвор за ласерскиот зрак
(7) Копче за функција за навалување
(8) Прекинувач за включување/исклучување
(9) Статив ^a)

a) Опишаната опрема прикажана на сликите не е дел од стандартниот обем на испорака.

Технички податоци

360°-линиски ласер PLL 360-1
Број на дел3 603 F63 L..
Работно поле (дијаметар) до околу^A) 24 m
Точност на нивелирање ^B)C)D) ±0,4 mm/m
Поле на самонивелирање ±4°
Време на нивелирање < 4 s
Оперативна температура -5 °C ... +40 °C
Температура при складирање -20 °C ... +70 °C
макс. оперативна висина преку референтната висина 2000 m
макс. релативна влажност на воздухот 90 %
Степен на извалканост според IEC 61010-1 2E)
Класа на ласер 2
Тип на ласер < 10 mW, 630–650 nm
C_6 10
Отстапување 50 × 10 mrad (целосен агол)
Прифат за стативот 1/4"
Напојување со енергија
– Батерии (алкални-мангански) 2 × 1,5 V LR6 (AA)
– Акумулаторски батерии (NiMH) 2 × 1,2 V HR6 (AA)
Времетраење на работа околу^B) >5 h
Тежина^F) 0,45 kg

160 | Македонски

360°-линиски ласер PLL 360-1

A) Работното поле може да се намали поради неповолни услови на околината (на пр. директна изложеност на сончеви зраци).
B) кaj 20-25°C
C) При максимально поле на самонивелирање, треба да се пресмета дополнително отстапување од ±0,2 mm/m.
D) Дадените вредности предвидуваат нормални до поволни услови на околината (на пр. нема вибрации, нема магла, нема чад, нема изложеност на сончеви зраци). По екстремни температури може да дојде до отстапување во точноста.
E) Настануваат само неспроводливи нечистотии, но повремено се очекува привремена спроводливост предизвикана од кондензација.
F) Тежина без батерии/акумулаторски батерии
Серискиот број (4) на спецификационата плочка служи за јасна идентификација на Вашиот мерен уред.

Снабдување со енергија на мерниот уред

Ставање/менување на батерии

За работа со мерниот уред се препорачува користење на алкално-мангански батерии.

За да го отворите капакот од преградата за батерии (1) притиснете на механизмот за заклучување (2) и извадете го капакот од преградата за батерии. Ставете ги батериите одн. акумулаторските батерии внатре.

Притоа внимавајте на половите според приказот на внатрешната страна од преградата за батерии.

Ако батериите се празни, ласерската линија Ѽе се исклучи. Исклучете го мерниот уред и заменете ги батериите одн. акумулаторските батерии.

Секогаш заменувајте ги сите батерии одеднаш. Користете само батерии од еден производител и со ист капацитет.

Доколку не сте го користеле мерниот уред подолго време, извадете ги батериите одн. акумулаторските батерии од мерниот уред. При подолго складирање, батериите и акумулаторските батерии во мерниот уред може да кородираат.

Употреба

Ставање во употреба

▶ Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви зраци.
▶ Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или температурни осцилации. На пр. не го оставајте долго време во автомобилот. При големи температурни осцилации, оставете го мерниот уред прво да се аклиматизира, пред да го ставите во употреба. При екстремни температури или температурни осцилации, прецизноста на мерниот уред може да се наруши.
▶ Избегнувајте удари и превртувања на мерниот уред. Доколку се оштети мерниот уред, може да се наруши прецизноста. По тежок пад или удар, споредете ги ласерската линија за контрола со познатата хоризонтална или вертикална референтна линија.
▶ Исключете го мерниот уред за време на транспортот. При ислучувањето, се блокира осцилирачката единица, која би се оштетила при интензивни движења.

Вклучување/исклучување

За вклучување на мерниот уред притиснете на прекинувачот за вклучување/исклучување (8) во позиција ON. Мерниот уред ја испраќа циркулирачката ласерска линија надвор од отворот за излез веднаш по вклучувањето (6).

▶ Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте директно во него, дури ни од голема оддалеченост.

За исклучување на мерниот уред притиснете го прекинувачот за вклучување/исклучување (8) во позиција OFF. При исклучување, осцилирачката единица се блокира.

▶ Не го оставајте включениот мерен уред без надзор и исключете го по употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак.

Автоматика за нивелирање

Работење со автоматика за нивелирање (види слика А)

При работење со автоматика за нивелирање, копчето за функцијата за навалување (7) не смее да свети. Доколку е потребно, включете ја автоматиката за нивелирање со повторно притискање на копчето за функција за навалување (7) со што копчето за статус їе се изгаси.

Поставете го мерниот уред на хоризонтална, цврста подлога, прицврстете го на стативот (9).

162 | Македонски

Автоматиката за нивелирање автоматски ги израмнува нерамнините во полето на самонивелирање од ±4°. Нивелирањето е завршено штом ласерската линија не се движи повеće.

Доколку не е возможно автоматско нивелирање, на пр. бидејки површината на која е поставен мерниот уред отстапува повеće од 4° од хоризонталата, ласерската линија почнува да трепка.

Во ваков случај, поставете го мерниот уред хоризонтално и почекајте го самонивелирањето. Штом ње се најде мерниот уред во полето на самонивелирање од ±4° ласерската линија свети постојано.

Работата со автоматско нивелирање не е можна надвор од опсегот на самонивелирање од ±4° бидејки во спротивно не може да се гарантира точноста на нивелирањето на ласерската линија.

При вибрации или промена на положбата за време на работата, мерниот уред повторно се нивелира автоматски. По повторното нивелирање, проверете ја позицијата на ласерската линија во однос на референтните точки, за да се избегнат грешките при поместување.

Работење со функција за навалување (види слика В)

За работење со функција за навалување, притиснете го копчето (7), за да светне.

При работа со функција за навалување автоматиката за нивелирање е исклучена.

Мерниот уред може да го држите слободно во рака или да го поставите на навалена подлога. Ласерската линија веке не е нивелирана.

Совети при работењето

▶ За обележување, секогаш користете ја само средината на ласерската линија. Ширината на ласерската линија се менува со оддалечувањето.

Работење со стативот

Стативот овозможува стабилна мерна подлога што може да се подесува по висина. Поставете го мерниот уред со 1/4"-прифатот на стативот (3) на навојот на стативот (9) или обичен фото статив. Зацврстете го мерниот уред со завртка за фиксирање на стативот.

Грубо центрирајте го стативот, пред да го включите мерниот уред.

Одржување и сервис

Одржување и чистење

Постојано одржувајте ја чистотата на мерниот уред.

Не го потопувајте мерниот уред во вода или други течности.

Избришете ги нечистотиите со влажна мека крпа. Не користете средства за чистење или раствори.

Редовно чистете ги површините околу излезниот отвор на ласерот и притоа внимавајте на влакненцата.

Сервисна служба и совети при користење

Северна Македонија

Тел.: 02/ 246 76 10

BOSCH PLL 360-1 - Северна Македонија - 1

Нашиот сервисен адреси и линкови за услуги на поправка и нарачка на резервни делови можете да ги најдете на: www.bosch-pt.com/serviceaddresses

За сите прашања и нарачки на резервни делови, Ве молиме наведете го 10-цифрениот број од спецификационата плочка на производот.

Отстранување

Мерните уреди, акумулаторите/батериите, опремата и амбалажите треба да се отстранат на еколошки прифатлив начин.

BOSCH PLL 360-1 - Отстранување - 1

Не ги фрлајте мерните уреди и батериите во домашната канта за эубре!

Само за земјите од ЕУ:

Електричната и електронската опрема или искористените батерии што веке не се употребливи мора да се собира посебно и да се фрла на еколошки начин. Користете ги соодветните системи за собирање. Неправилното фрлање може да биде штетно за животната средина и здравјето на лугето поради можното присуство на опасни материи.

Srpski

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : BOSCH

Модел : PLL 360-1

Категорија : мерни уреди