SKIL 2330 AA - шрафцигер

2330 AA - шрафцигер SKIL - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот 2330 AA SKIL во PDF формат.

📄 132 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање ⚙️ Спецификации
Notice SKIL 2330 AA - page 113
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
SKIP

Frequently Asked Questions - 2330 AA SKIL

Прашања на корисниците за 2330 AA SKIL

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот шрафцигер во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник 2330 AA - SKIL и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. 2330 AA на марката SKIL.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК 2330 AA SKIL

Акумулаторска дупчалка/ 2320/2330 одвртувач

УПАТСТВО

  • Овој алат е наменет за дупчење во дрво, метал и пластика; алатите со електронска контрола на брзината и лева/десна ротација се исто така соодветни за навртување на штрафови
  • Овој алат не е наменет за професионална употреба
  • Внимателно прочитајте го и зачувајте го ова упатство за ракување ③

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ①

Максимален обрт за примена како шрафцигер според ISO 5393 : 25 Nm (2320) / 28 Nm (2330)

ЕЛЕМЕНТИ НА АЛАТОТ②

A Полнач
В Контакт за полначот
С Индикатор за нивото на батеријата
D Прекинувач за включување/исклучување и контрола на брзината
Е Прекинувач за менување на насоката на вртење
F Индикатор за избраната насока на ротацијата
G Брзостегачка глава
Н Прстен за контрола на вртежниот момент
J Заклучена позиција (спојка)
К Прекинувач за избор на брзината (2330)
L Светло
М Отвори за вентилација

БЕЗБЕДНОСТ

ОПШТИ ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ

А ПРЕДУПРЕДУВАНЬЕ Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, илустрации и спецификации дадени со овој електричен алат.

Грешките настанати како резултат на непридржување до сите инструкции дадени подолу може да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди. Чувајте ги сите предупредувања и упатства за понатамошно упатување. Поимот "електричен алат", кој се користи во понатамошниот текст, се однесува на вашиот електричен алат (со приключен кабел) и на електрични алати со погон на батерии (без приключен кабел).

a) Одржувајте го вашето работно место чисто и уредно. Неуреден или темен работен простор може да предизвикаат незгоди.
b) Немојте да работите со уредот во средина во која има опасност од експлозија, во која има запалливи течности, гасови и прашина. Електричните алати произведуваат искри кои можат да запалат прашина или пареа.
с) За време на употребата на електричниот алат, децата и останатите лица држете ги подалеку од местото каде работите. Одвраќање, би можеле да изгубите контрола врз уредот.
a) Утикач мора да одговара на приклучокот. Никано не смее да се прават измени на штекерот. Не користете адаптерски штекер заедно со уредот кој е заштитно заземјен. Не променети штекери и соодветни приклучоци го намалуваат ризикот од електричен удар.
b) Избегнувајте допир на телото со заземјени површини, како што се цевки, радијатори, rerни и фрижидери. Постои зголемена опасност од струен удар, доколку Вашето тело е заземјено.
с) Чувајте го уредот подалеку од дожд и влага. Продирањето на вода во електричниот уред ја зголемува опасноста од струен удар.
d) Не злоупотребувајте го приклучниот кабел за носење, бесење на уредот или за извлекување на штекерот од мрежниот приклучок. Чувајте го кабелот подалеку од топлина, масло, остри рабови или деловите на апаратот кои се движат. Оштетени или заплеткани кабли ја зголемуваат опасноста од струен удар.
e) Кога го употребувате полначот надвор, користете продолжен кабел кој е соодветен за употреба на отворен простор. Примената на продолжен кабел соодветен за работа на отворен простор ја намалува опасноста од струен удар.
f) Доколку не може да се избегне работа со електричниот алат во влажна средина, користете прекинувач за струјна заштита при технички проблеми. Употребата на прекинувачот за струјна заштита при технички проблеми го намалува ризикот од електричен удар.

a) Бидете внимателни, внимавајте што правите и постапувајте внимателно додека работите со електричниот алат. Не работете со уредот доколку сте уморни или под дејство на дрога, алкохол или лекови. Еден момент на невнимание при употребата може да доведе до сеизни повреди.

b) Носете ја личната заштитна опрема и секогаш носете заштитни очила. Носењето на личната заштитна опрема, како што е маската за прашина, безбедносната облека која не се лизга, заштитен шлем или штитник за слух, зависно од видот и примената на електричниот алат, ја намалува опасноста од повреда.

с) Избегнувајте невнимателно вклучување за време на работата. Осигурајте се прекинувачот да биде во "OFF" позиција пред да го ставите штекерот во приклучокот. Доколку го носите електричниот алат со прстот на прекинувачот или го приклучувате апаратот кој е приключен со напојување на струја, може да предизвикате незгоди.

d) Пред вклучување на уредот, тргнете ги алатите за подесување или клучот за навртување. Алатот или клучот кој се наога во вртливиот дел на уредот, може да предизвика незгода.

e) Не ги преценувајте своите способности. Завземете сигурен и стабилен став и во секој момент одржувајте рамнотежа. На тој начин можете подобро да го контролирате уредот во неочекувани ситуации.

f) Носете соодветна облека. Не носете широка облека или накит. Косата и алиштата треба да бидат подалену од подвижните делови. Широката облека, накитот или долгата коса може да се закачат за подвижните делови.

g) Доколку може да се монтираат направи за вшмунување и фајање прашина, проверете дали се включени и дали можат исправно да се користат. Примената на овие направи ја намалува опасноста од прашината.

h) Не дозволувајте искуството стекнато со честа употреба на алатите да ве направи спокојни и да ги игнорирате безбедносните принципи при неговото користење. Невнимателно движење може да предизвика сериозна повреда во дел од секунда.

4) ВНИМАТЕЛНА УПОТРЕБА И РАКУВАЊЕ СО ЕЛЕКТРИЧНИТЕ АЛАТИ

a) Не го преоптеретувајте уредот. При вашата работа користете го предвидениот електричен алат за таа употреба. Со соодветниот електричен алат ње работите подобро и посигурно во наведената функционална област.

b) Не користете електричен алат чиј прекинувач е неисправен. Електричниот алат кој повеće не може да се включува и исклучува е опасен и мора да се поправи.

с) Исключете го електричниот алат од струја и/или извадете го комплетот со батерии, ако се одделува, пред да правите некакви прилагодувања, менувате дополнителна опрема или да го складирате електричниот алат. Со овие мерки на внимателност їе се избегне невнимателното вклучување на уредот.

d) Тргнете го електричниот алат кој не го користите од допирот на децата. Не допуштајте работа со уредот на лица кои не се запознаени со него или кои го немаат прочитано ова упатство. Електричните алати се опасни доколку со нив работат неискусни лица.

e) Одржувајте го електричниот алат и дополнителната опрема. Имајте контрола околу тоа дали движечките делови на уредот работат беспрекорно и дали не се заглавени, дали деловите се скршени или оштетени до таа мерка што не може да се обезбеди функционирање на уредот. Пред примената, овие оштетени делови треба да се поправат. Причина за многу незгоди е лошо одржуваниот електричен алат.

f) Алатите за сечење одржувајте ги остри и чисти. Внимателно одржуваните алати за сечење со остри очтрици помалку ће се заглавуваат и со нив работата ке биде полесна.

g) Електричниот алат, прибор, работни алати итн., треба да ги користите според овие упатства, и на начин кој е опишан за соодветниот тип на уред. При тоа, земете ги предвид работните услови и работата која се извршува. Употребата на електричните алати за други цели кои не се предвидени, може да предизвика опасни ситуации.

h) Рачките и површините за држење одржувајте ги суви, чисти и неизмастени. Рачките и површините за држење што се лизгаат не овозможуваат безбедно ракување и контрола на алатот во неочекувани ситуации.

a) Полнете го акумулаторот само во апаратите за полнење кои се пропишани од страна на производителот. За апаратот за полнење кој е соодветен за определен вид на акумулатори, постои опасност од пожар, доколку се употребува со други акумулатори.

b) Користете ги електричните алати само со специфично назначени пакувања на батерии. Користењето на друг вид на батерии може да доведе до ризик од повреда или пожар.

с) Кога батериите не се користат, држете ги настрана од метални предмети како штрафчиња, парички, клучеви, клинци, навртки или други, мали предмети кои може да направат краток спој. Краткиот спој кај батериите може да предизвика изгореници или пожар.

d) При погрешна примена може да излезе течност од акумулаторот; избегнувајте контакт со неа. При случаен контакт, измијте се со вода. Ако течноста дојде во допир со очите, побарајте и лекарска помош дополнително. Течноста која може да излезе од акумулаторот може да доведе до надразнување на кожата и изгореници.

e) Не употребувајте комплет со батерии или алат кој е оштетен или изменет. Оштетени или изменети батерии може да реагираат непредвидливо и да предизвикаат пожар, експлозија или опасност од повреда.

f) Не го изложувајте комплетот со батерии или алатот на орган или висока температура.

Изложувањето на орган или температура над 130°C може да предизвика експлозија.

g) Следете ги сите инструкции за полнење и не го полнете комплетот со батерии или алатот надвор од температурниот опсег наведен во инструкциите. Неправилното полнење или на температура надвор од наведениот опсег може да ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од пожар.

6) СЕРВИСИРАЊЕ

a) Електричниот алат сервисирајте го кај квалификувано лице кое користи само идентични резервни делови. Со ова се обезбедува безбедно одржување на електричниот алат.
b) Никогаш не поправајте оштетени комплети со батерии. Поправката на комплети со батерии треба да ја врши само производителот или овластен сервис.

  • Не обработувајте никаков материјал кој содржи азбест (азбестот важи за предизвикувач на рак)
  • Прашината од материјали како боја која содржи олово, некои видови дрво, минерали и метали, може да биде штетна за здравјето (контактот со прашината или нејзиното вдишување може да шредизвика алергии и/или болести на дишните органи за оној кој работи со алатот или лугето во близина); носете маска за прашина и работете со правосмуналки доколку можете да ги поврзете
  • Некои видови на прашина се канцерогени (како на пример прашината од даб или бука), особено заедно со адитиви за одржување на дрвото; носете маска за прашина и работете со правосмунални доколку можете да ги поврзете
  • Следете ги процедурите на вашата земја за прашината која се јавува како резултат од материјалите со кои работите
  • При промена на приборот, пренесување или прибирање на алатот, задолжително поставете го прекинувачот Е ② во средна позиција (заклучено)

ПРИБОР

  • SKIL може да признае гаранција само доколку е користен оригинален прибор
  • Користете само прибор чија дозволена брзина е во најмала рака еднаква на најголемата брзина при празен од на електричниот алат

ПРЕД УПОТРЕБА

  • Секогаш проверувајте го напонот на плочката со податоци за типот на полначот
  • Избегнувајте оштетувања од штрафови, шајки и други предмети во местото каде работите; тргнете ги пред да почнете со работа
  • Користете соодветни детектори за наогање на скриени инсталации или повикајте соодветна компанија за помош (контактот со електричните линии може да доведе до струен удар; оштетувањата во гасоводна цевка може да резултира со експлозија; пенетрирање во водоводна инсталација може да доведе до оштета на предмети или електричен удар)

- Зацврстете го материјалот кој го обработувате (обработка која е зацврстена со стеги или во менгеме е побезбедна отколку да ја држите со раце) ВО ТЕКОТ НА УПОТРЕБАТА

- Држете го алатот за изолираните површини за зафаћање кога извршувате работа при која што дополнителната опрема за сечење или прицврстување може да дојде во контакт со сокриените жици (ако дополнителната опрема за сечење и прицврстување дојдат во контакт со жица под напон може да ги електрифицираат металните делови на алатот и да предизвикаат електричен удар на операторот)

- Во случај да дојде до електричен или механички дфект, апаратот треба веднаш да се исклучи и да се извлече приключникот од мрежната приключница ПОЛНЕЊЕ/АКУМУЛАТОРСКА БАТЕРИЈА

- Користете само полначот на SKIL 2610S00110 / 2610S00111 / 2610Z06565 / 2610Z06567 со овој алат

- Овој полнач може да го користат деца над 8 години како и лица со намалени физички, сензорни и ментални способности или недоволно искусство и знаење, доколку се под надзор од лица одговорни за нивната безбедност или се подучени за безбедно ракување со полначот и ги разбираат опасностите кои може да произлезат поради тоа (инаку постои опасност од погрешна употреба и повреди)

- Не ги оставајте децата без надзор (така ће се осигурате дека децата нема да си играат со полначот)

- Не ги оставајте децата без надзор за време на чистењето или одржувањето на полначот

  • Не изложувајте го алатот/полначот на дожд
  • Не полнете ја батеријата на влажни или мокри места
  • Оштетените полначи не ги пуштајте во работа; за таа цел треба да се предаде апаратот и полначот во овластениот SKIL сервис
  • Полначот не треба понатаму да се користи ако е оштетен кабелот или приклучникот, туку веднаш да се замени кабелот во овластен SKIL сервис или мрежната приклучница

  • Не расклопувајте ги полначот ниту алатот

  • Дозволена температура на околината (алатка/ полнач/батерија):

ОБЈАСНУВАЊЕ НА СИМБОЛИТЕ ЗА АЛАТОТ/ ПОЛНАЧОТ

③ Пред употреба прочитајте го прирачникот за употреба
④ Користете го полначот само во затворен простор
⑤ Двојна изолација (не е потребна заземна жица)
⑥ Не се ослободувајте од електични алати и батерии во домашниот отпад

УПОТРЕБА

-поврзете го полначот А и во штекер и со контактот В
-индикатор С започне да трепка ЗЕЛЕНО што посочува дека батеријата се полни
-по 3 часа батеријата е наполнета и полнењето автоматски се прекинува (зелената светилка ќе свети постојано по трепкањето)
-полнењето ће биде многу кратко ако алатот се користел за кратко време
-исключете го полначот кога ће се наполни батеријата

ВАЖНО:

-ако индикатор С започне да трепка ЦРВЕНО, тоа значи дека батеријата е многу студена или многу врела; полночат ће започне автоматски со полнење кога температурата на батеријата ће биде меѓу 0° С и 45° С
-литиум-јонската батеријата може да се полни во кое било време (прекинувањето на процесот на полнење не ја оштетува батеријата)
-при полнење алатот и полначот се загреваат; тоа е нормално и не претставува никаков проблем

- Заштита на батеријата

Исклучува машината или намалува брзината автоматски, кога

-оптоварувањето е преголемо висока
-е празна батеријата

!не продолжувајте да притискате на прекинувачот за включување/исклучување откако алатот ће се исклучи автоматски; батеријата ће се оштети

• Включено/Исклучено ⑦
- Закочување на прекинувачот за лесен старт ⑧
- Промена на насоката на ротација ⑨

-индикаторот F ја прикажува избраната насока на ротација

-ако левата/десната позиција не легнат како што треба, прекинувачот D ② нема да може да стартува

!менувајте ја насоката на ротацијата само кога алатот се наоға во целосно мирување

- Промена на бургиите ⑩

-вметнете ја бургијата најдлабоко што можете во држачот

!не употребувајте бургии со оштетена дршка !употребувајте само остри бургии

- Контрола на вртежниот момент (VariTorque) ⑪

-излезниот обрт ће се зголемува ако прстенот на активаторот Н се врти од 1 кон 17; позицијата Ј ће го заклучи активаторот за да се овозможи дупчење или извршување тешки работи
-при завртување на некоја завртка најпрво започнете со положбата 1(VariTorque) и потоа полека зголемувајте до достигнување на саканата длабочина

- Избор на механички запченик ⑫ (2330)

-подесете го прекинувачот К на дозволената брзина !включете го изборот на брзини додека алатот работи бавно

LOW

-пониска брзина
-голем момент на вртење
-за завртување и дупчење на отвори со голем дијаметар

-за вибрациски навој

HIGH

-повисока брзина
-низок момент на вртење

-за дупчење отвори со мал дијаметар

- Индикатор за нивото на батеријата С ⑬

-прикажува состојбата на наполнетост на батеријата неколку секунди при наполу или целосно притиснат прекинувач D ②

Светилката L се включува автоматски кога ће го активирате прекинувачот D②

- Држење и насочување на алатот

!додена работите, сеногаш држете го алатот за местото (местата) кое (кои) се означени со сива боја ⑮

-отворите за ладење М ② држете ги отворени
-не притискајте премногу со алатот; дозволете тој сам да работи

СОВЕТИ ЗА ПРИМЕНА

- При дупчење во метал

-најпрво издупчете помала дупка, кога сакате да издупчите поголема дупка
-бургијата подмачкувајте ја со масло од време на време

  • При навртување на штрафовите на краевите на дрвото, прво треба да се издупчи мала дупка за да се избегне разлистување на дрвото
  • За оптимална употреба на апаратот потребен е постојан притисок на завртката, особено во текот на одвртувањето
  • При завртување на завртката во тврдо дрво претходно треба да се издупчи дупка
  • Многу други совети можете да најдете на www.skil.com

ОДРЖУВАЊЕ/СЕРВИСИРАЊЕ

  • Овој алат не е наменет за професионална употреба
  • Секогаш одржувајте го чист апаратот и полначот !пред чистењето на полначот треба да се извлече неговиот мрежен приклучок
  • Доколку алатот/полначот и покрај внимателното работење и контрола некогаш откаже, поправката мора да ја изврши некој овластен SKIL сервис за електрични алати

- испратете го алатот или полначот нерасклопен, заедно со сметкопотврдата, до вашиот продавач или најблискиот SKIL сервис (адресите се наведени на www.skil.com)

- ако полначот се расипе, испратете ги и полначот и алатот на застапникот или во сервис на SKIL

ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

- Не се ослободувајте од електични алати, уреди или амбалажа преку нивно фрлање во домашното губре (само за земјите на ЕУ)

-според Европската Директива 2012/19/EC за ослободување од електрична и електронска опрема и нејзина имплементација во согласност со националните закони, електричните алати кои го достигнале крајот на својот животен век мора да бидат собрани посебно и да бидат вратени во соодветен објект за рециклирање

-символот⑥ ke ве потсетува на ова кога ke дојде време алатот да го фрлите

  • Акумулаторската батерија треба прописно да се отстрани во отпад и не смее да се фрла во домашниот отпад (на тоа потсетува символот ⑥)
  • Вадење/фрлање на батериите ⑯ !извадете ги батериите само нога ће бидат сосема испразнети

-аштитете ги терминалите на батеријата со трака за изолирање за да спречите краток спој

-фрлете ги батериите во овластен центар за собирање батерии

!батериите може да експлодираат ано се изложат на орган и затоа никако не палете ја батеријата

БУЧАВА / ВИБРАЦИИ

  • Мерено во согласност со EN 60745 нивото на звучен притисок е <70 dB(A) (стандардно отстапување: 3 dB) и вибрација <2,5 м/с² (векторски збир на трите показатели; несигурност K = 1.5 м/с²)
  • Нивото на емитирање на вибрации кое е наведено на задниот дел на ова упатство е измерено во согласност со стандардизираниот тест даден во EN 60745; може да се користи за да се спореди еден алат со друг, и како првична оценка за изложеноста на вибрации кога се користи алатот за споменатите примени

-користењето на алатот за разни примени, или со различни или неправилно чувани делови, може да доведе до значајно зголемување на нивото на изложеност

-кога алатот е ислучен или кога алатот е включен но не врши некаква работа, може да дојде до значително намалување на нивото а изложеност

!заштитете се од ефентите на вибрациите преку одржување на алатот и неговите делови, одржување на топлината во вашите раце, и организирање на вашата работа

SKIL 2330 AA - БУЧАВА / ВИБРАЦИИ - 1

Trapano/vidator me bateri 2320/2330

HYRJE

Содржина Кликнете на наслов за да пристапите до него
Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : SKIL

Модел : 2330 AA

Категорија : шрафцигер