AEG BPS18254BL - жичена пила

BPS18254BL - жичена пила AEG - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот BPS18254BL AEG во PDF формат.

📄 181 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање
Notice AEG BPS18254BL - page 164

Прашања на корисниците за BPS18254BL AEG

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот жичена пила во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник BPS18254BL - AEG и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. BPS18254BL на марката AEG.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК BPS18254BL AEG

Не е включено во стандардна опрема

Доколку е потребно корегирање на аголот од 90° водечката површина кон сечилото на пилата, користет го шрафот за корекција.

ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИПила за отсекување, влечење и аголна пила *BPS18-254BL
Производен број 4601 74 01...... 000001-999999
Волтажа на батеријата 18 V
Брзина без оптоварување 3900 min-1
Сечило на пила дијаметар х дијаметар на отвор 254 × 30 mm
Дебелина на телото на ножот 1,6 mm
Дебелина на запците од ножот за сечење 2,2 mm
Максимален учинок на сечењегагол на навалување 0^ / агол на навалување вертикално 0^ агол на навалување 0^ / агол на навалување вертикално 45^ агол на навалување 0^ / агол на навалување вертикално 45^ агол на навалување 45^ / агол на навалување вертикално 0^ агол на навалување 45^ / агол на навалување вертикално 45^ агол на навалување 45^ / агол на навалување вертикално 45^ 90 mm × 305 mm 39 mm × 305 mm 43 mm × 305 mm 90 mm × 215 mm 50 mm × 215 mm 39 mm × 215 mm 43 mm × 215 mm
Мин. Димензии на работно парче 215 × 35 × 2,5 mm
Тежина според ЕПТА-процедурата 01/2003 (Li-Ion 5.0 Ah) 16,3 kg
Информации за бучаватаИзмерените вредности се одредени согласно стандартот EN 61029. А-оценетото ниво на бучава на апаратот типично изнесува:Ниво на звучен притисок. (Несигурност K=3dB(A)) 89,0 dB (A)Ниво на јачина на звук. (Несигурност K=3dB(A)) 98,5 dB (A)Носте штитник за уши.Информации за вибрацииВкупни вибрациски вредности (векторски збир на трите насоки) пресметани согласно EN 61029.Дрво: Вибрациска емисиона вредност a_h Несигурност K1,5 m/s 1,1 m/s^2 2

^* PS ≅ Пила за отсекување, влечење и аголна пила

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!

Нивото на осцилација наведено во овие инструкции е измерено во согласност со мерните постапки нормирани во EN 61029 и може да биде употребено за меѓусебна споредба на електро-алати. Ова ниво може да се употреби и за привремена проценка на оптоварувањето на осцилацијата.

Наведеното ниво на осцилација ги репрезентира главните намени на електро-алатот. Но, доколку електро-алатот се употребува за други намени, со отстапувачки додатоци или со несоодветно одржување, нивото на осцилација може да отстапи. Тоа може значително да го зголеми оптоварувањето на осцилацијата за време на целиот работен период.

За прецизна проценка на оптоварувањето на осцилацијата предвид треба да бидат земени и времињата, во коишто апаратот е исключен или работи, но фактички не се употребува. Тоа може значително да го намали оптоварувањето на осцилацијата за време на целиот работен период

Утврдете дополнителни безбедносни мерки за заштита на операторот од влијанието на осцилациите, како на пример: одржување на електро-алатот и на додатоци кон електро-алатот, одржување топли раце, организација на работните процеси.

AEG BPS18254BL - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! - 1

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прочитајте ги сите безбедносни

упатства и инструкции. Заборавање на почитувањето на безбедносните упатства и инструкции можат да предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки повреди.

Сочувајте ги сите безбедносни упатства и инструкции за во иднина.

При употреба на електрични орудија заради заштита од електрични удари, опасност од повреди и пожар треба да се обрати внимание на следните основни мерки за безбедност. Прочитајте ги сите овие напомени пред да почнете со користење на ова електрично орудие и добро сочувајте ги напомените за безбедност.

Работниот простор одржувајте го чист. Неуредниот простор и маса може да предизвикаат повреди.

Внимавајте на околината на работниот простор. Алатот не изложувајте го на дожд. Алатот не користете го на влажни или мокри места. Работниот простор нека биде добро осветлен. Алатот не користете го во близина на запаливи течности или гасови.

Внимание! Ризик од струен удар Избегнувајте контакт на телото со заземјени делови како што се цевки, грејни тела, печки или фрижидери.

Другите лица држете ги понастрана. Не дозволувајте други лица, особено децата, да се мешаат во работата, да го чепкаат алатот или продолжениот кабел, и држете ги понастрана од работниот простор.

Тргајте го настрана алатот кога не го користите. Кога не го користите, алатот треба да се чува на суво, заклучено место, понастрана од дофатот на деца.

Користете правилен алат. Немојте да користите мали алатки за вршење работа која е за тешки алатки.

Носете соодветна облека. Немојте да носите широка облека или накит којшто може да се фати во подвижните делови.

Користете заштитна опрема. Носете заштитни очила. Носете маска за прав доколку при работните операции се создава прашина.

Никогаш немојте да го влечете кабелот за да го исключите од штекерот. Кабелот чувајте го подалеку од топлина, масло и остри рабови.

Прицврстете го обработуваното парче. Кога е можно, користете стеги или менгеме за да го држи парчето. Така е побезбедно отколку да ги користите Вашите раце.

Не се наслонувајте премногу према напред и во секое време одржувајте ја рамнотежата.

Грижливо одржувајте го алатот. Алатот за режење одржувајте го остар и чист за подобар и побезбеден учинок. Следете ги упатствата за подмачкување и менување на приборот. Повремено проверувајте ги каблите на алатката и, ако се оштетени, дајте ги на поправка во овластен сервис. Прегледувајте ги продолжените кабли и заменете ги ако се оштетени.

Исклучувајте го алатот. Кога не се користи, пред сервисирање и кога менувате прибор, како на пример ножеви, бургии и секачи, исключете го алатот од електричната струја.

Тргнете ги клучевите за штелување и останатите клучеви. Развивајте си навика да проверувате дали клучевите се отстранети од алатот пред да го включите.

Уверете се дали копчето е ставено во положба „Исклучено“ кога ги ставате батериите.

За надворешна употреба, користете продолжен кабел. Кога алатот го користите надвор, користете само продолжен кабел кој е наменет и означен дека є за надворешна употреба.

Бидете претпазливи. Внимавајте што правите, користете здрав разум и не работете со алатката кога сте уморни.

Пред употреба, комплетно проверете го алатот да не има некакво оштетување или маана. Проверете дали подвижните делови се ускладени, дали се споени, да не има скршени делови, дали е монтирано нешто или било какви други услови кои би можеле да влијаат врз функционирањето на алатот.

Немојте да ја користите машината ако штитниците не се на место и не работат правилно.

Во случај на оштету-вања истите веднаш да бидат дадени на авторизирана стручна работнил-ница на поправка. Немојте да ја користите алатката ако копчето нејке да се вклучи и исклучи.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Употребата на било каков друг прибор или додатоци освен оној што е препорачан во овој прирачник, може да претставува ризик од повреда.

Вашиот алат нека го поправа само квалификуван персонал. Овој електричен алат е во согласност со релевантните прописи за безбедност. Поправките треба да ги прави само квалификуван персонал користејки оригинални резервни делови, во спротивно може да дојде до значителна опасност за корисникот.

AEG BPS18254BL - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прочитајте ги сите безбедносни - 1

Обработуваното парче секогаш притегнувајте го, за да биде безбедно и сигурно.

Обезбедете, машината да стои постојано цврсто (на пример прицврстување на работната маса)..

Носете штитник за уши. Влијанието на бука може да предизвика губење на сетилото за слух.

При работа со машината постојано носете заштитни очила. Се препорачува да носите ракавици кога ракувате со ножеви и рапав материјал, како и тврди нелизгачки чевли кои ги штитат нозете од обработуваните пачиња кои може да паднат од зоната каде што се реже.

Секогаш исклучувајте ја приклучницата или батериите пред да вршите било какви подесувања, сервисирање или чистење на машината.

Погрижете се машината да биде ислучена пред да ги монтирате или демонтирате батериите.

Немојте да стоите наспроти ножот од пилата пред машината.

Секогаш стојте настрана од ножот на пилата.

Дланките, прстите и рацете чувајте ги понастрана од ротирачкиот нож на пилата.

Никогаш немојте да ги ставате рацете близу ножот, освен ако ножот не е целосно запрен.

Пред употреба, комплетно проверете го алатот да не има некакво оштетување или маана. Оштетените делови да се поправат исклучиво од страна на стручно лице.

Секогаш користете заститен штит на машината. Немојте да ја користите машината ако штитниците не се на место и не работат правилно.

Не ја затегнувајте вртливата заштита.

Ако парчето за обработка или сечилото биде блокирано, исключете ја пилата за сечење под агол. Почекајте сите подвижни делови да запрат и исключете го приклучокот од струја и/или извадете ги батериите. Потоа извадете го заглавениот материјал.

Никогаш не менувајте ја пилата или нејзината функција. Вашата безбедност може да биде компромитирана.

Немојте да користите ножевите кои се напукнати, оштетени или деформирани.

Не користете сечила за пила кои се направени од високобрзински челик

Користете само ножеви кои се остри. Тапите ножеви заменете ги со нови.

Користете држач за нож или носете ракавици кога ракувате со ножот од пилата.

Секогаш користете сечила со соодветна големина и форма или крупски пили.

Сечила кои не одговараат на монтираниот хардвер на пилата ќе се движат неправилно предизвивувајки губење на контролата. Користете само ножеви за сечење дрво, специфицирани во овој прирачник, кои се во согласност со EN 847-1.

Немојте да користите било какви други прирабници, подлошки или бургии за прицврстување на ножот, освен оние кои се обезбедени или наведени во упатството за употреба.

Ок Guinea значење е да се остане до максимално специфицираната брзина на сечилото.

AEG BPS18254BL - ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Прочитајте ги сите безбедносни - 2

Неопходно е да изберете го виде ножот кој е погоден за материјалот се сече.

Аголната пила никогаш немојте да ја користите за сечење на поинакви материјали од оние кои се специфицирани во поглавјето за употреба во овој прирачник.

Заменете го вметокот во масата доколку е изабен или оштетен.

Пред работа, направете едно пробно сечење без да е включен моторот, за да може да се провери положбата на ножот, функционирањето на штитниците во однос на другите делови од машината и работното парче.

Не отстранувајте остатоци од пилење или други делови од обработуваните предмети во подрачјето на пилење кога машината работи и кога главата за пилење не е во положба на мирување.

Кога ја транспортирате машината, користете само транспортни уреди и никогаш не користете ги штитниците за држење или транспортирање.

Рачното заклучување мора секогаш да биде во функција при транспорт на пилата за сечење.

Одржувајте го подот чист од остатоци на материјал, на пример струготини или остатоци од пилење.

Долгите парчиња мораат да бидат соодветно потпирани.

Предмети со кружен или нерамномерен пресек (на пример огревно дрво) не смеат да се пилат, бидејки при пилење не можат да се држат сигурно. При аголно пилење рамни предмети мора да се употребува соодветен помошен аншлаг со цел за безбедно водење.

Прашината која се крева при работа со овој алат може да биде штетна по здравјето и затоа не го изложувајте го телото. Користете систем за ансорпција на прашината и носете соодветна заштитна маска. Одстранете ја целосно наталожената прашина пр: со правосмукалка.

Приключете ја пилата за правосмукалка, кога обработувате дрво.

Немојте да ги заменувате LED светилките или ласерот со поинаков тип. Било кои поправки мора да ги прави само производителот или овластен сервисен агент.

Не користете сечила кои не одговараат напропишаните параметри дадени во овој прирачник за употреба.

Алатите треба да се транспортираат и чувват во соодветен контејнер.

При спојувањето на цевките под прав агол, под наклон или комбинирани агли под прав агол, подесете ја лизгачката ограда, за да обезбедите правилно минување на ножот.

Со прилагодена брзина на движењето напред, избегнете го прегревањето на забчаниците, а при сечењето на пластични материи избегнете го топењето на материјалот.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Не ја заменувајте ЛЕД сијаличката за друга.

Ве молиме внимателно прочитајте го прирачникот и упатствата пред да го користите ножот од пилата и машината.

Машината мора да биде во добра остојба, вретеното да е без деформации и без вибрации.

Немојте да ја користите пилата без да се ставени штитниците на своеото место, штитниците чувајте ги во добра работна costојба и одржувајте ги правилно.

Погрижете се операторот да е адекватно упатен во сигурносните мерки, штелувањето и функционирањето на машината.

Секогаш носете заштитни очила и штитници за ушите кога ја користите машината. Се препорачува да носите ракавици, тврди нелизгачки чевли и престилка.

Ред да користите било каков прибор, консултирајте се со упатствата од прирачникот. Направилната употреба на приборот може да предизвика оштетување и да ја зголеми веројатноста од повреда.

Користете само ножеви кои се специфицирани во овој прирачник и во согласност со EN 847-1.

Внимавајте на максимальната брзина која е означена на ножот од пилата. Водете сметка брзината што е означена на ножот да е најмалку еднаква на брзината што е означена на пилата.

Секогаш користете сечила со соодветна големина и форма или крунски пили.

Сечила кои не одговараат на монтираниот хардвер на пилата ке се движат неправилно предизвикувајки губење на контролата.

Немојте да користите ножеви со пречник што е поголем или помал од оној што е препорачан. Немојте да користите било какви дистанцери за да го наместите на ножот на вретеното.

Пред секоја употреба, поверете ги запците на ножот од пилата да не се оштетени или да не имаат ненормален изглед. Запците кои се оштетени или лабави, може да станат летечки објекти при употребата и да ја зголемат веројатноста од повреда.

Не користете скршени или изобличени сечила. Не употребувајте оштетени или деформирани дискови.

Фрлете го ножот од пилата доколку е оштетен, деформиран или напукнат, поправање не е дозволено.

Не користете сечила за пила кои се направени од високобрзински челик

Погрижете се ножот од пилата да биде монтиран правилно, пред употреба безбедно прицврстете го прстенот на навртката (затезен момент отприлика 12 Nm).

Завртката за прицвртување и навртките треба да бидат затегнати со помош на соодветен затегач, итн.

Не е дозволен продолжеток на затегачот или затегање со удирање со чекан.

Погрижете се ножот и прирабницата да бидат чисти, а вдлабнатите страни на навртката за подесување да бидат накај ножот.

Погрижете се ножот да ротира во правилната насока.

Пред работа, направете едно пробно сечење без да е клучен моторот, за да може да се провери положбата на ножот, функционирањето на штитниците во однос на другите делови од машината и работното парче.

Никогаш не оставајте ја машината ненадгледувана.

Немојте да ставате средства за подмачкување на ножот додека тој се врти.

Никогаш немојте да вршите било какво чистење или сервисирање додека машината уште работи, и ако главата не е во положба на мирување.

Никогаш немојте да се обидувате да ја сопрете машината додека се движи брзо, така што ножот ќе го притискате со алатот или со други средства, на овој начин може ненамерно да дојде до сериозни неагоди.

Македонски

Исклучете ја пилата од струја или извадете ја батеријата пред да ги менувате ножевите или да вршите сервисирање.

Обрнете внимание на пакувањето и распакувањето на ножот, лесно можете да се повредите од острите запци на ножот.

Користете држат за ножот или носете ракавици кога ракувате со ножот на пилата.

Ножот чувајте го во оригиналната амбалажа или во друго соодветно пакување, чувајте го на суво и подалеку од хемикалии кои можат да му наштетат на ножот.

Ласерското зрачење кое се користи во оваа пила е од Класа 1 со максимум <1 mW и 650 nm бранова должна. Немојте да гледате директно во оптичките инструменти. Непочитувањето на овие правила може да доведе до сериозни повреди.

Немојте да зјапате во зракот во текот на работењето.

Немојте да им го проектирате ласерскиот зрак директно во очите на другите. Може да дојде до сериозна повреда на очите.

Ласерот немојте да го ставате во положба која може да наведе некого несакајки или несвесно да гледа во ласерскиот зрак.

Немојте да користите оптички алатки за да гледате во ласерскиот зрак.

Немојте да работите со ласерскиот зрак во близина на деца или, пак, да им дозволувате на децата да го чепкаат ласерот.

Немојте да се обидувате самите да го поправате ласерскиот уред.

Немојте да се обидувате самите да менувате било какви делови од ласерот.

Било кои поправки мора да ги прави само производителот или овластен сервисен агент.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Неги променувајте инсталираната ласер со различен тип.

Не го насочувајте ласерот кон рефлектирачки површини.

Избегнувајте изложување на ласерски зрак. Ласерот може да емитира силно зрачење.

СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА

Кружната лизгачка пила е наменета за сечење на тврдо и пресувано дрво со или без лепен фурнир, пластика и материјали слични на дрво.

Кружната лизгачка пила е наменета да ја користат само возрасни оператори кои го прочитале прирачникот за користење и ги разбрале ризиците и опасностите.

Кружната лизгачка пила е наменета со основата да биде прицврстена за цврста работна маса. Доколку основата не е безбедно прицврстена, целата машина може да се движи за време операциите за сечење, кое ја зголемува веројатноста од сериозна повреда.

Кружната лизгачка пила е наменета да прави коси и аголни сечења. Капацитетите за различни сечења се дадени во спецификациите на производот во овој прирачник.

Кружната лизгачка пила треба да се користи во суви услови, со одлично осветление и адекатна вентилација.

Кружната лизгачка пила е наменета за потрошувачи и треба да се користи само во склад со гореопишаното, и не е наменета за никаква друга цел.

ОСТАТОЧНИ ОПАСНОСТИ

Дури и кога кружната лизгачка пила се користи како што е пропишано, сё уште не е можно целосно да се елиминираат извесни преостанати фактори на ризик. Може да се појават следните ризици и операторот треба да обрне посебно внимание да го избегне следното:

  • Ризикот од контакт со непокриени делови на ротирачкиот нож на пилата.
  • Повратен удар на обработуваните парчиња или делови од обработуваните парчиња поради неисправно штелување или ракување.
  • Исфрлање на запци од тврд метал од ножот на пилата. Во секое време носете заштита за очите.
  • Оштетување на респираторниот систем. Носете маска за заштита на респираторниот систем, која содржи филтери соодветни на материјалите кои се обработуваат. Погрижете се да има адекватна вентилација на работното место. Немојте да јадете, да пиете или да пушите во работниот простор.
  • Оштетување на слухот доколку не се носи заштита за ушите.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Правот од некои бои, премази и материјали може да предизвика иритација или алергиски реакции. Правот од дрво како на пр. од даб, бука, MDF, и други се карциногени. Со материјалите кои содржат азбест треба да работат само квалификувани специјалисти оператори.

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Од долготрајната употреба на алатката може да дојде или да се влошат повредите. Кога користите некола алатка подолго време, погрижете се да користите редовни паузи.

БАТЕРИИ

Батриите кои не биле користени подолго време треба да се наполнат пред употреба.

Температура повисока од 50oC (122oФ) го намалуваат траењето на батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите на високи температури или сонце (ризик од прегревање).

Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.

За оптимален работен век батериите мора да се наполнат целосно по употреба.

За можно подолг век на траење, апаратите после нивното полнење треба да бидат извадени од апаратот за полнење на батериите.

Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена: Акумулаторот да се чува на температура од приближно 27°C и на суво место. Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од состојбата на наполнетост. Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.

Киселината од оштетените батериите може да истече при екстремен напон или температури. Доколку дојдете во контакт со исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во случај на контакт со очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и задолжително одете на лекар.

Не ги чувајте батериите заедно со метални предмети (ризик од краток спој).

Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и не горете ги. Дистрибутерите на АЕГ ги собираат старите батерии, со што ја штитат нашата околина.

AEG BPS18254BL - БАТЕРИИ - 1

БАТЕРИЈА И ПОЛНАЧ

Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за транспорт на опасни материи.

Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.

Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен патен транспорт на истите.

Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од страна на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите за транспорт на опасни материи. Подготовките за шпедиција и транспорт треба да ги вршат ислучиво соодветно обучени лица. Целокупниот процес треба да биде стручно надгледуван.

При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:

Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а сето тоа со цел да се избегнат кратки споеви. Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во нивната амбалажа. Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-јонски батерии. За понатамошни инструкции обратете се до Вашето шпедитерско претпријатие.

ЗАШТИТА ОД ПРЕОПТЕРЕТУВАЊЕ НА БАТЕРИЈАТА

При преоперетување на батеријата како резултат на мошне висока потрошувачка на струја, на пример екстремно високи вртежни моменти, ненадејно стопирање или краток спој, електро-алатот вибрира 5 секунди, приказот за полнење трепка и електро-алатот самостоятельно се исклучува.

За повторно вклучување ослободете го притискачот на прекинувачот, а потоа повторно включете.

Во случај на екстремни оптоварувања батеријата се загрева премногу. Во таков случај трепкаат сите ламбички од приказот за полнење сё додека батеријата не се излади. По гаснење на приказот за полнење може да се продолжи со работа.

Тогаш ставете ја батеријата во уредот за полнење за повторно да ја напоните и активирате.

ОДРЖУВАЊЕ

Немојте да ја менувате оваа пила на никаков начин или да користите прибор кој не е одобрен од производителот. Вашата безбедност и безбедноста на другите може да биде доведена во прашање.

Немојте да ја користите пилата доколку некој прекинувач, штитник или други функции на пилата не работат како што е наменето. Вратете ја во овластениот сервисен центар за професионална поправка или штелување.

Немојте да правите никакви преначувања додека ножот на пилата е во движење.

Тргнете го сетот батерии пред да правите преначувања, подмачкување или кога ја сервисирате машината.

Пред и после секоја употреба проверете ја пилата да не има оштетување или скршени делови и одржувајте ја во топ работна состојба така што веднаш ќе ги смените деловите со делови кои се одобрени од производителот.

После употреба, ножот е многу жежок, носете ракавици или оставете го да се излади пред да правите сервисирање или чистење.

Исчистете ја насобраната прав со помош на четка или правосмукалка. Немојте да користите компримиран воздух.

За да обезбедите сигурност и доверливост, сите поправки, включително менувањето на четките, треба да ги прави овластен сервисен центар.

Уверете се дека алатката е ислучена од напојување пред да го прикачите или отстраните сечилото.

Апаратот и заштитната направа очистете ја со сува крпа.

Вентиляциските отвори на машината мора да бидат комплетно отворени постојано.

РЕЗЕРВНИ ДЕЛОВИ

Користете само AEG додатоци и резервни делови. Доколку некои од компонентите кои не се опишани треба да бидат заменети, Ве молиме контактирајте ги сервисните агенти на AEG (консултирајте ја листата на адреси).

Доколку е потребно можно е да биде набавен детален приказ на алатот. Ве молиме наведете го бројот на артиклот како и типот на машина кој е отпечатен на етикетата и порачајте ја скицата кај локалниот застапник или директно кaj: Techtronic Industries GmbH, Max-Eyth-Straße 10, 71364 Winnenden, Germany.

ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ

Под целосна лична одговорност изјавуваме дека производот опишан во „Технички податоци“ е во сообразност со сите релевантни прописи од директивите

2011/65/EU

2006/42/EC

2014/30/EU

и дека се применети следните хармонизирани стандарди

EN 61029-1:2009 + A11:2010

EN 61029-2-9:2012 + A11:2013

EN 55014-1:2006+A1:2009+A2:2011

EN 55014-2: 1997+A1:2001+A2:2008

EN 50581:2012

AEG BPS18254BL - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 1

Ополномоштен за составување на техничката документација.

Techtronic Industries GmbH

Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да е зафат врз машината.

AEG BPS18254BL - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 2

Ве молиме пред да ја стартувате машината обрнете внимание на упатствата за употреба.

AEG BPS18254BL - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 3

Секогаш при користење на машината носете ракавици.

AEG BPS18254BL - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 4

Носте штитник за уши.

AEG BPS18254BL - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 5

Носете ракавици!

AEG BPS18254BL - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 6

Отворете го шрафот / Насока на вртење

AEG BPS18254BL - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 7

Никогаш не ги поставувајте рацете во подрачјето на дискот за сечење.

AEG BPS18254BL - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 8

Овој алат е исклучиво за внатрешна употреба. Никогаш не го изложувајте алатот на дожд.

AEG BPS18254BL - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 9

Не гледајте во ласерскиот зрак.

AEG BPS18254BL - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 10

AEG BPS18254BL - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 11

Сечило на пила дијаметар х дијаметар на отвор

AEG BPS18254BL - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 12

Насока на вртење

AEG BPS18254BL - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 13

сечилото заби

AEG BPS18254BL - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 14

Ширина на сечење

AEG BPS18254BL - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 15

Електричните апарати не смеат да се фрлат заедно со домашниот отпад. Електричните и електронсите апарати треба да се собираат одделно и да се однесат во соодветниот погон заради нивно фрлање во склад со начелата за заштита на околината. Информирајте се кај Вашите местни служби или кај специјализираниот трговски претставник, каде има такви погони за рециклажа и собирни станици.

AEG BPS18254BL - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 16

CE-знак

AEG BPS18254BL - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 17

UkrSEPRO знак на конформитет.

AEG BPS18254BL - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 18

EurAsian (Евроазиски) знак на конформитет.

AEG BPS18254BL - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 19

AEG BPS18254BL - ЕУ-ДЕКЛАРАЦИЈА ЗА СООБРАЗНОСТ - 20

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : AEG

Модел : BPS18254BL

Категорија : жичена пила