AGM1061S - мелница Ferm - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот AGM1061S Ferm во PDF формат.
| Технички карактеристики | Мелач за растителен отпадок, моќност 2400 W, капацитет за мелење до 40 мм дијаметар |
|---|---|
| Употреба | Идеален за намалување на градинарски отпад, гранки, лисја и мали остатоци |
| Одржување и поправка | Редовно проверувајте ги сечилата, чистете го садот по секоја употреба |
| Безбедност | Опремен со безбедносен систем за избегнување на случајно стартување, користете ракавици при ракување |
| Општи информации | Тежина: 25 кг, димензии: 60 x 40 x 100 см, гаранција 2 години |
Frequently Asked Questions - AGM1061S Ferm
Преземете ги упатствата за вашиот мелница во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник AGM1061S - Ferm и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. AGM1061S на марката Ferm.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК AGM1061S Ferm
Благодариме за купувањето на овој FERM производ. Со тоа имате одличен производ, испорачан од еден од водечките добавувачи во Европа. Сите производи доставени од страна на FERM се произведени според највисоките стандарди на перформанси и безбедност. Како дел од нашата филозофија е обезбедување на одличен срвис за клиентите, со поддршка со нашите сеопфатни гаранции. Се надеваме дека ќе уживате користејќи го овој производ многу наредни години.
1. БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
Прочитајте ги приложените, дополнителните безбедносни предупредувања и упатствата. Погрешното следење на безбедносните преупредувања и упатствата може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди. Чувајте ги безбедносните преупредувања и упатствата за да можете повротно да ги прочитате. Следните симболи се користат во упатствата или на производот: Прочитај го упатството. Означува ризик од повреда, губење на живот или оштетување на алатот во случај на непочитување на упатствата. Ризик од струен удар Веднаш извадете ја приклучницата од струја ако кабелот е оштетен како и за време на чистење и
Ризик од разлетани објекти. Присутни лица да се подалеку од работната област Секогаш носете заштита за очите! Носете заштита за слухот. Носете заштитни ракавици. Не го притискајте забравникот за вретено додека моторот работи. Ризик од пожар. Не го депонирајте производот во несоодветни садови Производот е во согласност со важечките стандарди за безбедност во Европските смерници Безбедносни предупредувања заеднички за брусење или абразивни сечења: a( Овој електричен алат е наменет за брусење. Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, упатствата, лустрации и технички податоци за овој електричен алат. Ако не се придржувате кон дадените упатства, кои е се наведени подолу, постои опасност да предизвикате струен удар, пожар и/или тешки повреди. b( Операции како што се пескарење, работа со жичана четка, полирање не се препорачуваат да се изведуваат со овој електричен алат. Операциите кои не се предвидени за овој алат предизвикуваат опасност од повреди. c( Не користете прибор кој не е произведен и препорачан од страна на производителот на алатот. Дури и кога приборот ќе биде прицврстен на алатот не постои гаранција163
за безбедно работење d( Номиналната брзина на приборот мора да одговара на max. брзина означена на алатот. Ако приборот работи побрзо, може да се скрши и да се распрска
e( Надворешниот пречник и дебелината на приборот мора да бидат во рамките на капацитетот на алатот. Несоодветна големина на приборот неможе адекватно да се заштити и да се контролира. f( Навојот на монтажниот прибор мора да одговара на навојот на вретеното на брусилката. За прибор кој се монтира со прирабници, отворот на насадот мора да одговара на пречникот на прирабницата. Прибор кој не се совпаѓа со монтажната геометрија на алатот ќе биде небалансиран, интензивно ќе вибрира и може да предизвика губење на контрола. g( Не користете оштетен прибор. Пред секое користење проверете го приборот, како нпр., брусната плоча да нема пукнатини, подложното перниче да нема пукнатини или да не е изабено, жичаната четка да не е искубана или да нема искршени влакна. Ако електричниот алат или приборот паднал, да се проверат можните оштетувања или да се постави исправен прибор. После проверката и поставувањето на приборот ракувачот и другите присутни да не стојат во рамнината на ротирањето на приборот и електричниот алат да се пушти да работи без оптеретување околу 1 min. Оштетен прибор ќе се распадне за ова време. h( Носете опрема за лична заштитна. Според видот на работата, користете заштита за лицето, ракавици или заштитни очила. Носете маска за прашина, заштита за слухот, ракавици и облека која штити од мали отпадоци од брусење или од струшка. Заштитата за очите мора да биде во состојба да ги сопре разлетаните делови настанати при работа. Маската за прашина мора да биде во состојба да штити од прашина настаната при работа. Кога сте изложени на долготрајна бучава носете заштита за слухот. i( Присутните да бидат оддалечени од работниот простор. Секој кој влегува во работниот простор мора да носи заштитна опрема. Отпадоците од работното парче или од скршениот прибор може да се разлетаат и да предизвикаат повреди j( Држете го електричниот алат за изолирани дршки, ако се изведуваат работи кај кои резниот алат може да дојде во контакт со скриени жици или со сопствен кабел. Со пресекување на „жива” жица и металните делови од електричниот алат стануваат „живи” и ќе предизвикаат струен удар кај
k( Кабелот да е подалеку од вртливиот прибор. Ако ја изгубите контролата врз алатот, можете да го пресечете или да го зафатите кабелот и рацете да ви бидат зафатени од вртливиот прибор. l( Алатот да не го одложувате додека приборот не престане да се врти. Вртливиот прибор може да дојде во контакт со површината на која се одложува и ќе се изгуби контрола врз алатот. m( Алатот не смее да работи кога се пренесува. Со случаен допир со приборот ќе ви се зафати облеката и ќе се повредите. n( Редовно чистете ги отворите за вентилација. Вентилаторот вовлекува прашина и при големи наслаги на метална прашина може да дојде до куса врска. o( Не работете со алатот во близина на запаливи материјали. Искрите можат да ги запалат овие материјали. p( Не користете прибор за кој треба разладно средство. Користење на вода или разладно средство ќе предизвика струен удар. Причини за повратен удар и предупредувања Повратен удар е моментна реакција164
на заклинета ротирачка брусна плоча, подложно перниче, четката или друг прибор. При заклинување доаѓа до брзо сопирање на ротирачкиот прибор и на тој начин електричниот алат се задвижува во спротивна насока од ротирањето, во точката на допирот. На пример, ако брусниот диск се заклини во работно парче, работ од дискот кој навлегол во точката на заклинувањето може да ја копа површината од материјалот што предизвикува дискот да се качи или да отскокне. Дискот отскокнува во насока на ракувачот или во спротивна насока, што
од насоката на движењето на дискот кон точката на заклинување. Дискот може да се скрши во оваа состојба. Повратниот удар е резултат на погрешно ракување со електричниот алат и/или при неправилна работна постапка или состојба, а може да се избегне со придржување кон подолу опишаните мерки. a) Цврсто држете ја рачката од алатот и телото и рацете да ви бидат во положба да го одбијат повратниот удар. Секогаш користите ја дополнителната рачка, ако ја има, за максимална контрола при повратен удар или торзиона реакција за време на стартувањето. Ракувачот може да го контролира повратниот удар ако се превземни соодветни мерки. b) Не ги поставувајте рацете во близина на ротирачкиот прибор. Приборот може да отскокне во вашите раце. c) Не стоите во областа во која алатот би отскокнал при повратен удар. Повратниот удар го турка алатот во насока обратна од движењето на дискот во точката на заклинувањето. d) Бидете внимателни кога работите ќошиња, остри рабови итн. Избегнувајте скокање и заклинување на опремата. Ќошињата и острите рабови имаат тенденција да го заклинат вртливиот прибор и да предизвикаат повратен удар. e) Не поставувајте верижни листови за резбарење на дрво или назабени листови за пила. Тие создаваат чести повратни удари и губење на контрола. Предупредувања за безбедност карактеристични за брусење и отсекување: a( Користете ги дисковите кои се препорачуваат за вашиот електричен алат и посебно конструираните браници за избраните дискови. Дискови кои не се наменети за овој алат нема да можат адекватно да се заштитат со браник и се небезбедни. b( Брусната површина на дисковите со пресован центар мора да биде монтирана испод рамнината на браникот. Неправилно монтиран диск, кој ја надминува рамнината на браникот, неможе да биде соодветно
c( Браникот мора да биде сигурно поврзан и безбедно поставен на електричниот алат, така најмалиот дел од дискот да биде изложен кон ракувачот. Браникот помага во заштита на ракувачот од скршени делови од дискот, случаен контакт со дискот и од искри кои можат да ја запалат облеката d( Дискот да се применува само за соодветна работа. На пример: не брусете со страната од дискот. Дисковите за отсекување се наменети за периферно брусење, страничните сили можат да ги искршат овие
e( Секогаш да користите неоштетени прирабници на дискот, со коректна големина и облик за избраниот диск. Соодветни прирабници на дискот го поддржуваат дискот со што се намалува можноста дискот да се скрши. Прирабниците за дисковите за отсекување можат да се разликуваат од прирабниците за дисковите за брусење. f( Не користете истрошени дискови од поголеми електрични алати. Дискови кои се наменети за поголеми електрични алати не се погодни за поголеми брзини кај помалите165
електрични алати. Дополнителни предупредувања за безбедност карактеристични за абразивни отсекувања Отсекувањата се применливи само со посебен браник (не е вклучен) сл. C2 - D2 a) Немојте да го „заглавувате“ дискот за отсекување или да применувате голем притисок. Не се обидувајте да правите длабоки резови. Преоптеретувањето на дискот го зголемува напрегањето и чувствителноста на осцилирање или извивање на дискот, а со тоа и можноста за повратен удар или b) Немојте да стоите во линијата на дискот кој ротира. Кога дискот, во точката на сечење, се движи од вашето тело, можниот повратен удар ќе го насочи вртливиот диск директно кон вас. c) Кога дискот се лепи или прави испрекинато сечење, од било која причина, исклучете го електричниот алат и држете го без движење, додека тркалото целосно не се сопре. Не се обидувајте да го извадите дискот од зафат додека е во движење, зашто може да дојде до повратен удар. Испитајте и превземете соодветни мерки за отклонување на причината за лепење на дискот. d) Не ја повторуваjте операцијата со диск поставен во работно парче. Почекајте дискот да ја постигне max. брзина и внимателно повторете го резот. Дискот може да лепи, да се качува нагоре или да предизвика повратен удар ако алатот се стартува во работното парче. e) Потпрете ги плочите или големите парчиња за да го намалите ризикот од заклинување или од повратен удар. Големите парчиња имаат тенденција да се виткаат од сопствена тежина. Потпорите мора да се постават под парчето, во близина на линијата на сечењето и работ од парчето, од двете страниод дискот. f) Бидете посебно внимателни при „нурнување” во ѕидови или други површини. Дискот може да исече цевки за вода, гас, електрична инсталација или објекти, што може да предизвика повратен удар. Електрична безбедност При користење на електрични машини почитувајте ги безбедносните правила во вашата земја, за да го намалите ризикот од пожар, струен удар и повреди. Прочитајте ги следните безбедносни упатства и приложените безбедносни упатства. Секогаш проверувајте дали напонот на напојувањето одговара на напонот на плочката Класа на машина II- Двојна изолација - Не ви е потребен приклучок за заземјување Ако не може да се избегне работење со електричниот алат во влажна средина, користете резидуален моментен уред )RCD( со заштитен напон. Користење на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Вашата аголна брусилка е конструирана за брусење на бетон и челични материјали, без користење на вода. За сечење, мора да се користи посебен браник )не е вклучен( Сл. D2. Технички податоци
Дијаметар 115 mm 125mm Отвор 22.2 mm 22.2 mm Дебелина 6 mm 6 mm Диск за сечење Дијаметар 115 mm 125 mm Отвор 22.2 mm 22.2 mm Дебелина 3 mm 3 mm Навој на вретеното M14 M14 Тежина 1.79 kg 1.97 kg Звучен притисок (LPA) 88.7 + 3 dB(A) 88.1 + 3 dB(A) Акустична моќност (LWA) 99.7 + 3 dB(A) 99.1 + 3 dB(A) Вибрации „брусење на
Ниво на вибрации Нивото на емисијата на вибрациите, наведено во упатствово, е измерено во согласност со стандардизиран тест даден во EN 60745; тој може да се користи за споредување на еден алат со друг како и за прелиминарна процена на изложеност на вибрации кога алатот се користи за различни апликации.
- Користењето на алатот за различни апликации или со различни или слабо одржуван прибор, може значително да го зголеми нивото на изложеност.
- Времето кога алатот е исклучен или кога работи, ноне ја врши работата, може значително да го намали нивото на изложеност. Заштитете се од ефектите на вибрациите со одржување на алатот и приборот, рацете да ви бидат топли и организирајте ги работните
Броевите во текстот се однесуваат на дијаграмите на стр. 2-4. Сл. A
1. Копче за забравување на вретеното
2. Лост за отпуштање на браникот
4. Лост за отпуштање за On/Off прекинувач
5. On/Off прекинувач
6. Точка на спојување на странична дршка
10. Брусен диск )не е вклучен(
2. Лост за отпуштање на браникот
Сл. C2 Браник за сечење )не е вклучен(
2. Лост за отпуштање на браникот
Сл. D1 Браник за брусење Сл. D2 Браник за сечење )не е вклучен(
Пред монтажа исклучете ја машината и извадете го приклучокот од главниот напон. Монтирање на браникот (Сл. C и D)
- Поставете ја машината врз маса, со вретеното )7( свртено на горе.
- Ставете го браникот )3( врз главата на машината, според сл. C внимавајќи испустите од браникот да навлезат во жлебовите на главата на машина.
- Свртете го браникот на лево според сл. D и притиснете го лостот за ослободување на браникот )2(.
- Можете да ја прилагодите положбата на браникот со ослободување на рачката )2( и поставување на браникот во сакана положба и притиснете ја рачката за забравување.167
Никогаш не го отстранувајте
Монтирање и демонтирање на диск (Сл. B)
- Користете соодветен диск за оваа машина, со дијаметар Ø 115 mm за AGM1060S и Ø 125 mm за AGM1061S и насад од 22,2 mm, дебелина на диск за брусење треба да биде 6 mm, а за диск за сечење 3 mm, монтираниот диск не смее да го допира
- Поставете ја машината врз маса, со браник )3( свртен нагоре.
- Монтирајте ја прирабницата )9( врз вретеното )7(.
- Ставете го дискот )10( на вретено )7(.
- Држете го притиснато копчето за забравување на вретеното )1( и цврсто стегнете ја навртката )11( на вретено )7(, со помош на клуч )12(. Отстранување
- Поставете ја машината врз маса, со браник )3( свртен нагоре.
- Држете го притиснато копчето за забравување на вретеното )1( и отстегнете ја навртката )11( со помош на клуч )12(.
- Отстранете го дискот )10( од вретено )7(.
- Држете го притиснато копчето за бравување на вретеното )1( и стегнете ја навртката )11( со помош на клуч )12(. Монтирање на страничната дршка (Сл. A и B)
- Страничната дршка )8( може да биде навртена во едно од трите сврзни точки )6( на дршката.
Работното парче да е соодветно потпрено или стегнато и кабелот да е подалеку од работната област. Вклучување и исклучување )Сл. A(
- За вклучување, повлечете го кон себе лостот за ослободување на On/Off прекинувачот )4(, а потоа притиснете го прекинувачот )5(.
- За исклучување, отпуштете го прекинувачот )5(. Држете ја машината подалеку од работното парче, кога ја вклучувате и исклучувате, зашто дискот може да го оштети парчето.
- Цврсто стегнето го работното парче или користете друг начин за стегање на парчето, за да не се помести во тек на работа.
- Редовно проверувајте го дискот. Истапените дискови имаат лош ефект врз ефикасноста на машината. Сменете го дискот во вистинско време.
- Секогаш да ја исклучите машината после користење, пред да го извлечете кабелот од
Оборување на рабови )Сл. E( Под агол од 30ۣ° до 40° го добивате најдобрите резултати за оборување на рабови. Движете ја машината назад и напред, со мал притисок. Ова ќе го спречи обезбојувањето или загревањето на парчето и ќе се избегне правење на жлебови. Не користете дискови за сечење за оборување на рабови! Сечење )Сл. F( За сечење, мора да се користи посебен браник )не е вклучен(. Одржувајте цврст контакт со парчето за спречување на вибрации и не навалувајте или не притискајте кога сечете. Користете умерен притисок при работа, соодветен на материјалот кој се обработува. Не го успорувајте дискот со примена на страничен притисок. Насоката на сечењето е важна. Машината секогаш да работи наспроти насоката на сечењето; никогаш да не ја движите машината во друга насока! Постои ризик машината да се заглави предизвикувајќи повратен удар и губење на
Совети за оптимално користење168
- Стегнете го работното парче. Користете стеги за мали парчиња.
- Држете ја машината со две раце.
- Вклучете ја машината.
- Почекајте машината да достигне полна
- Поставете го дискот врз работното парче.
- Полека движете ја машината по должината на парчето, цврсто притискајќи го дискот врз
- Не притискајте премногу врз машината. Оставете машината да ја заврши работата.
- Исклучете ја машината и почекајте целосно да се сопре, пред да ја одложите.
Пред чистење и одржување исклучете ја машината и извадете го приклучокот од главниот напон. Редовно чистете го куќиштето со мека крпа, по можност после секое користење. Отворите за вентилација да бидат ослободени од прашина и нечистотија. Отстранетеја нечистотијата со
крпа, навлажнета со сапуница. Не користете растворувачи како што е бензин, алкохол, амонијак, и др. хемикалии, зашто тие ќе ги оштетат синтетичките компоненти. Замена на кабелот Ако кабелот е оштетен, тој мора да се замени од страна на производителот, неговиот овластен сервис или од квалификувано лице, за да се избегнат опасности. Замена на мрежен приклучок )само за ВБ( Ако 3-полниот приклучок приклучен во единицата е оштетен и треба да се замени, важно е прописно да се уништи и да се замени со одобрен од страна на BS 1363/7A осигурителен приклучок и дека се запазени следните упатства за ожичување. Жиците во мрежниот кабелсе обоени во согласност со следниов код:
- кафеава жива Бидејќи боите на жиците во мрежниот кабел не одговараат на обоените ознаки за идентификација на терминалите во приклучокот, постапете на следниот начин:
- Жицата со сина боја мора да се поврзе со терминалот што е означен со буквата N или е со црна боја.
- Жицата со кафеава боја да се поврзе со терминалот што е означен со буквата L или е со црвена боја. Јаглени четкички Ако јаглените четкички се истрошени, мора да ги замени одделот за сервис за клиенти или квалификувано лице. Користете само точни оригинални
Гарантните условите се дадени во посебна гарантна картичка.
Дефектни и/или отфрлени електрични или електронски апарати треба да се собираат на соодветни локации за рециклирање. Само за земји од ЕУ Не ги депонирајте алатите во домашен отпад. Според Европското Упатство 2012/19/ EU за отпадна електрична и електронска опрема и неговата имплементација во националното право, електричните алати кои веќе не се употребливи мораат да се собираат одделно и да се отстрануваат на еколошки начин. Производот и упатството се предмет на
Notice-Facile