Ferm AGM1111P - мелница

AGM1111P - мелница Ferm - Бесплатен кориснички прирачник

Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот AGM1111P Ferm во PDF формат.

📄 164 страници Македонски MK Преземи 💬 AI прашање 10 прашања ⚙️ Спецификации
Notice Ferm AGM1111P - page 145
Pick your language and provide your email: we'll send you a specifically translated version.
Вид на производ Аголна брусилка
Марка Ferm
Модел AGM1111P
Апсорбирана моќност 850 W
Напон на напојување 220-240 V ~, 50/60 Hz
Номинална брзина без оптоварување 11 000 tr/min
Дијаметар на диск 100 mm
Отвор на диск 16 mm
Навој на оска M10
Тежина 1,98 kg
Класа на заштита II (двојна изолација)
Ниво на звучен притисок (LPA) 86,4 ± 3 dB(A)
Ниво на звучна моќност (LWA) 97,4 ± 3 dB(A)
Ниво на вибрации (мелење) 6,334 ± 1,5 m/s²
Предвидена употреба Мелење камен, бетон и челик; сечење со специјален штитник
Главни функции Отстранување на рабови, сечење (потребен е додаток), мелење
Помошна рачка Да, вклучена е странична рачка
Заштитен капак Вклучен, прилагодлив
Копче за блокирање на оската Да, за промена на диск
Одржување Исчистете со мека крпа; не користете растворувачи
Достапни резервни делови Четки од јаглеродни блокови, дискови, прирабници, навртки
Гаранција Според приложениот гарантен сертификат

Frequently Asked Questions - AGM1111P Ferm

Која е моќноста на брусилката Ferm AGM1111P?
Брусилката Ferm AGM1111P има апсорбирана моќност од 850 W.
Кој дијаметар на диск можам да го користам со овој модел?
Овој модел е предвиден за дискови со дијаметар од 100 mm и отвор од 16 mm.
Како да го сменам дискот на брусилката?
Исклучете го уредот, притиснете и задржете го копчето за блокирање на оската, олабавете ја затегнувачката навртка со помош на приложениот клуч, а потоа заменете го дискот. Цврсто затегнете ја навртката откако ќе го поставите дискот.
Може ли да ја користам оваа брусилка за сечење?
Да, но мора да користите специјален затворен заштитен капак (не е вклучен) за операции на сечење.
Која заштитна опрема треба да носам?
Секогаш носете заштитни очила, заштита за слух, безбедносни ракавици и ако е потребно маска против прашина.
Дали брусилката се испорачува со заштитен капак?
Да, вклучен е прилагодлив заштитен капак. Треба да се монтира пред секоја употреба.
Како да ја исчистам брусилката Ferm AGM1111P?
Користете мека, малку влажна крпа. Никогаш не користете растворувачи како бензин, алкохол или амонијак.
Која е брзината на ротација на оваа брусилка?
Номиналната брзина без оптоварување е 11 000 врт/мин.
Како да ги заменам четките од јаглеродни блокови?
Замената на четките треба да ја изврши производителот, неговата сервисна служба или соодветно квалификувано лице. Користете само соодветни четки.
Каде можам да најдам резервни делови за овој модел?
Резервните делови како дискови, четки, прирабници и навртки се достапни кај производителот или овластените продавачи.

Прашања на корисниците за AGM1111P Ferm

0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.

Поставете ново прашање за овој уред

Е-поштата останува приватна: се користи само за да ве извести ако некој одговори на вашето прашање.

Сè уште нема прашања. Бидете прв што ќе праша.

Преземете ги упатствата за вашиот мелница во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник AGM1111P - Ferm и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. AGM1111P на марката Ferm.

КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК AGM1111P Ferm

Благодариме за купувањето на овој FERM производ. Со тоа имате одличен производ, испорачан од еден од водечките добавувачи во Европа. Сите производи доставени од страна на FERM се произведени според највисоките стандарди на перформанси и безбедност. Како дел од нашата филозофија обезбедуваме одлична услуга за клиентите, со врвна сеопфатна гаранција.

Се надеваме дека ће уживате користејки го овој производ многу наредни години.

Прочитајте ги приложените, дополнителните безбедносни предупредувања и упатствата.

Погрешното следење на безбедносните преупредувања и упатствата може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди.

Чувајте ги безбедносните преупредувања и упатствата за да можете повротно да ги прочитате.

Следните символи се користат во упатствата или на производот:

Ferm AGM1111P - 1

Прочитај го упатството.

Ferm AGM1111P - 2

Означува ризик од повреда, губење на живот или оштетување на алатот во случај на непочитување на упатствата.

Ferm AGM1111P - 3

Ризик од струен удар

Ferm AGM1111P - 4

Веднаш извадете ја приклучницата од струја ако кабелот е оштетен како и за време на чистење и одржување.

Ferm AGM1111P - 5

Ризик од разлетани објекти. Присутните лица да се подалеку од работната област

Ferm AGM1111P - 6

Секогаш носете заштита за очите! Носете заштита за слухот.

Ferm AGM1111P - 7

Носете заштитни ракавици.

Ferm AGM1111P - 8

Не го притискајте забравникот за вретено додека моторот работи.

Ferm AGM1111P - 9

Ризик од пожар.

Ferm AGM1111P - 10

Не го депонирајте производот во несоодветни садови.

Ferm AGM1111P - 11

Производот е во согласност со важечките стандарди за безбедност во Европските смерници.

Безбедносни предупредувања заеднички за брусење или абразивни сечења:

a) Овој електричен алат е наменет за брусење. Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, упатствата, илустрации и технички податоци за овој електричен алат. Ако не се придржувате кон дадените упатства, кои е се наведени подолу, постои опасност да предизвикате струен удар, пожар и/или тешки повреди.

b) Операции како што се пескарење, работа со жичана четка, полирање не се препорачуваат да се изведуваат со овој електричен алат. Операциите кои не се предвидени за овој алат предизвикуваат опасност од повреди.

с) Не користете прибор кој не е произведен и препорачан од страна на производителот на алатот. Дури и кога приборот їе биде прицврстен на алатот не постои гаранција за безбедно работење.

d) Номиналната брзина на приборот мора да одговара на тах. брзина означена

на алатот. Прибор кој работи побрзо од номиналниот број на вртежи, може да се скрши и да се распрска во околината.

e) Надворешниот пречник и дебелината на приборот мора да бидат во рамките на капацитетот на алатот. Несоодветна големина на приборот неможе адекватно да се заштити и да се контролира.

f) Навојот на монтажниот прибор мора да одговара на навојот на вретеното на брусилката. За прибор кој се монтира со прирабници, отворот на насадот мора да одговара на пречникот на прирабницата. Прибор кој не се совпаға со монтажната геометрија на алатот ќе биде небалансиран, интензивно ќе вибрира и може да предизвика губење на контрола.

g) Не користете оштетен прибор. Пред секое користење проверете го приборот, како нпр., брусната плоча да нема пукнатини, подложното перниче да нема пукнатини или да не е изабено, жичаната четка да не е искубана или да нема искршени влакна. Ако електричниот алат или приборот паднал, проверете ги можните оштетувања или ставете неоштетен прибор. После проверката и ставањето на приборот, ракувачот и другите присутни да не стојат во рамнината на ротирањето на приборот и електричниот алат да се пушки да работи без оптеретување околу 1 min. Оштетен прибор ће се распадне за ова време.

h) Носете опрема за лична заштитна. Според видот на работата, користете заштита за лицето, ракавици или заштитни очила. Носете маска за прашина, заштита за слухот, ракавици и облека која штити од мали отпадоци од брусење или од струшка. Заштитата за очите мора да биде во Costaјба да ги сопре разлетаните делови настанати при работа. Маската за прашина мора да биде во Costaјба да штити од прашина настаната при работа. Кога сте изложени на долготрајна бучава носете заштита за слухот.

i) Присутните да бидат оддалечени од работниот простор. Секој кој влегува во работниот простор мора да носи заштитна опрема. Отпадоците од работното парче или од скршениот прибор може да се разлетаат и да предизвикаат повреди.

j) Држете го електричниот алат за изолирани дршки, ако се изведуваат работи кај кои резниот алат може да дојде во контакт со скриени жици или со сопствен кабел. Со пресекување на „жива” жица и металните делови од електричниот алат стануваат „живи” и ње предизвикаат струен удар кај ракувачот.
k) Кабелот да е подалеку од вртливиот прибор. Ако ја изгубите контролата врз алатот, можете да го пресечете или да го зафатите кабелот и рацете да ви бидат зафатени од вртливиот прибор.
I) Алатот да не го одложувате додека приборот не престане да се врти. Вртливиот прибор може да дојде во контакт со површината на која се одложува и ће се изгуби контрола врз алатот.
m) Алатот не смее да работи кога се пренесува. Со случаен допир со приборот ће ви се зафати облеката и ће се повредите.
n) Редовно чистете ги отворите за вентилација. Вентилаторот вовлекува прашина и при големи наслаги на метална прашина може да дојде до куса врска.
о) Не работете со алатот во близина на запаливи материјали. Искрите можат да ги запалат овие материјали.
р) Не користете прибор за кој треба разладно средство. Користење на вода или разладно средство ќе предизвика струен удар.

Причини за повратен удар и предупредувања

Повратен удар е моментна реакција на заклинета ротирачка брусна плоча, подложно перниче, четката или друг прибор. При заклинување доаға до брзо сопирање на ротирачкиот прибор и на тој начин електричниот алат се задвижува во спротивна насока од ротирањето, во точката на допирот. На пример, ако брусниот диск се заклини во работно парче, работ од дискот кој навлегол во точката на заклинувањето може да ја копа површината од материјалот што предизвикува дискот да се качи или да отскокне. Тој може да отскокне кон или од ракувачет, во зависност од насоката на движењето во точката на заклинувањето. Дискот може да се скрши во оваа состојба. Повратниот удар е резултат на

погрешно ракување со електричниот алат и/или при неправилна работна постапка или состојба, а може да се избегне со придржување кон подолу опишаните мерки.

a) Цврсто држете ја рачката од алатот и телото и рацете да ви бидат во положба да го одбијат повратниот удар. Секогаш користите ја дополнителната рачка, ако ја има, за максимальна контрола при повратен удар или торзиона реакција за време на стартувањето. Ракувачот може да го контролира повратниот удар ако се превземни соодветни мерки.
b) Не ги поставувајте рацете во близина на ротирачкиот прибор. Приборот може да отскокне во вашите раце.
с) Не стоите во областа во која алатот би отскокнал при повратен удар. Повратниот удар го турка алатот во насока обратна од движењето на дискот во точката на заклинувањето.
d) Бидете внимателни кога работите кошиња, остри рабови итн. Избегнувајте скокање и заклинување на опремата. Кошињата и острите рабови имаат тенденција да го заклинат вртливиот прибор и да предизвикаат повратен удар.
e) Не поставувајте верижни листови или назабени листови за пила. Тие создаваат чести повратни удари и губење на контрола.

Предупредувања за безбедност карактеристични за брусење и отсекување:

a) Користете ги дисковите кои се препорачуваат за вашиот електричен алат и посебно конструираните браници за избраните дискови. Дискови кои не се наменети за овој алат нема да можат адекватно да се заштитат со браник и се небезбедни.
b) Брусната површина на дисковите со пресован центар мора да биде монтирана испод рамнината на браникот. Неправилно монтиран диск, кој ја надминува рамнината на браникот, неможе да биде соодветно заштитен.
с) Браникот мора да биде сигурно поврзан и безбедно поставен на електричниот алат, така најмалиот дел од дискот да биде

изложен кон ракувачот. Браникот помага во заштита на ракувачот од скршени делови од дискот, случаен контакт со дискот и од искри кои можат да ја запалат облеката

d) Дискот да се применува само за соодветна работа. На пример: не брусете со страната од дискот. Дисковите за отсекување се наменети за периферно брусење, страничните сили можат да ги искршат овие дискови.
e) Секогаш да користите неоштетени прирабници на дискот, со коректна големина и облик за избраниот диск. Соодветни прирабници на дискот го поддржуваат дискот со што се намалува можноста дискот да се скрши. Прирабниците за дисковите за отсекување можат да се разликуваат од прирабниците за дисковите за брусење.
f) Не користете истрошени дискови од поголеми електрични алати. Дискови кои се наменети за поголеми електрични алати не се погодни за поголеми брзини кај помалите електрични алати.

Дополнителни предупредувања за безбедност карактеристични за абразивни отсекувања

Ferm AGM1111P - Дополнителни предупредувања за безбедност карактеристични за абразивни отсекувања - 1

Отсекувањата се применливи само со посебен браник (не е включен)

a) Немојте да го „заглавувате“ дискот за отсекување или да применувате голем притисок. Не се обидувајте да правите длабоки резови. Преоптеретувањето на дискот го зголемува напрегањето и чувствителноста на осцилирање или извивање на дискот, а со тоа и можноста за повратен удар или кршење на дискот.
b) Немојте да стоите во линијата на дискот кој ротира. Кога дискот, во точката на сечење, се движи од вашето тело, можниот повратен удар ќе го насочи вртливиот диск директно кон вас.
с) Кога дискот се лепи или прави испрекинато сечење, од било која причина, исключете го електричниот алат и држете го без движење, додека тркалото целосно не се сопре. Не се обидувајте да го извадите дискот од зафат додека е во

движење, зашто може да дојде до повратен удар.Испитајте и превземете соодветни мерки за отклонување на причината за лепење на дискот.

d) Не ја повторувајте операцијата со диск поставен во работно парче. Почекајте дискот да ја постигне тах. брзина и внимателно повторете го резот. Дискот може да лепи, да се качува нагоре или да предизвика повратен удар ако алатот се стартува во работното парче.
e) Потпрете ги плочите или големите парчиња за да го намалите ризикот од заклинување или од повратен удар. Големите парчиња имаат тенденција да се виткаат од сопствена тежина. Потпорите мора да се постават под парчето, во близина на линијата на сечењето и работ од парчето, од двете страни од дискот.
f) Бидете посебно внимателни при „нурнување” во сидови или други површини. Дискот може да исече цевки за вода, гас, електрична инсталација или објекти, што може да предизвика повратен удар.

Електрична безбедност

При користење на електрични машини почитувајте ги безбедносните правила во вашата земја, за да го намалите ризикот од пожар, струен удар и повреди. Прочитајте ги следните безбедносни упатства и приложените безбедносни упатства.

Ferm AGM1111P - Електрична безбедност - 1

Секогаш проверувајте дали напонот на напојувањето одговара на наведениот напон на плочката.

Ferm AGM1111P - Електрична безбедност - 2

Класа на машина II- Двојна изолација - Не ви е потребен приключок за заземјување.

Ако не може да се избегне работење со електричниот алат во влажна средина, користете резидуален моментен уред (RCD) со заштитен напон. Користење на RCD го намалува ризикот од струен удар.

Вашата аголна брусилка е конструирана за брусење на бетон и велични материјали, без користење на вода. За сечење, мора да се користи посебен браник (не е включен).

Технички податоци

Модел бр.AGM1110P AGM1112P AGM1114P
Мрежен напон220-240 V~
Номинална фреквенција50/60 Hz
Влезна моćност710 W
Номинална брзина N_0 11.000/min
Брусен диск
Дијаметар100 mm 115 mm 125 mm
Насаден отвор16 mm 22 mm 22 mm
Навој на вретеноM10 M14 M14
Тежина1.98 kg 2 kg 2.05 kg
Звучен притисок ( L_PA )86.4 + 3 dB(A)
Акустична моćност ( L_WA )97.4 + 3 dB(A)
Вибрации „брусење на површини”6.334 + 1.5 m/s ^2
Модел бр.AGM1111P AGM1113P AGM1115P
Мрежен напон220-240 V~
Номинална фреквенција50/60 Hz
Влезна моćност850 W
Номинална брзина N_0 11.000/min
Брусен диск
Дијаметар100 mm 115 mm 125 mm
Насаден отвор16 mm 22 mm 22 mm
Навој на вретеноM10 M14 M14
Тежина1.98 kg 2 kg 2.05 kg
Звучен притисок ( L_PA )86.4 + 3 dB(A)
Акустична моćност ( L_WA )97.4 + 3 dB(A)
Вибрации „брусење на површини”6.334 + 1.5 m/s ^2

Ниво на вибрации

Нивото на емисијата на вибрациите, наведено во упатствово, е измерено во согласност со стандардизиран тест даден во EN 60745; тој може да се користи за споредување на еден алат со друг како и за прелиминарна процена на изложеност на вибрации при користење на алатот во споменатите апликации

  • користењето на алатот за различни апликации или со различни или слабо одржуван прибор, може значително да го зголеми нивото на изложеност
  • времето кога алатот е ислучен или кога работи но не ја врши работата, може значително да го намали нивото на изложеност.

Заштитете се од ефектите на вибрациите со одржување на алатот и приборот, рацете да ви бидат топли и организирајте ги работните навики.

Опис

Броевите во текстот се однесуваат на дијаграмите на стр. 2-3.

Сл. А

  1. Копче за забравување на вретено
  2. On/Off прекинувач
  3. Браник

Сл. В

  1. Вретено
  2. Монтажна прирабница
  3. Брусен диск (не е включен)
  4. Стезна навртка
  5. Клуч
  6. Странична дршка

Монтажа

Ferm AGM1111P - Монтажа - 1

Пред монтажа исключете ја машината и извадете го приклучокот од главниот напон.

Монтирање на браникот (Сл. А и В)

  • Поставете ја машината врз маса со вретено (8) свртено нагоре.
  • Ставете го браникот (3) врз главата на машината, според сл. В внимавајки испустите од браникот да навлезат во

жлебовите на главата на машина.

- Свртете го браникот на лево и осигурајте го со стегање на завртката (14).

Ferm AGM1111P - Монтирање на браникот (Сл. А и В) - 1

Никогаш не го отстранувајте браникот.

Монтирање и отстранување на дискот (сл. В)

- Користете соодветен диск за оваа машина, со дијаметар ∅ ∅ 100 / 115 / 125 mm и насад од 16 / 22 / 22 mm, дебелина на диск за брусење треба да биде 6 mm, а за диск за сечење 3 mm, монтираниот диск не смее да го допира браникот.

Монтажа

  • Поставете ја машината врз маса, со браник (3) свртен нагоре.
  • Монтирајте ја прирабницата (9) врз вретеното (8).
    • Ставете го дискот (10) на вретено (8).
  • Држете го притиснато копчето за забравување на вретеното (1) и цврсто стегнете ја навртката (11) на вретено (8), со помош на клуч (12).

Отстранување

  • Поставете ја машината врз маса, со браник (3) свртен нагоре.
  • Држете го притиснато копчето за забравување на вретеното (1) и отстегнете ја навртката (11) со помош на клуч (12).
  • Отстранете го дискот (10) од вретено (8).
  • Држете го притиснато копчето за забравување на вретеното (1) и стегнете ја навртката (11) со помош на клуч (12).

3. РАКУВАЊЕ

Ferm AGM1111P - РАКУВАЊЕ - 1

Работното парче да е соодветно потпрено или стегнато и кабелот да е подалеку од работната област.

Вклучување и исклучување (Сл. А)

  • За включување на машината, притиснете го On/Off прекинувачот (2).
  • За ислучување, отпуштете го On/Off прекинувачот (2).

Држете ја машината подалеку од работното парче, кога ја вклучувате и исклучувате, зашто дискот може да го оштети парчето.

  • Цврсто стегнето го работното парче или користете друг начин за стегање на парчето, за да не се помести во тек на работа.
  • Редовно проверувајте го дискот. Истапените дискови имаат лош ефект врз ефикасноста на машината. Сменете го дискот во вистинско време.
  • Секогаш да ја исключите машината после користење, пред да го извлечете кабелот од мрежата.

Оборување на рабови (сл. С)

Под агол од 30° до 40° го добивате најдобрите резултати за оборување на рабови. Движете ја машината назад и напред, со мал притисок. Ова ќе го спречи обезбојувањето или загревањето на парчето и ќе се избегне правење на жлебови.

Ferm AGM1111P - Оборување на рабови (сл. С) - 1

Не користете дискови за сечење за оборување на рабови!

Сечење (сл. D)

За сечење, мора да се користи посебен браник (не е включен).

Одржувајте цврст контакт со парчето за спречување на вибрации и не навалувајте или не притискајте кога сечете. Користете умерен притисок при работа, соодветен на материјалот кој се обработува. Не го забавувајте дискот со примена на страничен притисок. Насоката на сечењето е важна.

Машината секогаш да работи наспроти насоката на сечењето; никогаш да не ја движите машината во друга насока! Постои ризик машината да се заглави предизвикувајки повратен удар и губење на контрола.

Совети за оптимално користење

  • Стегнете го работното парче. Користете стеги за мали парчиња.
    • Држете ја машината со две раце.
    • Включете ја машината.
  • Почекајте машината да достигне полна брзина.
  • Поставете го дискот врз работното парче.
  • Полека движете ја машината по должината на парчето, цврсто притискајки го дискот врз парчето.
  • Не притискајте премногу врз машината. Оставете машината да ја заврши работата.

- Исклучете ја машината и почекајте целосно да се сопре, пред да ја одложите.

4. ОДРЖУВАЊЕ

Замена на мрежен приклучок (само за ВБ)

Ако 3-полниот приклучок прилучен во единицата е оштетен и треба да се замени, важно е прописно да се уништи и да се замени со одобрен од страна на BS 1363/7A осигурителен приклучок и дека се запазени следните упатства за ожичување.

Жиците во мрежниот кабел се обоени во согласност со следниов код:

• сина неутрална

- кафеава жива

Бидејки боите на жиците во мрежниот кабел не одговараат на обоените ознаки за идентификација на терминалите во приключокот, постапете на следниот начин:

  • Жицата со сина боја мора да се поврзе со терминалот што е означен со буквата N или е со црна боја.
  • Жицата со кафеава боја да се поврзе со терминалот што е означен со буквата L или е со црвена боја.

Ferm AGM1111P - Замена на мрежен приклучок (само за ВБ) - 1

Пред чистење и одржување исключете ја машината и извадете го приклучокот од главниот напон.

Редовно чистете го кукиштето со мекана крпа, по можност после секое користење.

Отворите за вентилација да бидат ослободени од прашина и нечистотија. Отстранете ја нечистотијата со мекана крпа, навлажнета со сапуница. Не користете растворувачи како што е бензин, алкохол, амонијак, и др. хемикалии, зашто тие ќе ги оштетат синтетичките компоненти.

Заменете го кабелот

Ако кабелот е оштетен, тој мора да се замени од страна на производителот, неговиот овластен сервис или од квалификувано лице, за да се избегнат опасности.

Проверка и замена на јаглени четкички.

Ако четкичките се истрошени, машината ке работи нерамномерно.

Jaglени четкички

Ако јаглените четкички се истрошени, мора да ги замени одделот за сервис за клиенти или квалификувано лице.

Ferm AGM1111P - Jaglени четкички - 1

Користете само точни оригинални четкички.

ОКОЛИНА

Ferm AGM1111P - ОКОЛИНА - 1

Дефектни и/или отфрлени електрични или електронски апарати треба да се собираат на соодветни локации за рециклирање.

Само за земји од ЕУ

Не ги депонирајте алатите во домашен отпад. Според Европското Упатство 2012/19/ EU за отпадна електрична и електронска опрема и неговата имплементација во националното право, електричните алати кои веće не се употребливи мораат да се собираат одделно и да се отстрануваат на еколошки начин.

ГАРАНЦИЈА

Гарантните условите се дадени во посебна гарантна картичка.

Производот и упатството се предмет на промена. Карактеристиките можат да се променат без натамошно известување.

MÁY MÀI GÓC

AGM1110P 710W 100mm

AGM1111P 850W 100mm

AGM1112P 710W 115mm

AGM1113P 850W 115mm

AGM1114P 710W 125mm

AGM1115P 850W 125mm

(MK) Изјавуваме со наша целосна одговорност дека производот е во согласност со Смерницата 2011/65/EU на Европскиот парламент и е во согласност според Советот од 9 јни за ограничување на користење на одредени опасни супстанции во електричната и электронската опрема и дека е според следните стандарди и регулативи:

EN 60745-1, EN 60745-2-3, EN 55014-1, EN 55014-2, EN 61000-3-2, EN 61000-3-3,

2006/42/EC, 2011/65/EU, 2012/19/EU, 2014/30/EU

Zwolle, 01-09-2020

Ferm AGM1111P - MÁY MÀI GÓC - 1

text_image H.G.Frosberg CEO FERM

FERM - Lingenstraat 6 - 8028 PM - Zwolle - The Netherlands

Асистент за прирачник
Поддржано од Anthropic
Чекање на вашата порака
Информации за производот

Марка : Ferm

Модел : AGM1111P

Категорија : мелница