AGM1095P - Полирач Ferm - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот AGM1095P Ferm во PDF формат.
Преземете ги упатствата за вашиот Полирач во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник AGM1095P - Ferm и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. AGM1095P на марката Ferm.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК AGM1095P Ferm
i) Пазете минувачите на безопасно
πλέον πρέπει να συλλέγονται ξεχωριστά και να απορρίπτονται με τρόπο φιλικό προς το περιβάλλον. Το προϊόν και το εγχειρίδιο χρήστη υπόκεινται σε αλλαγή. Οι προδιαγραφές μπορεί να αλλάξουν χωρίς άλλη ειδοποίηση. АГОЛНА БРУСИЛКА AGM1093P 750W 100mm AGM1094P 750W 115mm AGM1095P 950W 125mm Благодариме за купувањето на овој FERM производ. Со тоа имате одличен производ, испорачан од еден од водечките добавувачи во Европа. Сите производи доставени од страна на FERM се произведени според највисоките стандарди на перформанси и безбедност. Како дел од нашата филозофија обезбедуваме одлична услуга за клиентите, со врвна сеопфатна гаранција. Се надеваме дека ќе уживате користејќи го овој производ многу наредни години.
Прочитајте ги приложените, дополнителните безбедносни предупредувања и упатствата. Погрешното следење на безбедносните преупредувања и упатствата може да доведе до струен удар, пожар и/или тешки повреди. Чувајте ги безбедносните преупредувања и упатствата за да можете повротно да ги прочитате. Следните симболи се користат во упатствата или на производот: Прочитај го упатството. Означува ризик од повреда, губење на живот или оштетување на алатот во случај на непочитување на упатствата. Ризик од струен удар Веднаш извадете ја приклучницата од струја ако кабелот е оштетен како и за време на чистење и
Ризик од разлетани објекти. Присутните лица да се подалеку од работната област147
Секогаш носете заштита за очите! Носете заштита за слухот. Носете заштитни ракавици. Не го притискајте забравникот за вретено додека моторот работи. Ризик од пожар. Не го депонирајте производот во несоодветни садови. Производот е во согласност со важечките стандарди за безбедност во Европските смерници. Безбедносни предупредувања заеднички за брусење или абразивни сечења: a) Овој електричен алат е наменет за брусење. Прочитајте ги сите безбедносни предупредувања, упатствата, илустрации и технички податоци за овој електричен алат. Ако не се придржувате кон дадените упатства, кои е се наведени подолу, постои опасност да предизвикате струен удар, пожар и/или тешки повреди. b) Операции како што се пескарење, работа со жичана четка, полирање не се препорачуваат да се изведуваат со овој електричен алат. Операциите кои не се предвидени за овој алат предизвикуваат опасност од повреди. c) Не користете прибор кој не е произведен и препорачан од страна на производителот на алатот. Дури и кога приборот ќе биде прицврстен на алатот не постои гаранција за безбедно работење. d) Номиналната брзина на приборот мора да одговара на max. брзина означена на алатот. Прибор кој работи побрзо од номиналниот број на вртежи, може да се скрши и да се распрска во околината. e) Надворешниот пречник и дебелината на приборот мора да бидат во рамките на капацитетот на алатот. Несоодветна големина на приборот неможе адекватно да се заштити и да се контролира. f) Навојот на монтажниот прибор мора да одговара на навојот на вретеното на брусилката. За прибор кој се монтира со прирабници, отворот на насадот мора да одговара на пречникот на прирабницата. Прибор кој не се совпаѓа со монтажната геометрија на алатот ќе биде небалансиран, интензивно ќе вибрира и може да предизвика губење на контрола. g) Не користете оштетен прибор. Пред секое користење проверете го приборот, како нпр., брусната плоча да нема пукнатини, подложното перниче да нема пукнатини или да не е изабено, жичаната четка да не е искубана или да нема искршени влакна. Ако електричниот алат или приборот паднал, проверете ги можните оштетувања или ставете неоштетен прибор. После проверката и ставањето на приборот, ракувачот и другите присутни да не стојат во рамнината на ротирањето на приборот и електричниот алат да се пушти да работи без оптеретување околу 1 min. Оштетен прибор ќе се распадне за ова време. h) Носете опрема за лична заштитна. Според видот на работата, користете заштита за лицето, ракавици или заштитни очила. Носете маска за прашина, заштита за слухот, ракавици и облека која штити од мали отпадоци од брусење или од струшка. Заштитата за очите мора да биде во состојба да ги сопре разлетаните делови настанати при работа. Маската за прашина мора да биде во состојба да штити од прашина настаната при работа. Кога сте изложени на долготрајна бучава носете заштита за слухот.
i) Присутните да бидат оддалечени од
работниот простор. Секој кој влегува во работниот простор мора да носи заштитна опрема. Отпадоците од работното парче или од скршениот прибор може да се разлетаат и да предизвикаат повреди. j) Држете го електричниот алат за изолирани дршки, ако се изведуваат работи кај кои резниот алат може да дојде во контакт со скриени жици или со сопствен кабел. Со пресекување на „жива” жица и металните делови од електричниот алат стануваат148
„живи” и ќе предизвикаат струен удар кај
k) Кабелот да е подалеку од вртливиот прибор. Ако ја изгубите контролата врз алатот, можете да го пресечете или да го зафатите кабелот и рацете да ви бидат зафатени од вртливиот прибор. l) Алатот да не го одложувате додека приборот не престане да се врти. Вртливиот прибор може да дојде во контакт со површината на која се одложува и ќе се изгуби контрола врз алатот. m) Алатот не смее да работи кога се пренесува. Со случаен допир со приборот ќе ви се зафати облеката и ќе се повредите. n) Редовно чистете ги отворите за вентилација. Вентилаторот вовлекува прашина и при големи наслаги на метална прашина може да дојде до куса врска. o) Не работете со алатот во близина на запаливи материјали. Искрите можат да ги запалат овие материјали. p) Не користете прибор за кој треба разладно средство. Користење на вода или разладно средство ќе предизвика струен удар. Причини за повратен удар и предупредувања Повратен удар е моментна реакција на заклинета ротирачка брусна плоча, подложно перниче, четката или друг прибор. При заклинување доаѓа до брзо сопирање на ротирачкиот прибор и на тој начин електричниот алат се задвижува во спротивна насока од ротирањето, во точката на допирот. На пример, ако брусниот диск се заклини во работно парче, работ од дискот кој навлегол во точката на заклинувањето може да ја копа површината од материјалот што предизвикува дискот да се качи или да отскокне. Тој може да отскокне кон или од ракувачот, во зависност од насоката на движењето во точката на заклинувањето. Дискот може да се скрши во оваа состојба. Повратниот удар е резултат на погрешно ракување со електричниот алат и/или при неправилна работна постапка или состојба, а може да се избегне со придржување кон подолу опишаните мерки. a) Цврсто држете ја рачката од алатот и телото и рацете да ви бидат во положба да го одбијат повратниот удар. Секогаш користите ја дополнителната рачка, ако ја има, за максимална контрола при повратен удар или торзиона реакција за време на стартувањето.Ракувачот може да го контролира повратниот удар ако се превземни соодветни мерки. b) Не ги поставувајте рацете во близина на ротирачкиот прибор. Приборот може да отскокне во вашите раце. c) Не стоите во областа во која алатот би отскокнал при повратен удар. Повратниот удар го турка алатот во насока обратна од движењето на дискот во точката на заклинувањето. d) Бидете внимателни кога работите ќошиња, остри рабови итн. Избегнувајте скокање и заклинување на опремата. Ќошињата и острите рабови имаат тенденција да го заклинат вртливиот прибор и да предизвикаат повратен удар. e) Не поставувајте верижни листови или назабени листови за пила. Тие создаваат чести повратни удари и губење на контрола. Предупредувања за безбедност карактеристични за брусење и отсекување: a) Користете ги дисковите кои се препорачуваат за вашиот електричен алат и посебно конструираните браници за избраните дискови. Дискови кои не се наменети за овој алат нема да можат адекватно да се заштитат со браник и се небезбедни. b) Брусната површина на дисковите со пресован центар мора да биде монтирана испод рамнината на браникот. Неправилно монтиран диск, кој ја надминува рамнината на браникот, неможе да биде соодветно
c) Браникот мора да биде сигурно поврзан и безбедно поставен на електричниот алат, така најмалиот дел од дискот да биде изложен кон ракувачот. Браникот помага во заштита на ракувачот од скршени делови од дискот, случаен контакт со дискот и од искри кои можат да ја запалат облеката d) Дискот да се применува само за соодветна работа. На пример: не брусете со страната од дискот.Дисковите за отсекување149
се наменети за периферно брусење, страничните сили можат да ги искршат овие
e) Секогаш да користите неоштетени прирабници на дискот, со коректна големина и облик за избраниот диск. Соодветни прирабници на дискот го поддржуваат дискот со што се намалува можноста дискот да се скрши. Прирабниците за дисковите за отсекување можат да се разликуваат од прирабниците за дисковите за
f) Не користете истрошени дискови од поголеми електрични алати. Дискови кои се наменети за поголеми електрични алати не се погодни за поголеми брзини кај помалите електрични алати. Дополнителни предупредувања за безбедност карактеристични за абразивни отсекувања Отсекувањата се применливи само со посебен браник (не е вклучен) a) Немојте да го „заглавувате“ дискот за отсекување или да применувате голем притисок. Не се обидувајте да правите длабоки резови. Преоптеретувањето на дискот го зголемува напрегањето и чувствителноста на осцилирање или извивање на дискот, а со тоа и можноста за повратен удар или кршење на дискот. b) Немојте да стоите во линијата на дискот кој ротира. Кога дискот, во точката на сечење, се движи од вашето тело, можниот повратен удар ќе го насочи вртливиот диск директно кон вас. c) Кога дискот се лепи или прави испрекинато сечење, од било која причина, исклучете го електричниот алат и држете го без движење, додека тркалото целосно не се сопре. Не се обидувајте да го извадите дискот од зафат додека е во движење, зашто може да дојде до повратен удар.Испитајте и превземете соодветни мерки за отклонување на причината за лепење на дискот. d) Не ја повторуваjте операцијата со диск поставен во работно парче. Почекајте дискот да ја постигне max. брзина и внимателно повторете го резот. Дискот може да лепи, да се качува нагоре или да предизвика повратен удар ако алатот се стартува во работното парче. e) Потпрете ги плочите или големите парчиња за да го намалите ризикот од заклинување или од повратен удар. Големите парчиња имаат тенденција да се виткаат од сопствена тежина. Потпорите мора да се постават под парчето, во близина на линијата на сечењето и работ од парчето, од двете страни од дискот. f) Бидете посебно внимателни при „нурнување” во ѕидови или други површини. Дискот може да исече цевки за вода, гас, електрична инсталација или објекти, што може да предизвика повратен
Електрична безбедност При користење на електрични машини почитувајте ги безбедносните правила во вашата земја, за да го намалите ризикот од пожар, струен удар и повреди. Прочитајте ги следните безбедносни упатства и приложените безбедносни упатства. Секогаш проверувајте дали напонот на напојувањето одговара на наведениот напон на плочката. Класа на машина II- Двојна изолација - Не ви е потребен приклучок за заземјување. Ако не може да се избегне работење со електричниот алат во влажна средина, користете резидуален моментен уред (RCD) со заштитен напон. Користење на RCD го намалува ризикот од струен удар.
Вашата аголна брусилка е конструирана за брусење на бетон и челични материјали, без користење на вода. За сечење, мора да се користи посебен браник (не е вклучен).150
Ниво на вибрации Нивото на емисијата на вибрациите, наведено во упатствово, е измерено во согласност со стандардизиран тест даден во EN 60745; тој може да се користи за споредување на еден алат со друг како и за прелиминарна процена на изложеност на вибрации при користење на алатот во споменатите апликации
- користењето на алатот за различни апликации или со различни или слабо одржуван прибор, може значително да го зголеми нивото на изложеност
- времето кога алатот е исклучен или кога работи но не ја врши работата, може значително да го намали нивото на изложеност. Заштитете се од ефектите на вибрациите со одржување на алатот и приборот, рацете да ви бидат топли и организирајте ги работните навики.
Броевите во текстот се однесуваат на дијаграмите на стр. 2-3. Сл. A
1. Копче за забравување на вретено
2. On/Off прекинувач
Пред монтажа исклучете ја машината и извадете го приклучокот од главниот напон. Монтирање на браникот (Сл. A и B)
- Поставете ја машината врз маса со вретено (8) свртено нагоре.
- Ставете го браникот (3) врз главата на машината, според сл. C внимавајќи испустите од браникот да навлезат во жлебовите на главата на машина.
- Свртете го браникот на лево и осигурајте го со стегање на завртката (14). Никогаш не го отстранувајте
Монтирање и отстранување на дискот (сл. B)
- Користете соодветен диск за оваа машина, со дијаметар Ø Ø 100 / 115 / 125 mm и насад од 16 / 22 / 22 mm, дебелина на диск за брусење треба да биде 6 mm, а за диск за сечење 3 mm, монтираниот диск не смее да го допира браникот.
- Поставете ја машината врз маса, со браник (3) свртен нагоре.
- Монтирајте ја прирабницата (9) врз вретеното (8).
- Ставете го дискот (10) на вретено (8).
- Држете го притиснато копчето за забравување на вретеното (1) и цврсто стегнете ја навртката (11) на вретено (8), со помош на клуч (12). Отстранување
- Поставете ја машината врз маса, со браник (3) свртен нагоре.
- Држете го притиснато копчето за забравување на вретеното (1) и отстегнете151
ја навртката (11) со помош на клуч (12).
- Отстранете го дискот (10) од вретено (8).
- Држете го притиснато копчето за забравување на вретеното (1) и стегнете ја навртката (11) со помош на клуч (12).
Работното парче да е соодветно потпрено или стегнато и кабелот да е подалеку од работната област. Вклучување и исклучување (Сл. A)
- За вклучување на машината, притиснете го Оn/Оff прекинувачот (2).
- За исклучување, отпуштете го On/Off прекинувачот (2). Држете ја машината подалеку од работното парче, кога ја вклучувате и исклучувате, зашто дискот може да го оштети парчето.
- Цврсто стегнето го работното парче или користете друг начин за стегање на парчето, за да не се помести во тек на работа.
- Редовно проверувајте го дискот. Истапените дискови имаат лош ефект врз ефикасноста на машината. Сменете го дискот во вистинско време.
- Секогаш да ја исклучите машината после користење, пред да го извлечете кабелот од
Оборување на рабови (сл. C) Под агол од 30° до 40° го добивате најдобрите резултати за оборување на рабови. Движете ја машината назад и напред, со мал притисок. Ова ќе го спречи обезбојувањето или загревањето на парчето и ќе се избегне правење на жлебови. Не користете дискови за сечење за оборување на рабови! Сечење (сл. D) За сечење, мора да се користи посебен браник (не е вклучен). Одржувајте цврст контакт со парчето за спречување на вибрации и не навалувајте или не притискајте кога сечете. Користете умерен притисок при работа, соодветен на материјалот кој се обработува. Не го забавувајте дискот со примена на страничен притисок. Насоката на сечењето е важна. Машината секогаш да работи наспроти насоката на сечењето; никогаш да не ја движите машината во друга насока! Постои ризик машината да се заглави предизвикувајќи повратен удар и губење на контрола. Совети за оптимално користење
- Стегнете го работното парче. Користете стеги за мали парчиња.
- Држете ја машината со две раце.
- Вклучете ја машината.
- Почекајте машината да достигне полна
- Поставете го дискот врз работното парче.
- Полека движете ја машината по должината на парчето, цврсто притискајќи го дискот врз
- Не притискајте премногу врз машината. Оставете машината да ја заврши работата.
- Исклучете ја машината и почекајте целосно да се сопре, пред да ја одложите.
Замена на мрежен приклучок (само за ВБ) Ако 3-полниот приклучок приклучен во единицата е оштетен и треба да се замени, важно е прописно да се уништи и да се замени со одобрен од страна на BS 1363/7A осигурителен приклучок и дека се запазени следните упатства за ожичување. Жиците во мрежниот кабел се обоени во согласност со следниов код:
- кафеава жива Бидејќи боите на жиците во мрежниот кабел не одговараат на обоените ознаки за идентификација на терминалите во приклучокот, постапете на следниот начин:
- Жицата со сина боја мора да се поврзе со терминалот што е означен со буквата N или е со црна боја.
- Жицата со кафеава боја да се поврзе со терминалот што е означен со буквата L или е со црвена боја.152
Пред чистење и одржување исклучете ја машината и извадете го приклучокот од главниот напон. Редовно чистете го куќиштето со мекана крпа, по можност после секое користење. Отворите за вентилација да бидат ослободени од прашина и нечистотија. Отстранете ја нечистотијата со мекана крпа, навлажнета со сапуница. Не користете растворувачи како што е бензин, алкохол, амонијак, и др. хемикалии, зашто тие ќе ги оштетат синтетичките компоненти. Заменете го кабелот Ако кабелот е оштетен, тој мора да се замени од страна на производителот, неговиот овластен сервис или од квалификувано лице, за да се избегнат опасности. Проверка и замена на јаглени четкички. Ако четкичките се истрошени, машината ќе работи нерамномерно. Јаглени четкички Ако јаглените четкички се истрошени, мора да ги замени одделот за сервис за клиенти или квалификувано лице. Користете само точни оригинални
Гарантните условите се дадени во посебна гарантна картичка.
Дефектни и/или отфрлени електрични или електронски апарати треба да се собираат на соодветни локации за рециклирање. Само за земји од ЕУ Не ги депонирајте алатите во домашен отпад. Според Европското Упатство 2012/19/ EU за отпадна електрична и електронска опрема и неговата имплементација во националното право, електричните алати кои веќе не се употребливи мораат да се собираат одделно и да се отстрануваат на еколошки начин. Производот и упатството се предмет на промена. Карактеристиките можат да се променат без натамошно известување.153
Notice-Facile