Rotak 430 LI - кошачка за трева BOSCH - Бесплатен кориснички прирачник
Пронајдете бесплатно прирачникот за уредот Rotak 430 LI BOSCH во PDF формат.
Прашања на корисниците за Rotak 430 LI BOSCH
0 прашање за овој уред. Одговорете на оние што ги знаете или поставете свое.
Поставете ново прашање за овој уред
Преземете ги упатствата за вашиот кошачка за трева во PDF формат бесплатно! Пронајдете го вашиот прирачник Rotak 430 LI - BOSCH и земете го вашиот електронски уред назад во раце. На оваа страница се објавени сите документи потребни за користење на вашиот уред. Rotak 430 LI на марката BOSCH.
КОРИСНИЧКИ ПРИРАЧНИК Rotak 430 LI BOSCH
Македонски ...... Страна 234
Srpski....Strana 244
Slovensko ....Stran 254
Hrvatski....Stranica 264
Безбедносни напомени
Внимание! Ве молиме прочитајте ги следниве упатства. Запознајте се со командите и со соодветната употреба на косачката. Чувајте го упатството за идни консултации.
Толкување на символите на косачката

Општи безбедносни правила.
Македонски|235

Прочитајте го упатството за употреба.

Внимавајте предмети коишто летаат од косачката да не ги повредат личностите коишто стојат околу уредот.

Предупредување: Држете се на безбедно растојание од косачката додека таа работи.

Предупредување: Не допирајте ги ротирачките сечила. Сечилата се оштри.
Чувајте се од загуба на прстите.

Исклучете ја косачката и извадете го кабелот од утикачот пред поправање или
чистење, или доколку го оставате уредот без надзор дури и на кратко.

Не е применливо.

Почекајте сите компоненти на косачката да застанат пред да ги допрете. Сечилата на
косачката можат да предизвикаат повреда и кога мируваат.

Не користете ја косачката кога врне и не излагајте ја на дожд.

Чувајте се од електричен удар.

Не е применливо.

Полначот употребувајте го само во суви простории.

Полначот е опремен со безбедносен трансформатор.
Ракување
▶Никогаш не дозволувајте им на деца и луге кои не се запознаени со овие инструкции да ја користат косачката. Локалните прописи можат да ја ограничат возраста на ракувачот. Чувајте ја косачката вон дофат на деца кога не ја употребувате.
▶ Оваа косачка не е наменета на личности (и деца) со ограничени физички, сензорни или душевни можности, со недостаток на искусство и знаење, освен ако не им се обезбедени соодветни инструкции или надзор за употреба на косачката од страна на личност одговорна за нивната безбедност. Внимавајте децата да не си играат со косачката.
▶ Не косете кога во близина има животни, луге, а особено деца.
▶ Ракувачот е одговорен за штетата нанесена на други луге или имот.
▶ Не користете ја косачката боси или со отворени сандали. Носете крути обувки и долги пантолони.
▶Детално прегледајте го теренот каде што је ја користите косачката и отстранете ги сите камења, стапови, жици, коски и други предмети.
▶ Секогаш пред употреба проверете да не се оштетени или истрошени сечилата, носачите на сечилата или склопката за сечење. Заменете ги истрошените или оштетените сечила и носачи за да ја одржите рамнотежата на косалката.
236 | Македонски
▶Косете само по дневна светлина или под добро осветлување.
▶Избегнувајте косење при лоши временски услови, на пример кога постои ризик од грмотевици.
▶ По можност, не употребувајте ја косачката на влажна трева.
▶Одете полека, не трчајте.
▶ Не користете ја косачката со оштетени штитници или браници, или без заштитна опрема, на пример соодветен штит или контејнер за трева.
▶Носете заштита за слухот.
▶ Употребата на косачката на коси површини може да биде опасно.
– Не косете на премногу стрмни падини.
– На коси површини или на влажна трева обезбедете стабилен и сигурен чекор.
– На коси површини секогаш косете
лево-десно, а никогаш горе-долу.
– Бидете особено внимателни кога ја менувате насоката на косењето.
▶ Бидете многу внимателни кога одите наназад или ја влечете косачката.
▶ Не косете влечејки ја косачката кон себе.
▶ Стопирајте ги сечилата кога треба да ја пренесете машината, преку површини коишто не се трева и кога ја носите машината до и од местото на косењето.
▶ Не навалувајте ја косачката при палење или стартување на моторот, освен ако тоа не е неопходно за косење на висока
трева. Во тој случај, не навалувајте ја повеće отколку што е апсолутно неоходно, и тоа оној дел којшто е најдалеку од ракувачот. Двете раце треба да Ви бидат на рачката пред да ја спуштите косачката.
▶ Моторот исклучувајте го стоејки со стапалата подалеку од ротирачките сечила.
▶ Не доближувајте ги рацете и
стапалата до ротирачките делови.
▶Кога косите, стоите што е можно подалеку од косачката.
▶ Не носете ја косачката и не влечете ја додака моторот работи.
▶ Не вршете никакви преправки на косачката. Неовластените модификации можат да доведат до нарушување на безбедноста на косачката, или да ја зголемат бучавата или вибрациите.
▶Периодично проверувајте го напојниот кабел и продолжниот кабел којшто го користите. Не поврзувајте ја косалката на напојна мрежа со оштетени кабли. Доколку кабелот е оштетен, не допирајте го додека е приключен на струја. На оштетениот кабел може да се дојде во допир со голи проводници. Чувајте се од струјни удари.
Собирање лисја
Сечилото за собирање лисја е така проектирано, за со него да можат да се собираат есенски суви лисја. За да се постигне максимален ефект на оваа функција, направете го следново:
Македонски | 237
– висината на косачката подесете ја на најмалку 70 mm за собирање лисја
– собирајте лисја само на тревник
– пред да почнете со собирање на лисјата, прегледајте на теренот да нема луге, животни, предмети од стакло и автомобили
▶Кога ги менувате сечилата, новите сечила треба да бидат соодветни со косачката.
▶ Секогаш користете Bosch
оригинални резервни делови.
▶ Пред складирање косачката треба да биде сува и чиста. По потреба исчеткајте ја со сува, мека четка.
Прекин на напојувањето со струја:
– секогаш кога ја оставате косачката без надзор,
– пред отстранување на блокада,
– пред прегледување, чистење и поправка на машината,
– веднаш по удирање во тврд предмет. Веднаш по оштетување прегледајте ја машината и извршете ги неопходните поправки,
– ако косачката почне да вибрира неконтролирано (проверете веднаш).
Одржување
▶ Секогаш носете заштитни ракавици кога работите со оштри сечила или во нивна близина.
▶Проверувајте редовно дали се затегнати сите навртки, завртки и шрафови, за безбедна употреба на косачката.
▶ Редовно проверувајте ја состојбата на корпата за трева од абење.
▶ Редово прегледувајте ја косачката и замеувајте ги веднаш оштетените или изабените делови.
Напомени за оптимално користење на батериите
► Осигурајте се дека косачката е исклучена пред да и ја ставите батеријата. Ставањето на батеријата додека косачката работи може да предизвика несреќа.
▶ Употребувајте само Бош батерии наменети за оваа косачка. Употребата на некои други батерии може да предизвика повреда или пожар.
▶ Не ја отворајте батеријата. Постои опасност од краток спој.

Заштитете ја батеријата од топлина, на пр. од трајно изложување на сончеви зраци, орган, вода или влага. Постои опасност од експлозија.
▶ Kога не ја користите батеријата, чувајте ја понастрана од парички, спојувалки, клучеви, шајки, завртки и други метални предмети што можат да направат спој од едниот до другиот пол. Краток спој меѓу двата пола може да предизвика пожар или изгореници.
238 | Македонски
▶Доколку се оштети батеријата или не се користи правилно, од неа може да излезе пареа. Внесете свеж воздух и доколку има повредени однесете ги на лекар. Пареата може да ги надразни дишните патишта.
▶Користете батерии кои се соодветни на Вашиот производ од Bosch. Само на тој начин батеријата ће се заштити од опасно преоптоварување.
▶ Батеријата може да се оштети од острите предмети како на пр. клинци или шрафцигер или надворешно влијание. Може да дојде до внатрешен краток спој и батеријата може да се запали, пушки чад, експлодира или да се прегрее.
▶ Не предизвикувајте краток спој на батеријата. Инаку, постои опасност од експлозија.
▶ Заштитете ја батеријата од влага и вода.
▶ Складирајте ја батеријата во граници на температура од –20 °C до 50 °C. не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот летно време.
▶ Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
Ознаки
Следните символи се важни за читање и разбирање на упатството за употреба. Ве молиме проучете ги символите и нивното значење. Правилната интерпретација на симболите ће Ви помогне подобро и побезбедно да ја користите косачката.
Ознака Значење

Правец на движење

Правец на реакција

Носете заштитни ракавици

Тежина

Вклучување

Исклучување

Дозволена функција

Забранети акции

Употреба со соодветна намена
Косачката е наменета за употреба на домашни тревници.
Технички податоци
| Бежична косачка Rotak 370 LI Rotak 430 LI | ||
| Број на дел/артикл | 3 600 HA4 4.. 3 600 HA4 5.. | |
| Ширина на сечилото | см 37 43 | |
| Висина на косење | м м 20–70 20–70 | |
| Волумен, корпа за трева | 1 | 4 |
| Тежина согласно EPTA-Procedure 01:2014 | кг 13,2 13,8 | |
| Сериски број | види ја натписната плочка на косачката | |
| *со полначAL 3640 CV Professional | ||
Македонски|239
| Вредностите на емисија на бучава одредени во согласност со EN 60335-2-77. | 3 600 ... HA4 4.. HA4 5.. | ||
| Измерените А-вредности на врева изнесуваат просечно: | |||
| Звучна јачина | dB(A) | 75 | 76 |
| Звучен притисок | dB(A) | 89 | 90 |
| Несигурност К | dB | =1,0 | =1,0 |
| Носете звучна заштита! | |||
| Вкупната вредност на вибрациите a_h (векторски эбир на трите правци) и несигурноста К утврдени се во согласност со стандартот EN 60335-2-77: | |||
| Вкупна вредност на вибрациите a_h | m/s^2 | <2,5 | <2,5 |
| Несигурност К | m/s^2 | =1,5 | =1,5 |
Монтажа и користење
| Цел на користењето | Слика | Страна |
| Обем на испорака | 1 305 | |
| Монтажа на рачката | 2 | 306 |
| Склопување на корпата за трева | ||
| Монтирање и отстранување на корпата за трева | 3 306–307 | |
| Полнење на батеријата | 4 | 307 |
| Вменетнување на батеријата | 5 307 | |
| Ставање на клучот за изолација и склопување во позиција за складирање | 6 308 | |
| Регулирање на висината на косење | 7 308 | |
| Вклучување | 8 308–309 | |
| Совети за работа 9 309 | ||
| Гасење, Прекин на напојувањето со струја | 10 309–310 | |
| Вадење на батеријата | 11 310 | |
| Одржување на сечилата | 12 | 310 |
| Бирање на опрема | 13 311 |
Вклучување
За Ваша безбедност
▶ Внимание! Исключете ја косачката, извадете го клучот за изолација и батеријата пред секое прилагодување или чистење. Истото важи и ако кабелот е оштетен, прекинат или сплеткан.
▶ По ислучувањето на косачката, сечилата вртат уште неколку секунди.
▶ Внимание – не допирајте ги ротирачките сечила.
Полнење на батеријата
▶ Не употребувајте друг полнач. Приложениот полнач е наменет за литиум-јонската батерија што се наоға во оваа косачка.
▶ Внимавајте на електричниот напон! Напонот на изворот на струја мора да одговара на оној кој е наведен на спецификационата плочка на полначот. Полначите означени со 230 волти исто така може да се користат и на 220 волти.
Батеријата е опремена со температурен монитор кој дозволува полнење само на температури од 0 °C до 45 °C степени. Така се обезбедува долготрајност на батеријата.
Напомена: Батеријата се испорачува полу-наполнета. За да ја наполните целосно батеријата, пред првата употреба ставете ја на полнач додека не се наполни целосно.
Litiyum-јонските батерии може да се наполнат во секое време, без да се намали нивниот рок на употреба. Прекинот при полнењето не и наштетува на батеријата. Литиум-јонската батерија има «Electronic Cell Protection (ECP)» против потполно празнење. Кога батеријата е скоро празна косачката престанува да работи со цел да се заштити од оштетување: сечилата не се вртат.
ВНИМАНИЕ Не притискајте го копчето за включување откако косачката
автоматски престанала да работи. Батеријата може да се оштети.
Полнење
Процесот на полнење започнува, штом ће го включите струјниот приключок на полначот во сидната дозна и ће ја ставите батеријата во отворот за батерија.
Поради интелигентниот процес на полнење, веднаш се препознава состојбата на наполнетост на батеријата и ће биде наполнета со оптималниот капацитет во зависност од температурата и напонот на батеријата.
Така се негува батеријата и при чување во полначот постојано е наполнета.
Брзо полнење

AL 3640 CV Professional

AL 3620 CV Professional
Брзото полнење се сигнализира со трепкање на зелениот лед сигнал.
Индикатор на батеријата: За време на процесот на полнење трите зелени LED светла светнуваат едноподруго и се гасат за кратко. Батеријата е целосно наполнета,
Македонски | 241
доколку трите зелени LED светла постојано светат. Околу 5 минути откако їе се наполни целосно батеријата, трите зелени LED светла повторно се гасат.
Напомена: Брзото полнење е можно само ако температурата на батеријата е во границите на дозволената температура, види ги «Техничките податоци».
Батеријата е полна

AL 3640 CV Professional

AL 3620 CV Professional
Постојано светење на зелениот лед сигнал сигнализира дека батеријата е сосем полна.
Потоа за времетраење од околу. 2 секунди се огласува сигнал, кој акустично ја сигнализира целосната наполнетост на батеријата.
Конечно батеријата може веднаш да се употреби. Доколку батеријата не е во полночат, постојаното светење на зелениот лед сигнал , сигнализира дека полнашот е включен во утикач и дека е спремен за употреба.
Температура на батеријата под 0 °C или над 45 °C

AL 3640 CV Professional

AL 3620 CV Professional
Постојано светење на црвениот лед сигнал сигнализира дека температурата на батеријата не е меѓу 0 °C и – 45 °C. Штом се постигне дозволената температура, полночат автоматски їе почне со брзо полнење.
Ако температурата на батеријата не е во дозволениот опсег, при вметнување на батеријата во полначот светнува црвеното светло.
Не е возможен процес на полнење

AL 3640 CV Professional

AL 3620 CV Professional
Ако постои некаква грешка при полнењето, трепка црвениот лед сигнал.
Полењето на батеријата не може да почне и батеријата не може да се полни (види во делот «Отстранување на грешки»).
Совети за полнењето
При континуирани или последователни циклуси на полнење без прекин, полночат може да се затопли. Ова е безопасно и не значи дека постои технички дефект на полночат.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Внимавајте на напомените за отстранување.
Ладење на батеријата (Active Air Cooling)
Вградениот вентилатор во полначот ја контролира температурата на вметнатата батерија. Доколку температурата на батеријата е над 30 °C, вентилаторот ће ја излади батеријата додека не ја достигне температурата на полнење. Вклучениот вентилатор создава звук на проветрување.
Доколку вентилаторот не работи, температурата на батеријата е во оптималните граници на температура на полнење или вентилаторот е дефектен. Во овој случај се продолжува времето на полнење на батеријата.
Приказ за наполнетоста на батеријата
Батеријата е опремена со индикатор кој го прикажува нивото на наполнетост на батеријата. Индикаторот на наполнетост се состоит од три зелени лед диоди.
Притиснете го копчето , за да го активирате индикаторот на наполнетост . По околу 5 секунди индикаторот се гасне сам.
Нивото на наполнетост може да се провери и по вадење на батеријата.
Постојано светење на 3 зелени лед сигнали ≥ 2/3
Постојано светење на 2 зелени лед сигнали ≥ 1/3
Постојано светење на 1 зелени лед сигнали ≤ 1/3
Трепкање на 1 зелен лед сигнал Резерва
Кога не свети ниедна диода по притиснувањето на копчето батеријата е расипана и треба да се замени.
Поради безбедносни причини, нивото на наполнетост на батеријата може да се проверува само кога косачката е во мирување.
За време на процесот на полнење трите зелени LED светла светнуваат едноподруго и се гасат за кратко. Батеријата е целосно наполнета, доколку трите зелени LED светла
242 | Македонски
постојано светат. Околу 5 минути откако їе се наполни целосно батеријата, трите зелени LED светла повторно се гасат.
Приказ за контрола на температурата
Црвениот лед сигнал сигнализира дека батеријата или електрониката на косачката (со ставена батерија) не се на оптимална температура. Во овој случај косачката не работи или нема да работи со полн капацитет.
Црвеното LED светло трепка при притискање на копчето или на прекинувачот за вклучување/исклучување (при ставена батерија): Батеријата е надвор од границите на работна температура.
На температура преку 70 °C батеријата се гасне се додека повторно не се постигне оптималната температура.
Црвениот лед сигнал при притискање на копчето за палење свети постојано: температурата на електрониката на косачката е пониска од 5 °C или повисока од 75 °C.
При температура повисока од 90 °C електрониката на косачката се гасне, додека повторно не се воспостави оптималната температура.
Косна површина (траење на батеријата)
Косната површина (трањето на батеријата) зависи од условите на тревникот, густината, влагата и должината на тревата, како и од висината на косење.
Со чести вклучувања и исклучувања на косачката се намалува просечната моćност (траењето на батеријата).
За да постигнете оптимална мокност (траење на батеријата), подигнете ги сечилата и косете со разумно темпо.
Долнот пример ја покажува взаемноста на условите на тревникот и трањето на батеријата.
Услови за косење

text_image
Многу лесна, сува трева Лесна, сува трева 6cm 4cm 8cm 4cmЗа да го продолжите трањењто на батеријата, можете да набавите дополнителна батерија или батерија со поголем капацитет (Ah) во овластениот сервис за Бош косачки.
Отстранување грешки




| Косачката не работи | Можно запушување | Прекин на напојувањето со струја:Проверете под косачката и по потреба исчистете ја (секогаш носете заштитни ракавици) |
| Батеријата не е сосем полна | Полнење на батеријата | |
| Батеријата не е (правилно) вметната | Вметнување на батерија | |
| Тревата е превисока | Подигнете ги сечилата и малку навалете ја косачката за да се намали притисокот | |
| Активирана е заштитата на моторот од прегревање | Пуштете да се олади моторот и подигнете ги сечилата | |
| Батеријата е премногу топла/ладна | Пуштете батеријата да се загрее/олади | |
| Клучот за изолација не е правилно/потполно ставен | Ставете го правилно | |
| Моторот стартува по притискање на копчето за вклучувањеМоторот стартува со кратко задоцнување | Држете го копчето за вклучување притиснато околу 1 –3 секунди за да се запали моторот | |
| Моторот стартува и веднаш потоа се гаси | Батеријата не е сосем полна | Полнење на батеријата |
| Клучот за изолација не е правилно/потполно ставен | Ставете го правилно | |
| Батеријата не е (правилно) вметната | Вметнување на батерија | |
| Батеријата е премногу топла/ладна | Пуштете батеријата да се загрее/олади Подигнете ги сечилата |
F 016 L81 430 | (8.9.16) Bosch Power Tools
Македонски | 243
| Проблем | Можна причина | Решение |
| Косачката работи со прекини | Неисправни внатрешни инсталации во косачката | Побарајте помош од сервис |
| Активирана е заштитата на моторот од прегревање | Пуштете да се олади моторот и подигнете ги сечилата | |
| Косачката остава неправилна трага и/или Моторот работи со тешкотија | Сечилата поставени прениско | Подигнете ги сечилата |
| Тапо сечило | Заменете го сечилото | |
| Можно запушување | Проверете под косачката и по потреба исчистете ја (секогаш носете заштитни ракавици) | |
| Сечилото монитрано наопаку | Монтирајте го сечилото од правилната страна | |
| Капацитетот на батеријата не е доволен | Сечилата поставени прениско | Подигнете ги сечилата и косете добавно |
| Тревата е превисока | Подигнете ги сечилата и косете добавно | |
| Тревата е премногу влажна | Почекајте да се исуши тревата и косете добавно | |
| Тревата е прегуста | Подигнете ги сечилата, косете добавно и почесто | |
| Дополнителна батерија можете да набавите кај областениот сервис за Бош косачки | Побарајте помош од сервис | |
| По вклучувањето на косачката сечилото не се врти | Сечилото е заплеткано со трева | Исклучете ја косачката |
| Отстранете го запушувањето (секогаш носете заштитни ракавици) | ||
| Лабава навртка/-завртка | Затегнете ја навртката/-завртката (17 Nm) | |
| Јаки вибрации/бучава | Лабава навртка/-завртка | Затегнете ја навртката/-завртката (17 Nm) |
| Продолжниот кабел е оштетен | Заменете го сечилото | |
| Полнењето не е можно | Контактите на батеријата се извалкани | Исчистете ги контактите на батеријата; на пр. повеće пати вметнете ја и извадете ја батеријата, ев. заменете ја |
| Батеријата е расипана поради прекин во самата батерија (посебни їелии) | Менување на батеријата | |
| Лед сигналите не засветлуваат по приклучување во утикач | Струјниот приклучок на полначот не е (правилно) вметнат | Струјниот приклучок (целосно) е вметнат во sidната дозна |
| Сидната дозна, струјниот кабел или полначот се дефектни | Проверете ја волтажата на напојната мрежа и доколку е потребно однесете го полначот на проверка во Бош областен сервис |
Одржување и сервис

Одржување на батеријата
▶ Внимание! Исклучете ја косачката, извадете го клучот за изолација, батеријата и корпата за трева пред секое чистење и одржување.
▶ Секогаш носете заштитни ракавици кога работитесо оштри сечила или во нивна близина.
За да постигнете оптимална употреба на батеријата следете ги следните упатства и мерки на претпазливост:
- Заштитете ја батеријата од влага и вода.
- Складирајте ја батеријата во граници на температура од - 20 °C до 50 °C, не ја оставајте батеријата на пр. во автомобилот летно време.
- Не оставајте ја батеријата во косачката изложена на дирекна сончева светлина.
Bosch Power Tools F 016 L81 430 | (8.9.16)
- Оптималната температура за чување на батеријата изнесува 5 °C.
- Повремено чистете ги отворите за проветрување на батеријата со мека, чиста и сува четка.
Скратеното време на работа по полнењето покажува, дека батеријата е потрошена и мора да се замени.
Сервисна служба и совети при користење www.bosch-garden.com
Секогаш при кореспонденција или нарачка на резервни делови наведете го десетцифрениот сериски број што се наоға на натписната плочка.
Македонија
Д.Д.Електрис
Litiyum-јонските батерии подлежат на барањата на Законот за опасни материјали. Батериите може да се транспортираат само од страна на корисникот, без потреба од дополнителни квалификации. При пренос на истите од страна на трети лица (на пр. воздушен транспорт или шпедиција) неопходно е да се внимава на специјалните напомени на амбалажата и ознаките. Во таков случај, при подготовката на пратката мора да се повика експерт за опасни супстанци.
Транспортирајте ги батериите само доколку кукиштето е неоштетено. Залепете ги отворените контакти и спакувајте ја батеријата на тој начин што нема да се движи во амбалажата. Ве молиме внимавајте на евентуалните дополнителни национални прописи.
Отстранување
Не фрлајте ја косачката со комуналниот отпад!
Само за земји во рамки на ЕУ

Според Европската директива 2012/19/EU електричната и електронската опрема што веке не е употреблива, како и според Европската директива 2006/66/EC неисправните и потрошените акумулатори и батерии мора
да се собираат одвоено од комуналниот отпад и да се одлагаат на начин што не е штетен по околината.
Батерии:

Литиум-јонска: Прочитајте ги упатствата во поглавието «Транспорт».
Се задржува правото на промена.
Srpski
Uputstva o sigurnosti Pažnja! Pročitajte pažljivo sledeća uputstva. Upoznajte se sa elementima za rad i propisnom upotrebom baštenskog uredjaja. Molimo sačuvajte sigurno uputstvo za rad za kasniju upotrebu.
Objašnjenja simbola na baštenskom uredjaju

Opšte uputstvo o opasnosti.

Pročitajte uputstvo za rad.

Paziti da osobe koje stoje u blizini ne budu povređene usled odbačenih stranih tela.

Opomena: Održavajte sigurno rastojanje od baštenskog uredjaja, kada on radi.

Oprez: Ne dodirujte rotirajuće noževe. Noževi su oštri. Čuvajte se da ne izgubite prste na nogama i rukama.
